Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Од критики до напад: Што викаше Трамп за Иран пред 13 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryhuup808mtte8ct5PdHg

Трамп објави дека американската војска започнала голема борбена операција во Иран по заеднички напади на САД и Израел врз Техеран и други градови. Само ден претходно велеше дека сака договор со Иран, но дека понекогаш мора да се употреби сила. Се потсетува дека во 2013 го критикувал Обама дека ќе го нападне Иран, што не се случи. Ова е вторпат Трамп да нареди удари врз Иран, по нападите врз нуклеарни постројки лани. Трамп тврди дека целта е одбрана на САД и спречување Иран да добие нуклеарно оружје, со најави за уништување на ракетните капацитети и продолжување на дејствијата ако заканите не се отстранат.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Американскиот претседател Доналд Трамп утринава објави дека американската војска започнала голема борбена операција во Иран, откако САД и Израел извршија заеднички напади врз Техеран и други ирански градови.

— реклама —

Само ден претходно, Трамп изјави дека не е задоволен од однесувањето на Иран и дека сака да постигне договор со Техеран, но предупреди дека во одредени ситуации мора да се употреби сила. Денеска, во осумминутно видеообраќање на социјалните мрежи, тој ја потврди воената операција.

— реклама —

Интересно е што пред 13 години Трамп јавно го критикуваше тогашниот американски претседател Барак Обама, тврдејќи дека Обама ќе го нападне Иран поради, како што напиша, „неспособност да испреговара договор“. Во објава од 2013 година на тогашниот Твитер, денес Икс, Трамп напиша дека Обама ќе нападне затоа што „нема вештина“. Сепак, Обама никогаш не изврши напад врз Иран.

— реклама —

Трамп, пак, веќе вторпат наредува воени удари врз Иран. Првиот пат беше кон крајот на минатата година, кога САД извршија напади врз ирански нуклеарни постројки.

Во денешната изјава, Трамп нагласи дека целта на операцијата е „одбрана на американскиот народ преку отстранување на непосредните закани од иранскиот режим“. Тој тврди дека Иран се обидувал да го обнови својот нуклеарен програм и дека никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. Според него, Техеран развива далекусежни ракети што претставуваат закана за САД и нивните сојузници.

Американскиот претседател најави дека ќе ги „уништи“ иранските ракетни капацитети, ќе ја „срамни со земја“ нивната ракетна индустрија и ќе ја неутрализира морнарицата, најавувајќи продолжување на воените дејствија доколку, како што рече, заканите не бидат отстранети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library74la3l8bli74dd4xMKJ

Млад Американец загина во Либан откако се приклучи на израелската војска

Свет | пред 19 часа

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

(Видео) Инцидент на аеродром во САД: Дрон го прекина сообраќајот во Палм Бич додека полетуваше авионот на Трамп

Свет | пред 1 ден

media-libraryfii3gflg0hd06a4wz4j

Невина жена пет месеци во затвор поради грешка на вештачка интелигенција

Свет | пред 1 ден

media-libraryrc64hvf23c6je3TUFe9

Една третина Американци веруваат дека ќе го доживеат крајот на светот

Магазин | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања