Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Фото) Разбиeна мрежа за нелегален ботокс: уапсени 14 лица, има пријави за 19, а запленето е и лускузно “порше” - позната шемата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 21 час -

Македонија
media-librarymg61q9o9hb2ocan4zKF

МВР соопшти дека на 23.04.2026 спровело акција против организирани групи за нелегален увоз и дистрибуција на естетски медицински средства (филери, ботокс, хијалурон). Извршени се претреси во Скопје, Струмица и Битола, а уапсени се 14 лица, меѓу кои доктори и сопственици на ординации. Одземени се големи количини препарати, 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци, 26.000 денари, возило „порше“, телефони и други предмети. На 24.04.2026 е поднесена пријава против 19 лица и 6 фирми за здружување, повреда на права и др., а еден царински службеник и за примање поткуп за пропуштање пратки без контрола.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерството за внатрешни работи соопшти детали за обемната полициска акција спроведена на 23.04.2026 година, во која се сузбиени организирани криминални групи инволвирани во нелегален увоз и дистрибуција на медицински средства што се користат при естетски зафати.

Акцијата е реализирана од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК. Во рамките на истата, врз основа на судски наредби од Основниот кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје, Струмица и Битола.

При акцијата лишени од слобода се 14 лица, меѓу кои доктори вработени во скопските клиники, сопственици на дерматолошки ординации, како и лица кои организирале транспорт и продажба на нелегално внесени медицински лекови и помагала, без одобрение од надлежен орган, без упатства и декларации.

При претресите се пронајдени и одземени поголеми количини медицински препарати – филери, ботокс и хијалурон, како и 39.285 евра, 2.490 швајцарски франци и 26.000 денари. Одземено е и патничко возило „порше“, поголема количина парфеми со декларации, мобилни телефони и тревкаста материја.

— реклама —



Денеска, 24.04.2026 година, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги поднесе кривична пријава до ОЈО ГОКК против 19 физички лица и шест правни лица.

Дел од пријавените се товарат за кривични дела „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“ и „злосторничко здружување“, додека други се гонат и за „примање поткуп“. Во пријавата се опфатени лица со иницијали Н.А. (43), С.К. (46), А.К. (41), М.Ѓ. (47), Ѓ.С. (32), С.М.С. (31), В.С. (49), како и В.А. (61), Р.Т.Ѓ. (53), Н.К. (42), А.К. (45), Д.Ф. (44), М.И.В. (38), А.Т. (27), С.Ф. (36), К.А. (53), О.Д. (65) и С.А. (40). Пријавен е и А.М. (38), кој се товари и за примање поткуп.

Според истрагата, во текот на 2026 година, дел од осомничените формирале злосторничко здружување кое делувало на подрачјето на Скопје и околината, а подоцна се проширило и во Источна Македонија. Во мрежата биле вклучени и правни лица од Скопје и Битола.

Со цел да стекнат противправна имотна корист од големи размери, тие набавувале фалсификувани медицински лекови и помагала, меѓу кои ботокс, од Србија, Кореја и Турција. Препаратите биле нелегално внесувани во државата, складирани, дистрибуирани и продавани, а дел од нив биле и аплицирани врз лица при естетски зафати.

Иако биле свесни дека станува збор за лекови и медицински помагала кои не се увезени согласно законските прописи и немаат одобрение од МАЛМЕД, осомничените продолжиле со нивна употреба, со што, според МВР, предизвикале општа опасност по здравјето на граѓаните.

Дополнително, пријавениот А.М., во својство на царински службеник, во два наврати примил поткуп за да овозможи нелегален влез на стоката без да биде извршена царинска контрола на две пратки со лекови.

Истрагата продолжува, а надлежните институции најавуваат дополнителни мерки и постапки во зависност од доказите што ќе бидат обезбедени.

media-librarylvunool1kc5v3JS6PIW media-librarytp2clia4f0lgfAAoguc media-library8bipffdckdmlcU8PC9a media-library3efk8e225a998wA25nv

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал - изречен е притвор

Скопје | пред 1 час

— реклама —
pukanje-cair

Хаос при апсење во Чаир: Група луѓе застанала на пат на полицијата, па тие пукале во воздух

Скопје | пред 5 часа

policija-policaec-3

Маж од Дихово приведен во Битола по омаловажување на полиција

Македонија | пред 21 час

media-library4ochg4e5r0bib5PaCux

Инцидент во Новаци: оштетен дворен имот во село Добромири

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања