СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.М. (58) од Скопје поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, казниво по член 188 став 1 од Кривичниот законик.
„Имено, истиот на 15.04.2026 година во Скопје извршил обљуба врз 13 годишно девојче од Скопје и истиот ја фотографирал. По преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје, лицето е лишено од слобода и од него се одземени мобилен телефон и патничко моторно возило “мерцедес”“, велат од МВР.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот одредена му е мерка притвор.