Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Одговорност за насилните протести мора да има, која е улогата на Драган Ковачки во неуспешното крваво сценарио?, вели Каевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
4-1

„Изминатите неколку денови се случија насилни протести, тензии но и обид за крваво сценарио за предизвикување етнички конфликт, кое не успеа. Главен режисер и сценарист е Христијан Мицкоски, заедно со неговиот прорускиот партнер Левица и коалицискиот партнер Алијанса“, вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

— реклама —

Тој додава:

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнати од Алијанса се обидоа во среде Скопје да испровоцираат меѓуетнички конфликт од огромни размери.

— реклама —

Глумејќи жртва, ова крваво сценарио требаше да предизвика етнички конфликт, да поттикне спирала на насилства, тензии и обид за државата да се дестабилизира.

Сценариото на ВМОР-ДПМНЕ и проруската Левица, помогнато од Алијанса е дело на атниевропски сили кои не и мислат добро на земјава.

Пиштолџијата, човекот кој лажно се тврдеше дека требало да го убие Мицкоски се потврди дека е брат на висок функционер на неговиот коалициски партнер Алијанса.

Инциденти и обид за насилен упад имаше и пред зградата на Собранието, и пред зградата на Владата. Лица со качулки, насилници, повредија 47 полицајци, на сцени кои потсетуваа на 27 април.

Безбедносни извори информираат дека во насилнички групи присутни се и групи платеници од странство.

Сето ова почитувани говори за сериозноста на одредени структури кои сакаат да ја дестабилизираат државата, да го повторат 27 април или 2001 година.

Затоа потребно е одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија да понесат сите инволвирани.

Која е поврзаноста на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?

Дали токму Ковачки ја коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?

Сите надлежни институции се повикани на брза и одговорна постапка и одговор на сите прашања.

Откако нивните мрачни сценарија не успеаја, Мицкоски да си ги прибере пиштолџиите и да се откаже од насилството.

Вистината излезе на виделина, но се уште постои опасност од нови инциденти и провокации.

Ние заедно со граѓаните нема да дозволиме дестабилизација.

Институциите, безбедносните структури, нема да дозволат кој било да ја загрозува стабилноста на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarylhoccodprlv47gJbFWC

СДСМ: Мицкоски денеска отиде кај Орбан за да договара враќање на Никола Груевски

Македонија | пред 8 часа

media-librarymufu1rnr502f7TjsNnE

Филипче со порака до власта: Нема право да ја држи државата во изолација

Македонија | пред 12 часа

skopje-parking

СДСМ Аеродром: Селективното зонско ќе создаде хаос во Ново Лисиче

Скопје | пред 14 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања