Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Одлуки на Уставниот суд

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
ustaven

,,По одржаната 16. седница со дневен ред на којшто се дискутираше по 12 предмети за оценување на уставност и законитост, Судот одлучи:

— реклама —

1. Реферат У.бр.136/2024 и У.бр.138/2024

— реклама —

Уставниот суд ги отфрли иницијативите за поведување постапка за оценување на уставноста на член 45 став 13, во делот „35“ од Законот за Академија за судии и јавни обвинители. Согласно членот 28 алинеја 1 од Деловникот за работа, Судот нема надлежност за одлучува за одредби за кои се поставени прашања од техничка природа, како што се броевите при бодување на испит, нешто што е надлежност на Законодавниот дом.

— реклама —

Подносители на иницијативата: Александар Огненовски, адвокат од Скопје и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“- Скопје

2.Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредби од Деловниците во 11 општини кои се однесуваат на автентично толкување на сопствени акти кои ги донесуваат Советите. Судот по сопствена иницијатива ги оформи предметите и во оваа фаза изрази сомнеж дека општините без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај. На седницата Судот одлучи да се запре извршувањето на поединечните акти и дејствија што се преземени врз основа на оспорените одредби, односно ставена е т.н. времена мерка.

Станува збор за следните предмети:

У.бр.21/2024 - Член 16 алинеја 3 и Главата X од Деловникот на Совет на Општина Берово

У.бр.29/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Советот на Општина Илинден

У.бр.35/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Oпштина Вевчни

У.бр.40/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Општина Кратово

У.бр.50/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Карпош

У.бр.59/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Брвеница

У.бр.64/2024- Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Центар Жупа

У.бр.67/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Ново Село

У.бр.73/2024-Член 17 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Василево

У.бр.74/2024-Член 15 алинеја 3 од Деловникот на Совет на Општина Врапчиште

У.бр.75/2024- Член 40 алинеја 4 од Деловникот на Совет на Општина Липково”, известуваат од Уставниот суд на Република Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryar214oqn9b55fERT9gt

ВЛЕН критикува: Уставниот Суд наликува на југословенска политичка елита

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv1nltt7a38cc1GWVltm

Уставниот суд денеска расправа за проектот „Сејф сити“

Македонија | пред 2 седмици

ustaven

Уставниот суд ќе ги пренесува седниците во живо

Македонија | пред 1 месец

ustaven-sud

Уставниот суд отвора редовни средби со граѓаните по повод 62 години од основањето

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања