Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Одземени пасоши и забрани за работа: Кривичниот суд определи мерки за претпазливост за 10 лица поврзани со акцијата во УЈП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-35-0950PM

Во врска со вчерашната акција на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, која е поврзана со истрага за незаконски дејствија во Управа за јавни приходи, до Основниот кривичен суд Скопје бил доставен предлог за определување мерки за претпазливост против вкупно 10 лица.

Од Кривичниот суд информираат дека девет од осомничените биле спроведени пред судија на претходна постапка, каде што дале свое произнесување по предлогот на обвинителството. По разгледување на наводите, судијата го прифатил предлогот и на сите девет лица им определил мерки за претпазливост.

— реклама —

Станува збор за мерки согласно точките 2, 3, 6 и 7 од Законот за кривична постапка, кои опфаќаат одземање на патната исправа, обврска за редовно јавување во суд, забрана за комуникација со определени лица, како и забрана за вршење одредени работни активности поврзани со предметот на истрагата.

За десеттото лице, како што соопштуваат од Судот, постапката за определување мерки ќе се спроведе дополнително, согласно законските процедури. Од Основниот кривичен суд Скопје нагласуваат дека мерките се определени со цел обезбедување непречено водење на кривичната постапка и спречување можни влијанија врз сведоци или повторување на делото.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Македонија | пред 18 часа

— реклама —
media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

ujp

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања