Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Оливер Спасовски сака да ја напушти координаторската функција во таборот на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
Oliver-Spasovski

Пратеникот и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ, но, како што посочи, причината не се резултатите од локалните избори, туку несогласувањата со партискиот предлог за стратегија на „црвени линии“ во спорот со Бугарија.

— реклама —

Спасовски бил против ваков партиски пристап, предупредувајќи дека воведување фиксни линии во чувствителен меѓудржавен дијалог може да ја усложни позицијата на Македонија и да ја ограничи флексибилноста во надворешната политика.

— реклама —

Неговите забелешки, според партиски извори, не биле прифатени, по што тој побарал да се повлече од координаторската улога во Собранието. Со тоа тој ги демантираше шпекулациите дека се работи за уште една кадровска смена во пакетот одлуки на новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче, кои уследија по партискиот пораз на локалните избори.

— реклама —

Спасовски останува пратеник, но неговото повлекување од координацијата во пратеничката група дополнително ги отвори прашањата за внатрепартиските односи и за различните ставови во СДСМ околу надворешно-политичките теми. Партијата засега не соопшти кој ќе ја преземе функцијата координатор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library84bfav7rmsp6d6Z9MXi

СДСМ: Мицкоски е „прокси руски играч“ – обвинувања за врски со Москва

Македонија | пред 3 часа

media-librarydfsnh8fo9kgp56JNiBc

Власта вклучува фирма од „црната листа“ на САД во енергетски бизнис, вели Димитријевиќ

Македонија | пред 5 часа

media-libraryg16a1eca1pu85Xs2wiA

Кузеска: Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити

Македонија | пред 8 часа

media-libraryo24bhk258c1n5HlTdkk

СДСМ Аеродром: Митески и Ѓорѓиевски итно да го решат проблемот со паркирањето во Ново Лисиче

Скопје | пред 10 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања