Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ОН бара од Русија враќање на киднапираните украински деца

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
sobranie-obedineti-nacii

Општото собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која од Русија се бара итно, безбедно и безусловно враќање на сите украински деца кои биле присилно префрлени или депортирани за време на војната во Украина. Резолуцијата исто така ја повикува Москва веднаш да ја прекине оваа практика.

За резолуцијата гласаа 91 држава, меѓу кои и САД, додека 57 земји беа воздржани. Против гласаа Русија и уште 11 држави, јавува Reuters.

— реклама —

Според националната база на податоци „Деца на војната“ на Украина, најмалку 19.546 украински деца се киднапирани и однесени во Русија или области контролирани од Русија.

Иако се проценува дека илјадници деца се насилно посвоени од руски семејства, други биле затворени во руски кампови за милитаризација и превоспитување.

— реклама —

Русија побара резолуцијата да не биде усвоена.

,,Секој глас за резолуцијата е поддршка на лаги, војна и конфликти. Секој глас против е глас за мир”, изјави заменичката на рускиот амбасадор во ОН, Марија Заболотскаја, пред гласањето.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година, обвинувајќи го за воено злосторство за нелегално депортирање стотици деца од Украина, потег што Русија го отфрли како „скандалозен и неприфатлив“.

Москва порано тврдеше дека „ги штити ранливите деца од воени зони“.

На 1 декември, Зеленски изјави дека досега се вратени само 1.859 украински деца киднапирани од Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zaharova-51320-

Захарова го критикуваше Нетанјаху: „Споредбата на Иран со Холокаустот е опасна“

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин: „Победата е наша“

Свет | пред 1 ден

nafta

Русија го запира извозот на казахстанска нафта кон Германија

Свет | пред 1 ден

kremlj

Руската Федерална служба за безбедност спречи терористички план: Германска државјанка планирал напад

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања