Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Оставката на Ристоска е жалост за „рекет обвинителите“, среќа за граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryotb16cm27li14teVFPA

ВМРО-ДПМНЕ со реакција по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека нејзиното повлекување е „ден на жалост за рекет обвинителите, а ден на среќа за обесправените“.

Од партијата наведуваат дека Ристоска до неодамна тврдела дека е подготвена да застане на чело на обвинителството, но дека по неизборот ја сменила реториката и почнала да говори за притисоци и загрозен интегритет.

— реклама —

„Очигледно времето за кое зборувала важело само ако исходот е по нејзина мерка. Кога институциите не ја потврдија кандидатурата, визијата за независно обвинителство се замени со наратив за притисоци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму прашуваат дали принципите важат само кога носат личен напредок и дали борбата против криминал и корупција може да се смета за кредибилна доколку зависи од личниот исход.

— реклама —

Партијата посочува дека Ристоска била дел од системот кој денес го критикува и дека ваквиот пристап, според нив, придонел за пад на довербата во правосудството.

Во реакцијата се споменува и поранешното Специјално јавно обвинителство, за кое од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека било поврзано со политички влијанија и злоупотреби.

„Јавноста има право да знае дали оваа оставка е принципиелен чин или политички перформанс“, наведуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека на институциите им се потребни професионалци кои ќе работат доследно, без оглед на личните позиции и интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryg0o62t6ufrm1fsCBLK2

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

Македонија | пред 12 часа

— реклама —
media-libraryb766v9mr1t78dpbpJfe

ВМРО-ДПМНЕ: Обидите за дискредитација нема да ја промени реалноста дека СДС се соочува со сопствениот политички крај, а ВМРО-ДПМНЕ ја гради иднината

Македонија | пред 13 часа

Screenshot-2024-12-11-202144

Стојаноска: „Ќе видиме кој навистина е за, а кој блефира околу двојното државјанство“

Македонија | пред 18 часа

media-libraryhrf77p58a3h8cbk83Qn

ВМРО-ДПМНЕ: Димитријевиќ се сретнал со Ружиќ – СДС работи со српската опозиција

Македонија | пред 19 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања