Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Осуда од МНР за инцидентот со Амбасадата на Бугарија: Се преземаат мерки за целосно расветлување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryh7vu6v5hhldf6K6TAnh

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

„МНР за кршењето на стаклото на бугарската амбасада: Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи денес, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје“, велат од МНР.

— реклама —

Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на сторителот и за целосно документирање на настанот.

— реклама —

Во меѓувреме, бугарското Министерство за надворешни работи реагираше остро, оценувајќи го инцидентот како недозволиво посегнување врз дипломатска мисија и сериозно прекршување на меѓународните норми. Од Софија побараа брза и ефикасна истрага, како и гаранции за безбедноста на нивното дипломатско претставништво во Скопје, најавувајќи дека внимателно ќе го следат развојот на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

MFA_8353

Бугарија е перципирана како најголем непријател – дали тоа го сакате?, вели ексминистерот Димитров

Македонија | пред 11 час

— реклама —
siljanovska-radev-1

Дали политичката промена во Софија ќе донесе промена во односот кон Скопје

Македонија | пред 2 дена

1669028980_2874109_rumen-radev_ls

„Прогресивна Бугарија“ на Радев убедливо води на изборите во Бугарија

Свет | пред 3 дена

1-5

Од 3.504 декларирани бугарски државјани во Македонија, само 210 се пријавени за гласање за тамошните избори

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања