Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Осум израелски војници ранети во напад кај либанската граница, меѓу нив и синот на израелскиот министер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
izrael1

Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич соопшти дека неговиот син е меѓу ранетите во напад што се случил во близина на границата со Либан, при што биле повредени осум израелски војници.

— реклама —

Во објава на социјалната мрежа Икс, Смотрич напиша дека кон израелските војници во петокот бил истрелан минофрлачки проектил на границата со Либан.

— реклама —

„Еден од нив е мојот сакан син – Бенја Хеврон“, напиша министерот.

— реклама —

Тој наведе дека шрапнел од експлозијата му го пробил грбот и стомакот на неговиот син, по што бил итно пренесен во болница.

Според Смотрич, едно од парчињата шрапнел минало низ неговиот црн дроб и се заглавило во ѕидот на најголемиот крвен сад во стомакот.

„По Божја милост, едно од парчињата шрапнел го проби црниот дроб и се заглави во ѕидот на најголемиот крвен сад во стомакот. Ако, не дај Боже, тој крвен сад бил оштетен, ситуацијата ќе беше многу полоша“, напиша Смотрич.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Нетанјаху побарал средба со кралот на Јордан, сите покани се одбиени

Свет | пред 2 часа

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ново вооружување: Десетици илјади гранати за израелската армија

Свет | пред 10 часа

media-library99mhdrsrno4s5BYH4zw

Нападат центар за итна помош во Либан, избувна голем пожар

Свет | пред 10 часа

izrael

Скандал за Цветници: Израелска полиција го запре влезот на кардиналот во свето место

Свет | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања