Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Откако премиерот Мицкоски ја нарекол Ленче Ристоска „медиокритет“, Советот на јавни обвинители отвори постапка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
lence-press

Советот на јавни обвинители отвори постапка за да утврди дали јавните изјави на премиерот Христијан Мицкоски претставуваат притисок и нарушување на самостојноста на јавна обвинителка Ленче Ристоска.

Постапката е покрената по писмено известување од нејзина страна, која реагираше на изјавите во кои, како што тврди, била јавно наречена „медиокритет“ и поврзана со „клиентелистичко-политичка матрица“. Таа оцени дека ваквите квалификации се обид за влијание врз нејзината работа.

— реклама —

Советот ќе се постапува според Правилникот за заштита на самостојноста на јавните обвинители. Според процедурата, ќе биде формирана тричлена комисија која ќе ги утврдува фактите и околностите, ќе собира информации и, доколку е потребно, ќе побара изјаснување и од обвинителката и од премиерот.

Доколку комисијата утврди такво нарушување, Советот може јавно да го соопшти заклучокот и да го достави до надлежните институции.

— реклама —

Изјавите на Мицкоски беа дадени во јавноста, во контекст на неговите критики за ставовите на Ристоска околу измените на Кривичниот законик, по што Ристоска побара јавно извинување.

Тензиите меѓу владејачката ВМРО-ДПМНЕ и обвинителката се засилија откако Владата ја поништи листата на кандидати за судија во Стразбур, на која Ристоска беше меѓу највисоко рангираните. Таа тврди дека од тогаш е изложена на јавни напади и дискредитации, кои ги поврзува со нејзините професионални одлуки во тековни судски предмети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryotb16cm27li14teVFPA

Усвоена оставката на Ленче Ристоска во ОЈО Скопје

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryq2483tjvuqs5eS2XUNk

Професорот Прешова за оставката на Ристоска: Ова е пораз на системот, ваква одлука е изнудена

Коментари | пред 2 седмици

media-library5gs7pm727rgbdICujdt

Обвинителката Раичевиќ предупредува на можен судир на интереси кај кандидатурата на Ристоска за државен јавен обвинител

Македонија | пред 1 месец

media-library24unaho4uq2vagKdgFZ

ВМРО-ДПМНЕ: Ристоска е навикната на подобноста од времето на СЈО, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања