Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Отстранет од сообраќај, пренесен во болница, по што е лишен од слобода скопјанец кој пијан возел на патот Охрид-Кичево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
policija-policaec-35-450x270-1

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје, затоа што управувал патничко моторно возило "тојота" со скопски регистарски ознаки, под дејство на алкохол.

Имено, по претходно добиена пријава на телефонскиот број 112 дека едно возило се движи неконтролирано по патот, преземени се соодветни мерки од страна на полициските службеници и возилото е запрено, а со тоа спречена е евентуална сообраќајна незгода која би можела да има тешки последици.

— реклама —

Притоа, било утврдено дека возачот е во полусвесна состојба и веднаш со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево.

Откако му била пружена лекарска помош и неговата здравствена состојба значително била подобрена, извршено е алкотестирање, при што било утврдено дека имал 3,15 промили алкохол во крвта, при што лицето било лишено од слобода.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, против Б.К. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик "безобѕирно управување со моторно возило".

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryufankrd0ebkreVllJME

МВР: Потврдите за платени казни од „Безбеден град“ повеќе не треба да се носат во полиција

Настани | пред 16 часа

— реклама —
media-library52ut6bais8dgdX4Quku

Шест возачи уапсени за безобѕирно возење без дозвола

Македонија | пред 17 часа

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

МВР: Пет пријави за семејно насилство, четворица уапсени

Македонија | пред 17 часа

media-library7fq9g456k7fl60Baf8m

На аеродром Скопје уапсен гостиварец баран со меѓународна потерница

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања