Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

„Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија“: Деспотовски со тешки критики кон раководството на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
J4A3115

Јован Деспотовски остро проговори за состојбите во СДСМ, обвинувајќи дека дел од раководството со лични пресметки ја нарушува партијата и нејзините вредности. Тој најави дека нема да толерира валкање на неговото име и порача дека ќе бара одговорност доколку не бидат изнесени докази за обвиненијата против него.

Според Деспотовски, случувањата кои деновиве излегоа во јавноста не се одраз на вистинската идејна матрица на СДСМ, туку последица на дејствување на поединци кои, како што вели, моментално имаат контрола врз партијата.

— реклама —

„Ова не е СДСМ, ова не е мојата партија, ова е срам кој ѝ го нанесуваат поединци. Кои се аргументите и доказите за мојата наводна соработка со политичкиот опонент?“, запраша Деспотовски, додавајќи дека нема намера да дозволи нарушување на неговиот личен и политички интегритет.

Тој оцени дека наместо да се надминуваат несогласувањата, внатрешните поделби само се продлабочуваат. И повеќе од една година по парламентарните избори, рече тој, партијата сè уште не успева да го „среди сопствениот дом“.

— реклама —

„Наместо да градиме јасен политички фронт кон власта, ние копаме ровови меѓу себе. Реакциите и на јавноста и на членството го покажуваат истото – партијата не е обединета“, порача Деспотовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 21 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања