Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Охрид домаќин на конгрес на правници од Западен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Praven_fakultet_14102022004

Градоначалникот Кирил Пецаков се обрати на првиот „Охридски конгрес на правото 2022“ што синоќа свечено се отвори во Охрид. На настанот учествуваат 150 студенти по право од Западен Балкан.

— реклама —

Во своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков истакна:

— реклама —

– Почитувани организатори и учесници на Првиот Охридски конгрес на правото 2022, почитувани гости, дами и господа. Дозволете на почетокот да ве поздравам и да ви посакам успешна работа и пријатен престој во Охрид.

— реклама —

Ми причинува особена чест и задоволство што овој голем конгрес од областа на правото се одржува во Охрид, градот крај убавото Езеро, Балканскиот Ерусалим кој периодов со вакви случувања станува центар за развој на конгресен туризам.

Импозантниот број на учесници, 150 студенти по право од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина доволно зборува за важноста на овој настан на кој предавања и панел дискусии на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“ ќе одржат еминентни судии и професори по право.

Денес и наредните два дена тука ќе има размена на мислења и ставови, нови научни сознанија од областа на правото, ќе се дебатира и дискутира на значајни и сериозни теми.

Драги студенти, идни правници, адвокати или судии ви посакувам да ви се остварат соништата, да уживате во убавината на младоста. Јас верувам дека трудољубиво и посветено учите и дека ќе станете врвни професионалци. Успесите не доаѓаат одеднаш. Луѓето кои се успешни сфаќаат дека не смееме да им дозволиме на неуспесите да не дефинираат, туку обратно тие да не научат, што и како да направиме за наредниот пат.

На крај дозволете ми да ви посакам успешна и плодна работа и пријатен престој во убавиот Охрид, градот со Самулиовата тврдина, со цркви и манастири колку што има денови во годината, со галерии и музеи на копно и вода. Градот во кој има ресторани, кафулиња, забава и мир за сечиј вкус.

Работете вредно и издвојте време да уживате во нашиот Охрид – рече градоначалникот Пецаков.

Покрај градоначалникот Пецаков на отворањето се обрати и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р. Сашо Георгиевски.

Во работниот дел во наредниве денови свои обраќања ќе имаат еминентни судии, обвинители и професори по право тие ќе дебатираат на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“.

Организатор на настанот е Факултетското студентско собрание и студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Конгресот завршува на 16-ти Октомври.

/praven_fakultet_14102022001" rel="attachment wp-att-201521">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања