Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Охрид започна со подговтовки за Богојавление-Водици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Vodici_23_11012023001

Во духот на православието и востановената традиција Охрид и годинава ќе биде центар за чествување на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Подготвена е богата програма и се очекува традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро да го проследат илјадници верници. Ова беше истакнато денеска на првиот состанок на организациониот одбор кој е задолжен за манифестацијата.

— реклама —

Како и секоја година, организацијата на Богојавленскиот водосвет ќе биде составен од два дела. Првиот дел е црковниот дел, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот дел е граѓански дел што го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната пропратната програма.

— реклама —

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро, а точно во 10 часот од Градското пристанишете ќе биде положен Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Заинтересираните капачи кои сакаат да бидат дел од настанот, своето учество можат да го пријават во сите парохиски цркви во Охрид.

— реклама —

По чинот на Богојавленскиот водосвет, со почеток во 12 часот на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ предвидена е забавна програма за посетителите, со концерт на групата „Чалгија саунд систем“. Во организација на Црвен Крст истиот ден од 9 до 15 часот ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Во рамки на активностите за техничка подготовка и логистика, во недела на 15-ти јануари охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро на просторот каде ќе се спроведе положувањето на Светиот крст. Исто така предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот и активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.

Чествувањата и обичаите поврзани со Водици во Охрид, продолжуваат и на 20-ти јануари со Денот на рибарите и празникот Свети Јован Крстител. Уникатната манифестација со традиционалното капење на рибарите и годинава ќе се одржи на месноста „Сараиште“ и ќе биде надополнета со повеќе културни и забавни содржини.

На денешниот координативен состанок, присуствуваше градоначалникот, Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, Координаторот на манифестацијата, Митко Топенчаров, претставници од Дебарско кичевската епархија, претставници од СВР Охрид, охридските јавни претпријатија, Територијалната противпожарна единица, од нуркачките клубови „Амфора“ и „Охрид“, од Капетанијата на пристаништата, од Црвен Крст, од охридските здравствени установи, претставници на туристичкиот сектор и други лица кои се вклучени во организацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Настани | пред 1 ден

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

Настани | пред 1 ден

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ОО | пред 2 дена

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

ОО | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања