Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АЕРОДРОМ

aerodrom-1

„Не ми се веруваше што гледам, дедо со електрошок во Аеродром малтретираше мачиња“, сведоштво за мачење животни без причина

Водителот Ване Маркоски раскажа за страотна ситуација во Аеродром, каде малтретирани биле улични мачки. Кога го прашал возрасниот човек зошто го прави тоа - вели дека ќе бил и тој мета на напад.„Дедо од околу 70 години, позади Капитол, денес околу 17:00, ладнокрвно, со електрошок во рака, малтретираше мачиња. Прво не ми се веруваше што гледам. Несвесно продолжив да си го гледам патот… Слушнав како некој му довикува од терасите да не го прави тоа, сфатив што е работа, па му пријдов и јас, за малку ќе ме нападнеше и мене затоа што го прашав зошто го прави тоа. Дојде уште еден човек, сите застанаа да ги заштитат мачињата, а стариов психопат избега.Не успеав во таа паника и стрес да го снимам. Од една страна почуствував таков бес, затоа што едноставно ние немаме судство, немаме кој да не заштити, а од друга страна и малку среќа кога видов како се собраа луѓе и каква емпатија покажаа. Муабетот ми е, бев бесен од случкава, ама и среќен што луѓево, можеби кренаа раце од системот, ама барем почнавме самите да се штитиме од лудаци“, вели Маркоски.

Коментари | пред 1 година

uciliste-skolo-deca-ucenici-4-4

Сомнежи за труење во училиште во Аеродром: Деца од вчера се со стомачни проблеми, по ручек додека биле на настава

Дел од родители на ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ се пожалиле дека по оброк за ручек, од вчера до денеска, многу од нивните деца се жалеле на здравствени проблеми. Тие посочуваат дека постои сомнеж за труење со храната, која се доставува од надворешна фирма. За овој сомнеж, го известиле и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.„Од Центарот за јавно здравје-Скопје сме известени дека имаат сознанија за појава на стомачни тегоби кај повеќе ученици кои посетуваат настава во ООУ Ѓорѓија Пулевски, за кое постои сомнеж дека станува збор за труење со храна. Известени сме дека епидемиолозите направиле контакт со ЈЗУ УК за инфективни болести и УК за детски болести, но во овие здравствени установи не се јавиле на преглед ученици од наведеното училиште со стомачни тегоби“, велат од ДСЗИ за „Скопје1“.Оттаму додаваат дека Одделението за епидемиологија на Центарот за јавно здравје било известено од страна на матичен доктор дека три деца, ученици во истото училиште се јавиле на преглед и дека ќе достават пријави за заразно заболување.„Откако од страна на одделението за епидемиологија, по добиените пријави ќе се изврши епидемиолошка анкета, очекуваме како Инспекторат да бидеме известени од нивна страна дека се работи за епидемиско труење со храна ќе се постапи според протоколот“, додаваат од ДСЗИ.

Скопје | пред 1 година

aerodrom2

Пеплосана е тревата низ Аеродром, оттаму праќале ургенции до претпријатието на Арсовска: ситуацијата е алармантна, но добивме молк!

Општина Аеродром се лути на „ЈП Паркови и зеленило“ бидејќи тревата е пожолтена, системите за наводнување не работат, а претпријатието чиј директор го поставува скопската градоначалничка Данела Арсвоска не реагира.,,Општина Аеродром: ЈП „Паркови и зеленило“ иако се платени од жителите, целосно го занемарија јавното зеленилоОпштина Аеродром ја информира јавноста дека одржувањето на јавните зелени површини во голема мера е под надлежност на Град Скопје, односно на ЈП „Паркови и зеленило“, но со жалење мораме да констатираме дека оттаму не ги извршуваат квалитетно своите обврски на ниво на нашата територија.Во изминатиот период сме сведоци на лоши слики од исушени и пожолтени тревници за кои треба да се грижат од ова градско јавно претпријатие. Дополнително, сакаме да ги информираме граѓаните дека Општина Аеродром на постојните јавни зелени површини, во изминатите години на територијата на општината има изградено повеќе автоматски системи за полевање, вклучувајќи ги и бунарите, кои се предадени на ЈП „Паркови и зеленило“ како надлежно јавно градско претпријатие во нивно владение и користење.Овие системи и бунари се наоѓаат во реоните Ново Лисиче, Три Бисери, Јане Сандански од левата и десната страна, како и во Острово.Но од неразбирливи причини за нас, веќе подолго време тие не се ставаат во функција, со што сме доведени во ситуација да бидеме опкружени со исушени тревници и дрвја.За ситуацијата да биде уште поаларманта, тоа се случува во овој летен период кога се соочуваме со екстремно високи температури, кога аеродромци треба да имаат можност да се разладуваат во парковите што се изградени за таа намена.Да потсетиме дека секој месец граѓаните им плаќаат на градските јавни претпријатија за повеќе услуги, како што се тарифа за водна услуга, собирање смет и секако за ставката надоместок за одржување на јавното градско зеленило.Општината преку официјални дописи до ЈП „Паркови и зеленило“ побара квалитетно и ажурно извршување на нивните обврски, но не доби никакви одговори и оттаму не излегуваат во пресрет на нашите обиди да ја вратиме старата слика за Аеродром.Како Општина, ги уверуваме граѓаните дека сите површини што се под наша надлежност ги наводнуваме и ги одржуваме секојдневно и со тоа темпо ќе продолжиме и во иднина.Уште еднаш испраќаме јавно апел до Град Скопје и до „ЈП „Паркови и зеленило“ да почнат да ги извршуваат своите задачи за што се уредно платени од парите на аеродромци.", велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 1 година

parkovi-i-zelenilo-sadenje-cvekinja

Паркови на Арсовска во нова војна со Аеродром на Митески

„ЈП Паркови и зеленило“ под капата на Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска ги демантира Општина Аеродром дека ја исушиле тревата.„Ве информираме дека ЈП Паркови и зеленило е надлежно за одржување на зеленилото во парковите , булеварите собирните и магистралните улици кои се под надлежност на Град Скопје. Останатото зеленило во населбите и помеѓу блоковите е под надлежност на општината. ЈП Паркови и зеленило редовно и континуирано го одржува зеленилото според усвоената Програма за работа од страна на Советот на Град Скопје.Во летниот период каде изминативе денови имавме екстремно високи температури, зеленилото бара посебна грижа. За одржување на тревната површина во добра состојба во текот на летните месеци, покрај редовното косење за да се одржи оптималната висина, полевањето е неминовно.Така, полевањето на зеленилото го вршиме во доцните вечерни часови за да се избегне испарување на водата поради високи температури во текот на денот, а и поради апелот од ЈП Водовод и канализација за рационално користење на водата во деновите со екстремно високи температури за да не дојде до нестабилност во водоснабдувањето во високите зони. Наводнувањето го вршиме од 23:00ч. до 5:00ч. наутро“.

Скопје | пред 1 година

vjosa-gasi

Гаши не ја признава државата чиј пратеник е, Османи не ја почитува Македонија, алармира Најчевска по скандалот на аеродромот

Професорката по право, Мирјана Најчевска ја обвини претседателката на Косово, Вјоса Османи за непочитување на институциите на Македонија и државата. Истовремено, смета дека Гаши покажал дека не ја признава државата чиј пратеник е.„Прво, низ скенерот на аеродром не смее да се помине се телефон. Значи телефонот мора да биде оставен настрана. Второ, со претседателката на Косово требало да има лице од амбасадата на Косово во Македонија а нејзиното обезбедување нема никакви ингеренции освен заштита на нејзиниот физички интегритет. Трето, доколку имало некаков проблем лицето од амбасадата треба да реагира до МНР кое е единствено надлежно за разрешување на вакви ситуации.Вмешувањето на обезбедувањето на Гаши е спротивно на законите и треба да биде соодветно санкционирано (доклку имало репетирање на пиштол треба да се бара и кривична одговорност. Со тоа што Претседателката на Косово му се јавила на Гаши наместо да оди преку регуларни канали на институциите на Македонија покажала елементарно непочитување на државата во која во моментот се наоѓа. Со тоа што Гаши испратил свое обезбедување да решава проблем поврзан со странски граѓанин Гаши покажал дека не ја признава државата чии пратеник е и не ги признава нејзините институции“.

Коментари | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Од ТАВ раскажаа што се случило на скопскиот аеродром со обезбедувањето на Гаши: не беше загрозена безбедноста

“Во врска со објавата за инцидентот кој се случи денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје, во ВИП-салонот, би сакале да известиме за следното:Во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство, ТАВ Македонија како аеродромски оператор има законска обврска за спроведување на безбедносен преглед на сите патници, багаж и стоки на летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, вклучувајќи ги и патниците кои патуваат преку ВИП-салонот.Оттука, Одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија, постапувајќи во рамките на своите овластувања спроведе стандардна безбедносна проверка на споменатиот патник како и на неговиот багаж, на пунктот за безбедноста проверка во ВИП- салонот, со цел обезбедување на конкретниот комерцијален лет.Сакаме да потенцираме дека авијациската безбедност не беше загрозена, поради тоа што споменатиот инцидент се случи во јавната зона на аеродромот, односно пред пунктот за безбедносна проверка на ВИП-салонот од каде ВИП-патниците откако ќе бидат проверени од Обезбедувањето се упатуваат во безбедносно-контролирана зона на аеродромот.Исто така, сакаме да потенцираме дека ВИП-салонот е посебна зграда изолирана од главната терминална зграда на скопскиот аеродром, што значи дека е комплетно неточно дека била загрозена безбедноста на патниците.Со цел точна слика за случката и спречување на ширење дезинформации, за сите детали во однос на инцидентот, ги упатуваме медиумите да се обратат до надлежните институции”, велат од ТАВ Македонија за инцидентот со обезбедувањето на Африм Гаши.

Македонија | пред 1 година

aerod-haos

Обезбедувач на Гаши се заканувал на вработени на скопскиот аеродром: хаос се случувало за да косовската претседателка не помине на скенер

Денеска (01.08.2024) околу 10 часот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж.Но, потоа сепак багажот бил вратен и поминал низ скенер. По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката.При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин. Веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 1 година

277468956_964835740838563_2359101997731838525_n

Аеродром во мрак

Повеќе од еден час жителите на општина Аеродром се без струја.По силното невреме кое го зафати дел од Скопје, жителите на оваа општина околу половина час беа без електрична енергија, по што повторно имаше прекин.За сега нема информации која е причината за прекинот.

Скопје | пред 1 година

IMG_4930

Општина Аеродром наскоро добива канцеларија на Управата за водење матични книги

Отворање канцеларија „Една точка за услуги“ во Аеродром преку која граѓаните ќе можат да вадат и документи од Управата за водење матични книги беше тема на денешната средба меѓу заменик-градоначалникот Дејан Митески и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.„Една точка за услуги“ е од исклучително значење за аеродромци, затоа што од оваа канцеларија на два шалтера граѓаните на едно место ќе добиваат повеќе од 40 услуги и информации од голем број институции.Освен вадење документи од Управата за водење матични книги, за што има огромен интерес меѓу аеродромци, жителите ќе добиваат и услуги од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски – Секторот за патен сообраќај и инфраструктура, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика – Центрите за социјална работа, Централниот регистар, Фондот за здравствено осигурување, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и Министерството за економија.Заменик-градоначалникот Митески истакна дека целта на овој проект е да им се олесни секојдневното функционирање на граѓаните кои во непосредна близина на нивните домови ќе можат да ги вадат сите потребни документи.

Скопје | пред 1 година

271709418_629895324895721_7621861029878834127_n

Второ апсење на скопскиот аеродром: скопјанец тргнал на пат, ама бил уапсен оти бил баран со потерница

На 29.04.2024 во 16.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.М.(39) од Скопје, затоа што при пасошка контролa било констатирано дека бил баран поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Инцидент на скопскиот аеродром: Србин кршел, полиција го уапсила

На 29.04.2024 во 05.00 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Д.С.(43) од Република Србија, затоа што во терминалната зграда го оштетил стаклото на заштитната врата.Тој бил предаден на полициски службеници од Полициското одделение Петровец за понатамошна постапка.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-02-28_12-16-20

Левица останува без советник во Аеродром, Масларковски со жестоки критики: Нешто смрди, нешто корне во партијата

Советникот во Аеродром, Дарко Масларковски, излегува од партијата Левица. За ова ја извести јавноста преку статус на социјалните мрежи. Кажа дека не се согласува со како што вели „луди директиви“ од раководството на партијата, а меѓудругото и со тоа што било кажано да се отстрани знамето од Кутлеш. Масларковски веше жесток поддржувач на Левица и ги застапуваше нивните вредности, а воедно, одеше и на протести организирани од нив.„Сакам да ве информирам дека од денес ЈАС не сум повеќе член на политичката партија ЛЕВИЦА.Одлуката ја носам со чиста совест и разум базирана на повеќе причини и дејства на кои не можам да останам рамнодушен. Разочаран сум бидејќи работите во партијата не се на она другарско и чисто идеолошко делување, како на почетокот, тоест полно е со византиски игри, намерно уништување, игнорирање и оддалечување од чесни, вредни, борбени, бестрашни, бескомпромисни "чисти" кадри. Се случува опкружување со полтрони, интересџии и безкичмењаци кои безпоговорно следат ЛУДИ ДИРЕКТИВИ(како таа за отстранување на МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ од Кутлеш) како и екипирање на раководни кадри кои се премногу сомнителни, увезени токму од политичките елити против кои се бориме(наводно се бори и Левица). Рацинизирани се сите оние кои на почетокот со сета своја способност, труд, напор и знаење дадоа ОГРОМЕН придонес во развојот на делото и партијата, а додадени се разно разни мешетари и луѓе со сомнително минато и потекло. Растурени се најсилните ограноци со инфилтрации на горепосочените и во јавноста само привидно се прави чувство дека расте партијата, нема месен огранок во Ново Лисиче каде имавме најсилна поддршка на избори има нов огранок во некое село со 500 жители и 3 члена“, напиша Масларковски.Тој додава: „Најверојатно раководството низ својата длабоко затворена призма на делување и секташање не дава простор за вистинско растење на партијата, вистинска борба, која многупати била задушувана од самото раководство, па најверојатно исплашени од расколите од минатото кое ги следи како црна сенка, не дозволува никој да пристапи, дава различни идеи и делува. Не се посветува и одвојува ни тронка време за да се согледа и реши внатрепартискиот проблем со дискусија и другарски муабет. Не сум сам и единствен кој овака се чувствува, но сум прв кој ГЛАСНО кажува дека нешто "СМРДИ", а смрди КОРНЕ. Дали последната надеж за конечно добра, партија на НАРОДОТ е контролирана и усмерувана од некој повисоки сили и центри на моќ?Времето можеби не е најадекватно и баш пред избори, но јас не можам повеќе да бидам дел од нешто што ќе го уништи духот на МАКЕДОНЦИТЕ, одземајќи му ја можноста за ВИСТИНСКА политика и партија која вистински се БОРИ за МАКЕДОНИЈА. ПРЕДАДЕНИ СМЕ. Се вклучивме во ПОЛИТИКА (прв пат се ОБОИВМЕ/ИСПЉАВМЕ ПОЛИТИЧКИ) со сето срце и душа и човечки капацитет, ВЕРУВАЈЌИ во ИДЕАТА и КАУЗАТА за БОРБА за Македонија и подобра иднина за сите луѓе.Тие велат БОРБАТА почнува сега, НИЕ СЕ БОРИМЕ ДОЛГИ ГОДИНИ !!! Борбата за МАКЕДОНИЈА ја ПРОДОЛЖУВАМ секако, но го фрлам оружјето ЛЕВИЦА кое е отапено до толку што не може ниту хартија да пресече, а камо ли да нанесе сериозен удар на НЕПРАВДАТА кој ја трпиме 30 + години. П.С.Во советот на општина Аеродром ќе продолжам да делувам како независен Советник“.

Македонија | пред 2 години

426587673_3652627141647093_682266918514445158_n

(Фото) Планина од ѓубре на влезот кај 'Џевахир скај сити', надлежните спијат“, реаигра жител на Аеродром

Остри критики доаѓаат од жителите на Аеродром поради отпадот кој се исфрла непосредно до комплексот згради „Џевахир скај сити“. Од фотографиите кои ги споделуваат се гледа куп смет, картони, пластика.„Планина од ѓубре на влезот кај 'Џевахир скај сити', надлежните спијат“, реагира граѓанин.

Скопје | пред 2 години

aerodrom3

Беќаровски до Арсовска и Муцунски: Уште колку месеци ќе голтаме прашина, паркираните булдожери и валјак и во следните шест месеци ќе стојат како декор

Доктор Нико Беќаровски повторно реагира на социјалните мрежи во врска со раскопаниот дел од улицата „Васко Каранѓелевски“ во општина Аеродром.„Почитувани мои ФБ пријатели од медиумите, ќе Ве замолам ЈАВНО да ги прашате градоначалникот на Општина Аеродром, г-динот Тимчо Муцунски и градоначалничката на Скопје г-ѓа Данела Арсовска:• Уште колку месеци ќе треба секојдневно да ја голтаме прашината и да ги кршиме автомобилите по раскопаниот дел од улицата "Васко Каранѓелевски" на потегот од базенот "Бисер" до поликлиниката "Јане Сандански"???• Дали паркираните два булдожери и еден валјак и во следните шест месеци, како и во изминативе, ќе стојат како декор???Однапред Ви благодарам во името на илјадниците граѓани на Аеродром кои секојдневно барем два пати поминуваат низ оваа улица и одат со извалкани чевли или извалкани и амортизирани автомобили до своите работни места, иако живеат само на 3.5 км од центарот на 'метрополата'“,вели Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

apasiev

Муцунски се фали дека секојдневно се чисти, Апасиев реагира: Аеродром никад не бил попрљав у живот

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски на социјалните мрежи објави видео дека општинските служби се секојдневно на терен и работат на одржување на хигиената.„Одржувањето на хигиената на јавните површини останува наш приоритет и во периодот на летните одмори. Општинските служби секојдневно се на терен и со расположливата механизација се работи на собирање на отпадот, чистење и миење на паркинзите, улиците и јавните површини низ општината“, стои во описот на видеото.Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го сподели видеото и кусо искоментира дека општината никогаш не била попрљава.„Овој, па, овој .. Општина АЕРОДРОМ никад не била попрљава у живот, ама важно пи-арот си шиба со спотчиња.#Тендераши“, напиша Апасиев.

Скопје | пред 2 години

aerodrom

Повеќе од две години 15 милиони евра чекаат за модернизирање на терминалот на охридскиот аеродром

Сума од 15 милиони евра за реконструирање на двата македонски аеродроми се уште не е потрошена по повеќе од две и пол години од донесувањето на ТАВ-програмата. Последната одлука на Владата донесена минатиот месец е овие 904 милиони денари да ги контролира акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на РСМ“ и да послужат за модернизација и проширување на терминалната зграда само на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, пишува Фактор.Во 2020, кога беше донесена ТАВ-програмата во вредност од 50 милиони евра наменети за десетици локални проекти, беше одлучено сума од 15 милиони евра да биде искористена за обновување на терминалите на скопскиот и охридскиот аеродром, а проектот да го надгледува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.- Во меѓувреме беше заклучено дека нема потреба од овие пари да се инвестира во скопскиот терминал и сите средства да се пренасочат во охридскиот, како и тоа дека тука надлежност има АД Аеродроми, а на АДСДП, изјави Трајче Ангеловски, директорот на „Аеродроми на РСМ“.Целиот текст можете да го прочитате тука

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Општина Аеродром: Инспекторите кои изрекоа незаконска санкција, Арсовска да ги упати на повторна едукација на Правниот факултет

Непознавање на законите, ниското ниво на политичка култура и политичкото ривалство кое за жал кај градоначалничката Арсовска веќе е сведено на ниво на политичка омраза, оди до таму што, по нејзин налог извршителите во градот Скопје добија насока да изречат монтирана и целосно неточна прекршочна санкција за Општина Аеродром, реагираат од Општината.– Наводите наведени во денешната информација доставена во медиумите, се целосна лага, смислена во центарот за креирање лажни вести и фејк кризи лоциран во бараките на Град Скопје. Потенцираме дека, до овој момент до Општина Аеродром нема стигнато никаква документација поврзан со наводите наведени во соопштението до медиумите. По евентуалното добивањето на документацијата поврзана со санкцијата, фактот дека таа е целосно неточна ќе го докажеме во соодветна законска постапка пред надлежните институции. Воедно, не ја исклучуваме можност за поведување кривична постапка до инспекторите кои изрекле ваква незаконска санкција, како и до сите одговорни лица во градот Скопје, вклучувајќи ја градоначалничката Арсовска, велат од Општина Аеродром.„Арсовска која е единствениот виновник на комуналниот хаос во градот, наместо да диригира смешни прекршочни решенија, неопходно е правниците и инспекторите кои се дел од нејзиниот тим, да ги упати на повторна едукација на Правниот факултет, каде ќе ги научат основни принципи за толкување на законот и изрекување прекршочна санкција. Воедно, самата Арсовска наместо да се занимава со наместени, паушални и конструирани постапки со кои дополнително си го намалува рејтингот приближен до „нула“, пополезно ќе биде да посвети на проектите кои ги ветуваше пред граѓаните, како гимназијата во Аеродром, Мега паркот зад ФФМ и Иновацискиот парк зад кулите на Џевахир“, додаваат од Општината.Оттаму велат дека политичката омраза, креирањето лажни постапки и паушалното пласирање скандали се карактеристика за слабите политичари и лошите менаџери и тие само очаен обид за дефокус на јавноста од реалните проблеми со кои се соочува градот. „Политичкото ривалство треба да се води на цивилизиран начин, онака како што доликува на современи политичари, преку инвестиции, грижа за граѓаните и реализација на проекти. Најодговорно тврдиме дека во изминатиот период Општина Аеродром има повеќе реализирани проекти во споредба со сите проекти на Арсовска во цело Скопје. На крајот уште еднаш потсетуваме дека, грижата за здравјето и животот на граѓаните е наш врвен приоритет, а постапувањето согласно законите единствен императив во работењето на Општина Аеродром“, се додава во соопштението на Општина Аеродром.Макфакс

Скопје | пред 2 години

Leap-Izrabotka-2

Општина Аеродром започна постапка за изработка на нов Локален еколошки акциски план

Општина Аеродром ја почна отворената и транспарентна постапка за изработка на „ЛЕАП 3“, новиот Локален еколошки акционен план кој претставува стратешки насочен кон имплементација на идеи за заштита на животната средина.Во салата на Советот на општината се одржа првата информативна средба, на која присуствуваше градоначалникот Тимчо Муцунски, претставници на институции, приватни компании, како и невладини организации кои работат со прашања поврзани со екологијата и животната средина.Состанокот го отвори градоначалникот Муцунски, кој им се заблагодари на присутните што земаат активно учество во носење на овој важен стратешки документ за иднината на општината, истакнувајќи дека имплементацијата на мерки и проекти кои се однесуваат на здравата и чиста животна средина останува приоритет за оваа општинска администрација.На настанот кој беше од отворен карактер, беа преставени целите и активностите за изработка на Локалниот еколошки акционен план и методологијата за негова изработка. По неговото завршување, со овој стратешки документ ќе продолжат нашите досегашни напори за воспоставување добра соработка со невладините организации кои работат во делот на животната средина, тој ќе биде одлична основа заедукација на младите и стратешки документ кој ќе биде поттикне идната соработка со бизнис секторот и со тоа ќе го придонесе за забрзан локален економски развој.Граѓаните може да ги дадат своето, мислење, предлози и ставови за изработка на документот преку следниот линк: https://bit.ly/3O5XXK7

Скопје | пред 2 години

aerodrom3

Беќаровски до Муцунски: Уште колку месеци ќе треба да ги "кршиме и валкаме" колите по неасфалтираната раскрсница кај базенот во Аеродром ???

Доктор Нико Беќаровски со посебен пост на Фејсбук му се обрати на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, укажувајќи му дека раскопаните улици низ општината се голем терет за граѓаните.Тој нагласува дека раскрсницата кај Воената академија во општината е хорор за граѓаните, особено за оние кои живеат таму и мораат секојдневно да поминуваат по неа.- Почитуван г-дине Тимчо Муцунски,Уште колку месеци ќе треба да ги "кршиме и валкаме" колите по НЕАСФАЛТИРАНАТА раскрсница кај базенот во Општина Аеродром ???Кој ќе ни ја плати оштетата за уништените амортизери и раштелуваните предници на автомобилите ???Избран сте од граѓаните на Општината за да бидете татко на Аеродром. Ставете ја во мирување Вашата партиска функција и посветете се на решавањето на проблемите на Вашите сограѓани - напиша Беќаровски.

Коментари | пред 2 години

1Gola-Mesecina

Меѓународниот театарски фестивал на комедијата „Гола Месечина“ и оваа година во Општина Аеродром

Со претставата „Страданијата на првата брачна ноќ на Миле Султан“ од Србија, утре (среда, 21.06.2023), ќе се одбележи отворањето на годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“ што ќе се одржи од 21. до 25. јуни на фудбалскиот стадион во Реонски центар во Аеродром.„Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот на репертоарот е ставен како на врвни театарски претстави и актери од регионот, така и на стенд-ап настапите на македонски познати комичари и актери, кои последните години привлекуваат огромен интерес кај публиката.Претставите и стенд-ап настапите ќе бидат со почеток од 21:00 часот, а целата агенда можете да ја видите на сликите во прилог. Влезот е слободен и е дозволен само за лица над 16 години.Ве повикуваме на уште едно театарско дружење на една од петте вечери, со кое низ смеа, забава и квалитетна програма, ќе го одбележиме доаѓањето на летото во Општина Аеродром“, информираат од општината.

Скопје | пред 2 години

nevreme-delcevo

Општина Аеродром ќе донира 500.000 денари за справување со последиците од невремето во Делчево

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром Дејан Митески и советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општина Аеродром донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.- Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот. Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани, порачаа од општина Аеродром.

Скопје | пред 2 години

1-1

(ФОТО) Како изгледа булеварот во Аеродром кој беше поплавен по три часа

Се повлече водата од булеварот Јане Сандански кој попладнево беше поплавен поради силното невреме.Сообраќајот во моментов се одвива непречено, а возилата кои беа заглавени се тргнати.Булеварот беше поплавен околу три часа.

Скопје | пред 3 години

302503037_5821127204588001_9100842361678874844_n

Апел до жителите на Аеродром, со објавени насоки за да пријават штети

Централата во Општина Аеродром денеска ќе работи со продолжено работно време (од 19:30 до 22:00 часот) со цел жителите да можат да ги пријават штетите кои настанаа од силното невреме.Апелираме секоја штета предизвикана од невремето да биде пријавена на телефонскиот број 2400970, денеска во посоченото време или пак во наредните денови од 08 до 16 часот.

Скопје | пред 3 години

301632315_496528265811592_2029785349437012687_n

Апокалипса во Аеродром, Муцунски во најпогодените делови каде има откорнати и цели кровови

По силното невреме кое го зафати главниот град заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и останатите советници и службите на Општината излеговме на терен. Во активна комуникација со градските претпријатија работиме на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер, вели градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски„Во моментов ги детектираме најпогодените точки во Општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето. Ќе повикуваме аеродромци да останат смирени бидејќи штетите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок.Општината Аеродром продолжува да биде вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите.#НашАеродром #ПроменитеСеСлучуваат“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-184810

(ВИДЕО) Страшна снимка од поплавен стан во Аеродром

На социјалните мрежи се појави видео од поплавен стан во Аеродром.Според описот на видеото, станува забор за нов стан кај Мајчин Дом.„Кај Мајчин Дом зградата на ЗСФ, 1500 евра квадрат со гратис базен“, стои во описот на видеото, а под истото е објавено уште едно видео кое е снимено во влезот на зградата.На истото се забележува како вода тече по скалите.https://twitter.com/_ferchina_/status/1564650766656311297?s=20&t=rRcFL6sYWiUE2-S4Soa6SA

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања