Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АЕРОДРОМ

dron1

Дронови го блокираа воздушниот сообраќај во Копенхаген и Осло

Силно полициско присуство и целосен прекин на сообраќај ја одбележаа ноќта на аеродромот во Копенхаген, откако беа забележани беспилотни летала над областа. Аеродромот, познат и како Каструп, беше затворен со часови, а повторно се отвори околу 00:30 часот.Данската полиција потврди дека во близина на пистите биле видени два до три големи дрона. „Тие беа директно над аеродромот, а потоа се поместија на периферијата“, изјави началникот на полицијата во Копенхаген, Хенрик Штормер, за ТВ 2 Данмарк. Портпаролот на аеродромот, Ден Прангсгард, додаде дека дел од летовите биле пренасочени кон Билунд, а бил повикан и дополнителен персонал.Неколку часа подоцна, слична ситуација се повтори и во Норвешка. По полноќ, аеродромот Гардермоен во Осло беше затворен поради нов извештај за дрон во областа. Претходно вечерта, беспилотни летала биле забележани и над центарот на градот, а двајца државјани на Сингапур се уапсени во рамки на истрагата.„Воздушниот простор над аеродромот е затворен поради нов извештај за дрон“, изјави за весникот VG Моника Фастинг, раководителка на комуникациите на аеродромот. Според „Флајтрадар“, во моментот имало неколку авиони што кружеле над Осло и Гардермоен.„Авионите кружат над градот и чекаат да бидат пренасочени кон други аеродроми“, објасни Фастинг, додавајќи дека затворањето во тој момент погодило 12 до 14 летови.

Македонија | пред 6 месеци

avion

Дефект на радарот на скопскиот аеродром – авионите ќе слетуваат еден по еден

Единствениот исправен радар во Контролата на летање на Македонската навигација (М-НАВ) на Скопскиот аеродром се расипал, поради што од вчера наутро контролорите не можат да ги следат авионите на ниска височина при нивното слетување, објави СДК.Од двата радара на аеродромот – еден поставен врз Контролната кула и друг во нејзина близина – во функција бил само вториот, кој сега откажал. Сѐ додека дефектот не се отстрани и не пристигне делот што треба да се замени од Италија, контролорите ќе мора да слетуваат авиони еден по еден. Доколку во исто време пристигнат два или три авиони за слетување, дел од нив ќе треба да кружат во воздух додека претходните безбедно не слетаат.Директорот на М-НАВ, Владимир Ристески, за СДК потврди дека нема никаков ризик за безбедноста на патниците и летовите. „Работата ќе продолжи како и досега, но со побавно темпо. М-НАВ располага со три радарски глави – една кај Охридскиот аеродром и две во Скопје. Едната сега има технички дефект, кој е детектиран и се работи на негово отстранување. Вакви електронски проблеми се нормални во авијацијата и постојат предвидени безбедносни процедури за вакви ситуации. Единствената промена е ограничување на бројот на авиони кои можат да се опслужат во еден час“, рече Ристески.Додека трае дефектот, за контролата на авионите на поголеми височини се користат радарите на Грција и Бугарија.

Македонија | пред 6 месеци

B9C0CB28-3AE1-4302-8A4F-CE2D67BC22E5_1_105_c

Мајка и едногодишно дете нападнати во Аеродром

На 20 септември 2025 година, во 21:00 часот, во СВР Скопје 33-годишниот Г.С. од Скопје пријавил дека неговата сопруга В.А. (23) и нивната едногодишна ќерка биле физички нападнати на подрачјето на општина Аеродром.Според пријавата, нападот го извршило женско лице кое најпрво употребило тврд предмет, а потоа и со остар предмет им упатило закани. Кога сопругот се обидел да интервенира и да ги заштити, бил нападнат од машко лице кое исто така користело тврд предмет.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

avion

Хаос на европските аеродроми: Кибер-напад парализираше аеродроми во Лондон, Брисел и Берлин

Кибернетички напад насочен кон давател на услуги за системи за пријава и качување предизвика сериозни проблеми на неколку големи европски аеродроми, меѓу кои лондонскиот „Хитроу“, бриселскиот и берлинскиот аеродром, поради што дојде до доцнења и откажувања на летови, соопштија операторите.Нападот ги оневозможил автоматизираните системи, соопшти аеродромот Завентем во близина на Брисел.„Ова има големо влијание врз распоредот на летовите и, за жал, ќе предизвика доцнења и откажувања на летови“, стои во соопштението објавено на веб-страницата на операторот.„Давателот на услугата активно работи на проблемот и се обидува да го реши што е можно побрзо.“ Од „Хитроу“ предупредија и на доцнења предизвикани од „технички проблем“ кај надворешен добавувач.Патниците кои планирале летови во саботата беа советувани од погодените аеродроми да го проверат статусот на своето патување со авионската компанија пред да тргнат кон аеродромот.„Поради технички проблем кај давателот на услуги кој работи низ цела Европа, времето на чекање при пријавата е подолго. Работиме на брзо решение“, објави берлинскиот аеродром во банер на својата интернет-страница. Портпаролот потврди дека нападот не го погодил аеродромот во Франкфурт.

Свет | пред 6 месеци

policija-policaec-35-450x270-1

Семејна драма во Скопје завршила со физички напад и закани - мажот пријавил во полиција

МВР информира дека 73-годишен скопјанец пријавил семејно насилство во својот дом на подрачјето на општина Аеродром.Според пријавата, на 18 септември околу 19:30 часот, по претходна расправија, тој бил физички нападнат од својата сопруга Г.Г., која користела тврди предмети и му се заканувала со остар предмет.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

544851890_17962759382972292_358438863839032306_n

(Видео) Жителите на Аеродром со блокада: „Загадувањето е визуелно, но умирањето е реалност“

Протестите против загадувањето во скопската населба Аеродром продолжија и денеска, со блокада на крстосницата меѓу булеварите „Србија“ и АСНОМ, пред мостот „Киро Глигоров“. За разлика од претходните денови, денеска беше забележано зголемено присуство на граѓани, од кои многумина пристигнаа со велосипеди или со своите деца.Децата беа најбројни и најгласни, носејќи транспаренти кои самите ги изработиле. На дел од нив пишуваше: „1 од 9 деца умираат од загаден воздух“, „Дојди на блокади – аир (air) да видиш“... View this post on Instagram A post shared by Скопје1 / Skopje1.mk (@skopje1mk)Возрасните граѓани исто така носеа пораки насочени кон властите: „Изборите ви се угушија“, „Загадувањето е само визуелно? Умирањето е реалност!“.Протестот, кој трае неколку дена по ред, е реакција на жителите поради силното загадување што, според нив, доаѓа од депонијата „Дрисла“ и дивата депонија во Вардариште.Организаторите порачаа дека нема да сопрат додека не се најде трајно решение за проблемот и најавија нов марш и за утре во 18 часот.

Скопје | пред 6 месеци

Pozarnikari-DZS

Пожар на влезна врата од стан во Аеродром, нема повредени

Во раните утрински часови на улица „Владимир Комаров“ во Скопје бил запален влез на стан, при што огнот ја зафатил само вратата, а повредени лица нема.Денеска (09.09.2025) во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје. Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот.

Скопје | пред 6 месеци

2

Вечерва завршува AERO Street Food Festival !

По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ - Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival.Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција за сите генерации и потврди дека ваков настан одамна му недостасуваше на овој дел од Скопје.Денеска сите љубители на добрата храна и урбаната забава имаат уште една можност да бидат дел од овој единствен гастро спектакл. Програмата, празнично ќе кулминира со настапи на Southpark, Dj Foodieman, Dj Ficho и други активности што ќе го заокружат фестивалот на најдобар можен начин. Фестивалот се реалзиира со поддршка на Општина Аеродром.

Магазин | пред 6 месеци

skopski-aerodrom

Нови пет авиолинии од Скопје и Охрид - познати дестинациите каде може да се лета

Имаме три убави вести во однос на авиосообраќајот, а тоа е дека воведуваме уште пет нови авиолинии и тоа до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано, а до Скопје од Будимпешта и Наполи. Визер следната година ќе понуди 3,3 милиони седишта за Македонија што директен импакт ќе има врз туризмот и економијата, а ќе донесе шест нови авиони од типот Ербас А321. Дополнително ќе работиме да се вработат уште стотина македонски граѓани во авиокомпанијата, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.“ Тука сме да споделиме три убави вести. Првата е да објавиме пет нови авиолинии, три од охридскиот аеродром, две од скопскиот аеродром. До охридскиот аеродром ќе се лета од Катовице -Полска од 28 јуни следната година, Вроцлав исто така Полска од 28 јуни следната година, што е многу значајно за отворање на Полска како земја која е многу заинтересирана за туризам во Македонија, особено полските туристи се доста добродојдени во охридскиот регион и третата дестинација е Милано-Малпенса главниот аеродром која исто така ќе оперира од 28 јуни следната година. На тоа додаваме уште две нови линии кон скопскиот аеродром, Наполи-Италија со почеток од 6 април следната година и Будмишта -Унгарија од 6 април следната година. Ако на ова ги додадеме претходните пет линии кои ги објавивме пред месец дена, тоа е главниот аеродром Стокхолм и Мадрид кои почнуваат од 2 ноември, потоа Келн кој што почнува на 20 декември, Бари и Прага исто така на 20 декември и Ларнака која почнува на 30 октомври, тоа се вкупно 11 нови авиолинии за само месец и половина во соработка со нашите пријатели од Визер.Втората вест е дека Визер на скопскиот аеродром ќе донесе шест авиони кои ќе бидат постојано присутни на аеродромот, до сега беа четири, ќе оди и на 7-8 и што е многу значајно прават замена на старите Ербас А320 на нови Ербас А231, кои се најмодерните авиони во светот во моментов. Тоа се авиони кои најмалку загадуваат и прават помалку бучава и авиони кои се со 239 седишта што ќе значи околу 59 % зголемување на капацитетот од следната година. Визер од следната година ќе понуди 3, 3 милиони седишта за Македонија што може да замислите што ќе значи за туризмот и за економијата во Македонија. Третата добра вест е 200 Македонци работат во Визер и таа бројка планираме во следниот период да ја зголемуваме за најмалку уште 100” – истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.Извршниот директор на Визер, Јосеф Варади истакна дека во Македонија гледаат партнер и како пазарен лидер во регионот воведуваат бенефити за граѓаните. Потенцираше дека до крај на годината ќе воведат шест летала и пониски цени, како и 3,3 милиони седишта во следната година за Македонија што ќе значи развој на туризмот и економијата. Тој додаде дека очекува дополнително да се вработуваат македонски граѓани во компанијата.

Македонија | пред 6 месеци

aerodrom-zagaduvanje

Од денеска натаму, најавени се секојдневни протести во Аеродром

Секој ден од 18 часот ќе се одржува народен собир во Аеродром, пред мостот „Киро Глигоров“, а поради депонијата „Вардариште“ која гори измиантите денови. Граѓаните сметаат дека се врши екоцид со години и бараат да се стави крај на таквото делување.[caption id="attachment_347309" align="alignnone" width="696"] Screenshot[/caption]

Коментари | пред 6 месеци

deponija-vardariste

(Видео) Вардариште трети ден чади и труе – жителите на Аеродром и Гази Баба излегуваат на протест

Депонијата „Вардариште“, која викендов беше зафатена од голем пожар, и денеска продолжува да чади. И утрово граѓаните се гушеа во отровните испарувања од старата депонија, за што сведочат фотографии и снимки направени од жител на Аеродром, кој вели дека ваквата состојба трае веќе три дена. За денеска е најавен и протест.„На 03.09.2025 во 18 часот, на раскрсницата на булевар АСНОМ со булевар Србија! Дојдете да покажеме колку сме!“, напиша еден жител, во граѓанска група на „Фејсбук“.Иако повеќе децении граѓаните апелираат за изнаоѓање трајно решение за „Вардариште“, депонијата и натаму претставува извор на загадување. Последниот пожар ја стави под лупа на инспекцијата и полицијата, но и во фокусот на актуелните и кандидатите за градоначалници, кои вчера го посетија просторот со нова низа ветувања.Жителите на Ново Лисиче и Аеродром најавуваат дека секојдневно ќе излегуваат на улица со протести, сè додека не се најде итно и трајно решение за депонијата, која со години е симбол на негрижа и политички манипулации.

Скопје | пред 6 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Ноќеска хаос на скопскиот аеродром: Имало лажна дојава за бомба – летовите биле стопирани, сега функционира нормално

Министерството за внатрешни работи соопшти дека лажна била дојавата за поставена бомба на Меѓународниот аеродром Скопје.Денеска (16 август) во 02:41 часот на бројот 112 била добиена пријава дека во авион кој требало да полета за Турција е поставена експлозивна направа. Веднаш биле ангажирани единиците за антитероризам кои извршиле детални проверки, при што било утврдено дека станува збор за лажна дојава.Околу 06:00 часот, аеродромот ја продолжил својата работа со редовен режим на летање.Од МВР најавија дека се преземаат мерки за откривање на лицето што ја упатило дојавата.

Македонија | пред 7 месеци

rade-trajkovski-stekli-3

Штекли во судница: Рочиштето за познатиот случај за дрога во Аеродром прекина поради расправа за психичката состојба на главниот обвинет

Судскиот процес за случајот „Штекли“, поврзан со организирана трговија со дрога во скопската населба Аеродром, денеска доби нов пресврт – сето внимание се насочи кон психичката состојба на главниот обвинет Раде Трајковски, познат како Штекли.Судијата Илија Трпков соопшти дека одбраната приложила психијатриско вештачење според кое Раде Трајковски-Штекли страда од растројство со шизофрени карактеристики, халуцинации и параноидни идеи, и како таков – не е способен да ја следи постапката. Од друга страна, Обвинителството презентираше целосно спротивен извештај – во кој се наведува дека тој е апсихотичен и потполно способен за учество во судењето.Поради контрадикторните мислења, Судечкиот совет одлучи да ги соочи вештаците на следното рочиште, закажано за 3 септември. Дотогаш, останува отворено прашањето дали процесот ќе продолжи со Трајковски, дали ќе му се суди одвоено, или ќе се нарача ново, неутрално вештачење.Во истата постапка, четворица обвинети – меѓу кои и поранешниот директор на А репрезентацијата на Македонија, Данчо Масев – веќе признаа вина. Со тоа, нивниот случај беше раздвоен од главната постапка. Заедно со Масев, вина признаа и Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков.Обвинението опфаќа вкупно 10 лица и се темели на речиси годишна истрага спроведена од Обвинителството за гонење на организиран криминал. Клучна алатка во истрагата била американската донација „Cellebrite“ – софтвер за анализа на мобилни телефони.Според обвинителите, групата имала јасна хиерархија – од набавка и складирање, до улична дистрибуција на дрога, која се чувала по изнајмени станови. Кокаинот се продавал по 4.500 до 6.000 денари за грам, а марихуаната по 200 до 300 денари.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_4224

Три автомобили уништени во ноќен пожар на паркинг во Аеродром

Во раните утрински часови, околу 03:00 часот по полноќ, на паркинг на улицата „Бојмија“ во скопската општина Аеродром избувнал пожар во кој целосно изгореле три патнички возила.Според информациите од СВР Скопје, во 02:51 часот било пријавено дека се запалиле три автомобили: „Хјундаи“ со скопски регистарски таблички, во сопственост на 40-годишниот Г.С. од Скопје, „Киа“ со скопски таблички, сопственост на 36-годишниот М.П. од Скопје, и „Фолксваген Пасат“ со хрватски национални ознаки, сопственост на В.К. (44) од Скопје.На местото на настанот интервенирале полициски екипи и Противпожарната бригада.Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.фото: Архива/Скопје1

Скопје | пред 8 месеци

aerodrom-ohrid

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано.„'Европскиот аеродром' како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави - Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид - Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври.„Имаме интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет“, додава министерот.

Охрид | пред 10 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-27-8480PM

Започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар

„Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје - Ларнака Кипар!“, вели Александар Николоски, министер за транспорт и врски.Тој додава: „Ова е 11та нова линија за 10 месеци, а е резултат на политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Субвенциите и политиките на Владата за развој на авиолиниите даваат резултати. Продолжуваме да работиме на развојот на авиосообраќајот во Македонија“.

Македонија | пред 10 месеци

Screenshot-2025-04-15-at-19.12.44

(Видео) Тешка сообраќајка во Аеродром, возило превртено на кров, едно лице повредено

Тешка сообраќајка се случи во Аеродром, близу маркетот „Веро“, на булеварот „Јане Сандански“. Според првичните информации, се судриле два автомобили. Едниот, од силината на ударот, се превртен на кров, а возачот бил изваден од внатре. Засега е познато дека едно лице е повредено, но надвор од животна опасностЗасега, не е позната состојбата на возачите. На лице место може да се види дека е причинета голема материјална штета, а на булеварот се и лични предмети на сопственикот на превртениот автомобил.Повеќе детали се очекуваат од МВР.

Скопје | пред 11 месец

IMG-5bdba708ccbc998221b9d192cb5ba6ad-V

„Скопје директно го поврзуваме со Париз“, нова авионска линија Скопје-Париз (Орли)

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје - Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет.Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации.Согласно договорот, авиокомпанијата Изиџет оваа линија ќе ја оперира од денеска- 2 април па се до 31 декември 2027 година со однапред определен ред на летање.“Ова е уште една можност за подобра комуникaција и поврзување на Македoнија со европските земји и европските метрополи. Париз е атрактивна дестинација  за патување, но уште поважно е дека туристи ќе носиме во Македонија. Како Влада создаваме услови со кои привлековме нови авиокомпании во Македонија и резултатите веќе се видливи. Осум нови дестинации од аеродромот во Скопје и две од аеродромот во Охрид се воведени за многу краток период. Го променивме целосно моделот на субвенционирање и наместо за заминување, даваме финансиска подршка за патници во доаѓање затоа што целта е што повеќе луѓе да доаѓаат во Македонија а тоа значи дека ќе користат и други услуги во земјава и ова е стартегија која ја применуваме од самиот почеток и која ни дава конкретни резултати. Веќе преговараме со други авиокомпании и мислам дека сме на добар пат да постигнеме договор за нови дестинации, истакна вицепремиерот Николоски.Линијата Скопје-Париз е дел од договорот за финансиска подршка за воведување на нови авиолинии што го реализира Министерството за транспорт преку јавен повик за субвенционирање.Од Скопје, освен Париз, се воведуваат и линиите кон Дубаи, Штутгарт, Лион, Барселона, Женева и Амстердам, а од Охрид кон Истанбул и Басел.Согласно Програма за финансиска подршка 2025-2027 година донесена од страна на Владата, предвидени се 360 милиони денари за субвенции за воведување на нови авиолинии.Оваа Програма има за цел да да го унапреди авиосообраќајот, да се обезбедат нови дестинации преку поволни услови за патување за граѓаните како и развој на цивилното воздухопловство.

Македонија | пред 11 месец

skopje-zagadeno-zgradi

Во Аеродром проверени над 100 угостителски објекти, ќе се проверуваат и зградите дали имаат хидрантска мрежа

Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршија контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.„Во тек е обработка на податоците што се собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење на угостителска дејност. Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите.Инаку, в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во вторникот, на 18 март, испрати барање до сите основни училишта и детски градинки, при што во најкус можен рок треба да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гаснење пожар. Исто така, потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација. Општина Аеродром прави сѐ што е во нејзина надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица. 22.3.2025 година Општина Аеродром“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 1 година

skopski-aerodrom

Нова линија Амстердам-Скопје

"Политиките што ги спроведуваме во авиосообраќајот даваат конкретни резултати. После 12 години успеавме повторно да ја вратиме линијата Скопје-Амстердам“, објави министерот за транспорт, Александар Николоски и додава:„Авиокомпанијата Трансавиа ќе лета двапати во неделата и тоа во четврток и во недела на релација Амстердам-Скопје-Амстердам.Ова е нова можност граѓаните да ги искористат бенефитите од воведувањето на нови дестинции низ Европа и светот.За многу кратко време успеавме да овозможиме нови десетина дестинации од двата домашни аеродроми со што даваме силен поттик и развој на воздушниот сообраќај, поконкурентни услови за патување и нови дестинации за граѓаните ”- напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

aerodrom

„Туркиш ерлајнс“ ќе лета четири пати неделно од Охрид почнувајќи од крајот на март, а може да има и нови линии, најави Николоски

Може да се очекуваат нови авио линии од охридскиот аеродром, посочи министерот за транспорт и врски, Александар Николоски. Според него, голема вест е што „Туркиш ерлајнс“ ќе почне четири пати неделно да лета за Охрид.„Тоа ќе значи не само голем број патници, туку охридскиот аеродром да биде на листата на светски дестинации. До изборот на оваа Влада и воведувањето на оваа линија која ќе почне на 27 март, охридскиот аеродром немаше статус на меѓународен аеродром што го ограничуваше бројот на летови кои можеа да додаваат“, рече Николоски.Тој посочи дека во лето се очекуваат повеќе летови, но и повеќе летови во текот на цела сезона.

Охрид | пред 1 година

skopje-vozduh-3

Се откажуваат летови, се враќаат авиони - маглата прави проблем на скопскиот аеродром

Поарди густа магла се откажаа летови аеродромот во Скопје.После 16 часот, не успеаја да слетаат авионите на „Сан експрес“ од Анталија, како и на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Летот од Меминген беше пренасочен кон Приштина, додека авионот од Баден Баден слета во Софија. Исто така, авионот на „Лот“ од Варшава не успеа да слета и се врати назад во Полска.Досега се откажани и летовите за Малме и Истанбул.Видливоста е 200 метри.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-38-7940PM

Уште 6 нови авиолинии ќе имаме до крај на годината

Можам да најавам дека до крај на годината уште најмалку шест нови авио линии ќе имаме од скопскиот и охридскиот аеродром. Веќе донесовме 4 од Скопје и 2 од Охрид, овие нови шест дополниелно ќе ги објaвиме до крај на годината, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата Само Интервју“Ќе имаме нови дестинaции. До крај на годината уште нови 6 линии ќе објавиме кои ќе оперираат од скопскиот и охридскиот аеродром. Видете, кога дојдов на позицијата министер увидов дека бројот на патници се намалуваше а аеродормите во регионот ја зголемуваа конкуренцијата. Морам да кажам дека по кракатер имам натрпреварувачки дух и тоа беше голем мотив да ги сменам работите и еве сега се менуваат работите. Ќе имаме нови дестаинации и нека повелат колегите од Бугарија, Албанија, Србија да се натпреваруваме, мислам дека јас ќе донесам најмногу авиолинии”- истакна вицепремиерот и министер Николоски.

Македонија | пред 1 година

30F1B845-E118-4E96-8B3F-371E1FF3E9E3

Гореше стан во Аеродром: избил во кујната

На 06.12.2024 околу 11.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, настанал пожар во кујна од стан, сопственост на Б.Б.(39) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот е изгаснат и повредени лица нема.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

img-361964

Ќе може да се лета од Скопје до Париз, од следната година

Од напролет со лет Скопје-Париз на македонскиот пазар се враќа нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“.Компанијата минатиот месец ги прекина летовите од Скопје до Женева, а засега се враќа само со една линија од аеродромот „Скопје“ до францускиот „Орли“, кој се наоѓа на 20 километри од Париз, објави францускиот весник „Ле Фигаро“.На линијата од Скопје до Париз лета и нискобуџетниот „Визер“, до аеродромот „Буве“, кој е оддалечен 90 километри од центарот на главниот град на Франција.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања