Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Штекли во судница: Рочиштето за познатиот случај за дрога во Аеродром прекина поради расправа за психичката состојба на главниот обвинет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
rade-trajkovski-stekli-3

Судскиот процес за случајот „Штекли“, поврзан со организирана трговија со дрога во скопската населба Аеродром, денеска доби нов пресврт – сето внимание се насочи кон психичката состојба на главниот обвинет Раде Трајковски, познат како Штекли.

Судијата Илија Трпков соопшти дека одбраната приложила психијатриско вештачење според кое Раде Трајковски-Штекли страда од растројство со шизофрени карактеристики, халуцинации и параноидни идеи, и како таков – не е способен да ја следи постапката. Од друга страна, Обвинителството презентираше целосно спротивен извештај – во кој се наведува дека тој е апсихотичен и потполно способен за учество во судењето.

— реклама —

Поради контрадикторните мислења, Судечкиот совет одлучи да ги соочи вештаците на следното рочиште, закажано за 3 септември. Дотогаш, останува отворено прашањето дали процесот ќе продолжи со Трајковски, дали ќе му се суди одвоено, или ќе се нарача ново, неутрално вештачење.

Во истата постапка, четворица обвинети – меѓу кои и поранешниот директор на А репрезентацијата на Македонија, Данчо Масев – веќе признаа вина. Со тоа, нивниот случај беше раздвоен од главната постапка. Заедно со Масев, вина признаа и Димитар Трајков, Владимир Веселиновски и Бранислав Зајков.

— реклама —

Обвинението опфаќа вкупно 10 лица и се темели на речиси годишна истрага спроведена од Обвинителството за гонење на организиран криминал. Клучна алатка во истрагата била американската донација „Cellebrite“ – софтвер за анализа на мобилни телефони.

Според обвинителите, групата имала јасна хиерархија – од набавка и складирање, до улична дистрибуција на дрога, која се чувала по изнајмени станови. Кокаинот се продавал по 4.500 до 6.000 денари за грам, а марихуаната по 200 до 300 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarye4sqjhohae8e2vvzffD

(Фото) Непрописно паркирање блокира сообраќај во Аеродром, жителите алармираат дека ова е ризик и за децата

Скопје | пред 23 часа

— реклама —
media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Свет | пред 1 седмица

media-librarygo06d592e1a2dVFVvR4

Аеродром добива нова урбана оаза за рекреација и дружење

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc5t3pc64o1g2bUk3oSV

Oпштина Aеродром со 138 милиони денари инвестиција за реконструкција на 5.4 километри улици

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања