Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

АХВ

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

АХВ со апел: Строга хигиена и внимателност со храната и водата во поплавените подрачја

Поради покачените водостои на реките по неколкудневните врнежи од дожд и опасноста од нивно излевање, но и заради излевањето на реките во неколку региони во земјава, со цел навремено преземање превентивни активности за намалување на ризиците од појава на заразни болести кои се пренесуваат преку храната или водата за пиење и за заштита на животните, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до населението да води сметка за безбеднсота на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните.„Преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. Ако во регионите каде веќе има излевање на реките и поплавување на домовите и земјоделските површини и водоснабдувањето се врши од индивидуални водоводни објекти, ако има видливо заматување на водата, истата да не се користи за пиење и за готвење, сè до санирање на состојбата и до добивање на лабораториска потврда дека водата е безбедна. Редовно да се одржува хигиената на рацете, пред сè по контактот со водата од поплавата или со предметите кои биле поплавени, по чистењето и пред подготовка на храна. Да се внимава и се заштити готовата храна за да не дојде во контакт со водата од поплавата или со отпадните води“, се наведува во препораките на АХВ.Во домаќинствата кои се поплавени, храната која била во контакт со водата од поплавата, во поплавени фрижидери, замрзнувачи или подруми, да не се користи за исхрана, односно, се препорачува ваквата храна да се фрли.„Храната да се подготвува со безбедна вода и задолжително термички да се обработи на температура повисока од 70 степени Целзиусови. Овошјето и зеленчукот кое обично се користи свежо, дополнително да се измие, да се исчисти, повторно да се измие и термички да се обработи. Доколку во домаќинствата кои се поплавени има мали деца, се препорачува тие да се хранат со индустриски подготвена храна. Без разлика дали се работи за домашен миленик или за домашни животни, сопствениците и одгледувачите имаат должност да бидат подготвени и во случај на поплавување да водат сметка за заштитата и благосостојбата на животните“, стои во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryort2c1tf3b8u0b7KRft

Куче држано две години во мал бокс, без вода, само на сув леб и во неисчистен смет – АХВ и „Лајка“ го одзедоа од сопственикот во критична состојба

По поднесена пријава од страна на здружение за заштита на животни, утрово Агенцијата за храна и ветеринарство, во координација и соработка со тимот на ЈП „Лајка", спроведе инспекциска контрола на лице место и пристапи кон итно одземање на куче држано во крајно нехумани и незаконски услови.Согласно сведоштвата на соседите и поднесените докази, повеќе од две години кучето било чувано затворено во мал бокс, без пристап до питка вода, со нерасчистен измет и хрането исклучиво со сув леб. Поради ваквите услови, животното е најдено во тешка и загрижувачка состојба - екстремно изгладнето, занемарено и деформирано до степен да едвај стои на нозе.Инспекциската служба констатираше сериозни нарушувања на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните, по што беше донесена одлука за итно одземање на животното и негово префрлање на понатамошна ветеринарна и хуманитарна грижа под надзор на ЈП „Лајка".На Агенцијата за храна и ветеринарство им упатуваме благодарност за нивната професионалност, навремена реакција и одлучност во заштита на животните од насилство и занемарување.Овој случај силно нè потсетува дека:Држењето животно во нехумани услови е кривично и прекршочно дело, а не „начин на чување".Сопствениците имаат законска и морална обврска да обезбедат соодветна грижа, храна, вода, простор и здравствена заштита.Занемарувањето е исто толку сериозен облик на насилство колку и физичкото малтретирање.Пријавувањето од страна на граѓаните е клучно за спречување на долготрајна злоупотреба и страдање.Ги охрабруваме граѓаните и понатаму активно да пријавува случаи на злоупотреба и занемарување, со цел обезбедување на навремена и ефективна заштита на животните.

Скопје | пред 4 месеци

skolo-4

АХВ затвори 15 локали до училиштата, учениците купувале небезбедна храна

Во засилената инспекциска акција што Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја спроведе во последните десетина дена, затворени се 15 продажни места кои продавале храна со нарушена безбедност, претежно на ученици. Во истиот период биле извршени 445 контроли.Инспекторите заплениле и уништиле 696 килограми производи со сомнително потекло и квалитет, кои биле оценети како небезбедни за употреба.Според АХВ, контролите биле насочени кон дуќани, пекари, мини-маркети и други оператори со храна што се наоѓаат во близината на основни и средни училишта, бидејќи токму овие објекти се најчеста дестинација за учениците.Проверените состојби покажале сериозни неправилности: кај 19 оператори била пронајдена небезбедна храна во продажба, 30 работеле во несоодветни хигиенски услови, а дури 26 воопшто не биле регистрирани во АХВ.Дополнително, 16 оператори немале воспоставено процедури за добра хигиенска и производствена практика, а 32 не ги подложиле вработените на задолжителни здравствено–санирани прегледи. Тројца субјекти не спровеле дезинфекција, дезинсекција и дератизација, седум работеле без исполнети технички услови, а кај уште седум била пронајдена неправилно означена храна.За прекршувањата биле изречени парични казни за 77 оператори, во вкупен износ од 36.470 евра, а издадени биле 103 решенија со задолженија за корекција на состојбите и 23 опомени.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6m18ccn6rfco5GQOeD9

Казни за десетици оператори со небезбедна храна во близина на училишта

Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 445 инспекциски контроли во последните десетина дена и изрече 15 забрани за вршење на дејност на оператори со храна. 696 килограми небезбедна храна од непознати добавувачи беа запленети и уништени.Контролите биле насочени особено кон објектите во непосредна близина на основни и средни училишта, од каде учениците најчесто купуваат храна.Инспекциските проверки откриле дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдиле незадоволителни хигиенски услови, а од вкупно контролираните, 26 оператори не биле регистрирани во АХВ.„16 оператри немале имплементирано процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна“, стои во соопштението на АХВ.За утврдените неправилности, АХВ изрече парични казни за 77 оператори во вкупна вредност од 36.470 евра. Издадени се 103 решенија за отстранување на недоследностите и 23 опомени.

Македонија | пред 4 месеци

kucinja-kuce

Градоначалник парично казнет за неовластено заловување и дислокација на бездомни кучиња

Тања Оловолска Ристевска, која често објавува содржини поврзани со третманот на бездомните животни, информираше преку својот Фејсбук-профил дека Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изрекла парична казна за градоначалник поради неовластено заповедање и дислокација на бездомни кучиња.Според нејзината објава, инспекциските служби реагирале по појавувањето на видео и фотографии на социјалните мрежи, кои предизвикале бројни реакции кај граѓаните. АХВ спровела вонреден инспекциски надзор, при што било утврдено дека заловувањето и преместувањето на кучињата се извршувале спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, без одобрување на Агенцијата и од страна на неквалификувани лица.За сторениот прекршок изречена е мерка забрана за вршење активности кои не се одобрени од АХВ.Ристевска пренесува дека, по поднесена иницијатива од граѓани, минатата недела бил направен и вонреден надзор во објект за сместување и чување кучиња во приватна сопственост. Инспекторите утврдиле неправилности спротивно на Законот за заштита и благосостојба на животните, по што е изречена парична казна за одговорно лице, како и посебна инспекциска мерка — одземање животни.Агенцијата за храна и ветеринарство најавува дека ќе продолжи со инспекциските активности и контролите поврзани со третманот на бездомните животни.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarynk24rjile12t5kTyblK

АХВ заплени и уништи 37 тони храна со истечен рок

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) неделава спроведоа вонредна контрола кај оператор со храна, при што беа запленети и уништени околу 37 тони храна и тоа јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини. Производите биле без декларации и со истечен рок на употреба од една до две години.За утврдените прекршоци, операторот доби времена забрана за работа, парична казна и наредба за отстранување на сите утврдени недоследности.Покрај тоа, АХВ спроведе вонредни контроли и кај други оператори со храна, како месарници, ресторани, сендвичарници и маркети. При проверките беа утврдени различни недоследности, како што се: нерегистрирани оператори со храна, непроведени задолжителни обуки за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично. За овие прекршоци, одговорните лица и операторите добија парични казни и времени забрани за работа.„Сите затекнати недостатоци мора да бидат отстранети, а небезбедната храна е нештетно уништена”, соопшти АХВ.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarytq9r1brts74h697dUC3

Повеќе од тон и пол ореви и кикирики без потекло ќе бидат уништени, АХВ заплени небезбедна храна во Чучер-Сандево

По добиена пријава, со интервенција од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор на возило во кое се превезувало храна со непознато потекло, на подрачјето во општина Чучер-Сандево.При извршениот надзор пронајдени се 1.060 килограми кршени ореви и 581 килограми кикирики во зачинета обвивка, во рефус состојба, без идентификација и без потребни информации за потрошувачите. Во рамки на истата пратка со надзорот најдени се и 900 килограми индиски ореви, со декларација, извести АХВ.Бидејќи производите биле без соодветна документација за потекло и квалитет, согласно Законот за безбедност на храна, затекнатите количини се прогласени за небезбедни и истите ќе бидат нештетно уништени. Против лицето затекнато при контролата, поведена е прекршочна постапка за пуштање во промет на небезбедна храна, односно, заради пуштање во промет на храна од страна на нерегистриран оператор и немање на потребни информации за потрошувачите.На сторителот изречена му е глоба од 600 евра во денарска противвредност“, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство и додаваат дека ќе продолжат со спроведување засилени контроли на терен, со цел спречување на пласман на небезбедна храна и заштита на здравјето на потрошувачите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryaerafspo16035KL9Pb8

Незаконски дневници и потпишани решенија: Кривична пријава за поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), неговиот заменик и неколку вработени, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и проневера на буџетски средства.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против лицето З.А., поранешен директор на АХВ, е поднесена пријава за „проневера во службата“ по член 354 став 1 од Кривичниот законик.За истото кривично дело, во форма на помагање, се пријавени и Ф.М., поранешен заменик директор, како и Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во институцијата.Истражните органи утврдиле дека во периодот од 2017 до 2020 година, поранешниот директор З.А. во повеќе наврати противправно прибавувал парични средства доделени за службени патувања во странство.Наместо дозволените 20% дневници, согласно важечката уредба за службени трошоци, тој примал по 50% дневници, иако трошоците за сместување и исхрана не паѓале на товар на институцијата.Според пријавата, заменик-директорот Ф.М. со потпишување на решенијата за службени патувања му овозможил на директорот незаконски да ги наплати повисоките износи, додека Л.А., А.Р. и Е.Т. подготвувале службени решенија спротивно на уредбата.Потоа, А.Б. и А.Б. ги одобрувале исплатите иако, според МВР, знаеле дека документите не се законски изготвени.На овој начин, З.А. се стекнал со противправна имотна корист во вкупен износ од 62.530 денари, на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека предметот е доставен до надлежното обвинителство за понатамошна постапка, а истрагата ќе продолжи за да се утврди целосната одговорност на сите инволвирани лица.

Македонија | пред 5 месеци

media-library9bn8e5675st74xxHRP0

Небезбедна храна и валкани кујни во неколку градинки и училишта, што открија инспекторите на АХВ

Дваесет и четири килограми небезбедна храна од три детски градинки биле уништени, откако инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство констатирале дека таа не била соодветно чувана. Директорите се казнети парично, а освен во градинките, поради погрешно декларирање, уништени се и други 59 килограми храна во едно училиште.„Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територија на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта. За утврдени недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните“, се наведува во соопштението од АХВ.Оттаму информираат дека парични казни изречени се за три градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.„Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна. Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекоа 1 парична казна и донесоа 5 решенија за нивно отстранување“, се додава во соопштението.

Македонија | пред 5 месеци

administracija

Шест години земал плата без да оди на работа – оштетен државниот буџет за 1,6 милиони денари преку АХВ

СВР Куманово поднесе кривична пријава против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.Според информациите, при контрола во Подрачната единица Куманово на 30 мај 2024 година било утврдено дека еден од пријавените, Р.Е. (51) од с. Слупчане, на работно место помлад референт-архивар, во период од речиси шест години, од декември 2018 до април 2024, воопшто не доаѓал на работа, а редовно примал плата и придонеси од буџетски средства.Второпријавениот З.А. (59) од Скопје, кој бил вршител на должноста директор на Агенцијата до декември 2020, и неговиот наследник Н.Б. (61) од Битола, директор до јули 2024, свесно дозволиле исплатата да продолжи, иако Р.Е. не ги извршувал работните обврски.Меѓу пријавените се и А.Б. (59) од Скопје, раководител на Одделение за финансиски прашања, кој без проверка потпишувал финансиски извештаи и одобрил исплата на плати и придонеси, како и С.К. (58) од Штип, раководител на друго одделение во Агенцијата, кој не презел мерки да ја спречи незаконитата состојба.Со ваквите дејствија, на првопријавениот му биле исплатени 1.159.081 денар, а државниот буџет е оштетен за вкупно 1.682.759 денари, соопштија од МВР.

Македонија | пред 6 месеци

lami

Ламите во ЗОО Скопје починале од туберкулоза

Парична казна за Зоолошката градина во Скопје поради непријавена зараза кај животниПо објавите во медиумите за угинати лами во скопската Зоолошка градина, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонредна инспекциска контрола, при што утврди низа пропусти од страна на установата.Зоолошката градина е санкционирана со парична казна во вкупен износ од 650 евра – од кои 500 евра се наменети за правното лице, а 150 евра за одговорното лице во рамки на институцијата. Причина за казната е тоа што не бил пријавен сомнеж за појава на заразна болест кај животните, иако за тоа постои законска обврска.Како дополнителна мерка, од Зоолошката е побарано да ги дислоцира двете преостанати лами, кои биле затекнати при контролата, на локација без контакт со луѓе и со обезбедени услови за нивна благосостојба.„Дополнително, наредено и е да изврши дислоцирање и ставање во изолација на две лами кои биле затекнати на одгледувалиштето при надзорот и тоа на место во кое животните ќе немаат контакт со луѓе и ќе биде запазена нивната благосостојба. За две од угинатите животни лабораториски потврдено е дека угинале од заразна болест туберкулоза (зооноза) која може да се пренесе и е опасна и за луѓето. За третото угинато животно по извршениот патолошки преглед се чека и лабораториска потврда на истата болест“ – информираа од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Скопје | пред 8 месеци

lana

АХВ го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“, кој беше отворен пред две години

По повеќе добиени претставки и реакции од граѓани на социјалните мрежи за несоодветни услови во прифатилиштето и нехуман третман на животните, стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во стационар - прифатилиште за бездомни кучиња „Лана“ во Струмица.„Утврдени се низа неправилности во работењето на прифатилиштето во однос на условите и процедурите за сместување и грижа за кучињата, согласно одредбите од Закон за заштита и благосостојба на животните. Неусогласености со надзорот утврдени се и во поглед на инфраструктурните услови на прифатилиштето, начинот и содржината на податоците за водење писмена и електронска евиденција. Во работењето на се почитувале пропишаните процедури согласно законските и подзаконските акти, начинот на спроведување на тестот за социјализација, како и известувања и комуникација со јавноста во однос на вдомување на бездомни кучиња. Поради утврдените недоследности од страна на инспекциските служби, издадена е времена забрана за заловување, вршење интервенции и третман на бездомни кучиња, се до исполнување на условите согласно Законот за заштита и благосостојба на животни“, велат од АХВ.Инаку стационарот беше отворен во февруари 2023 година. Во употреба го пушти градоначалникот Костадин Костадинов.„Со пуштањето во употреба на Стационарот „Лана“ практично почнуваме со решавање на еден од најголемите проблеми на струмичани, а тоа се бездомните кучиња скитници за кои имавме многу несакани ситуации, каснување на луѓе и во неколку случаи на деца. Додека во државата одредени општини декларативно се занимаваат со овој проблем, ние суштински и системски го решаваме и од денес општина Струмица е единствената општина во државата со свој сопствен стационар за бездомни кучиња“, рече тогаш Костадинов.

Македонија | пред 10 месеци

meso999

Агенцијата за храна направи 617 вонредни контроли пред Велигден, најдени 1 740 килограми небезбедна храна

Шестотини и седумнаесет вонредни контроли спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пред велигденските празници.„Кај 16 оператори со контролите утврдено е дека незадоволителни биле хигиенските барања за безбеднoст на храната и техничките услови во објектите. 4 од операторите не ги спровеле задолжителните здравствени прегледни на вработените или поседувале санитарни книшки со истечен рок на важност.Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум, биле пронајдени несоодветно означени производи.За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност.Нештетно се уништени 1 740 килограми небезбедна храна“, велат од АХВ.

Македонија | пред 11 месец

ahv

И болничките кујни под лупа на инспекторите на АХВ, истовремено 110 килограми небезбедна храна е уништена најдена при 43 контроли

Сто и десет килограми небезбедна храна, минатата недела уништија инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во кујни во болничките установи во земјава, во рамки на спроведените 43 вонредни инспекциски надзори. Цел на вонредните контроли во кујните беше контрола дали кујните се регистрирани како оператори со храна, дали и колку ги исполнуваат општите и посебните барања за хигиена, барањата за безбеднсот кои се однесуваат на вработените лица во кујните, примената на правилата за Добра хигиенска пракса и Добра производствена пракса и НАССР процедурите, следливоста, потеклото на суровини, манипулацијата со храна и исполнувањето на микробиолошките критериуми на храната. Со контролите утврдено е дека 5 кујни ја немале исполнето законската обврска за регистрација како оператори со храна во АХВ, 4 не ги задоволувале техничките барања за безбедност, односно утврдени се оштетувања на просториите каде се подготвува храна. 8 од кујните не ги задоволувале барањата за Добра хигиенска и Добра производствена пракса како барања за безбедност на храната. За утврдените недоследности – нехигиена, наталожени маснотии во кујната, неводење на записи, несоодветно одржување на опремата, оштетени ѕидни и подни површини, немање сопствен план за анализа на храна, незавршен курс по хигиена на храна од страна на вработените лица, односно непоседување на сертификати за оваа законска обврска, утврдени нерегистрирани оператори со храна и друго, донесени се 15 решенија со наредби за отстранување на констатираните недоследности и изречени се 5 парични казни.

Македонија | пред 1 година

popova-shapka

АХВ спроведе вонредни контроли во зимските туристички центри

По засилените вонредни контроли кои инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведоа кај операторите со храна пред новогодишните и божиќните празници, контролите во угостителските објекти, домовите за стари лица и кујните во градинските и училиштата, во новата година, покрај со редовните, продолжува циклусот на спроведување и на засилени, вонредни контроли.Во петокот, на 24.01.2025 година, како атрактивни граѓаните во овој период од годината, АХВ спроведе вонредни контроли во угостителските објекти и објектите за малопродажба во зимските туристички центри. Контролирани беа вкупно 18 оператори со храна во скијачките рекреативни центри Попова Шапка, Маврово, Пониква, Крушево, Пелистер и во Михајлово.Инспекциските служби на Агенцијата утврдија недоследност во работењето само кај еден оператор, односно истиот не бил регистриран во АХВ како оператор со храна. За констатираната недоследност изречена е парична казна и даден е налог за итна регистрацијаКај другите контролирани оператори со храна, не се утврдени отстапувања од законските прописи за безбедноста на храната.

Македонија | пред 1 година

meso-mesarnici

14 казни: под лупа на инспекторите и месарниците во земјава

Приближно 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло, нештетно уништија официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведените 191 вонредни инспекциски надзори во изминативе две недели, во месарници, месарници со работилници и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло.За ставање во промет на брзо замрзната храна која не е означена, незадоволување на хигиенските барања, односно неимплементирани процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, нецелосна декларација на производите, продажба на производи кои не се одобрени, неспроведени задолжителни здравствени прегледи за вработените, неподнесена пријава до АХВ за престанок на работа на објектот,официјалните ветеринари издадоа 29 решенија за отстранување на утврдените недоследности.Изречени се опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети.

Македонија | пред 1 година

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

АХВ ги контролира пакетчињата: во две најдени производи со изминат рок на траење

Инспектори од Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела спроведоа вонредни надзори во магацини за пакување на новогодишни пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со новогодишни пакетчиња. Во рамки на спроведените 62 контроли, утврдено е несоодветно означување на пакетчиња кај 4 оператори.Кај 3 вида на пакетчиња, констатирано е дека на збирното пакување нема наведено рок на траење, односно датум на минимална трајност на производите кои ги содржи новогодишното пакетче, поради што наредено е повлекување на истите од промет.Извршен е преглед на содржината на 62 новогодишни пакетчиња. Кај 2 пакетчиња најдени се производи со изминат рок, како и со краток рок на траење до 12.2024 година. Констатирани се и органолептички промени на производите во збирните пакувања кои се со уреден рок на траење.На операторите кај кои се утврдени неусогласености, наредено им е повлекување на пакетчињата од промет и нивно уништување. За констатираните неправилности, издадени се решенија за отстранување на неусогласеностите, а изречени се и соодветни прекршочни пријави.

Македонија | пред 1 година

market

Се засилуваат инспекциските контроли пред новогодишните празници, пакетчињата за деца под посебен мониторинг

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата, акцент со контролите ставен ќе се стави на новогодишните пакетчиња и нивната безбедност.„Како одговорна институција за безбедноста на храната, заштита на здравјето на граѓаните и нивните права како потрошувачи, АХВ апелира до операторите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, особено со новогодишните пакетчиња, во збирното пакување подметнувајќи и небезбедни производи, најчесто со поминат рок на употреба. За ваквите недоследности, граѓаните веќе алармираат до Агенцијата.Со засилените контроли кај операторите со храна ќе се утврдува исполнетоста на општите и посебните услови за безбедност на храната, акцент ќе се стави на означувањето, особено на трајноста на производите и заштита на потрошувачите од измама“, велат од Агенцијата.Од АХВ апелираат и до граѓаните да бидат одговорни потрошувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство.Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски, на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Македонија | пред 1 година

market-4

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Сто деведесет и два (192) вонредни надзори во малопродажни објекти - мини маркети и продавници за храна, спроведоа минатата недела инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство ( АХВ). Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите.Со контролите утврдено е дека 12 од нив воопшто не биле регистрирани во Агенцијата како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, кај исто толкав број оператори, не задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната.За утврдените недостатоци, издадени се вкупно 30 решенија со наредени мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.Уништени се триесеттина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт.

Македонија | пред 1 година

ohrid

Инспекторите уништија 366 килограми небезбедно месо во кафеана во Охрид

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), при спроведен редовен надзор на осумнаесетти овој месец во Охрид, од угостителски објект запленија и нештетно уништија небезбедна храна (месо и преработки од месо) во вкупна количина од 366 килограми.Со контролата, покрај затекнатата небезбедна храна, утврдени се и недоследности во однос на хигиената кај овој оператор со храна. За пуштање во промет на небезбедна храна, на операторот изречена му е парична казна од 1000 евра во денарска противвредност и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. И по однос на утврдените недоследности во поглед на хигиената, дополнително изречена му е истата висина на парична казна, извести АХВ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-133444

Спречен нелегален транспорт на телиња

Од страна на граничната полиција на Република Северна Македонија на влез на градот Дебар при редовна контрола на товарно патничко возило со скопски регистарски ознаки утврдено е дека се врши нелегален превоз/транспорт на животни без соодветни документи за движење на животните (искористени сертификати за движење на животните од истото одгледувалиште), со валидни пасоши за животните, извести Агенцијата за храна и ветеринарство.При извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на официјален ветеринар од подрачна единица на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) од Дебар, констатирано е дека се работи за превоз на 17 говеда (телиња) на старост од 8 до 10 месеци, со потекло од одгледувалишта во село Витолиште, општина Прилеп.Од страна на официјалниот ветеринар животните се одземени и предадени се на понатамошно постапување од страна на Агенцијата за одземен имот. Во текот на денешниот ден од страна на официјален ветеринар ќе биде постапено согласно надлежностите од Законот за ветеринарно здравство и Законот за идентификација и регистрација на животните. Агенцијата за храна и ветеринарство продолжува со бескомпромисната борба против корупцијата и справување со сите незаконски дејствија од минатото, велат од АХВ.

Македонија | пред 1 година

meso

АХВ уништи педесетина килограми небезбедна храна во Крива Паланка, прекршочни платни налози за маркет и гостилница

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера спроведоа вонредни контроли на операторите со храна во Крива Паланка. Нештетно се уништени педесетина килограми небезбедна храна.За утврдени недоследности пуштање во промет на небезбедна и недекларирана храна (подготовки од месо) на маркет од овој град издадено му е решение и прекршочен платен налог, а како небезбедни уништени се 15, 6 килограми од посочените производи.За пласирање на небезбедни производи кои не биле декларирани, решение и прекршочен платен налог издадени се и на гостилница. Таа продавала недекларирани димени производи, замрзнати колбаси и плуподготвена замрзната храна. Како небезбедни, по потекло од овој оператор со храна, нештетно се уништени 30 килограми храна од животинско потекло.Парична казна изречена и е и на гостилница кај која со контролата е утврдено дека не поседувала санитарни книшки за извршени задолжителни здравствени прегледи на вработените.Недоследности не се утврдени при спроведени инспекциски контроли кај пицерија и две месарници во овој град.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-08-111632

Апел од АХВ до граѓаните: Да не известат ако пронајдат угината птица од водните видови

Во врска со болеста птичји грип (авијарна инфлуенца), која неодамна беше потврдена кај две угинати диви птици во Скопје, во два изолирани случаи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите.Болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, во вакви случаи ,не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.Болеста се шири преку директен контакт со заразени птици или секрети од истите, особено фекалии. Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека задолжително е пријавувањето на промени во здравствената состојба и зголемена смртност на живината, до надлежен официјален ветеринар или ветеринарно друштво, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето. АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-31-at-14.22.59

Уште еден случај на птичји грип во Скопје

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) утврдила нов случај на присуство на вирусот Х5Н1 (птичји грип) кај угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс „Свети Јован“ во скопско Злокуќани. Како што информираа од АХВ, било направено и лабораториско тестирање на две живи птици (лебеди) кои биле негативни на вирусот, а се преземаат мерки за заловување на другите птици во комплексот кај кои ќе се врши лабораториско тестирање.„АХВ донесе решение за прогласување на болеста и нареди спроведување на заштитни и контролни мерки, со цел спречување на ширење и сузбивање на оваа зооноза – убивање и нештетно отстранување на затекнати диви птици на локацијата, освен птиците кои се чуваат во затворен простор и од кои се земаат мостри за лабораториско тестирање за утврдување на присуство на птичји грип. Наредено е спроведување на дезинфекција на одгледувалиштето, забрането е движење на живина и други птици во и од одгледувалиштето без одобрение на официјален ветеринар“, се наведува во соопштението на АХВ.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-25-142940

Вонредна инспекциска контрола на скопскиот пазар за стари работи, запленета околу сто килограми небезбедна храна

Околу 100 килограми небезбедна храна запленија и уништија утрово инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во рамки на спроведениот вонреден инспекциски надзор на пазарот за стари работи познат како бувљак, во скопската населба Маџари.Запленета и нештетно уништена е небезбедна храна (чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви со месен нарезок, кроасани и други производи ) се продавала од физичко лице во несоодветни услови (на отворено), со поминат рок на употреба и без познато потекло, за што е изречена парична казна.Апелираме до граѓаните да бидат свесни и одговорни потрошувачи и храна да купуваат исклучиво од одобрени/регистрирани оператори од АХВ кои се под надзор на инспекциските служби на Агенцијата, бидејќи производите кои се продаваат на диво, од нерегистрирани оператори, најчесто од физички лица може да бидат небезбедни.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања