Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

БУЏЕТ

media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

УЈП се пофали со рекордна наплата во 2025, во буџетот се собрани над 4,4 милијарди евра

Управата за јавни приходи информира дека во 2025 година во државниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси. Ова според УЈП е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година.„Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30 проценти. Во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст над 10 проценти, а висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност. Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5 проценти”, соопштуваат од УЈП.Овие резултати, според УЈП се должат на засилената навремена наплата на обврските со заедничка одговорност на даночните обврзници, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarytkqbbirujnchfayd7Zz

Општина Кисела Вода го донесе Буџетот за 2026 година, вреден 1.578.271.060 денари

Со 17 гласа „за“ и 7 „против“, Советот на Општина Кисела Вода го усвои Буџетот за 2026 година, во вкупен износ од 1.578.271.060 денари. Буџетот, како што беше истакнато, е подготвен транспарентно и во консултација со граѓаните, со силен фокус на капитални инвестиции и подобрување на квалитетот на живот во општината.Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, презентирајќи го буџетот пред советниците, нагласи дека отчетноста и транспарентноста биле водечки принципи во неговата изработка, при што дел од предлозите на граѓаните биле вградени во планот за 2026 година.Во основниот Буџет, кој изнесува 864.233.262 денари, 57 отсто се наменети за капитални инвестиции. Средствата ќе се користат за изградба и реконструкција на улици и коловози, унапредување на водоснабдувањето и одведувањето отпадни води, како и за изградба и реконструкција на училишта и детски градинки. Дополнително, преку јавните повици на Владата, општината реализира 24 капитални проекти во вредност од 496 милиони денари, од кои поголемиот дел се во напредна фаза.Буџетот предвидува и средства за заштита на животната средина, изградба на паркови и проширување на зелените површини, како и мерки за социјална поддршка, вклучувајќи субвенции за енергенси, помош за новороденчиња, матуранти и пензионери, како и поддршка за ученици со високи резултати во науката и спортот.Со усвојувањето на Буџетот за 2026 година, Општина Кисела Вода, како што беше посочено, ја продолжува развојната политика со цел градење модерна и одговорна локална самоуправа.

Скопје | пред 3 месеци

media-library07tv5rjhrsqnabX5H9g

Општина Карпош го изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година

Советот на Општина Карпош, предводен од градоначалникот Сотир Лукровски, на својата шеста седница ги изгласа буџетот и програмите за работа за 2026 година. На дневниот ред се најдоа околу триесет точки, по кои советниците расправаа и донесоа валидни одлуки.Со мнозинска поддршка беше усвоено Предлог-решението за именување претседател и членови на Комисијата за изработка на Програмата за работа на Советот за 2026 година, како и Одлуката за утврдување надоместок на членовите на Општинската изборна комисија – Карпош и избирачките одбори за ангажманот во подготовката и спроведувањето на Локалните избори 2025 година.Советниците ги поддржаа и 17-те годишни програми за работа на секторите и одделенијата на Општина Карпош за 2026 година, а по детална расправа беше изгласан и Буџетот за наредната година. Според образложението, Министерството за финансии го утврдило максималниот износ на сопствени приходи на основниот буџет на општината на 608.436.000 денари. Приходите од ДДВ за 2026 година се проценети на 28.978.000 денари, додека средствата од Владата на РСМ изнесуваат 615.020.279 денари. Со планираниот пренесен вишок од 80 милиони денари, вкупниот основен буџет на Општина Карпош ќе достигне 1.332.434.279 денари.Консолидираниот буџет за 2026 година ќе изнесува 2.159.676.279 денари. Најголем дел од средствата, односно 69 проценти, ќе се обезбедат преку трансфери и донации, 26 проценти од даночни приходи, 4 проценти од неданочни приходи и 1 процент од капитални приходи. Во расходниот дел, најмногу средства – 790.930.279 денари или 36,6 проценти – се наменети за изградба на инфраструктурни објекти и подобрување на јавните услуги. За стоки и услуги се планирани речиси 400 милиони денари, додека за субвенции и трансфери се издвојуваат околу 119 милиони денари.На седницата беше донесена и Одлука за формирање Штаб за заштита и спасување и Просторна единица за заштита и спасување во рамки на општината, со цел подготовка и преземање мерки за заштита на населението и материјалните добра од природни непогоди, несреќи и други кризни состојби.Советот го усвои и Правилникот за методологија за распределба на блок-дотацијата за десетте општински основни училишта во Карпош за 2026 година, при што распределбата ќе се врши според основен трошок по ученик, преку основна и варијабилна компонента. Средствата ќе се префрлаат од Буџетот на РСМ преку Министерството за образование и наука.„Зелено светло“ доби и Одлуката за организирање продолжен престој за учениците од IV одделение во општинските основни училишта, со обезбедување средства за ангажирање наставници за учениците кои и претходно посетувале продолжен престој.Дополнително, советниците ја изгласаа Одлуката за прифаќање донација од КАМ ДОО Скопје во износ од 68.700 денари, наменета за околу 300 новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства на подрачјето на Општина Карпош.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarypkhgie003kt68DUgg7b

Пецаков: „Охрид со рекорден буџет за инвестиции – нови патишта, инфраструктура и развој на градот“

Едногласно, на денешната Седница на Советот на Општина Охрид, советниците го изгласаа буџетот на Општина Охрид за 2026 година којшто е развоен и е резултат на домаќинското работење на актуелната локална власт.Вкупните приходи на Општина Охрид, предвидени за 2026 година по сите основи изнесуваат 2.375.182.576,oo денари, објави градоначалникот, Кирил Пецаков.За капитални расходи се предвидени 25.354.000,оо денари.За поддршка на локалниот економски развој предвидени се 9.300.000,оо дена а за поттикнување на развојот на туризмот 18.425.490,оо ден.За одржување и користење на паркови и зеленило предвидовме 12.107.307,оо ден.Како и со претходните буџети, така и во овој акцент се става на подобрувањето на патнат инфраструктура па затоа предвидовме реконструкција на локален пат од камп Љубаништа до стационажа, улица Петрино до пресек со ул. Караорман с.Лескоец, патот кој го поврзува с. Велгошти со с. Лескоец, реконструкција на ул. Даме Груев од кружна раскрсница Ј.Сандански со ул. Питу Гули до пресек со бул.Туристичка, реконструкција на дел од ул. „7-ми Ноември“ од кружна крстосница кај Охридска банка, реконструкција на ул. Кленоец и дел од ул. „Петрино“. Исто така предвидено е реконструкција на улици во населба Бараки, локалениот пат за с. Завој, реконструкција на дел од ул. „Партизанска“ населба Охридати, изградба на фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од ул. „Малесија“, „Александар Гушо“, „Т. Дојчиноски“, „Први Мај“, „Ванчо Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“ и нивна реконструкција.Предвиден е проект за мониторинг и управување СКАДА систем за водоснабдителен систем на град Охрид и изработка на ГИС сиситем.Со овој буџет опфатена и е поддршката во образованието, стипендии, поддршка за спортот, како и за спортските и културните манифестации.Охрид не запира повеќе. Продолжуваме со уште понапорна работа за уште поубав Охрид!

Охрид | пред 3 месеци

media-libraryug6j44o5mgitcYeSIiB

Јамалов: Буџетот за 2026 година е Буџет на развој, солидарност и иднина, со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

На денешната Седница 73. во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов пришто истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија.„Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека води стабилна и одговорна фискална политика. Особено важно е што капиталните инвестиции понатаму остануваат еден од најсилните столбови на овој Буџет. Се инвестира во модерни патишта, железничка инфраструктура, енергетска ефикасност и регионален развој“, појасни Јамалов.При што пратеникот Јамалов посочи дека ваквите проекти не се само бројки на хартија туку истите значат подобра поврзаност, нови работни места и посилна економија, а секоја денарска алокација има конкретна цел која е насочена кон создавање на вредност и поттикнување на продуктивноста на стопанството.„Буџетот е и Буџет на граѓанинот, во него се предвидени средства за подобро здравство, квалитетно образование, поддршка за младите и за зголемена социјална сигурност. Просечната плата расте, а новите мерки за поддршка на бизнис секторот и иновациите отвараат можност за вработување и поголема конкурентност на македонската економија“, вели Јамалов.Пратеникот Јамалов укажа дека во Буџетот за 2026 година посебно внимание е посветено на земјоделството, локалниот развој и рамномерната распределба на средствата, со што секоја општина и секој регион ќе имаат можност да учествуваат и придонесуваат во заедничкиот развој на државата.На крај Јамалов заклучи дека вака концепираниот Буџет за 2026 година уште еднаш ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, стабилни јавни финансии и јасна насока кон европскиот економски модел на развој.„Овој Буџет ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, средствата се насочуваат таму кадешто ќе дадат најголем ефект, во економија, во инфраструктура и во човечкиот капитал. Со ваков пристап, Република Македонија влегува во 2026 година со силна основа, со стабилни јавни финансии и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој“.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-02-at-09.03.48

Коцевски предупредува: „Едно вештачење за мазут чини 1.500 евра, а обвинителството останува без пари и во 2026“

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски им порача на пратениците дека предлог-буџетот за 2026 година повторно го става обвинителството во ситуација да работи без елементарни услови, иако трошоците за сложени истраги драматично растат.Говорејќи од собраниската говорница, Коцевски потсети дека токму оваа година се отворени низа предмети поврзани со еколошки криминал кои бараат специјализирани анализи, а најскапиот пример е постапката за увезениот мазут за ТЕЦ „Неготино“. За тој случај, обвинителството се сомнева во квалитетот на горивото, а секое поединечно вештачење — кое мора да се изврши во странство — чини 1.500 евра. За целата постапка, потребно е да се испитаат стотици примероци.Според Коцевски, проблемот не е само финансиски. Обвинителството веќе работи на граница на можностите: бројот на вработени во службата е едвај една третина од потребниот, а во следните три и пол години нема да биде примен нов јавен обвинител.Тој нагласи дека Македонија заостанува и зад земјите од соседството, каде обвинителствата функционираат со дигитализирани системи и целосно опремени канцеларии. И покрај барањата, во буџетот за 2026 повторно не се обезбедени средства за модернизација на системот за управување со предмети, иако тој требаше да биде поддржан преку ИПА-фондовите. Планираната државна сума за опрема за сите обвинителства во земјата изнесува помалку од 30 илјади евра.Коцевски потсети и на резултатите. Истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани била завршена за кратко време, а обвинителството обезбедило целосна документација. Во судска фаза веќе се и други комплексни предмети, меѓу кои „Онкологија“, случајот „Адитив“ и неколку групи обвинети за трговија со дрога и тешки кривични дела.Според државниот обвинител, сите овие процеси покажуваат дека вложувањето во обвинителството не е трошок, туку предуслов за ефикасна правда.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryekcindac4m3g1C2akTh

Битиќи: Владата нема капацитет за реализација на капитални инвестиции

Ова е потрошувачки Буџет затоа што 90% од буџетот е наменен за тековните расходи а само 10% се за капитални инвестиции кои треба да се двигатели на развојот, направен е преседан со намалување на капиталните инвестиции, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.„Ако оваа година, 2025-та, која е чиста година на владеачкото мнозинство, покажа дека има капацитет за 50 отсто спроведување на капиталните расходи, тоа значи дека овие 10 отсто ќе останат 5 отсто на крај на годината во 2026. Толку е капацитетот. И ако 90 отсто отидат во тековни расхови, затоа што таму не можеш да не ги трошиш, оти на секој први ќе дојде некој, ќе тропа и ќе рече „треба да се плати ова, сакал ти или не сакал“. Прашањето е за пет години од денеска каде ќе бидеме“, рече Битиќи.Загрижува тоа што во тековната година има само 48% реализација на капиталните инвестиции, но вистинското прашање е зошто ги нема толку озборуваните проекти, додаде тој.„Дури и направивме меморандум за соработка со Велика Британија во која што ќе ни отворат финансиска рамка од 6 милијарди, а тоа се да не заборавиме проектите во здравство, клинички центар Штип и Скопје. За нив се се издвоени само 3,5 милиони денари“, рече Битиќи.Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за еконоски прашања додаде дека со оваа власт задолжувањето на граѓаните и на државата оди во опасна насока, дека власта се обудува тоа да го прикрива и запраша дали се ова реални проекции во буџетот?Пршање е дали ова е вистина предлог буџет за 2026 или е предбуџет за 2026, увертира во реалниот буџет кој што ќе ни стигне на сите на маса во април - мај или јуни, рече Битиќи.„Дали бројките за проекциите за следната година се вистинити? Дали дефицитот на буџетот е вистина 3,5% или 7% или е многу повисок? Дали во проекциите за јавниот долг во 2026 навистина ќе бидат под 60% или вистинскиот јавен долг ќе биде над 70%? Затоа што ако задолжувањето од 1,9 милијарди дојде веќе наредната година во април- мај не може да се скриете дека тоа не е дел од јавниот долг во нашата држава. А 1,9 милијарди на проценет бруто домашен производ е 12%. Владата може да купува време, да не го пријави одеднаш задолжувањето за коридорот 10 од 1,9 милијарди евра, но во 2028 ќе има буџетска дупка од две милијарди, која ќе ја плаќаат нашите деца.“  рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи во емсијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.

Македонија | пред 4 месеци

manu

МОН: Повеќе од 12 милиони евра од буџетот за науката во Македонија

Министерството за образование и наука оваа календарска година преку три повици за распределба на средства ја стимулираше реализацијата на научно – истражувачки проекти на јавните универзитети, факултети и научни установи, на МАНУ и бизнис заедницата, кои се во корелација со целите од Стратегијата за паметна специјализација на Македонија. Проектите успешно се реализираат, се наведува во денешното соопштение.Науката е столб на општествениот развој и затоа во 2026 година буџетот за наука ќе изнесува 773 милиони денари со кои продолжува финансирањето на научно – истражувачки проекти, за развој на лабораториските ресурси, за учество на меѓународни научни конференции и организирање на домашни, објавување на научни трудови во списанија со импакт фактор, доделување стипендии за млади научници, стипендии за втор и трет циклус на студии во државата, како и организирање на научни и студиски престои во странство.Велат дека посебно радува зголемениот интерес кај младите да се занимаваат со наука и иновации, што се огледува преку искористување на мерките кои МОН ги става на располагање, така што, заедно со другите надлежни владини институции продолжуваме да ги поддржуваме во реализација на личните амбиции.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryq7fp4lqkaanl3DZpWbW

(Видео) „Ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот“ - Во БиХ прекината седницата за буџетот

Пратениците во Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ расправаат за буџетот, но седницата беше прекината откако реагираше пратеникот од Демократскиот фронт (ДФ), Златан Бегиќ.Имено додека тој ја критикуваше работата на владата, пратеничката од СНСД, Сања Вулиќ, му се приближи на министерот за финансии Срѓан Амиџиќ, го прегрна и предизвика жестоки реакции во салата со своите гестови.-Ова навистина никаква смисла, ја замолувам колешката да не седи во скутот на министерот за финасии додека ние разговараме за буџетот.

Свет | пред 4 месеци

media-libraryg39o0v3npi1lfIhpspR

Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра.Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 милијарди денари. Во исто време, расходите се на ниво од 72,82%, односно речиси 294 милијарди денари. Ова значи дека со вакво темпо, а тоа е за очекување, на крајот на годината ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра за да се покријат сите трошоци. Тоа е фрапантна буџетска дупка. Ова значи дека сите овие пари ќе треба да се покриваат со задолжување, со нови оптоварувања за бизнисите и граѓаните, или со кратења кај најважните јавни услуги. Ја прашувам власта, што планира да прави и како ќе ги покрива овие 1,4 милијарди евра?, праша Филипче.Филипче како што рече економската состојба во државата е алармантна поради што чувствува должност и загриженост да ја објави вистината пред граѓаните наспроти пораките за економски „успеси“, кои власта ги зборува на митинг.Во време кога премиерот Мицкоски од митинг на митинг зборува за економски „успеси“, должност ми е да зборувам за реалноста и да ги информирам граѓаните за реалната економска состојба. Во изминатите 15 месеци постојано алармиравме дека економијата и економските политики на оваа власт се многу погрешни, а реализацијата на проектите е историски најслаба. Денес тоа што го зборувавме го потврдуваме со реални економски индикатори, факти и бројки. Овие податоци укажуваат на алармантна состојба со буџетот, со приходите, со инвестициите и реализацијата на капиталните инвестиции, како основни индикатори за економската состојба во државата, рече Филипче на денешната прес конференција.

Македонија | пред 5 месеци

invalidska-kolicka2

Работат со најтешките случаи, а немаат исплати ниту за мај, ниту за јуни: Персоналните асистенти заборавени додека се чека ребалансот на буџетот

И во мај, и во јуни – без денар. Персоналните асистенти, кои секојдневно се грижат за лица со најтешка попреченост, од јуни наваму работат без ниту денар надомест. Исплатата за мај доцни, јуни одамна заврши, а хонорарот го нема. Причината? Повторно се чека ребалансот на државниот буџет.Ова не е првпат да се случува, тврдат во разговор за Скопје1 дел од персоналните асистенти. Секојпат кога има ребаланс или каков било фискален застој, програмата за персонални асистенти е меѓу првите што останува во финансиска сенка.А токму тие, најчесто ангажирани преку центрите за социјална работа и преку владина програма, секојдневно се справуваат со здравствени и физички предизвици во име на своите корисници.Иако нивната работа е исклучително одговорна и бара физичка, психолошка и емотивна сила, персоналните асистенти веќе втор месец ја извршуваат без никаква финансиска надокнада. Додека државата чека усвојување на ребалансот, тие секојдневно менуваат катетри, облекуваат, бањаат, мерат гликемија и притисок, даваат терапија, преврзуваат рани и обезбедуваат прва помош – сѐ што е потребно за основно функционирање на нивните корисници,од медицински аспект. Набавка на храна, лекови, носење секаде каде што е потребно се дополнителни задачи и обврски на личните асистенти.„Работиме без прекин, јас не можам да ги прекинам обврските додека чекам државата да одлучи дали и кога ќе ми исплати, нехумано е да си го оставам корисникот, не нехумано е и ние да чекаме ова да заврши, вели за Скопје1, Марија С.Многу од асистентите стекнуваат богато искуство преку програмата, но поради ниската плата и доцнењата, ја напуштаат државата.„Јас веќе аплицирав за работа во Германија и чекам виза. Таму ќе добивам над 2.000 евра за истата работа. А веќе имам сѐ, помината обука, сертификат, знам да постапувам со слепи лица, да управувам со инвалидска количка, да дадам прва помош. Овде сме невидливи. Кога ќе дојде време за исплата, нè снемува од сите приоритети“, раскажува Сашо В.Според Министерството за труд и социјална политика, преку оваа програма досега се обучени стотици асистенти, со повеќемесечни практични и теоретски обуки. Обуките вклучуваат здравствени вештини, основи на медицинска грижа, комуникација со лица со попреченост, и интервенции при итни состојби.Во однос на актуелна состојба, односно неисплатата на хонорарите, Министерството за труд и социјална политика ја завршило својата обврска и ги проследило податоците за исплата хонорарите до Министерството за финансии. Таму, според информации на Скопје1, се чека финансиско одобрување, поради што доцнат исплатите не само за оваа категорија, туку и за вработените во домовите за стари лица, детските установи и други социјални сервиси.Што се случува со ребалансот?Дискусијата за ребалансот зпочна на 2 јули со општа дебата која траеше три дена, по што започна амандманската расправа.Во текот на расправата минатата недела, поддршка доби амандман од пратениците од власта, кој се однесуваше на обезбедување средства во износ од 50 милиони денари за исплата на надоместок на право на посебен додаток кои ги користат лицата со попреченост до 26 години и лица над 26 години старост, односно за лицата за правото на попреченост.Со ребалансот на Буџетот се врши прераспределба на средства меѓу буџетските корисници, се дообезбедуваат средства за исплата на плати, пред се во Министерството за внатрешни работи, каде е обезбеден раст на платите на вработените од 10 проценти, а обезбедени се дополнителни средства и за исплата на зголемени пензии и дополнителни околу 300 милиони денари за капитални расходи.Вкупните приходи со ребалансот се планирани на ниво од 362,4 милијарди денари, а расходите на износ од 403,7 милијарди денари, што е за еден процент (околу 3,5 милијарди денари) повеќе во однос на првичните проекции со планот за годинава. Проекцијата за БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата е проектирана на ниво од 2,8 проценти.Буџетскиот дефицит останува непроменет и во апсолутен износ и како процент од БДП, односно 41,3 милијарди денари или 4 проценти од БДП. Капиталните расходи, пак, изнесуваат 47,5 милијарди денари.Државниот долг на крајот на 2025 година, според проекциите на Владата, ќе изнесува 53,3 проценти од БДП, а јавниот долг се очекува да биде на ниво од 62,1 процент.Анита Буховскифото: Unsplash

Македонија | пред 8 месеци

jovancev1

Јованчев: Општина Кавадарци започнува со гасификација, средства обезбедени за проектот

На денешната расправа на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, го изнесе својот став во врска со поднесените амандмани за Предлог-буџетот за 2025 година, особено фокусирајќи се на проектот за гасификација на општина Кавадарци.„Во вашето образложување кажавте само една вистина, дека Кавадарци е индустриски најразвиен град и втор град по извоз во Република Македонија, но заборавивте да кажете дека е еден од најголемите во земјоделието“, изјави Јованчев.Јованчев објасни дека општина Кавадарци, во текот на минатите четири години, се обидувала да обезбеди средства за започнување на проектот за гасификација, но се соочувала со опструкција од власта предводена од СДС. Сега, како локална власт, Кавадарци најде начини и модели за отпочнување на проектот.„Првиот дел од гасификацијата ќе биде до Западен булевар, а потоа со деталната разводна мрежа ќе се опфати комплексот Новиот центар, каде што сите висококатници и станбени згради ќе добијат гас. Потоа следуваат јавните објекти на територијата на општината. Овој проект нема да биде завршен во една година, тоа е повеќегодишен проект“, нагласи Јованчев.

Македонија | пред 1 година

trencevska-sobranie

(Видео) Тренчевска: Граѓаните тонат во сиромаштија, СДСМ бара зголемување на минимална плата на 27.700 денари

СДСМ бара покачување на минимална плата на работниците на 27.700 денари и поднесе предлог Закон за изменување на минимална плата, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница.- Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, животниот стандард на граѓаните не се подобрува, напротив, се повеќе граѓаните паѓаат во сиромаштија, а и податоците од минималната синдикална кошничка покажуваат дека мерките кој ги презема владата не даваат никакви резултати. Во исто време цените, место да се намалат, тие се зголемуваат. На едно четиричлено семејство, според податоците, му требаат 62.021 денари за да може да го помине месецот, а со минималната плата од 22.500, семејствата навистина се борат со сиромаштијата, рече Тренчевска.Таа појасни дека во земјите во регионот, владите ја покачија минималната плата на 600, 700 или 800 евра, а ние остануваме единствена земја, каде минималната плата е 22.500 денари.- СДСМ како партија има легитимно право да поднесе ваков предлог закон затоа што во изминатиов период од 7 години владеење, навистина покажавме како треба да се креираат политиките во однос на животниот стандард на граѓаните и во однос на покачување на платите, рече Тренчевска.Со овој предлог закон СДСМ бара минималната плата да биде зголемена на 27.700 денари со исплата на ноемвриската плата, во месец декември 2024 година, за да можеме согласно методологијата во март 2025 година, да зборуваме за минимална плата од 30 илјади денари.

Македонија | пред 1 година

bitiki1

(Видео) Битиќи: Поддршката за домашното стопанство не е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Собраниската комисија за финансирање и буџет го отфрли амандманот, предложен од пратеници од СДСМ за дополнителни 307 милиони денари за поддршка на компаниите преку законот за финансиска поддршка на инвестиции, со што упати јасна порака дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за економскиот напредок и ги занемарува домашните компании, кои ја носат економијата на своите плеќи.Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи претходно во образложение на амандманот истакна дека во време на најголеми економски предизвици, приоритетите на оваа влада се насочени кон се друго, како мебел, автомобили, договорни услуги и тајни кредити, додека реалните потреби на стопанството се занемаруваат.Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ), СДСМ воспостави систем кој конечно ги изедначи условите за домашните и странските инвеститори. Наместо да склучуваме тајни договори „по кафеани“ или зад затворени врати на владини седници, ние воведовме транспарентен и фер систем. Благодарение на овој систем, 919 компании имаа можност да инвестираат околу 500 милиони евра, за што беа поддржани од државата со речиси 100 милиони евра. А тоа резултираше со отворање на 5.000 нови работни места, со достоинствени плати за нашите сограѓани, нагласи Битиќи.Тој истакна дека новата влада со ребалансот на буџетот за 2024 година, наместо да го продолжи трендот на растечка поддршка, која во 2023 година достигна ниво од речиси 37 милиони евра, одлучи да ги скрати средствата на само 17,8 милиони евра.Ова не беше само техничка одлука – тоа беше порака дека поддршката за домашното стопанство не е нивен приоритет. Каде се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ? Сега, со буџетот за 2025 година, ВМРО-ДПМНЕ предвидува 38,6 милиони евра за ЗФПИ – бројка која, иако е подобра од минатогодишната, сепак не го достигнува нивото кое го поставивме ние. И тука се поставуваат прашања: што ги предомисли? Дали тоа е несигурноста околу унгарскиот кредит, кој се чини дека е голема непознаница и за нив? Или можеби тоа е резултат на неуспешните обиди за притисок врз банкарскиот сектор да ги сноси трошоците за овој кредит? А можеби ова е само маневар за создавање „резервоар“ на пари кои ќе бидат пренасочени на првиот ребаланс кон непродуктивни удобности?, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Ljupco1

(Видео) Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

„Пред нас е Предлог Буџет за 2025 година тежок 6,5 милијарди евра, но со скратени средствата за земјоделство и земјоделците, што негативно ќе влијае на прозиводството на храна и приходите на земјоделците. Вкупниот Буџет за земјоделство, шумарство, лов и риболов за 2025 година е намален за 15%“, рече Љупчо Николовски од СДСМ.„Или подетално: За 10 пати е скратена сумата предвидена за Програмата за рурален развој. Со тоа директно се крати на поддршката за инвестиции во земјоделска механизација, набавка на добиток, модернизација на земјоделски објекти, промоција на македонските производи, инвестиции во општините.Одиме понатаму, помалку пари или воопшто не се предвидени средства за новите програми за инвестиции за малите регистрирани производители на храна и пијалоци.Владата на СДСМ со правилни политики ја направи Северна Македонија лидер во искористеност на ИПАРД Програмата. Но, ВМРО ДПМНЕ очигледно не ја сфаќа важноста на европските фондови за развојот на македонското земјоделство.Во 2025 година Програмата за кофинансирање на проекти од ИПАРД 3 е намалена е за 14.5 %.Помалку средства или за 30 % е намалена сумата за инвестиции за Програмата за изградба на системи за наводнување. Тоа значи дека земјоделците ќе бидат оставени без современи системи за наводнување, што директно ќе влијае врз нарушување на квантитетот и квалитетот на земјоделското производство.И покрај предизборните ветувања за повисоки субвенции, за следната година нема раст субвенциите и тие се на исто или помало ниво.Да заклучам, во Буџетот за 2025 нема ниту една нова политика или програма, се што е планирано е проект на Владата на СДСМ. Значи сега кога власта има отсуство на идеи, нашите политики се добри.Дополнително, во предлог Буџетот за 2025 година Владата не ги зема предвид потребите на земјоделците за дополнителни субвенции за тутунаите, производителите на јаболка и оризопроизводтелите кои се соочуваат со ниски откупни цни. Очигледно за власта поважна е набавката на луксузни возила и скап мебел,отколку егзистенцијата на земјоделците и вреднувањето на нивниот труд.Земјоделството е еден од двигателите на нашата економија. Кризите со кои се соочивме изминатите години,покажаа колку е важно да имаме домашна храна и затоа овој сектор заслужува посебен фокус.Затоа, СДСМ со амандмански предлози и законски решенија ќе ги брани инетересите на земјоделците.Со дел од амандманите предвидуваме 700.000.000 денари за поддршка на младите земјоделци и зголемување на поддршката за Програмата за рурален развој.Како одговорна партија која вистински го цени трудот на земјоделците, во парламентарната расправа ќе се бориме за повисока финансиска поддршка за земјоделците и повиски откупни цени, ќе нудиме предлози кои се применуваа и изминатите 7 години, а кои треба да бидат пример како една влада треба да се грижи за земјоделците и да биде рамо до рамо со нив“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

bitiki1

(Видео) Битиќи: Додека владата купува мебел и автомобили, илјадници семејства со платите не можат да го поминат месецот

Просечната плата во земјата бележи загрижувачки пад. Во јуни, просечна плата изнесуваше 41.939 денари, веќе досега просечната плата е намалена за цели 1000 денари што е далеку од доволно за да ги покрие основните потреби на граѓаните. СДСМ поднесе амандман со кој бара зголемување на платите. Односно, 3,5 милијарди денари или 57 милиони евра за зголемување на платите на граѓаните, што не е само барање на финансии, туку барање на одговорност и социјална правда, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на комисијата за финансирање на буџет.- Најпрвин, без розовите очила на власта да погледнеме реално во економските бројки кои ја нагласуваат потреба од зголемување на платите на граѓаните. Просечната плата бележи загрижувачки пад, а во меѓувреме, потрошувачката кошничка достигна 61.306 денари во септември. Ова е јасен показател дека платите се далеку од доволни за да обезбедат достоинствен живот“, рече Битиќи.Тој потенцираше дека со растечкиот јаз меѓу платите и трошоците, не може да се очекува да издржат наставници, здравствени работници, администрација и сите други кои вршат дејност од јавен интерес и кои треба да го движат општеството напред.- Зад овие бројки стојат вистински луѓе, семејства, деца. Погледнете ги своите домови. Замислете го вашето дете како ви бара нешто основно – книга, облека, можност за екскурзија, а не можете да му го обезбедите тоа. Токму тоа е реалноста со која се соочуваат илјадници семејства на вработените во јавниот сектор.“, рече Битиќи.Само минатиот месец трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1.000 денари и тоа е економска и социјална неправда.- Да се осврнеме на изборот на Владата, каде и се приоритетите за трошење. За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра. За мебел – 1,5 милиони евра, за договорни услуги зголемени за 80 милиони евра. Сумите се апсурдни. Како можете да оправдате купување луксузни автомобили, мебел и зголемување на договорни услуги додека илјадници семејства се прашуваат како ќе го преживеат месецот? Овие непродуктивни трошења се срамни и покажуваат дека приоритетите на Владата не се во интерес на граѓаните. Само ставката стоки и услуги е 1,2 милијарди евра. Проверете кога таа ставка била 20% од буџетот“, рече Битиќи.„Неприфаќањето амандманот за зголемување на платите ќе значи прекршување на Општиот колективен договор и продолжување на праксата на системско непочитување на законите. Оваа Влада, со својот Предлог-буџет за 2025 година, веќе го прекрши Законот за буџети со проектираниот дефицит над 3%. Сега сакаат да ги прекршат и колективните договори, на штета на граѓаните. Отфрлањето на овој амандман ќе значи порака дека оваа Влада не ги почитува ниту трудот, ниту правата на работниците“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

blagica-las

Ласовска: Пратениците од СДС забораваат дека додека беа на власт намерно во буџетот не предвидуваа средства за плати за Македонски шуми, Пошти и Водостопанство

Денес во Собранието на амандманската расправа за предлог буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет се обрати пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска која што посочи дека договорните услуги предвидени во буџетот за 2025 година се однесуваат на возила за МВР, возила за АРМ и дека Владата се обврзува кон НАТО да купува современи оружја.Ласовска се обрати до пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи и посочи да ја праша Радмила Шеќеринска, како назначена за заменик генерален секретар на НАТО, чија функција и беше доделена денес, како и детално ги посочи возилата за кои средствата се посочени.„Нека ја праша новоназначената негова партиска другарка Радмила Шеќеринска за заменик генерален секретар на НАТО, дали ова што го говори таа ќе се согласи со тоа или нема да се согласи со тоа, понатаму во стоки и услуги и во возила се возила за брза помош, возила за комунална хигиена, возила за против пожарни услуги. Заборавивте да кажете дека кога бевте на власт намерно не сте предвиделе финансиски средства за плати во македонски шуми, во водостопанство и во пошти па мораше да се прави ребаланс на буџетот за овие луѓе кои што со месеци не земале плата да земаат плата“ рече Ласовска.Ласовска потенцираше дека ќе се покачат платите во здравството, во образованието, во Министерството за внатрешни работи и дека сите колективни договори ќе се почитуваат.„Решивте на прилично несмасен начин да дефокусирате нешто што е факт и најлегитимно избраниот премиер во државата денеска кажа дека ќе има покачување во здравството, во образованието и во сите останати сектори кој што вие не ги покачивте“, објасни Ласовска.

Македонија | пред 1 година

Lukarevska-19.11.2024

(Видео) СДСМ со 200 амандмани на Буџетот бара поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните, вели Лукаревска

„Првиот предлог Буџет за 2025 година на актуелната власт на ДПМНЕ е расипнички, недомаќински и наместо за граѓаните направен е само за задоволување на власта. Буџетот е тежок 6,5 милијарди евра, толку планира власта да земе од граѓаните и да потроши. Но, наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за дури 75%“, рече Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.„За купување мебел власта предвидува 5 пати повеќе пари во исто време кога ги зголемува глобите и административните такси за нови 11 милиони евра.Владата предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги крати капиталните расходи во клучни сектори како образованието и здравството.Парите за чист воздух, намалени за дури 51% а парите за заштитна на животна средина за 25%. Тоа значи дека актуелната власт нема намера да преземе ништо додека граѓаните се гушат.Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%.Намалени се и парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени.Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.Дополнително, во Буџетот ги нема ниту најавените 250 милиони евра за општините. Парите за земјоделството се намалени за 15,7% а програмата за рурален развој се намалува за 10 пати.Руралната програма е многу важна за младите земјоделци, за набавка на стока, нова механизација, но и за инвестиции во проекти на општините.СДСМ како одговорна опозиција со поднесување на над 200 амандмани се бори за граѓаните и подобрување на Буџетот за се обезбедат економски раст, поголеми плати и подобар животен стандард.Бараме зголемување на платите во секторите каде вработените се од витално значење за услугите на граѓаните, како образованието, јавниот сектор, полицијата, пожарникарите. За вработените во Министерството за внатрешни работи бараме покачување на платите за 20%, како и средства за набавка на современа технолошка опрема за зголемување на безбедноста на граѓаните.Во здравството, амандманите предвидуваат: набавка на нова медицинска опрема, подобрување на капацитетите на Итната медицинска помош, доусовршување на лекарите и медицинскиот персонал.Апарати за магнетна резонанца, инсулински пумпи, кислородни боци, комплети за прва помош итн.Овие мерки ќе обезбедат поквалитетни здравствени услуги за граѓаните и ќе го подигнат нивото на јавната здравствена заштита.Амандманите на СДСМ во областа на енергетиката и животната средина се фокусираат на: подобрување на енергетската инфраструктура, електрични автобуси, субвенции за домаќинствата што ќе инсталираат фотоволтаици.Овие значајни инвестиции ќе придонесат за почиста животна средина и поголема енергетска ефикасност.Со амандман бараме финансиска инјекција од 700 милиони денари за поддршка на младите земјоделци. Овие средства ќе овозможат младите да останат во земјоделството и да инвестираат во модерни технологии и практики, со што ќе се зголеми продуктивноста во оваа стратегиска гранка.СДСМ верува дека овие амандмани ќе придонесат за поефикасно искористување на буџетските средства и ќе обезбедат реален економски и социјален напредок.Денеска почнува амандманската расправата, со аргументи и факти силно ќе ги браниме овие амандмани во македонското Собрание и ќе бараме поддршка за нивно усвојување“, изјави Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Стојаноски: Креираме буџет кој ќе финансира директни инвестиции кои се конкретно видливи и создаваат додадена вредност

Во емисијата „Утринско еспресо“, на Радио Лидер утрово се дебатираше на актуелни економски теми или поконкретно како ќе се трошат народните пари, при што свој осврт и видување даде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.Тој јасно прецизира дека за разлика од минатиот период во кој доминантни компоненти беа корупцијата и дузина негативни ситуации кои кај граѓаните создаваа едно негативно чувство кога станува збор за менаџирањето со јавните финансии, сега актуелната Влада, прави една промена и изготвува економски документ кој комплетно ќе ја промени нашата економска филозофија.„Овој пат ние одлучивме да направиме еден програмски документ, односно крвна слика на нашата економска филозофија и комплетно да ја промениме. За прв пат можеби, од поодамна, да биде буџет кој ќе финансира директни инвестиции коишто прво ќе бидат конкретно видливи, а потоа ќе создаваат додадена вредност“, потенцира Стојаноски.Според него граѓаните не треба да слушаат што се зборува, туку едноставно да гледаат по актите и постапките како се однесуваат политичарите. Во овој контекст напоменува дека споредено со првите квартали од оваа година кога економскиот раст изнесува само 1%, што би се остварил, пластично кажано без никаква активност и заложба од страна на владините функционери кои и онака немаа помрднато со прст, во третиот и четвртиот квартал пак, се очекува раст од 2,5% односно 3% соодветно.„Во наредните три месеци од новата година 350 милиони евра ќе бидат веќе ефектуирани во општините, а тие 830 милиони евра капитални инвестиции кои се врзани за капитални инвестиции ќе се интензивираат како што се интензивираа во последниве шест месеци и имаме намера со покачување на платите и пензиите да ја поттикнеме потрошувачката. Понатаму, тие инвестиции што ги договори Владата, досега се осум, овој месец ќе склучат договор со уште две и декември со уште две, барем за сега тоа е договорено како пакет потпишано и заклучено. Значи, дванаесет инвестиции ќе отпочнат со сериозни градежни активности во првите три месеци наредната година и затоа и на тоа ние го темелиме растот“, појаснува Стојаноски.

Македонија | пред 1 година

lugje-plostad-skopje

По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„По 7 години урнисана економија од СДС и ДУИ предлог буџетот за 2025 година ги интегрира најсуштинските потреби на граѓаните. По 7 години отсуство на развоен концепт и стратешко планирање предлог буџетот за 2025 претставува концепт и суштинска промена во водењето на јавните финансии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.„Владата со буџетот за 2025 одвојува над 25% повеќе средства од тоа што владата на СДС и ДУИ имаа предвидено за 2024 година. Со буџетот за 2025 година кој е предложен од Владата до Собранието се одвојуваат 7.5 милијарди денари за здравството, во споредба со 5.9 за оваа година.Владата на ВМРО-ДПМНЕ го реализира ветеното и инвестира во здравството и подобрување на условите во здравството.Со буџетот за 2025 година ќе има повеќе средства за набавка на медицинска опрема за потребите на јавните здравствени установи, изградба, реконструкција и доградба на објектите во јавните здравствени установи.Владата на ВМРО-ДПМНЕ вложува во реконструкции на следните ЈЗУ: Општа болница Кичево, Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ - Охрид и Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје.Исто така предвидено е да продолжи изградбата на Клиничката болница во Штип, проект кој беше и предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ.Со буџетот за 2025 година се планираат и средства за градежни активности и реконструкции во Здравствен дом Скопје, Kлиниката за психијатрија и други установи.ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и вложува во суштински реформи и промени во здравството каде пациентите и граѓаните се на прво место.ВМРО-ДПМНЕ работи на трансформација на здравството во Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-11-19_08-11-53

(Видео) Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, критикувајќи го Предлог-буџетот за 2025 година, ја потенцираше важноста на проектот Чебрен како единствениот одговор за енергетската стабилност. Тој истакна дека, иако во предизборието го најавуваа, сега, ВМРО - ДПМНЕ за 2025 година не предвидуваат да насочат ниту денар за енергетска независност.„ДПМНЕ направи ново Министерство за енергетика. Некој би рекол дека ова е приоритет на ДПМНЕ, дека со отворање на ова Министерство за енергетика, сака да ја зголеми енергетскатанезависноста на државата, но, ако видиме меѓу редови, дека припадниците на оваа Влада се претставници на приватниот енергетски интерес, па да не кажам енергетска мафија, и ако видиме како им е конципиран Буџетот - тоа значи дека Министерството за енергетика е создадено само за приватниот енергетски интерес.“ – заклучи пратеникот Мециновиќ.„Од друга страна, имаме зголемување, на средствата за вооружување и за НАТО, за 2 милијарди дополнителни денари, и ние сме веќе блиску до таа препорачана стапка од 2% за трошење за НАТО, т.е. рекет за НАТО. А за 2026, Мисајловски и Мицкоски пак, предвидуваат дуплирање на таа цифра! Зошто една од најсиромашните држави сака да ја надмине стапката од препорачани 2%, кога покадарни држави не се приближуваат до таа стапка, туку ги приоритизираат социјалните и сите цели кои служат за вдахнување живот во капацитетите на државата?!“ – праша тој.Мециновиќ потсети на 1991 година и кажа дека Македонија тогаш преживеа без сопствена полиција, војска и парична валута – затоа што имала независен енергетски систем, а денес, таа независност е потполно уништена.„Ситуацијата дополнително се комплицира со тоа што ТЕЦ Неготино сѐ уште работи на мазут, со тоа што е еколошки и економски неодржливо; РЕК Битола за време на енергетската криза во 2022 година, еден од реакторите се испостави дека 365 дена бил во квар и еден ден само работел. И наместо да се свртиме кон развивање на сопствените енергетски капацитети, а одговорот е очигледен, тоа е Чебрен на Црна река - ние не гледаме дека оваа Влада воопшто има ваков план.“ – продолжи пратеникот од Левица.„Има едно 10 изјави од Мицкоски за Чебрен, како и за многу работи во неговата политичка кариера... И сега? Каде е приоритетот за Чебрен? Дајте да почнеме барем со првата од десетгодишната фаза. Нема ништо! Затоа што не е приоритет развивање на независноста на енергетскиот систем на Македонија, туку приоритет е Мицкоски со неговите хидроцентрали, со неговите пријатели и Владата наполнета со неговите партнери од времето на неговиот ангажман во енергетскиот сектор. Наместо Чебрен, ние ќе добиеме приватен интерес и дополнителна корозија на енергетскиот систем“ – кажа Мециновиќ којшто поднесе и амандман кон Предлог-буџетот со цел да се пристапи кон изградба на хидроцентралата Чебрен.„Сите државни елементи во овој цел систем се во долг! АД Електрани се во долг, неплатен долг од 4,4 милијарди денари и недоспеан долг во висина од 5,7 милијарди денари. Што значи вкупен долг од 10 милијарди денари или околу 165 милиони евра. Од друга страна, ЕСМ за производство на топлинска енергија има вкупен доспеан и недоспеан долг од над 510 милиони денари. А во контраст на ова, приватните енергетски компании како ЕВН Македонија, во 2023 година имаат добивка од 28 милиони евра, што претставува раст од 546% споредено со 2022 година!“, акцентираше Мециновиќ на комисиската седница.„Приватните компании во овој систем, ги искасапија нашите граѓани. Дури има статистика дека со мрежарината што ја воведе Регулаторната комисија, која е околу 150-200 денари месечно - никој од нас една сијалица да не запали во Македонија, за 8 години ЕВН ќе направи профит од 200 милиони евра т.е. онолку колку му требаше да го купи делот од ЕСМ“. Мециновиќ објасни и дека, иако велеа дека нема, сепак, околу Нова година ќе следи покачување на цената на струјата.„Заклучокот е дека енергетската криза со која се соочуваме не е само резултат на глобални трендови, туку и на нашиот сопствен недостаток на стратешко планирање и поставување на луѓе со мафијашки интереси на позиции. Абе не може цело време Украина да ни е крива за сѐ, кога ние во Буџетот не предвидуваме средства за Чебрен. Крива ни е, очигледно, нашата политичка гарнитура и консталација која со децении не може да одговори на потребите на граѓаните“, додаде пратеникот од Левица.

Македонија | пред 1 година

lukarevska

(Видео) Лукаревска: Во Буџетот се намалени парите за малите и средни претпријатија од 80 на само 18 милиони

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките на расправата на собраниската комисија за финансирање и буџет, посветена на предлог-буџетот за 2025 година истакна дека реториката на напад на власта полека оди кон одбрана, на моменти неосновано и безаргументирани.Мислев дека нема да се критикува претходната власт, а и не би личело кога зборуваме за нов буџет, нема веќе простор за обвинувања за некакви душмански трошења, несоодветна распределба на средства, фаворизирање на една или друга институција, па некогаш не одат во прилог бројките за споредба по било кој параметар, особено за јавниот долг, гломазноста и секако сè ќе пукне како балон, за што се милуваше овде долго и долго да се зборува претходните неколку години, рече Лукаревска, и направи споредба со сите епитети коишто што беа давани изминатите години, кога се носеа буџетите.Во 2022, 4,4 милијарди евра, период на корона вирус – епитетот е нереално планиран. Во 2023 5,3 милијарди евра, енергетска криза, со епитет инфлаторен и неразвоен, во 2024 година 5,5 милијарди евра, период кога се опоравуваме од кризите, со епитет напумпан, за да денес во 2025 година 6,5 милијарди евра без било каква криза, дека истиот е визионерски, којшто дава еден зрак светлина, односно да цитирам надеж. Ако предложениот буџет за 2024 од 5,5 за тогашната опозиција беше напумпан, мегаломански, расипнички, тогаш со какви зборови да го опишеме овој поголем за 1 милијарда евра, нагласи Лукаревска.Лукаревска истакна дека владата предводена ВМРО-ДПМНЕ скори буџет од 6,5 милијарди евра во услови кога претходната владата предводена од СДСМ ги санираше разорувачките последици од пандемиската криза, на која и се надоврза економската криза, војната во Украина, енергетската неизвесност, ценовните шокови и неминовната инфлација.Во целиот текст на буџетот провејуваат оптимистички проекции, но истите ако не се остварат ќе имаме влошување на фискалната консолидација во земјата. На пример се планира раст од 13,1% на приходи од данок на личен доход во 2025 во однос на планираните од минатата година, тоа тешко да се оствари во отсуство на овогодинешна даночна реформа затоа што слушнавме дека ќе имаме одреден напредок во 2026 година и во услови на инфлација и забавен раст на платите, рече Лукаревска, додавајќи дека покрај ова има и даночни приходи, кои се планирани да растат уште и посериозно, како и раст на БДП од 3,7% во 2025, што исто така не го зема предвид забавувањето на економијата во еврозоната, посебно во Германија.Лукаревска нагласи дека кај тековните расходи, најголем е растот масата на плати и социјални трансфери, капиталните расходи се зголемуваат повеќе од тековните расходи, што на прв поглед изгледа во ред, но треба да се постави прашањето колкав дел од тие плаќање ќе останат во македонската економија.Нема средства за унапредување на здравствена заштита преку фондот за здравство, за поддршка на земјоделството средствата се намалуваат од 128 во 2024 на 117 милиони евра. Се намалуваат средствата за поддршка на развој на мали и средни претпријатија од 80 милиони денари на 18. Тие се двигателот во бизнис заедницата, а од друга страна за поддршка на странски инвестиции има 36 милиони евра, истакна Лукаревска, и со задоволство констатираше дека оваа влада ги продолжува проектите, кои се осмислени, преговарани и договарани од претходната влада, како коридорите на Бехтел и Енка кои беа „криминален проект“, а сега се високо на агендата проектите за реализација на новата влада.Лукаревска запраша зошто има дуплирање на масата на плати во државата комисијата за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор од 63,7 милиони денари 2024, на 116 во 2025, зошто се зголемуваат платите во министерството за европски прашања од 75,9 милиони денари во 2024 на 108 милиони во 2025, зошто се зголемува масата за плати во ТИРЗ од 58 на 105 милиони денари во 2025 година и зошто се намалуваат значајно алоцираните средства за медицинска опрема за потребите на ЈЗУ во РСМ за заштита на населението од СИДА, здравствена заштита на лицата со болести на зависности и едукација на лекари и медицински персонал.Предлог Буџетот за 2025 точно ја дефинира политиката која има намера да ја тера оваа влада исклучиво за свои потреби, минимална грижа за граѓаните, максимална за себе, минимална реална посветеност и максимална пропаганда. Единствено што може да се заклучи од предложениот буџет за 2025 година е дека смело чекориме кон нови задолжувања, кои, кон крајот ќе стигнат за наплата кај секој граѓанин, без разлика на што и кој ќе го користи кредитот, каматата секако е наменета за граѓаните, порача пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

panova

(Видео) Панова: Зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати

Во текот на денешната општа расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, од собраниската говорница се обрати и пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова, при што посебен акцент и осврт даде на судството и обвинителството кои до сега немале повисоки буџети.Таа истакнува дека буџетот на судската власт е за речиси 8% поголем од буџетот предвиден за 2024 година, додека пак кај обвинителството зголемувањето е за 9,5%, но истовремено од друга страна, во последните години довербата на граѓаните во правосудството е алармантно ниска или само 2%, што е аларм дека системот не функционира како што треба и дека граѓаните не го чувствуваат истиот како средство за заштита на нивните права.„Во овој контекст, поставувањето на барањето за зголемени средства за правосудството и обвинителството мора да биде предмет на внимателен преглед. Дали повеќе пари ќе го решат проблемот? Не, ако нема реформи во самиот систем. Буџетските средства не можат да го поправат структурниот проблем што лежи во етиката и интегритетот на самите судии и обвинители“, децидна е Панова.Според неа, доделувањето на поголеми финансиски средства треба да биде условено со потполна системска реформа која истовремено ќе значи и повисоки стандарди на морал и етика во правосудството, бидејќи на нашето општество му е потребен систем кој ќе биде ефикасен, правичен и професионален.„Предлогот за зголемување на буџетот за правосудството и обвинителството треба да биде поврзан со конкретни реформи и јасни резултати. Првенствено, мора да се постават стандарди за избор и оценка на судиите и обвинителите, кои ќе бидат транспарентни и јавни. Треба да се обезбедат механизми за надзор и санкционирање на неетичкото и неефикасно работење. Сè тоа ќе биде основа за изградба на довербата што ја изгубија нашите граѓани“, заклучува Панова.

Македонија | пред 1 година

jamalov18

(Видео) Јамалов: Во 2025 година очекуваме раст на економијата од 3,7% преку реализација на капитални инвестиции во износ од 50,5 милијарди денари

Денес во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет на која што се расправа предлог буџетот за 2025 година се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој потенцираше дека во 2025 година се очекува економијата на Република Македонија да забележи раст од 3,7% и тоа би претставувало значително подобрување во споредба со изминатите години.Јамалов додаде дека предвидениот раст од 8,1% на бруто-инвестициите ќе биде поттикнато од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.„Дополнително, растот ќе биде поддржан преку поддршката на општините за реализација на капитални инвестиции со цел по рамномерен регионален развој и унапредување на животот на граѓаните во износ од нови 250 милиони евра, покрај овогодинешните 100 милиони евра. Значителен придонес се очекува и од инвестициската активност на домашните компании, како резултат на исклучително поволните финансиски средства обезбедени преку заемот од Унгарија“, рече Јамалов.Пратеникот посочи дека капиталните инвестиции се централниот елемент на предлог буџетот за 2025 година кои ќе изнесуваат околу 50,5 милијарди денари.„Со износ од 50,5 милијарди денари, или 5% од БДП, овие инвестиции ќе бидат насочени кон проекти кои ќе имаат долгорочен економски и социјален импакт. Ова создава предуслови за нов циклус на економски раст, обезбедување значително ниво на јавни инвестиции коишто се основа за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните“, истакна Јамалов.

Македонија | пред 1 година

bocvarski1

(Видео) Бочварски: Во Буџетот 2025 нема 250 милиони евра за општините

Во буџетот кој го предлага владата, нема 250 милиони евра за општините, нешто што ДМНЕ го ветуваше пред изборите и ова е уште една манипулација на власта, рече пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на Комисијата за финансирање на буџет.- Пред неколку месеци, ДПМНЕ велеше дека до крај на годината ќе бидат дадени на општините 100 милиони евра, за капитални проекти, а за наредната 2025 година, нови 250 милиони евра, исто така за капитални проекти. Еве сме, на крај на ноември нема ниту еден денар, ниту еден проект реализиран во ниту една општина од тие 100 милиони евра кој власта ги даде на општините. Денес во новиот буџет не гледаме 250 милиони евра за реализирање на капитални проекти во општините за 2025 година, туку само 100 милиони евра. Ова значи дека 2004 реализација на општинските проекти е 0, а за 2025 година, нема да има 250 милни, туку 100 милиони евра‘, рече Бочварски.Тој потенцираше дека СДСМ реализираше проекти во делот на локалните патишта, водоводи, канализации на општините со поповолен кредит, со под 1 посто камата, кредит од светска банка, за денес ДПМНЕ да земе поскап кредит и да ги дава парите по лоша методологија исклучиво по глава на жител на општините, што е погрешна политика.Бочварски кажа и дека Владата предизборите ветуваше намалување на јавниот долг, намалување на дефицитот, раст на капиталните инвестиции и повисок животен стандард.- Кога сме кај јавниот долг, власта СДСМ ја предаде во месец јуни 2024 со јавен долг од 55%, а денес во ноември 2024 јавниот долг е зголемен на над 65%. Што значи, не е точно дека новата влада ќе направи консолидација и намалување на задолжувањето, туку напротив ќе не дозадолжи за речиси нови 10% од БДП од 55 на преку 65%. СДСМ функционираше во две огромни кризи, а оваа влада на ДПМНЕ, без никаква криза за 5 месеци го покачи јавниот долг. Од овде јасно се гледа дека оваа Влада едно зборуваше пред избори, а друго прави после избори, рече Бочварски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања