Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

(Видео) Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Ljupco1

„Пред нас е Предлог Буџет за 2025 година тежок 6,5 милијарди евра, но со скратени средствата за земјоделство и земјоделците, што негативно ќе влијае на прозиводството на храна и приходите на земјоделците. Вкупниот Буџет за земјоделство, шумарство, лов и риболов за 2025 година е намален за 15%“, рече Љупчо Николовски од СДСМ.

— реклама —

„Или подетално: За 10 пати е скратена сумата предвидена за Програмата за рурален развој. Со тоа директно се крати на поддршката за инвестиции во земјоделска механизација, набавка на добиток, модернизација на земјоделски објекти, промоција на македонските производи, инвестиции во општините.

Одиме понатаму, помалку пари или воопшто не се предвидени средства за новите програми за инвестиции за малите регистрирани производители на храна и пијалоци.

— реклама —

Владата на СДСМ со правилни политики ја направи Северна Македонија лидер во искористеност на ИПАРД Програмата. Но, ВМРО ДПМНЕ очигледно не ја сфаќа важноста на европските фондови за развојот на македонското земјоделство.Во 2025 година Програмата за кофинансирање на проекти од ИПАРД 3 е намалена е за 14.5 %.

Помалку средства или за 30 % е намалена сумата за инвестиции за Програмата за изградба на системи за наводнување. Тоа значи дека земјоделците ќе бидат оставени без современи системи за наводнување, што директно ќе влијае врз нарушување на квантитетот и квалитетот на земјоделското производство.

И покрај предизборните ветувања за повисоки субвенции, за следната година нема раст субвенциите и тие се на исто или помало ниво.

Да заклучам, во Буџетот за 2025 нема ниту една нова политика или програма, се што е планирано е проект на Владата на СДСМ. Значи сега кога власта има отсуство на идеи, нашите политики се добри.

Дополнително, во предлог Буџетот за 2025 година Владата не ги зема предвид потребите на земјоделците за дополнителни субвенции за тутунаите, производителите на јаболка и оризопроизводтелите кои се соочуваат со ниски откупни цни. Очигледно за власта поважна е набавката на луксузни возила и скап мебел,отколку егзистенцијата на земјоделците и вреднувањето на нивниот труд.

Земјоделството е еден од двигателите на нашата економија. Кризите со кои се соочивме изминатите години,покажаа колку е важно да имаме домашна храна и затоа овој сектор заслужува посебен фокус.

Затоа, СДСМ со амандмански предлози и законски решенија ќе ги брани инетересите на земјоделците.Со дел од амандманите предвидуваме 700.000.000 денари за поддршка на младите земјоделци и зголемување на поддршката за Програмата за рурален развој.

Како одговорна партија која вистински го цени трудот на земјоделците, во парламентарната расправа ќе се бориме за повисока финансиска поддршка за земјоделците и повиски откупни цени, ќе нудиме предлози кои се применуваа и изминатите 7 години, а кои треба да бидат пример како една влада треба да се грижи за земјоделците и да биде рамо до рамо со нив“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1g39r2uj0nr87gNlSrN

Филипче: Системот е заробен, државата не е зрела да се укине техничка влада

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarybg2m2d9uoo61cgSXoK6

Тренчевска: Законите за минерални суровини да се повлечат, директно го загрозуваат здравјето на граѓаните

Македонија | пред 17 часа

media-libraryar8of96ps6g69CAcNWc

Од погреб прават „таен состанок“, нема средба со Ружиќ, Димитријевиќ бил на погреб, велат од СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 21 час

media-librarysflnbqcge91a9i6MjJM

СДСМ со соопштение за нивниот градоначалник во Крива Паланка: Не може да се договарате со Мицкоски, распишете референдум

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања