Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

УЈП се пофали со рекордна наплата во 2025, во буџетот се собрани над 4,4 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library11umh2gfq8r73Sy6Z9x

Управата за јавни приходи информира дека во 2025 година во државниот буџет се собрани 4 милијарди и 426 милиони евра од даноци и социјални придонеси. Ова според УЈП е 308,3 милиони евра повеќе во споредба со 2024 година.

„Приходите од ДДВ се темелат на стабилен раст на наплатата на данокот платен за промет во земјата, при што во повеќе месеци е забележан пораст од 10 до 13 проценти во однос на истиот период минатата година. Кај данокот на добивка растот произлегува од аконтативното плаќање за 2025 година на повисока даночна основица, како и од зголемената наплата на задржан данок од дивиденди и други приходи исплатени кон странски основачи и партнери на компаниите, каде што е регистриран раст од над 30 проценти. Во делот на данокот на личен доход, најголемо учество има данокот на плати кој бележи стабилен месечен раст и вкупен пораст над 10 проценти, а висок раст е остварен и кај данокот на доходите од договорни услуги, земјоделство и самостојна дејност. Кај социјалните придонеси се собрани 2 милијарди и 92 милиони евра, што е 145,2 милиони евра повеќе од 2024 година, односно раст од 7,5 проценти”, соопштуваат од УЈП.

— реклама —

Овие резултати, според УЈП се должат на засилената навремена наплата на обврските со заедничка одговорност на даночните обврзници, раното интервенирање и доследната примена на законските мерки.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ujp

Нов рок за ДДВ пријавите – УЈП апелира за навремено поднесување

Македонија | пред 19 часа

— реклама —
media-librarynp016akpm6tieujSQb4

УЈП: Истече рокот за даноците за 2025 - платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

Македонија | пред 2 дена

ujp

УЈП: Оданочувањето на приходите од странство не е нова мерка, туку постојна законска обврска

Македонија | пред 1 седмица

media-library3et5jij1mhms4pJ31Mn

УЈП тврди дека данокот за заработките од странство не е нов и дека мора да го наплатат

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања