Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДАНЕЛА АРСОВСКА

danela-arsovska

ВМРО-ДПМНЕ: „Колку е поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна“

ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека, како што велат, колку поблиску е правдата, толку повеќе поранешната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, ќе биде „бучна и нервозна“.„И посакуваме да се надмине себе си и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна, и и посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес“, се наведува во соопштението на партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека граѓаните виделе дека „подобро и поинакво Скопје може да функционира“ и дека сите надлежни институции треба да се посветат на решавање на, како што велат, „цунамито кое го остави Данела Арсовска“.Оваа реакција на ВМРО-ДПМНЕ следува по нејзината објава на ФБ во која бара од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долгови. Таа побара да се објави и списокот на сите 500 вработени, со име и презиме, и податок од кога не оделе на работа.„Три години за корка леб сите што работеа ги избрка, за да направиш место за своите партиски војници“, му порача Арсовска, додавајќи дека наместо соопштенија и „ботови“, Ѓорѓиевски нека собере храброст за јавна дебата – на медиум по негов избор.

Скопје | пред 4 месеци

komunalna-skopje

Управниот одбор на „Комунална хигиена“ бара од Арсовска итно да назначи нов директор

Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ ѝ испратил итна ургенција на градоначалничката Данела Арсовска, со барање веднаш да назначи нов вршител на должноста директор, поради сериозни проблеми во работењето на претпријатието.Во дописот, кој го потпишале членовите на Управниот одбор, се наведува дека токму градоначалничката има исклучива надлежност да именува и разрешува директори, согласно Законот за јавни претпријатија и Статутот на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.„Спротивно на вашите тврдења, сите ингеренции и надлежности за назначување и разрешување директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје ги имате исклучиво вие“, се наведува во писмото.Одборот потсетува дека Арсовска во изминатите четири години именувала пет вршители на должност и разрешила четворица од нив. Во документот се предупредува дека состојбата во претпријатието е критична, бидејќи се при крај резервите на нафта за службените возила што се користат за собирање и транспорт на отпадот. Без потпис на директор, велат од Одборот, не може да се изврши набавка на нови количества гориво.„Доколку во најкус можен рок не назначите в.д. директор на ЈП Комунална хигиена – Скопје, одговорноста за алармантната состојба со одржувањето на хигиената во градот е ваша“, стои во ургенцијата.Од Управниот одбор апелираат итно да се назначи нов раководител, „во насока на остварување на примарната дејност на претпријатието, а во интерес на заштитата на животната средина и јавното здравје“.Писмото е потпишано од сите дванаесет членови на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“.

Скопје | пред 5 месеци

media-library9svvo4pu52rl8q36fCI

И Арсовска им се извини на граѓаните за Мицкоски: „Мислев дека си чесен“

По изјавата, на премиерот Христијан Мицкоски кој за градоначалничката на Скопје рече дека е политичка грешка која нема да се повтори, стигна реакција од Данела Арсовска. Во објава на ФБ и таа им се извини на граѓаните.„Им се извинувам на граѓаните што сум мислела дека си чесен, професор и интелектуалец, не знаејќи што навистина си“, напиша таа.Посочи дека нејзината работа е блокирана од советниците од ВМРО-ДПМНЕ:„Мицкоски, несреќо, јас завршувам со борбата во која твојот претседател на Совет на Град Скопје и твоите советници 4 години го блокираа и урнисаа градот. Не гласаа за нови автобуси, не гласаа за бесплатен превоз, не дозволија да се набави нова механизација за да се чисти ѓубрето, не гласаа ништо во интерес на граѓаните за да биде задоволена твојата суета. Ни за вработување на нови пожарникари, ни за нови противпожарни возила им кажа да не гласаат“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

Скопје | пред 6 месеци

IMG_2106ll

ВМРО-ДПМНЕ: Данела Арсовска, нејзината неспособност и коалицијата со СДС и ДУИ ќе го остават Скопје повторно без јавен превоз

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања на сметка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како и нејзината коалиција со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неисполнувањето на финансиските обврски, Скопје повторно се соочува со ризик да остане без јавен превоз.„Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, посочувајќи дека фирмата „Пуцко Петрол“, која ја поврзуваат со ДУИ – коалицискиот партнер на Арсовска – е инволвирана во постапка за која, според нив, веќе имало и притвор.Од партијата тврдат дека токму „менторите“ на Арсовска, судии блиски до СДСМ и ДУИ, помогнале да се избегне понатамошна истрага, и нагласуваат дека „против Пуцко Петрол има постапка за која тој ќе одговара“.Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла, како што ги нарекуваат, „детските досетки“ на Арсовска, со повик да престане да создава хаос и да почне да ги исполнува своите финансиски обврски, наместо да фабрикува кризи со помош на пријателите од ДУИ и СДСМ.Партијата предупредува дека ваквите потези можат да доведат до целосен колапс на јавниот превоз во главниот град.

Скопје | пред 6 месеци

IMG_2107

„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка, туку редок случај на казна оти си јавна личност“

Инфлуенсерката под псевдонимот Ина Многуфина реагираше на социјалните мрежи по повод судскиот епилог во случајот со нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа смета дека казната што ја доби напаѓачот не претставува системска победа за жените, туку исклучок поради тоа што жртвата е јавна личност и функционер. Реакцијата доаѓа откако Арсовска, пресудата ја нарече „системска победа за секоја жена и мајка“.„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка. Ова е редок случај на казна поради тоа што си јавна личност и градоначалник и поради тоа што јавноста реагираше. Невидливите жени немаат се уште победа. Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати. Пред некој месец една жена жртва, оперирана од канцер, си го дочека насилникот дома, иако на рочиште 3 минути и ги читаа повредите, постапката за забрана за приближување беше поспора од неговиот пат до жртвата.Системот има уште многу да работи, а во тоа можат да помогнат жените кои успеваат да стигнат до битни функции и да направат нешто за другите жени, да влијаат и да се залагаат на друго ниво во нивниот мандат. Ама тоа некако не се дешава. Далеку сме од системска победа, ова е победа за заштита на институцијата и твоја како носител на функција. И тоа е добро, но да си дочекаат сите за нивните насилници. Вклучувајќи го и оној вчера во Кавадарци што ја тепал жена му од 68 години на сред улица. Затоа се силат, пошо казните за невидливите се невидливи“, напиша Ина Многуфина.

Коментари | пред 6 месеци

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Кривичен суд: Напаѓачот на Данела Арсовска останува во притвор до правосилност на пресудата

Основен кривичен суд Скопје ја известува јавноста и медиумите дека судот на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата по предметот К.бр.1338/25, со која обвинетиот С.Љ. го огласи за виновен за сторено кривично дело – Насилство од член 386 став 3 вв со став 1 од Кривичниот законик, по што му изрече казна затвор во траење од 2 – две години, а заради тоа што на 11.07.2025 година извршил грубо насилство врз градоначалничката на Град Скопје,Согласно член 47 од Кривичниот законик, во изречената казна затвор на обвинетиот С.Љ. му се засметува и времето поминато во куќен притвор, преиначена во мерка притвор.Против ваквата пресудата странките имаат право на жалба во рок од 8 – осум дена по приемот на пресудата, преку овој суд до Апелациониот суд Скопје.По однос на мерката притвор, судот одлучи да се продолжи до правосилност на пресудата, односно до започнување со издржување на казната затвор, но не подолго од 60 – шеесет дена.

Скопје | пред 6 месеци

IMG_2106ll

Напаѓачот на Арсовска доби две години затвор

Две години казна затвор му е изречена на Сулејман Јамалари, осуден дека физички ја нападнал скопската градоначалничка Данела Арсовска. Кривичниот суд ја изрече пресудата и го огласи за виновен, а во казната му се пресметува и времето поминато во притвор.Тој ќе остане во притвор се до правосилност на пресудата.Јамалари е осуден бидејќи ја удрил по лице и раката, а потоа со нога во потколеница. Тој беше гонет за грубо насилство и предизвикување на чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.

Скопје | пред 6 месеци

Koseto-spom

Професорката Жанета Трајкоска до Данела: Нема дрвја, воздух, вода – ама Ќосето ви е најважен!

Во Скопје одамна нема живот. Нема дрвја, нема сенка, нема воздух. Плоштадот личи на панаѓур, а некогашните зелени површини се сега паркинзи и бетонски гробишта. Градот е убиен полека, систематски, со години. Но важно Ќосето се врати. За него имаше време, пари, одлука. За граѓаните – нема ништо. И професорката Жанета Трајкоска го кажа тоа гласно, откако градоначалничката Данела Арсоска повторно го постави споменикот на контоверзната историска личност, Ќосето.-Пиколомини не ви е рамен, напиша таа во објавата на ФБ.

Коментари | пред 8 месеци

koseto-spomenik

(ФОТО) Данела Арсовска го врати споменикот на Ќосето среде ноќ!

По неколку години отсуство, споменикот на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето повторно е поставен, а градоначалничката Данела Арсовска објави и фотографии од споменикот кој беше отстранет во времето на претходното градско раководство.Контроверзната статуа беше отстранета од поранешниот градоначалник Петре Шилегов во февруари 2018 година, бидејќи бил дивоградба, а беше поставен пред судовите во 2014, кога градоначалник беше Коце Трајановски.-Споставувањето на спомен обележјето во чест на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето, оддаваме признание за неговиот неуморен дух и саможртва во борбата за слободна и независна Македонија.Андон Лазов Ќосето, познат по својата борбеност и непокор, е симбол на македонската историја и еден од истакнатите учесници во Илинденското востание. Неговата улога во револуционерното движење е од непроценливо значење за денешната слобода и независност на нашата држава.

Скопје | пред 8 месеци

ojo-1

Обвинение за насилство врз Арсовска – притвор за напаѓачот, ослободен второпријавениот

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 11 јули, на улицата „Севастополска“ во Скопје, обвинетиот извршил грубо насилство врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, со кое предизвикал телесна повреда кај оштетената и чувство на несигурност, загрозување и страв во јавноста.Додека градоначалничката заедно со овластени службени лица, присуствувала на локација по претходна пријава на граѓани во врска со бесправно градење и неовластено приклучување на водоводна и електропреносна мрежа на објект, обвинетиот пристигнал со електричен тротинет и ѝ се приближил заканувачки.Потоа физички ја нападнал, удирајќи ја најпрво по лицето и раката, а потоа со нога во пределот на левата потколеница. Откако присутните униформирани полициски службеници реагирале да го спречат во намерата, продолжил и вербално да ја навредува и да и се заканува.Јавниот обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, за кој и натаму постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото.За истиот настан, за насилство со вербални закани кон градоначалничката беше пријавено уште едно лице, меѓутоа по прибирање на сите докази, вербалните искази на сведоците и оштетените, како и извршеното препознавање со соочување се утврди дека оштетените не го препознаваат пријавеното лице како сторител на заканувачки и насилнички дејствија кон нив.Бидејќи не постојат материјални и вербални докази од кои неспорно би се утврдила кривична одговорност на второпријавениот за конкретното кривично дело, јавниот обвинител донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против него и на судот му предложи да ги укине претходно определените мерки на претпазливост за тоа лице.

Скопје | пред 8 месеци

247555514_648706932808887_4536265235057398963_n

Куќниот притвор заменет со мерка притвор за нападот на градоначалничката на Скопје

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата како и одговорот на жалба, донесе решени со кое жалбата е основана и мерката куќен притвор за осомничениот С.Љ. ја замени со мерка притвор.-Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство од чл. 386 ст.3 вв ст.1 од КЗ, а поврзано со нападот на градоначалничката на Град Скопје, кој на 12.07.2025 год. беше спроведен во судот, првично му беше определена мерка куќен притвор. Но, советот смета дека опстојуваат околностите од чл.470 ст.1 т. 1 и 2 од ЗКП односно Опасност од бегство и Околности кои оправдуваат дека може да го повтори делото, па заради тоа му определи мерка притвор во скратена постапка, се наведува во соопштението.По доставеното решение, од надлежната Полициска станица добиено е известување дека лицето е веќе спроведено во Затворот Скопје.

Скопје | пред 8 месеци

danela-arsovska-b

Градоначалничката Данела Арсовска била физички нападната, сама побаралa лекарска помош во ГОБ „8 Септември“

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска била физички нападната, но добила и вербални закани.На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул."Кумбара" физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош.

Скопје | пред 8 месеци

IMG_2107

Град Скопје лидер меѓу општините во плаќање адвокати: Данела само лани им исплатила 214 илјади евра, покажува истражување

Градот Скопје лидер меѓу единиците на локална самоуправа Сите општини и Град Скопје, во 2023 година исплатиле 67.269.053 денари или 1,1 милион евра за адвокати по различни основи, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.„Најчеста основа е за „правни услуги“, потоа „трошоци по извршни исправи“ и „плаќања по судски решенија“. 40-тина проценти од исплатената сума од 1,1 милион евра е за адвокати кои општините сами ги ангажирале, додека останатите 60 % се за исплатени адвокатски услуги по други основи како извршни исправи, судски решенија итн.Од 81 единица на локална самоуправа, 72 имале исплати за користење на адвокатски услуги во 2023 година, додека општините Босилово, Валандово, Градско, Делчево, Зрновци, Јегуновце, Карбинци, Липково и Пласница не користеле услуги на адвокати, ниту исплатиле адвокати врз други основи.Една четвртина од општините исплаќаат месечен паушал на некој адвокат, во ист или приближно ист износ.Градот Скопје потрошил 13.157.312 денари или 214 илјади евра за адвокати во 2023 година, односно 21,5 % од вкупниот износ кој го исплатиле сите единици за локална самоуправа заедно. Овие средства се исплатени на вкупно 106 адвокати чии што услуги Градот Скопје ги користел или морал да им исплати во 2023 година.Општина Гази Баба е на второто место со исплатени 7.589.821 денари или 123 илјади евра што претставува 11,3 % од вкупниот износ кој го исплатиле сите единици за локална самоуправа. Овие средства се исплатени на четири адвокати, од кои 81 %, односно 6.152.377 денари или 100 илјади евра на адвокат Влатко Ристовски, што воедно е и највисокиот износ кој една единица на локална самоуправа го исплатила на еден адвокат. Основата за исплата е за „изградба на пречистителни станици и колектори“.Во однос на вкупниот број на исплатени адвокати повторно на врвот е Град Скопје со 106, пред Општина Битола со 60 и Општина Куманово со 35“, стои во истражувањето.

Скопје | пред 1 година

IMG_2109

(Видео) Кумата на хаосот, Арсовска, го води Скопје кон целосен мрак, не поднесе предлог буџет за 2025, вели Кирков

„Нема крај на скандалите кога станува збор за Данела Арсовска. Арсовска сега не поднесе предлог буџет за 2025 година во законскиот предвиден рок. На град Скопје сега му се заканува целосна блокада. Се случи тоа кое го предвидувавме со месеци наназад и апелиравме неколку пати. Стравувавме дека сценариото за целосна блокада на Град Скопје може да стане реалност. Сега тоа и се случува“, рече Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје.„Кумата на хаосот во Скопје, при крај на нејзиниот мандат поддржана од коалицијата ЛЕВИЦА - СДС – ДУИ продолжува со црните сценарија за град Скопје.Во историјата на град Скопје до денес се нема случено да биде доведено во прашање функционирањето на градот во целина.Без буџет за следната година град Скопје ќе биде под целосна блокада, нема да функционираат и онака нефункционалните јавни претпријатија, установите во Град Скопје. Или ќе биде блокирана ионака нефункционалната Комунална хигиена, ЈСП, нема да функционираат претпријатијата како Водовод, Паркови и зеленило, Улици и патишта, Градски паркинг, депонијата Дрисла, Лајка. Тука е и Градската библиотека Браќа Миладиновци, МКЦ, Културно информативниот центар, Музеј на Град Скопје, Зоолошка градина, Детски културен центар и останати.Со еден збор град Скопје ќе доживее целосен мрак.За работите да станат појасни, вчера измина последниот ден за доставување на предлог буџет до Совет и до Град Скопје. Ова е рокот предвиден за работа на Градот и Советот, а објавен како документ во службено градско гласило.Данела Арсовска не поднесе буџет и со истото го остава Скопје, сите јавни претпријатија, установи и повеќе од милион жители да бидат нејзин заложник.Како советничка група на ВМРО – ДПМНЕ ги повикуваме сите државни институции, Владата, веднаш да пристапат кон решавање на овој проблем!Скопје не смее да биде заложник на Данела Арсовска подржана од СДС-Левица-ДУИ!За ваков преседан кој го води Скопје кон целосен мрак, Данела Арсовска мора да одговара!“, изјави Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на град Скопје.

Скопје | пред 1 година

Panovski-vo-Pretres-2

(Видео) Пановски: Градоначалничката Арсовска нема да се повлече, но ќе ја издржиме

„Данела не сум ја видел на велосипед, а Шилегов го видов како поправа ланец“, рече во „Претрес“ советникот Никола Пановски, апелирајќи да се вози велосипед, а не возило.На прашање од гледач на „Претрес“, дека Скопје преживеа и земјотрес, ќе ја издржи и Данела, Пановски рече: „да, ќе издржиме уште девет месеци“.„Нема да се повлече, убеден сум, ќе преживееме но ќе има последици. Апелирам и до советниците од ВМРО-ДПМНЕ да не се инаетат”, рече Пановски.

Скопје | пред 1 година

Panovski-vo-Pretres

(Видео) Симпатична, размазена и неодговорна, вака Никола Пановски ја опиша Данела Арсовска

„Во Скопје работата е влошена, сѐ оди надолу, во име на град Скопје се пуштаат безобразни соопштенија, нема транспарентност.Градоначалничката е на пат и не сака да губи време со нас на советнички прашања, ни рече секретарот за отсуството на Данела Арсовска“, рече во „Претрес“, советникот во град Скопје од редовите на ЛДП и микробилог Никола Пановски.„Опкружена е со луѓе кои не ѝ ја кажуваат вистината. Ни советниците веќе не ги памтат директорите. До сега Советот не доби ни збор за патувањата на градоначалничката. Како да ја прашаме кога не постои, ја нема”, рече Пановски.„Таа“, рече, „им одговара невоспитано на советниците.Таа е лесна на навреди“.„Симпатична, размазена и неодговорна“, вака со три збора ја опиша Данела Арсовска.За Трајко Славевски рече дека е стручен, но под влијание на неговата партија.

Скопје | пред 1 година

mickoski-arsovska

Арсовска до Мицкоски: Aко јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

„Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш “патриоту” Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа реформа, ти го колабираш со своите полтрони советници јавниот превоз“, реагира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.„Мицкоски, ти не гласаш за нови автобуси затоа што побарав сите партии во советот на Град Скопје да се вклучат во избор на спецификација и услови за набавка, ама така ти “патриоту” Мицкоски нема да можеш да преговараш со производители на автобуси како што правеше на почетокот на мандатот кога за тебе бев најдобриот менаџер во Европа.Ајде „патриоту“ Мицкоски одлучи се, или сум јас најдобриог менаџер во Европа кој ТИ со твоите мицковистички полтрони во советот го саботираш, или сум најлошиот градоначалник кој е ТВОЈ избор, градоначалник кој ТИ го молеше да го поддржиш на избори бидејќи твоите кандидати не ти се допаѓаа и не ти биле доволно градски луѓе.„Патриоту“ Мицкоски, се што разбра јавноста за тебе во овие изминати години е дека не може да ти се верува, исто како за враќање на името на Македонија, исто како за уставобранителите, исто како и за набавката за нафта за ЈСП која преку твојата директорка Богева ја поништи, за да креираш криза од која сега ќе не спасуваш!“, се додава во реакцијата на Данела Арсовска.Претходно ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение ја нарекоа Арсовска „самопрогласена реформаторка на јавниот сообраќај која повторно го довела главниот град на раб на колапс“. Од ВМРО-ДПМНЕ ја прогласија градоначалничката за „кума на хаосот“.„Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс. Неспособната Арсовска која е и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност“, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska-b

(Видео) Арсовска нема да се кандидира за нов мандат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска изјави дека нема да кандидира за нов мандат.Денеска по примопредавањето на новите еколошки автобуси за потребите на ЈСП, Арсовска рече дека не планира да соработува со луѓе кои знаат само да саботираат и блокираат.„Би сакала да им посакам барем еднаш да покажат и да докажат прво пред граѓаните дека она што го кажуваат, ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка. Јас кога се кандидирав за градоначалник, ја имав поддршката од ВМРО-ДПМНЕ којашто, за жал, не успеа да се надмине себеси. Суетите се преголеми за да дозволите некој да работи без да му кажувате што и како да прави. Благодарам, но јас со такви луѓе кои знаат само да саботираат и да блокираат не би сакала никогаш повеќе да работам“, рече Арсовска.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska2

ЛДП: Скопје не смее повеќе да биде во заложништво на волјата на Данела – оставка веднаш!

Доколку сите политички партии го поддржаа ланскиот предлог на ЛДП за воведување законска можност за отповикување на градоначалник односно свикување на референдум, со кој ќе се разрешеше градоначалничката Данела Арсовска, денешниот колапс на јавниот превоз и високиот степен на аерозагадување, кое Скопје го однесе на првото место во Европа по загаденост, немаше да се случат, велат од ЛДП.„Однесувањето на градоначалничката Арсовска, наместо на вистинска „мајка на градот“, изгледа на однесување на разгалено дете.Колапсот на градскиот превоз изминатите 2 денови е последното дно кое го допре моменталното градско раководство, „оперирано“ од срам, било каква одговорност и чувство за последици кон сите граѓани кои живеат, но и оние кои престојуваат или транзитираат низ главниот град.Секојдневните смени на директори на јавните претпријатија, хаосот во работењето на градските служби, нехигиената во градот, запоставувањето на Зоолошката градина, загадениот воздух се само дел од причините зошто Данела Арсовска мора час поскоро да ја поднесе оставката и да се надмине оваа агонија која скопјани ја живеат секој ден. Покрај општото безредие кое владее во градот изминатите години, колапсот на јавниот превоз и измрзнатите граѓани по автобуските станици утринава се дополнителни аргументи предлогот на ЛДП за отповикување на градоначалници да биде поддржан во Собранието по итна постапка.Градоначалничке Арсовска, наместо празни обвинувања на сѐ и секој кој не размислува како Вас, имајте доблест, покажете одговорност кон оние кои ве гласале, поднесете неотповиклива оставка и спасете ги граѓаните и овој град од вашето „менаџирање“!Само со заминување на Арсовска од позицијата на градоначалник, ќе се отвори можност да се засукаат ракавите и со напорна работа, да се исконтролира штетата предизвикана од овој мандат и да се постават работите во вистински правец. Во спротивно, не само што ќе продолжи, туку агонијата на Скопје и скопјани ќе станува сѐ поголема секој нареден ден.Во оваа насока, советникот од редовите на ЛДП во Советот на Град Скопје, Никола Пановски, се потпиша и даде поддршка на иницијативата за свикување денеска на итна седница на Советот, со цел изнаоѓање на брзи и ефикасни решенија за моменталната состојба во која се наоѓа Скопје“, соопшти ЛДП.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

(Видео) Протест пред канцелариите на Арсовска поради проблемите со јавниот превоз

Протест пред канцелариите на Данела Арсовска поради проблемите со јавниот превоз, најави Курто Дудуш, градоначалник на Шутка.„Секој ден се соочуваме со проблем, со немање јавен превоз, со саати чекање на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова ладно време, на минусни температури, нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три саати да чекаат автобус и тоа да биде како на лотарија - ќе дојде или нема да дојде“, рече градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш.Како што најави Дудуш, мирниот протест ќе се одржи в петок од 13 часот.

Скопје | пред 1 година

danela-nikola

„Данела е лажга, така пресуди судот“, кажа Наумоски

„Данела е лажга. Така пресуди судот денес, речиси три години откако Данела пред новинари и камери ме клеветеше дека сум трошел градски пари за да јадам и пијам по кафани. Во овие три години таа вешто ги избегнуваше сите судски покани, избегнуваше и одолговлекуваше, а на крајот не приложи ниту еден доказ за наводното трошење. Иако на располагање ја има целата архива на градот и сите документи, таа не успеа да најде ниту една инкриминирачка сметка, фактура, налог, било што со што ќе може да ја поддржи нејзината лага“, напиша на социјалните мрежи, Никола Наумоски, поранешниот шеф на кабинет на ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.„Знам дека медиумите кои тогаш ја проследија оваа лага и кои не го објавија мојот тогашен демант, нема ни денес да се потресат за да ја објават одлуката на судот. Написите и ден денес стојат во нивните архиви. Не е тоа никаква правда после три години да добиеш судска пресуда, спротивна од осудата во јавноста. На луѓе како Данела тоа не им е важно, затоа што се луѓе без образ, кои не ги болат лагите (или вистините) кажани во јавност за нив. Мене ме болеше, а и моите блиски, па затоа морав да инсистирам на судска разрешница, а сега ќе инсистирам и на отштета и што поголемо и посуштинско јавно извинување од најдобрата менаџерка која некогаш чекорела по оваа скопска котлина“, додаде Наумоски.Тој поднесе тужба за клевета на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во март 2022 година.

Скопје | пред 1 година

zmija-gluvci

(Видео) По глувците, сега и змија се прошета низ скопскиот плоштад

Змија си се прошета на скопскиот плоштад „Македонија“. Ова е вторпат за краток период, граѓаните да бидат сведоци на ваква слика.Кај Романска амбасада на ул. Рајко Жинзифов беа снимени мачка и глушец кои се бркаа.Убиен глушец беше снимен и пред една недела. Беше оставен мртов на мостот покрај кејот на Вардар, каде постојано има туристи.Дали се прави дезинсекција и од каде појавата на змии и глувци низ центарот на градот - не е познато. Она што е јасно е дека скопската градоначалничка Данела Арсовска нема одговорено на над 15 дописи со прашања од нашата редакција - меѓу кои, многу во кои прашуваме и за хигиената во Скопје. Дел од граѓаните имаат впечаток дека појавата на глувци и змии е резултат на нечистотијата која владее.

Скопје | пред 1 година

danela-arsovska

„И честитаме на градоначалничката Арсовска, освен за врева, за ништо друго не ја бива“, велат од општина Гостивар

„И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно“, велат од општина Гостивар.„Скопје, како главен град, заслужува модерни решенија, но за жал, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија. Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија?Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле.Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите.Арсовска мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје заслужува подобро, а ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа“, соопшти општина Гостивар.

Скопје | пред 1 година

Ljubica1

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа“, кажа Јанчева

„Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа! Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и во сите други области“, рече Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.„Наместо да ги исполнат ветувањата за инвестиции и модернизација на јавниот превоз, станавме сведоци на епско потфрлање и тотален хаос во јавниот градски сообраќај.Пред само 3 години ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси, дури и бесплатен превоз. Ниту едно од ветувањата на ДПМНЕ не е остварено.Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради надостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје.Одговорноста лежи кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се против проектот БРТ, и намерно не гласаат за набавката на нови автобуси, кои ги ветуваа, како и кај Владата на Мицкоски која не презема никакви мерки.Наместо да се грижат за потребите на скопјани, тие се фокусираат на своите неуспешни бизнис интереси и сојузништва, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со хаосот. ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност се најголемите виновници за катастрофата во јавниот превоз во Скопје“, изјави Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

Скопје | пред 1 година

1-3

Ѓорѓиевски: Поради неспособноста на Арсовска учениците не можат да стигнат до училиштата

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на МТВ посочи дека состојбата во Град Скопје предводен од Данела Арсовска, како и во градските претпријатија е катастрофална, нагласувајќи дека тоа, за жал, преку Јавното сообраќајно претпријатие го чувствуваат сите патници, меѓу кои и учениците.-Со постоечката законска регулатива во делот на јавниот транспорт не постои можност за одземање на таа надлежност. Сите градоначалници од скопските општини на заедничка прес -конференија упативме апел и загриженост за состојбата во ЈСП. Ние обезбедуваме финансии за превоз на ученици, а тој не е редовен, а некаде и воопшто го нема. Конкретно, во Усје за тоа пред неколку дена имаше протест од жителите. Покрај проблемите со хигиената, со ЈП Паркови и зеленило, сега сме сведоци дека градоначалничката Арсовска преку ЈСП продолжува да се изживува со сите скопјани, меѓу кои се и најмладите ученици, со тоа што не обезбедува соодветни услови за транспорт за да стигнат до своите училишта, изјави Ѓорѓиевски.Тој потенцираше дека во рамки на ЗЕЛС, во координација со Владата и со ресорното министерство се подготвуваат законски измени кои би овозможиле одземање на ингеренции на одреден градоначалник, додавајќи дека се подготвува и законски механизам за предвремено отповикување на одреден градоначалник доколку не ја оправдува довербата дадена од граѓаните на локални избори.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања