Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ

25fcc0c8-a1a1-46f3-b832-45146e50701b

(Видео) Незаконскиот договор на приватниот српско-бугарски коцкарски монопол им овозможи профит од над 100 милиони евра, велат од ДУИ

Демократската унија за интеграција преку прес конференција откри „скандалозни податоци за најголемиот криминал во последната деценија преку злоупотреба и искористување на институциите“.„Демократската унија за интеграција вчера откри скандалозни податоци за најголемиот криминал во последната деценија преку злоупотреба и искористување на институциите.Вчера откривме дека коцкарскиот монопол во државата под контрола на српско-бугарската приватна компанија го финансирала новиот директор на државната лотарија Климовски со над 140.000 евра, додека тие за себе заработиле над 100 милиони евра на сметка на државата и граѓаните.Оваа огромна добивка, омилената српско-бугарска компанија на Изет Меџити и Арбен Таравари, ја оствари со целосно незаконски Договор“, велат од ДУИ.„За депозит од само 1 милион евра, без согласност на Комисијата за заштита на конкуренцијата, на приватната српско-бугарска компанија и се дава монопол, со државна заштита, и и се овозможува да оствари профит од над 100 милиони евра.Во договорот за основање на трговското друштво не е предвидено ниту времетраење на договорот ниту начин на неговото раскинување.Членот 17 од договорот е целосно спротивен на член 7 став 3 од Законот за коцкање.Имено, Законот ја обврзува Државната лотарија на Република Македонија при основање на вакво трговско друштво, не само да има мнозинство во капиталот од најмалку 51%, туку и во одлучувањето.Членот 17 од Договорот предвидува дека се носат низа одлуки (како оние за распределба на добивката, избор на членови на надзорен и управен одбор...), вклучувајќи ја и Одлуката за измена на договорот за основање на друштвото. со мнозинство од 100% од гласовите на содружниците.Со вака напишаната одредба во Договорот, Државната лотарија на Република Македонија не само што нема мнозинство во одлучувањето и следствено на тоа нема контрола поради јавниот интерес, туку и дава право на вето на српско-бугарската приватна компанија.Ова е незаконски, го оштетува буџетот, го прекршува законот и треба веднаш да се укине и да се одговара.А, кога ги откривме овие фрапантни скандали, во одбрана на српско-бугарската приватна компанија, како што очекувавме, излезе ВРЕДИ.Вреди, Изет Меџити Меџити и Арбен Таравари се ставија во целосна услуга на монополот во коцкарската индустрија на српско-бугарската приватна компанија и директорот на Лотарија Александар Климовски бидејќи се финансирани од нивните.Вреди ги измами Албанците, го именува Амет Мифтари заменик-директор во Лотарија, не затвори ниту едно казино, кладилница, слот клубови, дури ни онлајн коцкањето не го укина, двапати по ред гласаше против нивното затворање во Собранието и продолжува слепо да и служи на коцкарската индустрија“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-2

Мицкоски да ги објави СМС пораките денес, побара ДУИ

„Премиерот на Владата без етнички легитимитет Христијан Мицкоски и по цели 12 часа не ги објави своите тврдења за СМС пораки што наводно ги примил од високи функционери од редовите на Демократската унија за интеграција. Сите ние во ДУИ бараме Мицкоски да ги објави тие СМС-пораки денеска, веднаш, без одлагање“, велат од ДУИ.„Премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи и проекти, но и во меѓународна изолација, фатен во тесно во Собранието, измислува за да излезе од секојдневните срамни ситуации.Се што беше кажано од оваа власт беше демантирано, се, без исклучок.Станот во Бутел со вооружени луѓе, неговиот завет дека никогаш нема да ги признае уставното име и договорот од Преспа, дестабилизацијата во септември, „епскиот криминал“ со Коридорот 8, дури и купувањето парцели на патот Скопје-Блаце, укинувањето на 78% покачување на платите на функционерите и се останато се покажа како измама.Исто и „смс“ пораките од ДУИ упатени до Мицкоски се лага.ДУИ се залага за европска Македонија, со неселективно владеење на правото, етничка еднаквост и добрососедство, приоритети кои за жал, Владата без етнички легитимитет не ги дели, туку напротив не оддалечува од Европа како и од добри меѓу етничките и меѓусоседските односи“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

dui

ДУИ: Демантирана уште една лага, Николоски потврди дека никој од ДУИ не купил земјиште на патот Скопје - Блаце

„Демократската унија за интеграција смета дека уште една голема лага на ВМРО ДПМНЕ и на Александар Николоски е целосно демантирана, бидејќи и самиот Николоски во Собранието потврди дека никој од редовите на ДУИ не купил земјиште на патот Скопје - Блаце, како што тој обвинуваше со недели“, велат од ДУИ.„Во Собранието, Николоски откри имиња на 4 фирми кои за свои потреби купиле земјиште во близина на трасата Скопје - Блаце, а ниту една од нив нема ниту една единствена врска со ниту еден функционер на Демократскиот сојуз за интеграција.ДУИ бараше Николовски јавно да ги открие сите имиња на функционери на ДУИ кои, според него, купиле земјиште на патната оска Скопје - Блаце.Николоски вчера во Собранието се демантираше себеси и ВМРО ДПМНЕ.Секојдневните ретерирања на Владата, како за коридорот 8, така и за автопатот Скопје - Блаце, покажуваат несериозност и леснотија на ширење лажни вести од самата влада и владините министри без етнички легитимитет.Граѓаните се убедени дека тврдењата на ВМРО и Влен треба да се земат со голема резерва бидејќи тие се предомислија за секое прашање и ги негираа нивните лажни обвинувања.Неколкугодишниот политички лов на вештерки целосно пропадна имсе демонтира, вистината победи“, соопшти ДУИ

Македонија | пред 1 година

464857401_1129540439171395_6907907167970668409_n

(Фото) Пратеници на ДУИ протестираа пред Мицкоски додека говореше

Пратеници на ДУИ со транспаренти излегоа пред Владата и премиерот Христијан Мицкоски во знак на протест, дека Владата не е легитимна за Албанците. Според ДУИ, тие немаат претставник во Владата.„Без етничка припадност, нема охридски договор“, стоеше на еден од транспарентите, а кој алудираше на укинатиот Балансер.„Денес “големите команданти” Муса Џафери и Садула Дураки стоеја мирно пред премиерот Христијан Мицкоски, држејќи банерчиња во раце. ДУИ е демонтирано и од нив повеќе ништо не зависи“, вели Бране Петрушевски.

Македонија | пред 1 година

mickoski1-1

(Видео) Мицкоски има СМС пораки во кои ДУИ се нуделе да бидат дел од Владата, со помалку функции од тоа што барале ВЛЕН

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање од Блерим Беџети, му посочи дека има СМС пораки со понуди ДУИ да влезат во Владата со уште помалку раководни кадри.Мицкоски понуди да ги покаже пораките, но на ова Беџети не реплицираше.Ваквата понуда од Мицкоски дојде откако претходно Беџети рече дека Владата нема легитимитет кај Албанците. Мицкоски им посочи на ДУИ дека имаат четири години да се реформираат, па да пробаат да се вратат на власт.

Македонија | пред 1 година

dui

ДУИ: Целосното ретерирање на Владата за Коридорот 8, ја потврди чистотата на проектот

„Демократската унија за интеграција смета дека целосното ретерирање на Владата без етнички легитимитет, ја потврди чистотата на проектот Коридор 8 и постапките на претходната власт“, велат од ДУИ.„Две години по ред, ВМРО и Влен се противеа и го опструираа проектот, ветија дека ќе го укинат, но без да сменат ниту една точка или запирка во договорот ниту во цената, го прифатија, продолжија, го нарекоа историско достигнување и се обидоа да го присвојат.Граѓаните знаат дека овој проект е осмислен, подготвен, договорен, потпишан, со ставен камен-темелник и со започнати градежни работите за време на Владата 2020-2024 година.Следен чекор за овој проект би требало да е Владата да ја врати одлуката делницата од Гостивар до Букојчани да се реализира со тунел, а не со планински автопат, бидејќи тунелот е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот.Повеќегодишниот политички лов на вештерки пропадна и вистината излезе на виделина, се за доброто на граѓаните“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

db60cb35-efb3-4efd-ae02-bb63ea3a64b7

(Видео) Коридорот 8 се докажа и потврди како еден од најважните наши проекти со стратешка релевантност, велат од ДУИ

Демократската унија за интеграција преку прес конференција изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада, како што велат, без етнички легитимитет.„Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10д продолжува, и покрај тоа што истиот се реализира од влада без етнички легитимитет. Ова само го потврдува нашиот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура“, соопштуваат од ДУИ.„Не можеме да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротивставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување, денес го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за подобрување на нејзините врски со регионот и Европа.Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните, и секојдневните резултати ги убедуваат тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка.Наспроти критиките, бараме овој важен проект успешно да се реализира. Исто така, апелираме за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојќане, оценувајќи го како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8.ДУИ бара предвидените средства за овој проект да се искористат според планирањето, без непотребни пречки или одложувања.Овој проект го носи печатот на ДУИ, го носи печатот на нашата посветеност за заедничкото добро и за подобра иднина на Северна Македонија“, соопштија од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

koridor-deset34

ДУИ: Нашиот проект Коридор 8 се докажа и потврди како правилен и визионерски

„Демократската унија за интеграција цени дека продолжувањето на работите на коридорот 8 дури и од страна на Владата без етнички легитимитет ја докажува и потврдува нашата правична и визионерска политика.Партиите кои денеска го фалеа и се гордееа со проектот, до вчера го критикуваа договорот и изградбата на Коридорот 8 со закани дека ќе го откажат договорот, а денеска го нарекоа историски проект“, велат од ДУИ.„Граѓаните секојдневно ги чувствуваат придобивките од нашите политики и се убедени дека целиот политички лов на вештерки со клевети и конструкции беше измама за да се дојде на власт, дури и без етнички легитимитет.Коридорот 8, иако го носи печатот на ДУИ, е на сите граѓани и апелираме тунелот од Гостивар до Букојчани да се реализира бидејќи тоа е најдобрата и најрационална опција за овој дел од коридорот.Исто така, предвидениот буџет за овој проект мора да се реализира како што е утврден за да нема намерни опструкции и политички доцнења во реализацијата на проектот“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-val-2

Ахмети со шефот на ОБСЕ Вал: Водиме битка за достоинство, еднаквост и Европа, нас не нè интересира власта

Во седиштето на Демократската унија за интеграција, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Килијан Вал.Претседателот Ахмети и амбасадорот Вал разговараа за многу прашања во земјата и регионот, меѓу кои евроинтеграциите, приоритетите на ДУИ за земјата и граѓаните, легитимитетот, ситуацијата во Северна Македонија и Косово итн.Ахмети му порача на Вал дека ДУИ, без никакво сомневање и со сите сили, останува недвосмислен промотор на европскиот дух и пријателството со Америка кај нас, па затоа преговарачката рамка со Европската унија мора да ја спроведеме без одлагање.„Партнерите во власта без етнички легитимитет ветија дека за 3 до 6 месеци ќе го сменат Уставот. ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската унија.ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа влада, туку води битка за национално достоинство од секојдневното погазување и за почитување на Охридскиот договор како и евроатлантската ориентација на државата.Нас не нè интересира власта и под никакви околности оваа наша битка и битката на Албанците не е и нема да биде страст за власт.Потписниците на Охридскиот договор треба да бидат алармирани за овие сериозни нарушувања на меѓуетничките односи и еднаквост“, соопшти ДУИ.Ахмети посочи дека Уставниот суд со прегласување по политичка наредба ја избришал етничката припадност, а на ред е и албанскиот јазик.„Овие одлуки се неприфатливи за нас. Во меѓувреме, во регионот, албанско-српското помирување со взаемно признавање меѓу Косово и Србија е неопходност и само тоа ќе донесе мир, стабилност, безбедност и регион со перспектива, додека голем историски договор во регионот е потребен и за посветеност за незагрозување на територијалниот интегритет на Северна Македонија од нејзините соседи.Овие историски и визионерски процеси мора да ги гарантираат Соединетите Американски Држави и Европската Унија“, се додава во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

СДС и ДУИ испроектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти, дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони, вели Петрушевски

„СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит на поединци. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран по траса која ќе ја чини државата 300 милиони евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Каде е проблемот? Избрана е траса по која одредени луѓе непосредно пред да почне проектот купувале имоти. Очигледно е дека врвот на ДУИ и СДС сакал сериозно да профитира од експропријацијата и траса со многу тунели.За ова е информирано ЈО и очекуваме постапки. Народот очекува одговори дали претходната власт сакала да инкасира милиони преку блиски лица. ЈО да покрене постапка и даде одговори.Македонија нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по далеку помала цена.Загуба за државата нема да има никаква, ќе има само за луѓето блиски до поранешната власт кои сакале да инкасираат милиони.Недозволиво е да се трошат стотици милиони евра за проекти кои може да чинат многу помалку.СДС и ДУИ не работеле за да направат автопат туку за да профитираат. Неодговорното и неспособното однесување заврши со нив.

Македонија | пред 1 година

dui

ДУИ: ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците

Демократската Унија за Интеграција, вчера го одржа 16-тиот состанок на Претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и регионот, како и за агендата на активностите во наредниот период.„Поточно, Централното Претседателство на Демократската Унија за Интеграција:- Оценува дека одвојувањето на Република Северна Македонија од пакетот со Албанија на евроинтегративниот пат претставува лоша вест за земјата и за сите граѓани;- ДУИ ги поддржува уставните измени согласно преговарачката рамка со ЕУ и ја повикува Владата без етнички легитимитет да покрене соодветна процедура за усвојување на измените во Собранието, во кој случај ДУИ ќе гласа за усвојување на истите час порано. Европската перспектива за ДУИ останува неоспорен приоритет и оваа позиција ја манифестиравме преку колективните оставки на министри во последниот мандат од причини за обезбедување на потребниот политички консензус, во кој случај докажавме дека за нас е поважна европската перспектива.- Ги повикува сите парламентарни политички партии да го поддржат предлог-законот за ВЕТИНГ на ДУИ, правејќи го овој процес инклузивен и со кој ќе придонесеме за зголемување на кредибилитетот на граѓаните во правосудните органи;- Повторно ја нагласува важноста на долгогодишната одлука на ДУИ за целосни истраги над сите политички партии, без исклучок, во изминатите 33 години;- Бара проверка и контрола на потеклото на имотот за сите носители на јавни функции во последните 33 години;- Повторно ја нагласува потребата од целосна истрага на процесот на приватизација и транзиција заедно со олигархијата создадена од тој процес;- Ја нагласува потребата од почитување на етничкиот легитимитет на изборниот процес и меѓуетничкиот карактер на институциите во согласност со волјата на гласачите и заедниците;- Изразува загриженост дека меѓуетничките односи се нарушени од владините политики без етнички легитимитет;– Апелира до блиските пријатели на нашата земја, до потписниците на Охридскиот договор – САД и ЕУ, за уште поголема посветеност во овој момент за доследно почитување на Охридскиот договор од страна на институциите создадени по последните парламентарни избори;- Ја нагласува потребата од блиска координација со стратешките партнери во рамките на НАТО за безбедносните институции во земјата;-Смета дека одлуката на Уставниот суд за укинување на декларацијата за етничка припадност е неуставна одлука и против Охридскиот договор. ДУИ ги демантира сите клевети на Владата без етнички легитимитет за наводна вмешаност на ДУИ во минатото во усвојување на акти каде се елиминира изразувањето на етничката припадност. Одлуката на Уставниот суд ги подели судиите по етничка линија при одлучувањето, враќајќи нè на етничка мајоризација од минатото. Уставот во минатото беше генератор на криза, затоа апелираме до македонските политички партии и меѓународниот фактор да не ги прекршуваат елементите на Охридскиот договор во Уставот на државата.- Смета дека легитимитетот е национална обврска на сите избрани претставници, затоа уште еднаш упатуваме јавна покана до ВРЕДИ да се откаже од владата каде се понижуваат Албанците, додека ДУИ и Европскиот Фронт не се заинтересирани да учествуваат на таков формат на власта, напротив, потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници“, соопшти ДУИ.Централното претседателство на ДУИ, како што соопшти, ја прифати иницијативата на своите ограноци за одржување на состаноци на ограноците со отворен карактер, со присуство на народ, со присуство на граѓани, на кои ќе учествува и највисокото раководство на ДУИ. Средбите со ограноците со народот почнуваат од среда, каде што првата средба ќе се одржи во Липково во 19 часот, а потоа продолжуваат со втората средба што ќе се одржи во Сарај.

Македонија | пред 1 година

80bbe688-ab7f-4541-8917-3da47db3659f

(Видео) ДУИ: ВРЕДИ без двоумење уништуваа се што беше постигнато со голема тешкотија во здравство

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес конференција ја информираа јавноста дека „од доаѓањето на ВРЕДИ на власт до денес, за 100 дена ги демолираа и продолжуват да демолират се што беше постигнато во здравството“.„Од самиот почеток на работа на оваа Влада, со длабока загриженост ги набљудуваме промените кои се случуваат во здравствениот сектор, имплементирани од ВЛЕН. Во отсуство на легитимитет тие се принудени да го прифатат понижувањето и во исто време да ги прекршат правата на еден цел народ“, велат од ДУИ.„Со многу напорна работа и голема пожртвуваност успеавме да создадеме здравствени кадри од сите профили (медицински техничар, медицински сестри, доктори специјалисти, доктори на науки, универзитетски професори), од трудот на албанците тие најдоа здравство со застапеност во сите нивоа, раководители на многу здравствени институции, кадри докажани меѓународно.Албанците раководеа со над 50 здравствени институции, додека ВРЕДИ влезе во Влада, без легитимитет од народот и кои без двоумење ги демолираа и продолжуват да ги демолират све што беше постигнато“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

eeff2a19-99fe-415d-aa60-3d63b796b0b7

(Видео) ДУИ: Граѓаните никогаш не биле попонижени, попотценети и без европска перспектива

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција презентираа тематско резиме на пост-изборните случувања во однос на политичкиот систем и односите меѓу заедниците, но и генерално политичките прашања во земјата.„Денеска сме тука да направиме тематско резиме на пост-изборните случувања во однос на политичкиот систем и односите меѓу заедниците, но и генерално политичките прашања во земјата. Власта со моноетнички легитимитет во конститурањето на институциите ги вклучи губитниците на претседателските и парламентарните избори кај Албанците, но и кај другите заедници.Овие губитници на претседателските и парламентарните избори со својот потпис се обврзаа дека нема да станат дел од ниту една влада која нема да го смени уставот за да го деблокира европскиот пат“, велат од ДУИ.„И лидерите на партиите-губитнички, во медиумите јавно се изјаснија дека доколку имаат само еден глас помалку од Европскиот фронт, не само што нема да бидат дел од владата, туку тие ќе се повлечат и од политиката.Ниту едно од овие ветувања не е исполнето. Напротив, потклекнаа и без никакви услови ги окупираа институциите без легитимитетот на гласачот на демократски избори.Денеска сме сведоци на блокирањето на евроинтеграцискиот пат, без јасна перспектива кога ќе се деблокира. Сведоци сме на најслабата застапеност и со најниски капацитети на албанците во институциите, сето тоа без легитимитет.Од ВМРО ДПМНЕ потенцираа дека 75 отсто од институциите се условно кажано вратени од Албанците и оти губитниците од ВРЕДИ не добиле ништо. Никој не ја негираше оваа изјава.Денеска сме сведоци дека на чело на Охридскиот договор седи Путинистот, негирачот на независноста на Косово, Иван Стоилковиќ, каде што до денес се отпуштени од работа десетици Албанци.Стотици други Албанци исто така се отпуштени од своите работни места во многу институции.Буџетот за Охридскиот договор и одбележувањето на Денот на азбуката беше осакатен и оставен во рацете на Стоилковиќ.Негирањето на Охридскиот договор продолжи и во Уставниот суд, каде што беше поништена етничката припадност за да се спречи принципот на правично и адекватно застапеност и да се отвори пат за поништување на Бадентеровиот принцип.Денеска, поразените на изборите, со џентлменски договор раководат со небитни институции. Никој не ги прашува за ништо, не можат да завршат ниту едно барање на граѓаните, ниту најмала услуга.Но, уште поважно, се сместија тие што велеа дека не сакаме извршни функции, туку сакаме да им дадеме шанса на младите.Националното знаме беше забрането во кабинетот на претседателот на Собранието и на министрите.Албанскиот јазик е тргнат од употреба во 100-тина институции, а повторно заживеа иницијативата за укинување на законот за употреба на јазикот.Работните простории се одземени од Агенцијата за албански јазик. Народниот ансамбл и музички театар се дискриминирани како никогаш досега.Откако го нарече Косово моја татковина, нелегитимниот спикер на собранието беше принуден да се извини. Истиот, ги напушти Албанците во полиција, кои се отпуштени од работа, беа кривично тужени, а други беа разрешени и осудени.Како резултат на неговата злоупотреба на службената положба, денеска редиците на границата со Косово се долги километри, а се чека со часови. Дозволија затвор и притвор за Блерим Рамадани, поранешниот војник на УЧК, кој поради нивната неспособност беше принуден да избега.Ја намалија застапеноста на Албанците од 30% на 24% во администрацијата. Тие одлучија државната химна да се пее во сите училишта во државата.Министерот одговорен за добро владеење оди на партиски состаноци со својот службен автомобил и не сноси никаква одговорност. Џентелменот го назначи целото семејство за директори и функционери. Министерот за економија не знае ниту колку е минимална, ниту просечна плата.Министерот за Европа, не го знае името на амбасадорот на Европска Унија во државата, и затоа, се сретна со Ричард Гир. Назначуваа и разрешуваа раководители на институции со криминално досие.За прв пат на чело на разузнавачката агенција нема Албанец. Изгубени се сите раководни позиции во МВР. Водечката позиција во здравствениот фонд е изгубена за прв пат. Се откажаа од уставните измени и евроинтеграциите.Се вршат големи политички притисоци со закани за откази кон вработените во некои државни органи. Апелираме до вработените да не станат жртви и субјект на незаконските притисоци на челниците на институциите бидејќи нарачателите на незаконски дејствија ќе одговараат, кога, тогаш.Граѓаните никогаш не биле по понижени, по потценети, по погазени, без европска перспектива, а сето тоа се случува затоа што губитниците на претседателските и парламентарните избори влегоа во владата без легитимитет, како губитници и без никакви услови“, велат од ДУИ на денешната прес-конференција.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

„Зелената" партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, "зелената" партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните“, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката "балансер", изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи.Да не заборавиме, Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Притоа, препораката на Европската Комисија јасно вели дека алатката е истрошена и треба да се укине.ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови.ДУИ се прочитани од граѓаните и изјавите на нивните политичари не проаѓаат во албанскиот блок.Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

dui1

(Видео) Незадоволството кај ДУИ останува: протести се можни, нов закон кој е замена за балансерот не ги предомислува

ДУИ остануваат на ставот дека можеби ќе излезат на протести, оти е укинат балансерот кој со години беше злоупотребуван за вработувања во државната администрација. Не се предомислуваат дури ни по најавите дека во процедура влегува носење на нов закон за правична застапеност. Тие не знаат што стои во него.„Новиот закон за правична застапеност требало да се достави порано. Како што слушаме од сегашните учесници во Владата, тек сега ќе достават предлог-закон. По одлуката на Уставен. Ние ќе ги користиме сите демократски методи за искажување на нашето незадоволство. Во иднина секако ќе Ве известиме за сите работи кои ќе ги преземеме за да излеземе во пресрет на ваквите вредности“, рече Диана Тоска од ДУИ.Прашана дали ДУИ е против новиот закон за правична застапеност, таа рече: „Требало порано. А не откако ќе се тргне балансерот, да се достави. Не знаеме што ќе содржи тој закон“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-13-at-12.07.31

(Видео) ДУИ со националистичка кампања и куп обвинувања: Бараат Албанци на високи функции

Диана Тоска од ДУИ обвинува дека Албанците се маргинализирани во делот на културата, бидејќи немале високи функции во културните институции, а воедно, меѓу добитниците на признанието „11 Октомври“, немало Албанец.ДУИ ја обвинија Владата дека е моноетничка. Тоска им се обрати со барање да го променат ваквото функционирање и да ги застапуваат Албанците, а моменталното функционирање го нарекоа „силен удар на Албанците“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

ДУИ додека беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се, вели Петрушевски

„Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 - 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине.ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии.Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација.ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност.И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики.ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува.И Европската Комисија нотираше дека балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде.Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-10-143738

Мицевски: Двете лица и политичката акробација на ДУИ!

„ДУИ на власт: Јули, 2023 година, владата на ДУИ и СДС дава ЗЕЛЕНО СВЕТЛО и го усвојува АКЦИСКИОТ ПЛАН како дел од Стратегијата за реформа на јавната администрација, во која што на 47-та страна, се наведува и се потврдува нивниот став дека, цитирам „СЕ НАДМИНУВА ПОТРЕБАТА ОД ПРИМЕНА НА АЛАТКАТА НАРЕЧЕНА ‘БАЛАНСЕР’ КОЈА ВО ПРАКСА ПРЕДИЗВИКУВА БРОЈНИ ЗЛОУПОТРЕБИ“, пишува координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, Никола Мицевски на социјалните мрежи.„ДУИ во опозиција: Свикува вонредна прес конференција и вели „Ја осудуваме ШОКАНТНАТА одлука на Уставен суд за укинување на т.н. Балансер. Тоа е директен напад врз правата на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за правично и еднакво функционирање на институциите. Ја повикуваме меѓународната заедница да реагира и да ги заштити правата загарантирани со Устав“.Оттука, јас би сакал да знам,Што се смени во ДУИ за да има вака дијаметрално спротивен став за т.н. балансер во период од само една година?Зошто баш сега, а не лани, ДУИ е „шокиран“ од оваа одлука?И, зошто ДУИ од позиција на тогашна власт, молчеше и не организираше никакви вечерни и вонредни прес конференции на оваа тема?Одговорот е едноставен и краток: БИДЕЈЌИ ПО ЦЕЛИ 20 ГОДИНИ, ДУИ Е ВО ОПОЗИЦИЈА!Затоа, на крајот би сакал да упатам една искрена порака до политичката партија ДУИ,Прочитани сте! Доста е од популизам и политиканство, доста е од лицемерие и дволичност, доста е од креирање на меѓуетнички тензии.Прифатете ја реалноста, бидете самокритични, реформирајте се и покажете дека навистина сакате Македонија да биде просперитетна и силна држава“, додаде Мицевски.

Македонија | пред 1 година

28f7bd0e-01cd-40fa-9583-a3d0bd85e8ce

(Видео) ДУИ: Владата на ВМРО-ВРЕДИ ја блокираат реализацијата на инфраструктурните проекти

Демократската Унија за Интеграција денеска преку прес-конференција ја изрази длабоката загриженост во врска со „застојот на моноетничката влада во остварувањето на капиталните проекти во патната инфраструктура во првите 100 дена од нејзиното владеење“.„Денеска сме тука да ја изразиме нашата длабока загриженост во врска со застојот на моноетничката влада во остварувањето на капиталните проекти во патната инфраструктура во првите 100 дена од нејзиното владеење.Во овие три месеци, наместо напредок, има стагнација и кратење на средствата за клучните проекти во патната инфраструктура, како што се Коридорот 8 и 10д, автопатот Скопје-Блаце, патот Тетово-Призрен, заедничка гранична контрола, железницата, и други проекти кои се од стратешко значење за државата“, велат од ДУИ.„Почитувани, Коридорот 8, најголемиот и најважен проект на државата од осамостојувањето, кој ја поврзува Северна Македонија со Република Албанија и земјите од регионот, е една од главните артерии за економски развој и регионална и европска интеграција.За жал, власта со моноетнички легитимитет намерно ги одолговлекува потребните процедури за реализација на овој европски коридор.Тие веднаш откако стапија на власт ги намалија буџетските средства од 15,1 милијарди денари на 4 милијарди денари. Како да не беше доволно ова, тие противправно ја сменија одлуката што ја одобри претходната Влада за автопатската траса Гостивар Букојчан за изградба на тунелот во должина од 5,3 километри, што доаѓа како резултат на „cost benefit“ анализата направена од експертите, како најдобро решение кое ќе влијае на намалување на времето на патување и подобрување на безбедноста во сообраќајот.Исто така, оваа влада покажува дека нема волја да го изгради автопатот Скопје - Блацe.Иако работите на првите два километри се завршени, овие два завршени километри од автопатот се уште не се пуштени во употреба, додека и изборот на изведувачот за изградба во втората фаза на оваа важна патна делница што ја поврзува нашата земја со Република Косово доцни.За да не се реализира овој проект, најавуваат промена на трасата дефинирана во основниот проект.Би сакале да ја информираме јавноста дека трасата предвидена во проектот е избрана со почитување на сите потребни процедури.Како основа е земен студискиот елаборат за животна средина, направен е јавен преглед и конечно инфраструктурниот проект е одобрен од Министерството за транспорт и врски (јули 2023 година).Оваа траса е избрана во согласност со регулативите на ЕБОР и ЈПДП, заедно со релевантните институции во Република Северна Македонија и населението во таа земја..Дополнително, проектот за изградба на патот Тетово-Призрен останува само нивно предизборно ветување.Сите започнати процедури од претходната влада за реализација на овој проект се во застој.Оттука ги прашуваме надлежните институции зошто не ги отпочнуваат постапките за избор на проектантска компанија за проектирање на заедничкиот тунел Тетово – Призрен во должина од 6,2 километри, што се предвидува во договорот потпишан меѓу двете земји на почетокот на оваа година.Истите доцнења и опструкции ги има и за Железничкиот коридор 8, сувото пристаниште во Струга и други проекти во северозападниот дел на државата.Пречките и застојот не се присутни само во овие проекти.Многу други патишта и железници низ Северна Македонија се запоставени, што го попречува не само економскиот развој, туку и животниот квалитет на граѓаните.Овие неуспеси се неприфатливи и необјасниви во време кога на нашата земја и се потребни сериозни инвестиции во инфраструктурата за да напредува во развојот и европските интеграции.Што се однесува на проектот за најавени заеднички гранични контрола со нашите соседи, ја информираме јавноста дека оваа спогодба наречена „One Stop Shop“ веќе се имплементира со Албанија и Србија, но очигледно Владата тоа не го знае.Со Косово е потпишана спогодба и законот е усвоен во Собранието, додека оваа нелегитимна Влада треба само да ја примени истата и да не предизвикува редици од километри во граничниот премин Блаце.Ние како Демократска унија за интеграција бараме целосна одговорност од Владата за овие неприфатливи доцнења и застои во реализацијата на овие стратешки проекти.Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат влада која работи за нив, која е посветена и која ги спроведува проектите за кои се обврза“, рекоа од ДУИ на денешната прес-конференција.

Македонија | пред 1 година

dui-pres1

(Видео) ДУИ: Скандал - 380.000 евра за браварско-заварувачки услуги од нелегитимната Влада во ЕСМ

Денеска преку прес-конференцијата за медиуми ДУИ објави нов скандал за како што велат „корумпираните, неспособните кадри на коалицијата Вреди“.„После скандалот со набавките на цвеќиња за 9000 денари за едно парче од страна на Бурим Латифи- прв братучед на Изет Меџити и Директор на Мепсо, денеска објавуваме нов скандал на корумпираните, неспособните кадри на коалицијата Вреди.И тоа, за Фатмир Лимани- Браварот кој преку Претседателот на огранокот и воедно управител на РЕК- Осломеј реализирал тендер за браварско-заварувачки услуги иако РЕК- Осломеј има над 1000 вработени“, велат од ДУИ.„За скандалот да биде уште поголем, вредноста на трите тендери со две фирми опфаќа вредност од над 23 500 000 денари или над 380 000 Евра.Тоа значи дека скоро 30 Евра за еден час работа за браварски услуги или поинаку кажано за да се смени брава. Имено, ЕСМ со овој скандалозен договор ќе треба да плати 1780 денари за час работа за горенаведените услуги.Овој договор, освен корумпиран не може да биде поинаков, затоа ги повикуваме надлежните органи да постапуваат за вакви криминални договори кои се реализираат од страна на неспособните управители“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

SPASOVSKI-KRUPEN-1

Спасовски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ ќе коалицира со ДУИ наскоро, а тие му вратија: Да не се грижи, ДУИ не им го земаме

ДУИ и помага на ВМРО-ДПМНЕ, ние само ги гледаме потезите кои се влечат во Собранието во овој период и врз основа на тоа што се прави, ние излегуваме со ставовите, вели во интервју за Радио слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничка група, Оливер Спасовски. Тој потсети на изјавите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека ДУИ е дефакторизирана и дека е минато во македонската политика.-Вие се сеќавате дека премиерот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по завршување на изборите и формирањето на владата рекоа дека ДУИ е минато во македонската политика. Дека ДУИ е партијата која за ништо не се прашува и не може да одлучува. Дека тоа е партија која е целосно дефакторизиран и никој нема да ја прашува за ништо. Дел од македонските граѓани дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ токму поради ваквиот пристап кон ДУИ. А ние во суштина што имаме после изборите? Со формирање на влада, дури и пред да се формира, веднаш имавме прва успешна средба и соработка или преговори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кои се одвиваа во законодавниот дом, а се однесуваа за поддршка на Законот за организација на државната управа. Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ е поставена на едни добри односи, рече Спасовски.На ова му вратија од ВМРО-ДПМНЕ, кои му посочија на што треба да обрне внимание.„Да не се грижи Спасовски и СДС, ДУИ не им го земаме, заедно од опозиција ќе гледаат како Македонија оди напред. СДС не знаат веќе што да направат, затоа што рејтингот им се топи како коцка мраз на +40°С. Сега се послаби од што беа на последните избори. Допрва следува ситнење во СДС заради нивните лоши политики изминативе 7 години, и никакво растурање на пердуви нема да им помогне да го спречат тоа. Пасокизацијата во СДС е процес кој тргна и нема назад. Спасовски наместо да се сокрие некаде и да се срами затоа што беше министер во МВР со најголем број на убиства за кои сторителите уште ен се фатени, тој излегува и дава изјави и интервјуа. Дали до толку СДС го потценува народот? И знаат ли дека се повеќе губат со тоа?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Мицкоски дециден дека никој не коленичи кај ДУИ: Таквите времиња се минати

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека никој од ВМРО-ДПМНЕ не коленичи пред ДУИ, откако пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, кажа дека секој втор ден висок функционер оди во Мала Речица.„Фројд работи кај луѓето и потсвеста се проектира кај другите. Ако тој мисли дека оние моменти кога раководството на СДСМ коленичеше во Речица, кога молчеше кога министрите во Речица си играа фудбалчиња и ги понижуваа граѓаните, кога тој приведуваше а преку вечер тие што ги приведуваше мораше да ги ослободи - се лаже. Такви времиња се одамна минати. Тие политики се поразени“, рече Мицкоски.Според него, Спасовски е политички медиокритет, кој е во неговото политичко мочуриште, додека тие работат за подобри услови и стандард за сите.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.39.34

Федерализација е дел од есенско сценарио за дестабилизација?! Најчевска: Што ќе добијат етничките Албанци, помалиу криминал, подобро судство и здравство?

Откако пред година и половина од позиција на власт ДУИ експресно ја одби идејата за формирање заедница на албански општини во Македонија, оценувајќи ја како антиевропска и антиамериканска, но и штетна за конечното решение на косовското прашање, сега кога интегративците се во опозиција ретерираат од ваквиот став и најавуваат слично сценарио за излез на општините предводени од градоначалници на ДУИ од Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), пишува Нова Македонија во текстот „Дали и федерализацијата е дел од есенското сценарио за дестабилизација на државата?!“ и додава:„Во едно од таквите сценарија за дестабилизација на државата е и одделувањето на општините предводени од градоначалниците на ДУИ како посебни единици, кои би функционирале надвор од Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија, со тенденција да формираат некаква своја паралелна заедница. Намерата е кон неа да ги привлечат и другите општини на чие чело се градоначалници Албанци, без оглед на тоа дали се дел од власта, слично како што ДУИ го правеше тоа кога беше владин партнер, употребувајќи ги еднократно албанските опозициски партии за влез во Владата, за потоа целосно да ги разбие и да си обезбеди удобен политички комодитет меѓу албанското гласачко тело во земјава“.На ова, свој коментар остави професорката по право, Мирјана Најчевска.„Што би добиле со федерализацијата на Македонија етничките Албанци?Помалку криминал?Подобо судство?Подобро образование?Подобро здравство?Почисти улици?Победа над градежната мафија?Почесни политичари?Подобри градоначалници?Побезбедни улици?Помалку дрвокрадци?Повисок стандард?Поевтина струја?Поголема грижа за животната средина?Попрофесионална администрација?Навистина ме интересира?“, пишува професорката.

Коментари | пред 1 година

Screenshot-2024-08-16-at-11.54.38

Немаат поддршка, ќе се соочат со последиците, вели Меџити за најавите на ДУИ за протести

Без конкретен одговор остана прашањето дали ДУИ подготуваат дестабилизација и протести од септември, кое му беше поставено на Изет Меџити. Иако двапати по ред беше прашан дали тој има вакви информации, Меџити повтори: „Што и да е, немаат никаква поддршка кај Албанците. Ќе се соочат со последиците“.„Уште еднаш ќе ги повикам да се вратат на себеси, да се реформираат. Во спротивно, мислам дека Албанците немаат ниту желба, ниту сакаат да протестираат кога нема политичка кауза. Нивната кауза е да се спаси Соравија и нивните политички зделки“, вели Меџити, претседател на „Демократско движење“ и еден од лидерите на коалицијата „ВЛЕН“.За обидите за дестабилизација кои би ги правеле ДУИ, први обзнанија ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-5431

Македонците нема да постојат ако не соработуваат со Албанците, се закани Ахмети

„Македонците можат да напредуваат само доколку се во добри и хармонични односи со Албанците, во спротивно ќе ги проголтаат Србите, Бугарите и Грците“. Со оваа реченица, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати нова порака до македонскиот народ, на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор. Тој исто така посочи дека треба конечно да се заборави сопственоста на државата, бидејќи сега сите заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на злото.„А ова не ви го кажувам само овде, им го кажав на сите политички претставници на македонската заедница. Само со нас, со соработка и заеднички живот можат да си ја зачуваат својата историја, својот национален идентитет, инаку им е судено да не постојат. Така што, нека биде ова комеморација на 23-годишнината од Охридскиот мировен договор кој има посебна заслуга за тоа што оваа земја не беше поделена, не се раздели, затоа што не прифати ОВК, туку прифати целосен договор меѓу двете заедници и малите заедници во нивните области каде што живеат. Затоа, ние го штитиме, се бориме овој договор ниту да биде прекршен ниту загрозен, затоа што е спас и за Албанците и Македонците како две најголеми заедници. Сопственоста за која размислуваа во 1990-тите треба да се заборави затоа што заедно сме сопственици и заедно сме господари и на доброто и на лошото. Во оваа ситуација, какви драматични и опасни случувања има во Европа, недалеку од нас , навистина сите треба да мислиме дека Европа е во пламен и во војна, изјави Ахмети.Ахмети и коалицијата „Европски фронт“денеска со посебен настан во хотелот „Александар палас“ во Скопје го одбележа денот кога пред 23 години во претседателската резиденција на Водно беше потпишан Рамковниот договор. Во исто време Владата одржа свечена седница на која свои обраќања имаа премиерот Христијан Мицкоски и првиот вицепремиер Изет Меџити.Ваквиот наратив на Ахмети доаѓа во време кога премиерот Мицкоски посочи дека очекуваат обиди за дестабилизација на Македонија од страна на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања