Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ДУИ

dui

Ден шести од легализирањето на навредата кон Албанците, велат од ДУИ

„Поминаа шест дена од тешкиот и неприфатлив чин, кога полициски службеник, пред очите на целата јавност и камерите, насилно го отстрани албанското знаме и го фрли на земја со презир. Овој флагрантен чин, кој не само што го понижува нашиот национален симбол, туку и сите Албанци, сè уште останува без никаква последица за сторителот“, соопшти ДУИ.„Денес се одбележува шестиот ден откако овој полициски службеник продолжува да биде на слобода, без никаква дисциплинска мерка, без никаква казна за неговото срамно дело. Каква порака се праќа со ова? Дали се испраќа сигнал дека навредите кон Албанците, нападите врз нашите симболи и презирот кон нашата заедница се толерирани и неказнети?Ова молчење на институциите, овој недостаток на правда, претставува двојна навреда за Албанците. Тоа е опасна порака што го легализира дискриминацијата и ги продлабочува поделбите во општество кое претендира да биде демократско и еднакво за сите граѓани.Демократската унија за интеграција не може да дозволи ваков чин да помине без казна. Правдата не може да молчи кога национален симбол е насилно нарушен и кога цела заедница е понижена.Институциите мора да реагираат веднаш. Секој ден што поминува без казнување на овој чин е ден во кој неправдата и институционалната дискриминација се продлабочуваат. Албанското знаме е нашето достоинство, и ние нема да дозволиме нашето достоинство да биде погазено без последици“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-grubi

Европски фронт бара заминување на Меџити, Стоилковиќ, Тошковски и Исени

Пратеничката група на Европскиот фронт, поднесе барање на наредната собраниска седница на дневен ред да биде ставена информација за безбедносната состојба во земјата.Тие поднесоа и интерпелации за работата на вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени и бараат нивна смена.Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, на прес-конференција рече дека тие бараат информации за безбедносната состојба во земјата, во врска со палењето на деловни објекти во Куманово и нападите врз имотите на граѓани од албанска етничка припадност, како и палења на знамиња и информација за селективниот пристап во смисла на процесирање на учесниците на истите настани и сите детали во врска со мерките за институционален одговор и превенција од потенцијални слични настани.Пратениците од Европскиот фронт бараат и одговори за селективно постапување од страна на службени лица од МВР, надзор врз работата на безбедносните служби, отчетност за преземените, но и непреземените мерки.Во интерпелацијата за Министрите Изет Меџити, Панче Тошкоски и неговиот заменик Исени, како и за министерот Стоиљковиќ, задолжен за односите меѓу заедниците, ќе бидат детално наведени причините за нивните интерпелации, рече Беџети.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ: Владата веднаш да запре со спроведување на руската агенда за дестабилизација на земјата

„Демократската Унија за Интеграција изразува длабока загриженост за опасните политики на владата, кои не само што ја поткопуваат стабилноста на Северна Македонија, туку и се совпаѓаат со дестабилизирачка агенда која им служи на геополитичките интереси на Русија“, соопштуваат од ДУИ.„Последните потези на владата, вклучително и обвинувањата против Албанците за кризи кои самата ги создава, покажуваат јасна стратегија која има две цели: да ги уништи темелите на Охридскиот рамковен договор и да го одвлече вниманието од неуспехот да ги реализира неопходните уставни измени за интегративниот пат кон Европската Унија.Присуството на личности како заменик-претседателот на владата Стоилковиќ и неговата координација со дестабилизирачката агенда на политичари како Вулин, познат по своите блиски врски со Кремљ и обидите за поткопување на регионалната стабилност, е јасен доказ за директното влијание на Русија во овие процеси.ДУИ нагласува дека Албанците отсекогаш биле гаранти за стабилноста и промотори на евроатлантските процеси во Северна Македонија.Обидите да се портретираат како фактор на дестабилизација се неосновани и имаат за цел да ги прикријат неуспесите на владата и нејзината ориентација кон странски агенди.Упатуваме апел до владата веднаш да го прекине овој неодговорен курс и да даде јавна отчетност за мотивите и последиците на овие политики. Албанците нема да подлегнат на овие намерни провокации и ќе продолжат да ја штитат стабилноста, мирот и евроатлантскиот пат на земјата.Исто така, упатуваме апел до меѓународниот фактор внимателно да ги следи овие случувања и да интервенира за да спречи дестабилизирачките агенди да предизвикаат непоправлива штета на земјата и регионот.ДУИ останува посветена на заштитата на стабилноста, Охридскиот мировен договор и евроатлантската интеграција, како столбови на заедничката и сигурна иднина на Северна Македонија“, се вели во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ: Оставката на Дамева е последица на политички притисоци и манипулации

По оставката на претседателката на Судскиот совет, се огласи ДУИ.Во соопштение до јавноста, партијата посочува дека ова е уште еден драматичен момент кој ја одразува алармантната состојба на заробената држава и урнисувањето на независноста на институциите.„Личните напади, политичките притисоци и јавните манипулации што ги опиша госпоѓа Дамева се јасен одраз на нелегитимната и неодговорна власт, која не запира во обидите да го прошири своето влијание врз секој сегмент од државата”, велат од ДУИ.Партијата најостро ги осудува политичките напади врз Дамева и како што велат, бруталните интервенции врз интегритетот на Судскиот совет.„Ваквите напади не се само личен напад врз еден поединец, туку и обид за парализирање на целиот судски систем, со што се поткопуваат сите напори за реални реформи и независна правда. Оваа Влада не само што не успеа да обезбеди праведен и независен судски систем, туку ги користи сите средства за да ги уценува и дискредитира оние кои не се подготвени да се покорат пред политичките притисоци. Кога високи функционери на правосудството, задолжени за заштита на правото и правдата, јавно се уценуваат, пораката е јасна: во оваа држава, независноста на институциите стана непријател на власта”, реагира ДУИ.

Македонија | пред 1 година

2p0xs-14

ДУИ изедначува пушки со поздрави: Сметаат дека настанот во Аеродром е ист со тој во Челопек

„Двојните стандарди и хипокризијата на оваа влада немаат крај. Денес, Министерот за образование се заканува со санкции за едно училиште во Челопек, бидејќи децата Албанци на културен настан носеле униформи кои ја симболизираат историјата и гордоста на албанскиот народ. Ова е продолжение на антиалбанските политики што се спроведуваат во последните месеци, каде што секое изразување на албанскиот идентитет и историја се напаѓа и се третира како провокација“, велат од ДУИ.„Но, кога во едно македонско училиште во Аеродром децата носеа униформи на Комитите и изведуваа воени поздрави, немаше никаква реакција. Тогаш, Демократската унија за интеграција не дозволи, како што нема да дозволи , ваквите активности да се злоупотребат за создавање меѓуетнички тензии или поделби во општеството. Во тоа време, сметавме дека е важно децата да не бидат вовлечени во политички и етнички конфликти.Но денес, оваа влада избра да ги напаѓа децата албанци и нивниот идентитет, отворено демонстрирајќи дискриминација. Ако во минатото покажавме толеранција кон слични активности во духот на соживотот, тоа не ѝ дава право на оваа влада денес да ги казнува Албанците за исти или слични постапки.Бараме Министерот за образование веднаш да се повлече од заканите против училиштето во Челопек и да престане со политизација на културните активности на децата. Секој обид за создавање поделби и дискриминација нема да биде толериран. Албанците не се граѓани од втор ред и нема да дозволат нивниот идентитет и национална гордост да бидат омаловажувани.Демократската унија за интеграција секогаш ќе застане во одбрана на достоинството и правата на Албанците, докажувајќи дека нашиот идентитет не е провокација, туку заедничко богатство за целото наше општество“, соопштуваат од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ: Oстро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и ширум светот. Оваа интервенција, наместо да го зачува јавниот ред, предизвика непотребни тензии и создаде клима на конфронтација, нарушувајќи го правото на граѓаните слободно да ја одбележат оваа значајна празнична традиција“, велат од ДУИ.„Истовремено, го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата.Таквите дела не ги одразуваат вредностите на Албанците ниту пак стремежите за стабилна соживотност и взаемна почит.Во овој контекст, е неприфатливо и срамно што ВМРО-ДПМНЕ и одредени други политички сили се обидуваат да ги злоупотребат овие инциденти за да изградат лажна нарација која го криминализира секој став на Албанците. Оваа тенденција да се претстават Албанците како носители на криминални агенди претставува напад врз идентитетот и достоинството на Албанците и обид за прикривање на коруптивната агенда на овие структури.Тие политички сили, кои секојдневно ја држат државата надвор од механизмите за надзор на Европската унија, го ограбуваат државниот буџет и граѓаните преку злоупотреба на институциите за лични придобивки. Обидот да се оттргне вниманието од ваквите скандали преку криминализирање на Албанците е позната тактика која нема да успее.Албанците во Северна Македонија постојано го покажуваат својот ангажман кон демократските вредности, еднаквоста и меѓуетничката соживотност. Нема да дозволиме нашите легитимни ставови да се користат како параван за политички манипулации или за зачувување на позициите на тие што ги ставаат личните интереси над интересите на граѓаните и државата.Ги повикуваме институциите да дејствуваат со зрелост, професионалност и непристрасност, без разлика, и обезбедувајќи ги правата на граѓаните слободно да го изразуваат својот идентитет и култура. Воедно, ги повикуваме албанските граѓани, како и сите граѓани на Северна Македонија, да ја задржат смиреноста, достоинството и единството, и да не подлегнуваат на провокации и манипулации на оние кои имаат цел да создадат поделби и дестабилизација.Демократската унија за интеграција останува посветена на заштитата на правата и интересите на Албанците, придонесувајќи за европска иднина на Република Северна Македонија, каде што правдата, транспарентноста и еднаквоста ќе бидат основни вредности на нашето општество“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

Ахмети честита 28 ноември: Слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитка до албанскиот народ по повод 28 ноември, порачувајќи дека слободата не е дестинација, туку трајно и незапирливо патување.„Почитувани браќа и сестри сонародници, Од се срце ви го честитам денот на знамето и независноста на Албанија.Оваа 112-годишнина од најсветите денови на нашата албанска нација не потсетува дека напорите за слобода, еднаквост, независност, знаме, јазик се секојдневни и нашите заложби никогаш не треба да престанат, бидејќи слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување. Вечност на Албанија и на Албанците!“, пишува Ахмети во честитката.

Македонија | пред 1 година

dui

ВЛЕН: ДУИ ги држеше Албанците како заложници со договори на дело

„ДУИ за 20 години власт ги искористи Албанците за гласови, со цел да условува и гласаaт за партијата, ги држеше на „Stand By“. ВЛЕН ветува дека ќе ги реши сите неправди кон Албанците кои се оставени без да се реши нивниот работен статус од ДУИ“, велат од ВЛЕН.„Ова е болна рана што ДУИ ја остави во наследство за сите Албанци. Ова е раната на манипулацијата со егзистенцијата на Албанците. ДУИ манипулираше со опстанокот на Албанците. Таков беше неодамнешниот случај на 21 вработени во Здравствениот дом во Куманово, каде ДУИ спротивно на законот ги манипулираше овие Албанци давајќи им договори без согласност на Министерството за Финансии. Имаме должност да обезбедиме законитост и транспарентност во управувањето со јавните средства и да спречиме какви било неправилности кои би можеле да го оштетат јавниот буџет. Раскинувањето на овие договори е неопходен чекор за заштита на буџетот и исполнување на законските обврски.ВЛЕН нема да си поигрува со судбината на Албанците држејќи ги во заложништво, но се обврзува на овие Албанци кои ДУИ ги држеше како заложници, да им се обезбеди работа согласно законот за работни односи.Албанците заслужуваат достоинствен живот, заслужуваат подобро“, соопшти ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

768x432

ВЛЕН до ДУИ: Работевте скришно да го вратите Груевски за да ја зачувате вашата скапана моќ

„Поминаа четири дена откако јавноста беше потресена од шокантните откритија за ДУИ и нејзината разбиена клика. Што прават тие? Mолчат!“, велат од ВЛЕН.„Планот за враќање на Никола Груевски, оркестриран од високи експоненти на ДУИ, е нож во грб на Албанците. Вас, на кого Албанците му веруваа, работевте скришно да го вратите нивниот најголем непријател. Зошто? За да ја зачувате вашата скапана моќ!За враќање на Груевски и амнестија беа искористени тајните средби, притисокот врз институциите и вмешаноста на високи функционери. Но, овој срамен план пропадна и сега Албанците бараат одговори.ВЛЕН нема да молчи. Од Скопје му велиме на Али Ахмети, немој да се криеш во Швајцарија, туку врати се и дај отчет. Зошто сета оваа љубов кон Груевски? Што имаш ти со тоа? Какви пазарења направивте и што се обидувате да скриете од Албанците?Албанскиот народ повеќе нема да се изманипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. Ќе се разоткријат лаги, манипулации и тајни зделки. Албанците ја заслужуваат вистината и ќе ја добијат“, соопштуваат од ВЛЕН.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-25-131305

(Видео) ДУИ: Министерот Фатмир Лимани ги блокира албанските општини од политички причини

Денеска преку прес конференција, градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими го изразија својот протест пред Министерството за социјална политика, демографија и млади, односно пред канцеларијата на министерот Фатмир Лимани, „кој од ниски политички причини, го држи во заложништво почетокот на работата на предучилишната установа Валбона Зимбери- Валбона 2001 година, во село Матејч и отворањето на првата детска градинка на ниво на општина Харачиново, и тоа двете со капацитет од над 220 деца“.„Денеска, во знак на протест, сме овде пред Министерството за социјална политика, демографија и млади, поточно пред канцеларијата на лицето кое е главниот и единствен виновник што децата на Арачиновои Липково им е скратено загарантирано право со закон, да престојуваат во просториите на предучилишните установи, градинки и на нивните родители што не можат да ги сместат своите деца под организирана грижа.Министерот без легитимитет, Фатмир Лимани, со месеци од ниски политички причини, го држи во заложништво отворањето на првата детска градинка на ниво на општина Арачиново и почетокот на работата на предучилишната установа Валбона 2001 година, во село Матејч на Општина Липково“, велат од ДУИ.„Замислете, градинките во овие две општини Арачиново и Липково, се подготвени да примат деца од предучилишна возраст во своите простори, завршени се сите технички и административни процедури, единственото нешто што го спречува отворањето на вратите на овие објекти посветени на најмалите, тоа е неподготвеноста на овој човек, , да го процесирасогласности теза вработување на потребниот кадар , коисе веќе дадени од Министерството за финансии од пред неколку недели. Повторувам министерството за финансии ги има дадено согласностите веќе неколку недели!!Ја информираме пошироката јавност дека и покрај тоа што, општинската администрација неколку пати ги коригирала табелите што ги враќало Министерството, во најкус можен рок ги коригирала според барањето и за истата постапка веќе е дадена согласност од Министерството за финансии, но министер без легетимитет Фатмир Лимани без никакво образложение или оправдување одлучил да ги блокира согласностите во неговите фиоки, не пуштајќи ги во процедура, а воедно со тоа ги блокира и вработувањата кои се неопходни за функционирање на предучилипните установи.За да се констатира, дека нелегитимниот министер Фатмир Лимани постапувал врз основа на гнев и политички фрустрации, во истата постапка, идентични беа и процедурите за градинките во општините Чаири и Тетово, за кои веќе се издадени согласности од негова страна. Нема разлика во фактичката ситуација, ниту една!Нелегитимниот министер Фатмир Лимани ја сноси целосната одговорност што денеска по негова вина повеќе од 230 деца чекаат да бидат сместени во градинките.Јавно прашуваме дали единствениот мотив на овој човек,е казнувањето на населението од овие две општини затоа што не му дале легитимитет да одлучува во нивно име??? Апелираме до овој човек, не си играј со судбината на децата од овие две општини и не ги казнувај нивните родители преку нив!“, соопштуваат од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-22-at-18.56.30

Уапсен функционер од ДУИ

Полицијата го уапсила Мухамед Љамалари, кој бил затекнат на Бит Пазар, а беше баран со потерница. Тој ваи за висок функционер на ДУИ, а според информациите, тој оди во притвор како осомничен за рушењето на заштитениот објект „Хотел Шар Ан“ во скопската чаршија,„Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода М.Љ.(42) од Скопје, кој бил баран по централна потерница по судска наредба за издржување мерка притвор за сторени кривични дела по член 394 , член 353 и член 264 од Кривичниот законик“, велат од МВР.Делата за кои се сомничи Љамалари се злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, и оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.Љамалари во својство на претседател на Одборот на директори на акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор ја формирал и организирал групата која дејствувала, велеа од Обвинителството.„Тој иако знаел дека хотел „Шар Ан“, што се наоѓа во склоп на Старата скопска чаршија, претставува културно наследство и е дел од заштитена споменичка целина и не може да биде предмет на продажба не ги презел своите законски овластувања за заштита на објектот, туку побарал од дел од припадниците на групата да извршат негово противправно рушење и уништување“, соопштија тогаш од Јавното обвнителство.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-dv

Али Ахмети го честита 22 ноември: До вчера го напредувавме, денеска мора да го браниме албанскиот јазик

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети на сите Албанци им го честита 22 ноември, денот на Конгресот во Битола и азбуката на албанскиот јазик.„За мене денеска е ден на албанскиот јазик, не само денот на азбуката на нашиот свет јазик и на конгресот во Битола.Мора да го негуваме и промовираме нашиот древен јазик, да се здружиме и да се ставиме во првите редови на напорите да го заштитиме од секојдневните напади.До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го штитиме постигнатото.Националното прашање, јазикот, знамето, унијата и интеграцијата бараат посветеност од мажи и жени-идеалисти и мисионери!Денеска сум во Швајцарија, покрај нашите иселеници, заедно да ги прославиме албанските ноемвриски празници и уште еднаш да се ставиме на чело на националните процеси, заедно да го заштитиме постигнатото и да одиме напред.Честит 22 ноември, денот на азбуката на албанскиот јазик!“, пишува Али Ахмети.

Македонија | пред 1 година

sekerinska

ДУИ упати честитки до Шекеринска: Ова е голем успех и за Македонија

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) упатува најискрени честитки до Радмила Шекеринска по повод нејзиното именување за Заменик генерален секретар на НАТО.„Ова е голем успех не само за г-ѓа Шекеринска, туку и за Република Северна Македонија, која преку ова именување ја потврдува својата посветеност на евроатлантските вредности и стандарди.Како партија која отсекогаш го поддржувала евроатлантскиот пат на нашата држава, оваа значајна постигнување го гледаме како признание за заедничките напори на сите граѓани на Северна Македонија.Шекеринска е одличен пример за професионализам и посветеност, и уверени сме дека ќе ја претставува нашата земја достоинствено на оваа висока функција“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

dui-

ДУИ: Од прв премиер Албанец до целосно уназадување за неколку месеци

„Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) е длабоко загрижена за развојот на настаните што ги поткопуваат принципите на еднаквост, соживот и интеграција во Република Северна Македонија. Денес, за жал, се соочуваме со систематски обиди да се врати назад деценискиот напредок, да се преврти историјата наспроти вредностите на правдата и инклузивноста кои ја изградија оваа држава“, велат од ДУИ.„Од нула учество во јавната и државната администрација, Албанците успеаја да создадат историја со изборот на првиот премиер Албанец во Северна Македонија.Ова не беше само триумф за Албанците, туку и победа за идејата за еднаквост меѓу народите и дека секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, заслужува еднакви можности.Денес, овие достигнувања се во опасност од уништување.Систематското отстранување на Албанците од клучни позиции и нивното заменување со пониски улоги претставува намерен чин на маргинализација што ги нарушува принципите на еднаквост и меритократија.Албанските претприемачи се соочуваат со неправедни пречки кои го спречуваат економскиот развој и создаваат бариери за учество во растот на земјата.Најавата за ревидирање на Законот за јазици претставува директен напад врз Охридскиот договор, договор што ги постави темелите за мир и меѓуетничка хармонија во нашето општество.Албанците се соочуваат со понижувачки третман преку враќањето на југословенскиот концепт на негирање на етничката идентификација, по одлуката на Уставниот суд.Во исто време, инцидентите на етничка основа, поттикнати од омраза и предрасуди, ја враќаат земјата назад во време на омраза, наместо да го промовираат дијалогот и разбирањето.Демократската унија за интеграција нема да остане тивка пред овие случувања.Ги повикуваме сите граѓани на Северна Македонија, без разлика на етничката припадност, да се обединат против обидите за деградација на вредностите на еднаквост, толеранција и хармонија.ДУИ повторно ја потврдува својата посветеност да ги искористи сите демократски, законски и меѓународни механизми за да ги заштити правата стекнати со многу жртви, за да ги заштити постигнувањата на Охридскиот договор и да гарантира дека Северна Македонија ќе продолжи да биде модел на успешен мултиетнички соживот.Нашата земја не смее да дозволи враќање во ера на поделби, дискриминација и конфликти. Демократската унија за интеграција ги повикува сите политички фактори, меѓународни партнери и граѓанското општество, да преземат итни мерки за заштита на заедничката иднина и предвидливост на Северна Македонија.Еднаквоста не е привилегија – таа е право. ДУИ ќе остане непоколеблива во заштитата на ова право денес и утре, како силна гаранција за посветла иднина“, се вели во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

dui

ДУИ: Нафије Селмани и Афрона Верзиволи од Вреди се партиски кандидати, спротивно на законот за медиуми, алармирана меѓународната заедница

„Демократската унија за интеграција го осудува вознемирувачкото продолжување на менталитетот за партизирање на независните институции од страна на коалициските партнери во власта без етнички легитимитет“, велат од ДУИ.„Кандидатите за членови на Советот на Агенцијата за медиуми Нафије Селмани и Афрона Верзиволи на вчерашната расправа во собраниската комисија за избори и именувања ги излажаа пратениците, граѓаните и медиумите.Нафије Селмани и Афрона Верзиволи се членови на политичките партии во коалицијата Влен, беа кандидати за пратеници, општински советници, учествуваа на состаноци на партиски тела и беа предложени за функции од истите партии.Срамно е, бескрупулозно, да се лаже целота јавност без око да им трепне.Со каков кредибилитет ќе ги извршувате своите должности кога универзално лажете и го прекршувате законот за време на вашиот избор?Партизацијата на советот на обвинители од Вреди продолжува и во агенцијата за медиуми.Пратениците се пред тест, дали регулаторните и независните државни органи ќе бидат партизирани или ќе го штитат кредибилитетот на институциите и на собранието со спроведување на законот“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

IMG_2960

Додека Скопје се гуши: Неспособноста и бизнис интересите на нелегитимниот министер за животна средина го загрозуваат животот на граѓаните, велат од ДУИ

„Во време кога Скопје е еден од најзагадените градови во светот, нашите граѓани се соочуваат со директна закана по животот од воздухот што го дишат секој ден. Оваа немилосрдна загаденост ги убива граѓаните тивко, претворајќи го секој здив во отров за нивното здравје“, велат од ДУИ.„Додека болниците се полнат со граѓани кои се жалат на тешкотии со дишењето и здравствени проблеми поврзани со загадувањето, нелегитимниот министер за животна средина продолжува да се занимава со своите приватни интереси во казино бизнисот и многу други. Овој министер, избран не од граѓаните преку слободен и демократски избор, туку на состаноците на ВМРО-ДПМНЕ, е симбол на неодговорна власт која не се грижи за благосостојбата на граѓаните, туку за личните интереси на тесна група.Како да не е доволно што нашите деца ги губат животите во клиники поради лошо управување, додека трошоците за живот се зголемуваат на нивоа што се неподносливи за многу семејства, сега и секој здив на граѓаните е чин што го загрозува нивното здравје и живот. Сето ова се случува затоа што оваа влада постојано не успева да преземе ефективни мерки против загадувањето, да обезбеди чист воздух и да го заштити животната средина.Фактите се јасни: влада која не успева да го заштити правото на граѓаните на чиста и здрава животна средина, не може да се смета ниту за легитимна ниту за компетентна. Додека граѓаните ги трпат последиците од загадувањето, плаќајќи ја највисоката цена – своето здравје и живот – оваа влада останува рамнодушна, игнорирајќи ги итните повици за акција.ДУИ повикува на итни и брзи мерки од надлежните власти за справување со оваа здравствена и еколошка криза. Граѓаните на земјата заслужуваат чист воздух, заштита од загадувањето и влада која ги штити и се грижи за нив, а не влада која ги остава на милост и немилост на околностите“, соопшти ДУИ.

Скопје | пред 1 година

590f140e-a80d-438b-b9fe-667a2ba68112

(Видео) ДУИ: Дискриминаторски буџет од Влада без етнички легитимитет

Демократската унија за интеграција денес преку прес конференција „ја покажа некомпетентноста и празните зборови на оваа владина коалиција без етнички легитимитет, особено на албанскиот партнер кој уште еднаш докажа дека е таму само за лични интереси, без никаков капацитет да влијае врз одлучувањето, овојпат на суштинскиот документ кој ги дефинира сите финансиски, економски, но и социјални текови на една држава“.„Денеска сме пред вас за уште еднаш да посведочиме за некомпетентноста и празните зборови на оваа владина коалиција без етнички легитимитет, особено на албанскиот партнер кој уште еднаш докажа дека е таму само за лични интереси, без никаков капацитет да влијае врз одлучувањето, овојпат на суштинскиот документ кој ги дефинира сите финансиски, економски, но и социјални текови на една држава.Сега зборуваме за предлог-буџетот на државата како предлог поминат во Владата без етнички легитимитет, а доставен до собранието на Република Северна Македонија.Во една позната изрека на римскиот политичар и државник Цицерон, за буџетот се вели: Буџетот мора да се избалансира, Државната каса да се надополни, јавниот долг да се намали, ароганцијата на службениците да се ублажи и контролира“, велат од ДУИ.„Анализирајќи го предлог-буџетот, со жалење констатираме дека ниту една од овие карактеристики или атрибути на развоен и демократски буџет не е ни приближно предвидена во владиниот предлог-буџет за 2025 година!Зошто го кажуваме ова?Имаме енормно зголемување на буџетските расходи, касата нема да се полни затоа што не се почитуваат фискалните правила со дефицит, кој сега е уште поголем од 2024. Јавниот долг уште повеќе ќе се зголеми и сето тоа покажува дека ароганцијата на функционерите ниту се скратуваат ниту се контролираат!Дозволете ми да одам еден по еден... но накратко, бидејќи, има толку многу да се зборува што не можеме да стигнеме на оваа прес-конференција.Неопходно е да изразиме длабоко жалење и разочарување, од оние кои ветуваа фискална консолидација по формирањето на владата без етнички легитимитет. Во нивниот предлог-буџет евидентно е дека буџетот за 2025 година не ги почитува фискалните правила сега дефинирани со закон!За да биде појасно за пошироката јавност, во предложениот буџет за 2025 година има поголеми приходи и расходи од буџетот за 2024 година, во структурата на буџетот капиталните расходи се пониски (12,6% наспроти 13,1%) и има поголем дефицит во однос на првичниот буџет за 2024. (Зборуваме за буџетот за 2024 година пред ребалансот од страна на владата без етнички легитимитет, кога буџетскиот дефицит значително се зголеми, а резервираните средства за капитални и стратешки проекти за 2024 година се намалија).Еден од главните „дефекти“ на буџетите е високиот буџетски дефицит. Овие планирани приходи и расходи резултираат со проектиран буџетски дефицит во апсолутна вредност од 41,4 милијарди денари или на ниво од 4% од проектираниот БДП. Иако е помал од проектираниот дефицит со ребалансот на буџетот за 2024 година.(но за ова треба да се почека следниот ребаланс), ако се спореди со првичниот буџет за 2024 година тој е повисок, беше планиран на ниво од 33,5 милијарди денари, поточно на ниво од 3,4% од проектираниот БДП. .Јавниот долг продолжува да расте. Со високиот буџетски дефицит, јавниот долг се зголемува на над 60% од БДП, што на крајот на оваа година се предвидува да биде 62,7% од БДП и уште поголем на крајот на 2025 година. (дури и според Стратегијата за Управување со јавен долг 2025-2029, објавен во октомври 2024 година, јавниот долг ќе достигне 65,2% од БДП).Но, да бидеме искрени, мораме да го поздравиме и фактот што во предлог-буџетот за 2025 година е нагласено дека најголем придонес во растот за 2025 година се очекува да имаат бруто инвестициите со пораст од 8,1%, главно како резултат на интензивирањето на реализација на големите инфраструктурни проекти финансирани од државата, главно автопатиштата во Коридорите 8 и 10Д, проекти кои од сите партнери на оваа власт беа повеќе од критикувани дури и од албанските партнери без легитимитет.Во владините програми (финансирани од основниот буџет)1. Децентрализација. Обезбедени се 6 милијарди денари за инфраструктурни проекти за општините кои се поделени, но треба да се напомене дека сега тоа се планира да се направи, не по клучот за еднаков регионален развој како досега и исклучување на дијаспората како критериум во распределба на средства. Јавноста е веќе информирано дека со одлука на Владата, дијаспората како можен придонесувач за економскиот развој на државата, иако со право на глас на изборите, веќе не е предвидена во критериумите за распределба на државните средства за развојот на регионите, односно општините, а како резултат на тоа општините со албанско нселение не само што ќе имаат помалку членови во општинските совети, туку и помалку финансиски средства за економски развој распределени од владата на Република Северна Македонија.2. Интеграција во НАТО, иако државата е полноправна членка на најважната светска алијанса НАТО, членство кое има многу привилегии и придобивки но и дефинирани обврски. Средствата предвидени за интеграција во НАТО се намалени од 5,4 милијарди денари во 2024 година на 4,8 милијарди денари со буџетот за 2025 година.3. Реформа во јавната администрација. Продолжува трендот на напади врз правичната застапеност, по укиниувањето на балансерот, сега дури се намалени и финансиските средства посветени на остварување правична застапеност! Таа што, средствата за правична и еднаква застапеност се намалени од 135,6 милиони денари на 112 милиони денари во однос на буџетот за 2024 година.4. Рамноправен регионален развој. Средствата за рамноправен регионален развој според клучот и методологијата предвидени со закон се намалени за повеќе од 50% соодветно од 632,9 милиони денари на 304 милиони денари во однос на буџетот за 2024 година.5. Инвестиции во образованието. Се зборуваше за развојот на образованието, но тоа не се прави со намалување на средствата, сумата за инвестиции во образованието е намалена за над 30%, или од 779,9 милиони денари на 529,6 милиони денари во однос на буџетот за 2024 година.Што се однедува на развојните потпрограми (финансирани од основниот буџет)1. Иако конечно признаа дека проектот „Коридор 8 и 10Д“ е многу важен за нашата држава. И овде имаме огромно намалување на средствата! Сумата е намалена за 50%, односно од 15,1 милијарди денари на 8 милијарди денари во однос на буџетот за 2024 година.2. Здравство. Не помина ден, без да ја критикуваат состојбата во здравствените установи, а тоа ќе го решат со намалување на средствата за нивна реконструкција!Намалени се средствата за реконструкција на јавните здравствени установи. На пример, за Општа Болница Кичево, предивдени 15 милиони денари од 65 милиони денари во однос на буџетот за 2024 година.Додека во, Посебен дел од буџетот (проекти, капитални расходи и други ставки)1. Износот за проекти во основното и средното образование е намален во однос на буџетот за 2024 година, и тоа за основно образование од 717,6 милиони денари на 551,6 милиони денари и за средно образование од 362,7 милиони денари на 286,4 милиони денари.2. И почитувани, едно од најголемите достигнувања во првите 100 дена од владата, на партнерот без легитимитет ВРЕДИ, на 3 септември годинава, вицепремиерот, Изет Меџити, помпезно изјави дека: цитирам „Денеска на седница на Владата е донесена историска одлука, голема инвестиција од 34,5 милиони евра. Го градиме Универзитетскиот Кампус „Мајка Тереза“!. Дури и за нас беше изненадување кога видовме дека во предлогот на владиниот буџет без етнички легитимитет, за капитални инвестиции во Универзитетот „Мајка Тереза“ се планирани „нешто помалку“ од 34,5 милиони евра....точно 209.000 евра или 12 милиони денари. Ова е дури помалку од она што беше предвидено во буџетот за 2024 година, кога беше планирано 10 пати повеќе од сега, односно 120 милиони денари или околу 2 милиони евра за капитални инвестиции, во Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Односно, разликата меѓу 34,5 милиони евра буџет и 209.000 евра планирани во предлог-буџетот не може да се прикаже ниту со процент! Но, ова е некаде 150 пати помалку“, соопштија од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ali-ahmeti

ДУИ: Кој ја дестабилизира државата?

„Во одговор на последните изјави кои ја адресираат ДУИ како фактор на дестабилизација, загрижувачка е леснотијата во користењето на разделувачката реторика и обвинувањата кои во реалноста го удираат мултиетничкиот карактер и еднаквоста во нашата земја“, велат од ДУИ.„Затоа, поставуваме неколку прашања за да ја осветлиме вистината:Кој ја дестабилизира државата? Тие што велат “да ја вратиме земјата на Македонците” или тие што го бранат мултиетничкиот карактер и еднаквоста?Кој ја дестабилизира државата? Тие што ја потиснуваат волјата на над 40% од етничките заедници во мултиетничка земја или тие што промовираат еднаква и функционална демократија?Кој ја дестабилизира државата? Тие што ја исклучуваат дијаспората од политичките и финансиските пресметки, иако таа дијаспора ја одржува финансиската стабилност на земјата, плаќа даноци и е најголемиот амбасадор на оваа земја?Кој ја дестабилизира државата? Тие што му наредуваат на Уставниот суд да го отстрани срцето на Охридскиот договор - правото на етничко самоидентификување - или тие што го почитуваат тоа право за сите граѓани?Кој ја дестабилизира државата? Тие што ги поништуваат механизмите кои интегрираа еден цел народ во институциите на унитарната држава, наместо да создаваат паралелни институции, или тие што градат еднаква држава и општество?Кој ја дестабилизира државата? Тие што се обидуваат да го избришат и поништат најсветото, албанскиот јазик, или тие што го официјализираа албанскиот јазик во земјата, а македонскиот во Европската унија?Кој ја дестабилизира државата? Тие што со децении ја блокираа интеграцијата во НАТО или тие што ја интегрираа државата во НАТО? Тие што го блокираа патот кон Европската унија или тие што ги отворија пристапните преговори и го одржаа првиот меѓувладин состанок?ДУИ останува посветена на заштита на еднаквоста, мултиетничкиот карактер и Охридскиот договор како основа за мирот и стабилноста.Ги повикуваме сите да размислат за овие прашања и да преземат дејствија кои промовираат единство и еднаквост, наместо поделби кои ја загрозуваат заедничката иднина на сите граѓани во оваа земја“, се вели во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-093553

ДУИ: Министерот за здравство шета во Дубаи, додека децата умираат по болници

„Во изминатите месеци, здравствениот систем во Северна Македонија доживеа трагични настани кои длабоко ја потресоа јавноста. Необјаснивите загуби на животи на деца во Педијатриската клиника се јасен аларм за сериозната состојба во која се наоѓа нашето здравство“, велат од ДУИ.„Дополнително, загрижувачки е да се забележи намерната тенденција за маргинализација и замена на албанскиот медицински персонал со македонски кадар, како што е последниот случај во Здравствениот дом во Куманово. Овие постапки не само што ја поткопуваат внатрешната кохезија на здравствените институции, туку и го нарушуваат квалитетот на услугите што им се нудат на нашите граѓани.Во меѓувреме, министерот за здравство изгледа повеќе ангажиран во туристички патувања во Дубаи и партиски активности, занемарувајќи ги своите обврски кон граѓаните. Овој недостаток на посветеност и одговорност е неприфатлив, особено кога здравјето и животот на нашите деца се во опасност.Покрај тоа, јасно е дека нелегитимниот министер за здравство, кој дејствува како марионета на ВМРО и е вклучен во корупција, покажува и висок степен на неспособност во управувањето со здравствениот сектор. Оваа комбинација на сервилност, корупција и неспособност води кон длабока криза, каде што нашите граѓани ја плаќаат највисоката цена.Граѓаните бараат министерот за здравство веднаш да поднесе оставка и да преземе одговорност за овие сериозни неуспеси. Исто така, повикуваме на независна и транспарентна истрага за последните смртни случаи во Педијатриската клиника и на итно запирање на дискриминацијата кон албанскиот медицински персонал.Време е да ги ставиме интересите на граѓаните и здравјето на нашите деца над личните амбиции и политичките агенди. Ние нема да останеме неми пред оваа неправда и ќе продолжиме да се бориме за здравствен систем кој им служи на сите граѓани, без разлика“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

ДУИ ги лаже своите членови за да не си заминат, убедува Меџити

Заменик-премиерот Изет Меџити во „Пик Подкаст“ ги коментираше случувањата во ДУИ, каде што, како што вели тој, раководството постојано ги лаже своите членови како механизам за да не се распаднат.„ДУИ користи механизам на лажење на широкото членство за да не си заминат. Кажуваат дека ќе се вратат за еден месец, за два месеци, дека ќе организираат протести. Потоа, кога ќе видат дека немаат поддршка за протести, велат дека ќе организираат средби со граѓаните, а кога тие средби се одржуваат, ги држат со партиските структури, кои патуваат од Куманово до Ликово и обратно, лажат едни други“, изјави Меџити.

Македонија | пред 1 година

taravari-d

Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција бара одговорност од министерот за здравство и директорот на детската клиника за секојдневните смртни случаи на бебиња во болниците со кои раководат Изет Меџити и Арбен Таравари“, велат од ДУИ.„Болниците се претворија во пекол за пациентите каде секојдневно умираат бебиња, додека Таравари шета низ светот и не чувствува никаква одговорност.ВЛЕН, Изет Меџити и Арбен Таравари реагираат само кога ќе им се наруши кумството со коцкарскиот бос во земјава, нивниот најголем поддржувач.Секогаш кога Таравари е министер за здравство, смртта на пациентите станува секојдневна појава.ВМРО ДПМНЕ го нарече Арбен Таравари министер за смрт и најкорумпиран човек.Мицковски денеска мора веднаш да ги разреши Таравари и директорот на клиниката Мемеди за да ги спаси граѓаните“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

tahir-hani

Почина Тахир Хани поранешен функционер на ДУИ

Тахир Хани поранешен функционер на Демократската унија за интеграција, почина по кратко боледување.Роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршувал важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик министер.Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија, ДУИ на официјалниот фејсбук профил.– Со длабока тага ве известуваме дека по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани, наведуваат од ДУИ.Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта.

Македонија | пред 1 година

medziti-d

ДУИ: За членови на советот на обвинители се предлагаат сопартијци на Меџити од Влен

„Демократската унија за интеграција остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во советот на обвинители. За член на советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити“, соопшти ДУИ.„Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи.Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет, додека ги повикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет.Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на собранието и овие постапки не оддалечуваат од Европа и европските вредности и не враќаат во заробена држава“, се додава во соопштението на ДУИ.

Македонија | пред 1 година

dui

ДУИ: Изет обвинителот нека го затвори коцкањето и нека се раздели од кумството со српскиот коцкарски бос

„Од устата на босот на урбаната мафија Изет Мегавин Меџит не се изусти ниту збор за:- 140.000 евра на сметката на директорот на Државна лотарија Александар Климовски од српскиот приватен партнер на Лотарија– За одлуката на моноетничката влада која откри дека српскиот коцкарски бос, спонзор на Изет Мегавин Меџити, цели 7 години незаконски организирал коцкање на интернет и има освоено стотици милиони евра.- За враќањето на коцкарскиот монопол во рацете на српскиот газда, пријател на Изет МегаВин Меџит.-За затворање на државната комтрола и организација на индустријата за да му го врати монополот на неговиот омилен српски газда. - За над 100 милиони евра добивка со само 1 милион евра инвестиција- За незаконскиот договор на неговиот шеф со кој се суспендира Законот и државната контрола врз неговата компанија иако законот строго го забранува тоа“, соопшти ДУИ.„Изет, кој ја игра улогата на Обвинител со обвинувањата и тужбите напишани од српскиот газда на коцкарската индустрија, да ја затвори онлајн платформата за коцкање МЕГАВИН како што вети!Изет, дури и птиците знаат дека си омилениот лик на српскиот коцкарски бос и дека неговата уста и ум зборуваат преку твојот глас и тело.Изет, ниту едно казино или кладилница не затвори. Изет, зошто го постави твокот Афет Мифтари во Лотарија иако вети дека нема да го направиш тоа.Не ти требаат Албанци во државното претпријатие затоа што доволно е да бидеш самиот ти во служба на приватниот српски коцкарски газда“, соопшти ДУИ.

Македонија | пред 1 година

ahmeti-rohas-3

Ахмети го прими евроамбасадорот Рокас: Европската Унија е нашата единствена алтернатива

Во седиштето на Демократската унија за интеграција во Тетово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, го прими амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас.Претседателот Ахмети и амбасадорот Рокас долго разговараа за сите политички прашања во нашата земја, за неопходните реформи за европска интеграција, за легитимитетот и Охридскиот договор, како и за изборите во Северна Македонија.Ахмети го информира амбасадорот Рокас дека ДУИ е партија која ни за момент не се колеба од својата евроатланска определеност и ориентација.„За нас евроинтеграциите се без алтернативи и ДУИ дава целосна поддршка за продолжување на преговорите и спроведување на реформите без никакво одлагање и со политички консензус“, рече Ахмети.Во однос на Охридскиот договор, Ахмети потсети дека ЕУ и САД се гаранти на мировниот договор и дека меѓуетничките односи се многу оптоварени со непромислените чекори на владата во однос на албанскиот јазик, етничката припадност, правичната и соодветна застапеност итн.„Северна Македонија и Македонците не изгубија ништо од рамноправноста со Албанците, а државата воопшто не е загрозена од спроведувањето на Охридскиот договор.Политичкиот дијалог во државата мора да го почитува изборниот легитимитет на легитимните претставници на етничките заедници бидејќи тоа овозможува стабилност, безбедност и социјална кохезија“, кажа Ахмети.Тој повтори дека решението за оваа тешка ситуација се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања