Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИНА МНОГУФИНА

media-libraryeidav4kkja58dVw3xFu

„Нигде нема пушење“ стана апсурд: новите измени, Ина ги нарече измените „најглупо нешто“

Инфлуенсерката и критичарка Ина Многуфина остро реагира на најавените измени на законот за пушење, оценувајќи дека мерките наместо да донесат јасни правила, се претвораат во апсурдни решенија.Во објава, таа потсетува дека законот најавен со порака „нигде нема пушење“ сè уште не е донесен и дека претрпува измени кои, според неа, ја менуваат суштината.„Ви текнува законот што го најавија со фанфари ‘нигде нема пушење’ дека требаше да биде изгласан до сега? Епа не е, трпи промени, тера накај ‘нигде нема пушење за тој што нема запалка’“, пишува таа.Како пример ги наведува новите услови за терасите.„Терасите да имале посебна врата и да се отворени од две страни. И кров се брои за страна. Тоа е новото, претходно од три требаше да се отворени“, посочува Многуфина.Посебно ја критикува идејата цигарите да не бидат видливи во супермаркетите.„Е сега прочитав може нешто најглупо на свет, нели законот вика сега цигарите да не се видливи во супермаркет, е и тоа не чинело пошо пазете сега, ако не биле видливи ќе оделе пушачите по нелегални места да купуваат“, пишува таа.Во ироничен тон, ја доведува во прашање логиката зад ваквите аргументи.„Значи, одиш у маркет, не ги гледаш на каса, не купуваш туку одлучуваш да бараш маалски дилер кој исто така не ги изложува цигарите и му викаш дај две кутии“, наведува Многуфина.На крајот, таа поставува директно прашање за одговорноста зад предложените измени.„Па добро кој ви ги прави измениве на законот? Му плаќате ли за ова? Се надевам не од наши пари“, пишува Ина Многуфина.

Коментари | пред 2 дена

media-libraryeqroegr0q76tbkSg3L0

Се повеќе љубоморни партнери ставаат тракери во автомобили за да видат кај одат, тоа не е бондовски туку кривично дело, алармира Ина Многуфина

Инфлуенсерката и критичарка која пишува под псевдонимот Ина Многуфина предупредува за појава која, според неа, сè почесто се случува во токсични партнерски односи – тајно поставување тракери во автомобилите на партнерите.Во објава на социјалните мрежи таа наведува дека некои партнери, најчесто од љубомора и недоверба, нарачуваат уреди за следење и ги поставуваат во возилата за да проверат каде се движи нивниот партнер.„Има сега една појава што има земено сериозен замав, а тоа е партнери, најчесто во некој токсичен однос, нарачуваат тракери и им ставаат на партнерите по колите да видат кај одат. Колку и да им делува тоа бондовски во нивните несигурни глави кои сакаат да докажуваат дека се попаметни од партнерот во кој се сомневаат, вистината е дека се сериозно глупи, несигурни и немаат контрола врз себе. Да не беа глупи ќе знаеја дека тоа е кривично дело за кое се добива и до три години и колку и да мислат дека можат да се скријат, на компјутерски криминал им треба многу малце време да најдат со кој уред е поврзан тракерот. Тракерите ги ставаат најчесто во резервната гума или по места кои не често ги проверувате во колата. Доколку најдете нешто такво нема никаква потреба да ги прашувате зошто или како, одете и пријавете во полиција. Колку побрзо се тргнете од таков токсичен лик толку подобро за вас“, напиша Ина.

Коментари | пред 2 седмици

media-libraryineuvoudt99m7otCoM6

Лесно е од позади тастатура да кажеш што можела да направи, ама ти од друга позиција збориш - ова насилство по овие закони не се спречува, напиша Ина

По трагедијата во скопската населба Карпош, во која мајка и дете ги загубија животите по пад од тераса, социјалните мрежи се преплавени со коментари, осуди и прашања. Меѓу реакциите се издвојува и ставот на критичарката која пишува под псевдонимот Ина Многуфина, која апелира да не се носат лесни заклучоци од „безбедноста на тастатурата“.Лесно е од позади тастатура да кажеш што можела да направи ама ти од друга позиција збориш.Зошто не го оставила? Може немала каде да оди. Ти текнува дека немаат сите семејство или пријател ко тебе да и рече дојди кај мене, јас ќе ти помогнам?Зошто се омажила со него? Зар мислиш ќе се омажела ако знаела дека е мрднат, а и ако е нетокму тоа прогресирало низ годините посебно ако се зависности во прашање?Зошто не го решила? Не може секој да се одбрани на таков начин. Лесно е да се збори сега ама не е така ко шо мислиме ние од дома.Барала помош, каде е закочен случајот? МВР, ЈО, ЦСР? Да видиме.Танкица пријави, не го препознаа ризикот кај неа, не превземаа ништо. Го викнаа на разговор го пуштија, толку беше. Росица пријави кршење мерки, дремеа неколку месеци не вадеа камери, не процесираа, толку беше. Марија, една од неколкуте жени од Кумановско, пријавила, дошле го побарале, не бил дома, толку беше.Нас ни требаат нови закони. Не е доволно по службена должност да се гони. Нас ни треба нов закон за социјални работи, нов закон за заштита од семејно насилство, нас ни треба се ново. Да влезат пратениците да почнат да работат на тоа. Ова насилство по овие закони очигледно не се спречува. Таму каде што кочат случаите и по овој закон треба службениците со лисици да се вадат. Ние имаме многу жртви. Не е решение оди ти него истепај го нема да му текне. Нема да му текне за тој што го истепал, за жена му ќе му текне. Види хроника, секој ден имаме по нешто. Не чини закон, не чини спроведување, се е тоа споро. Или ќе се превземе нешто или ќе гледаме вакви последици”, стои во објавата.

Коментари | пред 3 седмици

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

„Кога веќе се грозиме од пороци, да видиме што е легално, а не се користи за медицински цели: цигари“

Пушењето е легален порок што не се користи за медицински цели, а остава сериозни последици по здравјето, предупредува Ина Многуфина. Таа посочува дека физичката зависност од никотин трае од 72 часа до две недели, по што останува психичката зависност, која, според неа, може да се надмине со цврста одлука.Според податоците што ги споделува, промените во организмот започнуваат речиси веднаш по прекинот на пушењето. По 20 минути се нормализираат пулсот и крвниот притисок. По 11 часа, јаглерод моноксидот во крвта се заменува со кислород, што овозможува подобра оксигенација на клетките. По 24 часа се намалува ризикот од срцев удар.По 48 часа никотинот целосно го напушта телото, а чувството за вкус и мирис почнува да се враќа. Во период до три месеци, функцијата на белите дробови може да се подобри за околу 30 проценти. По една година ризикот од срцеви заболувања се намалува за 50 проценти, по пет години ризикот од мозочен удар се изедначува со оној кај непушачите, по десет години ризикот од рак на белите дробови се преполовува, а по 15 години ризикот од срцеви болести е сличен како кај лица кои никогаш не пушеле.Многуфина укажува и на финансискиот аспект. Доколку некој пуши по половина кутија дневно, за една година троши околу 500 евра за цигари и минува приближно 23 будни дена во пушење.Последиците не ги трпат само пушачите. Лицата што живеат со пушачи имаат 25 до 30 проценти поголем ризик од срцеви заболувања, 20 до 30 проценти поголем ризик од рак на белите дробови, како и зголемен ризик од мозочен удар и хронични респираторни заболувања, како астма и бронхитис.

Коментари | пред 1 месец

media-library8llklbb1mcn49hdl1Nu

„Ќе ми недостига мојата омилена шалтерка со полициско-царински хибрид со став!“

Коментарот на Ина Многуфина за дигитализацијата на јавните услуги предизвика внимание поради ироничниот и препознатлив опис на секојдневието на шалтерите, кое, според неа, полека исчезнува со воведувањето електронски документи и е-фактури.„Ова сега со вадење документи електронски и со е-фактура ќе ми се одрази на мојата дружба со шалтерките и ќе ми фали таа енергија на полуцариник, полуџандар тип на понашање“, напиша Многуфина, алудирајќи на, како што вели, специфичната шалтерска култура која со години е дел од секојдневието на граѓаните.Во објавата, таа со хумор опишува вработена во пошта која, според нејзините зборови, „со сите се понаша ко да сме дошле да го опљачкаме трезорот на Народна банка“, при што секој погрешно свртен плик или неправилно подредено картонче се доживува како сериозен прекршок. Посебно, како што наведува, на удар се граѓаните кои ќе згрешат уплатница или не ја знаат шифрата за општина, додека другите шалтери не работат, а разговорите меѓу колешките течат како да ништо не се случува.Со иронија, Многуфина забележува дека дигитализацијата ќе ѝ ја одземе таа „кратка забава“ – моментот кога намерно го подава писмото наопаку и чека реакција од шалтерот, сцена која, според неа, е дел од еден поширок менталитет и културен модел што полека заминува во историјата.Коментарот, иако сатиричен, отвора и поширока слика за односот меѓу граѓаните и администрацијата и за тоа како дигитализацијата, покрај практичните придобивки, ја менува и секојдневната динамика на јавните услуги.

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2022-06-05-093843

„Изгинавме по улици од полусвет“ - во една недела загинаа двајца пешаци

Критикарката која пишува под псевдонимот Ина Многуфина остро реагира по двете тешки сообраќајни несреќи што се случија во Скопје, оценувајќи дека СМС-казните од системот „Сејф сити“ не можат да го надоместат, како што наведува, „интелектуалниот дефицит зад воланот и последиците од недостаток на родителска грижа“.„Сејф сити смс казните не можат да не спасат од интелектуалниот дефицит зад волан и последиците од недостаток на родителска грижа каде им даваат на деца да возат коли без возачка, вчера згазена жена во Капиштец и еден удрен пешак во Визбегово. Нека си излезе МВР да си се распореди и да си работи паралелно со Сејф сити.Нови мерки и закони почитуваат исклучиво луѓе со повисока свест и со желба за подобар живот и надеж за подобар систем. Останатото е проблем за општеството и треба некој да го тргне од улици на време. Изгинавме по улици од полусвет“, напиша Ина Многуфина.

Коментари | пред 2 месеци

cigari

Нов закон за пушење, стар проблем – ќе има ли еднаква примена за сите?

Ина Многуфина реагираше на најавите за новиот, построг закон за забрана на пушење, посочувајќи дека вистинскиот проблем во Македонија не е донесувањето на законите, туку нивната примена на терен. Според неа, искуството досега покажува дека и постојните одредби масовно се прекршуваат без речиси никакви санкции, што ја доведува во прашање ефективноста на новите најавени мерки.Многуфина потсетува дека и во моментов голем дел од терасите на угостителските објекти не ги исполнуваат законските услови за пушење, но ретко кој е казнет. Таа нагласува дека забраната за рекламирање на цигари формално постои со години, но во пракса лесно се заобиколува, па така производите често се промовираат преку флаери и визуелни материјали поставени токму на касите во маркетите.Според неа, клучното прашање е дали новиот закон ќе значи вистинска промена или само уште еден документ без реална примена. Таа укажува дека правилата мора да важат подеднакво за сите и насекаде, а не селективно. Како пример ја посочува состојбата во јавната администрација, каде, како што вели, пушењето во канцелариите често се толерира, додека контролите се насочуваат исклучиво кон угостителските објекти, и тоа претежно во одредени скопски општини.Таа смета дека ваквата нерамномерна примена создава чувство на неправда и го подрива кредибилитетот на институциите. Според неа, доколку државата навистина сака да го заштити јавното здравје, тогаш законот мора да се спроведува доследно – од јавната администрација, преку сите угостителски објекти во државата, до трговските објекти – без исклучоци и без „лабаво“ толкување.Во спротивно, предупредува таа, новиот закон за пушење ризикува да заврши како и многу други претходно – добро напишан на хартија, но игнориран во секојдневниот живот.

Коментари | пред 2 месеци

media-libraryu1mdoa04e1iq55TpJT7

„Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“

Инфлуенсерката и критичарка позната под псевдонимот Ина Многуфина со само неколку статуси успеа да го долови расположението на јавноста по стартот на проектот „Безбеден град“. Низ комбинација од иронија и сурова реалност, таа ја опиша колективната „паника“ што ја зафати државата, но и хаосот во сообраќајните навики што системот само ја оголи.Првиот нејзин статус, објавен уште пред стартот на тест-периодот, стана хит:„Се исфенирав за утре да не се брукам на Сејф сити камерите.“Со едно единствено хумористично вметнување, Многуфина го погоди стравот на возачите дека повеќе никој не може да помине незабележано.Вчера реагираше на бројката од 110.000 регистрирани прекршоци за само 24 часа:„110.000 за 24 часа на неколку улици во Скопје и автопат. Ние ќе си купиме море за една година“.Иронично, но во суштина – пресликано од реалноста која покажува колку длабоко се вкоренети сообраќајните прекршоци.Со уште поостар сарказам, инфлуенсерката го спореди профитот што го очекува МВР со популарната онлајн платформа Тему: „Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“.Коментар што многумина директно го споделија како политичко-економска анализа замотана во две реченици.А најголем интерес предизвика статусот кој ги отвори прашањата околу системот и начинот на добивање казни: „Убаво ова со Сејф сити, ама каде да провериме кој тел и мејл ми се во МВР за казни? На регистрација ништо не ме прашуваат. Да не се изненадам за 5 месеци од казни со камати, па да треба бубрег да оставам.“Ина Многуфина успеа во нешто што ретко кому му успева: да ја претвори општествената нервоза во хумористична критика без да ја ублажи суштината на потенцијалните проблеми. Нeјзините статуси за „Безбеден град“ не се само шеги – тие се огледало на реалноста која јавноста ја препознава.

Коментари | пред 3 месеци

media-libraryldqcnsq4pt6tbH4sBCx

По трагедија, повторно немарност: Во држава каде 18.000 денари ваучер се продава без фискална, нема лекција што ќе помогне

Инфлуенсерката и критичарка Ина Многуфина остро реагираше по вчерашната контрола во ноќен локал во Кавадарци, каде што настапувал пејач кој, како што таа вели, „пијаниците го нарекуваат ѕвезда“.Според неа, инспекциите утврдиле дека максималниот дозволен капацитет на локалот е 200 гости, а во моментот внатре имало околу 500 лица. Неофицијално, во објектот се продавале ваучери по цена од 18.000 денари – без фискални сметки – а настапот бил организиран и без соодветна дозвола.“И покрај трагедијата во Кочани на овој народ не му иде памет. Вчера на тоа настапот во Кавадарци на оноа што пијаниците го викаат ѕвезда, влегле контроли веројатно на големо изненадување на газдата и му нашле дека максималниот капацитет на гости е 200, а во моментот во локалот имало 500 гости. Неофицијално, во локалот се продавале ваучери за 18.000 денари, без фискални сметки. Плус оноа бил без дозвола на настап. Пазарче тезгиња бизнис. Единствено овде ми е позитивно што влегла контрола и се надевам не е популистичка мерка за време на судењето за Пулс, туку стварно ќе работат по закон, а не по "ќе средиме" за мочан саат од 100 евра. А газдата на локалот и сите газди на локали кои мислат дека се локал фраери над законот би им препорачала убаво да го следат судењето на газда Деко”, напиша таа.

Коментари | пред 4 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога?“, Ина Многуфина за разрешениот д-р Кузмановски

Не стивнуваат реакциите за разрешениот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски. Во објава на Фејсбук, реагираше и Ина Многуфина која вели дека е очекувано докторите да дадат поддршка, колеги се, но Лекарската комора има неповторлива можност да застане сега со осигурениците и да ги заштити од доктори кои користат супстанци.„ По ред скандали од вадење органи, лекарски грешки и разни трагедии, прв пат имаме црно на бело ама поише накај бело, човек кој конзумира дрога. Не му е место во јавно здравство, тука дискусија нема. Дали воопшто треба да прегледува нека се собере фелата и да процени. Кој ќе проценува треба да земе предвид дека ваквите поединци фрлаат сенка на целата фела.Не може да ги ставиме во ист кош со оние што дрога, швалерај и мито им е заштитен знак. Тоа што бараме е една достоинствена здравствена услуга во јавното здравство каде нема да се сомневаме во проценката на докторот што не прегледал нас или наш близок. Разбирам дека докторите се држат и си чуваат грб, но за овој случај не е баш така, поделени се мислењата и се оградуваат. Така да тој тугедрнес од колегите не е баш дека е многуброен, со оглед на тоа што не се потпишани. Но, нивно право е тоа да се другарчиња. Овој народ не заслужува да го оставиме да го прегледува човек кој гледаме дека е корисник бидејќи вреди секој човечки живот“, вели инфлуенсерката.Ако ни го остават во здравство, пишува таа, и одат на манифестацијата на моќ од типот на, "сложни калуѓерки и во петок мрсат" тоа ќе значи дека само директорската фотеља е битна да не се испрља, судбината на пациентите е недоволно битна поточно споредна.„Не мислам дека треба да се гледа политички, буквално не постои ниеден политичар што ќе стави рака во оган за корисник што му носи штета во време на избори. Мене ако ме прашате, јас ќе му ги пратев господата од ентеше да видат што друго има во фиоката. Но, еве да се држиме до сегашната ситуација, дали заслужуваат осигурениците да ги прегледува некој што користи дрога? Не. Дали треба да летаат од работа сите што користат дрога, а работат со човечки животи? Да, до еден. И секој обид да ни протнат дека ако ги избркаме ќе останеме без доктори ќе биде обид да нормализираме корисници и зависници, што е обратно од законот. Освен ако не планираме да легализираме, а не планираме. Лекарска утре ќе има можност да биде од страна на осигурениците и на образот на медицинските чесни работници, пишува Ина во објавата.

Коментари | пред 5 месеци

media-libraryj71vhlrpv3rieVK7JW4

„Со вакво хоби, ни маче не треба да му оди на преглед“

Снимката на која поранешниот директор на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски, се гледа како консумира бела прашкаста материја, и понатаму предизвикува лавина реакции во јавноста и на социјалните мрежи.Иако Кузмановски се извини и истакна дека снимката е стара и направена пред неговото именување за директор, дел од јавноста смета дека скандалот отвори многу подлабоки прашања за состојбата во здравствениот систем и професионалните стандарди.Меѓу најкоментираните реакции на социјалните мрежи се и оние од јавни личности.Водителката и инфлуенсерка Миа Костова саркастично коментираше дека јавноста „погрешно го персонализира проблемот“.„Пресмешно е дека докторов со белото ви е партиски шмркач. Пресмешно е дека стварно мислите дека белото иде со партија и дека е исклучок. Да земете да тестирате, нема да ви се верува кој сè лечи, работи, функционира исто ко директорот на Неврологија. Проблемот е подлабок од видеото што ви излезе“, напиша Костова, додавајќи дека „одговорност ќе има дури кога три доктори ќе бидат негативни на тест“.Таа додаде и дека „изненаденоста на јавноста е пофрапантна од самиот скандал“.Сличен став изрази и Ина Многуфина, која оцени дека смената на Кузмановски од директорската функција е недоволна мерка:„Сега после вчерашниот скандал можеме да сфатиме дека докторов е сосема ок да лечи пациенти, ама не смее да е директор. Значи, поголема штета ќе напраи како директор? Озбилно? Лиценца треба да му се земе. Со вакво хоби ни маче не треба да прегледа. Големата работа, го смениле од директор...“, напиша таа, додавајќи дека „прашањето е дали е работоспособен и дали треба да продолжи да лекува луѓе“.Во меѓувреме, министерот за здравство Азир Алиу донесе решение за разрешување на Кузмановски, нагласувајќи дека „јавниот углед и довербата во институциите мора да се заштитат“.Објавата на снимката го отвори и прашањето за контрола на медицинскиот кадар, употребата на психоактивни супстанции и улогата на Лекарската комора во вакви случаи.

Коментари | пред 5 месеци

media-libraryear6n5v5r7sjb9cK93X

„Би сакала Обвинителство да нема милост, оваа приказна се развива во ужас“: Ина Многуфина за ужасот во домовите за стари лица во Скопје

Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, реагираше на вознимирувачката вест за малтретирањето на стари лица во два дома во Скопје.„Ова со домовите ќе се развива во приказна на ужас ама треба да дознаеме што се случува. Буквално оние језиви приказни од серии ни се случувале тука кај нас и би сакала обвинителство да нема милост. Во два дома, еден во Бутел и еден во Капиштец каде семејствата на старите и немоќни лица плаќале високи сметки, луѓето добивале храна со изминат рок, спиеле на троседи или две лица спиеле на единечен кревет, заедно мажи и жени, биле заклучувани во посебни простории, а на дел од нив им давале терапија со лекови кои не биле препишани од лекар“, вели Ина во нејзината објава на Фејсбук.Истрагата е во тек, газдариците во притвор, а Ина, како што вели, се надева дека нема да „игра“ условна тука.„Тоа што мене ми е чудно и малце језивко е како ние имаме толку психопатишта на толку малку луѓе? Кој малтретира немоќни луѓе, само тие што се со одреден дизордер. Вие можете да малтретирате немоќен човек? Не можете, не ви иде природно, ви иде да му помогнете ваљда. Кај нас треба психијатри да поминуваат по дома да не проверуваат, ова веќе е лудо. Не знам ова дали го праеле само за пари, ќе си покаже истрагата ама мислам за вакви работи да ти текнат треба да си малку нетокму. Јас да имам некој во тие домови па не знам, 4 пара чевли ќе излижат од што ќе ги шетам по судски ходници“, напиша Ина во објавата.

Коментари | пред 5 месеци

DSC_0422

Саркастичен аплауз за законот: Моторите брчат погласно од слушалките, ама важно пешак е проблем

Инфлуенсерката Ина Многуфина саркастично реагираше на новите измени во Законот за безбедност на сообраќајот:„Голема работа за слушалките, ќе ги извадите пред пешачки и готово. Слободно можете да ги носите на сите други места да речеме кога одите по улица пошо на тротоар има паркирани коли, кога шетате и моторите и колите шибаат и брчат погласно од слушалките, кога некоја осакатена пијаница вози цик цак, кога одите по тротоар и ве поминуваат двајца на тротинет и еден на моторче со детето седнато пред него...имате каде да ги носите. Пешачки е, таму ќе стојат полицајците, ќе ги извадите, има закон, држава е ова, шо мислите вие?“Со новите измени, пешак кој ќе преминува улица со слушалки или зборувајќи на телефон ќе биде казнет со 40 евра, а за возачи на тротинети, велосипеди и мотори казната е 50 евра.

Коментари | пред 6 месеци

IMG_2107

„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка, туку редок случај на казна оти си јавна личност“

Инфлуенсерката под псевдонимот Ина Многуфина реагираше на социјалните мрежи по повод судскиот епилог во случајот со нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Таа смета дека казната што ја доби напаѓачот не претставува системска победа за жените, туку исклучок поради тоа што жртвата е јавна личност и функционер. Реакцијата доаѓа откако Арсовска, пресудата ја нарече „системска победа за секоја жена и мајка“.„Не е Данче ова системска победа за секоја жена и мајка. Ова е редок случај на казна поради тоа што си јавна личност и градоначалник и поради тоа што јавноста реагираше. Невидливите жени немаат се уште победа. Најчесто системот ги товари насилниците со условни, понекогаш по поише пати. Пред некој месец една жена жртва, оперирана од канцер, си го дочека насилникот дома, иако на рочиште 3 минути и ги читаа повредите, постапката за забрана за приближување беше поспора од неговиот пат до жртвата.Системот има уште многу да работи, а во тоа можат да помогнат жените кои успеваат да стигнат до битни функции и да направат нешто за другите жени, да влијаат и да се залагаат на друго ниво во нивниот мандат. Ама тоа некако не се дешава. Далеку сме од системска победа, ова е победа за заштита на институцијата и твоја како носител на функција. И тоа е добро, но да си дочекаат сите за нивните насилници. Вклучувајќи го и оној вчера во Кавадарци што ја тепал жена му од 68 години на сред улица. Затоа се силат, пошо казните за невидливите се невидливи“, напиша Ина Многуфина.

Коментари | пред 6 месеци

ina-mnogu-fina

Ина Многуфина: „Кога исчезнува човек, се појавуваат монструми со тастатури - жртвите не заслужуваат второ убивање со коментари“

Во моментите кога јавноста е вознемирена од исчезнување на лице, особено кога станува збор за млади, социјалните мрежи честопати стануваат простор за дезинформации, осуди и штетни коментари. Ина Многуфина реагираше со остар став на оваа појава, предупредувајќи на опасноста од ширење непроверени гласини и дополнителна виктимизација на семејствата кои веќе се соочуваат со тешка траума.Имам приметено, штом некој исчезне и почне потрага секогаш се појавува некоја бедотија мизерна и проста која ќе тргне да раскажува глупости за семејството по интернет. Веројатно за внимание бидејќи таа потреба им е поголема од емпатијата и не размислуваат дека на семејството кое во тој момент поминува низ траума не им треба екстра траума од околината.Тие луѓе, генерално непрегледани, привлекуваат иста таква проста маса во коментари за да осудуваат врз основа на никогаш легитимните информации од изворот претставен како фамилија или сосед. Па така имаме изјави од закарани членови на семејства и соседи кои прават дополнителна виктимизација на жртвите за момент внимание на интернет кое е многу побитно од све. И имаме приказни од типот:* отишла со кумот, се швалерисувале 2 години, не и е гајле сега се негде на плажа си го прчат* мајка и има швалер на девојчето го има тој грабнато дека се имаат скарано нешто, не е секој за мајка* да се провери таткото дали го крие детето во подрум он е чуден вака во продавницаСите овие три случаи завршија трагично, ништо од тоа не беше вистина. А и да има некој некакво инфо тоа во полиција се дава не се пишува во коментари. Семејството потоа продолжува да живее со траумата од загубата и измислените глупости на некоја болна будала распрскани ко трачеви под вестите со апелот за исчезнатото лице.

Коментари | пред 8 месеци

ina-mnogu-fina

Ина Многуфина: Стојанче по едно пиво на селаните ќе им плаќал пред кооперации и они ќе биле дронови единици за алармирање од пожари

Ина Многуфина на ФБ со свој став за состојбата и справувањето со пожарите. Таа вели, никој не излезе да објасни зошто не се купува опрема за пожари секоја година.„По изјавите на бескрајно харизматичниот и духовит Стојанче во кого некој гледа менаџер ја гледам сериозноста на пристапот. Возила од паркинг на АРМ сочувани левел баба ги возела, пожарникари бараме во јули за 24к плата, пилоти ќе обучуваме од септември веројатно за пожарите во јануари да се спремни и најјакото од се не требало дронови туку Стојанче кој до пред некоја година не го интересирало дали постои ДЗС, сега, пазете ова, ќе им плаќал по едно пиво на селаните пред кооперации и они ќе биле место дронови единица за брзо алармирање за пожари. Демек оние 5 луѓе што се собираат "Кај Миле" на гајбите во Благодарево после 5 пива кога ништо не гледаат ќе го видат пожарот во планината, исто ко дрон, ќе го извадат телефонот и ќе му ѕвонат на Стојанче ваљда да му кажат. И он изгледа ќе дојде со гранката и ќе го истепа огинот кој што го регистрирале кооперација единиците за известување. Ама среќа за пратениците за трошоци и за службени коли немаме ваков проблем. За пожарите нека се засрамат овие што не донирале, буџетот си има свои приоритети. И не треба многу со недоверба да се гледа, треба и вие да им верувате ко тие што му веруваат на народот. Еве во Битола, два месеци стара фирма добила тендер од 2.5 милиони евра од ЕСМ со „жими мајка“ уверување дека има 330 работници на лагер. Келнер не можеш да најдеш за 2 месеци не па 330 работници ама ете му верувале. Значи треба да се има доверба и со Господ напред некој нешто ќе донира и се ќе биде ок. Добро?”, напиша Ина Многуфина.

Македонија | пред 8 месеци

taksi

Точно е дека такси во Скопје ќе биде поскапо од авионска карта, али каде и да летате нема да се возите со кола која смрди на пепељара - коментар на денот

„Точно е дека такси во Скопје ќе стане поскапо од авионска карта ама полека малце, каде и да летате нема да можете да се возите во кола која смрди на пепељара, има штрафцигер на прозор и шоферот ти ги раскажува вестите од денес да не се зрачиш да читаш од телефон додека диспечерката им се наебува на колегите што не и се јавуваат.Значи не е само ајде да се плука, повеќе услуги се во едно затоа е таа цена“, пишува Ина Многуфина на социјалните мрежи.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-08-at-18.26.46

„Итар Пејо нација. Нема книги, нема средени школи, здравството лом, сметките врв, јавна администрација превработена“

Зошто да не си одат? Квадрат кај нас е поскап од квадрат со поглед на море, супер маркет ни е поскап или ист ко во големите градови, трговци заобиколуваат мерки за поефтини цени со тоа што не продаваат кафе 200гр туку кафе 197гр кое не е опфатено со мерки.Итар Пејо нација. Нема книги, нема средени школи, здравството лом, сметките врв, јавна администрација превработена, швалерки дилери све на државна цицка обесено, приватен сектор кубури освен големите компании и компаниите на големите.Што бараат тука да седат? Скапо е да се живее во сиромашна земја која романтизира преживување и нормализира беда.

Коментари | пред 1 година

IMG_5581

„Секој ден имаме насилства, силувања и родосквернавења, за жената од Градачац беше касно, за нашите жени не е, ако почнеме денес, aма денес е петок...“

Ина Многуфина на социјалните мрежи реагираше околу процедурата за заштита на жртвите на насилство. Вели дека е разочарана од тоа колку небитно се третира апелот.„Градачац е место со населеност колку наш Охрид. Шансите да не знаеш кој е криминалец со досие подебело од "Војна и мир" се никакви. Дополнително, кај госпоѓава дошол началникот од ПС, единствената станица во местото и и кажал дека овој ја претепал жената пошо не му било вкусно јадењето, веројатно и кажал дека се работи за човек со сериозно досие, сигурно не збореле за римелчиња. И оваа вика не бе нема да досудам забрана немате докази. Сега, после се, она е некоја жртва демек леле луѓе ме напаѓаат...Туку, друго да прашам. Слушнавте ли некој од нашите политичари да побара да се преиспита и нашиот пат до забрана за приближување? Не, така? Минимум очекувам од нашите парламентарки кои неретко се на врвот од зимање патарини да стане и да каже збор два за процедурите кај нас. Јас ја знам процедурата, спора е. Они ја знаат ли? Кај нас треба промена одма, додека не е касно. Не е собрание само оди дојди искеширај патни трошоци и ко ќе пуштам тв гледам собраниската сала е попразна од библиотека. Каде се унии, форуми на жени од партиите да излезат да притиснат? Да не се правиме дека не читаме црна хроника, секој ден имаме насилства, силувања и родосквернавења. Жално е што сме отрпнати на тие вести, уште пожално што ништо не правиме да го подобриме патот до заштитата на жртвите кои се плашат да пријавуваат. Идат избори, ќе има у програмите дека сите се загрижени за насилство врз жени ама толку. Да помислиш дека тоа е само колку да се привлечат гласови. Реалноста е друга и е страшна, посебно во помалите места. Нз шо друго да ви кажам, разочарана сум многу од тоа колку небитно се третира апелот да се преиспита процедурата за заштита која е спора. За жената од Градачац беше касно, за нашите жени не е, ако почнеме денес. Ама денес е петок па...“, стои во објавата.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања