Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Лесно е од позади тастатура да кажеш што можела да направи, ама ти од друга позиција збориш - ова насилство по овие закони не се спречува, напиша Ина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-libraryineuvoudt99m7otCoM6

По трагедијата во Карпош, каде мајка и дете загинаа по пад од тераса, јавноста на социјалните мрежи реагира со осуди и прашања. Критичарката Ина Многуфина апелира да не се суди „од тастатура“, бидејќи жртвите често немаат поддршка, избор или можност да се заштитат. Таа прашува каде се кочат пријавите (МВР, ЈО, ЦСР) и наведува примери каде институциите не препознале ризик или постапиле бавно. Бара нови закони и поефикасно спроведување, со одговорност за службениците, предупредувајќи дека без системски мерки ќе следат нови жртви.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По трагедијата во скопската населба Карпош, во која мајка и дете ги загубија животите по пад од тераса, социјалните мрежи се преплавени со коментари, осуди и прашања. Меѓу реакциите се издвојува и ставот на критичарката која пишува под псевдонимот Ина Многуфина, која апелира да не се носат лесни заклучоци од „безбедноста на тастатурата“.

Лесно е од позади тастатура да кажеш што можела да направи ама ти од друга позиција збориш.

Зошто не го оставила? Може немала каде да оди. Ти текнува дека немаат сите семејство или пријател ко тебе да и рече дојди кај мене, јас ќе ти помогнам?

Зошто се омажила со него? Зар мислиш ќе се омажела ако знаела дека е мрднат, а и ако е нетокму тоа прогресирало низ годините посебно ако се зависности во прашање?

Зошто не го решила? Не може секој да се одбрани на таков начин. Лесно е да се збори сега ама не е така ко шо мислиме ние од дома.

Барала помош, каде е закочен случајот? МВР, ЈО, ЦСР? Да видиме.
Танкица пријави, не го препознаа ризикот кај неа, не превземаа ништо. Го викнаа на разговор го пуштија, толку беше.
Росица пријави кршење мерки, дремеа неколку месеци не вадеа камери, не процесираа, толку беше.
Марија, една од неколкуте жени од Кумановско, пријавила, дошле го побарале, не бил дома, толку беше.

Нас ни требаат нови закони. Не е доволно по службена должност да се гони. Нас ни треба нов закон за социјални работи, нов закон за заштита од семејно насилство, нас ни треба се ново. Да влезат пратениците да почнат да работат на тоа. Ова насилство по овие закони очигледно не се спречува. Таму каде што кочат случаите и по овој закон треба службениците со лисици да се вадат. Ние имаме многу жртви. Не е решение оди ти него истепај го нема да му текне. Нема да му текне за тој што го истепал, за жена му ќе му текне. Види хроника, секој ден имаме по нешто. Не чини закон, не чини спроведување, се е тоа споро. Или ќе се превземе нешто или ќе гледаме вакви последици”, стои во објавата.

— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Снимено е како Стојанче два часа пред трагедијата ја шамара Ивана пред Мартин, но и како доаѓа полиција и си заминува без да преземе ништо

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryuvtskakicqbc2UM6kHJ

Јовановски и мавал шлаканици на Ивана неколку часа пред трагедијата – Презентирана видео-снимка од „Сејф Сити“

Македонија | пред 2 седмици

media-library6j7e5rv4ki1f8ZZx3gf

Обвинителството пушти снимки од 112 со пријавите за Стојанче: плач на дете, пријави за тепање и заклучен стан

Македонија | пред 2 седмици

media-library9uhgiq65n8od3JteyZl

'Tато, ќе ја убиеш мама' викала Катја на Стојанче, сведочи сосетка која сведочи за насилството

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања