Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

„Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Коментари
media-libraryu1mdoa04e1iq55TpJT7

Инфлуенсерката и критичарка позната под псевдонимот Ина Многуфина со само неколку статуси успеа да го долови расположението на јавноста по стартот на проектот „Безбеден град“. Низ комбинација од иронија и сурова реалност, таа ја опиша колективната „паника“ што ја зафати државата, но и хаосот во сообраќајните навики што системот само ја оголи.

— реклама —

Првиот нејзин статус, објавен уште пред стартот на тест-периодот, стана хит:
„Се исфенирав за утре да не се брукам на Сејф сити камерите.“

— реклама —
— реклама —

Со едно единствено хумористично вметнување, Многуфина го погоди стравот на возачите дека повеќе никој не може да помине незабележано.

Вчера реагираше на бројката од 110.000 регистрирани прекршоци за само 24 часа:
„110.000 за 24 часа на неколку улици во Скопје и автопат. Ние ќе си купиме море за една година“.

Иронично, но во суштина – пресликано од реалноста која покажува колку длабоко се вкоренети сообраќајните прекршоци.

Со уште поостар сарказам, инфлуенсерката го спореди профитот што го очекува МВР со популарната онлајн платформа Тему: „Тему не праи толку пари колку што ќе направи МВР“.

Коментар што многумина директно го споделија како политичко-економска анализа замотана во две реченици.

А најголем интерес предизвика статусот кој ги отвори прашањата околу системот и начинот на добивање казни: „Убаво ова со Сејф сити, ама каде да провериме кој тел и мејл ми се во МВР за казни? На регистрација ништо не ме прашуваат. Да не се изненадам за 5 месеци од казни со камати, па да треба бубрег да оставам.“

Ина Многуфина успеа во нешто што ретко кому му успева: да ја претвори општествената нервоза во хумористична критика без да ја ублажи суштината на потенцијалните проблеми. Нeјзините статуси за „Безбеден град“ не се само шеги – тие се огледало на реалноста која јавноста ја препознава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysadjjm8l382vcOgHxHp

„Кога веќе се грозиме од пороци, да видиме што е легално, а не се користи за медицински цели: цигари“

Коментари | пред 1 месец

media-library8llklbb1mcn49hdl1Nu

„Ќе ми недостига мојата омилена шалтерка со полициско-царински хибрид со став!“

Коментари | пред 2 месеци

Screenshot-2022-06-05-093843

„Изгинавме по улици од полусвет“ - во една недела загинаа двајца пешаци

Коментари | пред 2 месеци

cigari

Нов закон за пушење, стар проблем – ќе има ли еднаква примена за сите?

Коментари | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања