Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИРАН

Screenshot-2025-06-23-at-19.26.36

(Видео) Трамп коцкарот можеби ја започна војната, но ние ќе ја завршиме - Иран со закани до Трамп

Иран со силни закани до САД, по воздушните напади врз Иран.Портпаролот на Генералната команда на Хатам ал-Анбија, Ебрахим Золфаќари во видео порака рече дека Вашингтон ќе плати цена за нападите.Во видеото, објавено на платформата Х, на англиски јазик му порача на американскиот претседател:„Трамп коцкарот можеби ја започна оваа војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршат“, се закани Золфаќари.

Свет | пред 9 месеци

SeKXr-

Танкери го заобиколуваат Хормушкиот Теснец – расте страв од иранска одмазда по американските напади

Три танкери за нафта и хемикалии го сменија правецот и се повлекоа од пловниот пат кон Хормушкиот Теснец, откако пораснаа тензии на Блискиот Исток по американските воздушни напади врз ирански нуклеарни постројки, јавува Iran International.Според податоците на MarineTraffic, бродовите „Marie C“ и „Red Ruby“ – кои се движеле во баласт кон теснецот – фрлиле сидро во близина на Фуџаира, на брегот на Обединетите Арапски Емирати. Третиот брод, „Kohzan Maru“, се наоѓа во Оманскиот Залив, во близина на територијалните води на Оман.Јапонските компании Nippon Yusen и Mitsui O.S.K. Lines денеска соопштија дека им наложиле на своите танкери да го сведат на минимум времето поминато во Персискиот Залив, но дека засега продолжуваат со преминување низ теснецот.Хормушкиот Теснец е еден од најважните енергетски коридори на светот – преку него поминува речиси 20% од вкупната глобална потрошувачка на нафта. Теснецот е широк само 33 километри на најтесниот дел, а самата пловна патека за бродови е широка едвај 3 километри.Според податоците на аналитичката компанија Vortexa, од почетокот на 2022 година до минатиот месец, преку теснецот дневно поминувале од 17,8 до 20,8 милиони барели нафта, кондензат и гориво.Главните извозници на нафта преку овој канал се членки на ОПЕК – Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Ирак – со најголеми дестинации на азиските пазари.Безбедноста на пловниот сообраќај во областа ја надгледува Петтата флота на американската морнарица, со седиште во Бахреин. Растечките тензии во регионот дополнително го засилија стравот од можна иранска блокада или напад врз бродови, што би имало сериозни последици врз глобалното снабдување со енергија.

Свет | пред 9 месеци

IMG_6878

Иранска новинска агенција: Нападната американска воена база во Сирија

Американска воена база во западната сиријска провинција Хасака била цел на напад, јави денеска иранската новинска агенција Mehr, повикувајќи се на разузнавачки извори. Според нивните наводи, станува збор за базата во селото Касрек, каде по нападот биле преземени строги безбедносни мерки, особено на главниот влез.Засега нема потврдени детали за природата или последиците од нападот, ниту од западните медиуми, кои сѐ уште не објавиле информации за инцидентот.Базата Касрек, според податоци од почетокот на јуни, била една од трите американски бази кои сè уште функционираат во Сирија – заедно со базите Ал Шадади и Омар Оил Филд. Претходно, САД имаа осум бази во земјата, но според агенцијата Anadolu, бројот бил намален како дел од поширок процес на повлекување.Во јуни, Reuters објави дека американските сили целосно се повлекле од базите Ал-Вазир и Тел Бајдар, додека други бази, меѓу кои Џафра, Химо и Коноко Гас Филд, исто така биле затворени. Во нив биле присутни само мали сили од Сириските демократски сили (СДФ).Според изворите, во базата во Касрек биле распоредени и британски и француски војници, а таму се градела и голема полска болница.Американската база Ал Шадади веќе беше цел на напад во јуни, кога три ирански ракети беа испукани кон базата, но беа пресретнати од американски противвоздушни системи.Американски официјални претставници сѐ уште не се изјаснија околу најновите тврдења за напад во Касрек.

Свет | пред 9 месеци

dui-

ДУИ ја поддржува заложбата на САД за спречување на ширењето на нуклеарното оружје

Демократската унија за интеграција ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими.„Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, кој би претставувал директна опасност за глобалната безбедност, мирот во регионот и правата на милиони невини граѓани. ДУИ стои цврсто на страната на евроатлантските вредности: спречување на нуклеарни закани, заштита на мирот и зајакнување на меѓународниот систем заснован на правила и одговорност“, стои во партиското соопштение.Ова, посочуваат, е време кое бара решителност, координација и зрелост.„ДУИ ја повторува својата посветеност на мирот, колективната безбедност и непоколебливото партнерство со САД, НАТО и Европската Унија“, велат од ДУИ.

Македонија | пред 9 месеци

putin

Путин ги осуди американските напади врз Иран

Рускиот претседател, Владимир Путин, на средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, излезе со осуда на американските воздушни напади врз Иран.„Тоа е апсолутно неиспровоцирана агресија против Иран. Таа нема никаква основа и никакво оправдување“, рече Путин.

Свет | пред 9 месеци

1c47837a-e93a-4a7c-8297-0790e63aad78

(Видео) Иран се заканува со жесток одговор: „Америка ќе плати цена – нема повеќе место за неа на Блискиот Исток“

Иранската армија упати остро предупредување до САД по последните американски воздушни напади врз ирански цели, оценувајќи дека Вашингтон сега станува директна мета во потенцијален проширен конфликт.„Америка ќе се соочи со сериозни последици и решителни воени операции“, порача портпаролот на Генералштабот на иранската армија, Ебрахим Золфакари, во видеопорака објавена денеска.На крајот, тој директно му се обрати на Доналд Трамп на англиски:„Трамп, коцкару – можеби ти го започна овој војна, но ние ќе бидеме тие што ќе ја завршиме.“Иранскиот генерал Амир Хатами во текот на ноќта порача дека САД ќе добијат „одлучен и силен одговор“, исто како и секогаш кога, според него, „починувале злосторства“.„Ги влечат САД во директен судир со Исламската Република – и ние сме подготвени да ја браниме независноста на нашата земја со сета сила“, рече Хатами.Во видео-снимка од состанокот, покрај него седат и највисоките команданти на иранската армија – од противвоздушната одбрана, морнарицата, воздухопловството, па сè до копнените сили.Во меѓувреме, високите ирански функционери испраќаат серија стратешки пораки:Али Шамхани на платформата X порача дека „дури и ако постројките се уништат, играта не е завршена“, бидејќи Иран ја има „материјата, знаењето и политичката волја“.„Изненадувањата ќе продолжат!“, предупреди тој.Али Акбар Велајати, советник на врховниот лидер Али Хамнеи, отиде уште подалеку:„Секоја земја што ќе им дозволи на САД да користат нејзина територија за напади врз Иран ќе биде легитимна цел. За Америка повеќе нема место на Блискиот Исток“, рече тој.Ситуацијата на Блискиот Исток драматично ескалира, а Техеран јасно става до знаење дека оваа фаза од конфликтот вклучува директна конфронтација – не само со Израел, туку и со Соединетите Држави. $bp("TargetVideo_50663832", {"id":"26456","width":"762","height":"429","video":"2155283","autoplay":0,"shared":true});

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Трамп отворено за Иран: „Зошто да не дојде до промена на режимот?“

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата го доведе во прашање опстанокот на актуелниот ирански режим, откако САД извршија воздушни напади врз стратешки ирански воени цели за време на викендот.„Не е политички коректно да се користи изразот промена на режимот, но ако сегашниот ирански режим не е во состојба ПОВТОРНО ДА ГО НАПРАВИ ИРАН голем – зошто да не дојде до промена на режимот??? МИГА!!!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, алудирајќи на својот познат слоган „Make America Great Again“.Изјавата доаѓа во ек на ескалацијата меѓу Иран, Израел и САД, и го засилува реторичкото притискање на Техеран, кое традиционално претставуваше ризик за нови геополитички тензии на Блискиот Исток.

Свет | пред 9 месеци

netanjahu

Нетанјаху: Израел е на чекор до постигнување на своите цели во Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека земјата е „многу блиску“ до остварување на својата мисија за елиминација на двете главни закани од Иран – балистичките проектили и нуклеарната програма.„Ова е режим што отворено сака да не' уништи. Затоа ја започнавме оваа операција – за да ги отстраниме двете директни закани за нашето постоење“, изјави Нетанјаху за израелските новинари во неделата.Тој нагласи дека Израел нема да дозволи да биде вовлечен во долготрајна „војна на исцрпување“, но дека нема ниту предвреме да ја заврши операцијата.„Ќе дејствуваме онолку колку што е неопходно – ни помалку, ни повеќе. Кога ќе ги постигнеме целите, операцијата ќе заврши, а борбите ќе престанат“, рече премиерот.Според него, иранскиот подземен нуклеарен објект во Фордо бил „сериозно оштетен“ во американските воздушни напади со специјални бомби за пробивање бункери, но обемот на уништувањето сè уште се утврдува.Во однос на иранскиот ураниум обогатен до 60% – што е речиси до нивото од 90% потребно за нуклеарно оружје – Нетанјаху рече дека Израел внимателно го следи тој процес.„Тоа е клучна компонента на нивната програма. Не единствена, не доволна самата по себе, но многу важна. Имаме интересни информации за тоа, но нема да ги споделам во овој момент“, додаде тој.Иран, пред израелските напади од 13 јуни, имаше рафинерирано ураниум до 60% чистота – ниво кое е значително над дозволените 3,67% според нуклеарниот договор од 2015 година, од кој САД се повлекоа во 2018 под администрацијата на Доналд Трамп. Техеран најави дека ќе се брани „по секоја цена“.

Свет | пред 9 месеци

nafta-pristaniste

(Видео) Кризата ја турка цената на нафтата кон нови рекорди – страв од затворање на Хормуз

Цените на нафтата на светските пазари пораснаа за повеќе од 2,5 проценти изминатата недела, а трендот на раст продолжи и во понеделникот, откако САД изведоа воздушни напади врз ирански нуклеарни постројки, што ги засили стравувањата од прекин на испораките од Блискиот Исток.Во понеделникот наутро, цената на нафтата достигна највисоко ниво во последните пет месеци. На лондонската берза, барел се тргуваше по 77,01 долар – скок од 3,6%, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 2,7%, на 73,84 долара. Од почетокот на ескалацијата, цената на нафтата во Лондон е зголемена за повеќе од 13%, а во САД за над 10%.Ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран, во кој сега се директно вклучени и САД, ја зголеми неизвесноста на енергетските пазари. Американските воздушни сили во саботата нападнаа три нуклеарни постројки во Иран, со цел, според Вашингтон, да се спречи можноста Техеран да произведе нуклеарно оружје.Во одговор, Иран изврши масовно ракетирање врз цели во Израел, што предизвикува сериозни грижи за понатамошна регионална ескалација – особено околу клучната точка: Хормушкиот теснец.Хормуз е најважниот светски нафтоводен коридор, преку кој дневно поминуваат околу 18 милиони барели сурова нафта и деривати – што претставува околу 20% од глобалната понуда. Вашингтон побара од Кина да изврши притисок врз Иран да не го блокира теснецот.„Ако Иран почне селективно да го попречува транспортот преку Хормуз, цената на барелот би можела лесно да скокне над 100 долари“, предупредува аналитичарот Вивек Дар од Commonwealth Bank of Australia.Пазарите се на раб на нов нафтен шок – војната на Блискиот Исток сè повеќе го диктира глобалниот економски курс.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп повторно проговори за нападот врз Иран

По американскиот воздушен напад врз три ирански нуклеарни објекти, политичката и безбедносна тензија на Блискиот Исток нагло ескалира. Операцијата наречена „Полноќен чекан“, во која САД користеа бункер-бомби GBU-57 и стратешки бомбардери B-2, беше оценета како „историски воен успех“ од американскиот претседател Доналд Трамп, но и како „чин со трајни последици“ од страна на Техеран.Во објава на својата мрежа Truth Social, Трамп остро го нападна републиканскиот конгресмен Томас Меси, кој го критикуваше нападот како „неуставен“.„И покрај спектакуларниот успех, овој конгресмен се противи на нешто што беше изведено со совршена прецизност. MAGA не се занимава со мрзеливи политичари, а Меси е токму тоа“, напиша Трамп.Покрај Меси, и конгресменот Ворен Дејвидсон од Охајо изрази сомнеж во уставната оправданост на нападот, велејќи дека не гледа „разумна основа“ за ваков потег.Според министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, нападите биле насочени кон нуклеарните локации во Фордоу, Натанз и Исфахан, со цел да се „уништат или значително забават“ иранските нуклеарни капацитети. Во операцијата биле употребени:14 GBU-57 „бункер-бомби“, специјално развиени за пробивање на бетон и карпи длабоко под земја.B-2 бомбардери, во своја прва борбена употреба по 2001 година.Круизни проектили од подморници, насочени кон објектот во Исфахан.Според Пентагон, нападот бил високоризична и технички сложена мисија, но целосно успешно изведена.Иранското раководство потврди дека се нападнати трите локации и дека се врши проценка на штетата. Според новинската агенција IRNA, е оштетено подрачјето околу Фордоу, но засега нема официјална бројка за внатрешните последици. Црвениот полумесечина потврди дека најмалку 11 лица се повредени.Меѓутоа, министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, изјави дека дипломатијата е суспендирана, и оти „одговорот ќе следува согласно легитимното право на самоодбрана“.„САД разбираат само јазик на закана и сила. Овој напад ќе има трајни последици“, предупреди Арагчи.Американските власти, пак, инсистираат дека целта на акцијата не е промена на режимот, туку неутрализација на иранскиот нуклеарен потенцијал.„Ние не сме во војна со иранскиот народ, туку со програмата која претставува закана за нашите национални интереси и за нашиот сојузник Израел“, изјави министерот Хегсет.Потпретседателот Џеј Ди Венс истакна: „Ова беше прецизен, целен удар. Не сакаме војна, сакаме безбедност.“Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги поздрави нападите како „смела одлука што ќе ја запомни историјата“, велејќи дека претседателот Трамп „успеа да го спречи најопасниот режим во светот да стигне до најопасното оружје“.Израел на 13 јуни започна сопствена кампања на воздушни напади врз Иран, обвинувајќи го за развој на нуклеарно оружје. Техеран постојано негира и тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво за цивилни цели.Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изрази „длабока вознемиреност“ и повика на итна деескалација.„Светот не смее да се најде во нов глобален конфликт поради ескалација на еден регионален спор“, предупреди тој.Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) соопшти дека првичните мерења не покажале излевање радијација, но истражувањата продолжуваат.

Свет | пред 9 месеци

iran

Херцог: Нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки е историски чекор

Израелскиот претседател Исак Херцог за западни медиуми го оцени американскиот напад врз ирански нуклеарни постројки во Фордо, Натанз и Исфахан како историски и храбар потег.Херцог рече дека со воздушните напади на САД е нанесен тежок удар врз иранската нуклеарна програма, но дека и понатаму се лансираат ракети кон Израел од Техеран.Тој истакна дека официјално не било испратено барање до САД за напади, ниту бил извршен притисок врз американската администрација. Според него, одлуката ја донела Белата куќа, имајќи ја предвид глобалната безбедност.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-22-at-10.26.55

Нуклеарен удар или провокација? Трамп слави победа, Иран подготвува одговор

Со масовен воздушен напад во раните утрински часови, американските сили погодија три клучни ирански нуклеарни локации – Fordow, Natanz и Isfahan. Претседателот Доналд Трамп изјави дека објектите се „целосно уништени“, нарекувајќи ја операцијата „многу успешна“.Fordow – симболичната цел на ударотПосебно внимание беше посветено на објектот Fordow, кој се наоѓа длабоко во планините во близина на градот Кум и е тешко достапен за конвенционално оружје. Израел долго време немаше технолошки капацитет да го неутрализира овој објект самостојно, но САД ја презедоа таа задача.Иранските претставници веднаш реагираа, тврдејќи дека штетата во Fordow е „површинска“ и дека клучните структури останале недопрени. Според иранската новинска агенција Tasnim, пратеникот Манан Раиси изјави: „Штетата е минимална и лесно обновлива. Изјавите на Трамп се лажни и манипулативни.“Евакуација пред нападот и отсуство на радијацијаИранските власти тврдат дека пред нападите ги евакуирале чувствителните материјали и персоналот од трите објекти. Хасан Абедини, заменик директор на државната телевизија, изјави дека обогатениот ураниум бил претходно преместен, а со тоа се избегнало потенцијално радиоактивно загадување.Реза Кардан од Иранската организација за атомска енергија додаде дека „нема знаци на радијација или загадување околу погодените локации“ и ги повика граѓаните да останат смирени.Техеран: „Нечуван чин – ќе одговориме“Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, предупреди дека нападот претставува „тешко кршење на меѓународното право“ и изјави дека Иран задржува право на одмазда според Повелбата на ОН. „Нападите ќе имаат трајни последици“, рече тој.Претседателот Трамп веднаш возврати, предупредувајќи дека „секој ирански одговор ќе биде дочекан со сила далеку над онаа што ја видовме вечерва.“Регионална ескалација: Хусите повторно закануваат САДЈеменската група Хуси (Ansar Allah), која има блиски врски со Иран, остро реагираше. „Ова не е крај на војната – туку нејзин почеток“, изјави нивниот политички претставник Мохамед ал-Фарах. Тој порача дека времето на „удри па бегај“ е завршено.Хусите, кои контролираат значителни делови од Јемен, веќе најавија можни напади врз американски бродови во Црвеното Море, што би можело дополнително да ја загрози глобалната трговија и безбедноста во регионот.Анализа: Иран има начини да одговориПрофесорот Стивен Зунес од Универзитетот во Сан Франциско вели дека Иран располага со „широк спектар на опции“ – од напади врз американски бази и сили на Блискиот Исток, до напади врз бродови во Персискиот Залив.„Во домет на ирански проектили и дронови се околу 40.000 американски војници. Сите тие, заедно со флотата во Заливот, се потенцијални цели“, изјави тој, предупредувајќи на опасноста од растечка глобална нестабилност.

Свет | пред 9 месеци

IMG_6877

Хусите до Трамп: Времето на ‘удри па бегај’ заврши

Хусите предупредуваат: „Уништувањето не значи мир – туку нова фаза на војна“Јеменската група Хуси (Ansar Allah) испрати остро предупредување до Вашингтон по американските напади врз ирански нуклеарни објекти, оценувајќи дека потезите на претседателот Доналд Трамп не водат кон деескалација, туку ја отвораат вратата за поширок конфликт.„Јасно е дека Трамп сака крај на војната“, изјави Мохамед ал-Фарах, член на политичкиот кабинет на Хусите. „Но, уништувањето на нуклеарен објект не е крајот – туку почетокот. Времето на ‘удри па бегај’ заврши“, рече тој.Хусите, кои контролираат значаен дел од Јемен, вклучувајќи ја и престолнината Сана, претходно најавија дека ќе ги нападнат американските бродови во Црвеното Море доколку САД се приклучат на Израел во нападите врз Иран.Од почетокот на војната во Појасот Газа, групата активно цели бродови со израелска поврзаност, предизвикувајќи сериозни прекини во глобалните синџири на снабдување. Иако претходно беше постигнато примирје со посредство на САД, по повеќекратните напади на коалицијата предводена од Вашингтон, Хусите сега повторно се закануваат со ескалација – овојпат насочена директно кон американските интереси.

Свет | пред 9 месеци

IMG_6873

Иран тврди: Нападите биле „површни“, нема радиоактивна контаминација

Иранските власти ја минимизираат штетата од американските воздушни напади врз трите клучни нуклеарни објекти – Fordow, Natanz и Isfahan – и тврдат дека не постои закана по безбедноста на населението.Манан Раиси, претставник од областа Кум каде се наоѓа подземниот објект Фордоу, изјави дека нападот бил „површен“ и не предизвикал сериозна штета. „Спротивно на тврдењата на лажливиот американски претседател, објектот Фордоу не е сериозно оштетен. Она што е погодено е само на површината и може брзо да се обнови“, рече Раиси, пренесува новинската агенција Тасним.Паралелно, заменик директорот на иранската државна телевизија, Хасан Абедини, соопшти дека чувствителниот материјал бил евакуиран навреме. „Залихите на обогатен ураниум беа преместени пред нападот, така што не постои ризик од радијација“, изјави Абедини за националната телевизија, а неговите зборови ги пренесе и агенцијата Ројтерс.Дополнително, Реза Кардан од Организацијата за атомска енергија на Иран увери дека „не е забележана никаква радиоактивна контаминација надвор од погодените објекти“. Тој нагласи дека плановите за заштита биле активирани уште пред нападите и дека „граѓаните можат да продолжат со нормален живот без грижи“.Сепак, западните аналитичари сè уште го проценуваат вистинскиот ефект од нападите, додека иранската страна се обидува да го контролира наративот и да спречи паника.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Техеран ветува одмазда по американските напади

По американските напади, се огласи и Иран.Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“.Тој јасно предупреди дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.САД според Аракчи, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие. Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет”, тече Аракчи.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-30-at-16.54.56

Трамп се закани: Или ќе има мир или Иран ќе доживее трагедија, има уште многу цели

Американскиот претседател Доналд Трамп, по нападот врз Иран, се обрати директно до нацијата.Тој потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.„Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп.Според него, нападите биле спектакуларен воен успех, а клучните капацитети за збогатување ураниум биле целосно уништени.Или ќе има мир, или Иран ќе доживее трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во последните осум дена, остануваат уште многу цели, се закани Трамп.„Иран, насилникот на Блискиот Исток, мора да се согласи на мир сега. Ако не го стори тоа, идните напади ќе бидат многу помоќни и многу полесни за извршување“, рече Трамп.

Свет | пред 9 месеци

antonio-guterres-un

Гутереш предупредува: Американскиот напад врз Иран може да има катастрофални последици

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, излезе со остро предупредување дека американскиот напад врз Иран е опасна ескалација на состојбата во регионот и може да значи директна закана за меѓународниот мир и безбедност.„Постои сѐ поголем ризик овој конфликт брзо да излезе од контрола со катастрофални последици за цивилите, регионот и светот. Во овој опасен момент, клучно е да се избегне вител на хаос. Нема воено решение. Единствениот пат напред е дипломатијата. Единствената надеж е мирот“, изјави Гутереш.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-15.47.36

Прв американски удар врз иранска нуклеарна инфраструктура – Се заканува поширок конфликт

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД извеле воздушни напади врз три ирански нуклеарни постројки: Фордоу, Натанс и Исфахан. Во објава на социјалните мрежи, тој потврди дека мисијата била „многу успешна“ и дека сите авиони веќе го напуштиле иранскиот воздушен простор.„Голема количина бомби беше фрлена врз главната постројка – Фордоу“, напиша Трамп.Во обраќање од Белата куќа, Трамп му се заблагодари на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека дејствувале „како тим, можеби подобро од кој било тим досега“. Тој го повика Иран на примирје, предупредувајќи на нови напади ако не следува дипломатско решение.Израелскиот премиер ја потврди соработката и рече:„Прво доаѓа силата, потоа мирот.“Израелскиот јавен сервис КАН јави дека нападите се изведени во „целосна координација со Вашингтон“. Засега нема официјален одговор од иранските власти, а светската јавност е во исчекување на нивниот следен чекор.Оваа интервенција доаѓа само два дена откако Трамп изјави дека „во рок од две недели“ ќе реши дали ќе се приклучи на Израел во напади со цел уништување на иранските нуклеарни капацитети. Според извештаите, во мисијата учествувале и американски бомбардери B-2 со способност за пробивање на подземни објекти.

Свет | пред 9 месеци

putin-98132489

Путин: Русија постојано му кажува на Израел дека нема докази дека Иран сака нуклеарно оружје

Русија постојано му кажуваше на Израел дека нема докази дека Иран има намера да развие нуклеарно оружје, изјави рускиот претседател Владимир Путин во интервју во саботата, цитирајќи го „Скај њуз Арабија“.„Русија, како и МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немала никакви докази дека Иран се подготвува да развие нуклеарно оружје, како што постојано го предупредувавме израелското раководство“, изјави Путин, цитиран од „Скај њуз Арабија“.Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на нуклеарна програма во мирновременски период, рече Путин, додавајќи дека Иран има право на тоа. Зборувајќи на економски форум во Санкт Петербург во петокот, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во конфликтот Иран-Израел со двете страни.Тој не ги кажа деталите за тие идеи.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Нови ракетни напади меѓу Иран и Израел

Нови напади меѓу Иран и Израел утрово и тоа само еден ден откако Техеран изјави дека нема да преговара за својата нуклеарна програма додека е под закана, а Европа се обиде да ги одржи мировните преговори.Околу 2.30 часот Иран активираше ракетен бараж кон Израел, покренувајќи ги израелските системи за воздушна одбрана кои пресретнаа проектили на небото над Тел Авив.Израел, пак, соопшти дека погодил десетици воени цели, вклучително и локации за производство на ракети, истражувачко тело за кое рече дека е вклучено во развојот на нуклеарно оружје во Техеран и воени објекти во западен и централен Иран.Израел започна со напади врз Иран на 13 јуни, велејќи дека „Техеран е на работ да развие нуклеарно оружје“.

Македонија | пред 9 месеци

iran-3

Нови детали за ракетниот напад на Иран врз Израел: Градот Бер Шеба повторно е цел на напад

Се појавија нови детали за најновиот ракетен напад на Иран врз Израел. Според извештаите, ракетите го погодиле подрачјето на јужниот град Бершеба, истиот град каде што во четврток беше погодена болница.Портпаролот на израелската служба за итни случаи, Маген Дејвид Адом (MDA), изјави: „По сирените за црвена тревога што се вклучија пред неколку минути во јужен Израел, тимовите на MDA беа испратени на место во Негев каде што беше примена пријава за пад на ракета“ .Сè уште нема информации за жртви. Тимовите на MDA им пружаат медицинска помош на неколку лица кои страдаат од напади на анксиозност и продолжуваат да ја пребаруваат областа за можни дополнителни жртви.Одделно, израелската војска во петокот соопшти дека извршила напади во текот на ноќта врз десетици воени цели во Иран, вклучувајќи ја и Организацијата за иновации и истражување во одбраната (SPND), за која тврди дека е вклучена во развојот на иранското нуклеарно оружје.Израелските одбранбени сили, исто така, објавија снимки од соборувањето на иранските беспилотни летала.

Свет | пред 9 месеци

peskov-putin1

Кремљ: Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“

Промената на режимот во Иран е „неприфатлива“, а атентатот врз врховниот лидер на земјата би „ја отворил Пандорината кутија“, соопшти Кремљ.Во ретко интервју за странска медиумска организација, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за Скај њуз изјави дека Русија би реагирала „многу негативно“ доколку ајатолахот Али Хамнеи биде убиен.Неговите коментари доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во рок од две недели ќе одлучи дали САД ќе се приклучат на воената кампања на Израел против Техеран, откако претходно шпекулираше на социјалните мрежи за можен атентат врз иранскиот лидер.„Ситуацијата е исклучително напната и опасна не само за регионот, туку и за глобално ниво“, рече Песков и додаде: „Проширувањето на бројот на учесници во конфликтот е потенцијално уште поопасно. Ова само ќе доведе до нова рунда конфликти и ескалација на тензиите во регионот“.Русија дополнително ги продлабочи односите со Иран откако тој ја нападна Украина, а двете земји потпишаа стратешко партнерство во јануари.„Промената на режимот во Иран е незамислива. Треба да биде неприфатлива, дури и зборувањето за неа треба да биде неприфатливо за сите“, рече Песков, алудирајќи на Вашингтон.Сепак, Песков не сакаше да открие какви мерки ќе преземе Русија доколку Хамнеи биде убиен, велејќи дека тоа пред сè би предизвикало реакција „одвнатре, во Иран“.„Ова би довело до будење на екстремистички чувства во Иран, а оние кои зборуваат за убиство на Хамнеи треба да го имаат ова предвид. Тие би ја отвориле Пандорината кутија“.Понудите на Владимир Путин да посредува во прекинувањето на конфликтот досега беа одбиени од претседателот Трамп, кој во средата изјави дека му рекол на рускиот лидер: „Посредувај во сопствениот конфликт“, осврнувајќи се на војната во Украина.Песков ја отфрли идејата дека зборовите на Трамп се навредливи, додавајќи:„Секој има свој јазик на изразување. Претседателот Трамп има свој уникатен начин на зборување и свој јазик. Ние сме доста толерантни и очекуваме другите да бидат толерантни кон нас“.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Иран втор ден без интернет: Информациите блокирани, контактите прекинати

Блокадата на интернет во Иран е во сила втор ден по ред, значително отежнувајќи го протокот на информации во и надвор од земјата. Според организацијата NetBlocks, Иран е речиси целосно дигитално изолиран од остатокот од светот веќе 36 часа.Граѓаните не можат да пристапат до вести од странство, додека на оние надвор од Иран им е забранет пристап до иранските веб-страници. Меѓународните телефонски повици до Иран се исто така блокирани, а многумина се обидуваат да добијат информации преку социјалните медиуми, но без многу успех.Државната телевизија и радио обезбедуваат оскудно и неконзистентно известување за конфликтот, главно фокусирајќи се на последиците од нападите на Иран врз Израел. Иран, кој е меѓу водечките светски затворачи на новинари, според Комитетот за заштита на новинарите, со години спроведува строга контрола на медиумите, а сегашната блокада дополнително го задушува протокот на информации во време на интензивен конфликт.

Свет | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.33

Иран му одговара на Трамп: Дефинитивно нема да преговараме со небитен воен поттикнувач

Мисија на Иран во Обединетите нации одговори на тврдењето на Доналд Трамп дека Техеран му се обратил на Вашингтон.„Ниту еден ирански функционер никогаш не побарал да се довлечка до вратата на Белата куќа. Единственото нешто што е поодвратно од неговите лаги е неговата кукавичка закана да го „отстрани“ врховниот лидер на Иран“, се вели во писмено соопштение па се додава:„Иран нема да преговара под принуда, нема да прифати мир под принуда и сигурно не со ирелевантен воен поттикнувач кој очајно се обидува да остане релевантен. Иран ќе одговори на секоја закана со контразакана, а на секој напад со реципрочен одговор.“Претходно:

Свет | пред 9 месеци

zaharova

Захарова: Блиску сме до нуклеарна катастрофа, дали сите мислат дека радијацијата нема да ги стигне?

Русија реагира на вербалниот напад од САД врз Иран бидејќи тоа радикално би го дестабилизирало Блискиот Исток, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, а Москва проценува дека Израел ризикува да предизвика нуклеарна катастрофа со нападите.Русија потпиша стратешко партнерство со Иран во јануари и има односи со Израел, иако војната на Москва во Украина е причина за загриженост за израелските власти. Понудата на Русија да посредува во израелско-иранскиот конфликт не беше прифатена.Рјабков, зборувајќи на маргините на економскиот форум во Санкт Петербург, за новинската агенција Интерфакс изјави дека Москва го повикува Вашингтон да се воздржи од директно мешање.„Тоа би бил чекор што радикално би ја дестабилизирал целата ситуација“, пишува Интерфакс и ја цитира изјавата на Рјабкова, критикувајќи ги таквите „шпекулативни опции за кои само се шпекулира“.Шефот на руската служба за надворешно разузнавање СВР, Сергеј Наришкин, рече дека ситуацијата меѓу Иран и Израел сега е критична, а портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова рече дека израелските напади врз нуклеарната инфраструктура на Иран значат дека светот е „милиметри“ оддалечен од катастрофа.- Нуклеарните постројки се цел на напади - изјави таа за Ројтерс, додавајќи дека надзорникот за нуклеарна безбедност на ОН веќе регистрирал конкретни штети.- Каде е целата светска заедница? Каде се сите екологисти? Не знам дали мислат дека се далеку и дека овој (зрачен) бран нема да ги достигне. Па, нека прочитаат што се случи во Фукушима - рече Захарова, осврнувајќи се на несреќата во јапонската нуклеарна централа во 2011 година.Во 20-годишниот договор за стратешко партнерство потпишан во јануари од претседателот Владимир Путин и иранскиот претседател Масуд Пешмерга, Русија не вети дека ќе му пружи воена помош на Техеран и не е обврзана да го стори тоа и покрај блиските воени врски на земјите.Путин, кој веќе изгуби клучен партнер на Блискиот Исток со соборувањето на сирискиот претседател Башар ал-Асад минатиот декември, разговараше по телефон со американскиот претседател Доналд Трамп во саботата. Тој ги понуди услугите на Москва како посредник, за што Трамп рече дека е отворен, пред подоцна да побара „безусловно предавање“ на Иран.Извор запознаен со внатрешните дискусии во САД изјави дека Трамп и неговиот тим разгледуваат опции, вклучително и приклучување кон Израел во нападот на иранските нуклеарни постројки.Сергеј Марков, поранешен советник на Кремљ, рече дека конфликтот, иако се спротивставува на Русија, би можел да донесе некои придобивки за Москва, вклучително и повисоки цени на нафтата, поголем кинески апетит за руска нафта поради тешкотиите во добивањето иранска нафта и прераспределба на американските воени ресурси подалеку од Украина.

Свет | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања