Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ 2024

IMG_3375

Пендаровски во Гевгелија: Јас сум првиот претседател кој постави жена за аѓутант во Армијата

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за неговиот однос кон жените.„Јас сум првиот претседател кој постави жена за аѓутант, значи во Армија која е доминантно машка и професија и организација. Значи, поставив за првпат во историјата на независна Македонија, па и во социјализмот, ова што беше трета армиска област на времето никогаш немало жена аѓутант. Второ, јас сум првиот претседател кој има поставено првиот ден кога дојдов на овој мандат советничка за родови прашања, првпат. Посебна советничка само за тоа прашање, можам да речам не ми е надлежност, но многу ми беше битно. Од овие 10тина, 12 луѓе кои сум ги донел со мене во мојот мандат како мои најблиски соработници 52 проценти се жени“ порача Пендаровски, додавајќи дека во изминатиот период не ги делел граѓаните по ниедна основа и дека така и ќе предолжи во следниот мандат.Пендаровски посочи дека на овие избори се профилираа две различни политички понуди, едната е онаа која работи државата да продолжи напред, а втората прави сѐ за да ја врати државата назад во неизвесност.„Со нас одењето напред ќе биде загарантирано нема да биде преку ноќ ќе има потешкотии, ќе има секакви можни предизвици, но овие луѓе имаат демократска матрица во своите глави не се диктатори не се автократи. Ние не сакаме, никогаш тоа не сме го правеле, ниту ќе го правиме, е да го малтретираме македонскиот народ и македонските граѓани“ рече Пендаровски.Кандидатот за претседател ги повика сите присутни на масовна излезност на 24 април и гласање за бројот 1, затоа што тоа во голема мера ќе ги одреди резултатите од вториот круг на претседателските, но и резултатите од парламентарните избори.„Барам од сите вас силна мобилизација, уште во првиот круг затоа што резултатите во првиот круг ќе ги одредат резултатите и во вториот круг за претседател, но и резултатите за парламент“ истакна Пендаровски во Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

IMG_3373

Димитриевски денеска во Карпош и Центар: Притисоците нема да ме одвратат од намерата да ги промениме нештата во наша Македонија

Максим Димитриевски , претседателскиот кандидат на Движењето ЗНАМ – Занаша Македонија, денеска е во Скопје.Во изјавата за медиумите тој потенцира дека води позитивна кампања,се среќава со голем број на граѓани и отворено разговара за неговатаПрограма Манифест за Македонија и секојдневните проблеми на граѓаните.„Одѕивот е голем, интересот и за мене како претседателски кандидат и заДвижењето ЗНАМ- За наша Македонија, како пполитички субјект,секојдневно се зголемува“, рече Димитриевски.Тој додаде дека и покрај тоа што водат позитивна кампања, притисоците навласта од ден на ден се зголемуваат.„Тие притисоци се насочени првенствено кон нашите членови и активисти,дополнително кон граѓаните од ниските социјални слоеви, а и директно конмене како претседателски кандидат. Бидејќи беа покренати поголем број нафингирани постапки иницирани од поединци коишто се блиски до власта,конкретно со случајот за кривичниот прогон“.Димитриевски при тоа потенцира дека ;„Јас и покрај сите притисоци ќе го дадам мојот максимум да јапрезентирам мојата програма во целост пред граѓаните на територијата нацелата држава. Веќе успеавме да посетиме поголем број на населени местаи се сретнавме со луѓе кои даваат огромна поддршка.Денеска сме тука во Скопје, во општините Карпош и Центар и ќеоствариме поголем број средби со граѓаните на кои ќе им ја доставименашата изборна програма. Верувам дека до крајот на кампањата ќе успеемеда го посетиме секој дом и да ги увериме граѓаните дека нештата можатда бидат поинакви.Запрашан со какви притисоци се соочува тој и членовите на Движењето,Димитриевски одговори дека се тоа непринципиелни методи, обиди запритисоци од аспект на вработени во јавна и државна администрација, алуѓе од ниските социјални слоеви добиваат нерпистојни предлози. Тоа,рече тој, е нешто што се случувало и во минатото.Димитриевски во однос на неговиот случај одговори со прашање:„ Дали имало случај во државата досега, против било кој од досегашнитепретседателски кандидати, во еден неполн месец да бидат поднесени двеобвиненија против него и да биде повикан два пати на обвинител и еднашпред надлежен суд. Следното рочиште е веќе закажано на 30 април во текотна кампањата.Тоа е дополнителен притисок врз мене којшто има за цел да ме одврати однамерата во мојата борба, заедно со граѓаните да ги смениме нештата вонаша Македонија и да ми одземе време во кампањата да не можам да сепосвеатам на изборниот процес“.Димитриевски во рамките на изборната претседателска кампања денеска иќе има средби со граѓаните на општина Карпош и Центар.

Македонија | пред 1 година

IMG_3367

Левица: И Долно Лисиче стана црвено

Феноменот Левица незапирливо се шири. Во општина Аеродром веќе се отвори и втората канцеларија во населбата Долно Лисиче. На официјалното отворање гостуваше и претседателскиот кандидат Билјана Ванковска и порача:Да не бидеме потстанари во сопствената татковина. Да си ја вратиме Македонија! Со сите поделби што ни ги направија ние станавме потстанари во сопствената држава.Пред присутните се обрати и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил, кој нагласи дека веќе се води претседателската кампања, а за скоро ќе почне и парламентарната кампања, па заради тоа е потребна сплотеност за да може „црвениот бран“ да победи во Македонија.Да ги збиеме редовите и да делуваме! Затоа што карши нас е враг. Враг кој сака да нé уништи, да ни ја избрише меморијата, да нé направи некои други. Ние ако не сме свои на своето не можеме да изградиме ни држава онаква каква што сакаме.Модераторот на ЛО Аеродром и советник во Општина Аеродром, Дејан Ристовски пред жителите на Лисиче зборуваше за проблемите што ги имаат со штетниот ДУП, кој градоначалникот Тимчо Муцунски сака да ги протне, а се погубни за Лисичани. Ги потсети дека само Левица е на нивна страна и жестоко се бори за нивните интереси.

Скопје | пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Изборот пред граѓаните е членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ

,,Изборот пред граѓаните на претстојните избори е јасен, членство во ЕУ со СДСМ или изолација со ДПМНЕ.Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ, избори помеѓу прогресивна иднина или заглавување во минатото.Евроинтеграциите се единствениот процес кој може да донесе позитивни промени и подобар животен стандард, подобро образование, здравство, функционално владеење на правото.Граѓаните знаат дека СДСМ има конкретен план, волја и знаење да ја однесе во Македонија во ЕУ.Затоа ќе го дадат својот глас за кандидатот на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Стево Пендаровски, претседателот на сите граѓани, за европска просперитетна Македонија.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Пробиштип заслужува промени и повторно да биде горд

,,Дојдено е времето да се ослободиме од власта на ДУИ и СДС. Пробиштип ја има таа несреќа го владее градоначалник од СДС, граѓаните од Пробиштип не видоа ништо добро во текот на овој мандат.Со новата Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме дека ќе го реконструираме и прошириме патот до Свети Николе, се обврзуваме дека ќе го реконструираме патот и до Кратово. Исто така се обврзуваме дека околу 7 милиони евра ќе делегираме од централниот буџет до општина Пробиштип за нови локални инфраструктурни проекти.Пробиштип заслужува промени. Пробиштип заслужува повторно да биде горд и ги повикувам сите граѓани на 24 април да излезат и да ни се придружат во големата и победа и прослава.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

taravari-809

Таравари: Како претседател ќе ги помилувам осудените од политички монтирани случаи

Во делот на реформите во правдата и правната држава, кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ вели дека ќе ја стопира селективноста на правдата, ќе ги спречи политички монтирани случаи, но и ќе ги помилува и оние кои биле жртви на, како што вели, тие монтирани случаи.„Тие случаи или мора да се решат или да се простат. Разговорите што ги објави Заев, со поранешниот министер за внатрешни работи, за одредени случаи за кои знаат дека не се виновни, но морале да ги задржат затоа што "така барал системот". За каков систем зборуваат? Дека народот не бил виновен, ама мораме да го држиме во затвор. Ова е вознемирувачко. Пример случајот Алфа. Има докази за ова дека има монтирани случаи.Треба да седнеме и разговараме за овие процеси за да се најдат решенија и да профункционира правната држава. Се за да се зголеми довербата на граѓаните во правдата“, рече Арбен Таравари во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.Би ја искористил можноста како претседател, вели Таравари, да не потпишува некои закони за кои смета дека се против интересите на граѓаните.„Не би потпишал закони кои се спротивни на мислењето на граѓаните, тие кои ги загрозуваат граѓаните, на пример Законот за коцкање и многу други. Би имал тим кој би ме советувал и врз основа на него би одлучувале за некои закони кои се само во интерес на мала група луѓе и наштетуваат на голем број граѓани“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски со граѓаните на Градско и Росоман: Во ВМРО-ДПМНЕ сега се „децата“ на Груевски, државата ја гледаат како акционерско друштво

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска беше заедно со граѓаните на општините Градско и Росоман.Пред граѓаните, Пендаровски посочи дека во изминатите години како претседател на државата не се однесувал дискриминаторски кон ниеден граѓанин, додавајќи дека тој заедно со актуелната владејачка гарнитура работел за подобар животен стандард на сите граѓани.Осврнувајќи се на понудата од опозицијата, Пендаровски истакна дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, дека тоа е партија каде уште е присутна истата матрица на Никола Груевски.„Тие не се извинија за 27 април и за тепањето на пратеници. Напротив, тие сега сакаат да ги амнестираат. Без усул и достоинство се овие луѓе. Ова се „децата“ на Никола Груевски и Македонија ја разбираат како акционерско друштво“ порача Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски порача дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова не се појавува на однапред закажани средби со граѓани во сопствената кампања и ги повика граѓаните на 24 април да гласаат за бројот еден.„На 24 април гласајте за бројот еден, и на гласачкото ливче, но и во реалниот живот“ порача Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Пендаровски 5 години заборави на Македонија, а сега ќе излезе и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешното свое обраќање пред граѓаните во општина Василево во рамките на претседателската кампања истакна дека Стево Пендаровски којшто 5 години заборави на Македонија, кажува колку било убаво да ја посети оваа или онаа општина, но 5 години ниту еднаш не дошол во општина како што е Василево и да праша со какави проблеми се соочуваат граѓаните, а сега пред избори ќе дојде и ќе ветува како првпат да се појавува во политиката.„Сега ќе дојде и ќе ви ветува ќе ви збори небаре првпат се појавува во политиката и како да не е повеќе од 30 години активен во Македонската политика како советник на претседатели, премиери, министри, пратеник, претседател. Нема функција која што Стево Пендаровски не ја извршувал и сега ќе дојде и ќе каже извинете ние згрешивме, ве молам гласајте не и ако и овие 4-5 години повторно грешиме е тогаш дајте ни шут карта. А 30 години заборавил што правел“ потенцираше Мицкоски.Тој исто така потенцираше дека неверојатно е тоа што Стево Пендаровски им се обраќа на луѓето на митинзи со зборовите „Ако не ме гласате, не ме барајте“.„Ете таков претседателски кандидат имаме од едната страна. Човек кој не си ја знае земјата и човек којшто замислете вчера во Делчево, на настан, на митинг обраќајќи се на делчевчани им вели ако не ме гласате, не ме барајте. Така им вели ако не ме гласате не ме барајте, значи ако не сум претседател не ме интересирате. Тоа е дефиницијата. Го слушам и не ми се верува, човекот повеќе од три децении е активен во македонската политика“ нагласи Мицкоски и додаде:„Е тој човек ќе дојде овде, ќе ве гледа во очи и ќе ви кажува колку ве сака, цени почитува и ќе бара поддршка уште 5 години за повторно да не ви види очи. Е тој е човекот којшто денеска и се спротивставува на професорката Гордана Силјановска Давкова позади која што стојам јас, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.Мицкоски истакна и дека изборот на 24 април и на 8 мај е меѓу човек како Пендаровски кој отворено кажува дека е претседател само на оние што го гласаат и професорката Гордана Силјановска Давкова којашто е неприкосновен борец за граѓаните и светски признат експерт цитирана од светски правници.„На 24 април бираме за овој човек којшто јавно вели дека нема намера да биде претседател на сите граѓани туку на „нашите“, оние коишто гласаат за мене, така му е и паролата, пораката од кампањата „Нашиот претседател“ значи тој е претседател само на тие коишто гласаат и сега не само што е тоа напишано туку мора и да се дообјасни на митинзи, па вели ако не ме гласате очи да не ви видам. Еве вчера, слушајте го. Јас не можев да верувам дека тоа го зборува претседателски кандидат. Е тој е од едната страна кандидатот, а од другата страна ја имате професорката Гордана Силјановска Давкова, жена која што ја познавам долго време. Можам да кажам дека таа е беспрекорен борец за Македонија, беспрекорен борец за граѓаните на Македонија. Никогаш таа не ги дели граѓаните по верска и етничка припадност, космополит човек, познавач на правото, на Уставот, европски признат стручњак, светски признаен стручњак. Жена што како професор била визитинг професор на многу реномирани светски, европски универзитети. Држела предавања на студенти ширум целиот свет на врвните најпрестижни универзитети. Многу научници, многу професори, правници светски ја цитираат денеска Гордана Силјановска Давкова“ потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

435559788_999709851512079_6218732718296840654_n

Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка, мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.

Кандидатката за претседател на Левица, Билјана Ванковска и кандидатите за пратеници од ИЕ1 Дарко Ристовски и Катерина Јовановска, денес одражаа средба со граѓани во Карпош. На средбата беа презентирани делови од програмата на Ванковска за претстојните избори.Ако сакаме достоинство, овие избори немаме право на грешка. Мора да излеземе и да гласаме за да се прашува народот, порача Ванковска.Во изјавата, од општината која е и нејзин дом, професорката како различна понуда од сите останати истакна:"Покренување на постапка за излегување од НАТО е неопходна. Како сиромашна земја која нема економски развој, а секоја година издвојува повеќе од 2% од својот вкупен национален доход само тоне во сиромаштија. Притоа она што го издвојуваме оди за финансирање туѓи војни!"Ванковска пред Карпошани ги повтори заложбите од нејзината изборна програма за носење на нов Устав."Нужно е да донесеме нов Устав наместо да се надмудруваме кој ќе влезе во преамбулата. Тој Устав ќе биде современ, таков каков што ќе го донесеме за себе како политичка заедница која нема да биде делена по етнички квоти, со олигархии и етнотрибализам, туку социјален Устав, заснован на принципите на социјална класна правда и еднакви можности!""Сонцето и Белите мугри на Рацин изгреваат на исток! Иако ни кажуваат политички мудрости дека сонцето излегува на запад, на запад се случуваат драматични работи, светот се менува и ние треба да гледаме на сите четири страни!"На крајот, професорката Ванковска и нашите кандидатите на Левица за пратеници од ИЕ1 Ристовски и Јовановска, положија цвеќе на споменикот на паднатите борци во НОБ од Нерези кај мостот "Обединети нации" - симболот на заедништво во историската борба за слободна Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски со порака до Давкова

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска на средба со граѓаните на Демир Капија се осврна на моментот кој веќе е добро познат низ медиумите и во јавноста дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова отсуствува од закажани митинзи и средби со граѓани во сопствената кампања за претседател на државата.„Пред ден, два била најавена противкандидатката, дали дошла? Не дошла.Каде што ќе видите дека Стево Пендаровски е најавено да дојде, јас навистина доаѓам, а наместо противкандидатката доаѓаат други. Не одлучува никој за мене, ниту толкува“ порача Пендаровски.Кандидатот за претседател Пендаровски истакна дека таквото бегање од соочување со граѓаните не доликува на некој кој претендира за највисоката функција во државата.„Ние сме сега влезени во трка формално за највисока функција во државата. Според Устав претседателот на државата е и врховен командант на вооружени сили. Тоа значи нема повисоко од тебе. Кога ти уште во кампања носиш други луѓе да зборуваат наместо тебе, па како утре ќе бидеш претседател? Еве ти даваме власт, ти даваме позиција, тие двајца што дошле да зборат, тие ли ќе бидат претседатели во сенка? А, ти само ќе бидеш кукла или во излог ставен и ќе викаш „јас сум претседател ама што викаат слика има, тон нема.“ Не сакам да шпекулирам за мотивите, ама јасно ми е. Тоа е исто како јас да кажам дека имам неколку другари овде и соработници кои се со мене со години и да речам сега „за ова прашање момент тој ќе ти одговори.“ Не ја бива таа работа. Или си претседател или не си,“ рече Пендаровски пред граѓаните на Демир Капија.

Македонија | пред 1 година

sdsm-pratenici-

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за европска иднина на државата

,,Ова се избори помеѓу надежта со СДСМ и безнадежноста со ДПМНЕ. Избори помеѓу светла иднина и враќање во мрачното минато!Гласот за СДСМ и за Стево Пендаровски е глас за европската иднина на државата, глас за членство во ЕУ, за слобода, демократија, европски животен стандард.Пендаровски е прогресивен политичар. Во досегашниот мандат покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Нема скандали, нема афери ниту случаи на било каква злоупотреба на позицијата.Тој ги дели европските вредности на СДСМ и ќе ѝ пружи значителна поддршка на новата влада на патот кон Европската Унија.Граѓаните добро знаат дека со нашиот претседател Пендаровски и со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, дека ја имаме најдобрата опција за иднината на државата.Опција кој носи надеж, опција во која граѓаните имаат поголеми плати и пензии, подобар и подостоинствен живот за сите. Опција која сигурно, силно и одлучно гази на патот кон Европската Унија.”, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Димитриевски: На овие избори настапувам заедно со граѓаните

,, На овие избори настапувам заедно со граѓанитеЗа локалните избори немав партиска логистика, бидејќи на последнителокални избори бев граѓански кандидат со собрани потписи, како и на овиеизбори. Настапувам заедно со граѓаните. Ние во движењето ЗНАМ сме малполитички субјект, дури имаме двојно повеќе потписи за граѓанскаподдршка на мојата кандидатура од вкупниот број на членови на партијата“рече кандидатот за Претседател на Македонија, Максим Димитриевски вогостувањето на Анализа на 24 Вести.Одговарајќи на прашањето зошто се вклучил во трката, кога анкетитепокажуваат дека најголема поддршка имаат големите партии, Димитриевскиодговори дека:„ Значи претходно видовме дека анкетите беа оспорени од власта, деканаводно опозицијата манипулира. И јас верувам дека со анкетите сериозносе манипулира на нашиот простор, затоа што истите служат за креирање најавното мнение, а не за анализирање и сондажа на јавното мнение. Ниеобјавивме пред неколку дена анкета од иста релевантна агенција, работенаво истиот период, како и последната лиферувана во јавноста. Не сесеќавам дека вашата телевизија истата ја објави. Одредени медиуми јаобјавија.Тоа е само доказ плус дека не сите анкети подеднакво се објавуваат. Тамурезултатот на Максим Димитриевски е најдобар. Но како и да е вистинскатаанкета ќе ја видиме на 24 по гласањето. Ние пулсот на граѓаните гочувствуваме секојдневно. Јас уште на самиот почеток реков дека во оваакампања влегов не да учествувам, туку да победам и да бидам Претседателна Македонија. Како тоа ќе се случи. Исто како што се случи во Куманово.СДСМ изгуби, бидејќи е катастрофално лош, предводен од ова раководство.ВМРО не победи.Тоа реално може да се случи и во Макаедонија.“Во однос на менувањето на Кривичниот закон и како тоа ќе го стори какоПретседател на државата, Димитриевски рече дека Претседателот и те какоима можност како и сите останати, согласно законот и Уставот да предлагазакони и дополнително Претседателот е институција во државата којаштопреговара и разговара со актуелната власт која и да е и дополни:„Со предлог закон. Претседателот е овластен да предложи закон. Ќепредложам закон дури сум подготвен тоа и со Устав да го ограничам,бидејќи недозволиво е еден функционер да не одговара за тоа што ќе гостори, а еден човек што е фатен на продажба на црно со одредени стоки,како што имавме случаи, значи за салати, краставици и така натамуодговараа луѓето. Тоа е неправедно општество. И тоа мора да се смени“.Запрашан како ќе го оствари ветувањето за 13 пензија, Димитриевскиобјасни:„ Јас не зборувам за 13 пензија, туку зборувам за 13 пензија во форма насубвенција. Како тоа може да се изведе. Секоја година во буџетотостануваат вишок нереализирани финансиски средства коишто потоа соребалансот на буџетот се прекројуваат и се даваат на одреденимнистерства коишто пак преку непродуктивни трошоци ги реализираат занабавка на разноразни непотребни работи. Едно ќе ви кажам градинките воМакедонија пред извесен период набавија филтери за воздух коишто чинатво јавната набавка четири пати поскапо отколку да погледнете на интернетсе истите модели и сето тоа. Имаме филтри за воздух, а ни течаткрововите. Тоа е тоа, перењето на пари. Тие пари наместо да се наменатнерподуктивно да се трошат, може да се пресметаат на крајот на годинатаво делот на капиталните расходи од буџетот колку тоа средстваостануваат и да се пренесат како субвенција во форма на 13 пензија насите пензионери и да бидат поделени и трансферирани кон пензионерите.Тоа би значело на годишно ниво дополнително покачување, индиректно, напензијата помеѓу седум и осум проценти, а да се следи и трендот наусогласување“.Во однос за ставот околу уставните измени и внесувањетто на Бугарите воУставот, Димитриевски рече дека може да се направат уставни измени, какошто е наведено и во неговата Програма, Манифест за Македонија, со тоашто тие амандмани ќе имаат важност откако Македонија ќе станеполноправна членка на европската унија.Во однос на менувањето на преговарачката рамка, тој нагласи дека:„Ние во овој случај имаме две преговарачки рамки, првата што ја потпишагосподинот Димитров и втората што ја потпиша господинот Бујар Османи. Идвете преговарачки рамки го потврдуваат текстот на декларацијата набугарскиот парламент за која многу малку се зборува во македонскатајавност. Каде што по ди фолт со таа декларација се негира македонскиотјазик, македонскиот идентитет, се инсистира дека Македонците постојат од44-45 година, а претходно според нив, сме биле Бугари и се навлегува вомакедонската самостојна историја. Зборуваме за преговарачката рамка декаможе и ќе ви потврдам дека може веднаш по изборите, доколку имаменационално единство, ако го видат Македонецот обединет на тие теми.Како, исто како што беше постигнато и во многу случаи во минатото илипоследните случаи со Црна Гора и Србија“.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: СДС тотално ја уништи Крива Паланка, тоа ќе се промени на 24 април и 8 мај

,,Промените доаѓаат и во Крива Паланка. Од она што го слушнав општината е презадолжена, презадолжено е и Јавното комунално претпријатие, презадолжен е и ученичкиот дом Боро Менков.Кадрите на СДС тотално ја упропастија Крива Паланка. Меѓутоа тоа ќе се промени на 24 април и на 8 мај.Граѓаните треба масовно да излезат и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова и за ВМРО-ДПМНЕ. Зошто? Затоа што во Крива Паланка без разлика што тука има градоначалник од СДС ние ќе инвестираме 10 милиони евра само во еден мандат, за нова инфраструктура, за нов подостоинствен живот за граѓаните на Крива Паланка.Ве очекуваме со масовна поддршка на 24 април за Гордана Силјановска Давкова.” изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-koalicija-sdsm

СДСМ: Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата

,,Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата и на граѓаните.Прашањето е кој има визија за иднината, а кој продава магла и само крева раменици?Кој ќе обезбеди напредок кон членството во ЕУ, а кој ќе го закочи тој процес и ќе не врати 10 чекори назад во минатото?СДСМ има волја и знаење, конкретен план како да ја внесе државата во ЕУ до 2030 година.СДСМ ја внесе државата во НАТО, со новата Влада предводена од СДСМ, државата ќе го исполни деценискиот сон за членство во ЕУ.Граѓаните знаат дека со СДСМ нема откажување, нема враќање назад, знаат дека СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата.Затоа на изборите ќе го дадат својот глас за СДСМ, за новата проевропска влада и за претседателот Стево Пендаровски.“, изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

dpmne-vmro-Konvencija-9-02032024

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот

Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот.Пендаровски е свесен за поразот на 24 април.Митинзите на Пендаровски се со по 100 луѓе.Митингот во Кисела Вода беше целосен дебакл за СДС како идна најголема опозициска партија.,,Народот одамна не му верува на Пендаровски, затоа што 5 години нема свој став, и кога и да кажеше нешто, или сам се демантираше потоа или го демантираа СДС и ДУИ, особено вторите пред кои молчи и стои мирно.Пендаровски да се охрабри и јасно да каже дали ќе прибегне кон бојкот на вториот круг по поразот и дебаклот кој ќе го доживее на 24 април?Народот си ја враќа државата во свои раце. Пендаровски губи, затоа што промените се во рацете на народот. Македонија повторно ќе биде горда.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Ковачевски: Пендаровски е кандидат на граѓаните, со јасна визија за европска иднина

Стево е граѓански кандидат, поддржан од граѓани, партии, здруженија. Стево не е претседател под контра на партија ниту нечија продолжена рака како што е Силјановска. Стево е кандидат на граѓаните! - рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. И ве уверувам, победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Стево е политичар со прогресивни идеи. Без ниту една грешка во првиот мандат и без ниту една црна дамка! Стево силно верува во европската иднина! - рече КовачевскиА за точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател! Сите заедно, сплотени и решителни ќе продолжиме цврсто да газиме на патот кон Европската Унија. Европска Македонија ќе биде реалност! - беше дециден претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот собир во Аеродром на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Сакам да ги предупредам граѓаните да не потклекнуваат на црните кампањи на власта, јас таквата игра на сценарија креирани од СДС и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното

Би сакал денеска на овој митинг, во овој за мене посебен град, кој многу го сакам, да истакнам една важна работа, која чувствувам дека токму тука треба да ја кажам. Сакам да испратам до целата јавност важна порака. Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО - демократска партија за македонско национално единство, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Битола.Сакам да ги предупредам граѓаните, додаде Мицкоски, да не подлегнуваат на црните кампањи на власта кои ги надминуваат дури и најмрачните помисли за лудилото кое може да го достигнат.„Јас таквата игра на нивната црна кампања на сценарија креирани од СДСМ и ДУИ ги викам натпревар за прво место на дното. Луѓето не им е тешко да оправдуваат напад врз полицаец, а замислете тоа да беше нивниот син, брат или дете како ќе реагираа. Не им е тешко дури и да фалсификуваат документи“, кажа Мицкоски.Мицкоски и со порака: „Но, сакам да им порачам бевте, сте и ќе останете аматери. Ама крајот доаѓа“.Со почит,

Македонија | пред 1 година

nikoloski08042024

Николоски: Кампањата на Пендаровски е финансирана од крими пари од РЕК Битола

„Случајно или не, на територија на вашата општина во моментов е најголемиот извор на криминал во Македонија, РЕК Битола и случајно или не токму од таму доаѓа крими финансирањето на кампањата на Стево Пендаровски“, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Новаци.Потпретседателот Николоски истакна дека Стево Пендаровски никогаш ја нема посетено општина Новаци освен во избори.„Додека доаѓавме наваму проверував кога Стево Пендаровски последно бил во Општина Новаци и искрено очекував дека често доаѓал тука имајќи предвид финансирањето на кампањата му доаѓа баш од тука, но забележав дека никогаш не ја посетил Општина Новаци освен во избори што само покажува за каква дволична личност се работи. Тоа е неговата одлика од една страна глуми чесен и сака за себе да вели дека е некорумпиран, од друга страна потпишува измени на кривичен законик за амнестија на криминал, молчи на сите криминални афери кои излегоа во јавност изминатите години, а најчесто во јавност ги вадеше ВМРО-ДПМНЕ и финално прифаќа кампањата да му се финансира со црни пари кои се крадени токму од оваа општина и токму од РЕК Битола“, рече Николоски.Потпретседателот Николоски ги повика граѓаните на 24 април и 8 мај масовно да излезат и да гласаат за Гордана Силјановска Давкова.„Таков човек треба да си замине во историја и затоа ве повикувам на 24 април и 8 мај масовно да излезете на гласање, да ги повикате сите што ги познавате да излезат и во масовна референдумска излезност да ставиме точка, да ги направиме промените, да ја избереме Гордана Силјановска Давкова за претседател, а Христијан Мицкоски запремиер на Македонија“, кажа Николоски.Потпретседателот Николоски во однос на неговиот противкандидат Венко Филипче истакна дека тој се уште не дошол да ги посети жителите на Новаци и додаде:„Има еден доктор, политичар, пак доктор, пак политичар, во меѓувреме криминалец кој во четвртата Изборна единица ќе е мој против кандидат како носител на листата на СДСМ. Гледам дека овдека не дошол уште да ве посети затоа што веројатно пи-ар стратезите од агенцијата „Рејтинг“ кои му водат пи-ар не му кажале дека во четвртата изборна единица има и рурални средини, мисли дека е кандидат во Капиштец во Скопје, па така тера кампања, а не тера кампања како да имаме најземјоделската изборна единица и истиве пи-ар стратези од агенцијата „Рејтинг“ кои внимавајте плаќа по 100 евра за текст за Венко Филипче за порталите низ Македонија за што ќе треба да даваат после извештаи од кај им се парите и како ги обезбедиле, не му кажала дека постои Новаци, како што постои подолу и Могила, постои и Кукуречани, а не само да оди по здравствени домови и така да се слика со доктори“, дециден е Николоски.

Македонија | пред 1 година

photo_2024-04-08_18-27-40

Ванковска на југот од Македонија

Борбата за враќање на достоинствен дом, како што најавува, претседателскиот кандидат Билјана Ванковска денес ја продолжи во Богданци. На средбите со граѓани во Богданци Ванковска беше придружувана од Сашко Јанчев, носител на листа на ИЕ4.„Стасавме и на југот на нашата земја“, рече Ванковска која беше пречекана од Богданчани.И во Богданци ја потенцираше важноста од раскинување на трите договори кои ја влечат како тегови земјата надоле. Со жителите на Богданци разговараше и за земјоделието и заштитата на животната средина.Ванковска истакна дека земјоделието е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини. Особено нагласи дека треба да се внимава на зачувување на заштитата на животната средина која значи здрав и задоволен човек.Сашко Јанчев на жителите на Богданци им вети дека Левица до крај ќе се бори рудници во овој крај да не се отвараат.Ванковска денешната агенда ја продолжува на средби со граѓани во Гевгелија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Главното прашање на овие избори е европската иднина на државата

Главното прашање на овие избори е кој има визија за иднината, а кој продава магла и само крева раменици? Кој ќе обезбеди напредок кон членството во ЕУ, а кој ќе го закочи тој процес и ќе не врати 10 чекори назад во минатото? Ние имаме конкретен план како да ја внесеме државата во ЕУ, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на митингот во Кисела Вода на кандидатот за претседател Стево Пендаровски.-Не само визија, ние имаме конкретен план, имаме волја и знаење, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски, заедно со Коалицијата за европска иднина, како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година. Владата предводена од СДСМ ја внесе државата во НАТО, со новата Влада предводена од СДСМ, државата ќе го исполни деценискиот сон за членство во ЕУ. Граѓаните знаат дека со СДСМ нема откажување. Знаат дека нема враќање назад., рече Ковачевски.Го докажавме тоа, работејќи во услови на најголема економска и енергетска криза. И никого не оставивме сaм. Донесовме сет од 9 пакети со антикризни мерки преку кој ги поддржавме граѓаните и фирмите со 2,6 милијарди евра. Денес, платите и пензиите се на историски највисоко ниво. Навробетноста ја сведовме на рекордно ниски 12,6 проценти, додаде тој.Јас речиси секој ден сум меѓу граѓаните. На улица, во парк, на пазар. Свесен сум дека има незадоволство од инфлацијата, корупцијата, владеењето на правото. Знам дека се уште има луѓе кои тешко врзуваат крај со крај. И прифаќам дека имаме грешки, дека има состојби во нашата држава за кои можело и морало подобро, рече Ковачевски.Но, знам што сакам да постигнам и ќе го направам тоа! Јас и моите другари од СДСМ и од коалицијата за европска Македонија сме подготвени да работиме ден и ноќ за да го реализираме очекувањата на граѓаните. И ние тоа ќе го постигнеме. Но драги граѓани, единствено влезот во ЕУ е гаранција за европски животен стандард, рече Ковачевски.За да ја оствариме целта за членство ЕУ, потребен нѝ е Претседател кој ќе ја поддржи европската визија. Модерен, прогресивен, граѓански човек. Токму тоа е Стево Пендаровски. Човек без црни дамки и грешки во првиот мандат, човек кој докажа дека за него сите граѓани се еднакви.Граѓаните знаат дека СДСМ е најдобрата опција за иднината на државата. За точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Кисела Вода.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-51525

Ковачевски: Знам дека не им е лесно на пензионерите

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Фронтлајн се осврна и на состојбата со платите и пензиите во државата како и со животниот стандард на граѓаните, при што посочи дека со правилните политики на Владата предводена од СДСМ, пензиите и платите се зголемија, а во време на најголема економска и енергетска криза никој не беше оставен сам.-Во однос на пензиите, пензиите се за 50% зголемени во однос на она што беше во 2016 година, минималната пензија е исто така зголемена за 50%. Никого не оставивме сам. Во изминатиот период обезбедивме 2,6 милијарди евра помош антикризни мерки за граѓаните, за одржување на ликвидноста на компаниите итн. Ги задржавме работните места, 80 000 работни места спасивме во време на корона кризата, јас лично работев на тие антикризни мерки. За самохраните родители, социјалната помош ја зголемивме 300%, за пензионерите обезбедивме 5 месечни финансиски исплати до 3000 денари зависно од висината на пензијата – рече Ковачевски.-Пак повторувам, јас знам дека не е лесно и ја знам дека не е доволно и затоа велам дека во новата програма ќе продолжиме и со зголемувањето на пензиите. Ако некој во минатото можеше да каже дека СДСМ не секогаш на економски план ги исполнува ветувањата сега никој не може да го каже тоа, бидејќи мојата влада докажа дека СДСМ ги исполнува ветувањата. Затоа ветуваме до 2028 година 1 100 евра просечна плата и 600 евра минимална плата. Не е тоа таксативно само напишано, тоа е врз основа на анализи, а со влезот во ЕУ 1 300 евра просечна плата и 800 евра минимална плата. Кај пензиите просечната пензија ќе биде 30 000 денари а минималната пензија ќе биде 20 000 и тоа има да донесеме закон за минимална пензија – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Фронтлајн.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски: Знам дека охриѓани на 24 април ќе им кажат „не“ на оние кои не и мислат добро на државата

Четвртиот ден од изборната кампања вчеравечер кандидатот за претседател Стево Пендаровски го заврши со граѓански митинг во Охрид.Посочувајќи дека го одржал ветувањето дадено пред охриѓани пред пет, односно пред 10 години дека ќе биде претседател на сите, Пендаровски рече дека, ако повторно ја добие нивната доверба, и во следните 5 години нема да работи на поделби меѓу граѓаните и нема да работи на поделби меѓу Македонците и останатите кои живеат во државата. Вети дека сите милион и осумстотини илјади жители на Македонија ќе ги третира како членови на неговото семејство.„Не постои ниту еден граѓанин во Македонија кој може да каже дека е дискриминиран од мене затоа што не е Македонец, затоа што е Албанец, Турчин, Влав, Ром, Србин, Бошњак, било што. Не постои ниеден граѓанин на Македонија кој може да каже дека не ги добил своите права или не добил прием кај мене, не разговарал со мене за своите проблеми затоа што не е член на СДСМ, на НСДП, на ЛДП, на било која партија од владејачката коалиција. Секој кај мене кој побарал дошол, бил сослушан и колку што ми биле потенцијалите и можностите сум се трудел да му помогнам“, подвлече Пендаровски.„Исполнивме уште ветување“, додаде тој, говорејќи за членството на земјата во НАТО - најмоќната воено политичка алијанса во која сега има 32 земји членки. Со што, истакна Пендаровски никој не смее да го загрози нашиот територијален интегритет и суверенитет. И додаде дека е направен голем исчекор и кон ЕУ, отворени се преговорите и одржана е првата конференција со Брисел.„Македонија може да продолжи кон Европската Унија само со оваа политичка структура, затоа што ние знаеме што подразбира Европската Унија. Ние имаме пријатели надвор, за разлика од нив, и ние знаеме до каде може да се оди во тие преговори, затоа што научивме да ги заштитуваме македонските национални интереси како ниедна друга влада претходно. ВМРО-ДПМНЕ цело време зборуваше дека ги штити нашите национални интереси, меѓутоа 11 години не мрдна со малиот прст било што да направат во тие преговори. Во тие 11 години Македонија беше изолирана држава без пријатели надвор“, заклучи Пендаровски.Кандидатот Пендаровски пред граѓаните на Охрид синоќа искажа уверување дека на 24 април ќе изберат правилно и дека ќе им кажат „не“ на оние кои не и мислат добро на државата и предлагаат модели кои не вратија назад со децении. „Убеден сум дека ќе заокружат број 1, бидејќи на дело покажав дека не ми е важен рејтингот, туку просперитетот на мојот народ и на мојата држава“, рече тој.

Македонија | пред 1 година

421942319_964070635076001_5149218793722083700_n

Ванковска: Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан

Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица, ја продолжи својата изборна кампања во Тетово, каде што огромен број на граѓани беа присутни да ги слушнат нејзините пораки.Професорката Ванковска од Тетово порача: „Тетово ме асоцира на потребата да ја зборуваме вистината за Рамковниот договор, зашто 20 и кусур години живееме без знаење каде лежат нашите најдраги да ги погребаме! Ние имаме визија за поинаква Македонија и тоа не е бајка ниту утопија! Се бориме и не се предаваме, не бегаме од мегдан!"На митингот освен Билјана Ванковска, беа присутни и претседателот на партијата Димитар Апасиев и носителот на пратеничката листа на Левица за ИЕ6, Игор Димески.Претседателот Апасиев во своето моќно обраќање пред Тетовчани порача дека е време да се стави крај на ДУИЗАЦИЈАТА и АЛБАНИЗАЦИЈАТА на Македонија за која најмногу се виновни македонските политички елити кои измеќаруваат на УЧК.Црвено и непокорно Тетово ја препознава Левица како единствена опција на овие избори и професорката Ванковска како единствен кандидат кој заслужува да биде претседател на Македонија.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Просечна плата од 1100 евра и просечна пензија од 500 евра во новиот мандат на СДСМ, нема откажување од попросперитетна иднина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска се сретна со граѓаните од општина Центар каде имаше прилика да поразговара со нив за многу важни прашања како што се животниот стандард, платите, пензиите, инфлацијата како и за досега сработеното од владите на СДСМ на овие теми, но и плановите за следниот мандат.На средбите со жителите на општина Центар, Ковачевски порача дека е потребно продолжувањето на добрите политики кои ги започна Владата предводена од СДСМ. Токму новата програма на СДСМ содржи комплетни мерки за поддршка за граѓаните преку поголеми плати и пензии, односно минимална плата од 600 евра и просечна плата од 1100 евра, но и минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. Тоа се правилните насоки и затоа ни треба и продолжувањето на европскиот пат, потенцираше Ковачевски.По средбите со граѓаните претседателот Ковачевски, во изјава за медиумите посочи дека изминативе две години, со оглед на фактот дека тој ја имаше честа и одговорноста да ја предводи Владата во исклучително кризен период, дека тој најдобро знае што е она што граѓаните ги загрижува и што е она што граѓаните ги прави незадоволни, посочувајќи дека тој ја презема одговорноста за подобрување на состојбата и животниот стандард на граѓаните.„Јас бев премиер 2 години и ја преземам целата одговорност за тоа што ги мачи граѓаните. Иако, во текот на изминатите две години и во текот на изминатите седум години, донесовме навистина голем број на антикризни пакети на мерки, најголеми во регионот. Ги зголемивме пензиите за 50%, ги зголемивме просечните плати за 50%. Ја зголемивме неколкуратно минималната плата. Можам да замислам само како ќе им беше на граѓаните доколку во време на ваква криза, во време на војна на континентот, требаше да преживуваат со 8.000 денари плата минимална како што беше во времето на ВМРО – ДПМНЕ до 2016 година“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

taravari8

Таравари: Добро е државата еднаш да има претседател од другите етнички заедници

Претседателскиот кандидат на ВЛЕН, Арбен Таравари, во интервју за МИА изјави дека ако сакаме државата да функционира, тогаш транспарентноста и инклузивноста се суштински.Според него, добро е државата еднаш да има претседател од други етникуми, иако вели, се уште не се созреани условите да гласаат за личност, а не за партија.„Сите луѓе имаат силни и слаби страни. Мислам дека во Македонија е добро да се случи еднаш претседателот на државата да биде од други етнички заедници, иако навистина мислам дека сè уште не се созреани условите да се гласа за човек. Општо, луѓето овде се многу партизирани, иако на претседателските и локалните избори граѓаните гласаат за личноста, а не за партијата“, рече Таравари.Таравари истакна дека постои реална можност во вториот круг и се надева на поддршка не само од албанските гласачи туку и од другите етнички заедници. Целта секогаш се луѓето кои не се одредени кои одлучуваат за победникот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања