Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ 2024

Screenshot-2024-04-07-at-09.25.08

(Фото) Гореше билбордот на Таравари во Скопје: не се знае кој го запали, но се знае кога

Еден час по полноќ полицијата добила пријава дека бил запален билборд со реклама од Арбен Таравери. Ова се случило во Скопје, а сторителите не се фатени. Станува збор за локација која е обезбедена со камери од локални објекти, но и од градскиот систем за видеонадзор.„На 07.04.2024 во 01.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Илинден“ со ул.„Рузвелтова“ бил опожарен билборд на еден од кандидатите за претседател на Република Северна Македонија. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-04-07-at-10.09.35

ВЛЕН: Бадијала се заканувате албанскиот народ е со ВЛЕН бидејќи ја кажуваме вистината!

„После прес конференцијата на Коалицијата ВЛЕН, каде јасно и прецизно беа изнесени факти за последните тендери за набавка на ВЛТ Терминали за казина како и столици за казина, се огласија од АД Државна лотарија на РСМ каде што директор е Перпарим Бајрами, десната рака на Артан Груби, кои, меѓу другото се закануваат со клевета за Коалицијата ВЛЕН“, велат од Коалицијата и додаваат:Како прво, тоа што сакаме да ја увериме јавноста, е дека никаква форма на притисок и закана нема да успее да не спречи да ја разоткриеме вистината пред јавноста за сите коруптивни скандали во АД Државна лотарија на РСМ.Пред Вас сакаме да ги изнесеме сите факти детално. АД Државна лотарија на РСМ регистрираше и е доминантен сопственик на две компании од дејноста на ВЛТ апаратите, една формирана во 2013-та година во времето на Сашо Мијалков, другата формирана во 2023-та година во времето на Артан Груби.Дали во надзорниот одбор на новоформираната Нова државна видео лотарија - НОВО ВЛТ се избрани и именувани тројца најблиски соработници на Артан Груби, меѓу кои десната рака Перпарим Бајрами, советникот во кабинетот на Груби, претседателот на огранокот на ДУИ во Дебар како и член на централното претседателство и близок приател на Груби, Артин Спахиу, како и еден претставник од огранокот на ДУИ во Чаир?Дали овие партиски војници на Груби учествувале во носењето на одлуките за јавни набавки?Јавно прашуваме, дали тендерите кои ги споменуваме се јавни и објавени на 29.03.2024-та година и постапката ќе трае до 29.04.2024-та година со број на оглас 05983/2024 и 05801/2024. Повторуваме, се работи за набавка на 2100 ВЛТ терминали за казина во вредност од околу 23 милиони евра, и набавка на 2000 столици за казина кои би требало да чинат околу пола милион евра?Јавно прашуваме, во чии џебови завршуваат овие огромни пари кога граѓаните мака мачат да врзат крај со крај?Јавно ги прашуваме, Артан Груби и ДУИ Лотарија, дали само за мандатот додека Груби ја вршеше функцијата прв вице премиер на државата, се потрошени повеќе од 75 милиони евра за казина и игри на среќа? Дали најголемиот дел од добитниците на тендерите се сомнителни српски фирми со силни врски со подземјето?Да резимираме, ДУИ е трансформирана во патрон на валканиот казино бизнис во нашата држава и ова и птиците го знаат. За среќа, на ова катастрофално владеење и доаѓа крајот и во новата влада каде што ќе биде дел и Коалицијата ВЛЕН, сите кои се дрзнале да посегнат по криминал ќе одговараат пред институциите на системот!Промената доаѓа, Промената Вреди!“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5170

Еден ден ќе нѐ прашаат децата што сторивте за Македонија, вели Силјанивска

Малку народи можат да се пофалат дека се дел од светите книги, а Македонците и Македонија се дел од Библијата. Македонија е нашата судбина, порача вечерва на предизборниот митинг во Кавадарци кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.Според Силјановска доаѓа критичен момент кога граѓаните ќе треба да си одговорат дали се горди на актуелните владетели, претседателот, премиерот, спикерот. Според неа Македонците се доведени до ѕидот на срамот.,,Последен момент е да сториме нешто за да си ја вратиме гордоста а имаме многу работи од Илинден и АСНОМ до сега кои можат да не прават горди", порача Силјановска Давкова од Кавадарци.Таа вели дека претседателот Пендаровски не дал извештај за тоа што го сработил што за неа е разбирливо затоа што за да има извештај треба да има и многу сработено.Силјановска во контекст на црната кампања на власта и обвинувањата кои за неа се смешни потсети на аферата ,,Фабрика" кога група новинари блиски на СДСМ беа ангажирани да прават лажна слика во јавноста. Сега, според Силјановска, власта го повторува истото со објава на материјали во кои тие што водат црна кампања не можат да го погодат ниту датумот на лажните документи.Силјановска смета дека Пендаровски треба да замине не заради тоа што таа сака да биде шеф на државата туку затоа што тој не се однесувал соодветно.,,Треба да заминат не затоа што јас сакам да бидам претседателка туку затоа што нашиот претседател не го брани националниот интерес, не ги претставува државните интереси на Македонија, не се спротивставува кога греши владата туку е послушен и не размислува со своја глава. Претседателот треба да биде умен, да го сака својот народ", порачува Силјановска.Според неа претседателите мора да персонифицираат единство, а ние никогаш не сме биле поразединети. Претседателите не смеат да кажуваат пред странски лидери тоа што моќните сакаат да чујат туку тоа што е став на народот.,,Секогаш ми биле идоли Делчев и Прличев затоа што преземале одговорност во тешки моменти", порачува Силјановска и вели дека сите имаме обврска да и помогнеме на Македонија повторно да биде горда.Еден ден ќе не прашаат децата каде бевте, што сторивте, како дозволивте една толку горда земја да се срами да каже дека нејзиниот народ е меѓу најсиромашните, најуплашените, вели Силјановска Давкова која порачува дека политичарите за гордоста можат да учат од граѓаните а граѓаните не треба да веруваат на зборови туку само на дела.

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Пендаровски демантира дека соработува со странски консултанти

„Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење“, велат од тимот за комуникации „Претседател за сите - Стево Пендаровски!“ и додаваат:Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години.Во врска со оваа афера, очекуваме Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе следува тужба за клевета.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Пендаровски својот мандат го помина како коментатор, не претседател, не покажа отпорност да се спротивстави на Ахмети

На овие избори не одлучувате само за претседател, туку одлучувате за човек на кој можете да му доверите да ја води државата и да одлучува за вас и вашата иднина. Стево Пендаровски својот мандат го помина во озборување и коментирање на политика, наместо во водење и носење одлуки, кажа претседателот Мицкоски на вчерашниот митинг во Ресен.Како што вели, Пендаровски би можел да коментира утакмица во фудбал, и верува дека во тоа би бил солиден, но не и да води држава.Човекот не покажа отпорност да се спротивстави на Ахмети, ниту на СДСМ. Се препелкаше околу францускиот предлог на крај се фалеше како тој активно придонел во неговото пишување и носење. Безличен политичар на кому му е важно да направи комбинации за да ја сочува фотелјата, но не и да се бори за иднината на државата. Причината зошто Ковачевски не ги посетува неговите митинзи освен слабиот рејтинг, е и во желбата Пендаровски да ја освои поддршката од ДУИ. Нему му е поважно ДУИ да го гласа, од тоа СДСМ да го поддржи. Тој трча по Ахмети, затоа што знае дека по поразот во првиот круг ниту ДУИ ќе го спаси во вториот. И затоа не се изјаснува дали ќе прибегне кон бојкот кога ќе го види резултат на изборите вечерта по првиот круг избори, заклучи претседателот.Тој потенцираше дека народот на овие избори има јасен избор. Понуда на ВМРО-ДПМНЕ за претседател е личност со инзовреден интелект, и интегритет. Личност со верба во принципи и со свој став.Ставовите на професорката Гордана Силјановска Давкова може да не ви се допаѓаат или да ви се допаѓаат, но не можете да спорите дека секогаш тие се издржани и со аргументи. Тоа е жена која е чесна во политиката и со огромно знаење, нотираше претседателот.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски од Штип: Зад моето име нема криминал, корупција или наместени тендери и затоа повторно ја барам довербата од вас

Вчеравечер, на вториот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски зборуваше пред граѓаните на Штип.Истакнувајќи дека во текот на кампањата сите граѓани ќе бидат исправени пред истата дилема како пред 10 или 20 години, односно дали да им дадат доверба на квази патриотите или на оние кои покажаа дека знаат како да ги штитат државните интереси на Македонија, Пендаровски рече дека треба добро да размислат затоа што истите политичари и истата политичка партија, денес во опозиција, во 2001-та, ја нудеа воената опција во која требаше да гинат некои други деца, а не нивните.„Наместо договорот од Преспа нудат негово поништување, истите тие кои цело време велат никогаш Северна, ама од Северна Македонија 5 години без проблем примаат функционерски плати како градоначалници и пратеници и ни на памет не им паѓа да ги вратат мандатите на граѓаните. Не треба воопшто да прогнозираме какви политики ќе водат ако бидат на власт, затоа што паметиме што се случуваше во нивните 11 години - заробена држава, медиуми ликвидирани со гола репресија, политички противници во затвор, новинари во затвор за напишан збор и ниту еден нивен, тогаш активен функционер во притвор“, потенцираше Пендаровски.Во оваа насока, кандидатот Пендаровски додаде дека во тие 11 години, тогашната власт, а сега опозиција, не донесе ниту една тешка одлука, затоа што преку носењето на стратешки одлуки се остваруваат националните интереси, но, се губи рејтингот, а тие биле заинтересирани само за власт и пари, а не и за интересите на државата и граѓаните.„Како национален координатор за НАТО во 2018 ги водев преговорите за членство во Алијансата со што долгорочно сите ние го осигуравме опстанокот на државата. Ја поддржав Европската преговарачка рамка со која не само што ги започнавме преговорите по 17 години чекање, туку договоривме со Брисел македонскиот јазик да биде еден од официјалните јазици на Европската Унија“, подвлече Пендаровски.Говорејќи за досегашната работа на оваа владејачка структура Пендаровски рече дека не се направени големи грешки за стратешките прашања, што не е случај за некои политички или кадровски решенија.„Нужно е да направиме целосен ветинг на сите судии и обвинители, но, и на нас, политичарите. Сите кои што намерно држат предмети во фиоки со години или не можат да докажат како од плата заработиле милиони, треба да бидат разрешени од функциите и да лежат во затвор, а не да делат правда или да конкурираат за политичка функција“, истакна Пендаровски.Од граѓаните на Штип кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа побара на 24 април масовно да се мобилизираат и уште во првиот круг, да ја осигурат заедничката победа на 8 мај. Само со глас за бројот 1, рече Пендаровски, Македонија ќе оди напред.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николоски: Идејата на ВМРО-ДПМНЕ е да го децентрализира буџетот и секоја година по 250 милиони евра да се дава на општините

,,Навистина ми е драго што еве денеска сме тука во Добрушево во Општина Могила. Навистина еден прекрасен објект, морам да кажам ретко каде во државава може да се види ваков мултифункционален објект каде што неколку генерации ќе можат да го поминуваат времето. Тука има простории за најмладите кои ќе можат да поминуваат дневен престој, но исто така има простории и за пензионерите, тука го гледам паркот и ова прекрасно партерно уредување кое се работи во моментов. Така што навистина еден центар кој морам да признаам и нема да е нескромно и поголеми општини дури и скопски општини не можат да си го дозволат и да го замислат така што градоначалник честитки уште еднаш прво за замислата, па после тоа и реализацијата на овој проект.Така што овие проекти покажуваат дека може да се менуваат работите, ние од тука ќе одиме и во Ношпал и во Општина Новаци подоцна да посетиме и таму работи кои се работат.Градоначалниците кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека со скромните средства што ги имаат можат да се менуваат работите. Нашата идеја е после парламентарните избори, а тоа ќе е веќе уште ова лето да го децентрализираме буџетот и да спуштаме секоја година по 250 милиони евра до општините во Македонија без разлика кој е градоначалник од која политичка партија итн., формулата е многу едноставна, број на жители плус економска активност ќе определува колку средства ќе доаѓаат во општината. Конкретно за Општина Могила некаде ќе се движи околу 4,5-5 милиони евра во еден инвестициски циклус од четири години што ќе треба да ги затвори најкрупните прашања тука како после 4 години не би зборувале за основните потреби на граѓаните.Тоа сметам дека е вонредно значајно затоа што досега никој не внимаваше на децентрализацијата, па вака сите политичари сме ја споменувале, но на крајот на денот децентрализација е финансии или ќе ги имате или ги немате и мислам дека со ова што го предвидуваме многу ќе се забрза локалниот развој. Се им е битно жителите, но најбитно им е во местото каде живеат да имаат уреден простор.”, вели Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 4.

Македонија | пред 1 година

dafina

Стојаноска: Младите одбираат промени, ВМРО-ДПМНЕ ветува нови 50.000 вработувања

,,Со вчерашниот митинг во Скопје започнавме да ја пишуваме историјата на горда Македонија.Она што особено како политичари и родители ме радуваше, тоа беше присуството на огромен број на млади вчера. Младите изминатите 7 години видоа што значи да се водат лоши и понижувачки политики за Македонија, но и за младите.Со програмата Платформа 1198 ВМРО-ДПМНЕ за младите во Македонија за следните 4 години 50.000 нови вработувања, ветува издвојување на посебен фонд за врвна наука, издвојување на директна поддршка од 50 милиони евра за спортот и културата. И ветува возобновување и надоградување на проектот купи куќа за млади.Со младите во Република Македонија ќе ја изградиме Македонија да биде во твои раце и Македонија повторно да биде горда.”, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Македонија | пред 1 година

taravari-vredi-koalicija-h

Таравари од Дебар: На 9 мај ќе имаме нова влада

Со почетокот на претседателската кампања, коалицијата ВРЕДИ синоќа отвори Изборен штаб во Дибр. На отворањето на Изборниот штаб, претседателскиот кандидат Арбен Таравари зборуваше за програмата, поточно за Уставот на Северна Македонија.„Еден од четирите столба на нашата претседателска програма е Уставот. Знаете дека Уставот на Македонија, кој беше изгласан во 1991 година, не беше изгласан од Албанците и никогаш не беше поддржан од Албанците. Покојниот Арбен Џафери рече, Уставот е генератор на политички кризи во Македонија и така беше, ова беше вистината се додека не се случи конфликтот во 2001 година и овој Устав беше дополнет и изменет, но Охридскиот договор не е целосно имплементиран. Дури и до денес главниот столб од Охридскиот договор, фискална децентрализација, не се случи, остана само на хартија и никогаш не беше спроведен“, рече Таравари.Таравари истакна дека со уставните измени коалицијата ВРЕДИ мора да предвиди отстранување на 20 отсто за албанскиот јазик и избор на претседател во Собранието.„Го споменавме и изборот на претседател со гласање во Собранието, Македонија е парламентарна демократија, претседателот во Македонија има исти овластувања како и претседателот во Косово, Албанија, Грција, Германија и секаде таму претседателот се избира во парламентот. Нашиот услов е претседателот да се избира во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бандентер и ако не може во два наврати да се избере, третиот пат да се бира со просто мнозинство или 61 пратеник и со Бадентер. - изјави Таравари.Според Таравари, промената ќе се случи на 9 мај, еден ден по изборите Македонија ќе има нова Влада.„Промената ќе се случи 100%, имаме дилеми само во разликата. Изет, Билал и Африм се многу пооптимисти од два спрема еден, а јас велам сигурно неколку пратеници повеќе, но тоа зависи и од нашата работа и посветеност, но знајте дека на 9 мај со Денот на Европа ќе имаме нова Влада“, рече Таравари.

Македонија | пред 1 година

filipce-tribina-sdsm-miting

Д-р Филипче до младите во Прилеп: Борете се за тоа што заслужувате, никој нема да ви го даде на тацна

Носителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, неврохирургот д-р Венко Филипче денеска на средба со младите во Прилеп порача дека тој како пратеник ќе направи сè за реализирање на идеите и предлозите што ќе стигнат токму од нив.„Од вас ќе чекам конкретни предлог решенија. Не само констатирање дека нешто не чини. Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои вас ве засегаат, а ние да ве поддржиме во спроведувањето. На младите лекари секогаш им велам, тоа го заслужувате, не чекајте друг да ви го даде на тацна. Барајте го гласно. Ако наидете на затворена врата, ќе влезете преку прозор. Нема друг начин да ги остварите вашите права. Не ја пропуштајте можноста да ги водите промените“ рече д-р Филипче пред младите.Покрај тоа, Филипче ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ што ќе значат континуирано подобрување на образовниот процес кој ќе гради млади со смели и одговорни идеи за иднината на државата и ќе ги задржи дома преку понуда на конкурентни политики за младинско вработување.„ Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади" која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д- Филипче.Сакаме да ви обезбедиме стабилност и сигурност, затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, додаде Филипче.Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.Тој им порача на младите не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.Носителот во ИЕ 4 истакна дека СДСМ се грижи младите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија преку доближување на нашето образование до европското, со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити.На крај тој им порача на младите да бидат толерантни едни кон други без разлика на различните определби или интереси, да бидат подготвени и за компромис, но никогаш да не го губат од вид општото добро.„Сакам да ви порачам да бидете толерантни еден кон друг без разлика на различните определби или интереси. Младите не смее да се делат заради политика. Младоста е вашата партија. Мора да развивате политичка култура и меѓусебно да се почитувате“ - порача Филипче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-21.16.20

Најголем демант на губитничките соопштенија на СДС се реките народ од над 60.000 незадоволни граѓани кои дојдоа на митинг и обзнанија дека си ја враќаат Македонија, порача ВМРО-ДПМНЕ

Во врска со соопштението на СДС за посетеноста на големиот народен митинг на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа на 4.4.20024 година пред Владата, ВМРО-ДПМНЕ го истакжна следното:Најголемиот демант на овие овие губитнички соопштенија на преостанатата врхушка на СДС која нема начин како да го напушти „бродот што забрзано тоне“ се реките незадоволни граѓани кои од сите страни на државата дојдоа пред зградата на Владата. Овие над 60.000 незадоволни граѓани предводени од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа пред објектот кој стана симбол на криминалот и корупцијата изминатите во 7 години, за да обзнанат дека си ја враќаат Македонија повторно во своите раце после големите победи на претседателските и на парламентарните избори.За ВМРО-ДПМНЕ отворањето на оваа тема од страна на СДС е најголемата потврда за огромниот страв на политичката врхушка од Бихаќка која како измеќар на ДУИ направија од Македонија држава која тоне, која се забрзано осиромашува, која е ограбена, од која граѓаните бараат начин како да си заминат и која има урнисано национално достоинство и чест.Нашите информации говорат дека во СДС по вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ имало кавга и огромна нервоза. Ние нема да влеземе во глупавата тактика на СДС да броиме луѓе. Во прилог ви испраќаме видео од вчерашниот митинг, каде СДС може да си го троши времето во броење. Тоа не е наш приоритет. Важно е што промените доаѓаат.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Гордана Силјановска Давкова е решението за претседател на Македонија, жена со принципи, која непоколебливо верува во правдата

Имаме човек кој ќе води и на меѓународна и на домашна сцена. Професорката Гордана Силјановска Давкова е решението за претседател на Македонија.Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, кој може да му се допаѓа некому или не, но таа до крај се бори за него, затоа што верува во него, кажа претседателот Христијан Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.Нотирајќи дека Гордана Силјановска Давкова покажала лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем. Како што кажа тој на Македонија и треба претседател а не измеќар на ДУИ.Времињата се тешки, но изборот никогаш не бил по јасен. Заокружувањето за бројот 2 и поддршката за Гордана Силјановска на овие избори за претседател значи избор за Македонија која е биде повторно горда, за Македонија која ќе има цврсти ставови и кичма која нема да се витка, заклучи Мицкоски.Упатувајќи лична порака до Силјановска Давкова тој кажа:- Професорке поминавме многу, ова е последниот круг, вие никогаш не се откажавте од вашата верба во правото, во човечкиот потенцијал да ги менуваме работите и оваа кампања ја почнуваме со голема верба во народот на Македонија и мотив да победиме за да градиме иднина.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Новото време доаѓа! - Ќе овозможиме младите да ги оставарат своите соништа, достоинство за пензионерите, повисоки плати за работниците, и поволна бизнис клима за фирмите

Порака до младите, не се откажувајте од Македонија, сметаме на вас, без вас и без вашата енергија нема промени. Потребни сте за новото време кое доаѓа. Ќе овозможиме заедно да ги остварите вашите соништа, тука да ја градите вашата иднина и среќа. Вклучете се во промните и дајте го вашиот глас. Одберете сила која може да го порази и промени системот во распаѓање. Верувајте во луѓето кои вистински можат да го подобрат вашиот живот и да донесат повеќе среќа за сите, кажа претседателот Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Скопје.Потоа претседателот упати порака и до највозрасните, до пензионерите. Тој потенцира дека секогаш ќе се грижи за нив. Дека тие се притиснати со проблеми, и наместо на нивната возраст да ги минувате најубавите времиња и да уживаат во плодовите од нивната децениска работа, тие се принудени да протестираат за правата кои ги следуваат. Претседателот вети покачување на пензиите за 5 илјади денари.Потоа тој упати порака и до работниците, за кои рече дека знае дека инфлцијата им ги јаде платите, дека се незадоволни и бараат, но и заслужуваат повеќе, но и дека за тоа мора заедно да се избориме. За подобри услови за работа, повисоки плати, за почит и достоинство, тоа се работите за кој вети борба и посветеност.До стопанствениците, поточно бизнисмените, од вас зависи дали 5 мина од ДУИ ќе ја водат државата и слугите од СДСМ ќе ги добиваат тендерите, или на правилен начин, согласно закон ќе се работи и вистинскиот квалитет ќе биде награден. Таа промена ја правите вие. Или ќе го одобрите рекетот на ДУИ и СДСМ или ќе се приклучите на бранот на промените и ќе не поддржите за конечно да има ред во бизнсот и се награди квалитетот, заклучи претседателот.

Македонија | пред 1 година

WhatsApp-Image-2024-04-05-at-8.27.01-AM

Филипче до младите во Прилеп: Борете се за тоа што заслужувате, никој нема да ви го даде на тацна

осителот на листата на СДСМ во Изборната единица 4, неврохирургот д-р Венко Филипче денеска на средба со младите во Прилеп порача дека тој како пратеник ќе направи сè за реализирање на идеите и предлозите што ќе стигнат токму од нив.„Од вас ќе чекам конкретни предлог решенија. Не само констатирање дека нешто не чини. Вие мора да понудите сериозни решенија, а ние ќе најдеме начин да ги реализираме. Вие треба да сте креатори на политиките кои вас ве засегаат, а ние да ве поддржиме во спроведувањето. На младите лекари секогаш им велам, тоа го заслужувате, не чекајте друг да ви го даде на тацна. Барајте го гласно. Ако наидете на затворена врата, ќе влезете преку прозор. Нема друг начин да ги остварите вашите права. Не ја пропуштајте можноста да ги водите промените“ рече д-р Филипче пред младите.Покрај тоа, Филипче ги презентираше клучните младински политики предвидени во програмата на СДСМ што ќе значат континуирано подобрување на образовниот процес кој ќе гради млади со смели и одговорни идеи за иднината на државата и ќе ги задржи дома преку понуда на конкурентни политики за младинско вработување.„ Една од промените што ќе ја направиме е зголемување на програмата „Гаранција за млади" која ќе биде отворена за 35.000 млади кои ќе добијат многу можности за вработување“, истакна д- Филипче.Сакаме да ви обезбедиме стабилност и сигурност, затоа воведуваме по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години, додаде Филипче.Филипче истакна дека СДСМ верува во вредноста на образованието и затоа ќе им овозможи на младите подобри услови во сите степени на образование.„Ќе работиме на подобрување на настаните програми, но паралелно ќе се грижиме и за севкупните услови во кои младите се образуваат. Ќе создадеме подобра инфраструктура во училиштата и студентските домови, средина која ќе биде мотивирачка и инклузивна за вие да можете целосно да се посветите на вашиот развој и образовен раст“, рече Филипче.Тој им порача на младите не постои брза приказна за успех, но постои можност со амбиција да го постигнат зацртаното.„Многу скоро ќе дојде време кога вашите генерации ќе треба да ја преземат одговорноста во државата, затоа во вас СДСМ гледа идни носители на развој на македонското општество“, додаде Филипче.Носителот во ИЕ 4 истакна дека СДСМ се грижи младите да ги добијат истите шанси и можности што ги имаат нивните врсници од Европската Унија преку доближување на нашето образование до европското, со програми за размена на студенти, бесплатни екскурзии и укинување на таксите за испити.На крај тој им порача на младите да бидат толерантни едни кон други без разлика на различните определби или интереси, да бидат подготвени и за компромис, но никогаш да не го губат од вид општото добро.„Сакам да ви порачам да бидете толерантни еден кон друг без разлика на различните определби или интереси. Младите не смее да се делат заради политика. Младоста е вашата партија. Мора да развивате политичка култура и меѓусебно да се почитувате“ - порача Филипче.

Македонија | пред 1 година

pendarovski

Пендаровски од Прилеп: Децата и внуците ќе ни останат и ќе просперираат тука

Првиот ден од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчеравечер го заврши со централен, граѓански митинг во Прилеп.Истакнувајќи дека според бројот на жители и бројот на дадени потписи за неговата кандидатура, Прилеп е најдобар во Македонија, Пендаровски рече се сеќава што рекол пред 5 години и дека може да ги погледне прилепчани во очи и да не се засрами.„Главната работа која ја кажав е дека ќе бидам претседател на сите. Тоа значи не гледам партија, не гледам фамилија, не гледам вера или нација, гледам кој е човек, па и не луѓето сум ги примал. Сите ги примам, секој што има мака, секој што има нешто да ми каже, да му помогнам или да ми даде некаков предлог, некаква сугестија за да ги решиме проблемите на нашите граѓани, кои не се мали“, рече Пендаровски.Говорејќи за бенефитите од членството на државата во НАТО, Пендаровски рече дека на чекор ни е и полноправното членство во ЕУ со што би ја оствариле и втората голема стратешка цел. Но, како што рече тој, само ако сме сложни меѓу себе. Членството во Унијата, додаде Пендаровски ќе го намали и иселувањето на нашите деца и на нашите внуци, нашата најголема болка. Пендаровски изрази уверување дека со пристап до европските фондови може да се дуплира стандардот на секој македонски граѓанин.„Децата тука ќе имаат шанса да останат и да просперираат, само ако има услови за пристоен и достоинствен живот. Не треба ништо да си одземеме од тоа кои сме и што сме, јазикот ни е гарантиран, идентитетот ни е гарантиран. Оваа политичка структура после 17 години преговори и во еден дел т.н. преговори, бидејќи властите тогаш не сакаа да преговараат бидејќи си ги чуваа фотелјите и парите, ги започна преговорите и ја отвори првата конференција со Европската Унија “, рече Пендаровски.Уверувајќи ги граѓаните на Прилеп дека опцијата за која се застапува и за која живее не може да ја однесе Македонија повторно во балканската кал, туку во просперитетна европска средина, Пендаровски ги повика прилепчани масовно да гласаат за него и на 24 април и на 8 мај.

Македонија | пред 1 година

IMG_5081

Мицкоски: Пендаровски јавно да каже дали нема да го бојкотира вториот круг, откако ќе изгуби во првиот

„Стево Пендаровски освен тоа што цел мандат го помина како аналитичар без свое ја, а не претседател и личност со интегритет, ќе загуби катастрофално. Толку силно што во вториот круг нема да му се оди на избори. Овој Стево кој што ја прифати улогата на губитник, во неговото опкружување најмногу се плашеле од тоа како ќе го смират после првиот круг и како ќе го натераат да ја приврши кампањата до крај“. Истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот голем митинг во Скопје.Мицкоски упати прашање до Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски да кажат дали нема да го бојкотираат вториот круг на претседателски избори откако Пендаровски ќе изгуби во првиот круг.„Па од тука сакам да упатам јавно прашање до Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски доколку разликата во првиот круг помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и поразениот Стево Пендаровски биде со шест цифри, дали тогаш Димитар Ковачевски, Али Ахмети и Стево Пендаровски ќе излезете и докрај ќе се борите за да изгубите целосно во вториот круг на претседателските избори или кукавички ќе бојкотирате“, праша Мицкоски.Тој додаде дека граѓаните во изминативе години видоа СДСМ и ДУИ на што се спремни и подготвени на секакви сценарија кога знаат дека ќе загубат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-21.16.20

(Видео) „Бог ја благославил Македонија, да живее - ја враќаме гордоста“ - Силјановска се обрати на митингот во Скопје

Кандидатката за претседателка на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова се обрати пред присутните пред Владата. Таа вети дека ќе ја врати гордоста во Македонија. Според неа, горди ќе бидеме кога ќе имаме пристојна држава, а по улиците ќе има студенти кои сакаат да останат овде.Следете во живо:

Македонија | пред 1 година

DSC_6017

Ваковска ја почна кампањата, Апасиев рече: Тачевизмот е највисок стадиум на заевизмот и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот

Претседателскиот кандидат Билјана Ванковска, поддржана од партијата Левица кампањата, која ја води под мотото „Го враќаме достоинството на нацијата“, ја почна со митинг во Струмица.-Сега страдаме од божемната „наша власт“, која ги згази не само постигањата од минатото туку се однесува како внатрешен окупатор. Ни ја одзеде не само живејачката и волјата за напредување, туку и надежта. Нè ограбија, ни ја згазија честа, го продадоа најсветото, ни ги отселија најдрагите. Подготвени се да го запустат и последното парче плодна почва, воздухот го направија отровен, а последната капка вода сакаат да ја продадат на јабанџии. Сè ни одземаа – освен душата. И неа ли ќе им ја дадеме, порача Ванковска во своето обраќање пред струмичани.На митингот се обрати и лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев кој истакна: „Тачевизмот е највисок стадиум на ЗАЕВИЗМОТ и затоа Левица ја почнува својата кампања од бастионот на заевизмот. Да му брцнеме во очи на оној кој направи штета за две генерации!“На митингот се обрати и Сашко Јанчев, носител на листа во ИЕ4 кој кој рече дека Левица ќе се бори до крај против најголемата закана за струмичката котлина - Рудникот во Иловица. „Левица нема да дозволи да има рудник!“, истакна Јанчев.

Македонија | пред 1 година

Kiril-Pecakov

Пецаков: Атмосферата и расположението во цела Македонија е во корист на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја преточиме во огромна разлика и историска победа на 24 април и 8 мај

Во цела петта единица атмосферата е одлична, расположението ја следи таа атмосфера и се надевам дека на 24 април ќе ги видиме резултатите, односно таа атмосфера ќе ја преточиме во огромна разлика помеѓу кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ и за веќе на 8 мај да имаме кулминација и таа атмосфера да се преточи во историска победа за Македонија, односно, конечно ослободување на Македонија од ова лудило кое што ја има зафатено во изминатите 7-8 години, вели Кирил Пецаков во линковското вклучување во отвореното студио пред почетокот на денешниот митинг, односно голем народен собир пред македонската Влада со кој ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја започнува кампањата за избор на претседател.Тој посочи дека како колеги во македонското Собрание имаше прилика да соработува и сиот жар и став кој што професорката го имаше, беше исклучиво за Македонија и бранењето на македонските национални интереси.„Дополнително, сето она знае што го има, ние како држава треба да искористиме и спроведеме во наредниот период. Докажа и покажа дека е повеќе од достоинствен кандидат кој што Македонија може да ја води на вистински пат и Македонија заслужува да има претседател токму каков што е професорката“, рече Пецаков, повикувајќи ги македонските граѓани масовно да го дадат нивниот глас за професорката Силјановска Давкова.Тој се осврна и на работата на локалната власт при што истакна дека, динамиката и начинот на работа на сите градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го отсликува начинот на работа, принципот и динамиката на спроведување на сите работи ветени и на кои се обврзале во изборната кампања пред граѓаните дека ќе ги направат.Посочи дека токму тој ќе биде принципот и на работа на ВМРО-ДПМНЕ понатаму и во централната власт, додавајќи дека ние сме докажале дека за нас зборот е збор, дека секој проект што ќе го реализираме за нас постои отчетност.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Пендаровски со граѓаните на Кривогаштани и Крушево: Покажав дека сум претседател на сите, така планирам и да продолжам

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во првиот ден од кампањата се сретна со граѓаните на општините Кривогаштани и Крушево.На средбата во Кривогаштани, Пендаровски посочи дека во последните пет години државата оди напред и дека мора така да продолжи и во следниот период, затоа што само така ќе успееме како држава да ги задржиме младите дома.Пендаровски пред присутните потсети дека во изминатиот период по ниедна основа ги нема делено граѓаните и дека така ќе продолжи и во иднина.„Никогаш не сум ги делел луѓето на наши и ваши, сите сте мои сограѓани. Во првиот мандат бев претседател за сите и на сите граѓани. Во вториот мандат ќе бидам повторно претседател кој не дели, туку обединува“ порача Пендаровски.Во Крушево, пред бројните граѓани, Пендаровски порача дека во последните пет години се исполнува аманетот од Крушевскиот манифест заеднички да ја градиме државата како модерна европска држава.„Крушево е столбот на државата, коренот на државата. Овде е направена Крушевската Република, оттука тргнува идејата за заедништво. Крушевскиот манифест ден денеска е модел по кој сите ние се носиме и немаме намера да менуваме, освен неколкумина од опозицијата“ порача Пендаровски додавајќи дека во главната опозициска партија нема никаква промена, дека таму се уште се истите ликови, истата матрица.Пендаровски, првиот ден од кампањата го заокружува со централен настан во Прилеп.

Македонија | пред 1 година

IMG_5067

Јакимовски: Не милион евра, милијарди да истурат, народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓаните на Македонија

Кандидатот за претседател на коалицијата Храбро за Македонија, Стевчо Јакимовски денеска од Тетово со средба со граѓани ја почна кампањата за изборите.Во изјава за медиуми по завршување на средбата, Јакимовски посочи дека го слушнал проблемите на граѓаните и нивното незадоволство од досегашната ситуација во државата.„Со граѓаните на Тетово разговаравме за нивните секојдневни проблеми, секако најголемиот проблем претставува тоа што нивните деца бегаат надвор од Република Македонија и бараат подобар жкивот и заеднички констатиравме дека се е тоа резултат на лошо средена Република Македонија. Не е тоа толку до сиромаштијата колку до лошиот правен систем тоа е уште една причина зошто на највисоко ниво како кандидати треба да разговараме. Јас сум запрепастен како е можно кандидатите за претседател да немаат ниту една дебата. Имаме претседателски кандидати кои предлагаат промена на Устав, имаме претседателски кандидати кои предлагаат бришење на Македонците и правење граѓански устав, значи се обидуваат да направат тектонско пореметување на уставниот и полиитчкиот живот на Република Македонија“ порача Јакимовски.Кандидатот на коалицијата „Храбро за Македонија“ посочи дека некои од кандидатите бегаат од дебати затоа што очигледно сакаат да скријат нешо од јавноста па затоа не сакаат дебати на кои сето тоа може да се открие.„Мислат дека со тоа што земале по 975 илјади евра со тоа добиле некоја предност, јас ќе им кажам дека парите се најмалку битни. Не милион евра, милијарди да истурат, народот точно гледа кој знае, кој разбира и кој искрено се бори за граѓаните на Македонија а кој се обидува да ги излаже“ порача Јакимовски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-11.07.31

Османи се најави како победник уште на првиот ден од кампањата за претседател

Бујар Османи, како претседателски кандидат, смета дека трката е негова важна мисија. Тој смета дека предводи победнички караван.„Доаѓам од НАТО, на денот од основањето на НАТО и членството на Северна Македнија во НАТО. Јас почнувам од НАТО, се надевам дека ќе ја завршам мисијата во ЕУ како претседател. Овие избори се народен референдум кој ќе ја определи иднината на оваа држава. Имајќи ја можноста од граѓаните да бидат дел од најважните интегративни процеси, сметам дека ги имам контактите, имам посветеност, за да го остварам сонот на секој граѓанин за европска иднина“, додаде Османи.Тој кажа дека е поддржан од девет партии. Кампањата ќе биде осврната на делот Македонија да стане членка на ЕУ.„Го почнуваме победничкиот караван, слушајќи ги барањата на граѓанините“, додаде Османи.Ќе раскажува и како во наредните пет години, Македонија ќе стане членка во ЕУ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачки: Ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот народен митинг на ВМРО-ДПМНЕ

,,Време за важни одлуки. Време е за промени и победи на граѓаните на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ.Од денеска започнува крајот на националните понижувања, на газењето на македонското национално достоинство и на газењето на Македонецот.Време е за нова иднина. Време е за нова надеж, за проекти и за реформи. Време е Македонија да добие мајка на нацијата. Време е професорката Гордана Силјановска Давкова да стане претседател на сите граѓани на Македонија.Македонија горда. Македонија исправена. И секако Европска Македонија.За Македонија повторно да биде твоја вечерва ве повикувам сите во 20 часот пред Влада на големиот сенароден митинг со што ќе ја дадеме поддршката на нашиот кандидат и иден претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.”, изјави Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-04-at-10.07.21

Без големи билборди, со скромна кампања, Ванковска ќе се бори за победа: На никого нема да му биде здодевно кога ќе зборувам

Нема да има големи билборди и кампањи, тоа ќе биде скромна, како што е и нашиот народ напатен - вака професорката Билјана Ванковска, кандидатка на Левица, ја претстави својата програма. Посочи дека таа ја почнува кампањата како што е предвидено со закон. Ги повика граѓаните да излезат на гласање за претседателските избори, за да гласаат за личност, без разлика што зад нив ќе стојат партии.„Јас кажав дека ќе бидам една и единствена во сите кандидати, по визијата, аргументите кои ќе ги понудам. Можеби на прв поглед слоганите ќе ви изгледаат слични, исти, збунивачки, но на крајот од кампањата мислам дека никој нема да има дилема за што се залага Ванковска со Левица. Во материјалот ќе видите дека ако треба да ја дефинирам: тоа се принципите и материјалите кои се водилка на целиот процес. Уставните норми се ригидни, сувопарни. Но личноста е таа што ја прави институцијата“, рече Ванковска.Апелот до граѓаните е да се посвети внимание на кандидатите, па вети: „чесна и интересна битка, на никого нема да му биде здодевно кога јас ќе зборувам“.„Некои личности и нанесоа голема штета на Македонија, а кампањата ја започнувам од Струмица“, додаде Ванковска.

Македонија | пред 1 година

levica

Левица: Поднесовме листи за пратеници во сите шест изборни единици за претстојните парламентарни избори

,,Како најбрзорастечка партија во Република Македонија и најбрзорастечко левичарско движење на континентот, Левица ќе настапи самостојно и ќе цели на двоцифрен број пратеници во Собранието на РМ - фактор кој нема да можат да го забиколат буржоаските партии.На овие избори, да ја вратиме државата на народот!”, велат од Левица

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања