Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ 2024

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Уште денеска кампања, од полноќ изборен молк

Кандидатите за претседател и политичките партии уште денеска се во трка по гласови и убедување на гласачите дека токму тие се вистинскиот и најдобар избор.Од ноќеска на полноќ настапува изборен молк, кој ќе трае до затворањето на гласачките кутии во среда во 19 часот.Гласањето на седмите претседателски избори и единаесеттите парламентарни избори треба да се спроведе на 3.480 избирачки места во државата.Утре гласаат болните и изнемоштените чии пријави беа прифатени од општинските изборни комисии, како и затворениците и лицата во притвор чиј што број според посебниот извод во Избирачкиот список изнесува 2140, како и лицата во установи за вон семејна грижа – 534 избирачи и две внатрешно раселени лица.На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, додека на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. Разликата во гласовите е 1033, поради граѓани кои во меѓувреме станале полнолетни.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

​​​​​Апасиев: Левица предлага прогресивен данок, богатите ќе плаќаат повеќе од работниците

Во склоп на економските мерки во Програмата на Левица, во интервју за ,,ТВ Стар", Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев, истакна:,,Во поглед на економијата имаме два столба - првиот ни е антилихварското законодавство со коешто ќе регулираме максимални каматни стапки на давање кредити од банките. Исто така, ќе ги забраниме брзите кеш кредити, коишто го водат народот во должничко ропство. А од друга страна тоа е даночната реформа - единствена партија сме којашто предлага прогресивен данок. Тоа значи богаташите да плаќаат повеќе отколку работниците."Изборите последниве години се паѓаат во работен ден. Првиот круг на претседателските избори се падна на 24 април 2024 година - среда. 8 мај 2024 година е повторно среда. Многу луѓе во приватниот сектор се на работа. Многумина работат во други градови и не можат да стасаат дома, за да гласаат.,,Ова е свесно, затоа што олигархијата работи за буржоаските партии - дпмне и сдс. Тоа е свесно направено со цел да се намали цензусот, но статистички гледано, секогаш, Парламентарните избори имаат повисок цензус од Претседателските. Очекуваме излезноста да биде поголема за десетина проценти и тоа е намерно така направено за да може само нивната администрација, која е клентелистички настроена, да гласа. Но дури и да работат фабриките, имате време да гласате и нашиот апел е - по работа или пред работа да излезете и масовно да го дадете гласот за Левица", вели Апасиев.

Македонија | пред 1 година

prof-d-r-Dimitar-Apasiev

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Дека мотивацијата по првиот круг од претседателските избори е зголемена, во интервју за ,,ТВ Стар" потврди Претседателот на Левица и Носител на ИЕ1, Димитар Апасиев.„Мотивацијата е зголемена, затоа што ова беше наше огнено крштевање - првпат имавме претседателски кандидат и тоа е одлично искуство. Партијата продолжува напред. Отворивме над триесетина канцеларии во меѓувреме, во овие две последни години, така што мотивацијата е најмалку да го дуплираме скорот којшто го донесе професорката Ванковска", вели претседателот на Левица, Апасиев.Левица очекува поголем број пратеници на Парламентарните избори, за да може уште посилно да се бори против штетните политики и да ги застапува интересите на граѓаните, остварувајќи ја својата изборна програма.,,Поголем број пратеници од Левица во Собрание би значело брана против сите штетни политики на косоваризација и бугаризација на државата. Ние со два пратеника успеавме да спречиме многу штетни политики: успеавме да спречиме етничка припадност во лични карти, приватизација на Брза помош, ги намаливме цените на болниците во време на ковид-криза, така што кога со двајца тоа го постигнавме, можете да замислите со 8 - 12 пратеници!"Оттука Апасиев порача дека гласот даден за Левица не е фрлен глас.,,Гласот за Левица е глас даден за една искрена, чиста опција којашто е единствена на левата политичка сцена. Бидејќи сега се остварува нашата прогноза за пасокизација на СДС, гласот за Левица е глас насочен кон правата левичарска опција во Македонија."

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Ковачевски: СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност

„СДСМ никогаш нема да се откаже од идејата европска Македонија, ќе работиме сè додека таа цел не стане реалност, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да ја уназадува државата, никогаш и по ниту една цена нема да дозволиме некој да си игра со иднината на нашите деца“, порача вечерва претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, од Македонски Брод.„СДСМ и Коалицијата за европска иднина на овие избори оди заедно со граѓаните кои веруваат во европска Македонија и кои се подготвени да се борат за таа иднина. Основната цел на нашата програма останува брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ, затоа што знаеме дека само на тој начин ќе обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство“, рече Ковачевски.Ковачевски посочи дека гласањето на претстојните избори почнува од нула и повика граѓаните да се приклучат на прогресивните и демократските сили и да гласаат за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија и претседателот Стево Пендаровски. Во обраќањето Ковачевски додаде дека граѓаните бираат во каква држава ќе живеат и или ќе се вратиме назад во криминалното владеење на Груевски и тоталитаризмот или ќе заедно ќе изградиме слободна и европска иднина.„Ние бевме меѓу граѓаните кога инфлацијата и енергетската криза беа сериозна закана за животниот стандард и стабилност во нашата држава. Бевме меѓу граѓаните за време на КОВИД кризата. И денес сме меѓу граѓаните. Добро ги знаеме вашите проблеми, вашите надежи и очекувања. Вие со вашите искрени критики и барања за иднината нѝ помогнавте да ја креираме нашата изборна програма. Таа програма е реална, остварлива и содржи автентични социјалдемократски политики и мерки“, рече Ковачевски.Притоа, Ковачевски додаде дека во програмата се содржани конкретни чекори и политики за зголемување на платите и пензиите, мерки за поддршка на средношколците и студентите, економски пакети за земјоделци, како и реален и остварлив план за зајакнување на македонската економија.„Најавуваме одлучна и конечна борба против злоупотребите, неправдите, системската корупција. Од тоа не отстапуваме“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-04-at-21.24.06

Мицкоски: Начинот на кој ДУИ и СДСМ сакаат да ја добијат поддршката од граѓаните не е преку програма туку со притисоци и закани

„Начинот на кој што тие се обидуваат да ги добијат симпатиите кај гласачите не е поради тоа што имаат политичка програма, која што ја нудат или начин на кој што тие го артикулираат кон гласачите, туку едноставно тоа е притисок и состојба во која што сите тие заедно артикулираат една позиција која што не е во склад на демократијата“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија.Мицкоски додаде дека во првиот круг на претседателски избори можеше да се забележи дека имаше гласање кое што траеше помалку од една минута, а тоа е невозможно. Имаше гласање каде што луѓето излегуваат да гласаат за помалку од една минута.Тој посочи дека на тие избирачки места ВМРО-ДПМНЕ има набљудувачи, но тоа што го следеа набљудувачите е навистина катастрофално.„Ние затоа и ги повикавме институциите, затоа ги повикавме и меѓународните набљудувачи да излезат на терен. И ги потенциравме буквално сите оние избирачки места каде што имаме таков тип на девијантно однесување“, укажа тој.„Пред се зборуваме за општина Сарај, зборуваме за општина Липково, зборуваме за општина Арачиново“, појасни Мицкоски.Тој рече дека како да прави коалиција со луѓе кои што на насилен начин се обидуваат да ја освојат волјата на граѓаните. И се осврна на писмото на вицепремиерот на Влада кое што го испратил до одредени лица велејќи им да гласаат за него.„Денеска имаме ние писмо кое што го испраќа вицепремиерот на Влада, каде што вели луѓе јас како вицепремиер се заложив да вие добиете некаков начин на добивка и во име на тоа барам од вас да вие го дадете вашиот глас за мене“, појасни Мицкоски додавајќи дека обвинителството се уште молчи за овој случај.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-filipce

Ковачевски: Историјата покажала дека само со СДСМ земјата се движи напред и има просперитет

На вечерашниот митинг одржан во Македонски Брод, претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски обраќајки се на присутните им порача дека Македонија многу пати досега се наоѓала на крстопат од кои зависела иднината, но заедничко за тоа е дека никогаш не сме се откажале.Денес, повторно сме на еден таков крстопат. Треба да одлучиме дали ќе градиме европска иднина, европски стандард и европски вредности за нас и нашите деца или ќе се вратиме во минатото кога државата беше ограбена и изолирана. Втора шанса за ваква одлука нема да има. Затоа, ве повикувам на 8 мај, да изберете напредна и просперитетна Македонија во ЕУ, да гласате за СДСМ и Коалицијата за европска иднина и за нашиот Претседател, Стево Пендаровски“, рече Ковачевски.На 121-годишнината од смртта на големиот македонски револуционер, Гоце Делчев, во говорот Ковачевски ги потсети граѓаните дека исто како што револуционерите не се откажале од идејата за слободна Македонија, така и тие нема да се откажат од тоа да ја внесат земјата во Европската Унија.„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, посочи претседателот Ковачевски.СДСМ е силна партија, партија на граѓаните, вели Ковачевски и додава дека таа е изградена врз принципите на еднаквост, солидарност и инклузивност. Партија која е рамо до рамо со граѓаните и не бега од одговорност и носење тешки одлуки.„Изминатите седум години ја водевме државата во време на здравствена, економска и енергетска криза. Не потклекнавме пред предизвиците кои се закануваа целосно да го загрозат квалитетот на живот на граѓаните. Покажавме посветеност и одговорност, ги зголемивме платите и пензиите, ги заштитивме работните места, обезбедивме 2,6 милијарди евра за антикризни мерки за најранливите категории на граѓани и за компаниите. Во ниту еден момент не се откажавме од нашата примарна цел - Македонија да стане дел од евроатлантските структури. Затоа, денес сме горда членка на најмоќната светска алијанса – НАТО“, заклучува Ковачевски, додавајќи дека иако започнати, историските преговори за членство во Европската Унија се блокирани од неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер, Христијан Мицковски.

Македонија | пред 1 година

Dimitrievska

СДС го уништија животниот стандард, никогаш не се живеело полошо од сега, затоа СДС ќе изгуби катастрофално, вели Димитриеска Кочоска

„Животниот стандард го уништија, јас малку постручно велам животниот стандард меѓутоа нема семејство што не живее полошо отколку што живеело претходно, цените отидоа нагоре многу. Не е суштината ти платата да му ја зголемиш ако вредноста на платата се намалува или на пензијата, значи не постигнале ништо од актуелната власт. Многу е смешно кога ќе ветуваат плати и пензии, а притоа не размислуваат во делот на цените. И во тој дел апсолутно немаат никаков план да речам“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за пратеник во изборна единица 1 во вчерашната емисија „Вечерно шоу на Богдан Илиевски“ на Алфа телевизија говорејќи како актуелната власт го уништи животниот стандард на граѓаните со лоши политики.Димитриеска Кочоска притоа се осврна дека и корупцијата и криминалот се во пораст во Македонија поради несправувањето со истите од страна на актуелната власт. А, поради тоа од Македонија се иселуваат многу млади луѓе кои што финансиски се многу добри и се наоѓаат на добри работни позиции. Корупцијата, криминалот и нефункционалниот систем пресудија на многу граѓани за да си заминат од Македонија.„Според мене Бисера треба да одговара и за Универзалната, Тренчевска треба да одговара за злоупотребите што ги произнесе нашиот министер Ѓоко во однос на онаа мерка што се давала како социјална помош и каде што има штети од над два ипол милиони евра. Заради тоа што после 30.06.2022 таа мерка требало да престане, но ја продолжиле. Исто така ќе одговара и за мерките за пензионерите што даваа финансиска помош сега пред избори, имаше давано пари и на пензионери кои што не влегуваа во тие групи како социјално ранливи. Имаат за многу што да одговараат“, таа нагласи.Таа посочи дека на овие избори СДС ќе изгуби многу, граѓаните одлучија да ги казнат за штетните политики.„Ние си кажавме јасно и гласно дека борба со сива економија ни е една од клучните работи“, укажа Димитриеска Кочоска.„Имаме формирано тело во кое што ќе учествува министерот за внатрешни работи со министерот за финансии и тука ќе се и организациони тела како УЈП, Царина, Финансиска полиција, Управа за перење пари и организиран криминал. Ќе имаат чести состаноци на кои што ќе ги следат јавните набавки, трансфер на пари итн. И тоа се со цел да ја сведеме корупцијата на нула“, порача таа говорејќи што идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се со цел корупцијата во Македонија да се сведе на нула.Димитриеска Кочоска укажа дека ќе е потребна помошта од граѓаните затоа што треба да пријавуваат до надлежните институции.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-03-at-13.03.13

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во општина Липково за каде јасно Управниот суд донесе пресуда каде јасно се гледа дека волјата на граѓаните не е таа која е соодветна на резултатот, рече претседателот на ВМРО-ДПММЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Бутел.Мицкоски укажа „ние тоа го зборуваме цело време, затоа апелираме цело време бидејќи имаме индиции дека на уште педесеттина други такви места низ Македонија се полнеле кутии, а излезноста наеднаш по 18 часот се зголемила“.Оттука, додаде Мицкоски, предупредувам на будност, на внимание.„Тоа што сведочи од теренот е огромен притисок, обиди да се купи волјата на граѓаните од страна на ДУИ, мислејќи дека ќе направат голем резултат и така ВМРО-ДПМНЕ ќе биде пред свршен чин да мора да седне и да разговара со раководството на ДУИ“, кажа Мицкоски.Мицкоски вели дека е убеден и верува во граѓаните на Македонија, без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми или останати дека нема да го дозволат тоа.„Можам да ви кажам примери во градови како Виница, Кочани, Делчево, Берово каде владини функционери во придружба со полицајци кои се идентификуваат како полицајци имале обиди да поткупуваат дури и во верски објект“, изјави Мицкоски.Мицкоски заклучи дека волјата на народот не е резултатот за Бујар Османи, туку дека таа е многу помала и ќе биде уште помала во периодот кој следи.

Македонија | пред 1 година

medziti

ДУИ го загуби компасот, прават политичка криза за да останат на власт, наредиле бојкот, вели Меџити

Изет Меџити од ВЛЕН кажа дека ДУИ оди во опозиција, а поради тоа, се обидуваат да направат политичка криза. Според него, Ахмети ги срами борците на УЧК, а ДУИ сака да ги спаси корумпираните челници.„Од страв кој несомнено ги чека, ДУИ го загуби компасот. Сакаат да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во своите редови. Сакаат Влада повеќе од 100 дена“, рече Меџити.Меџити го праша Али Ахмети: „Дали е вистина дека на општинските организации им наредивте бојкот на вториот круг?, ако е ова вистина, кажете зошто не ги бојкотиравте изборите во 2019 година? Зошто работите против интересите на ЕУ и САД?“.Тој најави одговорност за корупциските скандали на ДУИ, па додаде дека Ахмети ги користи Албанците како штит.

Македонија | пред 1 година

mickoski02032024

Мицкоски: Ќе удриме силно по челото на корупцијата донесена од ДУИ и СДС, ги крадат и Македонците и Албанците

Имаме план, корупцијата за жал во Македонија има пандемиски размери. Во овие 6 и половина година достигна такви размери што слободно можам да кажам дека е на ниво на пандемија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во Алсат-М.„За жал со измените на оној кривичен законик ограничен е просторот за маневар и за барање на кривично дело кое новата владата во рамките на своите истражни капацитети би можело да бара, но без да имаме резолутна борба и офанзива против криминалот и корупцијата, нешто што ние го најавуваме а тоа е формирање на антикорупциски фронт нема да можеме да се развиваме нити во ниеден друг сегмент во општеството, нити во економијата, образованието, здравството буквално во ниту еден друг сегмент ако не се удри во чело корупцијата и криминалот и да нема етничка, партиска припадност иако како што кажав во последните 6 и половина години таа е на ниво на пандемија“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:„Вие не можете сега малку да крадете од Македонците, па малку ќе крадеме од Албанците, па малку од Турците, малку од Србите. Или сте криминалец или не сте криминалец, јас тоа го зборувам во оваа кампања насекаде и ценам дека по мене оваа Влада на СДС и ДУИ е длабоко, длабоко во сржта криминализирана за што говорат и голем број на сведоштва на луѓе кои се жртва на таа корупција. Знаете луѓето посебно после првиот круг на 24 април се ослободуваат, доаѓаат кај мене, бараат состаноци, носат докази, кажуваат, пренесуваат сведоштва. Така што ценам дека има за што да бидат уплашени овие од власта“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-2-Konvencija-2-02032024

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ

„Според оваа емоција што ја чувствувам овде и онаа емоција и енергија што ја чувствувам насекаде низ Македонија значи дека на 8-ми мај ќе ни донесе историски резултат, подобар од оној кој што се случи на првиот круг на претседателски избори. Сепак 2:1 резултат во однос на освоени гласови помеѓу идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова и досегашниот сега и веќе поранешен претседател, Стево Пендаровски е нешто кое што за првпат се случува во македонската демократска историја , истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Маврово Ростуше.„Многу работи се изнаслушав овие шест години откако сум претседател на партијата, и многу работи како што тие ги замислиле не излегоа како што тие ги кажуваа. Можам да кажам слободно дека ништо не излезе така како што тие кажуваа“, рече Мицкоски говорејќи дека на СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа.Мицкоски додаде на СДСМ ништо нема да им се оствари бидејќи граѓаните гледаат кој мисли добро на Македонија. По осми мај ќе победи Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.„Сепак 183.000 гласови е нешто што испишува историја. Последниве години ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот испишува историја. Така беше и пред две и половина години на локалните избори кога за првпат една коалиција, политичка партија во независна Македонија од позиција на опозиција заедно со народот успеа да победи во мнозинството општини во Македонија и да освои мнозинство градоначалници“, потсети тој.Тој посочи дека таа историја од локалните избори продолжи да се испишува и во првиот круг на претседателски избори и така ќе продолжи и на осми мај.„По осми мај ќе отвориме нова страница за Македонија и ќе ја направиме Македонија онаква каква што нашите генерации сонуваа да биде. Ќе започне процесот на трансформација на Македонија. Доста беа порази, понижувања и грабеж. Ќе отпочне Македонија со својот развој, да бидеме лидери во регионот, да се вратиме во првите пет во Европа“, порача Мицкоски.Тој истакна дека подобри времиња за Македонија доаѓаат со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата

„Силен СДСМ во Собранието е потребен заради иднината на државата. Нема друг начин да го спречиме ВМРО ДПМНЕ повторно да го донесе режимот кој толку долго се трудевме да го срушиме“, истакна претседателот на СДСМ и носител во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на Првомајскиот пикник што денеска се одржа во Градскиот парк во Скопје.Тој потенцираше дека СДСМ во изминатите седум години успешно се справи со здравствената, енергетската и економската криза и донесе тешки, но важни одлуки за подобра и просперитетна иднина на државата.„Изминатите неколку години носевме тешки, но исправни одлуки. Разговаравме и разговараме со граѓаните, на терен сме, нѐ гледате и мене и нашите кандидати за пратеници. Свесни сме за грешките што ги направивме, но и свесни сме дека сето ова беше една лекција од која извлековме многу поуки. Тешките одлуки значеа многу политички компромиси и хируршки прецизно водење на процесот за зачленување на Македонија во НАТО“, рече Ковачевски.Лидерот на СДСМ ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8-ми мај и да дадат поддршка за кандидатите на СДСМ и Коалицијата за европска иднина и за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски. „Само така, сите заеднички, ќе зачекориме кон европска иднина за Македонија, европска иднина за нашите деца“, порача Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

IMG_3521

СДСМ со навреди кон Максим Димитриевски: ЗНАМ е човек-партија

„Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции“, велат од СДСМ и додаваат:За разлика од субјектите како ЗНАМ, кои се човек-партија СДСМ е државничка партија со длабоки и силни корени.Нас не водат социјалдемократските вредности, борбата за граѓаните и европската иднина на Македонија. Не се откажуваме од тоа, СДСМ е цврста и силна партија. Ќе продолжиме да се бориме за овие вредности.СДСМ е единствената партија наследник на НОБ, на АСНОМ.Не прифаќаме условувања од било кого, СДСМ со никого нема да прави политички дилови. Ова е прашање на иднината на државата и со неа нема тргување.Фокусирани сме на најдобриот резултат на претстојните избори на 8 мај, повикуваме на мобилизација на сите демократски и прогресивни сили да се спречи враќањето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-01-at-10.32.52

Битиќи и кандидатите: Со повисоки плати правично го вреднуваме трудот на работниците

„На овој Ден на трудот, но и во останатите 364 дена во годината ние сме рамо до рамо со вас.Вреднувањето на работникот е главен постулат на социјалдемократските вредности за кои и се боревме овие седум години. Достоинствен живот за секој работник и работничка во нашата Македонија“, вели во видео обраќањето Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, по повод 1-ви мај - Денот на трудот.Во празничното обраќање Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Анета Здравковска, Билјана Муиќ) кажуваат дека обезбедено е трудот не само да се цени, туку и правично да биде награден.„Заеднички ја браневме нашата заедничка социјална кауза. Како Влада дадовме приоритет на растот на платите во сите сектори подеднакво, затоа што тоа е најважно за поттикнување на правичен социо-економски развој. Успеавме просечната плата двојно да ја зголемиме од 2016 година на речиси 40.000 денари“, кажуваат кандидатите, притоа потсетувајќи дека минималната плата од 10.000 денари во 2016 година, во март 2024 година изнесува 22.500 денари, што е зголемување од 125 проценти.„Ние се погриживме животниот стандард да остане не само недопрен, туку и подобрен во услови на инфлација“, велат кандидатите и кандидатките и нагласуваат дека овој раст не е случаен, туку дека тоа е резултат на намерна политика насочена кон подигнување и заштита на животниот стандард на работниците и работничките, политика на системски решенија.„Нашата посветеност на социјалдемократијата обезбеди растот на платите да е изолиран од партиски интереси. Трудот никогаш повеќе нема да биде пион во политичките игри, а ние цврсто стоиме да ги заштитиме правата на сите работници и работнички без оглед на етничка, религиска или партиска определба. Честит нека е денот на трудот“, вели Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-30-at-18.11.43

Мицкоски: Народот се обединува околу промените, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да одговараат криминалците

„На овие избори народот јасно кажа каква е политичката реалност во Македонија, а тоа е дека Владата односно двете партии од Владата треба да заминат во опозиција. Гордана Силјановска Давкова, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ во однос на Стево Пендаровски и Коалицијата која што го подржа Стево Пендаровски во првиот круг имаат 183.000 гласа разлика. Нешто што досега во македонската историја, во демократска Македонија не се случило да кандидат од опозиција да има таков силен резултат, и тоа е јасна порака на народот дека се потребни промени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Конче.Мицкоски додаде дека народот се обединува околу промените.„Од друга страна ги слушате пораките од Мала Речица, од ДУИ, тие велат дека требало да се слуша народот. И да ние го слушаме народот, народот и во тој случај донесе правилна одлука и испрати јасна порака дека Гордана Силјановска Давкова, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за 20% повеќе гласови отколку што имаат двајцата провладини кандидати односно владини кандидати, а тоа се Бујар Османи и Стево Пендаровски заедно. Односно 363.000 наспроти 301-302.000 од прилика колку што имаат тие двајца“ рече Мицкоски.Тој посочи дека пораката од граѓаните е јасна, правецот по кој што треба да се движи Македонија е јасен. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата повикуваат на уште поголема поддршка од граѓаните во вториот круг.„Заедно да ја завршиме историјата која што ја започнавме уште пред неколку години односно пред 30-тина месеци за време на локалните избори кои што се случија во 2021 година“, порача тој.Мицкоски укажа дека на ВМРО-ДПМНЕ најважна е поддршката на народот.„Време е заедно со вас граѓаните да ставиме точка на оваа историја, бидејќи таа точка ќе ја определи траекторијата по која што ќе се движи Македонија – дали Македонија ќе биде горда, достојна, трансформирана, онака како што сите ние сакаме да ја видиме нашата држава, или ќе биде ограбена, обесправена, понижена, омаловажена како што беше досега изминативе 6 ипол години“, додаде тој.Тој посочи дека според резултатот од првиот круг на претседателски избори е јасно по кој пат граѓаните одлучија Македонија дека треба да се движи.„Мојата порака е до нашите сограѓани Турци, знам дека овде Бујар Османи освои 100 гласа и знам дека прилично беа активни некои од функционерите на турската партија овде во општина Конче, и ги бараа гласовите за Бујар Османи. Јас ќе споделам со вас нешто кое што не сум го зборувал досега но мислам дека треба да се знае, а тоа е следново, претседателот на турската партија кој што подоцна заврши во прегратките на Али Ахмети, пред да заврши таму беше кај мене. И кога дојде кај мене ми рече претседателе доаѓам од средба со Али Ахмети и сакам да знаете дека на тој човек му треба медицинска нега, тој е ваков, таков, почна да го навредува и да користи недолични зборови“, рече Мицкоски.Тој додаде дека му се заблагодарил на средбата и веќе никогаш му се нема јавено за да разговараат.„А, следниот ден од медиумите прочитав дека тој отишол во прегратките на овој за кој што велеше дека му е потребна медицинска нега. И таму потоа продолжи да функционира како политичар“, појасни Мицкоски.Мицкоски вети дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ ќе направи се за да криминалците одговараат.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-30-at-18.07.23

Николоски: Во првите 100 дена од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесеме измените на Законот за тутун со кој се забранува увозот на тутун

Зборувавме со земјоделците и она што е најголема грижа, секако е главниот извор на егзистенција на жителите на општина Конче, а тоа е производството на тутун. Зборувавме за маките на тутунарите, за тоа како е потценет нивниот труд, како цените за откуп не се тие кои што би требало да бидат, како се касни со исплатата, како се касни со субвенциите и како се помалце се произведува, рече од митингот во општина Конче, потпретседателот и носител на листата за пратеници во четвртата изборна единица, Александар Николоски.Истакна дека тоа е жалната слика за македонското земјоделие каде што се помалку се произведува, за што се свесни и самите земјоделци и дека производството за тутун скоро за половина е намалено, што е трагично за државата имајќи предвид дека се работи за една стратешка гранка, гранка која што носи егзистенција на десетици илјади жители на Македонија.„Во таа насока, една од првите работи кои што ќе ја направиме е усвојување на измените на Законот за тутун, со кој што ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да се откупи целокупниот домашен тутун, по пристојни цени и да се произведува повеќе од она што се произведува до сега. Ние како пратеници, два пати тој закон го поднесувавме во Собранието, но за жал немавме мнозинство за да го изгласаме, пратениците на СДСМ и на ДУИ овој закон не го гласаа од чисто бизнис интереси, затоа што главен увозник на тутун во моментов во Македонија е братот на министерот за земјоделие, Љупчо Николоски“, рече Николоски.Така што, посочи дека од чисто лични бизнис интереси, досегашното парламентарно мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ не го поддржаа тој закон, но затоа пак ВМРО-ДПМНЕ измените на Законот за тутун ќе ги донесе во првите 100 дена од формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.„Но, ние апсолутно, планираме тој закон да го изгласаме уште во првите 100 дена после формирањето на Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ со цел вашиот труд биде почитуван, да можете да заработувате добра и да можете чесно да живеете тука“, истакна Николоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-30-at-17.59.19

Коалицискиот партнер на Ахмети дојде да ми каже дека на Али му треба медицинска нега, па му отиде во прегратки, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека народот испратил јасна насока дека Гордана Силјановска-Давкова има 20 проценти повеќе гласови од гласовите кои ги имаат Бујар Османи и Стево Пендаровски. Посочи дека се очекува историска победа на парламентарните избори и уште поголема разлика во вториот круг во полза на Силјановска.„Претседателот на турската партија, пред да заврши во прегратките на Али Ахмети, дојде кај мене и ми рече дека доаѓа од средба на Ахмети и рече: „на тој човек му треба медицинска нега, тој е ваков-таков“, почна да го навредува и да користи недолични зборови. Си реков дека ако овој човек кој 6,5 години е во коалиција со Али Ахмети, зборува вака за него, можам да замислам што би зборувал за мене. Му се заблагодарив, го испратив и никогаш не му се јавив. Следниот ден, прочитав дека отишол во прегратките на тој за кого викаше дека му треба медициснка нега“, додаде Мицковски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Правилото победник со победник е прекршено во 2017 година и тоа не важи, оној кој има 61 пратеник во парламентот ја формира идната влада

„Жалам што сеуште раководството на ДУИ живее во некои времиња кој се минато во Македонија. Македонија е држава на сите граѓани во нејзе, ниту е федерација, ниту е би, три, четири национална држава. Македонија според Уставот е држава на сите граѓани, според демократијата оној кој има 61 пратеник ја формира идната влада во Македонија или ја формира владата. Јас не знам како тие пресметале дека се претставници на мнозинското не македонско население во Македонија. Мислам дека сите ние сме граѓани на Македонија, Македонци и ценам дека политиката не треба да се гледа како условно кажано шведска маса, па ДУИ малце ќе земе сега од СДСМ, малку од ВМРО, малку од некоја друга политичка партија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Стопанската комора на Северо - Западна Македонија.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:„ДУИ беше шест и половина години со СДСМ во владата. Тие се поразени во првиот круг претседателски избори. Очекувам да бидат поразени и после парламентарните избори и очекувам ДУИ да биде опозиција за неколку недели од денес“, истакна Мицкоски.Претседателот Мицкоски уште еднашка укажа на тоа дека демократијата се темели на принцип врз основа на тоа кој има мнозинство во парламентот ја прави владата.„Демократијата се темели на принципот кој има мнозинство во парламентот и ја прави владата, не знам за кој мајски договор зборува ДУИ, не знам за кое правило победник со победник. Имаше едно правило во минатото победник со победник кој е резултат од минатото, тој договор и тоа правило за жал самите тие го прекршија уште во 2017 година и повторно би потсетил дека политиката не треба да ја гледаме како шведска маса па малку со едните, другите, третите. Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои мнозинство како што се очекува немаме ниту елементарна доверба да соработуваме со ДУИ, така што тие мора да одат во опозиција“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

86e397d5-3749-431d-8959-04bb139c8ba1

Бојмацалиев: Полициските одделенија Арачиново, Матејче и Шуто Оризари подготвени за изборите на 8 мај

Денеска, (30.04.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, остварија работни средби со раководствата на Полициските одделенија Матејче, Арачиново, и Шуто Оризари, во пресрет на парламентарните и вториот круг од претседателските избори 2024 година, а со цел гарантирање на фер, слободни и демократски избори, како и согледување на постигнатите резултати во првото тримесечје од 2024 година. Притоа, делегацијата од МБР беше информирана за редовно функционирање на локалните штабови во рамки на Оперативниот Штаб на МВР.Во однос на резултатите на овие организациски единици, безбедносната состојба е стабилна и поволна, а за одбележување се расветлените кривични дела кражба на електрична енергија.Во Полициското одделение Матејче имаме вкупно 20 кривични дела, од кои 17 се за кражба на електрична енергија, додека во Полициското одделение Арачиново регистрирани се 21 кривично дело кражба на електрична енергија.Во однос на Полициско Одделение Шуто Оризари, за одбележување се 13 пријавени настани за нарушување на јавен ред и мир, од кои сите се расчистени со поднесени прекршочни пријави. Воедно, имаме 35 кривични дела по службена должност, од кои 6 се расчистени од ЕВР Чаир.Бојмацалиев на средбите уште еднаш ја потврди заложбата за организирање на европски избори и на колегите им ја потенцираше важноста од работење исклучиво по закон, а со цел гарантирање на безбедноста на изборните процеси.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-28-at-10.52.15

Ковачки: Со Платформата 1198 се обврзуваме на 1 милион евра за проекти во Зрновци за нов зелен пазар, изградба на брана на Морошка река и резервоар за водоснабдување во Видовиште

„И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите“, вели Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 и додава:Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште.После промената на власта следува инвестициски бум во општините. Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројо 2 за промени и реформи во Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

1-1

​​​​​Мециновиќ: Ги повикуваме гласачите на СДС да гласаат за Левица, за да се задржи левиот контингент

За пасокизацијата на СДСМ што први ја најавија од Левица, во дебатата на ,,Канал 77", отворено зборуваше носителот на ИЕ 2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ:„Честа е да се натпреваруваме против СДС во секој случај, затоа што СДС редно е да отиде во историја".Со јавен апел до гласачите на СДСМ, Мециновиќ го истакна следново:„Ние дури и отворено се обраќаме до СДС - гласачите дека секој даден глас за СДС, во овој случај, е глас фрлен во бунар! Тоа е очигледно. Ги повикуваме да гласаат за нашата опција, за да се задржи тој лев контингент! Да не потпаѓаат, затоа што ние го носиме знамето на АСНОМ, ние го носиме знамето на партизаните! Да не учествуваат во уште еден проект како НСДП! Да не учествуваат во нешто што се нарекува повторно центар - лево! Центар - лево, всушност, значи: лево ветуваме, центар застануваме. Ние ги ветуваме правите левичарски вредности.Ги повикуваме сите СДС - гласачи да размислат мудро и својот глас да го дадат на левата опција - ЛЕВИЦА, за да се сконцентрираат овие гласови во еден ЛЕВ ПОЛИТИЧКИ ТАБОР".Амар Мециновиќ уште говореше и за фактот дека на неколку месеци пред изборите, СДС ја остави пола држава без плата што е одраз на матрицата со која владее партијата во распад.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-30-at-10.13.52

ДУИ дециден дека никој нема да го симне од власт

Европскиот фронт на ДУИ е дециден дека без нив, нема да има следна Влада. Сметаат дека само тие ги претставуваат Албанците, но и другите помали етникуми како Турците, Ромите и Бошњаците. Посочуваат дека ќе победи народот, а не политички стурктури.Според нив, само тие можат да ја внесат Македонија во Европската Унија. На прес-конференција посочија како досега се залагале.Уверуваат дека нивните пратеници ќе бидат дел од наредната Влада.Засилената реторика на ДУИ доаѓа по најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да коалицира со нив, туку со албанската опозиција - а по изборните резултати каде СДСМ губеше со 180 илјади гласови на првиот круг од претседателските избори.

Македонија | пред 1 година

Slika-1

Мицкоски до Ахмети: Наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

„Победата е на дофат. И таа победа е создадена од сите надежи на луѓето кои не гласаа во првиот круг на изборите, и е последица на сите страдања и понижувања кои ги донесе оваа власт“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ѓорче Петров.Мицкоски додаде дека народот е определен дека сака промени, а убедливата разлика од над 180 илјади гласови е гаранција дека народот сака подобро, сака подобар живот, подобра економија, сака да си ја врати контролата над сопствената држава.„И навистина гледам дека пораките од првиот круг од изборите власта не ги сфаќа. Ним народот им е виновен, наместо да погледнат во сопствениот двор“, рече тој.„Тие од СДСМ не разбираат дека партијата, а потоа и цела власт во државата му ја подарија на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и Талат Џафери. Овие луѓе пак од партијата ДУИ направија трговско друштво за криминал и тендери. Стотини души распоредени на позиции управуваат со цела Македонија, злоупотребувајќи ги страдањата и надежите на целиот народ, нивните судбини, нивните проблеми кои ги создаваат, нивната мака. ДУИ стана мафијашка структура, наместо како тие што сакаат да се претстават европска партија. Иако устите им се полни со Европа, нема ништо посмешно и потрагично во исто време кога Артан или Бујар зборат за европски фронт“, појасни Мицкоски.Мицкоски укажа дека тешко на Македонија ако СДСМ и ДУИ се европската иднина како што лажно се преставуваат. Нема полоша услуга и за ЕУ кога ДУИ на Артан, Бујар и Талат збори за европски вредности. Сигурно од таму се молат овие луѓе да не зборат за принципи и европски вредности.„А од СДСМ не знаат дека Али е човек кој седи на повеќе столици истовремено. Во исто време кога СДСМ ги теши за поразот, ми праќа мене емисари за договор. И кога ова јавно го кажувам, вели дека во политиката влегол како востаник и дека замислете што вели Али Ахмети дека тој направил коалиција таква каква што направил со помалите етнички заедници затоа што ВМРО-ДПМНЕ помалите етнички заедници ги гледал со презир. Од овде од Ѓорче сакам да му порачам неколку работи, прво точно е дека на маката и надежта на нашите сограѓани Албанци и измамата од 2001 почна како востаник кој што се претвори во блискоисточен шеик кој што сега со крадените пари ужива во своите хациенди во Зајас. Тоа е точно. Точно е дека голобради момчиња, дел од неговата фамилија во меѓувреме додека тој кажува дека бил голем востаник, купуваат трговски центри за десетици милиони евра во центарот на Скопје. Исто така е точно, додека тој себеси се опишува во својата лична епопеја и романтична приказна како востаник, членови на неговото семејство возат ролс ројс, мерцедеси, мајбах, ренџ ровер џипови, имаат возен парк од неколку милиони евра. Се е тоа точно, дека тој се обидува повторно да тргува со гласовите на Албанците во Македонија. И додека тој ги убедува Албанците во Македонија дека е востаник, си врват бизнисите, си врват тендерите, милионите, и еврата завршуваат во џебот и на конто во семејството. Вистина е тоа Али Ахмети, дека ти си востаник ама сега во овие 23 години постепено но сигурно се претвори во ништо повеќе од обичен криминалец. И наместо да завршиш како идеолог, во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец кој што ќе го паметат и Албанците, и Македонците, и Турците, и Ромите, и Србите, и Бошњаците, итн.“, нагласи Мицкоски.Мицкоски порача дека црвениот картон на СДСМ и ДУИ мора да се даде масовно на 8-ми мај со огромна излезност на изборите.

Македонија | пред 1 година

309124235_645245063631682_7155430666224498010_n

ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност, најави Мицкоски

Убеден сум дека на 8 мај сите заедно ќе направиме уште еден чекор кон историјата и ќе донесеме толку убедлива победа што во македонскиот Парламент коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат 61 пратеник, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Брвеница.Мицкоски истакна дека народот треба да се слуша и затоа ДУИ оди во опозиција и со тоа завршува една неславна ера на една политичка партија на политичката сцена во Македонија, неславна пред се за Албанците, но и за сите граѓани во Македонија.- Повеќе од 22 години се утепаа од крадење, голтари влегоа во политика, а сега живеат како блискоисточни шеици во своите хациенди. Не може така и за тоа мора да има одговорност, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека семејствата на на блиски до челниците на ДУИ купуваат милионски имоти и и имаат милионски возни паркови, а народот нема леб да купи.- Народот очекува резултати веднаш, свесен сум и тоа ќе го испорачаме, имаме план, програма, знаеме како и ќе испорачаме, веднаш почнуваме со агенда како да ги испорачаме резултатите, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека има политички партии кои на овие избори излегоа со свој кандидат кој се претставуваше како опозициски и бараше антивладини гласови и добија определен број гласови и сега активистите на тие партии се обраќаат кон граѓаните, зошто да гласате за ВМРО-ДПМНЕ, гласајте за нас, ние сме во коалиција со нив.Тоа не е точно, тоа е манипулација и тоа е лага. Едно е само вистинито, идната влада ќе ја предводи коалицијата Твоја Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, а иден претседател Гордана Силјановска Давкова. Тоа го прават затоа што се свесни дека немаат теортска шанса да се доближат до посериозен резултат и се обидуваат да добијат повеќе гласови за при формирање на идна влада да бараат лични работи. Затоа повикувам на обединување, околу бројот 2, изјави Мицкоски.Мицкоски се обрати и до граѓаните кои останаа дома мислејќи дека така ги казнуваат политичарите мислејќи дека сите се исти.Не сме сите исти, тоа го покажавме и докажавме, се разликуваме. Погледнете ги градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, од ништо прават нешто. Имајќи предвид дека оваа влада на СДС и ДУИ сопре многу проекти, градоначалниците најдоа начин тоа што е ветено да е испорачано. Додека тие влегоа во политиката да го ограбуваат народот и државата, ние влегуваме да оставиме историска трага и генерациите ќе бидат горди, изјави Мицкоски.ДУИ ќе одат во опозиција и ќе има одговорност

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-04-29-at-19.03.49

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

Во овие пет години се трудев да бидам коректив на извршната власт и секој претседател на државата треба така да постапува, порача денеска од Желино, кандидатот за претседател Стево Пендаровски.„Пред вас има два концепта кои никако не се приближуваат. Јас и мојата опција сме за ваква Македонија каква што ја имаме со разбирање со меѓусебна почит, без меѓуетнички конфликти, другата опција е ризик за поделби и тензии, опција со која сигурно нема да просперираме“ порача Пендаровски.Пендаровски изрази уверување дека најголем дел од гласовите кои завршија кај кандидатите кои испаднаа во првиот круг, во вториот круг ќе завршат кај него затоа што граѓаните препознаваат кој работи во нивен интерес.Пред граѓаните Пендаровски побара поддршка во вориот круг, за да продолжи државата по вистинскиот пат, по патот на заедништвото, слогата и прогресот кон Европската Унија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања