Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ25

media-libraryskj3vhcuu55m0Oc7AUk

(Во живо) „Претрес“ со Ландов - Изборно студио

Вечерва граѓаните се собираат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, откако лидерот на партијата Христијан Мицкоски прогласи победа на градоначалниците од нивните редови во повеќе од 30 општини и тоа уште во првиот круг.Атмосферата ја пренесуваме во живо.Владее еуфорија, поставена е и бина, а доѓаат граѓаните од повеќе скопски општини.Ќе присуствуваат и градоначалниците кои веќе победија

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryju6u5pnj5o2m7JynWVi

„ВМРО-ДПМНЕ има градночалници во повеќе од 30 општини уште во првиот круг, во Струмица победивме по цели 20 години“, рече Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи победа на партијата во повеќе од 30 општини уште во првиот круг. Истовремено, тој најави и победа на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, бидејќи, како што рече има убедливо водство.„Ветивме победа, имаме победа! Македонија избра луѓе кои веруваат во работа, а не во зборови. Оваа убедлива победа не е крајот, туку ова е почеток на новата македонска енергија. Во овие недели покжавме дека политиката може да има поинакво лице, без навереди, без омраза, со достоинство. Граѓаните го препознаа тоа, и вечерва со убедливо мнозинство ја потврдија својата доверба не поради нас, туку поради себе. Поради своите семејства, поради својата иднина, поради Македонија. Секој човек кој излезе и гласаше за продолжување на промените, гласаше дека може подобро, тоа е нашата обврска и довербата не е награда, туку задача која почнува утре наутро. Затоа оваа победа не е само наша, туку во сите кои веруваат дека општините мора да одат напред. Да бидам искрен, патот не е лесен, но Македонија има сила и волја. Пред нас се уште две недели на одлука, на која треба да ја заокружиме промената. Тезата дека имало нерегуларности е плитка, а сето тоа е алиби да се оправда слабиот резултат на опозицијата.Имаме победа во над 30 општини уште во првиот круг. Имаме победи и во општини каде што СДСМ имаше свои градоначалници, како што е Струмица. Дваесет години чекавме на овој ден. Имаме победа во Делчево, Берово, убедлива победа имаме во Битола, во Прилеп, во Штип, Кавадарци, Гевгелија, Свети Николе, Охрид, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Велес, Радовиш и така натаму.Орце има огромно водство во Скопје, и таму извесен победник е Орце во вториот круг“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library5stgsih1rtbedllZtkN

Ана Чупевска од СДСМ ги смета локалните избори за успех: Во „Претрес“ вели дека СДСМ оди во нагорен тренд

По досегашните пребројани гласови, кои според податоците на ДИК, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во 55 општини, Ана Чупевска од СДСМ вечерва во „Претрес“ вели дека СДСМ има нагорен тренд и ги смета локалните избори за успех.Очекува влегување на партијата во втор круг во Скопје, иако во моментов нивната кандидатка Каја Шукова е на третата позиција, зад кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и зад кандидатот на Левица, Мециновиќ.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryvuau7koqba196dWKZPh

(Видео) Огномет во Чаир, Меџити слави победа во Чаир, убедливо води пред Бујар Османи на ДУИ

Кандидатот за градоначалник за Чаир од ВЛЕН, Изет Меџити, вечерва слави победа. Според неофицијалните резултати, Меџити убедливо води пред кандидатот од ДУИ, Бујар Османи, и најавува победа уште во првиот изборен круг.-На ДУИ и Ахмети, кои се залагаа за легитимитет, им честитам за победата во Пласница, додека во другите општини убедливо води Вреди. Во Чаир сме тука да ја прославиме победата на Вреди уште во првиот круг. Тие посакуваа да се мериме во Чаир и Тетово, и таму убедлива победа ќе издвојува Вреди. Очекувам уште во првиот круг ќе имаме 4-5 општини и ќе водиме во повеќето албански општини на нивото на државата. Сакам да напоменам дека нема цензус во Врапчиште, додека во Гостивар е на граница да нема цензус. Денес, со срце полно со гордост и благодарност, сакам гласно и јасно да кажам — вечерва Албанците победија, а една политичка класа се пензионира. Честитки за победата, честитки за пензионирањето на политичките противници. Вечерва му се обраќам на мојот политички противник, Али Ахмети, со целосно почитување и јасност — ова е моментот кога мора да поднесете оставка. Гласот на Албанците ве испрати во политичка пензија – порача Меџити.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryirtpknbeeulodgic0aK

Јанчев во Кавадарци прогласи победа

Митко Јанчев победи со 7:1 во однос на кандидатот на СДСМ, соопшти неговиот изборен штаб. Велат дека со убедливо водство од утре го продолжува неговиот успешен градоначалнички мандат.-Изборниот штаб на Митко Јанчев прогласи победа во Кавадарци со резултат три наспроти еден. Вечерва победата ќе ја прослават на градскиот плоштад.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarytjjocjhjp5nm1GLIGoi

Мисајловски: Орце Ѓорѓиевски води со шест пати повеќе гласови за Скопје, Каја Шукова е трета

Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека очекува владејачката партија да издвојува голема победа во првиот круг локални избори.Тој потенцираше дека на праг на победа е и Орце Ѓорѓиевски во Скопје.„ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е 3:1, има општини каде разликата е 6:1, 7:1, 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија.-Се одбраа градоначалници во Кисела Вода, Охрид, Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, Гази Баба, Пехчево, Делчево, Прилеп, Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, Велес, Бутел, Аеродром, Јегуновце, Вевчани и на многу други места. Гласовите се пребројуваат, а резултатите укажуваат на водство. На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо во Скопје, 5:1, во некои општини и 6:1. Имаме водство и во Центар“, вели Мисајловски.

Скопје | пред 5 месеци

jakimovski-stevco

Стевчо Јакимовски оди во втор круг за Карпош

Стевчо Јакимовски, лидерот на партијата Граѓанска опција за Македонија-ГРОМ, вечерва објави дека продолжува во вториот круг на локалните избори.Рече дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, води за 266 гласа, од 40 отсто од преброените гласови.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarymvq1f8go3u4r5mbPVGQ

СДСМ: Водиме во седум општини, но имаше бројни изборни нерегуларности

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција оцени дека изборниот ден поминал генерално мирно, но биле констатирани сериозни прекршувања на изборниот процес во повеќе општини низ државата.„Имаме злоупотреба на избирачкиот список, обиди за изборен поткуп, директни закани и уцени, како и кршење на изборниот молк преку агитација и нерегуларности при самото гласање“, рече Димитријевиќ.Тој наведе конкретни случаи — во Лозово бил спречен обид за поткуп документиран од МВР, а слични обиди се регистрирани и во други места. Во Куманово и Ѓорче Петров имало случаи каде еден гласач добил повеќе ливчиња, а во Ѓорче пет ливчиња му биле дадени од претседателка на избирачко место на нејзиниот сопруг. Во Студеничани членови на избирачки одбори истовремено биле и кандидати на советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ.СДСМ пријавил и притисоци и закани кон активисти во Прилеп и Крива Паланка, како и користење на општински објекти за партиски цели во Неготино. Во Богданци, според Димитријевиќ, раководител на ОВР Гевгелија со службено возило на ЈП „Национални шуми“ агитирал за ДПМНЕ.Покрај тоа, биле забележани случаи на починати лица во избирачкиот список, злоупотреби на полициски службеници во изборни активности, како и поставување роднини на кандидати во општински изборни комисии. Агитација во време на изборен молк, според него, била забележана и во Охрид, Крива Паланка и Прилеп, а во Градско кандидат на ВМРО-ДПМНЕ упатувал закани кон членови на одбори.Димитријевиќ додаде дека имало и случаи на попречување на работа на новинарски екипи во Карпош, Охрид и Тетово и побара итна реакција од ДИК, Јавното обвинителство и МВР за да се обезбеди одговорност и фер изборен процес.„Правниот тим на СДСМ подготвува пријави до надлежните институции“, рече тој.Според досегашните резултати, СДСМ води и очекува победа во седум општини: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново-Облешево, Кривогаштани и Богданци. Тесна трка се води во Неготино, Валандово, Македонска Каменица и Ранковце, а во Дојран и Лозово се очекува втор круг.„Во секоја општинска организација имаме подобар резултат од лани и подобри резултати од минатите парламентарни избори“, истакна генералниот секретар на СДСМ.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryuomhfgi3qo2j4E99SVb

Кирил Пецаков прогласи победа во Охрид уште во првиот круг

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков, веќе прогласи победа во првиот круг.Историска победа!!!Ви благодарам Охриде!!Од утре уште појако одиме!, напиша Пецаков на ФБ

Охрид | пред 5 месеци

media-library20sa5e8o5mlhfXNMsTD

Во четири општини веќе се избрани градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ: Стефан Андоновски во „Претрес“ со Ландов

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, кој гостува во „Претрес“ на Ландов, соопшти дека во четири општини веќе се избрани градоначалници, а тоа се Радовиш, Ресен, Свети Николе и Сопиште.Освен тоа, тој рече дека во три општини, каде што досега градоначалници беа од редовите на СДСМ, сега владејачката партија е на чекот до победа и тоа во Струмица, Берово и во Делчево.Во Аеродром разликата е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ, а во Охрид Кирил Пецаков има 11.000 гласа наспроти 4.000 колку што има неговиот протибкандидат. Во Прилеп, во огромна предност е Дејан Проданоски, исто така кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

ojo-gokk

ОЈО: Бројот на сторени кривични дела е мал во целата држава поврзано со изборите

Јавните обвинителства во текот на целиот ден интензивно го следеа изборниот процес и сите известувања со евентуални индиции за сторено кривично дело поврзано со изборите.Генерално, бројот на такви информации кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела е мал во целата држава, а обвинителствата веќе преземаат дејствија за нивно целосно испитување.На подрачјето на Вишото јавно обвинителство Скопје се евидентирани следните настани:– ОЈО Велес презема дејствија за испитување на наводи за поткуп при избори и гласање, против две лица во селото Согле, Општина Чашка– ОЈО Крива Паланка исто така испитува наводи за поткуп на гласачи.– ОЈО Куманово постапува за проверка на два издвоени случаи за телефонски влијанија врз гласачи во Куманово и Кратово.– ОЈО Скопје е известено од МВР за две задржани лица на гласачко место во Општина Чаир кои одбивале да се легитимираат, како и за 2 фотографирања на гласачко ливче во Гази Баба што во суштина е прекршок.На подрачјето на ВЈО Битола, по наводи за поткуп при избори постапува ОЈО Прилеп за настан во Крушево и ОЈО Охрид за настан во Охрид, каде три лица во возило, по оперативни сознанија на МВР биле запрени и во возилото биле пронајдени банкноти од по 2.000 денари и наводни списоци на гласачи. По наредба на јавен обвинител се испитуваат сите околности на случаите.На подрачјето на ВЈО Штип, не се примени писмени известувања за кривични дела поврзани со изборите. По усно известување за наводен поткуп на гласачи постапува ОЈО Свети Николе, додека ОЈО Штип и ОЈО Кочани постапувале по индиции за поткуп и притисок врз гласачи но наводите се веќе проверени и не се потврдиле.На подрачјето на ВЈО Гостивар, ОЈО Тетово и ОЈО Кичево, по објавени информации на медиуми оформија предмети по допрен глас и испитуваат евентуални прекршувања на изборниот молк во Кичево и во Желино. Исто така, ОЈО Кичево постапува и по информација за нерегуларности при гласањето на едно болно и изнемоштено лице во Македонски Брод. Во ОЈО Тетово е заведен предмет и против непознат сторител на кривично дело повреда на тајноста на гласањето, бидејќи фотографија на гласачко ливче се појавила на социјални мрежи.Станува збор за изолирани настани, а обвинителствата даваат приоритет на нивно итно расчистување.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

Излезноста до 18.30 e 46,65 отсто - ДИК соопшти нови информации

Државната изборна комисија ја соопшти излезноста до 18:30 часот на првиот круг на локалните избори низ Македонија.„Последниот одзив е до 18:30 часот, одзивот на ниво на државата изнесува 46,65%, односно излегле да гласаат 803.091 граѓанин, од 94,62% од обработените избирачки места“, рече Борис Кондарко.„Во споредба на локалните избори во 2021 година, вкупниот одѕив изнесувал 49,98%“, додаде Кондарко.Претседателот на ДИК потенцираше дека наскоро ќе соопштат и првични резултати од некои од општините

Скопје | пред 5 месеци

media-librarynnob8k75nld4bRRC1nb

„Ќе победиме во најголем дел од општините“! Тимчо Муцунски не го крие оптимизмот

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕм Тимчо Муцунски изјави дека очекуваат голема победа на овие локални избори.„На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел во општините. Денеска Македонија имаше мирни и успешни избори, кои ги исполнуваат сите критериуми за успешен демократски процес. Најмирни избори, и заслугата е на граѓаните. Им благодариме на граѓаните. Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на вољата на граѓаните, и порака на сите оние кои ја влечат Македонија кон дното, без концепт и без визија. Македонија одлучи на тоа да стави крај.

Македонија | пред 5 месеци

media-library7ihqpe68p88c8oNk6vd

„Гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје“, рече кандидатката на СДСМ, Каја Шукова

Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ, Каја Шукова во изјавата откако го оствари нејзиното гласачко право рече дека секој глас е важен во изборниот процес.– Сметам дека секој глас на секој граѓанин е важен во изборниот процес без разлика дали се локални или парламентарни избори бидејќи го прават изборот за она што го очекуваме понатаму. Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје, изјави Шукова.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarymfpnh646uift8KYiip7

Кандидатот за Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски: „Скопје заслужува визија, развој и сигурна иднина“

Кандидатот за градоначалник на Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, порача дека денешните локални избори се  празник на демократијата и апелираше за масовна излезност.„Денес е празник на демократијата, ден кога гласот на секој граѓанин има сила да ја обликува иднината, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ве повикувам да излезете масовно, да го остварите своето право на глас и да го направите изборот што го заслужувате вие, вашите деца и генерациите што доаѓаат, истакна Ѓорѓиевски откако го оствари своето право на глас.„Скопје заслужува визија, развој и сигурна иднина.Скопје го заслужува најдоброто!“, нагласи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryc2tvk05an7858wiSIjv

„Досадна“ изборна слика: Што очекува претседателката Гордана Силјановска Давкова

Според претседателката Гордана Силјановска Дафкова се повторува 30-годишното искуство во однос на изборниот ден, односно денеска имаме фер и демократски избори кои изминаа во мирна атмосфера.-Да, малку покомплицирано, има многу повеќе кандидати од изминатите изборни циклуси, но тоа им да дава и поголем демократски легимтимет на изборите, граѓаните имаат поголем избор. Јас ја извршив мојата граѓанска должност, а со оглед на фактот дека некаде може да има втор круг, очекувам да биде исто така досадна изборна слика, рече Силјановска Давкова.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryr63sdphk5pb5eRMdblT

(Во живо) Резултати, сите прес-конференции, вклучувања во штабови, МВР, ДИК и гости во студио

Во живо следете го завршувањето на првиот круг од локалните избори. Со затворањето на изборните кутии, започнуваме со вклучувања во живо во Државната изборна комисија, потоа во МВР, во штабовите на партиите.Во нашето студио ќе бидат Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ, Дарја Мустафаоглу од Левица и Ана Чупевска од СДСМ.Дискутираме заедно преку коментарите кои можете да ги пишувате на „Јутуб“:

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryan6jlt130379aKcgNq4

Уапсен член на избирачко место во Чаир

Член на избирачки одбор бил уапсен денеска на гласачкото место број 2938 во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, објави Алсат.Според информациите од терен, приведувањето се случило за време на паузата. Претседателот на избирачкиот одбор на ова гласачко место изјавил дека засега нема официјални информации за причините за апсењето, но потврдил дека изборниот процес продолжил без прекин и гласањето се одвива нормално. Се очекува надлежните институции да објават повеќе детали во текот на денот.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Регистрирани нарушувања на изборниот молк

За време на предизборниот молк, вчереа и денеска до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – три, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани.Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови, соопшти МВР.

Македонија | пред 5 месеци

media-library436c7o3v9i7aaaOSQui

Најмала излезност има во Центар Жупа, не гласале ниту 20 отсто од избирачите

На прес конференцијата на ДИК за излезноста на локалните избори беше соопштено дека најмала излезеност има во Центар Жупа со 19,15 проценти. Потоа следуваат општините Врапчиште со 20,94 отсто, Маврово-Ростуше со 25,89 проценти, Гостивар 28,02 проценти, Шуто Оризари со 30,38 проценти.Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, информира дека споредено со локалните избори во 2021 година, излезеноста до 17 часот изнесувала 41,38 проценти.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarye58c4klmj3apa5ueFvS

Вевчаници предводат, таму гласале речиси 62 отсто од избирачите: Најнови податоци на ДИК за излезноста до 17 часот

ДИК информира за излесноста до 17 часот од досега добиените податоци. Како што соопштија, од 3221 избирачки места каде право на глас имаат 1 699 296 гласачи, правото на глас го искористиле 39,61 проценти.Најголема излезност има во:Вевчани 61,84 %Дебарца 53,41 %Демир Капија 57,65 %Дојран 60,91 %Зелениково 52,77 %Карбинци 50,25 %Конче 55,13 %Крива Паланка 56,01 %Излезноста во скопските општини до 17 часот:Аеродром е 39,32 %Бутел 42,29 %Гази Баба 35,55 %Ѓорче Петров 37,73 %Карпош 42,86 %Кисела Вода 39,37 %Сарај 47,94 %Центар 42,35 %Чаир 45,09 %Шуро Oризари 30,38 %Претставниците на ДИК истакнаа дека процесот на гласање се одвива мирно и без значителни нарушувања на повеќето избирачки места.Комисијата продолжува со следење на изборниот процес и очекува конечни податоци за излезноста и резултатите по затворањето на избирачките места.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

ДИК соопшти нови податоци за излезноста на гласачите, од скопските општини најмногу гласале во Сарај

Државната изборна комисија информира дека до 15 часот излезеноста на локалните избори била 31 отсто, најмногу гласачи излегле во Сарај.Излезноста на локалните избори до 15 часот во Скопје е 31,16 проценти, информира Државната изборна комисија.По општини во Скопје:Аеродром – 31,50 проценти излезностБутел – 33,10 проценти излезностГази Баба – 27,82 проценти излезностЃорче Петров – 30,11 проценти излезностКарпош – 33,37 проценти излезностКисела Вода – 31,58 проценти излезностСарај – 36,33 проценти излезностЦентар – 34,40 проценти излезностЧаир – 35,3 проценти излезностШуто Оризари – 21,99 проценти излезностМакедонија:Берово 40,14 проценти излезностБогданци 39,57 проценти излезностВаландово 35,88 проценти излезностГевгелија 35,78 проценти излезностГрадско 37,12 проценти излезностДебарца 43,43 проценти излезностДемир Капија 46,65  проценти излезностДојран 48,88 проценти излезностЗелениково 41,34 проценти излезностКратово 42,35 проценти излезностКрушево 47,47 проценти излезностЛозово 47,32 проценти излезностМакедонски Брод 48,21 проценти излезностНоваци 52,84 проценти излезностПробиштип 45,12 проценти излезностРосоман 46,4 проценти излезностСтаро Нагоричане 43,48 проценти излезностЧашка 53,19 проценти излезностНајмала излезност има во општините:Центар Жупа 17,12 проценти излезностРадовиш 24,24 проценти излезностМаврово Ростуше 20,14 проценти излезностГостивар 20,95 проценти излезностВрапчиште 14,94 проценти излезностДосега, како што велат од ДИК, нема никакви приговори за неправилности на избирачките места.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryan6jlt130379aKcgNq4

Граѓаните може да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија: Ќе функционира до 19.00 часот

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.Покрај телефонски, граѓаните ќе може да пријават повреда на нивното избирачко право и лично во сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.Исто така, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Струмица: 034 329- 996, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310, Штип: 032 389-701 и Куманово: 031 431-488.Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.И во оваа пригода, народниот правобранител потенцира, дека, избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела.Народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање.

Македонија | пред 5 месеци

media-library436c7o3v9i7aaaOSQui

ДИК со нови податоци за излезноста на локалните избори

Државната изборна комисија излезе со нов пресек до 13 часот за излезноста на локалните избори на ниво на државата.На овие избори учествуваа вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети. Граѓаните со право на глас, вкупно 1.832.415, можеа да го остварат своето право на 3.474 избирачки места. Најголем број кандидати за градоначалничката функција, вкупно 16, беа пријавени во главниот град Скопје.

Македонија | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-39-2680PM

Обвинителството: Изборниот ден поминува мирно, без поголеми неправилности

Досегашниот тек на локалните избори 2025 година минува мирно и без сериозни нарушувања на изборниот процес, информира Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.Според податоците добиени од обвинителствата низ земјата, до овој момент не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.Јавен обвинител од ОЈО Струмица бил усно известен за случај на погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село, но по извршен разговор и замена на материјалот од страна на Државната изборна комисија, не се утврдени елементи на кривично дело.Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп биле евидентирани во обвинителствата во Велес, Прилеп, Крива Паланка и Свети Николе. За сите случаи, јавните обвинители преземаат дејствија за проверка на пријавите.Евидентирани се и неколку случаи на прекршување на изборниот молк, но станува збор за мал број настани кои засега немаат карактер на кривично дело.Привремената комисија на Јавното обвинителство и денеска го следи изборниот процес, а електронската адреса izbori@jorm.mk останува отворена за пријави на евентуални неправилности.Од обвинителството потврдуваат дека се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, кои тесно соработуваат со останатите институции надлежни за спроведување и надзор на изборите.„Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет во постапувањето“, соопштија од Јавното обвинителство.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања