Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ25

media-librarydgr5l8hnqo7o7HHLCFl

СДСМ: Во вториот круг се бориме за 17 општини – граѓаните масовно да излезат на гласање

СДСМ ја продолжува својата кампања пред вториот круг од локалните избори, каде што, како што соопштија, партијата се бори за победа во 17 општини низ земјата.„СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата на граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат и во вториот круг“, велат од партијата.Социјалдемократите испратија повик и до граѓаните кои во првиот круг гласале за други кандидати што не влегле во вториот круг – да ја дадат поддршката за нивните претставници.„Нашите кандидати се луѓе кои работат во интерес на сите граѓани, кои им служат на јавниот интерес, а не на партиски или лични привилегии. Имаат реални програми и планови за реализација на ветеното – за разлика од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кои докажано не реализираат ништо од ветеното“, порачуваат од СДСМ.Пораката на партијата пред гласањето на 2 ноември е јасна – масовна излезност и поддршка за кандидатите на СДСМ како гаранција за чесна и одговорна локална власт.

Македонија | пред 5 месеци

IZBORI-GLASANJE2

Од 2017 до 2025: Драстичен пораст на неважечките гласачки ливчиња

Во последните осум години, бројот на неважечки гласачки ливчиња на локалните избори во Македонија бележи видлив пораст, при што последниот изборен циклус го потврди трендот на растечка изборна недисциплина или протестно гласање.Во 2017 година, во првиот круг од локалните избори за градоначалници биле регистрирани 45.551 неважечки ливчиња. Четири години подоцна, на изборите во 2021 година, бројот на неважечки ливчиња за градоначалници се намалил на 19.127, но кај советничките листи бил забележан повисок број — 37.959 неважечки ливчиња.На локалните избори одржани во неделата, бројките повторно пораснаа, достигнувајќи највисоко ниво досега. Според првичните податоци, кај изборите за градоначалници се евидентирани 53.724 неважечки ливчиња, додека кај советничките листи нивниот број се искачи на 50.143.Овие податоци покажуваат дека, и покрај дигитализацијата на изборниот процес и построгите контроли при гласањето, значителен дел од гласачите и понатаму погрешно го пополнуваат ливчето или намерно го прават неважечко, што ја отвора дебатата за потребата од подобра едукација на избирачите и анализа на можните причини за ваквото однесување.

Македонија | пред 5 месеци

komemorativna-sednica-gostivar

Во Гостивар за 21 глас нема цензус, повторени избори за 60 дена

Општина Гостивар не доби градиначалник ви прв круг, но и шанса да се оди во втор круг.Во првиот круг, доколу имаше цензус, победата му избега на Ваљбон Лимани Лимани НАИ (ДУИ). Втор е Себаедин Амети од ВЛЕН.Советничката листа на Лимани имаше и предност за мнозинство во Советот, но и таа е неважечка.Според Законот, Владата ќе назначи повереник и ќе распише нови избори во рок од 60 дена.Иста е и состојбата уште во три општини.Поради недоволен цензус, првиот круг локални избори ќе се повтори, освен во Гостивар и во Маврово-Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-11-27-at-14.20.57

ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, двојно повеќе од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на локалните избори освоила 550 советнички места, што е за 82 повеќе од минатите избори, додека СДСМ добила 230 советници, односно 166 помалку во однос на 2021 година.Од партијата нагласуваат дека историската победа во 33 општини во прв круг е доказ за „чесната работа, посветеноста и реализираните проекти“ на локалните власти и на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.„Со 50 проценти подобар резултат од 2021 година, кога освоивме 22 градоначалници во прв круг, сега имаме 33. Победивме и во бастионот на СДСМ – Струмица, каде што граѓаните им кажаа збогум на неуспешните политики на Заев и Филипче“, се наведува во соопштението.Покрај Струмица, ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички мандати во повеќе општини кои досега биле под власт на СДСМ, меѓу кои Делчево, Берово и Старо Нагоричане.Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ добила околу 325.000 гласови за градоначалници и 302.000 за советнички листи, што претставува пораст во споредба со изборите од 2021 година.Партијата победи во следниве 33 општини:Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица и Штип.Во уште 20 општини, меѓу кои Аеродром, Карпош, Кичево, Кочани и Валандово, како и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ влегува во втор круг со водство.„Со 550 советнички места наспроти 230 на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник. Граѓаните направија вистински избор – за секое маало, за секоја општина и за Македонија која се движи напред“, наведуваат од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека оваа историска доверба од граѓаните е „и чест, и обврска“ – да продолжат со чесна и принципиелна работа во интерес на народот и државата.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

Во 33 општини следува втор круг, во четири ќе се повтори гласањето

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните официјални резултати од локалните избори одржани на 19 октомври. Според податоците, во 43 општини изборот на градоначалник е завршен во првиот круг, додека во 33 општини ќе се гласа повторно на 2 ноември. Во уште четири општини гласањето ќе се повтори поради недоволен цензус.Излезноста на изборите изнесува 46,63 проценти, односно своето право на глас го оствариле 854.620 граѓани.Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека согласно оригиналните записници од сите општински изборни комисии, втор круг ќе има во 33 општини.„Во вториот изборен круг за победник се смета кандидатот кој ќе освои повеќе гласови – без изборен цензус“, изјави Кондарко.Најголемо внимание привлекува изборот во Град Скопје, каде во вториот круг ќе се натпреваруваат Амар Мециновиќ од Левица и Орце Ѓорѓиевски од коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ.Во четири општини – Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа – гласањето ќе се повтори во рок од 60 дена поради недостигање на потребниот цензус од една третина од избирачите.ДИК ги објави и освоените советнички мандати по општини, со што официјално се заокружени првичните резултати од локалните избори за градоначалници и советници, како и за градоначалник и Совет на Град Скопје.Рокот за поднесување приговори за сумираните резултати започна синоќа во 22 часот и ќе трае 48 часа, односно до 22 октомври во 22 часот, додека рокот за приговори за текот на гласањето истекува денеска во 19 часот.Кондарко нагласи дека приговорите се поднесуваат исклучиво лично во ДИК, а не преку пошта или електронски пат.ДИК вечерва ги отфрли како неосновани приговорите поднесени од Група избирачи Билјана Ивановска (за градоначалник на Центар) и од Група избирачи Јане Димески (за советничка листа во истата општина).Со ова, како што истакна претседателот на Комисијата, се заокружува 147. седница на ДИК, бидејќи нема нови приговори за заштита на избирачкото право.

Македонија | пред 5 месеци

media-library1pb0nsh66cmmeQh3fBH

Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој во вториот круг влегува како претставник на владејачката коалиција, објави дека добил поддршка од новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу. Од нив добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје, поддршка која дава дополнителна енергија и мотив да продолжиме напред,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој додаде дека благодарност должи на сите кои ја препознале неговата визија и ја дале својата доверба во првиот изборен круг.„Заедно ќе го направиме нашиот град повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него. Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-24-at-11.04.27

Амар Мециновиќ по првиот круг: „Скопје се разбуди – сега сопствените соништа ќе ги види на јаве“

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, се огласи по резултатите од првиот круг на локалните избори, во кој обезбеди место во вториот круг заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.„Скопјани мои најмили, ви благодарам од сѐ срце – на сите кои го дадоа својот глас, сите волонтери и активисти, сите кои агитираа, споделуваа и веруваа дека Скопје заслужува повеќе,“ напиша Мециновиќ.Тој истакна дека за време на кампањата создале вистинско движење, кое покажало дека искреноста и креативноста и понатаму допираат до луѓето.„Почнавме со замисла дека политиката може повторно да делува човечки. Сега кога дојдовме до вториот круг, изборот е јасен – стариот систем кој го истроши градот или новиот кој заедно го градиме, каде колективниот интерес е пред партискиот.“Мециновиќ нагласи дека оваа борба никогаш не била за него лично, туку за сите скопјани „кои одбраа да се надеваат наместо да се предадат“.“Надежта ќе ја претвориме во реалност во овој круг – со храброст, достоинство и неизмерна љубов кон сопствениот град. Скопје се разбуди. Сега сопствените соништа ќе ги види на јаве,“ заврши кандидатот на Левица.

Скопје | пред 5 месеци

media-library0m93ufldt2e80yYEqce

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 18 советници во Град Скопје, СДСМ само пет

Најмногу советници во Советот на град Скопје ќе има од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Според првичните резултати од обработени 99,93 отсто од гласовите, владејачката партија влегува со 18 советници, потоа ВРЕДИ, НАИ и Левица кои ќе имаат по шест советници, додека СДСМ ќе има само пет. Еден советник ќе има од партијата на Максим Димкитриевски, ЗНАМ.Како независни во совет на Град Скопје влегуваат и Ристо Пенов од Искуство за успех и Јана Белчева Андрееска и Марјан Калевски, како независни.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryodhuqv3pnksa85Wyh7A

„По 20 години, во општината која беше пример за прогрес, СДСМ ќе биде опозиција“, Костадинов ја честиташе победата во Струмица

Костадин Костадинов, досегашниот градоначалник на Струмица во објава на ФБ вели дека по 20 години, СДСМ во таа општина ќе биде опозиција. Тој исто така ја честиташе победата.Уште еднаш сакам да честитам на резултатот и за градоначалничкиот мандат, и за мнозинството во Советот на Општината. Тоа е гласот на струмичанки и струмичани, избор што произлегува од политичката понуда создадена од одлуките на раководството на СДСМ.Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тешка брука и срам политички, но и морален. Состојбата во која е запален црвен аларм не е доволен сигнал за раководството на, до вчера, најголемата опозициска партија. Ова е сигнал за политичко заминување на поголем број членови од раководството.Тука станува збор за политичка одговорност и политички срам. Недозволиво е самоволието да продолжи да владее и со тоа секој еден член на СДСМ да биде понижен.Немојте да зборувате дека сте среќни со резултатот. Поголем пораз од ова нема.Час поскоро, секој кој носел одлуки треба да се погледне во огледало и да признае дека не го бива. И да си оди. Тоа е доблест, чекор со кој ќе се овозможи вистинските луѓе да се интегрираат во партијата и искрено да почнат со работа. Веднаш, уште денес.Mора да се седне на маса.За консолидација, но суштинска, а не декларативна на прес конференции. Вистинска, лице в лице.Повикувам, со ладни глави, кон реформа, реконструкција, ремонт и ребрендирање, кои можат да ја излечат СДСМ.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryc2usfast950u9sU3TCc

Прво обраќање на Каја Шукова откако не влезе во втор кург за Скопје

Кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје, Каја Шукова, се огласи по завршувањето на првиот круг од локалните избори, на кои не успеа да влезе во вториот круг.„Им благодарам на сите граѓани кои излегоа и го искористија своето демократско право на глас. Учеството на граѓаните во изборниот процес е темел на здраво општество што се стреми кон напредок и одговорност“, напиша Шукова.Таа додаде дека, иако резултатот не бил оној што го очекувале, е горда на кампањата што ја водела — „чесно, транспарентно и со јасна визија за развој и подобар живот за сите жители на Скопје“.„Му благодарам на мојот тим и на сите поддржувачи за посветеноста и професионализмот. Покажавме дека може да се гради политичка култура заснована на почит, дијалог и идеи,“ порача кандидатката на СДСМ.Шукова нагласи дека, без разлика на изборниот резултат, ќе продолжи да работи за јавниот интерес и вредностите во кои верува, „со иста одговорност и посветеност“.На крајот, им упати порака на кандидатите кои продолжуваат во вториот круг:„Им посакувам фер, достоинствен и демократски натпревар.“

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryb313ksprs4pq1pbSr47

Независниот кандидат Умејр Мухамеди по изборите: „Ги нудиш решенијата, а луѓето повторно бираат истите“

По завршувањето на локалните избори, независниот кандидат за советник во Град Скопје, Умејр Мухамеди, се огласи со реакција на социјалните мрежи, изразувајќи разочараност од изборот на граѓаните.„Ги објавуваш сите недостатоци во Град Скопје, нудиш конкретни и изводливи решенија, укажуваш на спорни зделки и сериозни злоупотреби, предлагаш мерки за одговорност – и пак, наместо поддршка за нов лик кој ја разбира состојбата на градот подобро од било кој друг, одлучуваат повторно да гласаат за старите“, напиша Мухамеди.Тој се осврна и на имињата кои, според него, не нудат вистинска промена:„Наместо тоа, му даваат шанса повторно на Ристо Пенов, на полковникот од ЗНАМ и на неколку други анонимуси.“Сепак, Мухамеди им се заблагодари на сите кои му го дале својот глас.„Благодарам на сите кои го дадоа гласот за Независни Заедно – 5.241 на број. Благодарност и до сите останати, и Господ нека ви е на помош“, порача тој.

Скопје | пред 5 месеци

media-library36lrv6gi6moo27Cr4KF

ВМРО-ДПМНЕ: Историска победа – по 20 години освоена Струмица и 33 општини во прв круг

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека постигнала историски резултат на локалните избори, освојувајќи градоначалнички мандати во 33 општини уште во првиот круг, меѓу кои и Струмица — град што две децении важеше за бастион на СДСМ.„По 20 години, ВМРО-ДПМНЕ победи во бастионот на СДС – Струмица. Кандидатот Петар Јанков забележа историска победа со разлика од над 5.000 гласови“, соопштија од партијата.Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека освен во Струмица, успеале да ги освојат и повеќе општини кои претходно биле под раководство на СДСМ – меѓу нив Берово, Делчево и Маврово-Ростуше, а водат и во неколку општини каде ќе следува втор круг, како Пробиштип, Демир Капија, Старо Нагоричане и Валандово.„Овие локални избори потврдија дека граѓаните сакаат промени и резултати. ВМРО-ДПМНЕ во прв круг освои градоначалници во 33 општини, додека СДСМ само во три помали општини,“ велат од партијата.Меѓу општините каде што ВМРО-ДПМНЕ победи уште во првиот круг се: Берово, Битола, Велес, Охрид, Прилеп, Штип, Струмица, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Ново Село и други.Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со голема предност влегува и во вториот круг во Аеродром, Карпош и Град Скопје, каде кандидатот Орце Ѓорѓиевски ќе се соочи со кандидатот на Левица.„Овие резултати се доказ дека граѓаните избраа промена, напредок и одговорност. Македонија тргнува по нова патека – на развој и стабилност,“ стои во реакцијата.

Македонија | пред 5 месеци

filipce34

Стигна првото барање за оставка од Филипче

Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција по резултатите од локалните избори, оценувајќи дека опозициската СДСМ доживеала, како што велат, „историски дебакл“.„Филипче е целосно декласиран и треба да си поднесе оставка. Го изгуби бастионот Струмица, а во Скопје не успеа ниту да влезе во втор круг,“ стои во реакцијата.Од партијата посочуваат дека СДСМ во главниот град завршила на четвртото место, зад ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ВЛЕН, а дека Струмица, која со години важеше за бастион на социјалдемократите, овој пат била освоена од нивниот кандидат уште во првиот круг.„СДСМ предводена од Венко Филипче ја направи партијата трета сила на локално ниво, а во некои општини дури и четврта,“ наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, спомнувајќи општини како Битола, Карпош, Кисела Вода, Куманово и Кочани.Во реакцијата се додава дека резултатите се доказ за, како што велат, „целосната безидејност и немањето конкретни проекти“, поради што, според нив, „единствениот чесен потег што Филипче може да го направи е да си поднесе оставка“.

Македонија | пред 5 месеци

maksim-dimitrievski-91234

Максим Димитриевски влегува во втор круг во Куманово, има огромна предност пред независниот Горан Стојковски

Во Куманово ќе има втор круг од локалните избори, откако актуелниот градоначалник и кандидат на ЗНАМ, Максим Димитриевски, не успеа да освои доволен број гласови за победа уште во првиот круг.Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, Димитриевски добил 37,89 отсто од гласовите, односно 16.183 гласа. На второ место е независниот кандидат Горан Стојковски со 13,92 проценти или 5.946 гласа.Трет по број на освоени гласови е Селвер Ајдини од ДУИ со 5.905 гласа, а веднаш зад него е кандидатот на СДСМ, Мартин Костовски, со 5.793 гласа. Според досега обработените 98,80 проценти од гласачките ливчиња, овие резултати се сметаат за речиси конечни.Димитриевски синоќа изјави дека води убедливо во однос на сите останати шест кандидати и дека ЗНАМ, со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, има добиено најголем број гласови. Тој додаде дека во вториот круг очекува конечна победа, бидејќи, како што рече, граѓаните го препознаваат континуитетот и сакаат Куманово да продолжи да се развива во истиот правец.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarylb4grqvav3s821jfNql

СДСМ со прва реакција по првите резултати: ВМРО-ДПМНЕ загуби фантастични 140.000, разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ значително намалена

„По преброени 99% од гласовите, се потврдува он што СДСМ го говореше, а тоа дека оваа власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на овие избори ќе изгуби огромен број на гласови“, велат од СДСМ и додаваат:Споредбените анализи со изборните резултати од минатата година покажуваат дека ВМРО–ДПМНЕ и ЗНАМ имаат изгубено по речиси една третина од гласовите. Падот на ВМРО-ДПМНЕ е фантастични 135.000 или 30,8% од гласовите, а ЗНАМ паѓа од 56.200 на 38.034 гласови, односно е најголем губитник и има изгубено 33% од гласовите.За разлика од нив СДСМ има изгубено само 18% од гласовите што, ако се земе предвид пониската излезеност речиси да нема загуба. Левица, која вчера триумфалистички излажа дека станувала лидер на опозицијата има изгубено ист процент на гласови како СДСМ, со мало подобрување на резултатот на на ниво на градот Скопје. Левица сумарно има 2,2 пати помалку гласови од СДСМ со што е јасно дека ваквите еуфорични лаги на Апасиев немаат допирна точка со реалноста.СДСМ се надеваше на подобар резултат, но фактот што е значително намалена разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, фактот што ЗНАМ, нивниот привезок партија, има драматичен пад, укажува на тоа дека довербата во власта значително опаѓа. СДСМ останува втора најсилна партија.Според анализите, СДСМ има стабилизација и раст на процентот на освоени гласови во најголем дел од општините што е позитивен тренд, но и помал број општини каде има благ пад, за што ќе се направи соодветна анализа и преземат чекори за подобрување на резултат.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryrs12m9qmv8uq8rnDJdr

Мицкоски слави: „20 години чекавме на оваа победа во Струмица“

„Убедливо победивме во првиот круг во Струмица. 20 години чекавме за овој дел“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по објавувањето на првичните резултати од локалните избори.Според целосно обработените 100 проценти од избирачките места, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јанков, доби 15.071 глас, додека кандидатот на СДСМ, Даскаловски, освои 9.732 гласа. Останатите кандидати имаат троцифрен број гласови.Мицкоски ја оцени победата во Струмица како „историска “, потсетувајќи дека ова е прва победа на неговата партија во овој град по две децении.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryagcbg1mln2q92BJzG24

Скопјани избраа градоначалници во 6 општини, втор круг ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари

Според податоците што ги објави ДИК на својата веб-страница, во речиси сите скопски општини обработени се 100 отсто од избирачките места, а кај четири општини недостасуваат податоците уште од неколку места.Скопјани избараа градоначалници во првиот круг во шест општини:Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај, Чаир, додека втор круг на 2.ноември ќе има во Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари.После првиот круг во Општина Аеродром, каде се обработени 99,90 отсто од избирачките места, води канидатот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09 отсто од гласовите на скопјани или 16 225 гласа. Зад него е д-р Александар Трајановски од СДСМ кој има 20,79 отсто или 6 872 гласа, во Карпош актуелниот градоначалник Стевчо Јакимовски заостанува зад кандидатот на ВМРО, Сотир Лукровски за околу 1.500 гласови.Во Центар води актуелниот градоначалник од СДСМ, Горан Герасимовски пред Лабудовиќ од ЗНАМ со околу 3.000 гласови.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryovofe5aeqjj29IPP8ti

Втор круг во четири скопски општини и за градоначалник на Град Скопје

По првиот круг од локалните избори, граѓаните во повеќе општини избраа градоначалници уште во првиот круг, додека во дел од општините трката продолжува на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од изборите.Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир. Во останатите четири – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, граѓаните повторно ќе треба да излеат на гласање.Во Аеродром, најмногу гласови во првиот круг освои актуелниот в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09%, пред Александар Трајановски со 20,79%. Двајцата одат во втор круг.Во Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски освои 38,21% од гласовите, додека Мирослав Лабудовиќ доби 25,53%. И тие двајца ќе се соочат повторно во вториот круг.Во Карпош, во водство е Сотир Лукровски со 34,51% пред Стевчо Јакимовски, кој има 29,40%.Во Шуто Оризари, вториот круг ќе го одлучи победникот меѓу актуелниот градоначалник Курто Дудуш (36,57%) и Ерџан Демир (20,69%).Втор круг ќе има и за градоначалник на Град Скопје, каде што ќе се натпреваруваат Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ. Ѓорѓиевски освои 39,43% од гласовите или 91.582 гласа, а Мециновиќ 13,20% или 30.659 гласа.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryqeid4t3bga6v2AWGw9l

Мицкоски со порака до ДУИ веднаш по првиот круг од изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по убедливата победа на партијата на локалните избори, на кои неговите кандидати освоија градоначалнички места во 32 општини уште во првиот круг, изјави дека исходот бил очекуван и дека тој претставува пораз на старите политички модели.„Темата за предвремени парламентарни избори веќе сум ја одговарал неколку пати. Кога ги давав тие одговори, знаев дека ќе се случи ова што се случи – знаев дека политиката од пред четири или пет децении ќе биде поразена, и бев во право,“ рече Мицкоски.Тој додаде дека резултатите се „јасна порака“ за ДУИ и нејзиниот лидер Али Ахмети, кои, според него, доживеале сериозно разочарување.„Многупати кажував дека ДУИ и Али Ахмети ќе бидат непријатно изненадени денеска – и очигледно се непријатно изненадени. Кога Ахмети се удираше во гради дека менувал премиери, реков: полека, почекај, ќе бидеш непријатно изненаден од резултатот. Ова е тој ден,“ изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски оцени дека овие избори означуваат пораз на политиките на етноцентризам, национализам и вештачки теми, кои, како што рече, „немаат никаква врска со секојдневните проблеми на граѓаните“.„На овие избори победи разумот, победи политиката што се занимава со реални проблеми, а не со орли и зајци. Сега се отвора прашањето за реформи во опозицијата. Јас не посакувам послушна опозиција, но очекувам далеку поконцентрирана и покапацитетна од оваа која зборува за небитни теми,“ додаде Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library98pbgi59mkafcwfu1kz

Познати резултатите по првиот круг: градоначалници избрани во 44 општини, три без доволен одѕив

На локалните избори одржани вчера, градоначалници се избрани уште во првиот круг во 44 општини, покажуваат првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК). Најголем дел од нив се кандидати на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која освои градоначалнички места во 32 општини.Според обработени 99,94 проценти од гласовите од 3.472 избирачки места, партијата ќе има градоначалници во Берово, Битола, Босилово, Бутел, Василево, Вевчани, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Делчево, Демир Хисар, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Кратово, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Струмица и Штип.Во Старо Нагоричане, кандидатот на истата партија има точно 50 проценти од гласовите, што е граничен резултат за победа во првиот круг.Од останатите политички субјекти, СДСМ победи во три општини – Богданци, Крива Паланка и Кривогаштани, додека коалицијата ВЛЕН освои пет градоначалнички места – во Арачиново, Желино, Сарај, Чаир и Теарце.Коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, според податоците на ДИК, доби четири општини – Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.Изборите не успеаја во три општини – Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше, бидејќи не излегла најмалку една третина од запишаните избирачи, што е законскиот минимум за да се смета дека изборите се валидни.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Апасиев: Левица влегува во 10 нови совети – станавме втора партија во Скопје и повеќе општини

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по првиот изборен круг изјави дека партијата постигнала историски резултат на локално ниво, освојувајќи над 70 советнички места низ државата.„Од 48 советници, според нашата аналитика, сега имаме над 70 советници на ниво на држава. За првпат влегуваме во советите на општините Тетово, Виница, Берово, Лозово, Пробиштип, Ранковце, Струмица, Радовиш, Кривогаштани и Ресен,“ рече Апасиев.Тој додаде дека Левица, покрај главниот град, станала втора најсилна политичка сила во повеќе скопски општини.„Покрај главниот град Скопје, втора партија сме во Аеродром, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Бутел, Чаир и Велес. Тоа значи дека нашата визија за пасокизација на СДС се оствари – од вечерва Левица е вистински лидер на опозицијата,“ изјави Апасиев.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryajftn38v04kk9nQhZvl

И во Кочани ќе има втор круг, граѓаните ќе гласаат за д-р Грозданов и Венко Крстевски

Граѓаните на Кочани не избраа градоначалник во прв круг. На 2.ноември ќе гласаат за независниот кандидат Венко Крстевски или за д-р Владко Грозданов, исто така независен кандидат, поддржан од од ВМРО-ДПМНЕ.Според 80, 47 отсто од преброените гласови, Крстевски има 23.67 отсто или 2.704 гласови, а Грозданов со 39.95 отсто или 4.564 гласови.Вториот круг од Локалните избори ќе се одржи на втори ноември.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf16ogmthvl4ceoFRbeS

Ѓорѓиевски и Мециновиќ во втор круг за Скопје – Шукова надвор од трката

Кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, и пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ќе се соочат во вториот круг од изборите за градоначалник на Град Скопје, кој ќе се одржи на 2 ноември.Кандидатката на владејачката партија Каја Шукова не успеа да влезе во трката за вториот круг и, според првичните официјални податоци, заврши четврта меѓу 16 кандидати кои се натпреваруваа за првиот човек на главниот град.Според 100 проценти обработени избирачки места, објавени од Државната изборна комисија (ДИК) утрово во 7 часот, Ѓорѓиевски освои 39,43 проценти од гласовите или 91.582 гласа, додека Мециновиќ има 13,20 проценти, односно 30.659 гласа.На трето место е кандидатот на коалицијата ВЛЕН, Башким Бакиу, со освоени 12 проценти или 27.864 гласа, а Шукова е четврта со 26.714 гласа или 11,50 проценти.Со 652 гласа помалку, односно 26.062 гласа, Скендер Реџепи од коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ (НАИ), предводена од ДУИ, го зазеде петтото место, што претставува 11,22 проценти од гласовите.Во изборот за Совет на Град Скопје, најмногу гласови освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,15 проценти, следат Левица со 11,83 проценти, ВЛЕН со 11,77 проценти, коалицијата предводена од ДУИ со 11,64 проценти, додека СДСМ и коалицијата освоија 10,56 проценти.Податоците се конечни на ниво на обработка, но неофицијални до потврда од ДИК.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryo4eqadf4g83o7jIRlIz

Орце Ѓорѓиевски и Аамар Мециновиќ одат во втор круг, Каја Шукова е на четвртата позиција по освоени гласови

Според 99 отсто oд обработени гласови од Државната изборна комисија, во вториот круг на локалните избори, за градоначалник на Скопје, влегуваат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.Ѓорѓиевски со 99 отсто обработени гласови имаше освоено  39,43 отсто или 91.582 од гласовите на скопјани, додека Мециновиќ – 13,20 отсто или 30.659 гласа.Третото место го освои кандидатот на коалицијата Вреди, Башким Бакиу за кого гласаа 27.864 избирачи, додека кандидатката на СДСМ, Каја Шукова го освои четвртото место во градоначалничката трка за Скопје, со само 26.714 гласа.Според обработените податоци, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи се во убедливо водство во 54 општини низ државата, додека коалицијата Вреди води во девет, СДСМ во седум, а коалицијата НАИ предводена од ДУИ во пет општини. Демократската партија на Турците има предност во една општина.Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 2 ноември.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarydb7tk13bjf8faIJ7S0P

Филипче: СДСМ победи во 3 општини во прв круг, води во десетина и влегуваме во втор круг во дваесетина општини

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на вчерашната прес-конференција изјаи дека СДСМ во првиот круг од локалните избори победи во 3 општини, води во десетина и во вториот круг влегува во дваесетина општини.Во продолжение е интегралната изјава на претседателот Филипче:„Најпрво, сакам да упатам честитки за добро организираниот изборен ден. Денот помина мирно. Имаме некои одредени забелешки за изборниот процес. Тие забелешки се дадени до соодветните институции — ОБСЕ и Државната изборна комисија, односно ќе бидат поднесени во текот на утрешниот ден. Им честитам на сите градоначалници кои што победија во првиот круг. Од досега пристигнатите резултати, СДСМ во првиот круг победи во три општини, тоа се Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Понатаму, од преброените близу 70% од гласовите, водиме во уште 9 општини, тоа се Центар, Пробиштип, Чучер Сандево, Чешиново, Валандово, Конче, Крушево, Лозово и Росоман. И таму ќе има втор изборен круг. Дополнително, во уште неколку општини каде што сме на второ место , а тоа се Неготино, Македонска Каменица, Ранковце, Дојран, Демир Капија, Зрновци, и очекуваме податоци уште од неколку места. Апелирам до граѓаните да излезат масовно на гласање во вториот круг. Важно избраните градоначалници да имаат легитимитет од што поголем број на граѓани.Овој резултат мислам дека не е тој којшто го посакувавме сите, меѓутоа би рекол дека, имајќи ги предвид околностите, не е лош резултат, посебно што, не насекаде, меѓутоа во еден добар дел од општините, навистина имаме зголемување на бројот на гласови кога ги споредуваме со ланската година.И тоа е еден доказ на таа консолидација којашто започна изминатите месеци, изминатата година во партијата, процес којшто, секако, зема време и процес на којшто интензивно ќе работиме во следниот период“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања