Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ25

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Повтореното гласање за градоначалници во четири општини донесе победа за Алијансата предводена од Арбен Таравари во Гостивар и Врапчиште, додека ВМРО-ДПМНЕ обезбеди градоначалник во Маврово и Ростуше. Во Центар Жупа, мандатот го освои единствениот кандидат на Демократската партија на Турците во Македонија.Во Гостивар, кандидатот на коалицијата Национална алијанса за интеграција, Валбон Лимани, извојува убедлива победа пред противкандидатот Невзат Бејта од коалицијата „Вреди“. Сличен исход имаше и во Врапчиште, каде што победи Исен Шабани, исто така кандидат на Алијансата.Во Маврово и Ростуше, довербата на гласачите ја доби Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ, додека во Центар Жупа трет последователен мандат освои Аријан Ибраим.Излезноста на изборите беше ниска. До 18:30 часот гласале околу 28 отсто од запишаните избирачи, што е помал одѕив во споредба со поништеното гласање од октомври 2025 година. Исклучок беше Врапчиште, каде што беше регистрирана поголема излезност.Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека изборниот ден поминал мирно и без инциденти и оценија дека со оваа победа партијата сега има градоначалници во 56 општини низ државата.

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Според досега пребројаните гласови од повторените избори за градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани има убедливо водство пред противкандидатот Невзат Бејта, покажуваат податоците објавени на официјалната страница на Државната изборна комисија.Иако резултатите сѐ уште не се конечни, од изборниот брифинг, како и од увидот во податоците на ДИК, може да се заклучи дека кандидатот Валбон Лимани, кој настапува со поддршка на коалицијата поврзана со Арбен Таравари и Демократската унија за интеграција, има значајна предност во однос на Невзат Бејта, кандидат на коалицијата ВРЕДИ.Според последните објавени бројки, при обработени над две третини од избирачките места, Лимани освојува над 60 проценти од гласовите, додека Бејта останува на околу 30 проценти поддршка. Во Гостивар досега се преброени гласовите од 100, од вкупно 121 избирачко место, со излезност од над 71 илјада гласачи.Валбон Лимани по професија е доктор, а во минатото ја извршуваше функцијата претседател на Советот на Општина Гостивар во периодот кога Арбен Таравари беше градоначалник. Подоцна, по заминувањето на Таравари во извршната власт, Лимани ја презеде и функцијата вршител на должност градоначалник. На редовните локални избори во октомври минатата година, Лимани не успеа да обезбеди победа, откако му недостигаа само 21 глас за да го помине потребниот цензус, иако освои значително повеќе гласови од кандидатот на тогашната коалиција ВРЕДИ.Неговиот противкандидат Невзат Бејта е долгогодишна политичка фигура во Гостивар. Тој беше градоначалник на општината во два мандати како кандидат на ДУИ, а се обиде да освои и трет мандат, но на тие избори загуби од Арбен Таравари. Бејта во минатото ја извршуваше и функцијата пратеник во Собранието како кандидат на ДУИ.Од Државната изборна комисија најавуваат дека конечните резултати ќе бидат соопштени по целосното пребројување на сите гласачки места, по што ќе биде јасно дали водството на Лимани ќе се претвори и во официјална победа на повторените избори за градоначалник на Гостивар.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процентили гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија.Според портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, на избирачките места кои се отворени навреме, гласањето тече непречено, без поголеми тешкотии. Поради временските прилики со задоцнување се отворени неколку избирачки места, а избирачкото место 0782 во Ќафа не е воопшто отворено.,,Избирачкото место 0571 во Центар Жупа е отворено со задоцнување од 40 минути, а избирачките места 503, 512, 513, 529 и 533 во Гостиварско се отворени со задоцнување од повеќе од еден час. Гласањето почнало со задоцнување и во избирачките места 0478 во Сенче и 0496 во Орѓуш, општина Маврово – Ростуше. Како што е познато, според Изборниот законик, онаму каде што гласањето е прекинато и прекинот трае еден до три часа, гласањето ќе се продолжи колку што траел прекинот. Избирачкото место 0782 во Ќафа не е отворено и засега таму гласањето не се одвива. Ќе видиме што ќе се случува во текот на денот, изјави Тодоровска Алексовска.Денеска се гласа на вкупно 215 избирачки места, а право на глас имаат 128 286 избирачи.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Во општините Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа, денес се одржуваат повторни избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законски потребната излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од регистрираните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.Според Изборниот законик, за да се биде избран за градоначалник на повтореното гласање, не е потребен ваков цензус, само е потребно повеќе од половина од излезените граѓани да гласаат за еден од кандидатите.Гласањето започна во 7:00 часот, а гласачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на гласачките места ќе бидат идентификувани со важечки лични документи – лична карта или пасош, а нивниот идентитет ќе биде потврден и преку биометриски уреди за идентификација.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

Во недела втор обид за избор на градоначалници во Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Во недела, 11 јануари во треба да се одржат повторените избори за градоначалник во четири општини:Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.Според податоците од Државната изборна комисија, во овие општини во првиот круг на 19 октомври 2025 година, не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов за изборите да се сметаат за успешни.Согласно Изборниот законик на повторените избори не е потребна излезност од една третина на гласачите туку за да се избере градоначалник треба за еден од кандидатите да гласаат повеќе од половината од излезените избирачи, вклучувајќи ја и Центар Жупа каде што има само еден кандидат.Битка за градоначалник на Гостивар ќе водат Невзат Бејта од коалицијата Вреди и независниот Ваљбон Лимани поддржан од НАИ. Во Врапчиште кандидати за градоначалник се Исен Шабани од НАИ и Зуљхајрат Демири поддржан одГрупа избирачи. Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник и тоа Аријан Ибраим од Демократска партија на Турците. Во Маврово и Ростуше, пак, има двајца кандидати и тоа Онер Јакупоски, поддржан од Коалиција Твоја Македонија предводена од ВМРО - ДПМНЕ и Анес Ахмети, кандидат на СДСМ.Изборната кампања завршува утре на полноќ, по што започнува изборниот молк.Според информациите од Државната изборна комисија гласачките ливчиња веќе се печатат и утре заедно со апаратите за биометриска идентификација ќе се дистрибуираат до Општинските изборни комисии.Во сабота гласаат болните и изнемоштените и лицата во затворите.

Македонија | пред 2 месеци

izbori-makedonija-Copy

Почнува собирањето потписи за независни кандидати во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Денеска стартува процесот за давање поддршка со потпис за независните кандидати кои ќе се натпреваруваат за градоначалничките функции во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше, како и во Центар Жупа, информира Државната изборна комисија.Граѓаните својата поддршка ќе можат да ја потврдат пред службени лица во соодветното подрачно одделение или канцеларија на ДИК, како и кај нотар. Потписите ќе се собираат секој работен ден, во редовниот термин од 8:30 до 16:30 часот, додека на последниот ден – 30 ноември 2025 – постапката ќе биде продолжена до полноќ.Според ДИК, подрачното одделение во Гостивар ќе ги процесира потписите за кандидатите за Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше, а канцеларијата во Дебар е одговорна за општината Центар Жупа.Собирањето потписи ќе трае до 30 ноември, по што следува подготовка за повторените избори. Новото гласање во овие четири општини е закажано за 11 јануари 2026 година, бидејќи на локалните избори одржани на 19 октомври 2025 не беше постигнат потребниот цензус и не беа избрани градоначалници.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryn3fliu542sl9aZ6euwP

Повторно глсање во Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа на 11 јануари, Гаши ги распиша изборите

Во четирите општини — Гостивар, Врапчиште, Маврово–Ростуше и Центар Жупа — на 11 јануари повторно ќе се гласа, откако претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска официјално ги распиша локалните избори за овие општини.Овој потег следува затоа што во првиот круг на 19 октомври не беше достигнат потребниот праг на излезност, па гласањето мора да се повтори.Одлуката на Гаши не се совпадна со барањата на дел од албанската опозиција. Од партијата на Арбен Таравари реагираа дека изборите требало да бидат закажани пред новогодишните празници, со образложение дека во тој период во земјава се враќа значителен дел од дијаспората, што би помогнало да се постигне повисока излезност.Тие предупредуваат дека по Нова година многу иселеници повторно ќе заминат и дека изборниот резултат можеби повторно ќе биде условен со мала излезност.Според правилата за повторено гласање, во вториот обид не е потребен цензус од една третина гласачи, што значи дека изборите ќе важат без оглед на бројот на излезени.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

Од „ептен голема грешка“ до повлекување: Мемов по критиките кон ВРЕДИ, сега тврди дека зборувал во лично име

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, денеска појасни дека неговата вчерашна објава на Фејсбук за поддршката меѓу партнерите во владата на локалните избори претставува негов личен став, а не официјален став на партијата. Мемов нагласи дека изборниот успех на ВМРО–ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на меѓусебната поддршка и дека владините партнери треба да продолжат заеднички во ист политички правец и по завршувањето на изборите.Вчерашната објава на мојот фејсбук профил во однос на поддршката помеѓу партнерите во владата на локалните избори е мој личен став  и не изразува став на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија.Гледам дека оваа моја лична објава предизвика внимание, но и негативни реакцииПобедата на овие локални избори што ја остварија ВМРО – ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ е резултат на нашата  взаемна поддршка во сите општини во Македонија, што е потврда на имплементацијата на конзистентните политики на владата во изминатиот период.По локалните избори владините партнери треба да продолжат во ист правец, затоа што зацртаните политички цели за овие избори се остварени, појаснува Мемов.Во претходната објава Мемов упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3j784da4mmm6epYsOAt

ЗНАМ со порака до ВРЕДИ: Чесно ве поддржавме, а вие не изигравте

Потпаролот на движењето ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, преку социјалните мрежи упати остра критика кон коалициониот партнер ВРЕДИ. Ги обвини дека тие ја изиграле ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не го поддржале Орце Ѓорѓиевски.,,ВРЕДИ го изигра ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и не гласаа за Орце. Ептен голема грешка.ВМРО, го знае тоа и премиерот јавно им кажа – ние чесно ве поддржавме, плативме огромна цена за таа поддршка и за возврат не побаравме ништо. Само почит. Таа почит не ја добивме. И тоа не го забораваме”, напиша Мемов.Мемов го напиша ова по сумирањето на резултатите од локалните избори, од кои се гледа меѓусебната поддршка меѓу коалициските партнери.Мемов од ЗНАМ во постот се осврнува само на поддршката која е евидентни дека Ѓорѓиевски не ја добил од ВРЕДИ во неколку скопски општини, како Чаир и Сарај, но не пишува дека од коалициските партнери добиле многу мала поддршка за нивните кандидати во Центар и Куманово.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarybue6cv4gibjvdg14SZa

Тројца пратеници ја заменија пратеничката со градоначалничката фотелја

Тројца пратеници од актуелниот парламентарен состав се избрани за нови градоначалници.Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов по формалната собраниска процедура седнуваат во пратеничките фотелји на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на локалните избори.Ова го констатираше Државната изборна комисија на денешната седница.Како што посочи претседателот на ДИК, Борис Кондарко, Николовска, Стојановски и Андонов редоследно, според листата на коалицијата „Твоја Македонија“, треба да ги заменат Стаменковска Трајковска, Мицевски и Проданоски.Инаку според листата, пред Стојановски од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Игор Никовски, но претходно тој ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот поради што Стојановски доаѓа на неговото место.За новите пратеници, ДИК, веднаш ќе го информира Собранието.Претходно денеска, на седница, Собранието констатира дека на Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски им престанаа мандатите за пратеници.ДИК на новоизбраните пратеници ќе им издаде уверение, а Собранието потоа треба да ги верификува нивните мандати.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Политиката е именка од женски род, но има само 4 градоначалнички

И покрај тоа што зборот политика граматички е од женски род, реалноста на локално ниво останува длабоко машка. Само четири жени успеаја да станат градоначалнички на Локалните избори 2025, покажувајќи дека родовата еднаквост во македонската политика е далеку од постигната.Од вкупно 309 кандидати што се бореа за градоначалничките фотелји, само 32 беа жени. Овој податок сам по себе сведочи за нерамноправна стартна позиција, а резултатите на изборите ја потврдија сликата – само четири општини од вкупно 80 и Град Скопје ќе бидат раководени од жени.Четирите градоначалнички✅ Бети Стаменкоска Трајкоска (ВМРО-ДПМНЕ) – Кисела Вода✅ Соња Стаменкова (СДСМ) – Македонска Каменица✅ Марија Нацева (ВМРО-ДПМНЕ) – Неготино✅ Наталија Димитриева (ВМРО-ДПМНЕ) – Демир КапијаВо 16 општини и Град Скопје имаше само по една жена кандидат, а имаше и општини каде на гласачкото ливче немаше ниту една кандидатка.Историјата на нееднаквостаОд првите избори за градоначалници во 1996 година до денес, со општините управувале 715 мажи и само 22 жени. Иако со години се зборува за потребата од поголема застапеност на жените, менталитетот и политичката структура остануваат речиси непроменети.Иако квалитетот на кандидатите треба да биде поважен од полот, четири градоначалнички во 81 локална единица не ја одразуваат реалноста во која жените активно учествуваат во сите општествени сфери.Порака што сè уште не е разбранаОвие избори уште еднаш потсетија дека родовата еднаквост не е само декларативна цел, туку прашање на култура, поддршка и доверба. Сè додека жените остануваат исклучок во политиката, демократијата ќе остане половична.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

На едно избирачко место во Сарај ниту еден граѓанин не отишол да гласа

Овие локални избори во Македонија ќе останат забележани по најниската излезност на гласачите, бидејќи за првпат, одѕивот на граѓаните не ја надмина границата од 50 проценти ниту во првиот, ниту во вториот изборен круг.Најниска е излезноста во скопски Сарај, каде гласале само 11,45 отсто од избирачите, а посебно карактеристично е ИМ број 2444 во основното училиште во село Раовиќ.Таму биле запишани 214 гласачи, но ниту еден од нив не го искористил своето право на глас. Сарај, како дел од територијата на Град Скопје, гласаше за градоначалник на главниот град. Во вкупното броење за општината, кандидатот на ВМРО‑ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, освои 3.589 гласови (85,15 отсто), додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, доби 446 гласа (10,58 отсто).На ниво на држава, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), во првиот круг одѕивот на гласањето за градоначалници изнесуваше 48.30 отсто. Од вкупно 1.832.415 регистрирани избирачи, гласале 885.085 граѓани.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryk5a97mjudjf6bobVBPP

Мисајловски: Македонија во црвено – историска победа и голема одговорност за ВМРО-ДПМНЕ

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, ја оцени изборната победа на партијата како историска и порача дека следува период на работа и исполнување на ветувањата кон граѓаните.„Македонија е обоена во црвено. Од Кичево до Кочани, од Брвеница до Валандово – граѓаните го направија вистинскиот избор“, изјави Мисајловски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ освоила 54 општини и градот Скопје, а заедно со коалиционите партнери вкупно 66 од 81 општина.Тој ја нарече оваа победа „голема одговорност“ и порача дека фокусот на новоизбраните градоначалници ќе биде транспарентност, чесност и резултати. „Нашиот образ мора да остане чист, а тоа ќе го направиме со работа и проекти,“ рече Мисајловски.Во обраќањето, тој се осврна и на победите во неколку општини, меѓу кои Кичево, Брвеница, Карпош и Скопје, истакнувајќи дека токму таму се покажало „обединувањето меѓу сите етнички заедници“.„Историска е победата во Кичево, каде што граѓаните од сите етнички заедници гласаа за Александар Јовановски. Тоа е пример како ќе се гради Македонија – преку обединување, а не преку поделби,“ нагласи Мисајловски.Тој додаде дека СДСМ и ДУИ доживеале тежок пораз и повика на нивна реформа, со оценка дека граѓаните „веќе ги прочитале нивните политики“.Мисајловски им се заблагодари на сите што гласале, но и на оние што останале дома, уверувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи да го промени нивното мислење преку дела, а не зборови.„Доста е Македонија да биде апатична. Време е да покажеме дека народот заслужува повеќе. Веќе сега, премиерот Христијан Мицкоски во Брисел се бори за нашите заложби за членство во Европската унија,“ рече потпретседателот на партијата, завршувајќи со порака дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да делува со „гордост, достоинство и интегритет“.

Македонија | пред 4 месеци

ahmeti-4

Ахмети: Довербата на граѓаните не е ослабена, туку зајакната

По завршувањето на вториот круг од локалните избори, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изјави дека неговата партија и коалицијата НАИ ја добиле довербата на народот со над 23.000 гласови предност, оценувајќи ја оваа поддршка како „морален и политички мандат“ за продолжување на работата во нов дух – пообединет, подисциплиниран и посветен на граѓаните, пренесе „Коха“.„Победата на народното и општинското гласање, со разлика од над 23.000 гласови, е морален и политички мандат што нè обврзува да продолжиме пообединети, подисциплинирани и попосветени на граѓаните. На крајот на денот, легитимитетот на секоја политичка визија произлегува од довербата на граѓаните, а оваа доверба не е оштетена, туку зајакната“, изјави Ахмети.Во својот говор одржан во седиштето на партијата, тој нагласи дека ДУИ останува партија со стабилна поддршка и дека резултатите не се причина за разочарување, туку за преиспитување и нова енергија.„Ќе спроведеме длабинска анализа, ќе ги обновиме нашите редови и стратегии и ќе ги исправиме сите недостатоци за да им понудиме повеќе и подобро на граѓаните“, порача Ахмети, додавајќи дека губењето на неколку општини ќе биде искористено како повик за самоанализа и подобрување.Ахмети најави дека ДУИ ќе се фокусира на зајакнување на локалните структури и на подобро управување со локалната политика, со цел поефикасно претставување и обезбедување подобри услуги за сите заедници низ земјата.

Македонија | пред 4 месеци

media-library3sdi7sfb43leehTRB8q

(Видео) Максим по победата зад ди-џеј миксетата, заигра на хитот кој му го посветија на изборите

Во Куманово вчера се славеше трет последователен мандат за Максим Димитриевски, кој повторно ја доби довербата на граѓаните на локалните избори 2025 година.Иако изрази задоволство од победата, Димитриевски нагласи дека ниската излезност е сериозна порака од граѓаните која, како што рече, „ја разбира и ќе ја земе предвид“.Вечерта тој застана зад миксетата во локален клуб од каде ечеше хитот посветен на него.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryvq4b884nut415x8qViO

Избројани се гласовите: ВМРО-ДПМНЕ го освои Скопје и 53 општини, ВРЕДИ втора сила, СДСМ зад нив

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива победа на Локалните избори 2025, освојувајќи градоначалнички места во Град Скопје и уште 53 општини низ земјата, покажуваат резултатите од двата изборни круга.Со тоа, владејачката партија ја потврди својата доминантна позиција на локално ниво, освојувајќи повеќе од две третини од сите општини во државата.Втора по број на освоени општини е коалицијата ВРЕДИ, која ќе управува со девет општини, додека СДСМ освои шест градоначалнички места. ДУИ со коалицијата НАИ ќе раководи со четири општини. ЗНАМ има еден градоначалник.На вториот изборен круг, кој се одржа вчера, се избираа градоначалници во 32 општини и во Град Скопје, додека во првиот круг на 19 октомври беа избрани 44 градоначалници.

Македонија | пред 4 месеци

media-library6k7rp66dkp1obvvF5rB

Ревизија и одговорност од Арсовска, најави Ѓорѓиевски

Победникот во вториот круг од локалните избори за Град Скопје, новоизбраниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ, најави дека ќе има целосна ревизија и одговорност за работата на неговата претходничка Данела Арсовска, но и за сите функционери кои, како што рече, „се огрешиле пред законот“.„Апсолутно – и ревизија и одговорност, не само за Арсовска, туку за сите кои се огрешиле пред законот,“ изјави Ѓорѓиевски по завршувањето на изборите, нагласувајќи дека новата градска администрација ќе воведе „транспарентност и ред во институциите на Скопје“.Тој додаде дека граѓаните очекуваат отчетност и резултати, а не празни ветувања.

Скопје | пред 4 месеци

media-library733l7eiofjshe9b3UlD

(Фото) „Кичево испиша историја“ - Мицкоски ја славеше победата на Јовановски на градскиот плоштад

Лидерот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја прослави победата на својата партија во Кичево, каде што нивниот кандидат Александар Јовановски во вториот изборен круг го победи Фатмир Дехари од Националната алијанса за интеграција. Јовановски освои повеќе од 14.000 гласови, околу 2.000 повеќе од својот противкандидат, а излезноста на изборите во Кичево надмина 50 отсто.Мицкоски објави и дел од атмосферата преку фотографии на својот ФБ профил:Кога единството е посилно од поделбите, кога желбата за правда е посилна од криминалот и кога сите граѓани имаат силна волја за иднина, посилна од хаосот и безредието. Јасно е дека се работи за Кичево. Вечерва во градот кој испиша историја!Во обраќањето пред граѓаните, Мицкоски истакна дека оваа победа претставува пример за обединување и соживот, нагласувајќи дека „победила вербата во вредности“.„Триумфираше идејата дека Македонија е заеднички дом за сите – Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други. Победи надежта дека иднината се гради со почит и заедничка работа, а не со поделби. Оваа победа не е само локална, туку и симболична – таа покажува дека Македонија созрева, дека народот не се плаши да се обедини околу вредностите“, порача Мицкоски.Тој истовремено се осврна и на дел од граѓаните кои не излегле на гласање, нагласувајќи дека нивната одлука е дел од демократскиот процес.„Тоа е дел од демократијата. Но, сакам искрено да им порачам – и вашиот глас, и вашата тишина ги слушнавме“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryfrj67cq6ac5j6DvmADJ

Апасиев најави пекол во Собранието: ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ, а Мицкоски ја изгуби Западна Македонија

По завршувањето на вториот круг од Локалните избори 2025, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, се обрати на прес-конференција со жестоки критики кон двете најголеми политички партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и кон коалицијата ВРЕДИ.„По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде каде што очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, крубан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски,“ изјави Апасиев.Тој упати порака и до своите членови и симпатизери, нагласувајќи дека Левица водела кампања со скромни ресурси, но со, како што рече, „огромен ентузијазам“.„Зарем мислевте дека со 16.000 евра на Фејсбук можевме да победиме ламја која вцица милијарда евра во овие избори? Тие ги имаа милијардите, а ние им се спротивставивме само со едно блендирано комбе,“ истакна Апасиев, додавајќи дека партијата успеала да покаже дека вистинската опозиција постои надвор од традиционалниот политички естаблишмент.Апасиев најави дека Левица ќе бара измени на Изборниот законик и поголема застапеност во Државната изборна комисија (ДИК).„Ќе имате пекол во Собранието ако не го измените Изборниот законик и ако не ни дадете член во ДИК,“ порача тој.Во завршниот дел, Апасиев го пофали кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, кого го нарече „новото лице на Левица“ и „специјалец што достоинствено ја претставил партијата“.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv6aubag2q6ii7ak4AaG

(Фото) По победата во Кичево, го ранат Ахмети со кекси: ‘Послатко оди тоа!’

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, со колеги и поддржувачи од партијата, објави фотографија на социјалните мрежи со колачи, испраќајќи порака до лидерот на ДУИ, Али Ахмети.„На пат за Кичево мекици не се во тренд, сега е време за кекс, послатко оди тоа. Кичево е Македонија!“, напиша Пешевска во објавата, алудирајќи на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево.Нејзината порака е јасна политичка реакција на изјавата на Ахмети од минатата година, кога тој му порача на Христијан Мицкоски:„Растен си со гурабии и кекси, не барај си ја белјата, бирај ги зборовите.“Објавата на Пешевска предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, а симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравија како духовита порака по големата победа во Кичево.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhscqqtc4sqerbOIwaRh

Орце Ѓорѓиевски по победата: Го поразивме купот коалиции, им простувам за ударите по семејството

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во градот.„Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство“, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање пред поддржувачите.По него, збор зеде и премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој му честиташе на Ѓорѓиевски и на сите победници од коалицијата.„Им честитам на сите градоначалници и им порачувам дека ги чека многу работа. Нема да биде лесно, но со поддршка од Владата ќе направиме многу за овој народ. Народот е тој што ни ја даде оваа доверба и нему му должиме сè – и во животот и во политиката“, рече Мицкоски.

Скопје | пред 4 месеци

Screenshot-2024-05-12-at-12.28.42

Мицкоски не ја исклучува можноста за нова парламентарна реалност

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека се надева на прегрупирање на политичките сили во Парламентот, без притоа директно да потврди дали се подготвува за нови парламентарни избори.„Се надевам дека дел од силите и во Парламентот ќе се прегрупираат во периодот што следи“, изјави Мицкоски, одговарајќи на прашање дали постои можност за распишување предвремени парламентарни избори.Со оваа изјава, премиерот индиректно потврди дека се можни нови политички коалиции или преминување на поединечни пратеници од други партии на страната на ВМРО-ДПМНЕ, со цел обезбедување посилна парламентарна поддршка за владините политики.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarypoql4plt59m67odeNIK

(Видео) Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓорѓиевски, рече Мицкоски

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва изјави дека гласовите не се ничија сопственост, коментирајќи ги шпекулациите дека дел од коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и движењето ВЛЕН, не го поддржале Орце Ѓорѓиевски во вториот круг за градоначалник на Скопје со оглед дека не излегле на гласање.„Никој гласовите не ги чува во џеб, ниту може да ги испорача од џеб. Видовме една чесна заложба за Орце Ѓорѓиевски. Факт е дека гласачите кои гласаа за ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа за Орце Ѓорѓиевски. Претпоставувам дека таква била одлуката на гласачите“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.Тој додаде дека, и покрај тоа, победата на ВМРО-ДПМНЕ е убедлива и покажува дека „граѓаните ја препознале енергијата и промената што ја нуди новото политичко време“.

Настани | пред 4 месеци

WhatsApp-Image-2021-10-09-at-20.58.45

Герасимовски обезбеди уште еден мандат во Општина Центар, прогласи победа

Денеска победи прогресивното, слободното, модерното, чесното работење на фер демократски и слободни избори, изјави Горан Герасимовски кои вечерва прогласи победиа и уште еден градоначалнички мандат.Рече да се биде градоначалник е чест и признание.Да те изберат два пати за мене е најголема чест, а воедно и огромна обврска, победивме зошто работивме 4 години а не само 30 дена, комунициравме со граѓаните, обединувавме најважно од се имавме јасен пат, се водивме од принципи, а не од дневни политики, се водевме од чесност и правичност, постоиме заради граѓаните, рече Герасимовски. Се заблагодарувам на сите Вас, носители на победата, на нашиот Штаб, на сите членови и симпатизери на СДСМ, на сите волонтери, кои макотрпно и вредно, учествуваа во секоја минута од оваа кампања.Направивме голема, направивме огромна работа! Да се биде градоначалник е врвна чест и признание. Да те изберат двапати, за мене значи најголемо признание и чест. Уште повеќе, тоа за мене е највисока одговорност и обврска, која целосно ја прифаќам и која целосно ќе ја исполнам, заедно со нашиот тим.  Како победивме на овие тешки избори? Победивме, затоа што работевме четири години, а не 30 дена. Затоа што ветувавме тоа што е потребно и реално, а не измислени прииказни, филмови и лаги. Затоа што тоа што го ветивме го исполнивме.Затоа што знаевме да слушаме, да комуницираме, да слушаме од паметните, затоа што обединувавме, а не делевме, затоа што говоревме со јазикот на народот, и не навредувавме и не се каравме. Најважно од се, имавме јасен пат. Знаевме каде, зошто и за кого работиме и се движиме.Се водевме од принципи, а не од дневна политика. За нас слободата, еднаквоста, солидарноста, правичноста се највисоки вредности и принципи, како жива сила, а не зборови на хартија. Се водевме од чесност и праведност, и секогаш знаевме дека постоиме заради граѓаните, а никако обратно. Е ако така се работи, а ние така работевме, поддршката од граѓаните сигурно доаѓа. Тоа е потешкиот, но единствениот пат.Во оваа кампања се соочивме со нефер противници. Ако ние водевме фер и конструктивна кампања, тие правеа се спротивно.Ме навредуваа, ме клеветеа, лажно ме обвинуваа и си ги припишуваа резултатите себе си. И тоа луѓе, наши довчерашни соборци и соборки, кои од нивни, целосно промашени и лични, ефтини, мотиви, решија да бидат на страната на фотељашите, на кариеристите, на властољупците, на неработниците, на профитерите. И како што бива, изгубија. Исчезнаа, пропаднаа, останаа тивки вечерва. Граѓаните ги победија, им пратија трајна порака. Бидејќи Центар е паметен, мудар, искусен, ги препознава лажните ликови и нивните интереси, тие во Центар не поминуваат. Се покажа дека доброто со добро се враќа, работата со признание се враќа, а успехот од сето тоа е заеднички. Уште еднаш се покажа дека силата е во заедништвото, во вистината, во правдата...Ние ќе продолжиме понатаму како и досега, со силен мотив, со моќна работа да ги спроведуваме ветените Проекти. Затоа што тие им помагаат на граѓаните.Центар го подигаме на ново, повисоко ниво. Продолжуваме да ја пишуваме нашата заедничка нова приказна. Вечер ќе славиме, а од утре наутро, продолжуваме со силна работа.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryfe24boaj1b21fcVnLbL

(Видео) Венко Крстевски: Се боревме со партиски машинерии, но направивме историски успех

Независниот кандидат за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, по завршувањето на изборниот ден им се заблагодари на сите граѓани кои ја поддржаа неговата кандидатура.„Сакам да се заблагодарам на сите храбри луѓе кои гласаа за нашата опција. Со жалење можам да констатирам дека поголем број излегоа на гласање и со уште поголемо жалење – затоа што гласаа за ВМРО-ДПМНЕ. На противкандидатот Владко Грозданов му посакувам среќа. Се боревме со партиски машинерии и покажавме историски успех. Нека ова биде порака до идните генерации да се борат за нашиот град“, изјави Крстевски.Тој нагласи дека иако не победил, резултатот е доказ дека независните иницијативи можат да бидат глас на граѓаните надвор од партиските рамки, и најави дека ќе продолжи да работи за интересите на Кочани.

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања