Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ25

media-library3ggam2gph8ccaIJqT0v

(Видео) ДУИ почна со поплаки дека се купувале гласови

Во име на ДУИ, пратеникот Арбер Адеми се заблагодари на сите граѓани и припадници на дијаспората кои гласаа на локалните избори, нагласувајќи дека процесот бил повеќе од обична локална трка – тој бил, како што рече, „тест на политичкиот и моралниот карактер на државата“.„Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања која го оцрни процесот и ја наруши еднаквоста на изборната трка. Сведоци сме на изборен асфалт, ноќно бетонирање, купување гласови и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта. И покрај сето тоа, граѓаните покажаа дека знаат да препознаат и не дозволија резултатот да биде искривен во првиот круг, а убедени сме дека нема да биде искривен ни во вториот,“ изјави Адеми.Тој упати апел до членовите на Државната изборна комисија (ДИК), набљудувачите и институциите да постапуваат со чесност и одговорност:„Во оваа чувствителна фаза на процесот, повикуваме секој член на ДИК, секој набљудувач и институција – со чесност и одговорност да ја гарантираат слободната волја на граѓаните и интегритетот на изборниот процес. Секој глас е свет, а секое мешање во него е мешање во иднината на државата.“„Нашиот пат е јасен – патот на демократијата и Европската унија,“ додаде Адеми.

Настани | пред 4 месеци

media-library12hlra29flp64S5gGIm

Мицкоски: Нашиот глас е нашата сила – да ја искористиме достоинствено

Премиерот Христијан Мицкоски денеска преку објава на социјалните мрежи упати порака до граѓаните во рамки на изборниот ден, повикувајќи на масовна и достоинствена излезност.„Денеска го исполнивме нашето демократско право – правото на глас, обврската што секој граѓанин ја носи со себе како дел од оваа татковина. Гласот е тивок, но моќен инструмент, и токму затоа ве повикувам сите искрено и масовно да излезете, да застанете зад она во што верувате и да го направите вистинскиот избор,“ порача Мицкоски.Тој нагласи дека ова е ден кога народот зборува, кога секој граѓанин има „еднаква тежина, еднаква чест и еднаква одговорност“.„Нашиот глас е нашата сила – да ја искористиме достоинствено!“, додаде премиерот.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryf78dfrinn9cf7G6sqVn

Спасен Силјановски: „Кога сме обединети за Кичево – тогаш сме најсилни“

Пејачот Спасен Силјановски преку објава на социјалните мрежи испрати порака за единство и заедништво, поврзана со неговиот роден град Кичево.„Во единството е успехот. Убаво и природно е да имаме различни ставови по одредени прашања. Но уште поубаво е кога сме обединети за Кичево,“ напиша Силјановски, додавајќи дека разликите треба да се надминат кога е во прашање љубовта кон градот.„Кога нашите разлики се бришат кога е во прашање нашиот свет дом – Кичево. Ајде сите една песна, песна се Македонска, дружно браќа да запееме,“ завршува неговата објава.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1m5fojo20rp54G4e7ww

(Фото) Трајко Вељановски слави роденден во партија

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, кој беше обвинет, а потоа ослободен во случајот „Организатори на 27 април“, денеска на социјалните мрежи сподели фотографија со членови на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ.Во описот на објавата Вељановски напиша: „Роденденски со правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, во исчекување на големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.“Објавата следи во денот кога се одржува вториот круг од локалните избори, на кои владејачката партија очекува потврда на изборната предност од првиот круг.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryhkosigcurnedbW9Wm5B

Левица: Во Карпош е спречен обид за „бугарски воз“ на пет гласачки места во општината

Од партијата Левица тврдат дека во Карпош на пет избирачки места во општината бил спречен обид за изборен инцидент познат како „бугарски воз“. Според нив, се работи за обид на, како што велат, „власта“ да влијае врз изборниот процес поради зголемената излезност во Карпош.„На пет гласачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од набљудувачите да бидат изнесени надвор од избирачките места,“ се наведува во објавата на партијата.Левица додава дека за овие инциденти бил составен записник и дека се известени надлежните институции, бидејќи ваквите случаи, како што велат, можат сериозно да го нарушат демократскиот процес.Таканаречениот „бугарски воз“, или „индиски стринг“ во некои земји, претставува метод на местење избори со контролирано изнесување и пополнување гласачки ливчиња надвор од избирачките места, со цел манипулирање на резултатите.Од Левица-Карпош велат дека власта е во паника поради, како што наведуваат, високата излезност во општината, која до 15:00 часот изнесувала повеќе од 32 проценти.

Скопје | пред 4 месеци

skopje

Пад на излезноста во вториот круг во Скопје: највисока во Карпош, најниска во Сарај

До 17:00 часот, вкупната излезност на гласачите за Град Скопје изнесува 28,52%, соопштија од Државната изборна комисија (ДИК). Според податоците, на гласање излегле 134.586 граѓани.Излезноста по скопски општини е следна:Аеродром – 36%Бутел – 22,90%Гази Баба – 25,79%Ѓорче Петров – 29%Карпош – 40,73%Кисела Вода – 34,48%Сарај – 8,77%Центар – 39,44%Чаир – 12,08%Шуто Оризари – 26,10%Највисока излезност досега има во општина Карпош, додека најниска е во Сарај и Чаир.За споредба, во првиот круг од локалните избори, одржан на 19 октомври, излезноста во истото време – до 17 часот – била 39,62%, што покажува значително помала активност на гласачите во вториот круг.

Скопје | пред 4 месеци

media-library1j8t4ogb2sgfb5zwKaU

На Фејсбук објавено заокружено избирачко ливче

На Фејсбук е забележано прекршување на изборниот молк, односно е објавено заокружено гласачко ливче од Општина Тетово, што претставува отворена агитација.На профилот преку кој е објавено избирачкото ливче нема име и презиме.Со цел почитување на изборниот молк, Скопје1 ја замагли фотографијата за да не може да се види и за кого било гласано.

Македонија | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-21.00.48

Осумина домашни набљудувачи останаа без акредитации, ДИК им ги одзеде и ги соопшти нивните имиња

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ги објави имињата на осум домашни набљудувачи на кои им се одземаат акредитациите поради прекршување на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.Според претседателот на Комисијата, Борис Кондарко, станува збор за лица кои во Општина Шуто Оризари биле затекнати во агитација во училиште, во непосредна близина на гласачките места. Меѓу нив се и кандидати во изборниот процес, меѓу кои Елвис Бајрам – кандидат за градоначалник во првиот круг, како и кандидатите за советници Сеат Исмаил, Решад Сокол и Алмир Сали.Во списокот се и Валентина Бајрам, сестра на Елвис, како и Шабан Бајрам, Габриел Бајрам и Ќамуран Реунаред.Кондарко истакна дека набљудувачите го пречекориле своето овластување и го прекршиле Кодексот со непристрасно однесување и агитирање. ДИК го известила Министерството за внатрешни работи за случајот, а Општинската изборна комисија во Шуто Оризари ќе биде задолжена да им забрани влез во објектите каде што се одвива гласањето.Покрај ова, ДИК денеска разгледуваше и два приговори поврзани со остварување на правото на глас. И во двата случаи – на Трајче Камчев од Центар и Ќемал Исмаилоски од Кичево – беше утврдено дека лицата се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до 19 часот.Претседателот Кондарко додаде дека досега не е забележано ниту едно избирачко место каде на гласачите им било оневозможено правото на глас.

Скопје | пред 4 месеци

media-librarydmmcm9t54pk96OLzJPD

ДИК со податоци за излезноста до 15 часот

На прес конференцијата на Државната изборна комисија која заври пред малку беше соопштена излезноста од гласањето на граѓаните до 15 часот во вториот круг.Според ДИК, досега правото на глас го искористиле вкупно 208.571 попладнево, односно 30,26 отсто.За градоначалник на Скопје, процентот е нешто помал и изнесува 29,94 отсто, односно правото на глас го искористиле 104.182 гласачи.Најголема излезност има во Пробиштип со 49,04 отсто, а најмала во Сарај со 6 отсто и во Чаир со 8 отсто.Во Скопје најголема излезност има во општините Центар и  Карпош.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 18.05%

Излезноста на локалните избори во 13 часот е 18,05 посто на територија на целата држава.Најмала е излезноста во скопските општини Чаир и Сарај, каде излезноста е околу 5 односно 3 отсто до 13 часот.Излезноста во другите скопски општини се движи од 13,3 отсто во Бутел и околу 22 отсто во Центар и Карпош.Во останатите општини поголема е излезноста во јужните и источните општини, каде излезноста изнесува до 36 отсто.Во Кочани излезноста до 13 часот е нешто над 18 отсто, а послаба заинтересираност за гласање има и во Куманово, каде процентот е нешто над 13.Изкезноста во Крушево е 34 отсто, додека излезноста во Струга, Дебар, Боговиње, Тетово се движи од 13 до 18 отсто. Во Кичево до 13 часот излегле 28,25 отсто од гласачите.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarydmmcm9t54pk96OLzJPD

ДИК: Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти на државно ниво, а 2,46 во Скопје

ДИК ја соопшти излезноста до 9 часот.Одѕивот на гласачите во вториот круг од локалните избори до 9 часот изнесува 2,88 отсто, при што своето право на глас го оствариле 22.379 граѓани, реле претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.Во Град Скопје, одѕивот за избор на градоначалник е 2,46 отсто. Во првиот кург, излезноста до 9 часот беше 3 отсто.„Гласачките места се отворени навремено и уредно, а гласањето се одвива во најдобар ред. Постапката тече непречено и досега немаме евидентирано никакви проблеми со изборниот материјал или со работата на избирачките одбори“, изјави Кондарко.Тој кажа дека единствено на избирачкото место 0385 во Дојран имало краток застој поради технички проблем со смарт картичка на уредот за биометриска идентификација, но проблемот е надминат и гласањето продолжило без прекин.Кондарко најави дека во текот на денот, тимови на ДИК ќе вршат ненајавени посети на одредени избирачки места и општински изборни комисии со цел да го надгледуваат текот на изборниот процес. По 19 часот, тимовите ќе го следат и процесот на броење на гласовите за да се обезбеди поголема транспарентност. ДИК останува на препораката целиот состав на избирачкиот одбор да биде присутен за време на броењето.Од Комисијата информираат дека се во постојана комуникација со Комисијата за следење на изборниот процес при Јавното обвинителство, со цел превентивно да се реагира доколку се појави потреба.Во вториот круг од локалните избори се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Право на глас на 1.771 избирачко место имаат 1.013.375 граѓани, од кои 474.304 се во Скопје.

Македонија | пред 4 месеци

media-library2so9ev45176m4FLpq3p

Следете ја излезноста во живо тука

Во Македонија денес се одржува вториот круг од Локалните избори 2025, на кој граѓаните избираат градоначалници во 32 општини и во Град Скопје, додека на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување за советници.Вториот круг се одвива во општините: Скопје, Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Само еден глас повеќе од противкандидатот е доволен за победа

Денеска се одржува вториот круг од осмите Локални избори од осамостојувањето на Македонија. Инаку според Законот за територијална организација, ова се четврти на кои се избираат градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје.Во вториот круг се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, но под услов да е исполнет цензусот за излезност од една третина од вкупниот број гласачи вотаа општина. За градоначалник е избран оној кандидат кој добил и само еден глас повеќе од противкандидатот.Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.Според Изборниот законик, ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.По добивањето на известувањето Владата во рок од 15 дена ќе именува повереник за вршење на работите од надлежност на градоначалникот. Владата најдоцна во рок од 15 дена по денот на именувањето на повереникот го известува претседателот на Собранието заради распишување на избори за градоначалник. Изборите се вршат во рок од 60 дена од конечно сумираните резултати.

Македонија | пред 4 месеци

komemorativna-sednica-gostivar

Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово нови избори за 60 дена

Пред две недели, во четири општини:Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово-Ростуше немаше законски цензус на излезност за да биде валиден првиот изборен круг.Затоа денеска во овие општини, нема да има гласање.Законодавецот пропишал да се спроведе нова изборна постапка во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати од Локалните избори 2025.Според Државната изборна комисија во овие општини не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи – услов за изборите да се сметаат за успешни. Во Гостивар одзивот беше 33,31 процент, и едостасуваа само 21 глас, во Врапчиште – 25,18 проценти, во Маврово и Ростуше – 30,31 процент и во Центар Жупа – 21,49%.Согласно член 132 од Изборниот законик, во вакви случаи се повторува целата изборна постапка, а повторените избори ќе се одржат во рок од 60 дена од објавувањето на конечните резултати, без повторно условување со цензусот од една третина од гласачкото тело.

Македонија | пред 4 месеци

izbori-makedonija-Copy

Вториот круг од локалните избори ќе го следат 1598 набљудувачи

За вториот круг на локалните избори акредитирани се 1598 набљудувачи од кои 933 домашни, 651 меѓународен и 14 странски новинари, соопшти на седница Државната изборна комисија.Во Македонија се гласа во втор круг за 32 градоначалника и за градоначалник на градот. Општините каде денеска се гласа за градоначалник се Град Скопје,  Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Центар, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари, Долнени, Дојран и Зрновци.Во општина Шуто Оризари на 4 ибирачки ќе се прегласува и за советничката листа поради костатирани неправилности.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryv0kajqreadk4fw6thRt

Македонија избира градоначалници, започна вториот круг од локалните избори 2025

Во земјава денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Сите избирачки места се отворени во 07:00 часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.Граѓаните ните повторно излегуваат на гласачките места за да го изберат градоначалникот во општините каде што ниту еден кандидат не успеа да обезбеди мнозинство во првиот изборен круг.Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари.Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во Град Скопје имаат 474 304 избирачи.Во Скопје во општините Центар, Аеродром, Карпош ќе има две ливчиња за гласање, бидејќи се бира градоначалник на Скопје и на локалната самоуправа, додека во Шуто Оризари на три гласачки места ќе се гласа и за градоначалници, но ќе има прегласување и за советничлата листа.Во останатите општини ќе се гласа само за градоначалник.Резултатите од гласањето се очекува да бидат објавени вечерва, откако ќе биде завршено пребројувањето на гласовите.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryb6gsubl421ar6yqZ28J

ДИК: Гласањето на болните, немоќните и лицата во затвори и домови помина без проблеми

Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека денеска се спроведе гласањето на болните и немоќните лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или во притвор, како и на лицата сместени во установите за вонсемејна грижа. Гласањето се одвиваше во општините каде утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори и во Градот Скопје.Од вкупно 4.826 болни и немоќни лица, до 20:00 часот гласале 3.327 гласачи.Во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 лица, до 18:30 часот гласале 588 гласачи, додека од 214 лица сместени во установите за вонсемејна грижа, своето избирачко право го оствариле 125 гласачи.„Гласањето за сите овие категории на гласачи се одвиваше непречено и без никакви проблеми и недоследности“, соопшти ДИК.Од Комисијата прецизираат дека резултатите од денешното гласање нема да се објавуваат посебно, туку сите гласачки ливчиња се ставени во затворени пликови и во гласачките кутии.Броењето на овие гласови, како и објавувањето на резултатите, ќе се изврши заедно со резултатите од редовното гласање утре по завршувањето на изборниот ден во 19:00 часот, за секое избирачко место и општина каде што се гласа.

Свет | пред 4 месеци

media-library6cjc5a7usjmb0uXWeD5

Мицкоски со порака до поддржувачите на СДСМ: Во недела гласајте за број 9 за катарзата и реформите во СДСМ да почнат

Митко Костадиновски е човек којшто си ја сака и се бори за проект повеќе за Виница, човек голем патриот и кој длабоко во себе ја сака својата татковина Македонија. Како претседател на Владата ќе ја има мојата недвосмислена поддршка да реализира проекти за општина Виница и убеден сум дека заедно со Владата сите проекти кои се дел од програмата ќе бидат реализирани, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот мини митинг во Виница во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Мицкоски ја искористи приликата и од настанот во Виница им се заблагодари на граѓаните на Виница и пошироко на цела Македонија што излегоа на избори и дадоа масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со заокружување на број 9.Исто така, Мицкоски упати повик до сите оние коишто во првиот круг останаа дома и коишто не гласаа, мислејќи дека на тој начин ќе покажат некаков пркос, ќе испратат некаква порака којашто, никој не ја препознава, да излезат масовно на гласање и да го искористат своето граѓанско право на избор.„Денеска сме сведоци како дел од нашите граѓани коишто се на привремена работа надвор од Македонија, најчесто во западно европските земји доаѓаат во општина Брвеница, во општина Кичево мислејќи дека на тој начин ќе помогнат да двајца кандидати коишто се во тие општини ќе станат и градоначалници. Нема да успеат, но сепак, сите оние коишто во Виница одлучија во првиот круг да останата дома и кои се двоумат дали во вториот круг треба да излезат и да гласаат, ова нека им биде патоказ како треба да се брани својот интерес. А нашиот интерес, овде во Виница, пред сè и над се да имаме голема излезност и се разбира дека при една таква голема излезност бројот 9 ќе биде масовно поддржан. Не дозволувајте некој друг да ја креира вашата иднина седејќи дома, зошто тие што ќе излезат на овие избори имаат право да ја моделираат иднината на Виница и на Македонија. Со седење дома и до покажување некој револт или пркос ништо нема да се добие. Затоа излезете и гласајте, затоа што на тој начин вие сте суверен на вашата иднина, никој друг нема да мисли подобро отколку што вие мислите за вашата иднина“, истакна Мицкоски.Мицкоски испрати порака и до поддржувачите и симпатизери на СДСМ на изборите во недела да го заокружат бројот 9 за да почне катарзата и реформите во партијата и да не да го легитимираат ова партиско раководство кое СДСМ ја доведе во фаза на исчезнување.„Знам дека не ви е пријатно и се чувствувате разочарани кога гледате како некогаш големата СДСМ едвај ја поминува границата од стотина илјади гласови, знам дека ви е тешко ова да го гледате. Но, на овие избори кога ќе бидете позади параванот, со гласачкото ливче пред вас и со пенкалото во рака имате две опции. Едната опција е да го поддржите против кандидатот на Митко, којшто доаѓа од СДСМ и на тој начин да го легитимирате ова партиско раководство кое не ја донесе СДСМ под биолошкиот минимум, туку буквално ја донесе СДСМ во фаза на исчезнување. И втората опција која е пред вас е да го поддржите Митко и бројот 9 и на тој начин да отпочне процес на внатрешна катарза, на внатрешна реформа во рамките на СДСМ. Бидејќи, верувајте, и 61 пратеник во Парламентот и 60 градоначалници и апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутна дисциплина што до сега е невидена на политичката сцена во Македонија, имаат потреба од силна и политички стабилна СДСМ“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 4 месеци

media-library1pdo1kqdmme42k26EdY

Мециновиќ најавува тужби и кривични: Страшна злоупотреба е објавувањето на мојот ЕМБГ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, најави поднесување тужби и кривични пријави поради, како што вели, невиден инцидент во кој бил јавно објавен неговиот Единствен матичен број на граѓанин (ЕМБГ) за време на изборната трка. Тој оцени дека станува збор за сериозна злоупотреба и повреда на човековите права.„Во овие избори се случи преседан кој досега не се забележал. Во моментот кога целата јавност беше насочена кон изборната трка за Скопје, беше обелоденет мојот ЕМБГ – податок кој е длабоко класифициран. Тоа е страшна злоупотреба и кривично дело во отежнати околности“, изјави Мециновиќ.Тој додаде дека не станува збор само за личен случај, туку за поширок проблем што го засега секој граѓанин. „Можеби мене тоа не ми значи ништо, но на сите други треба да им значи. Утре истото може да им се случи и на вас. Каде беа институциите да реагираат и да го спречат ова?“, праша Мециновиќ, нагласувајќи дека се работи за прашање на заштита на основните човекови права.Кандидатот од Левица истакна и дека е задоволен од изборната кампања и поддршката што ја добил, иако, како што рече, бил мета на бројни шпекулации, напади и лични дискредитации. „Имаше измислици, напади по семејството, притисоци… но ова е маратон. Кога ќе победам, моите соборци во Собранието ќе продолжат уште посилно да се борат за интересите на граѓаните“, додаде тој.Мециновиќ порача дека ваквите случаи не смеат да останат неказнети и најави дека уште од понеделник ќе започне со конкретни правни постапки.

Скопје | пред 4 месеци

media-library8jppvk34n1m19ztxOaq

Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, порача дека во општините каде што СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг, нема да има калкулации, членовите да гласаат според сопственото убедување и за вредности кои се  блиски до социјалдемократијата.„Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој“, рече Филипче.На прес-конференцијата Филипче посочи дека на втори ноември, во недела секој глас може да направи разлика и ги повика граѓаните да гласаат за локална власт која ќе биде секогаш отворена за нив и нивните потреби.„Гласајте и изберете локална власт која е вистински сервис за граѓаните, за кандидати што нема да ја затворат вратата. После изборите таа врата ќе биде отворена за секој, кога било кој граѓанин ќе има потреба и кога некој граѓанин ќе сака да биде слушнат. Тоа е глас за луѓе кои ги исполнуваат ветувањата и кои интензивно и силно и посветено ќе работат да живееме подобри општини и градови во иднина“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_3593

(Видео) „Мицко и Соте се во страшен очај“ - Јакимовски со реакција за фотографијата на Лукровски со Мојсова

И Стевче Јакимовски кој в недела ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Карпош реагираше на фотографијата на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски со Маја Мојсова, која беше кандидатка на СДСМ.„Очајот нема крај, бурето нема дно. Мицко и Соте се во страшен очај. Јас во моментов сум во една кафеана и поставив стража. Немој случајно да дојде (Лукровски) и со мене да се слика па да кажува дека и од мене има поддршка“ вели Јакимовски во видеото.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryb6teke4bc5pcdpGXJqP

Лукровски со Мојсова - уште една фотографија ја „вознемири“ јавноста, СДСМ демантира дека ќе го поддржи кандидатот на ВМРО во вториот круг

Голем број реакции во јавноста по објавата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски, со неговата противкандидатка од првиот круг од редовите на СДСМ, Маја Мојсова. Веќе се шират шпекулации дека СДСМ в недела на вториот круг од локалните избори ќе го поддржи Лукровски кој за противкандидат го има Стевче Јакимовски. СДСМ на тоа реагираше многу остро, отфрлајќи ги наводите од објавата и шпекулациите што се појавија во јавноста.„Во целост ги демантираме шпекулациите дека фотографијата на Маја Мојсовa со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски се каква било поддршка од СДСМ за Лукровски. СДСМ апсолутно не го поддржува кандидатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против кој се бореше партијата во првиот круг. СДСМ ќе побара објаснување од Маја Мојсова за фотографијата“.

Скопје | пред 4 месеци

kutija-izbiracka

Од полноќ изборен молк, во недела втор изборен круг

Кандидатите за градоначалници уште денеска имаат шанса дс ги претстават своите програми и ветувања.Од вечерва на полноќ почнува изборниот молк кој ќе трае до недела. До тогаш граѓаните можат да размислат кому ќе му го дадат својот глас.На 2 ноември ќе се одржи вториот круг од локалните избори.Во вториот круг ќе се гласа во 32 општини и во Градот Скопје, а ќе се прегласува за членови на Совет на три избирачки места во општината Шуто Оризари.Во сабота според законот ќе гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.Во Градот Скопје во трката за градоначалник се кандидатот Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.Во Карпош ќе се натпреваруваат Стевче Јакимовски од коалицијата ,, Искуство за успех и кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, во Аеродром каде во игра се Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ, во Центар битката ќе се води меѓу Горан Герасимовски од СДСМ и Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ.Во втор круг во Шуто Оризари ќе се соочат Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и Курто Дудуш од Унија на Ромите.Втор круг ќе има и во Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебрца, Демир Капија, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово на 2 ноември нема да има гласање бидејќи во првиот круг од локалните избори не беше исполнет законскиот цензус на излезени граѓани. Тука изборната постапка почнува одново по објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

Македонија | пред 4 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Цензусот не е достигнат – изборите се повторуваат во четири општини

Поради непостигнат цензус во првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – ќе се повтори гласањето за избор на градоначалници.Како што информира Државната изборна комисија (ДИК), во овие општини не била постигната потребната излезност од најмалку една третина (33,33%) од запишаните гласачи, што е предуслов за успешност на изборите според Изборниот законик.Според податоците, одзивот на гласачите изнесувал:во Гостивар – 33,31%,во Врапчиште – 25,18%,во Маврово и Ростуше – 30,31%,во Центар Жупа – 21,49%.Со оглед на тоа што излезноста во ниту една од овие општини не го достигнала законскиот праг, изборната постапка ќе се повтори во целост.Согласно член 132 став (2) од Изборниот законик, ако во првиот круг не излезе најмалку една третина од гласачите, изборите се повторуваат. Дополнително, член 132-а предвидува дека повторените избори се одржуваат во рок од најмногу 60 дена по објавувањето на конечните резултати, а при тоа не важи условот за излезност.Тоа значи дека целиот прв круг во овие четири општини ќе се спроведе повторно во наредните два месеци, по што ќе следи и втор круг доколку има потреба.Во меѓувреме, вториот круг од Локалните избори 2025 ќе се одржи во недела, кога гласачите ќе избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека изборот на градоначалници во 44 општини беше завршен уште во првиот круг.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

За скопската градоначалничка фотелја копјата ќе се кршат меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ

Скопјани в недела ќе бираат градоначалник во втор изборен круг. Во Град Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да бираат меѓу Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.Според официјалните резултатите од ДИК во првиот круг Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, а Мециновиќ 30 665 гласови.Уште во 4 скопски општини ќе има втор изборен круг. Ќе се гласа во Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари.Во Карпош, 56 856 избирачи ќе одлучуваат меѓу Стевчо Јакимовски од ГРОМ, подржан од Коалицијата „Искуство за успех“ и кандидатот поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој на 19 октомври освои 10 284 гласови, а Јакимовски 8 761. Во првиот круг имаше уште тројца кандидати кои на свое конто имаа околу 3 000 гласови.Во Аеродором изборот е меѓу Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите имаше 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Тука право на глас имаат 68 772 избирачи.Очите на партиите се вперени и во скопски Центар.Горан Герасимовски од СДСМ во првиот круг освои 8.535 гласови, а Мирослав Лабудовиќ ЗНАМ 5707 гласови. Тука има 44 109 гласачи.За Шуто Оризари битка ќе има меѓу Курто Дудуш од Унија на Ромите кој во првиот круг освои 3 223 гласови и Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 1 841 глас.Во Шуто Оризари, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања