Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗБОРИ25

izbori-makedonija-Copy

Почна диструбицијата на гласачките ливчиња

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи во недела. Утрово ќе започне дистрибуцијата на 1.013 .357 избирачки ливчиња.Според резултатите од ДИК се бираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.Во сабота, според законот гласаат болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор.На 2 ноември в недела прегласување за членови на Совет ќе има на три избирачки места во општината Шуто Оризари, каде што е можно прегласувањето теоретски да се влијае за избор на мандатите за советници.Во четирите општини за избор на градоначалник не беше постигнат цензус од минимум една третина излезеност на гласачите, а тоа се Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово, изборната постапка се повторува со распишување нови избори од страна на претседателот на Собранието.

Македонија | пред 5 месеци

kasami-2

Касами: Дехари на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро, не можам да поддржам таков кандидат

Кандидатот на коалицијата Вреди за градоначалник на Тетово, Билал Касами, во интервју за ТВ Алсат-М изјави дека нема намера да го поддржи кандидатот на ДУИ за Кичево, Фатмир Дехари, обвинувајќи го дека му нанел штета на градот и дека за време на неговото владеење немало ниту еден проект од корист за граѓаните.Тој потоа ја појасни позицијата на својата коалиција кон кандидатот на ДУИ:„Сите знаат за моралните вредности кои ги застапувам, а еден таков кандидат како Дехари е најслабиот кандидат на ДУИ. Тој, додека владееше во Кичево, не им донесе ниту едно добро на кичевци. Напротив, е придружуван од снимки и прислушувања што се појавија на социјалните мрежи и покажуваат дека тој на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро. Иако во принцип би поддржале кандидат Албанец, бидејќи сметаме дека би бил подобар за сите граѓани, во овој случај не можеме да застанеме зад кандидат кој му наштети на градот. ДУИ, уште кога го извади Дехари, го извади за да го изгуби Кичево,“ изјави Касами.На прашањето дали неговата изјава е продолжение на онаа дадена во Албанија, тој одговори дека не се работи за тоа, туку за принципиелен став кон сите граѓани:„Не. Јас велам дека, додека сум градоначалник на Тетово, за мене сите граѓани се исти. Јас го побарав гласот и на Албанците, и на Македонците, Турците, Ромите – и работев за сите нив. Тетово е космополитски град, а сè што е реализирано во него го уживаат сите граѓани. Од таа позиција сметам дека Албанец може да биде добар градоначалник, исто како и било кој друг граѓанин, за било кој град – па и за Кичево. Тоа е принципиелен став. Но, конкретно за случајот со господинот Дехари – знаејќи што направил, или поточно што не направил за Кичево, и имајќи ги предвид прислушувањата за неговото минато во однос на моралот – не можеме да го поддржиме само затоа што е Албанец. Ќе беше подобро ДУИ да избере друг кандидат. Сакам да ѝ објаснам на јавноста дека Движењето Беса имаше свој кандидат, и Кичево и кичевци имаа можност да застанат зад човек кој жртвуваше сè за Кичево и за Албанците. Но, во првиот круг тие избраа поинаков кандидат, и знаат како ќе гласаат во вториот. Јас не можам да поддржам кандидат кој му наштети на Кичево – поради тоа денес половина од Кичево е надвор од градот и од општината,“ изјави Касами.Со оваа изјава, лидерот на Беса ја заостри реториката кон ДУИ и дополнително ги дефинираше линиите на поделба меѓу албанските политички партии во пресрет на вториот изборен круг.

Македонија | пред 5 месеци

Marija-Miteva-14.06.2022

ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Јакимовски: Како семејството за една година купило парцели во елитната населба Жданец?

Членката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, на денешната прес-конференција побара јавни и транспарентни одговори од градоначалникот на Општина Карпош во заминување, Стевче Јакимовски, во врска со стекнување имот во елитниот дел на општината.Митева изјави дека прашањата кои ги упатуваат до Јакимовски не се само политички, туку и морални и институционални по својата природа, бидејќи, како што рече, се однесуваат на довербата што граѓаните му ја дале, а која, според неа, очигледно е злоупотребена.– Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство стануваат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, во местото Жданец, токму таму каде што и тој лично живее? Јавноста има право да знае од каде и со кои финансиски средства се обезбедени ваквите имоти во најскапата урбана зона на Скопје – изјави Митева.Таа праша и како е можно парцели кои, според претходниот Детален урбанистички план, биле означени како зеленило, по нивната купопродажба од страна на семејството Јакимовски да станат градежно земјиште, со веќе уцртана урбанистичка маркица во планот.– Дали за овие парцели, кои од зеленило станале градежно земјиште, е поднесено барање за техничка градежна документација? Доколку да, кој го поднел тоа барање, кога и до каде е постапката? – праша Митева.Дополнително, таа праша дали е вистина дека во изминатата година, покрај домашните парцели, семејството Јакимовски се стекнало и со вила во едно од туристичките места во Грција.– Време е прашањата да добијат одговори. Време е да се утврди дали во Карпош владее јавен или приватен интерес и како се успева да се заработи толку за купување на сите овие недвижности што се напоменати претходно – изјави Митева.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryrtkmifqlfldlci8PXpq

Тензија на првиот ден во Советот на Скопје: ДУИ бојкотираше доделување уверенија

Неславно започна составувањето на новоизбраниот Совет на Град Скопје. Советниците од ДУИ одбија да ги примат уверенијата за избор на советници бидејќи беа напишани само на македонски јазик. Како што рекоа, со ова, според нив, се крши Законот за употреба на јазиците.Останатите членови, вклучувајќи ги и избраните од ВЛЕН, ги примија уверенијата. Со ова започнува работата на Советот на Град Скопје. Уверенијата се потпишани од претседателката на изборната комисија на Град Скопје Марија Мошев.ДУИ освои шест советници во Град Скопје, исто колку и ВЛЕН.

Скопје | пред 5 месеци

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

(Видео) Јакимовски до Лукровски: „Што правиш, бе човек, рекламирањето на „Систина“ е предизборен поткуп“

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, преку објава на ФБ го обвини кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, дека со рекламирање на приватна болница „Систина“ врши предизборен поткуп и користи нечесен маркетинг во кампањата.Што правиш, бе човек?Втор ден по ред ја рекламираш Систина! Толку ли сте во паника?Не е фер према јавното здравство.Не е фер према останатите приватни клиники.А тоа што го правиш е чист предизборен поткуп.Кога нема идеи - се делат попусти.Кога нема визија - се нудат проценти.А кога се губи - се фаќа сламка за спас.Народот не се купува со попуст!Карпош заслужува чесна кампања, а не евтин маркетинг, вели Јакимовски во обраќањето до Лукровски.

Скопје | пред 5 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Нашиот модел гради, обединува и носи резултати – на 2 ноември заокружете број 9, вели ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на претстојниот втор круг од локалните избори, закажан за 2 ноември, да гласаат за број 9, со порака дека нивниот модел на управување „гради, обединува и носи резултати“.Во соопштението од партијата се наведува дека во изминатите четири години, градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ докажале дека може да се управува транспарентно, отчетно и во интерес на граѓаните.„Нашите градоначалници работеа со интегритет и визија. Во многу општини го надминаа ветеното и испорачаа повеќе од она што беше зацртано во нивните програми. Резултатите се видливи, а граѓаните тоа го потврдија уште во првиот изборен круг“, се наведува во соопштението.Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владата предводена од нивната партија извршила суштинска промена во односите меѓу централната власт и локалната самоуправа, овозможувајќи реализација на бројни капитални проекти и инвестиции.„Преку поддршката што Владата им ја овозможува на општините се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го подобруваат секојдневието на граѓаните“, наведуваат од партијата.Тие додаваат дека ваквиот модел на работа не подразбира само финансиска помош, туку и постојан дијалог, соработка и координација со градоначалниците во решавањето на локалните предизвици.Во завршницата од обраќањето, партијата ги повика жителите на повеќе општини — меѓу кои Аеродром, Карпош, Кочани, Виница, Кичево, Пробиштип, Неготино, Валандово, Крушево, Македонски Брод, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје — да излезат на гласање и да го „потврдат правецот на развој“.„На 2 ноември граѓаните имаат можност да изберат напредок и сигурна иднина. Да го поддржат моделот кој гради и носи резултати. Да заокружат број 9 — за својот човек, своето место и својата иднина“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 месеци

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

Левица: „Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје“

Синоќешната дебата на Канал 5, Левица вели дека ќе остане запаметена по историскиот пресврт, првото директно соочување меѓу нивниот кандидат Амар Мециновиќ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Од Левица посочуваат дека дебатата за првпат по повеќе од две децении ја замени традиционалната политичка дихотомија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а дека највпечатлив момент бил одговорот на Ѓорѓиевски, кој, како што тврдат, признал дека хаосот во Скопје е последица на блокадите што ги спроведувала неговата партија.„Јас сметам дека не е фер што медиумите кои се блиски до вашата партија ревносно ја туркаат приказната дека Скопје повторно ќе биде блокирано и нема да функционира, дека ќе се случи нова Данела ако победи Амар Мециновиќ. Дали вие пред граѓаните на Република Македонија и Скопје можете да кажете дека доколку демократскиот процес нѐ доведе до моја евентуална победа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?“, праша Мециновиќ.На ова прашање, како што пренесуваат од Левица, Ѓорѓиевски одговорил: „Кој и да победи ќе биде конструктивен и ВМРО да победи ќе биде конструктивно“, со што, според партијата, ја побил реториката на сопствената партија која, како што наведуваат, преку наратив дека доколку не биде избран нејзиниот кандидат, Скопје ќе остане нефункционално.Од Левица нагласуваат дека дебатата го отвори прашањето за новиот политички сооднос на силите во земјава, кој, според нив, е резултат на разочараноста на граѓаните од бипартискиот систем и на нивната желба за вистинска промена.„Сега имаме други околности, втор круг каде што за првпат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“, изјави Мециновиќ, реплицирајќи на Ѓорѓиевски, кој, според партијата, оценил дека ниската излезност е причината што не победил во првиот круг.Во остатокот од дебатата, двајцата кандидати, како што наведуваат од Левица, разговараа за темите поврзани со градскиот превоз, решавањето на проблемот со ѓубрето, загадувањето во Скопје и дивоградбите.„Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите, Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите“, изјавил Мециновиќ.Во врска со загадувањето, еден од најгорливите проблеми на Скопје, Мециновиќ изјави дека тоа е прашање на политичка волја и дека е време да се престане со префрлање на вината врз граѓаните.Од Левица оценуваат дека дуелот меѓу двајцата кандидати симболично го потврдил крајот на долгогодишниот политички монопол и најавил промена на климата во земјата. „За првпат наспроти ВМРО не стои старата опозиција, туку нов глас на генерацијата израсната надвор од двопартиското милје“, велат од партијата.

Скопје | пред 5 месеци

media-libraryk8odp3o9scjg7wVQu9k

ДИК ги соопшти официјалните резултати од првиот круг на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во недела ќе се спроведе втор круг во 33 општини.-Единаесет општини се приклучуваат на 33-те општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11-те општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје.– Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември, рече Кондарко.

Македонија | пред 5 месеци

media-library38r38jq0l3vg2ilwjCp

Костадинов: Продолжувам натаму, од срце за Струмица

Досегашниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, кој не го криеше незадоволството бидејќи неговата партија не го кандидираше за втор мандат, денеска ја предаде функцијата на нивоизбраниот Петар Јанков, му честиташе и напиша на ФБ, но без збор за досегашните несогласувања со СДСМ:„Секој мандат има свој почеток и крај.Денес, функцијата Градоначалник на општина Струмица му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник, Петар Јанков.Јавно му пожелувам, пред сѐ многу здравје и секако, успех во работењето, затоа што посветеноста на таткото на општината е секогаш успех за Струмица.Сакам да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица како модерен, европски и зелен град, визија ина цела генерација Струмичани која верува во подобра иднина тука, дома.Огромна чест и задоволство е да се води општина како Струмица и верувам дека со мојата јасна визија успеав да ги исполнам очекувањата на сите Струмичани. Заедно со мојот тим, во изминатите четири години ја создадовме најдобрата верзија на нашата Струмица. Проектите и резултатите се евидентни, а голем дел оставаат и траен белег во развојот на општината.Се надевам дека со довербата која ја добив од струмичанки и струмичани ги исполнив нивните очекувања, а тие го препознаа вложениот труд и ангажман и денес ги живеат резултатите од мојот градоначалнички мандат. Во оваа прилика благодарам на сите за поддршката, но и за критиките кои секогаш нè прават подобри.За сѐ има вистинско време и место. Да ги видиш и да ги согледаш е доблест, а да делуваш е моќ.Кон нови победи и успеси, продолжувам понатаму, од срце за Струмица“.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryht1pis16l2pkdDbCDrr

По 20 години градиначалник од ВМРО-ДПМНЕ седна во престижната фотелја

Кандидатите за градоначалници кои победија во првиот круг вече седнаа во градоначалничките фотелји.Во Струмица досегашниот градоначалник, Костадин Костадинов му ја отстапи функцијата на новоизбраниот Петар Јанков.Јанков го доби уверението од ОИК и од денеска официјално е нов градоначалник на Струмица.ВМРО-ДПМНЕ по цели 20 години победи во овој град и тоа уште во првиот круг.Јанков го доби уверението за четиригодишниот мандат за градоначалник од претседателката на Општинската изборна комисија, Елисавета Пецева.Претходно и новоизбраните членови на Советот на општина Струмица ги примија уверенијата од Општинската изборна комисија, а деновиве се очекува и свикување на првата конститутивна седница на Советот на општина Струмица.

Македонија | пред 5 месеци

Ramiz-Merko-780x470-1

И Мерко вели дека не се пазарел со ВМРО-ДПМНЕ, веќе не се меша во изборите

Рамиз Мерко остро ги демантира шпекулациите дека се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за поддршка на Менди Ќира во Струга, велејќи дека нема никакви тајни договори и дека „Мерко веќе не се меша во изборите“.„Лаги и шпекулации. Мерко си седи на страна и не се меша во никакви избори“, вели во изјава за „Слободен печат“, Рамиз Мерко, за кого во изминатите денови се појавија информации дека наводно се испазарил со ВМРО-ДПМНЕ за влез во Владата во замена за поддршка на независниот кандидат Менди Ќура во Струга зад кој застана Вреди, а поддршка за него даде и партијата на Христијан Мицкоски, која не номинираше свој кандидат во градот на поезијата.

Македонија | пред 5 месеци

media-librarypr5q3897ehvm2VGRnEg

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, не преговарам со луѓе на црна листа на САД

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко, изјави:„Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа вест, вадат во јавноста комплетна невистина. Многу пати во минатото ние сме го кажале нашиот став за Рамиз Мерко, така што, ете оставам на тој начин да прават и креираат сензација, иначе апсолутно е неточно“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Од полноќ СТОП за анкети за вториот круг од Локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година.Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно терминот најдоцна до 24:00 часот на 27 октомври 2025 година.Резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.

Македонија | пред 5 месеци

media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Нема „пазарења“ со Мерко за поддршка во Струга: Нема преговори за поделба на позиции во власта

Од Владата на Република Македонија категорично ги отфрлија наводите објавени во неколку медиуми дека се водат преговори за поделба на позиции во извршната власт во замена за политичка поддршка од градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко за кандидатот на ВЛЕН во Струга.„Во целост ги отфрламе ваквите невистини. Нема апсолутно никакви преговори за поделба на позиции во извршната власт“, велат од Владата за „Скопје1“.Претходно, дел од медиумите објавија дека, наводно, „се пазарела амнестија меѓу власта на Христијан Мицкоски и Рамиз Мерко“, при што „со оваа поддршка на осудениот Мерко, тој си ја купува слободата од власта на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ“.Од Владата, меѓутоа, истакнуваат дека такви средби или договори не постојат и дека станува збор за дезинформации со политички мотиви.

Македонија | пред 5 месеци

media-library4jbsesnl2rgmbPwHk1h

Мерко нема да го поддржи кандидатот на НАИ во вториот круг од локалните избори

Актуелниот градоначалник на Струга од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, во објава на ФБ ги демантира шпекулациите дека во вториот изборен круг ќе го поддржи кандидатот на Алијансата за национална интеграција, предводена од ДУИ, Арсим Далипи. „Денес ви се обраќам директно и со најголема сериозност за да ги уништам веднаш новите шпекулации и измислени гласини што имаат цел да ја поткопаат вашата доверба. Се шират гласини дека јас, Рамиз Мерко, ќе го поддржам кандидатот на НАИ во вториот круг. Сакам јасно да нагласам: јас, Рамиз Мерко, не го поддржувам кандидатот на НАИ на изборите,“ напиша Мерко.Според него, станува збор за „подли гласини на оние што веќе се губитници и сакаат да манипулираат со гласовите на граѓаните“, потенцирајќи дека Независната листа, која ја предводеше на изборите, е сериозно и решително движење чии одлуки се носат по детални консултации, а не преку шпекулации. Во објавата, Мерко најави дека Независната листа во следните денови ќе одржи состанок со кандидатите за советници и со поддржувачите, по што официјалниот портпарол на листата ќе објави јасна изјава со ставот за вториот круг од изборите. „Не дозволувајте никој да ве збунува. Верувајте само на официјалното соопштение на Независната листа,“ порача Мерко во објавата на ФБ.

Македонија | пред 5 месеци

filipce

Ќе има шут-карта од раководството: СДСМ подготвува кадровски промени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата покажала видливи резултати од процесот на внатрешна консолидација, особено во општините каде што освоила градоначалнички мандати и во оние каде што влегла во вториот изборен круг.„Јас лани ја затекнав партијата во тешка и лоша состојба. Во изминатата година и пол работев со илјадници членови преку директни средби и контакти. Овие избори се показател за ефектите од таа работа – таму каде што имаме градоначалници и каде што одиме во втор круг, бројот на гласови е зголемен за 50 проценти во споредба со минатите избори“, изјави Филипче.Тој посочи дека консолидацијата е видлива, но дека постои потреба од дополнителна работа во дел од скопските општини, каде резултатите не биле на посакуваното ниво.„По еден таков тежок пораз лани, сега овие избори се показател како треба да се поставиме и да функционираме во следниот период. Таму каде што немавме резултати, ќе продолжиме со интензивна работа“, рече тој.Филипче најави и квалитативни кадровски промени во раководството на СДСМ, кои, како што најави, ќе бидат објавени по завршувањето на изборниот процес.„Ќе има политички и кадровски промени во раководството, за што јавноста ќе биде навремено известена“, истакна Филипче, додавајќи дека во многу општини партијата работела во тешки услови и под притисоци.„Имаше сериозни притисоци во сите општини каде се одвиваа избори – непосредно пред гласањето, каде што имавме градоначалници имаше финансиски контроли и нудење пари за гласови. Работевме во исклучително тешки околности“, нагласи тој.Лидерот на СДСМ додаде дека, иако е на чело на партијата само година и пол, резултатите покажуваат напредок и нова енергија во базата.„Не може преку ноќ да има промени, но во некои општини видовме дека тоа е можно. Тоа ми даде ентузијазам да продолжам да работам и понатаму“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

filipce-ck-sdsm

Кого ќе поддржи СДСМ во втор круг во Скопје, Кичево, Брвеница? Нема да биде клучно дали се Македонци, Албанци, Бошњаци...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата ќе ја донесе конечната одлука до средината на следната недела за тоа кого ќе поддржи во општините Кичево и Брвеница, каде што нема сопствени кандидати за градоначалници, но и за Скопје Карпош и Куманово.Филипче нагласи дека, иако дел од политичките партии повикуваат гласањето да се води според етничката припадност, СДСМ нема да ја базира својата одлука на етнички критериуми.„Мислам дека мултиетничкиот карактер на нашата земја и добрите односи треба да останат приоритет. Факт е дека граѓаните често гласаат по етничка линија, но тоа нема да биде критериум за нас. Во следните неколку денови ќе донесеме одлука со кого ќе коалицираме. Најдоцна до среда“, изјави Филипче.Тој додаде дека одлуката ќе зависи од повеќе фактори, пред сè од состојбата на општинските организации и расположението на членовите на партијата на локално ниво.„Како ќе коалицираме и кого ќе поддржиме таму каде што немаме кандидати, ќе зависи од тоа каква е нашата организација и ставот на луѓето кои се таму членови. Ако нешто не биде критериум, тоа е етничката припадност“, нагласи тој.Филипче истакна дека одлуката нема да се однесува само на Кичево и Брвеница, туку и на други општини, меѓу кои Скопје, Карпош и Куманово.„Не е само во Кичево и Брвеница. Ќе видиме како ќе се поставиме и во другите општини. Дозволете до среда да го кажеме нашиот став“, рече тој.Во однос на разговорите со други партии, лидерот на СДСМ додаде дека тие се одвиваат во две насоки – каде на СДСМ ѝ е потребна поддршка и каде партијата би можела да даде поддршка.„Разговорите се во тек и ќе бидат завршени утре или најдоцна во вторник“, истакна Филипче.

Македонија | пред 5 месеци

IZBORI-GLASANJE-3

Војнески и Пивковски се откажаа, но имиња им остануваат гласачките ливчиња како противкандидати на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески кои во првиот круг освоија доволно гласовви да се тркаат за градоначалничката фотелја, се повлекоа во корист на кандидидатите на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ. Сепљк, според Законот, нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња во вториот изборен круг на 2 ноемри.Законот не препознава откажување на кандидатурата, откако таа е веќе потврдена од изборните органи. Ова значи дека гласање сепак ќе има и тие и покрај декларираното откажување, ќе останат на гласачкото ливче, Пивковски со Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ, а Војнески со Жарко Ристески, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.Пивковски која влезе во изборната трка како независен кандидат, напиша дека ја донел одлуката по внимателно размислување и бројни разговори во интерес на заедништвото, наместо поделбите.„ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Како нејзин член, секогаш сум се водел од идејата за чест, за работа и за почит кон луѓето. Така било и ќе остане“, напиша тој.Од лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ, како негова матична партија, претходно се откажа и Војнески.„По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Ги разбирам сите оние кои, поради различни причини, ги поделија своите гласови дури и во рамките на семејствата, и не би сакал дополнително да ги продлабочувам тие теми. ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека најдобрата одлука, во интерес на моите сограѓани, е да се повлечам од оваа изборна трка.“ напиша Војнески.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Двајца независни кандидати се повлекоа од вториот изборен круг – во знак на лојалност кон ВМРО-ДПМНЕ

Во рок од само два дена, двајца независни кандидати за градоначалници се откажаа од учество во вториот круг на локалните избори, и тоа во корист на нивната матична партија ВМРО-ДПМНЕ.Станува збор за Сашо Пивковски – кандидат на група избирачи во Општина Могила, и Милосим Војнески – независен кандидат во Македонски Брод, кои иако успеаја да влезат во вториот круг, решија да се повлечат и да не им конкурираат на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.Од Државната изборна комисија (ДИК) појаснија дека законот не предвидува откажување по потврдена кандидатура, па затоа нивните имиња ќе останат на гласачките ливчиња, а во двете општини ќе се одржи редовен втор круг.Пивковски, кој од независна позиција освои 37,07 % од гласовите и се пласираше втор во Могила, објави дека одлуката ја носи од морални причини:„Сфатив дека политиката не смее да создава поделби меѓу луѓето, особено не меѓу пријатели и семејства. Нашата сила е во заедништвото, не во поделбите. ВМРО-ДПМНЕ е мојата партија, мојот политички дом. Понекогаш, вистинското лидерство е да знаеш кога достоинствено да застанеш на страна, за да не му наштетиш на она што го сакаш,“ напиша тој на Фејсбук на 24 октомври.Ден претходно, на 23 октомври, Милосим Војнески од Македонски Брод, кој доби 705 гласа (20,38 %) и со тоа за три гласа го остави зад себе кандидатот на СДСМ, исто така објави дека се повлекува:„ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија – партија на која ѝ го посветив поголемиот дел од својот живот. Не би сакал дополнително да создадам поделби меѓу луѓето и семејствата,“ напиша Војнески.

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-03-23-at-10.27.11

Кандидатот за Кочани, Венко Крстевски, се извини за изјавата за Панчо и за прославата со трубачи: Моите гревови се капка во морето

По девет дена од смртта на Панчо, членот на бендот „ДНК“ кој трагично го загуби животот во пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“, кандидатот за градоначалник на Кочани, Венко Крстевски, јавно се извини на неговото семејство и на пријателите за својата претходна изјава во која бараше Панчо да се најде на обвинителна клупа – и тоа во период кога тој се бореше за живот.Во видеопорака објавена денеска, Крстевски исто така им се извини и на сите кои, како што рече, биле „повредени во емоциите“ кога го гледале како слави со трубачи влез во вториот круг од локалните избори.„Ова е повик за обединување, за да ја победиме партиската машинерија. Им се извинувам на сите што ги повредив во емоциите затоа што славев. Немав лоша намера, само сакав да се заблагодарам на граѓаните што ми дадоа поддршка. Се извинувам и на семејството на Панчо и на неговите пријатели, затоа што искрено одговорив на новинарско прашање. Јас сум човек, можеби ќе згрешам, но моите гревови се капка во морето во споредба со нивните и со системот што создаде трагедии, неправди и болка“, изјави Крстевски.Во видеото, тој практично повикува граѓаните да го поддржат на изборите, наведувајќи дека единството е потребно за „да се порази системот кој создава поделби и страдања“.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryahnbgh7admeg1HlQ3T2

Мециновиќ: Скопје е преплавено со отпад – најапсурдната состојба во историјата на градот

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, денеска остро предупреди дека главниот град се наоѓа во најтешка хигиенска и управувачка криза досега, нарекувајќи ја ситуацијата со отпадот „најапсурдната што Скопје некогаш ја имало“.„Никој не можеше да претпостави дека ќе дојдеме во состојба на вакво преплавување со отпад и целосен колапс на комуналните претпријатија и градските власти“, изјави Мециновиќ, додавајќи дека без разлика кој ќе победи на изборите, новата администрација ќе мора веднаш да почне со чистење на градот.Тој ги повика сите скопски градоначалници – и оние кои веќе победија и оние што одат во втор круг – да ги надминат партиските поделби и да работат заедно во интерес на граѓаните.Според Мециновиќ, Скопје денес го доживува „крахот на локалната власт под контрола на ВМРО-ДПМНЕ“.„Четири години локалната власт беше во нивни раце, и на ниво на град, и во најголем дел од скопските општини. Не смееме повторно да си дозволиме луксуз да се играме со здравјето на скопјани и да поддржуваме партии кои од суета создаваат кризи“, изјави тој.Мециновиќ ја обвини актуелната влада дека намерно дозволила градот да западне во хаос пред изборите, за потоа „да се претстави како спасител“.Тој најави дека, доколку ја добие довербата на граѓаните, веднаш ќе започне со санација и реформа на ЈП „Комунална хигиена“, со цел враќање на неговата ефикасност и јавен карактер. „Ќе се спротивставиме на сите обиди за приватизација на претпријатието. Градот мора да го исчистат институции што му служат на народот, а не приватни компании што ќе профитираат од кризата“, порача Мециновиќ.

Скопје | пред 5 месеци

mickoski-medziti

ВЛЕН ќе го подржи ДУИ во Кичево, Мицкоски со порака до Касами:Коалиции се градат со вредности, не со етнички поделби и шовинизм

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премир, Христијан Мицкоски, осстро реагираше на изјавата на лидерот на коалицискиот партнер Беса од „Влен“, Билал Касами. Тој во интервју за албанската телевизија Сири најави дека во вториот круг од локалните избори во Кичево ќе го поддржат кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, а не кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски кои влегова во вториот круг.„Сите оние што се надеваат дека со етноцентрични теми ќе добијат нешто во политиката, нека го видат и нека научат од примерот на падот на ДУИ, ќе разберат на што мислам. Тоа е добра лекција и за други политичари на македонската политичка сцена, кои мора да разберат дека за да бидеме коалициони партенери треба да се обединиме на овие избори и да поддржиме вредности, а не да се поделиме за етнички теми и прашања, низ призмата на шовинизам и слични етнички процедурални разлики“, изјави Мицкоски, во денешното обраќање на настанот по повод Денот на македонската револуционерна борба.Според Мицкоски, луѓето не треба да се третираат како контингенти гласови, туку како граѓани со свои судбини и убедувања.„Ниту еден од нас нема гласови во џеб. Поддршката се гради со обединување околу вредности, а не низ призмата на етничка припадност. Во тој контекст, треба да се прифати дека поедини градоначалници станаа градоначалници поради волјата и поддршката на Македонците, која не треба да си дозволат да ја изневерат. Секој чекор има акција и реакција, а јас секогаш ќе се однесувам така како што е најдобро за граѓаните и државата“, рече Мицкоски.Касами пак рече дека по испаѓањето на кандидатот на „Влен“ во првиот круг во Кичево, природно е албанските гласови да одат кон ДУИ, претставувајќи го тоа како национално мобилизирање, а не коалициско.ВМРО-ДПМНЕ во Тетово не истакна свој кандидат и го подржа Касами како кандидат на „Влен“ за градоначалник во Тетово.ВМРО-ДПМНЕ ги поддржа и кандидатите на „Влен“ во Чаир, Сарај и Струга.„Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryhn2ccit1u7on0JkQO92

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот настан одржан во Аеродром, во рамки на вториот круг од локалните избори закажани за 2 ноември 2025 година, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.Мицкоски во својот говор се заблагодари за поддршката во првиот круг каде 33 општини избраа градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата наспроти 3 од СДСМ и ги повика граѓаните да излезат масовно и да гласаат на 2 ноември со заокружување на бројот 9.„Во вториот круг имаме 26 кандидати од кои најголемиот дел се во големо водство како Аеродром и во Скопје а во неколку нашиот кандидат е второпласиран но е во вториот круг. Ќе се бориме за секој еден глас и за секој општина. Излезете и гласајте по вашето лично убедување. Кога ќе го имате пенкалото во рака ако одлучувате според разум, душа и срце убеден сум дека ќе одлучите за бројот 9 и овде во Аеродром за Дејан и Орце за Град Скопје, убеден сум“ кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека СДСМ не е на биолошки минимум туку пред исчезнување и на следните избори кога и да се, ќе бидат под 100 000 гласа и ги повика граѓаните да гласаат за број 9 на 2 ноември.„Порака до симпатизерите и членовите на СДСМ, иако тоа го правев цело време во кампањата за првиот круг, кога велев дека и на нив не им е пријатно некогаш големиот СДС како сега се бори како се жилави едвај да го помине прагот од 100 илјади гласа, сега не зборуваме за биолошки минимум зборуваме таму за исчезнување, единствен начин да си помогнат себе и да и помогнат на СДС да излезат во втор круг и да го заокружат бројот 9 којшто прави промена. Следните избори СДСМ ќе бидат, под 100 илјади гласа. Тогаш ќе дојдеме до заклучок дека намалувањето на бројот на пратеници поради апстинирање или разочарување е државен и национален проблем. Ваква опозиција каква што е, не ќе може да направи резултат, тогаш состојбите ќе бидат поинакви, тогаш ќе имаме нова реалност. Затоа е важно да излезете и да гласате. Потребна ни е мобилизација на секој еден гласач“ кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека во политиката мора да се има цел и стратегија, ВМРО-ДПМНЕ на патот кон остварување на своите цели не бараше ништо освен почит за својата жртва која ја дале за друг, но тоа не го доби и тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го заборави.„Политиката не е црна кампања и не е со лаги да се доберат до власта. Политиката е да имаш цел, и план како да ја реализираш таа цел. Ние имаме план и многу стратешки цели како да ги реализираме, дел ги реализиравме, дел се реализираат, многу мал дел не успеавме да реализираме. Понекогаш додека ги реализиравме овие стратешки цели крваревме како ВМРО-ДПМНЕ и поднесовме жртва. Не беше лесно, многу ми беше тешко кога ги гледам нашите сопартијци од Тетово, Гостивар, од Струга, Чаир, Дебар и за тоа плативме цена и за тоа има жртва. И ние не бараме ништо, не бараме за возврат ништо затоа што имаме цел, ние бараме почит за жртвата којашто сме ја дале за друг, не ја добивме и тоа нема да го заборавиме. Сега да се фокусираме на 2 ноември масовно да излеземе, да тропнеме на секоја врата, да излеземе и да зокружиме број 9, за Дејан, за Орце и насекаде каде ВМРО-ДПМНЕ има свој кандидат“ нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 5 месеци

media-library71rg258agqc86echgtr

(Видео) Амар Мециновиќ: Левица станува обединувачка сила во Скопје, ќе ги раскинеме сите штетни договори за 72 часа

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг и дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. „Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, сега ја гледаат како најсоодветна опција во вториот круг“, рече тој.Мециновиќ истакна дека Левица ќе ја преземе улогата на обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје. „Нашата улога како обединувачка сила е очигледна, и тоа е одговорност, но и привилегија. Испишуваме нови страници во политичката историја на Македонија“.Понатаму, во своето обраќање, Мециновиќ најави дека Левица е во разговори со неколку независни листи за можност за соработка во Градскиот совет. Како што истакна со дел од независните листи, како Зелен Хуман Град, веќе имале заеднички ставови и гласања во претходниот мандат. „Верувам дека и овојпат можеме да најдеме заеднички точки на интерес“, изјави тој.Моменталната политичка ситуација Мециновиќ ја оцени како мобилизација против владината политика, посочувајќи дека владата, според него, ја злоупотребува кризата со отпадот во Скопје. „Владата сакаше до крај да ги истроши скопјани, за потоа да прави театар со нивното здравје. Тоа е доказ дека имаме деструктивна власт“.Кандидатот на Левица порача дека партијата во следниот период ќе понуди алтернатива која ќе биде проактивна и фокусирана на интересите на граѓаните, а не на лични агенди. „Не сакаме повторно да се повтори сценариото со градоначалничката Данела Арсовска. Ние сме тука да ја исполнуваме агендата на скопјани, не на поединци“, истакна тој.Мециновиќ најави и конкретни потези веднаш по преземањето на градската власткако раскинување на сите штетни договори што ја оптоваруваат градската администрација и јавните претпријатија „уште во првите 72 часа“. Исто така, нагласи дека во првите 72 часа ќе го раскинат договорот со кој казина и обложувалници се рекламираат на автобусите. „Тоа веќе не смее да биде така. Градската власт не смее да дозволува промовирање на корозивни општествени процеси на својот имот“, објасни Мециновиќ и додаде дека со ваква одлука ќе се подобри и финансиската состојба на Јавното сообраќајно претпријатие. „Најатрактивниот рекламен простор во градот ќе биде вратен под стопанисување на јавното претпријатие, а не на приватни маркетинг агенции кои му оставаат само трошки“.Во делот на културата, Мециновиќ најави две нови насоки во политиката на градот за поддршка на младите: финансиско зајакнување на Младинскиот културен центар (МКЦ) и основање на скопски графити фестивал.„Сакаме да му дадеме поголема финансиска поддршка на МКЦ. Дел од неговите простории може да се претворат во Скопско рок школо, простор каде младите ќе имаат пристап до инструменти и ќе можат да вежбаат и да се усовршуваат“, објасни тој, додавајќи дека проектот ќе биде по примерот на слични иницијативи во европските градови.Мециновиќ најави и идеја за нов фестивал: „Ќе поддржиме формирање на Скопски графити фестивал, по примерот на градови како Мостар. Секоја пролет ќе каниме уметници од регионот и од светот да создаваат мурали и графити, со што ќе го разубавиме Скопје и ќе му дадеме нов визуелен идентитет“. Според него, ваквите иницијативи ќе придонесат за поголема активност на младите во културниот живот и ќе го направат градот попривлечен за домашни и странски посетители.Мециновиќ најави дека во следните десет дена партијата ќе одржува тематски прес-конференции на кои ќе ги претставува дополнителните идеи и мерки за Скопје. „Нашите активисти се деноноќно на терен. Секојдневно комуницираме со граѓаните и ја артикулираме пораката на најдобар можен начин“. На крај, повтори дека очекува „значително зголемување“ на поддршката во вториот круг.

Скопје | пред 5 месеци

izbori-makedonija-Copy

Кандидат за градоначалник се повлече од изборната трка во вториот круг, ВМРО-ДПМНЕ добива уште една општина

Независниот кандидат за градоначалник Милосим Војнески објави дека се повлекува од локалната изборна трка, со образложение дека тоа е „најдобрата одлука во интерес на граѓаните“.„Почитувани мои сограѓани, Ви благодарам од срце за големата поддршка што ми ја укажавте во првиот круг од локалните избори. По бројните разговори со вас, одлучив да ја повлечам својата кандидатура“, напиша Војнески.Тој порача дека ја разбира поделбата што се создала меѓу граѓаните и во рамките на семејствата, и дека не сака дополнително да ги продлабочува тие поделби.„ВМРО-ДПМНЕ е мојата матична партија — партија на која и го посветив поголемиот дел од својот живот, уште од времето на осамостојувањето па се до денес. Сметам дека оваа одлука е најдобра за моите сограѓани“, наведе тој.Војнески додаде дека ќе остане достапен за граѓаните и ќе продолжи да помага колку што може, нагласувајќи дека поддршката што ја добил „никогаш нема да биде заборавена“.

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања