Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ИЗРАЕЛ

media-libraryf759ml8b5avscHw98pW

Финале на евакуацијата: последен лет со 147 патници слета во Скопје

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски државјани од погодените земји на Блискиот Исток, кои изразиле подготвеност да се вратат во државата.Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани.Станува збор за организирани чартер-летови, при што сите трошоци биле покриени од државата.Со ова, вкупниот број на евакуирани македонски државјани достигна 605, со што, според Министерството, е завршен процесот на враќање на сите граѓани кои побарале евакуација.Од МНР потенцираат дека со оваа акција државата покажала навремена реакција во кризни услови, обезбедувајќи заштита на своите граѓани, но и солидарност кон странски државјани од регионот и пошироко.Министерството нагласува дека безбедноста на граѓаните останува највисок приоритет, а СОС телефонската линија и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва и натаму се активни и достапни.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryhis9v78lcmn20dWdhLj

Трамп под притисок поради Иран: нема јасна стратегија, расте незадоволството кај сојузниците

Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со сериозен политички притисок поради конфликтот со Иран, откако не успеа јасно да дефинира цел и стратегија за излез од војната, оценува француската новинска агенција АФП.Според анализата, клучен проблем е погрешната проценка на капацитетите на Иран за одмазда, што доведе до продолжување и ескалација на конфликтот, само неколку недели по неговиот почеток.Дополнителен удар за администрацијата е оставката на висок американски функционер за борба против тероризмот, кој јавно изјави дека Иран не претставува непосредна закана и дека не може да го поддржи тековниот конфликт.Иако Трамп повеќепати изјави дека Иран е „десеткуван“ од американско-израелските напади, нема прогласено победа, а Техеран не покажува намера да капитулира.Во меѓувреме, растат и економските последици. Цените на нафтата се зголемуваат, додека конфликтот се шири низ регионот – од Либан до земјите од Персискиот Залив. Истовремено, дел од американските сојузници одбиваат да се вклучат во воените активности, особено во обезбедувањето на Хормушкиот теснец.Европските земји, вклучително и Германија, јасно порачаа дека конфликтот не е прашање на НАТО и дека нема да учествуваат во него, ниту ќе помогнат во воени мисии поврзани со него.Аналитичарите предупредуваат дека САД се соочуваат со дипломатски ќор-сокак, бидејќи завршувањето на војната бара согласност и од Иран и од Израел.„Во моментов нема добри опции, туку само помалку лоши“, оценуваат експертите, додавајќи дека најреален излез е преговарачка деескалација која би им овозможила на сите страни да избегнат целосен пораз.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

По иранските напади: 192 лица хоспитализирани во Израел

Вкупно 192 лица се примени во израелските болници во последните 24 часа по иранските напади, соопшти израелското Министерство за здравство.Според официјалните податоци, четири лица се во средно тешка состојба, додека 177 имаат полесни повреди. За состојбата на уште 11 лица засега нема прецизни информации.Министерството додава дека од почетокот на конфликтот досега во болниците се згрижени вкупно 3.727 лица.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryq6bfbsi9e9p0fT71wbM

Инцидент во Либан: Израелската армија призна дека по грешка погодила мировници на ОН во Либан, ранети војници од Гана

Израелската армија призна дека пред околу две недели нејзина тенковска палба погодила позиција на Обединетите нации во јужен Либан, при што биле ранети мировници од Гана, дел од мисијата УНИФИЛ.Од Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека истрагата утврдила оти нападот бил „изведен по грешка“, откако силите на ОН биле погрешно идентификувани како извор на претходен противтенковски напад.ИДФ изрази жалење за инцидентот и упати извинување до Гана и до Обединетите нации.Мисијата УНИФИЛ има задача да го надгледува примирјето и безбедносната состојба долж разграничувачката линија меѓу Израел и Либан, регион кој е во центарот на тековните судири меѓу израелските сили и борците на Хезболах, поддржани од Иран.

Свет | пред 1 седмица

media-library5gfcgoqekut34zXboTk

Крвав напад во Иран: седум загинати и 56 повредени во Доруд

Најмалку седум лица загинаа, а 56 се повредени во американско-израелски напад врз станбени области во градот Доруд, во иранската покраина Лорестан, јавија иранските медиуми.Според заменик-гувернерот задолжен за безбедност, мета на нападот биле цивилни и густо населени делови од градот, што предизвикало значителни човечки загуби и повреди.Новинската агенција Тасним претходно информираше и за уште еден напад во истата покраина, при што четири лица биле убиени во руралните подрачја на регионот Чегени.Информациите доаѓаат во услови на продолжена ескалација на конфликтот, со зголемен број напади врз различни делови од Иран.

Свет | пред 1 седмица

11-izrael

Израелски министер: Веќе победивме

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар изјави дека таа земја ефективно ја добила војната со Иран, но дека кампањата на воздушни напади ќе продолжи сè додека не се постигнат сите цели.Сар, на заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи на Естонија Маргус Цакна, рече дека Израел настојува да ги отстрани „егзистенцијалните закани“, пренесува Ројтерс.„Веќе победивме. Ова е јасно за нас и за нашите соседи, но ќе продолжиме додека мисијата не заврши“, изјави Сар.Тој додаде дека Иран е „драматично ослабен“ и дека повеќе не е земјата каква што била пред почетокот на војната на 28 февруари, по заедничките американско-израелски напади.Сар истакна дека режимот во Иран може да биде соборен само од иранскиот народ.Говорејќи за иранската блокада на Ормускиот теснец, Сар оцени дека блокирањето на овој пловен пат, низ кој поминува околу 20 отсто од светската трговија со нафта, претставува „модерно пиратство“ и глобален проблем.Министерот за надворешни работи на Естонија, Маргус Цакна, изјави дека членките на НАТО и Европската Унија се отворени за учество во мисија предводена од Соединетите Американски Држави за повторно отворање на овој стратешки пловен пат, но нагласи дека Вашингтон најпрво треба да ги разјасни своите цели и видот на поддршка што ја бара.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2024-09-29-at-09.17.46

Израел: „Практично победивме во војната со Иран, но операциите продолжуваат“

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар изјави дека Израел практично ја добил војната со Иран, но нагласи дека не може да се предвиди кога ќе заврши конфликтот.На прес-конференција, Саар истакна дека воената кампања ќе продолжи сѐ додека не се исполнат поставените цели.„Потребно е трпение. Веќе победивме, но ќе продолжиме додека мисијата не биде завршена“, изјави Саар, додавајќи дека Иран е „драматично ослабен“ и дека ситуацијата во регионот веќе не е иста како пред почетокот на конфликтот.Тој нагласи дека главната цел на Израел е отстранување на, како што рече, „егзистенцијалните закани“, без да прецизира како ќе се утврди дека тие цели се постигнати.Според израелските власти, операциите вклучуваат воздушни напади врз лансери на балистички ракети, складишта и производствени капацитети, како и цели поврзани со иранската нуклеарна програма и безбедносните структури.И покрај ваквите тврдења, Иран и натаму изведува ракетни напади врз Израел, што укажува дека неговите воени капацитети не се целосно неутрализирани.Конфликтот трае повеќе од две недели и однесе над 2.000 животи, најмногу во Иран и Либан, но и во Израел, Ирак и други делови од регионот.Во меѓувреме, кризата се продлабочува и на регионално ниво. Израел е вклучен и во судири со Хезболах во Либан, додека Иран изведува напади врз земји од Заливот. Дополнително, блокадата на Ормутскиот теснец предизвикува сериозни последици врз глобалните пазари на енергенси.Саар ја оцени блокадата како „современо пиратство“ и глобален проблем, додека дел од сојузниците на САД одбија да се вклучат во воени мисии за обезбедување на пловниот пат, барајќи појаснување на стратегијата и целите.

Свет | пред 1 седмица

gaza-glad

До 45 милиони луѓе може да западнат во акутен глад поради конфликтот на Блискиот Исток

До 45 милиони луѓе би можеле да се соочат со акутен глад доколку конфликтот на Блискиот Исток продолжи до јуни, предупреди Светската програма за храна (ВФП) во најновата анализа.Заменик-извршниот директор на организацијата, Карл Скау, изјави во Женева дека ескалацијата на конфликтот веќе влијае врз глобалните пазари, предизвикувајќи раст на цените на храната, нафтата и транспортот, што директно го зголемува ризикот од глад во најранливите региони.„Десетици милиони луѓе би можеле да западнат во акутен глад поради овие економски притисоци“, истакна Скау.Според проценките на ВФП, доколку кризата продолжи, вкупниот број луѓе погодени од акутен глад може да ја надмине сегашната рекордна бројка од 319 милиони.Организацијата предупредува дека најпогодени ќе бидат земјите кои веќе се соочуваат со нестабилност, сиромаштија и зависност од увоз на храна и енергенси.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjnv0ee90ju848iMOaZx

Кабинетот на Нетанјаху објави фотографија: „Ова е моментот кога се наредени ликвидациите“

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави фотографија за која тврди дека го прикажува премиерот во моментот кога наредува ликвидација на високи ирански функционери.Според израелските власти, во нападот врз Техеран изведен претходната вечер била таргетирана и ликвидирана клучна фигура во иранскиот безбедносен апарат. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека во нападот е убиен Али Лариџани, претседател на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Израелски воен претставник потврди за Би-Би-Си дека Израелските одбранбени сили го имале Лариџани како конкретна цел на операцијата.Кратко по објавувањето на овие информации, на канал на платформата Телеграм што се поврзува со Лариџани беше објавена рачно напишана порака по повод погребот на загинати припадници на иранската морнарица.Во истиот напад е убиен и Голам Реза Солeјмани, кој шест години беше на чело на иранската паравоена формација Басиж. Оваа формација со години е обвинувана за задушување на протести, прогон на опозициски активисти и употреба на сила против цивили.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни сили, вклучително објекти на Министерството за разузнавање и бази на милицијата Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана. Според израелската армија, во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 1 седмица

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп: Израел никогаш не би употребил нуклеарно оружје против Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Израел би употребил нуклеарно оружје во евентуален конфликт со Иран, и покрај тоа што оваа држава никогаш официјално не признала дека поседува таков арсенал.Во изјава за новинарите, Трамп беше запрашан за ставовите на неговиот советник Дејвид Сакс, кој во еден подкаст изнел претпоставка дека Израел би можел да ја ескалира војната и да размисли за употреба на нуклеарно оружје. Трамп на тоа одговори дека такво сценарио е малку веројатно.„Израел тоа не би го направил. Израел никогаш не би го направил“, изјави Трамп.Израел со години води политика на намерна нејасност кога станува збор за неговата нуклеарна програма, избегнувајќи директна потврда или негирање на постоењето на нуклеарно оружје. Високи израелски претставници во повеќе наврати истакнале дека земјата нема да биде првата на Блискиот Исток што ќе употреби нуклеарно оружје.Според проценките на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм, Израел располага со околу 90 нуклеарни боеви глави.

Свет | пред 1 седмица

media-library1n74ta7gag2r6xMwa6Q

Израел удри во срцето на иранските безбедносни сили, убиен Голам Реза Солeјмани

Израел ликвидирал командант на Басиж во Техеран, погодени и безбедносни центри и воени капацитетиКомандант на иранските сили Басиж, Голам Реза Солeјмани, е убиен во прецизен воздушен напад извршен од израелските сили во Техеран. Тој шест години се наоѓал на чело на оваа паравоена формација која делува во рамки на иранскиот безбедносен систем.Израелската армија соопшти дека десетици борбени авиони учествувале во координирани напади изведени врз повеќе цели во Техеран, Шираз и Тебриз. Според нивните информации, во главниот град биле погодени командни центри на иранските безбедносни структури, вклучително и објекти на Министерството за разузнавање и бази на Басиж.Цел на нападите биле и локации за складирање и лансирање беспилотни летала и ракети, како и системи за противвоздушна одбрана.Израелската армија наведе дека во Шираз бил погоден штаб на иранската внатрешна безбедност и складиште за ракети, додека во Тебриз биле уништени системи за противвоздушна одбрана.

Свет | пред 1 седмица

germanija-zname

Германија алармира: „Се подготвува голема копнена операција“

Германската влада денеска изрази „исклучителна загриженост“ поради случувањата во Либан и предупреди дека голема копнена офанзива на Израел на југот на земјата значително би ја влошила и онака тешката хуманитарна состојба во регионот.„Погледот на овој дел од воената зона нè исполнува со загриженост, бидејќи гледаме подготовки за голема израелска копнена офанзива која значително би ја влошила веќе напнатата хуманитарна ситуација во регионот“, изјави портпарол на германската влада, пренесува Ројтерс.Тој додаде дека Германија ги поздравува напорите за повторно започнување разговори меѓу Израел и Либан.Израелските одбранбени сили претходно соопштија дека започнале „насочена копнена операција врз клучни цели на југот на Либан“ со цел да ја прошират тампон-зоната и да ги спречат дејствијата на либанската милитантна група Хезболах.Според Тајмс оф Израел, израелската војска распоредува дополнителни сили подлабоко во таа област како дел од проширената тампон-зона, откако Хезболах почна напади врз Израел претходно овој месец, по почетокот на војната во Иран.Претходно денеска, европската комесарка за управување со кризи Хаџа Лахбиб изјави дека Европската Унија ќе испрати хуманитарна помош на Блискиот Исток во вредност од 458 милиони евра како одговор на конфликтите во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryq9eeifa1k76s89TNkbY

Израелската војска: Нападите врз Иран ќе траат најмалку уште три недели

Израелски одбранбени сили соопштија дека воената кампања против Иран ќе продолжи најмалку уште три недели, а пред израелската војска стојат „илјадници цели“.Портпаролот на ИДФ, бригадниот генерал Ефи Дефрин, изјави за Си-Ен-Ен дека операциите се планирани барем до еврејскиот празник Песах, кој започнува за околу три недели.„Подготвени сме, во координација со нашите американски сојузници, со планови најмалку до Песах. Имаме и подлабоки планови кои се протегаат уште три недели по тој период“, изјави Дефрин.Тој нагласи дека израелската војска не работи според однапред утврден временски рок, туку според исполнување на воените цели, меѓу кои е „значително ослабување на иранскиот режим“.Според израелски претставници, воените операции би можеле да продолжат и на други фронтови. Се наведува дека Израел испраќа дополнителни сили на северната граница со Либан, со цел да го потисне Хезболах и да воспостави поголема контрола врз пограничните области.

Свет | пред 2 седмици

media-library7nn32aslnedt6jdSQv2

Ескалација на конфликтот – Израел гаѓа воена инфраструктура во Иран

Израелските одбранбени сили соопштија дека започнале нов бран напади врз инфраструктурата на режимот во Иран.Според соопштението, нападите се насочени кон воени цели во западниот дел на земјата.„Пред извесно време започнавме бран напади од широки размери насочени кон инфраструктурата на иранскиот режим во западен Иран“, се наведува во соопштението на израелската војска.Во текот на ноќта и утрото, израелските власти пријавиле и повеќе ракетни напади од Иран врз Израел.Од 28 февруари, кога Израел и Соединетите Американски Држави започнаа голема воена офанзива против Иран, израелската армија соопштува дека уништила ракетни лансери и друга воена инфраструктура во западниот дел на Иран.

Свет | пред 2 седмици

IMG_7814

Иран гаѓаше кон Емиратите, Саудиска Арабија и Израел – пресретнати стотици дронови

Обединетите Арапски Емирати повторно беа цел на ракетни и беспилотни напади од Иран, соопшти Министерството за одбрана на Емиратите, наведувајќи дека противвоздушната одбрана ги пресретнала проектилите и дроновите.Советникот на претседателот на Емиратите, Анвар Гаргаш, изјави дека земјата има целосно право да се брани од, како што ја нарече, „терористичката агресија“, но додаде дека Емиратите ќе продолжат да постапуваат разумно и воздржано, барајќи дипломатски излез од кризата.Напади биле пријавени и во други држави од Персискиот Залив, меѓу кои Саудиска Арабија, Кувајт и Катар. Саудиското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта биле соборени шест ирански балистички ракети во регионот Ал Харџ, каде се наоѓа воздушна база што ја користи американската војска.Во Кувајт, пак, меѓународниот аеродром бил цел на повеќе напади со дронови, при што бил оштетен радарски систем. Според Министерството за одбрана, два дрона биле насочени и кон воена база во која се наоѓа американски воен персонал.Експлозии биле пријавени и над главниот град на Бахреин, Манама. Според властите, од почетокот на нападите биле пресретнати 125 ракети и 203 дрона, а во нападите загинале две лица.Иран ги продолжи нападите и врз Израел. Израелските одбранбени сили соопштија дека Иран утрово извел седми ракетен напад врз Ерусалим и јужниот дел на земјата. Сирени за воздушна опасност се огласиле во повеќе области, а ракетите биле пресретнати.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во текот на ноќта ги повика „братските соседни земји“ да ги протераат странските воени сили од нивна територија, тврдејќи дека тие се користат за водење војна против Иран.Во меѓувреме, новоименуваниот врховен лидер на Иран Моџтаба Хамнеи претходно ги повика државите од Заливот да ги затворат американските воени бази на своја територија, иако во исто време нагласи дека Техеран сака да одржи добри односи со арапските соседи.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryk3iam2fdpkv27JExCav

Иран го обвини Израел за нападите врз цивили во арапските земји

Иран го обвини Израел дека стои зад нападите врз цивили во неколку арапски земји, јави иранската државна агенција Фарс њуз.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил дека Иран не гаѓал цивилни или станбени подрачја, додавајќи дека во нападите можеби биле употребени беспилотни летала од американско производство.Како што наведува агенцијата, Арагчи не презентирал докази за ова тврдење.Тој додал дека Техеран е подготвен да формира заедничка истражна комисија со соседните држави за да се утврдат околностите околу нападите врз цивилни цели во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryuabugusrc3o12Hyze6S

Повеќе од 150 здравствени установи оштетени во Иран по американско-израелските напади

Најмалку 153 здравствени установи низ Иран се оштетени во нападите што ги извршиле Соединетите Американски Држави и Израел, објави иранската новинска агенција Тасним.Според извештајот, меѓу оштетените објекти се и 56 сеопфатни центри за здравствени услуги, кои претставуваат најголем дел од погодените установи во здравствената мрежа на земјата.Погодени се и неколку медицински универзитети. Најголема штета е регистрирана на Универзитетот Керманшах, каде се оштетени 42 објекти, додека на Исфахан се пријавени 19 оштетени единици.Керманшах се наоѓа во западниот дел на Иран.Според податоците објавени од агенцијата, во нападите загинале десет лица, додека 248 повредени биле згрижени во болниците и подоцна пуштени на домашно лекување.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryohd2h0ihu1ad7FZA8ma

Иранската војска се закани: Ќе го убиеме Нетанјаху

Иран упати закана дека ќе го ликвидира израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија иранските државни медиуми.Полуофицијалната новинска агенција Мехр пренесе дека Исламската револуционерна гарда соопштила оти ќе продолжи да го „прогонува и ќе го убие со сила“.Во истото соопштение, Револуционерната гарда тврди дека во 52-риот бран напади погодила цели во Израел, како и три американски воени бази во регионот.Тврдењата засега не се независно потврдени, а тензиите меѓу Иран и Израел продолжуваат да растат по серијата меѓусебни напади во регионот.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryijngr6udobhc20OnfSz

Најмалку 112 загинати во нападите на САД и Израел врз иранската покраина Курдистан

Најмалку 112 лица загинаа во нападите изведени од САД и Израел врз иранската покраина Курдистан, соопшти локален функционер, а информацијата ја пренесоа државните медиуми. Нападите се случуваат во време кога Вашингтон наводно ги поттикнува иранските курдски сили од другата страна на границата, во Ирак, да започнат копнена операција во Иран, објави Ал Џазира.Според податоците од Покраинскиот оддел за итни случаи на Курдистан, во нападите беа повредени најмалку 969 лица. Функционерот, кој остана анонимен, додаде дека 27 лица се хоспитализирани на редовни оддели, додека петмина се на интензивна нега.Нападите на САД и Израел се одвиваат додека се шпекулира дека тогашниот претседател Доналд Трамп имал директни контакти со иранските и ирачките курдски групи, со намера Вашингтон да ги искористи како поддршка за поттикнување народен бунт. Сепак, Трамп минатата недела изјави дека не сака Курдите да започнат офанзива против Иран, нагласувајќи дека САД не сакаат „дополнително да го комплицираат војниот конфликт“.Иранските курдски опозициски движења, многу од нив блиски со ирачките курдски фракции, долго време се спротивставуваат на Техеран од бази на северот на Ирак и во регионот покрај иранско-ирачката граница, со проценети неколку илјади борци. Минатата недела иранските сили започнаа операција против курдските групи во нивниот полуавтономен регион во Ирак, додека регионалната влада на ирачки Курдистан негираше каква било вмешаност во наоружување или испраќање на Курдите во Иран.Курдите се автохтона етничка малцинска група во Месопотамија, распоредени главно во југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион на северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат сопствен јазик и култура, но немаат своја држава, а се проценува дека сочинуваат околу 10 проценти од населението на Иран, иако официјални податоци за тоа не постојат.

Свет | пред 2 седмици

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Ирански проектил погоди станбена зграда во централeн Израел, нема пријавени жртви

Ирански проектил во текот на ноќта погоди станбена област во централниот дел на Израел, во близина на градот Шохам, при што е оштетена една зграда и целосно е уништен нејзиниот покрив, соопшти Израелските одбранбени сили.Од војската наведоа дека во текот на ноќта биле детектирани ирански проектили насочени кон Израел. На местото на ударот се наоѓаат припадници на итните служби кои вршат увид и ја проценуваат штетата.Засега нема извештаи за жртви.

Свет | пред 2 седмици

talibanci

Најмалку 12 медицински работници загинаа во израелски напад во јужен Либан

Во израелски воздушен напад врз здравствен центар во јужен Либан загинале најмалку 12 медицински работници, меѓу кои лекари и медицински сестри, соопшти либанското Министерство за здравство.Нападот се случил во текот на ноќта во градот Бурџ Калавија, каде бил погоден главниот здравствен центар во тој регион, пренесува Би-би-си повикувајќи се на либанските власти.Ова е последен во низата израелски напади во Либан, откако регионалниот конфликт меѓу Иран, Израел и САД ескалираше на почетокот на март.Според локални извори, израелските воздушни напади во текот на ноќта погодиле и други цели во јужен Либан, меѓу кои патишта и мостови.Во меѓувреме, Израел речиси ја удвоил зоната за евакуација на југот на Либан и ги повикал жителите да го напуштат регионот и да се упатат кон северниот дел од земјата.Хуманитарните организации и либанските власти предупредуваат дека се соочуваат со сериозни тешкотии во згрижувањето на големиот број раселени лица.Тензиите во Либан се зголемуваат во услови на жестоки напади меѓу Израел и Хезболах. Оваа шиитска вооружена група, која има силна поддршка од Иран, се вклучи во судирите со Израел по почетокот на војната меѓу Иран и сојузот на Израел и САД.Во последните две недели конфликтот се прошири и на други делови од Блискиот Исток, вклучително и Либан и Ирак, додека американските и израелските сили извршија повеќе напади врз ирански воени цели.Поради ширењето на судирите и нападите врз инфраструктура и цивилни објекти, меѓународните организации сè почесто предупредуваат на ризик од голема регионална војна.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryu38oa7greq2telYjcyF

Ракетни напади врз северен Израел: Хезболах со нови тврдења

Хезболах соопшти дека извршил серија напади врз израелски цели и израелски војници долж границата меѓу Либан и Израел.Либанската вооружена група тврди дека лансирала бараж ракети кон израелскиот град Кирјат Шмона, кој се наоѓа во близина на границата со Либан, како и два бранa напади врз градот Метулa во северен Израел.Според нивното соопштение, бил извршен и ракетен напад врз воената база Еин Зеитим во близина на израелскиот град Сафед.Хезболах исто така тврди дека двапати ги таргетирал израелските војници во либанското погранично село Одаисе, како и во одделен напад во пограничниот град Блида.Во уште една акција, според нив, биле нападнати израелски војници во близина на притворски центар во градот Кхиам во јужен Либан.Засега нема независна потврда за овие тврдења, ниту информации за евентуални жртви.

Свет | пред 2 седмици

netanjahu

Нетанјаху најави ликвидација на новиот ирански лидер

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција за новинарите упати прикриена закана дека ќе го убие новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, пишува Тајмс оф Израел.Нетанјаху говорејќи пред присутните на својата прва прес-конференција од почетокот на војната, рече дека Иран „веќе не е ист“ по речиси две недели бомбардирање и дека Техеран претрпел удари врз својот елитен Корпус на Револуционерната гарда и паравоените сили.Тој вети, меѓу другото, дека ќе продолжи да го напаѓа Хезболах откако групата отвори оган на 2 март како одмазда за атентатот врз врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, таткото на Моџтаба Хамнеи, од страна на Израел.Нетанјаху беше прашан какви мерки би можел да преземе Израел против ајатолахот Моџтаба Хамнеи и шефот на Хезболах, Наим Касем.„Не би издал полиси за животно осигурување на ниту еден од лидерите на терористичката организација. Немам намера да дадам точен извештај овде за тоа што планираме или што ќе правиме“, рече тој.Тој, исто така, изјави дека целта на нападот на Израел врз Иран е да „елиминира она што го смета за егзистенцијална закана што ја претставуваат нуклеарните и балистичките ракетни програми на Техеран“.Нетанјаху го повика иранскиот народ да ја преземе власта во Иран а за таа цел САД и Израел ќе направат услови тоа да се случи.„Нема да ги објаснувам детално дејствијата што ги преземаме. Создаваме оптимални услови за соборување на режимот, но нема да негирам дека не можам да ви кажам со сигурност дека иранскиот народ ќе го собори режимот. Режимот е соборен одвнатре. Но, ние дефинитивно можеме да помогнеме и помагаме“, заклучи Нетанјаху.

Свет | пред 2 седмици

milanovic-zoran-hrvatsak

Израелски министер: Говорот на Милановиќ е полн со омраза кон Израел

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, остро го критикуваше реагирањето на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на повикот на израелскиот амбасадор Гари Корен Хрватска да ги прекине дипломатските односи со Иран.Министерот истакна дека треба да се врши безбедносна проверка на вработените во иранската Амбасада во Загреб, оценувајќи дека реториката на хрватскиот шеф на државата е неприфатлива, исполнета со омраза и одразува антисемитски пристап.„Навредливата реторика на хрватскиот претседател е неприфатлива. Неговиот говор исполнет со омраза кон Израел и ционизмот одразува антисемитски пристап“, напиша Сар на платформата Икс.Тој потсети дека Хрватска припаѓа на Меѓународниот сојуз за сеќавање на холокаустот и се обврзала да се спротивстави на антисемитизмот.Министерот објави и дел од обраќањето на Милановиќ, во кое со црвен маркер ја истакна реченицата:„Не сакаме туѓи инфекции и бацили во Хрватска, ниту ирански, ниту израелски“.Во својот неодамнешен настап пред новинарите, Милановиќ остро реагираше на повиците на израелскиот амбасадор во Загреб, особено на повикот да се проверува безбедноста на персоналот во Амбасадата на Иран, зашто меѓу нив можеби има член на Иранската национална гарда, со пораката: „Ова е братски Загреб, не Тел Авив“.Милановиќ исто така рече дека Хрватска и Израел немаат „некакви посебни односи“.„Тоа е членка на Обединетите нации која е нападната без мандат од ОН. Тие видови вознемирување на јавноста – овде се некои ирански терористи, своите гадости и нечистотии нека ги остават таму од каде што дојдоа. Иран е навистина, кога станува збор за Блискиот Исток, како и Израел, склони кон одредени терористички методи. Што е убиството во Газа, ако не тероризам, и што е злоставувањето на израелските војници со Крав Мага ако не тероризам? Сепак, кога станува збор за Европа, Иран во Европа не делува терористички“, рече, меѓу другото, Милановиќ.

Свет | пред 2 седмици

media-libraryrhfnvbj6ievfeNpGhYp

Си-ен-ен: САД и Иран водат две различни војни реалности

Најблиските соработници на американскиот претседател Доналд Трамп веќе подготвуваат наратив за победа во војната со Иран, во пресрет на моментот кога Вашингтон би можел да се повлече од конфликтот, пишува Си-ен-ен.Според анализата, Белата куќа создава сценарио во кое Трамп лично би прогласил безусловна предавање на Иран, дури и ако реалноста на теренот не го потврдува тоа. Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјавил дека само претседателот може да процени дали војната е „на почетокот, во средината или на крајот“.Од друга страна, иранското раководство има поинаква цел – да ја издржи американската воена и политичка волја за нов долг конфликт. Аналитичарите сметаат дека за Техеран дури и опстанокот на режимот би се сметал за победа.Во исто време расте притисокот за пронаоѓање излез од војната, бидејќи енергетската криза и блокадата на транспортот на нафта преку Ормускиот Теснец носат ризик од глобални економски последици.Анализата посочува дека САД често водат поинаква војна од своите противници – потпирајќи се на технолошка надмоќ и силни воздушни удари, додека противниците се приспособуваат со асиметрични тактики, долготрајни конфликти и регионални сојузи.Според експертите, можно е и двете страни на крајот да прогласат победа. За Вашингтон тоа би било слабеење на иранската воена и нуклеарна инфраструктура, а за Техеран – фактот дека режимот успеал да преживее директен судир со водечката светска сила.

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања