Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈСП

eko-avtobusi-1

Владата предвидува набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 ќе ги набавува ургентно за ЈСП

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерство за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз.„Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамки на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП- Скопје и подобрување на јавниот превоз, а останатите 40 ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина“, велат од Владата.

Скопје | пред 11 месец

avtobus-jsp-2

(Обновено) Автобус на ЈСП удрил пешак: има тешки повреди

Полицијата извести дека автобус на ЈСП удрил пешак во Скопје, кој што завршил со тешки повреди.„На 28.02.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од МВР.Од ЈСП на „Фејсбук“ велат дека пешакот се удрил во автобусот.„Пешакот поминал после неколку метра од пешачкиот премин и гледајќи во телефон се удрил странично во возилото додека стоел автобусот во лентата за постојки за автобуси. Можете да се обратите во МВР и да добиете информации од направениот записник од извршниот увид од увидна екипа од СВР Скопје за точните информации, а не во случајов да се шират дезинформации“, велат од ЈСП.Информацијата дека биле удрени двајца пешаци, е превид од наша страна. Станува збор за едно лице кое настрадало.

Скопје | пред 1 година

IMG_0952

„Ако има сомнеж за саботажа, треба да нѐ известат“ - нема предмет во Обвинителството за запалениот автобус во Сопиште

Скопското Обвинителство нема оформено предмет за запалениот автобус во Сопиште, а откако директорот Драги Кушовски во изјава за медиумите рече дека можеби станува збор за саботажа од политички причини. Тие посочуваат дека ако службите кои постапувале имале сомнеж дека има сомневање за такво нешто, требало да го известат обвинителството.„До овој момент до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставено известување за настанот. Службите и вештите лица кои постапувале на терен, доколку утврдиле дека има сомнеж за сторено кривично дело или намерна саботажа на автобусите, имаат обврска за тоа да го известат обвинителството, кое веднаш ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството за „Скопје1“.Претходно, директорот на ЈСП, Драги Кушовски, за медиумите изјави дека претпријатието веќе има одредени сознанија во врска со овие инциденти.„Имаме некои сознанија, но ќе оставиме да видиме дали се политички мотивирани или како овие работи се случуваат, бидејќи овој автобус бил еден од подобрите и исправен. Најверојатно е проблем со инсталацијата. Овој автобус стои тука, не се повлекува во базата бидејќи е вон градот и навечер стои тука. Повикани се вешти лица утврдиме кои се деталните причини за ова“, рече Драги Кушовски, директор на ЈСП за „Сител“.

Скопје | пред 1 година

dgadfhad

(Видео) Ужас во Сопиште: Автобус на ЈСП се запали и изгоре во близина на куќа, граѓани панично бегале

Автобус на ЈСП, кој возел на линијата 58 изгоре, а луѓе панично бегале. Не е познато дали станува збор за патници, но очевидци сведочат дека имало жени кои плачеле од вознемиреностАвтобусот се запалил во момент кога се наоѓал покрај куќа.„Скопје1“ во низа наврати пишуваше за неисправните автобуси кои остануваа дефект низ скопските улици. Граѓаните се шегуваа дека со ЈСП никогаш не се знае последната станица.Истовремено, „Скопје1“ во повеќе наврати бара одговори од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, која е причината што вакви автобуси воопшто се пуштаат во сообраќај, но и чија е вината. Претходно, од Кушовски баравме и одговор кој ќе понесе одговороност при евентуална несреќа. Од него нема одговори.Градоначалничката Данела Арсовска, знае за состојбата, но не побара одговорност од директорот, ниту го разреши.

Скопје | пред 1 година

avtobus-jsp-414

Маж се бори за живот на Клиника, откако автобус на ЈСП удри во него на Железничка

На 17.01.2025 година во 11.40 часот кај Транспортниот центар во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која што автобус на ЈСП Скопје, управуван од Б.Б.(53) од Скопје удрил во пешакот Љ.Џ. (85) од село Студеничани, скопско.Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, и истиот се наоѓа во животно загрозувачка состојба.Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

fevzi

Готово е вештачењето за исправноста на автобусот кој излета кај „Мавровка“, управуван од возачот кој почина пред пет дена

Скопското обвинителство го има добиено вештиот наод за автобусот кој се качи на жардењера кај ТЦ „Мавровка“, а управуван од шоферот во ЈСП, Февзи Арифи, кој почина пред пет дена. Од Обвинителството за „Скопје1“ не споделуваат детали за тоа дали автобусот бил исправен или сепак, неисправен како што тврдеше шоферот. Нема одговор ниту на прашањето, дали има осомничени.„Вештиот наод е доставен до Основното јавно обвинителство Скопје. Се уште се преземаат други дејствија. По целосно испитување на настанот, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат кусо од Обвинителството.Настанот се случи пред пет месеци, односно на почетокот на месец јули, кога автобусот со патници влета над бетонската ограда. Сега починатиот шофер Арифи, тврдеше дека автобусот е неисправен, како и дека неисправни автобуси се пуштаат во сообраќај.„Ова што денеска овде го правиме е во чест на нашиот починат член Февзи, кој ненадејно, меѓутоа очекувано, затоа што, по она што се случуваше во ЈСП изминатите месеци беше жив хорор. Едноставно не издржа на притисоците кои се вршат од ЈСП“, рече Гоце Делчев Тодев од „Конфедерацијата на Синдикалните организации на Македонија“ на прес пред ЈСП.Негови колеги сведочат дека Арифи бил под стрес откако се случи несреќата, а ќе го паметат како прфесиоанлец. Дел од нив посочуваат: „обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеал како траума“, за што сведочи и снимката со неговата изјава пред базата на ЈСП, кога раскажа што се случило во критичниот момент.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-23-at-17.28.33

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП кој имаше несреќа кај Мавровка и плачеше обвинувајќи дека возат расипани автобуси

Почина Февзи Арифи, возач во ЈСП, кој во јули со автобус удри во жардењера кај ТЦ „Мавровка“. Арифи остана запаметен во јавноста како возач кој излезе во јавноста по несреќата и кажа дека на терен возат неисправни автобуси.Негови колеги сведочат дека Арифи бил под стрес откако се случи несреќата, а ќе го паметат како прфесиоанлец. Дел од нив посочуваат: „обвинувањата дека тој е виновен за несреќата ги доживеал како траума“, за што сведочи и снимката со неговата изјава пред базата на ЈСП, кога раскажа што се случило во критичниот момент.Обвинителството издаде насоки да се направи вештачење, дали автобусот бил исправен. До овој момент, нема информации какви се резултатите.

Скопје | пред 1 година

Ljubica1

(Видео) Нови игри со јавните набавки во ЈСП, скопјани се жртви на кавгите Мицкоски-Арсовска, вели Јанчева

„Како советничка група во Советот, СДСМ и коалицијата најостро регира на продолжувањето на политичките игри во Град Скопје особено околу јавниот превоз. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП а власта игра партиски игри, спроведува блокади и се пресметува“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.„Политичките пресметки меѓу Мицкоски и Арсовска се врз грбот на граѓаните на Скопје и мора да прекинат.Тендерот за набавка на нафта за потребите на ЈСП е дефинитивно поништен. Се пријавил еден оператор кој не доставил банкарска гаранција.ЈСП Скопје интервентно, склучи договор за набавка на нафта во вредност од 120 милиони денари, односно, речиси два милиони евра.Имало само еден понудувач, според јавно достапните информации тоа била компанијата Пуцко Петрол која била избрана во оваа набавка без тендер. Оваа итна постапка била одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на Владата.За да биде лицемерието поголемо токму постапката околу тендерот се спореше од власта минатата недела и ЈСП остана без нафта а граѓаните без превоз. И тогаш и сега стануваше збор за ист оператор.Очигледно е дека политички игри на ВМРО-ДПМНЕ и кавгите на релација Мицкоски-Арсвоска се главна причина зошто граѓаните на Скопје немаат превоз, немаат град.Скопјани се жртви на неспособноста и меѓусебни кавги меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска.СДСМ бара веднаш да прекинат овие пресметки и блокади, власта да ја преземе својата одговорност и да помогне на граѓаните на Скопје наместо да им одмага“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје.

Скопје | пред 1 година

jsp

ЈСП едвај се договори за купување нафта, а тендерот поништен

Поради кризата во работењето на ЈСП Скопје нема интерес од страна на операторите за учество на тендерите за купување на нафта, но јавното сообраќајно претпријатие успеа интервентно да набави нафта од Пуцко Петрол, пишува Телма.Оваа итна постапка, била одобрена од Бирото за јавни набавки по налог на Владата. Интервентната набавка ќе се спроведува до склучување на редовен договор преку тендер.Но, според информациите на Телма, тендерот денеска бил поништен од страна на комисија на претпријатието, а причина за тоа е што на јавниот повик се пријавил еден понудувач со некомплетна документација, односно без да приложи банкарска гаранција од најмалку 3 отсто.Во моментов автобусите ги трошат последните количини што со одобрение на Владата му беа отстапени од државните нафтени резерви.

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

Блокирана е сметката на ЈСП, на тендерот за горива со директни преговори никој не се јавил, директорот не знае колку нафта има

Блокирана е сметката на ЈСП. Директорот Кушовски кажа дека блокадата е од пред неколку дена поради долг кон фирмата добавувач на нафта. Вели активно се работи на деблокада, ама не знае колку точно должи. Кушовски не знаеше ниту колкави количини нафта од државните резерви се останати од 250-те тони што им ги позајми Владата.„Блокирана е во моментов, се работи на деблокада. Блокирана е по основ на долг од добавувач. Објавивме тендер за директни преговори, каде немаше заинтересирани, чекаме редовната набавка што ќе биде. Пуштивме и оглас за директни преговори. Оваа блокада нема да има импликации врз тендерот за набавка на гориво и платите на вработените“, рече Кушевски.Кушевски посочи дека моментално не ја знае точната сума на долгот кон добавувачот, но нагласи дека се преземаат мерки за надминување на ситуацијата.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-27-at-14.20.57

Остануваме без нив: БРТ и еко-автобусите немаат поддршка во Советот

Согласнот за склучување договор за реализација на БРТ дадоа само 14 советници, што не беше доволно за да точката на дневен ред помине преку Советот на Град Скопје. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не дадоа поддршка за оваа точка, како и претходно, бидејќи и во текот на изборите сметаа дека тоа е погрешно.Не помина ниту одлуката за набавка на еко-автобуси, која ја поддржаа само 19 советници. Претходно имаше дискусија во која советничка Ирена Витина и советникот Александар Трајановски бараа од останатите да ја поддржат одлуката. Советничката од СДСМ, Љубица Јанчева посочи дека треба да се обрне внимание и на други детали од функционирањето во ЈСП како што е обука на кадарот за користење на автобусите кои сеа Владата ги набавува.

Скопје | пред 1 година

eko-avtobusi-1

Еколошките автобуси од ЕУ пристигнаа во ЈСП Скопје

Шест нови еколошки автобуси, донирани од Европската Унија, пристигнаа во депоата на ЈСП Скопје, како дел од проектот за намалување на аерозагадувањето и подобрување на јавниот превоз во главниот град.„Донацијата на овие шест автобуси е само дел од проект вреден 10 милиони евра, кој има за цел да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Северна Македонија. Автобусите, покрај тоа што ќе испуштаат помалку штетни материи, ќе помогнат и во подобрување на удобноста за граѓаните кои го користат јавниот превоз во Скопје. Ова е прв, транзициски чекор кон целосно зелен систем на јавен превоз. На долг рок, властите треба да се стремат кон тоа јавниот превоз да стане сè поприфатлива, поефикасна и поеколошка алтернатива за патување. Колку повеќе луѓе избираат јавен превоз, толку поголеми се шансите да го заштитиме животната средина и да ги подобриме условите за живеење“, изјави Н.Е. Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија.Овие еко-автобуси ќе се движат на внимателно планирани линии во Скопје за да опслужуваат високо-фрекфентни подрачја, особено за граѓаните со специфични транспортни потреби. Овие линии имаат за цел да обезбедат безбеден, достапен и доверлив јавен транспорт, овозможувајќи секој во заедницата да има подобрен пристап до основни услуги и безбедна мобилност.„Донацијата на автобусите од страна на ЕУ е голем успех на Градот Скопје и доказ за силната и безрезервна поддршка на Европската Унија. Оба е и доказ дека нашата градска администрација кога не е блокирана од никого навистина е способна да спроведе нешто што е од бенефит и за Скопје и за целата држава. Се надеваме дека овој проект ќе ги поттикне советниците во Советот на Град Скопје што е можно побрзо да го поддржат проектот за набавка на 250 нови еко автобуси.Градот Скопје е првата единица на локална самоуправа која пред повеќе од две години аплицираше и успешно имплементира проект поддржан од страна на ЕУ чија цел е подобрување на квалитетот на воздух и справување со загадувањето. Проектот на Град Скопје со кој аплициравме кој има за цел подобрување на квалитетот на воздухот, предвидува набавка на шест еколошки CNG автобуси за Градот Скопје, намалување на PM 2,5 и PM 10 емисиите преку транзиција на традиционалниот начин на затоплување на јавните објекти кон користење извори на чиста енергија во Скопје, изработка на Физибилити студија за проширување на системот за топлинска енергија, надградба на станици за следење на квалитетот на воздух со нова опрема и подигнување нови урбани зелени појаси со 3.000 дрвја во новите паркови кои ги градиме во Скопје“, истакна градоначалничката Данела Арсовска.Автобусите, произведени од најголемиот производител на комерцијални возила во Турција – BMC, се дизајнирани за ефикасност и одржливост. Со капацитет од 96 патници по автобус, 67 стоечки и 29 седечки места, како и специјализирани простори за патници со посебни потреби, овие автобуси ја отсликуваат најновата еко-технологија и ги исполнуваат стандардите на EURO 6. Се очекува автобусите да ги намалат емисиите на CO2, со проценета емисија од само 9 грама јаглероден отпечаток по километар по патник.За да се обезбедат високи стандарди на услугата, како дел од набавката спроведена од УНОПС, возачите на автобусите добија специјализирана обука од сертифициран возач од Турција, што им овозможи експертиза потребна за безбедно и ефикасно управување со овие напредни возила.„Предизвикот на загадувањето на воздухот е глобален и длабоко ги засега сите граѓани. Загадувањето на воздухот претставува предизвик за јавното здравје и квалитетот на живот, но и климатската отпорност. Секоја инвестиција во зелен транспорт, како оваа што ја правиме денес во Скопје, е инвестиција во подобра иднина за сите“, изјави претставничката на УНОПС, Микела Телатин.Се очекува автобусите значително да ги намалат емисиите на загадувачки супстанции и да донесат значителни оперативни заштеди во споредба со постарите дизел модели кои се во употреба. Секој еко-пријателски автобус се очекува на ЈСП Скопје да му заштеди и до 20,000 евра годишно трошоци за гориво и одржување во споредба со постарите дизел модели. Оваа промена значително ќе ги намали оперативните трошоци на градот, додека истовремено ќе придонесе за почиста животна средина.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Средношколците се приклучуваат на денешниот протест: Бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија се приклучува на протестот против недостигот на јавен превоз во Скопје.„Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија ја објавува својата активна поддршка и учество во претстојниот протест на петок, 22 ноември 2024 година, посветен на решавање на горливиот проблем со недостигот на јавен превоз во Скопје.Протестот ќе започне 14:00 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците, правејќи го секојдневното патување до училиштата низ градот сè потешко. Како млади луѓе кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици.Сојузот останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека нашите гласови ќе бидат слушнати за прашања кои го засегаат нашето образование и секојдневен живот“, се наведува во нивното соопштение.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Седум дена ќе му се позајмува гориво на ЈСП од резервите

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, објави дека е решен акутниот проблем со превозот во Град Скопје.„Како што најавив претходно, Совет на град Скоје на 21 ноември во вечерните часови одржа итна вонредна седница, петнаесетта по ред на овој состав во изминатите три години, посветена на колапсот со јавниот автобуски градски превоз во главниот град.Членовите на Совет од сите советнички групи беа на висината на задачата. Низ конструктивна двочасовна расправа укажаа на низата недостатоци во секојдневното работење на ЈСП-Скопје во изминатиот период и проблемите со кои се соочува претпријатието во обезбедувањето на витална функција за граѓаните на Скопје и сите останати кои на дневна уснова користат јавен автобуски превоз.По завршувањето на расправата со консензус беа формулирани заклучоци кои беа усвоени од страна на огромното мнозинство од присутните. Советниците ја поздравија соработката на град Скопје и Влада на РМ во решавањето на акутниот проблем со снабдување со гориво за автобусите на ЈСП преку позајмица од стоковите резерви, во траење од 7 дена, додека ЈСП низ законска процедура, одобрена од Биро за јавни набавки, не склучи договор за снабдување со гориво во наредниот период“, објави Славески.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-10-04-at-13.50.22

Автобусите назад по улиците, ќе се сообраќаат како периодот пред да снемаат нафта

Во автобусите се наточи нафта од стоковите резерви на државата, па возачите се вратија на вообичаените линии. Од ЈСП нема детална информација колку автобуси се пуштени на терен утринава, откако вчера, се сообраќаа само 25 автобуси на гас. Очекувано е на градските и приградските линии да има автобуси, според истиот интензитет како до петокот.За денеска во 13:30 часот пред бараките на Град Скопје е најавен протест организиран од градоначалникот на Општина Шуто Оризари Курто Дудуш, а во 14:30 часот ќе се приклучат и студентите од УКИМ.Нормализирање на состојбите во градот побараа и советниците во Градот Скопје кои вчера на вонредна седница изгласаа заклучоци.

Скопје | пред 1 година

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

И студентите излегуваат пред Град Скопје денеска во 14:30 часот

Универзитетското студентско сообрание (УСС-УКИМ) за денес, 22 ноември, најавува протест поради проблемите со јавниот превоз што ќе се случува од 14 часот пред Стара Пошта и ќе продолжи во 14.30 часот пред Град Скопје.Организаторите ги повикаа сите да излезат на протестот и да го искажат незадоволството.По спроведената анкета на која одговориле 3.568 студенти, 85 отсто од нив рекле дека во последните денови чекаат автобус повеќе од 15 минути, а 66,7 проценти од нив, чекаат автобус над 20 минути.Дополнително, 93,6 отсто од студентите не се задоволни од квалитетот на јавен градски превоз во градот, а 66,7 проценти изјавиле дека од истите воопшто не се задоволни од истиот.Дополнително, организаторите на протестот апелираат на воспоставување на нови и ефикасни транспортни решенија и конечно отпочнување на предвидените инфраструктурни проекти најавени во градоначалничката предизборна програма, но и од страна на претходните градоначалници.Конкретно, барањата се следните: Продолжување и финализирање на проектот за Bus Rapid Transit; Воведување на градска железница со искористување на постоечките капацитети и изградба на пруга до Аеродромот Скопје; Отпочнување и финализирање на предвидените инфраструктурни проекти (Јужен Булевар, бул. Хрватска, бул. Србија, мостот кај Хотел Русија, продолжување на бул. Климент Охридски преку Вардар, под Кале до бул. Никола Карев, продолжување на бул. Илинден, Источна обиколница), Набавка на нови автобуси и отворање на нови автобуски линии; Надградба на велосипедската инфраструктура и промоција и поддршка на алтернативни видови на транспорт.

Скопје | пред 1 година

danela-avtobus-1170x780-1

Град Скопје ќе добие заем од државните резерви со нафта, за да има јавен превоз

Владата на денешната вонредна седница на која расправала за недостигот на енергенти за функционирање на јавниот сообраќај на територијата на Град Скопје, донела одлука да се вклучи во решавање на проблемот. Како што информираат оттаму, донесена е одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на град Скопје, поради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија.Со ова, додаваат од Владата, се овозможува да му се позајмат на Градот Скопје дел од нафтените резерви на државата.„Денес, меѓу другото, Бирото за јавни набавки донесе одлука со која се исполнети условите за спроведување на постапка со преговарање без објавување на оглас за да се скрати периодот за набавка на дериватот потребен на градот Скопје. Со ова Владата го затвора прашањето со настанатата потешкотија во работењето на градското претпријатие за јавен сообраќај“, велат од Владата.Претходно од Бирото за јавни набавки информираа дека управната контрола увидела дека ЈСП „Скопје“ избрало неприфатлива понуда за најповолна при набавката на горивото еуродизел. Оттаму посочија дека понудата, која била и единствена поднесена во постапката, не исполнува услов што самиот ЈСП го навел во тендерската документација.

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

Финансиската полиција испитува како се набавува мазут во ЈСП, кажа Обвинителството

Во врска со проблемот со јавниот превоз во Скопје, Основното јавно обвинителство Скопје ги следи сите информации.Од таму известуваат дека веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Бирото за јавни набавки се скара со ЈСП за набавката на нафта: нашле нерегуларности во тендерот

„Постапката за јавна набавка на Еуродизел, објавена од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон. Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува“, велат од Бирото за јавни набавки.„Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП.Управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола. Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката. Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот.Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава“, соопшти Бирото за јавни набавки.

Скопје | пред 1 година

avtobuska

(Фото) Граѓани се организираат да си помогнат оти нема автобуси: „Имам и бебе со мене, ама ќе се стуткаме“

Жителите на Скопје не знаат дали ќе имаат превоз, додека, градските власти молчат. Вчера дел од патниците чекаа автобуси и со часови, а и денеска состојбата не е ништо подобра. Нема одговори од ЈСП, дали и зошто нема нафта, кој ќе преземе одговорност што поради немање деривати возилата не можат да се вклучат во сообраќај. Вечерва од 18 часот ќе има и вонредна седница на Совет на град Скопје за да се види - каде е проблемот и што може да се реши итно.Во исто време, по групи на социјални мрежи, граѓани се организираат да се превезуваат групно со такси или приватни возила. Се пишуваат траси на поминување, за на секој што му одговара може да се приклучи во групата за да отидат од еден на друг крај од градот.Последните информации се. дека ЈСП нема нафта поради наводен долг кон „Пуцко петрол“. Град Скопје во понеделникот се пофали дека превоз во полн капацитет ќе има и покрај опструкциите. Два дена подоцна, оттаму само молк.За утре (петок), 13:30 часот е најавен протест пред Град Скопје.

Скопје | пред 1 година

avtobusi-skopje1

(Видео) Полни автобуски, нервозни граѓани: ЈСП молчи дали има нафта и дали ќе има превоз од попладнево

Состојбата со јавниот превоз во Скопје се влошува, сведочат патниците кои ги користат услугите и на ЈСП.Се жалат дека од утрово многу ретко има автобуси, некои од нив тврдат дека чекале и по два часа, но и натаму останува неодговорено прашањето дали претпријатието на Град Скопје останува без нафта.„Скопје1“ четврти ден нема добиено одговор од директорот на ЈСП, Драги Кушовски дали е точно дека се трошат и последните резерви на нафта.Вчера од Град Скопје испратија соопштение преку кое сакаа да лоцираат вина кај премиерот Христијан Мицкоски што нема нови автобуси, но не напишаа ниту збор за тоа дали воопшто има нафта и за постоечкиот возен парк.Од утрово „Скопје1“ забележа гужви на дел од автобуските станици како во приградските места, како Волково, така и во центарот на градот, кај „Рекорд“.Гужви има и на Железничката станица во Скопје. Иако се шпекулира дека од попладнево ќе нема градски превоз, но ниту за ова не се кажува ни збор од ЈСП или Градот кој го води Данела Арсовска.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

Дудуш организира протест поради хаосот со градскиот превоз: Граѓаните ги губат работните места, учениците отсуствуваат од часови, болните не можат да отидат на доктор

Градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш ги повика сите граѓани да се приклучат на протестот в петок од 13 часот пред канцелариите на Град Скопје за да го изразат незадоволството од хаосот со јавниот градски превоз.„Со цел изразување на своето незадоволство од нефункционирањето на јавниот сообраќаен превоз, општина Шуто Оризари ги подржува своите граѓани во организација на голем сенароден протест на граѓаните на општина Шуто Оризари пред Градот Скопје и ги повикува сите граѓани на Скопје да се приклучат“, вели Дудуш.Тој ги повика сите засегнати граѓани, ученици, студенти, работници и пензионери да бидат дел од протестот кој, како што вели „во моментов ни е крајно решение за да ни се реши проблемот со кој две години живееме во Шуто Оризари и Градот Скопје“.„Очекуваме преку протестот да пренесеме пораката до градоначалничката на градот Скопје и до ЈСП дека граѓаните на општина Шуто Оризари и воопшто граѓаните на градот Скопје треба да добиваат услуги за кои плаќаат и дека нефункционирањето на јавниот превоз веќе втора година не само што влијае на влошување на економската состојба на граѓаните кои треба да користат приватен превоз туку влијае и на губење на нивните работни места поради нередовост на работа, отсуство од часови на ученици и непосета на лекари од страна на постарите и болните лица“, додава градоначалникот на Шуто Оризари.

Скопје | пред 1 година

AVTOBUS-JSP

(Фото) Автобус на ЈСП се запали во Злокуќани при движење

Автобус на ЈСП се запалил во Злокуќани, а интервенирала и Противпожарната бригада. Ова се случило околу девет часот утрово, а за среќа, во автобусот во моментот, немало патници.Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.Ова не е прв автобус на ЈСП во изминативе месеци што гори среде автобуски станици. Претходно ова се случи и кај Железничката станица, како и Бутел. Постојано има дефекти, а јавноста го памети случајот кога гума на автобус излета среде Партизанска кај Соборниот храм.„Скопје1“ во повеќе наврати бара одговори од директорот Драги Кушовски, поставен од Данела Арсовска, која е причината што вакви автобуси воопшто се пуштаат во сообраќај, но и чија е вината. Претходно, од Кушовски баравме и одговор кој ќе понесе одговороност при евентуална несреќа. Од него нема одговори.Истовремено, Арсовска бара нови автобуси, но не е јасно зошто не се сервисираат и постоечките, за да може нормално да се сообраќаат. Советниците се децидни дека автобуси мора да се набават согласно соодветна постапка, но тоа не е решение. Тие гледаат спас во нормалнизирање на сообраќајот со приватните превозници и автобусите на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-09-02-at-08.29.55

(Видео) Протест пред канцелариите на Арсовска поради проблемите со јавниот превоз

Протест пред канцелариите на Данела Арсовска поради проблемите со јавниот превоз, најави Курто Дудуш, градоначалник на Шутка.„Секој ден се соочуваме со проблем, со немање јавен превоз, со саати чекање на автобуски станици. Нема да дозволиме на ова ладно време, на минусни температури, нашите жени, деца и стари да чекаат по два, три саати да чекаат автобус и тоа да биде како на лотарија - ќе дојде или нема да дојде“, рече градоначалникот на Шутка, Курто Дудуш.Како што најави Дудуш, мирниот протест ќе се одржи в петок од 13 часот.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-11-18-141600

„Голем срам за градот е да не можат да обезбедат нафта, не е само да седнете во фотелја, треба и да се работи“, велат од Независниот синдикат на ЈСП

Според Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП, јавното претпријатие се уште е без нафта. Од таму велат ова е голем срам за градот.„Се уште не е дојдена нафта од двете автобази. Со нафтата имаме проблем последните три месеци, а можеби и повеќе, последните 6 месеци. Секој ден кубуриме за нафта. И затоа денеска и мене ми се јавија патници, прашуваа. Не знам што се случува. За мене ова е голема неспособност, дали од градоначалничката, дали од директорите, јас мислам дека е од двете страни“, рече Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.„Да не можат обезбедат нафта, тоа е голем срам, голем срам за нив. Не е само да седнете во фотелја, да бидете градоначалник или да бидете директор на некое јавно претпријатие, туку да се работи, како што бараат од вработените возачи кои работат на овие услови без парно, без ништо“, изјави Африм Муча од независниот синдикат на ЈСП.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања