Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈСП

JSP

Средношколците од прва година, билети за автобус ќе добијат во училиште

Ги информираме учениците од прва година средно образование кои ги исполнуваат условите за бесплатен превоз, дека билетите ќе ги добијат во матичните училишта, велат од ЈСП.Тие додаваат:Учениците од повисоките одделенија, во случај да има потреба од нова електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје.Неопходно е да достават потврда од училиште и да платат еднократен надомест од 200 ден за изработка на картичката.Средношколските билети за бесплатно користење на јавен превоз, важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот, односно, единствено не важат за користење на ноќни линии.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Возачот на ЈСП кој претепа патник е суспендиран, се гледаат снимките

Ве информираме дека ЈСП Скопје веднаш презеде мерки за расчистување на инцидентот кој се случи вчера вечерта во возило на ЈСП на линија 24 помеѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот.Денеска, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.Министерството за внатрешни работи го потврди немилиот настан кој вчеравечер се случил во автобус на ЈСП каде возачот по претходно несогласување со еден од патниците, физички го нападнал и му нанел видливи повреди.– На 19.07.2022 во 21.17 часот во Полициска станица Карпош е пријавено дека лице кое управувало автобус на ЈСП број 24, по претходно недоразбирање, физички нападнало патник во автобусот. Се работи на расчистување на случајот – информираат од СВР Скопје за Плусинфо.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Воведени две дополнителни редовни автобуски линии на ЈСП - Скопје

Советот на Град Скопје денеска на 13-тата седница ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје, со која се воведуваат две нови редовни автобуски линии.Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити Мол) до Жданец, а ќе се движи по ул. Жданец, ул. Трнодол, ул. Козле, бул. 8-ми Септември, бул. Партизански Одреди и Карпош 3 (Сити Мол) и обратно.Втората автобуска линија е со број 50А, која ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по ул. 1646, ул. Благоја Стефковски, бул. Александар Македонски, бул. Крсте Петков Мисирков, бул. Гоце Делчев, ул. Филип Втори Македонски, ул. Димитрие Чуповски, бул. Св. Климент Охридски и бул. Мајка Тереза и обратно.Покрај двете нови линии, се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, а истите врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.

Скопје | пред 3 години

jsp-avtobus

Арсоска: Жал ми е што ЈСП ќе штрајкува, не знам зошто има потреба од вакви активности

Независниот синдикат на ЈСП најавува штрајк, бараат подобри услови за работа. Скопската градоначалничка Данела Арсовска кажа дека штрајкот е политички мотивиран. Според неа, не треба тоа да го прават, но не најави како ќе го спречи ова.„Многу ми е жал. Тоа претпријатие е останато девастирано од претходното раководство. Тие не успеале да ги сервисираат ниту новите возила од 2019 година, а да не зборам за експонатите. Независниот синдикат не знам зошто покренува вакви активности, можеби и политички е мотивирано, бидејќи беше разговарано за скалесто зголемување во рамки на сите претпријатија. Тоа не е добро за нив како синдикат бидејќи го губат својот кредибилитет во процесот на преговарање, а го нарушуваат она што вработените го имаат“, кажа Арсовска.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

За Задушница ќе се пуштат дополнителни автобуси

Ве информираме дека поради верскиот празник Задушница, во петок (10.06.2022 година) јавниот превоз ќе сообраќа по саботен возен ред.Во петок, сабота (11.06.2022 год) и недела (12.06.2022 год) на линиите 59 (Карпош3-Кучевишка бара-Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче-Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода-Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.Распоредот на возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје (www.jsp.com.mk).

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Во недела повеќе линии ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот

Во недела (8.05.2022 год), поради одржување на уличната трка Халк Еко „Скопје трча 10 км“, во период од 8 до 11.30 часот, линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а, 59 и 60 ќе возат по изменет режим од вообичаениот.ТРАСИ НА ДВИЖЕЊЕЛиниите 2, 4, 11, 11а, 12, 21, 22, 22А, 32, 56, 56а и 60 во правец кон Ѓорче Петров, кога ќе пристигнат кај ТЦ „Сити мол” ќе вртат лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и од Порта Влае, секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.• Во обратна насока, сите ќе сообраќаат по вообичаената траса.Линија 8 од мост „Гоце Делчев“ по булевар „ВМРО“, ќе продолжува по булевар „Партизански одреди“ се до ТЦ „Сити мол“, потоа лево по улица „Московска“, па десно по улица „Војвода Васил Чакаларов“ и кај Порта Влае ќе продолжува кон својата почетна постојка.• во обратна насока, се до Соборен хром ќе сообраќа по булевар „Партизански одреди“, па по булевар „ВМРО“, мост „Гоце Делчев“, па по својата вообичаена траса.Линиите 7, 15, 15А, 19 и 59 во правец од Карпош 3 према Центар ќе сообраќаат по улица „Карпошово востание“, улица „Бледски договор“, булевар „Партизански одреди“ од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.Линијата 15А ќе сообраќа како линија 15.Линиите 15, 15А и 19 во Карпош, за терминал ќе го користат терминалот од линиите 7 и 59.

Скопје | пред 3 години

jsp-avtobus

Објавен распоредот на автобуси за време на празниците

ЈСП информира дека поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и верскиот празник Рамазан Бајрам, во понеделник (2.05.2022 год), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИВо понеделник, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.Утре, сабота (30.04.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а недела (1.05.2022 год) е неработен ден за сите продажни места.РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦАЖичарницата за време на претстојниот викенд, како и во понеделник ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот.

Скопје | пред 3 години

274777960_1820594071463479_5708202531372724237_n

Неделен возен ред за време на претстојните празници

По повод претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (22.04.2022 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 11, 11А, 18 А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 64А, 65А, 70, 74, 80А, 81, 118, 160 и 180 кои ќе возат по делничен возен ред.Во сабота (23.04.2022 год), недела (24.04.2022 год) и понеделник (25.04.2022 год) автобусите на сите линии ќе сообраќаат по неделен возен ред.РАБОТНО ВРЕМЕ БИЛЕТАРНИЦИУтре и во недела, од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе работат вообичаено, а понеделник е неработен ден за сите продажни места.РАБОТНО ВРЕМЕ ЖИЧАРНИЦАЖичарницата утре, во сабота и недела ќе функционира вообичаено, од 10 до 18 часот, а во понеделник нема да работи.РЕЖИМ НА СООБРАЌАЊЕ НА ЛИНИИТЕ ДО СРЕДНО ВОДНОЛиниите 25 (Транспортен центар-Средно Водно), 25А (Автомакедонија-Средно Водно) и 25Б (Дом на печат-Средно Водно) во понеделник нема да сообраќат, а во останатите празнични денови ќе возат по неделен возен ред.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-04-03-103400

(ВИДЕО) Шофер во ЈСП наместо рампа за лице со попреченост, му затвори врата и замина

Видео на кое автобус на ЈСП не ја спушта пристапната рампа за лице со посебни потреби, деновиве се прошири на социјалните мрежи.На видеото лицето ги замолува патниците да го информираат возачот на авотбусот дека треба да ја спушти пристапната рампа. Наместо тоа, возачот ги затвара вратите и продолжува кон следната постојка.„Џабе што има нови автобуси со рампи пристапни за лицата со посебни потреби, кога има несовесни шофери кои ги мрзи да станат и да отворат рампа. Лицата со посебни потреби оставени се на милост и немилост да чекаат некој следен автобус кој можеби ќе биде нов но ќе има исто несовесен шофер и нема да си ја изврши својата должност! Не е прв пат“, стои во описот на видеото.

Скопје | пред 3 години

20220325143806

Детали за опожарениот двокатен автобус

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) објави детали за настанот во кој беше опжарен двокатен „Јутонг“ автобус.„Неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета. Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници. Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот. Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета, стои во соопштениетоИнаку возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.Фото Курир 

Скопје | пред 4 години

Screenshot-2022-03-25-at-12.59.43

Се запали автобус на ЈСП во Нерези

Денеска, неколку минути пред пладне, во двоспратен автобус „Јутонг“ кој сообраќа на линија 57 избувнал пожар, во кој за среќа нема повредени патници, причинета е само материјална штета.Во моментот на опожарувањето, автобусот бил на последната/почетната постојка во Нерези и во него немало патници.Внатрешната контрола на ЈСП Скопје веднаш излезе на терен, при што, од изјавата на возачот и околни сведоци, констатираше дека пожарот избувнал во делот кај што се наоѓа моторот.Благодарение на присебноста на возачот и неговата брза реакција, избегната е поголема штета.Возачот употребил два ПП апарати, а во меѓувреме интервенирало едно противпожарно возило.Случајот е пријавен и во МВР и во тек е утврдување на причините за настанот.

Скопје | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања