Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МАЃАР

media-librarynirps8kkv874e1vKn6n

Маѓар прогласи победа, Орбан му честитал: Благодарам, Унгарија

Со обработени 45,71 отсто од гласовите, опозициската Тиса дополнително ја зголемува предноста и веќе има 135 пратенички мандати на изборите во Унгарија.Според најновите податоци, Тиса има 40 мандати од листи и 95 во едномандатни изборни единици. Владејачката коалиција Фидес-КДНП е далеку зад со 57 мандати (46 од листи и 11 поединечно), додека Ми Хазанк има 7 пратеници.Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, веќе реагираше на резултатите со кратка порака: „Благодарам, Унгарија“.Тој на социјалните мрежи објави дека премиерот Виктор Орбан телефонски му честитал за победата, што е прв индикатор за признавање на изборниот резултат.Доколку трендот продолжи, Тиса е на чекор до убедливо мнозинство во парламентот од 199 пратеници, што би значело крај на долгогодишната доминација на Фидес и сериозен политички пресврт во земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Маѓар: Илјадници пријави за изборни нерегуларности, ќе следуваат тужби

Лидерот на опозициското движење Тиса, Петер Маѓар, во обраќање до јавноста порача дека денешниот ден во Унгарија претставува „празник на демократијата“, истакнувајќи ја рекордната излезност на гласачите.Тој им се заблагодари на сите граѓани што го искористиле своето право на глас, нагласувајќи дека ваква излезност не е забележана од 1990 година.„Луѓето ја почувствуваа важноста на изборите“, рече Маѓар, додавајќи дека благодарност заслужуваат сите, без оглед за кого гласале.Осврнувајќи се на анкетите, Маѓар потенцираше дека целта на неговата партија не е победа во истражувањата на јавното мислење, туку на изборите. Тој изрази оптимизам за исходот, но нагласи дека станува збор за „внимателен оптимизам“.Маѓар информираше дека Тиса примила илјадници пријави за наводни изборни нерегуларности, од помали до посериозни случаи, најавувајќи дека ќе бидат преземени сите правни чекори.„Секој што сторил изборна измама ќе одговара пред законот“, порача тој.Во своето обраќање, тој им се заблагодари и на повеќе од 50.000 волонтери и набљудувачи, оценувајќи дека нивното присуство е неопходно поради, како што рече, нефункционалноста на системот.На крајот, Маѓар ги повика поддржувачите да останат мирни и достоинствени, демантирајќи информации дека партијата подготвува какви било активности по објавувањето на резултатите.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryqc43aih88i6h0oz63sv

Противникот на Орбан со остра порака за изборните нерегуларности: „Препорачувам никој да не оди во затвор наместо мафијата на Фидес“

Лидерот на опозициското движење Тиса, Петер Маѓар, по гласањето во Будимпешта упати остри пораки до власта, обвинувајќи ја за можни изборни нерегуларности и повикувајќи на строга примена на законот.Маѓар, кој гласаше во детска градинка во 12. округ на Будимпешта, изјави дека очекува рекордна излезност и предупреди дека на одредени избирачки места резултатот може да биде решен со само еден или два гласа.Тој откри дека преку партиската веб-страница досега се примени околу 60 пријави за изборни неправилности и ги повика надлежните институции да постапуваат согласно законот и својата заклетва.„Не препорачувам никому да оди во затвор наместо мафијата на Фидес“, порача Маѓар, испраќајќи директна критика кон владејачката структура.Изјавата доаѓа во момент на зголемени политички тензии и неизвесност околу исходот од изборите во Унгарија, кои се сметаат за едни од најнеизвесните во последните години.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryu6a3mq1f4knr2NjXDmu

Од инсајдер до главен предизвикувач: Кој е Петер Маѓар, кој е најголема закана за власта на Виктор Орбан

До пред неколку години, името на Петер Маѓар беше познато само во тесни политички кругови во Унгарија. Денес, тој е најсериозниот предизвикувач на долгогодишната власт на Виктор Орбан, благодарение на скандал што ја разниша владата и ја отвори вратата за неговиот брз политички подем.Пресвртницата дојде во 2023 година, кога Маѓар објави тајна аудиоснимка од неговата поранешна сопруга, Јудит Варга, тогашна министерка за правда. На снимката, таа зборува за наводно мешање на власта во корупциски случај – обвинувања што предизвикаа политичка експлозија и го катапултираа Маѓар во јавноста.Од функционер од среден ранг, Маѓар за кратко време се претвори во лидер на движењето „Тиса“, кое стана прибежиште за разочарани гласачи од различни политички табори. Во пресрет на изборите, неговото движење бележи сериозен раст и се наметнува како реална закана за владејачката Фидес.Потенцијалната победа на „Тиса“ би значела крај на 16-годишната доминација на Орбан, но и можна промена на курсот на Унгарија кон Европската унија, со намалување на тензиите со Брисел и дистанцирање од Москва.Сепак, Маѓар останува контроверзна фигура. Неговото минато во системот на Фидес, остриот стил и обвинувањата од поранешни соработници отвораат дилеми и кај дел од опозицијата. Критичарите го опишуваат како „тежок карактер“, но истовремено признаваат дека токму таков профил можеби е неопходен за да се соочи со моќната политичка машинерија на Орбан.Неговиот подем е засилен и од личната приказна – по разводот со Варга и политичките судири, Маѓар реши јавно да се спротивстави на системот во кој со години бил дел. Таа трансформација, од инсајдер во критичар, му донесе кредибилитет кај дел од гласачите кои го гледаат како човек што го познава системот одвнатре.И покрај организациските проблеми и внатрешните тензии во движењето, „Тиса“ успеа за кратко време да изгради мрежа на поддржувачи и да мобилизира десетици илјади луѓе.За неговите поддржувачи, Маѓар не е само политичар, туку симбол на можноста за промена. За противниците – ризик и непредвидлив фактор.Како што се приближуваат изборите, останува клучното прашање: дали овој „бунтовник од системот“ ќе успее да ја прекине ерата на Орбан – или ќе биде уште еден неуспешен обид на унгарската опозиција.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања