Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МАЃАР

media-library1inqppkbqmcq4usy8Jp

Мaѓар со порака до Нетанјаху: „Ако влезе во земјата – ќе биде уапсен“

Унгарскиот премиер Петер Мaѓар изјави дека неговата земја повторно ќе се приклучи на Меѓународниот кривичен суд (ICC) и дека ќе биде подготвена да ги спроведува налозите за апсење, вклучително и оној што се однесува на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, минатата година најави повлекување на Унгарија од Меѓународниот кривичен суд, откако го прими Нетанјаху во Будимпешта. Повлекувањето требаше да стапи на сила на 2 јуни оваа година.Веднаш по победата на парламентарните избори на 12 април, Петер Мaѓар најави дека има намера да ја врати Унгарија во Меѓународниот кривичен суд.Истовремено, израелските медиуми известија за негов телефонски разговор со израелскиот премиер, во кој Мaѓар го поканил Нетанјаху во Будимпешта на 23 октомври, по повод 70-годишнината од унгарското востание против Советите во 1956 година.Кога новинар во понеделникот го праша дали гледа контрадикција во тоа, Мaѓар објасни дека упатил покани до сите лидери со кои разговарал телефонски.„Ако некоја земја е членка на Меѓународниот кривичен суд и лице за кое постои налог за апсење влезе на нејзина територија, тогаш таа личност треба да биде уапсена“, додаде Маѓар на прес-конференција по првиот состанок на неговата пратеничка група во парламентот.Истовремено, тој рече дека „не мора сè да се кажува преку телефон“, бидејќи претпоставува дека секој шеф на држава и влада ги познава тие закони.Меѓународниот кривичен суд со седиште во Хаг издаде налог за апсење на Бенјамин Нетанјаху во 2024 година поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа.

Свет | пред 2 дена

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Маѓар ги откри првите министри на новата влада

Лидерот на унгарската партија Тиса, Петер Маѓар, ги објави првите седум кандидати за министри во идната влада, по состанокот на пратеничката група на партијата, нагласувајќи дека се во тек завршните консултации за формирање на кабинетот.Според неговите зборови, новата влада ќе има вкупно 16 министри, без формирање „суперминистерства“, при што секој сектор ќе има посебно ресорно министерство, пренесува „Маѓар Немзет“.Маѓар го номинираше Андраш Карман за министер за финансии, Анита Орбан за министерка за надворешни работи и Иштван Капитани за министер за економија и енергетика во новоизбраната влада, како што претходно беше најавено.Десноцентристичката партија Тиса на Маѓар оствари убедлива победа на изборите одржани на 12 април, со што беше ставен крај на 16-годишното владеење на десничарскиот премиер Виктор Орбан.„Веќе неколкупати кажавме – ова е огромен мандат, огромно мнозинство и најмалку толкава одговорност. Ова беше клучната точка на денешниот состанок на парламентарната група, да разговараме со нашите пратеници што значи оваа одговорност и како можеме да ја исполниме 24/7, секој ден во годината“, изјави Маѓар.Тој посочи дека неговата влада би можела да ја преземе власта до 11 мај, откако се очекува да положи заклетва на 9 или 10 мај на конститутивната седница на парламентот.Додаде дека преговорите за формирање на владата сè уште траат и дека во наредните денови ќе бидат објавени и останатите министерски позиции.

Свет | пред 2 дена

media-library7k2l68qh265k6j6nMSU

Маѓар со тешки обвинувања: Орбан наводно му помагал на Фицо со мигранти

Изјавите на идниот унгарски премиер Петер Маѓар за нелегалната миграција предизвикаа силни реакции во Словачка, откако тој изнесе обвинувања на сметка на поранешниот премиер Виктор Орбан и словачкиот лидер Роберт Фицо.На прес-конференција по изборите, Маѓар изјави дека, за разлика од Орбан, новата унгарска влада нема да ослободува осудени криумчари на мигранти ниту да ги пренасочува мигрантите кон словачката граница за политички цели. Со ова, тој алудираше дека Орбан наводно му помогнал на Фицо за време на изборната кампања во 2023 година.Овие тврдења се надоврзуваат на настаните од тој период, кога Словачка бележеше ненадеен пораст на мигранти кои пристигнувале преку Унгарија, иако претходно не била дел од главните миграциски рути. По изборите, притисокот на границата нагло се намалил, што дополнително ги поттикна сомнежите кај дел од јавноста.Словачката опозиција остро реагираше, обвинувајќи го Фицо дека евентуално манипулирал со миграциската криза за политичка корист. Лидерот на партијата Демократи, Јарослав Наѓ, оцени дека доколку овие тврдења се покажат како точни, станува збор за сериозна злоупотреба на безбедносните прашања.Во меѓувреме, дел од опозициските партии побараа парламентарна истрага, додека други веќе поднеле кривични пријави. Поранешниот министер за внатрешни работи Роман Микулец изјави дека можно е кризата да била дел од политичка стратегија.Засега нема јавни докази што ги потврдуваат овие обвинувања, а Роберт Фицо не се огласи. Неговите сојузници ги отфрлија наводите како неосновани и апсурдни.

Свет | пред 6 дена

media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Маѓар најави состанок со шефот на енергетската компанија МОЛ

Победникот на унгарските парламентарни избори Пeтер Маѓар најави дека денеска ќе се сретне со претседателот на управниот одбор на енергетската компанија МОЛ, Жолт Хернади.Маѓар соопшти дека од него ќе побара информации за сигурноста на снабдувањето со гориво во Унгарија, како и преиспитување на исплатата на дивиденда за Фондацијата „Матјаш Корвинус Колегиум“.Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Маѓар истакна дека очекува МОЛ да не исплати дивиденда во износ од 25 милијарди форинти на оваа фондација со седиште во Будимпешта.Неколку дена пред изборите беше објавено дека групацијата МОЛ одобрила финансиски извештај за 2025 година и донела одлука за исплата на вкупна дивиденда од 241 милијарда форинти, што претставува зголемување во однос на претходната година.Според порталот „Теlex“, околу десет проценти од акциите на МОЛ се во сопственост на Фондацијата „Матјаш Корвинус Колегиум“, поради што дел од дивидендата завршува кај оваа институција поврзана со политичкото опкружување на премиерот Виктор Орбан.Претседателот на управниот одбор на МОЛ, Жолт Хернади, изјави дека 2025 година била тешка поради регулаторни промени, прекини во снабдувањето со нафта и пожар во рафинеријата, но дека компанијата излегла посилна од тие предизвици.Тој претходно изјави дека се запознал со Маѓар во 2023 година, но оттогаш не се сретнале, додавајќи дека МОЛ е „неизбежен дел од унгарската економија“.

Свет | пред 6 дена

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Маѓар до Фидес: Нема да заборавиме што направивте, ќе го пожнеете тоа што сте го посеале

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, упати порака до партијата Фидес, наведувајќи дека таа ќе мора да сноси одговорност за политиките што ги водела во изминатите години.Во објава на социјалната мрежа Икс, Маѓар порача дека раководството на Фидес не може да се огради од последиците од своето владеење.„На раководителите на Фидес им порачувам: колку и да се правите дека ништо не се случило, знаеме што ѝ направивте на нашата татковина и на унгарскиот народ. Не се сомневајте ни за момент – ќе го пожнеете тоа што сте го посеале“, напиша тој.Магјар на изборите оствари убедлива победа со својата партија Тиса, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Според оценките, станува збор за еден од најголемите политички пресврти во поновата унгарска историја, по кој се очекува формирање нова влада.Неговата кампања беше насочена кон борба против корупцијата и реформа на системот изграден во изминатата деценија, со силна поддршка од урбаните гласачи и помладите генерации.По изборната победа, Маѓар за првпат гостуваше во унгарските јавни медиуми, каде остро ги критикуваше државните телевизиски и радиопрограми, нарекувајќи ги пристрасни и пропагандни.Тој најави дека ќе бидат воспоставени независни и објективни медиуми и дека ќе се преиспита работата на јавниот радиодифузен сервис.Во своите изјави, Маѓар оцени дека во изминатите години државните медиуми функционирале како пропаганден систем и најави длабоки реформи во медиумскиот простор.Тој исто така најави мерки за деблокирање на средствата од Европската Унија, вклучувајќи приклучување кон Европското јавно обвинителство, зајакнување на независноста на институциите и враќање на автономијата на универзитетите.Според неговите проценки, претходната власт годишно трошела околу 600 милијарди форинти за пропагандни активности.

Свет | пред 6 дена

media-librarymq408sfbvekv546rBpL

Јудит Варга негира дека напишала книга за екс-сопругот Петер Маѓар

Поранешната унгарска министерка за правда Јудит Варга јавно ги демантираше наводите дека е автор на мемоари или биографска книга во која наводно го обвинува нејзиниот поранешен сопруг, идниот премиер на Унгарија Петер Маѓар, оценувајќи ги тие информации како целосно неточни.Варга на својот профил на Фејсбук порача дека не постои книга со наслов „16 години со чудовиштето“ и дека таа не е автор на никакви мемоари, директно отфрлајќи ги објавите што се појавија на социјалните мрежи и во дел од медиумите.Според проверките на фактите, вклучително и анализи на организацијата Lead Stories, ваквите тврдења се неточни и не постојат докази за постоење на таква публикација, а првично се појавиле на социјалната мрежа X и биле проширени преку повеќе профили со сензационалистички содржини.Во извештаите се наведува дека дел од објавите користеле наводни цитати и слики од непостоечка книга, а приказната потоа била преземена и од некои портали, што дополнително придонело за нејзиното ширење.Факт-чек анализите укажуваат дека станува збор за координирано ширење дезинформации, додека дел од медиумите посочуваат и на можни политички мотиви и надворешни влијанија зад кампањата.Јавниот и приватниот однос меѓу Варга и Маѓар и понатаму останува предмет на интерес во унгарската јавност, особено по нивниот развод и подоцнежниот политички подем на Маѓар, кој станува една од клучните опозициски фигури во земјата.

Свет | пред 1 седмица

media-library59kjhcqbmnm64WOjDTm

Маѓар го покани Нетанјаху во официјална посета на Унгаријa

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека новиот унгарски премиер Петер Маѓар во „срдечен воведен разговор“ изразил намера за продолжување на блиските односи меѓу Унгарија и Израел.Според соопштението, разговорот се однесувал на идната соработка меѓу двете земји, при што се наведува дека Маѓар ја истакнал подготвеноста за зајакнување на билатералните врски.Во истото соопштение се наведува и дека Нетанјаху бил поканет во Унгарија на одбележување на 70-годишнината од револуцијата во 1956 година.Сепак, евентуалната посета се соочува со правна пречка, бидејќи против Нетанјаху постои налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд (ICC) по обвинувања за воени злосторства, а како членка на судот, Унгарија би имала обврска да постапи по налогот доколку тој влезе на нејзина територија.

Свет | пред 1 седмица

media-library3r3uf893jpbf7Z4teIY

(Видео) Маѓар објави снимка: на балкон го видел Орбан и прашал дали вежба проштален говор

Победникот на изборите во Унгарија, Петер Маѓар, објави видео од претседателската палата „Шандор“ во Будимпешта, при што во еден момент во кадарот се појавува и Виктор Орбан.Додека бил во обиколка со претседателот, Маѓар го забележал Орбан на балкон во соседната зграда и ја опишал сцената како „апсолутно филмска“.Во објавата тој додаде дека „животот е најголемиот режисер“, алудирајќи на политичката промена по изборите, во кои заврши 16-годишното владеење на Орбан. Во објавата поставил и прашање што, според него, Виктор Орбан го чита, нудејќи неколку опции: дали тоа е неговиот проштален говор, спортски вести или денешната изјава на Доналд Трамп.На изборите, според резултатите, победата на Маѓар се толкува како голем политички пресврт, при што неговата кампања беше насочена кон борба против корупцијата и промени во политичкиот систем.Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп претходно го опиша Маѓар како „добар човек кој ќе заврши добра работа“.

Свет | пред 1 седмица

media-library6qv6iih4b2u76MjG3Ix

(Видео) Маѓар му мавтал на Орбан од тераса на претседателската палата – тој не го забележал, бил зафатен со читање

Лидерот на победничката партија „Тиса“, Петер Маѓар, за време на средба со унгарскиот претседател Тамаш Шјулок доживеал необичен момент кога од терасата на претседателската резиденција го забележал премиерот Виктор Орбан како се движи во близина на објектот и нешто чита.Настанот се случил за време на официјалната посета во претседателската палата „Шандор“, кога Маѓар и Шјулок излегле на терасата со поглед кон Дунав и панорамата на Будимпешта. Во тој момент, од соседниот објект, според унгарските медиуми, бил забележан Орбан како се движи по балкон во просторот на Будимскиот замок.Маѓар коментирал дека станува збор за случајна и необична сцена, опишувајќи ја како „апсолутен хит“, а подоцна на социјалните мрежи споделил дека „животот е најголемиот режисер“, алудирајќи на необичната коинциденција на настаните.Според неговата објава, додека разговарал со претседателот за политичката состојба во земјата, од соседната позиција го забележал премиерот, кој во тој момент, како што изјавил, бил зафатен со читање.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryv0255g2l3rfp9V5zNvl

Петер Маѓар побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шјулок

Лидерот на победничката партија „Тиса“ на неодамнешните избори, Петер Маѓар, побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шјулок, оценувајќи дека тој треба да се повлече по формирањето на новата влада.Маѓар, пред средбата во претседателската резиденција, изјави дека ќе му ја пренесе „волјата на унгарскиот народ“ дека шефот на државата треба да ја напушти функцијата откако ќе дојде до промена на власта. Тој додаде дека ќе го слушне ставот на претседателот, но повтори дека Шјулок, според него, „не може да го претставува единството на унгарската нација“ и не е способен да биде „морален компас и пример“ за граѓаните.По средбата, Маѓар изјави дека го повикал претседателот доброволно да се повлече, предупредувајќи дека во спротивно ќе се пристапи кон уставни промени. Тој додаде дека Шјулок изразил подготвеност да ги разгледа неговите аргументи.Според унгарските медиуми, на средбата било разговарано и за доделување мандат за состав на нова влада, како и за можноста парламентот да се состане на почетокот на мај, по што новата влада би можела да биде формирана во текот на истиот месец.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryribihh70o3ln82YXjU8

(Видео) Маѓар во жесток судир со водителка: „Ќе ги гасам пропагандните медиуми“

Лидерот на партијата Тиса, која победи на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар учествуваше во директна програма на Кошут радио, каде што дојде до повеќе прекини и вербални судири меѓу него и водителката.На почетокот од разговорот, Маѓар изјави дека, по формирањето на владата, планира да го прекине емитувањето на, како што ги нарече, „пропагандните медиуми“, како и донесување нов закон за медиуми и формирање ново регулаторно тело, пренесе порталот „ВГ“.Во текот на емисијата, водителката и Маѓар повеќепати се прекинуваа меѓусебно, при што водителката инсистираше да ги поставува прашањата и тврдеше дека на Маѓар претходно му биле упатувани покани за гостување, додека тој наведе дека немал можност да се појави во јавните медиуми во последната година и пол.Во продолжение, Маѓар зборуваше за плановите на својата партија, вклучително и мерки против корупцијата, основање Национална канцеларија за враќање и заштита на имотот, како и покренување истраги за имотот на пратениците и нивните семејства во изминатите 20 години.Исто така, најави економски мерки, вклучително и заживување на економијата, развој на болниците, продолжување и проширување на субвенциите за режиски трошоци, како и намалување на ДДВ за огревно дрво. Говорејќи за енергетиката, Маѓар рече дека целта е обезбедување најниска можна цена, сигурност и одржливост на снабдувањето, со заштита на системот дури и во случај на меѓународни конфликти.На прашањето за надворешнополитичките контакти, тој изјави дека не разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, образложувајќи дека сè уште не е на функцијата премиер. Во текот на емисијата, водителката во повеќе наврати го повикуваше Маѓар да им се обрати на слушателите и да ги прецизира политичките планови, додека тој тврдеше дека таа го прекинува и не му дозволува целосно да ги изнесе своите ставови.

Свет | пред 1 седмица

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ одговори на Маѓар: „Нема кумови зад нашите односи“

Александар Вучиќ одговори на изјавите на идниот премиер на Унгарија Петер Маѓар, оценувајќи дека тврдењата за „кумови“ во политичките односи се неосновани и политички мотивирани.Вучиќ изјави дека со унгарскиот премиер Виктор Орбан го поврзува заедничка вредност која ја нарече „слобода“, односно слобода на говор, мислење и политичко делување, нагласувајќи дека тоа е суштината на нивната политичка соработка.Тој ја критикуваше изјавата на Маѓар за наводни „кумови“ зад политичките односи меѓу лидерите во регионот, оценувајќи дека станува збор за неосновани тврдења без докази, и побара појаснување од новиот унгарски лидер.Во својата реакција, Вучиќ истакна дека Србија спроведува истраги исклучиво врз професионална основа и дека резултатите од истрагите поврзани со наводни безбедносни инциденти ќе бидат доставени и до унгарската страна.Тој додаде дека неговото политичко делување е водено од интересите на државата и граѓаните, нагласувајќи дека останува посветен на соработката со меѓународни партнери и на односите со Унгарија.

Свет | пред 1 седмица

media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Маѓар: „Го знам кумот на врските меѓу Орбан, Вучиќ и Фицо“

Владата во која мнозинство ќе има партијата Тиса ќе спроведе истрага за наводен обид за напад врз гасоводот кај Канјижа, изјави победникот на изборите во Унгарија и лидер на Тиса, Петер Маѓар.Tој нагласи дека му е важно односите меѓу Србија и Унгарија да останат добри, пред сè поради Унгарците во Војводина, иако тврди дека знае кој „ги кумува“ блиските односи меѓу Александар Вучиќ, Виктор Орбан и Роберт Фицо. Посочи дека не сака да се меша во внатрешните работи на Србија, но додаде дека српскиот народ може да црпи „сила од изборниот резултат во Унгарија“.Маѓар рече дека за време на изборната кампања, на Велигден, се случила акција која, според него, наликувала на операција под лажно знаме, поврзана со наводен обид за напад врз гасоводот. Тој наведе дека премиерот Виктор Орбан однапред зборувал за можност за таков инцидент, што, според него, отвора сомнежи за целиот случај. Додаде дека новата влада ќе утврди што точно се случило и дали постоела реална опасност, при што истакна дека државното раководство мора да гарантира безбедност и стабилност.Тој се осврна и на односите меѓу Орбан, Вучиќ и Фицо, оценувајќи дека зад нив стојат одредени политички интереси, но нагласи дека Унгарија ќе настојува да ги зачува добрите односи со Србија и да не се меша во нејзините внатрешни процеси. Воедно, порача дека новата унгарска влада ќе продолжи да ги поддржува Унгарците во дијаспората, но дека средствата ќе бидат поефикасно насочени и без злоупотреби.

Свет | пред 1 седмица

nikola-gruevski

СДСМ: Време е за правда, Груевски на издржување казна!

СДСМ ја поздрави, како што наведува, јасната и недвосмислена порака на унгарскиот опозициски лидер Петер Маѓар, дадена на денешната прес-конференција, во која тој најавил промена во политиката на Унгарија кон лицата кои се бараат од правдата.Од партијата се наведува дека новата унгарска власт повеќе нема да обезбедува засолниште за лица кои, според нивните тврдења, избегнуваат правосилни судски одлуки, при што се истакнува дека Унгарија ќе соработува во нивно предавање на надлежните држави.Во реакцијата се посочува и дека Маѓар директно се осврнал на случајот со поранешниот премиер Никола Груевски, кого го опиша како лице поврзано со криминални дела, според ставот пренесен од СДСМ.Груевски, кој во 2018 година ја напушти земјата, со години престојува во Унгарија, каде што претходно доби политички азил од владата на Виктор Орбан.СДСМ оценува дека ваквите најави претставуваат крај на, како што го нарекуваат, периодот во кој Унгарија била засолниште за лица со правосилни пресуди, нагласувајќи дека судските одлуки мора да се спроведуваат без одложување.Во реакцијата се упатуваат и критики кон опозициската партија, при што се споменува дека, според нив, Христијан Мицкоски и неговата политичка структура со години го поддржувале Груевски.СДСМ заклучува дека, според нивниот став, се отвора нов период во кој треба да се обезбеди спроведување на правдата и издржување на изречените казни, оценувајќи дека граѓаните долго време го очекуваат таквиот исход.

Македонија | пред 1 седмица

media-library3u07d5ac11an7KWNONA

(Видео) Маѓар за Груевски: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци, тоа важи и за него

Унгарскиот опозициски политичар Петер Маѓар упати остри критики кон одлуката на владата на премиерот Виктор Орбан да им додели азил на полските политичари Збигњев Жиобро и Марцин Романовски, кои се соочуваат со обвиненија за злоупотреба на службената положба. Тој исто така потсети и на случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија.„Па, мислам дека зборував многу јасно за ова претходно, дека предложив да не купуваат никаков мебел во Унгарија од ИКЕА, бидејќи нема да останат долго. Унгарија нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. И тоа не важи само за нив, туку и за г-дин Никола Груевски, поранешниот северномакедонски претседател, кој исто така е осуденик. Но и тоа не е затоа што ова е праведно исто така очекуваме од другите европски земји, ако унгарски политички криминалци бегаат во други земји, да ги екстрадираат назад кај нас, во духот на европската соработка, овие потенцијални криминалци.И можам само да им предложам на г-дин Жигров и г-дин Романовски дека ако немаат што да кријат, тогаш треба да се вратат дома и да застанат пред народот — па тој беше министер за правда, значи мора да го познава полскиот правосуден систем — па треба да си го исчисти името од обвинувањата. И тоа не е моја работа.Значи, ќе најдеме начин, освен ако веќе не заминале, но ако не заминале, ќе ги екстрадираме во Полска“, изјави Маѓар

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryjvmdcvjcn8la9pmiT7F

Нови политички тензии во Унгарија: обвинувања за уништување документи

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, ја изнесе својата визија за надворешната политика на Унгарија, нагласувајќи дека земјата останува цврсто посветена на Европската Унија и НАТО, истовремено обвинувајќи ја досегашната власт за уништување документи во државни институции.Во своето обраќање до јавноста, тој истакна дека Европската Унија претставува мировен проект, спротивставувајќи се на, како што рече, „лагите на досегашната власт“, и вети дека во Брисел ќе ги застапува унгарските интереси решително, но со подготвеност за компромис.Маѓар нагласи дека унгарскиот народ јасно ја изразил својата припадност кон европското семејство и кон западните сојузи. Според него, граѓаните се горди на својата историска и културна врска со Европа и на членството во Европската Унија и НАТО, кои ги оцени како клучни безбедносни и политички рамки за земјата.Тој додаде дека Европската Унија има свои слабости, но дека станува збор за сложен систем составен од повеќе држави со различни интереси, во кој компромисот е неопходен. Посочи дека како поранешен дипломат со долгогодишно искуство во Брисел, добро ги познава институциите и начинот на нивното функционирање, што, според него, ќе му овозможи поефикасно застапување на унгарските позиции.Во делот за политичкото делување во рамки на Унијата, Маѓар порача дека Унгарија треба активно да учествува во процесите на донесување одлуки, истакнувајќи дека секоја држава има право и обврска да ги брани своите национални интереси, но без конфронтациска реторика кон европските институции.Истовремено, тој упати сериозни обвинувања кон министерот за надворешни работи Петер Сијарто, тврдејќи дека во Министерството се уништува важна документација поврзана со санкциите кон Русија. Според неговите тврдења, високи функционери биле вклучени во активности за отстранување документи, што го оцени како сериозен институционален проблем.Маѓар додаде дека овие случувања се одвиваат во период на зголемени политички тензии и обвини дел од досегашното раководство за нетранспарентно работење и прикривање информации.

Свет | пред 1 седмица

media-library6bi22uv8gvv63tlvg2S

Маѓар: Унгарија ќе започне нова политичка ера по победата над Орбан

Петер Маѓар изјави дека Унгарија започнува нова историска фаза по изборната победа над Виктор Орбан, нагласувајќи дека резултатите претставуваат „мандат каков што досега не е виден“.На првата прес-конференција по изборите, тој изјави дека неговата партија обезбедила 138 од вкупно 199 пратенички места, иако дел од гласовите сè уште се пребројуваат.Маѓар ја обвини досегашната власт за користење на „пропагандна машинерија“ и ширење дезинформации, тврдејќи дека државниот апарат бил ставен во служба на владејачката партија.Тој порача дека очекува брз процес на транзиција на власта и го повика претседателот Тамаш Сујок да го свика новиот парламент без одложување и да му го довери мандатот за формирање влада.Во своето обраќање, Маѓар оцени дека земјата под претходното раководство била сериозно економски и институционално ослабена, но најави дека неговата влада ќе работи во интерес на сите граѓани.

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryqc43aih88i6h0oz63sv

По победата на Маѓар, можно е брзо одмрзнување на европските средства за Украина

Победата на Петер Маѓар на парламентарните избори во Унгарија може да овозможи брзо одобрување на замрзнатите средства од Европската Унија наменети за Украина, изјави портпарол на германската влада.Станува збор за заем од 90 милијарди евра, кој досега не можеше да биде исплатен на Киев поради блокадата од страна на поранешниот премиер Виктор Орбан. Тој претходно како причина за блокадата го наведуваше спорот околу оштетениот нафтовод.„Постои надеж дека помошта за Украина може да биде одобрена многу брзо“, изјави портпаролот, додавајќи дека германската влада активно работи на тоа и очекува брзо формирање нова влада во Унгарија.Германскиот канцелар Фридрих Мерц претходно оцени дека донесувањето одлуки во рамки на ЕУ, вклучително и оние поврзани со Русија, ќе биде полесно по изборната победа на Маѓар.Во меѓувреме, дипломатите на ЕУ ќе одржат разговори за начини за забрзување на исплатата на средствата за Украина, при што актуелното претседателство со Советот на ЕУ го има Кипар.

Свет | пред 1 седмица

media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Маѓар повика на оставки на високи унгарски функционери

Петер Маѓар во неделата доцна навечер, во своето обраќање, повика повеќе високи државни функционери да поднесат оставка, меѓу кои и претседателот на Државниот ревизорски уред. Тој исто така побара оставка и од Петер Полт, кој раководи со Уставниот суд.Според Темелниот закон, претседателот на Државниот ревизорски уред го избира парламентот со двотретинско мнозинство од пратениците, за мандат од дванаесет години, а случаите за негов прекин се уредуваат со закон.Од Уставниот суд истакнаа дека институцијата ги извршува своите надлежности во рамки на важечкиот уставен поредок.

Свет | пред 1 седмица

media-librarymudcbjkca6691zt2xPu

Филатов: Украинците не треба да се радуваат на поразот на Орбан

Градоначалникот на Дњепар, Борис Филатов, порача дека Украинците не треба да се радуваат на изборниот пораз на унгарскиот премиер Виктор Орбан, оценувајќи дека нема основ за преголем оптимизам во однос на промените во Будимпешта.Филатов наведе дека новата влада предводена од партијата Тиса и Петер Маѓар нема автоматски да значи поповолен пристап кон Украина, туку дека односот кон Киев ќе треба да се потврди преку конкретни политички чекори.Тој истакна дека ставот на новото унгарско раководство кон Украина сè уште не е целосно јасен и дека ќе биде важно да се следат идните одлуки и политики.Филатов исто така повика украинската јавност да не го заборави, како што рече, негативниот однос на досегашната унгарска власт кон Украина во изминатиот период.

Свет | пред 1 седмица

media-library3d5305tm6b2r40BBFKZ

Јанковиќ: Победата на Мaѓар може да ги подобри односите меѓу Хрватска и Унгарија

Претставникот на унгарското малцинство во Хрватскиот парламент, Роберт Јанковиќ, изрази очекување дека односите меѓу Хрватска и Унгарија ќе продолжат да се развиваат во позитивна насока, по убедливата победа на Петер Маѓар и неговата партија Тиса на парламентарните избори.Јанковиќ оцени дека исходот од изборите претставува изненадување поради обемот на победата, иако, како што наведе, јавноста очекувала поизедначена изборна трка. Тој додаде дека политичките промени во Унгарија потсетуваат на изборните процеси во Хрватска од почетокот на 2000-тите години.Според него, за идните односи меѓу двете држави ќе биде значајна и фактот што новиот унгарски премиер Петер Маѓар и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се членови на Европската народна партија, што може да придонесе за дополнително зајакнување на соработката.Јанковиќ нагласи дека засега е прерано за подетални процени за надворешната политика на новата унгарска влада, но изрази надеж дека ќе биде задржан континуитетот во однос на политиките кон унгарските заедници надвор од Унгарија.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryjvmdcvjcn8la9pmiT7F

Адвокатот што ја разниша власта со порака до Маѓар: Победата не е доволна без промена

Анонимен адвокат познат под псевдонимот „Видеки Прокатор“, односно „Провинциски адвокат“, кој во јавноста стана препознатлив по разоткривањето на скандалот со помилувањето, испрати порака до Петер Маѓар. Овој истакнат критичар на владејачкиот систем, кого унгарските медиуми го нарекоа „човек од сенка“, целосно се фокусираше на изборите, за кои сметаше дека нема да ги решат само партиите и политичарите. Тој објави дека го затвора својот „политички дневник“, кој го водел од 2014 година, најавувајќи нова фаза од своето јавно делување.Името „Видеки Прокатор“ стана симбол на граѓанска храброст во февруари 2024 година, кога, истражувајќи судски регистри, откри дека тогашната претседателка Каталин Новак му дала помилување на лице вмешано во тежок скандал поврзан со злоупотреба на деца. Ова откритие предизвика силна реакција во јавноста и масовни протести во Будимпешта, по што Новак поднесе оставка, а поранешната министерка за правда Јудит Варга се повлече од јавниот живот.Од политичката криза што следуваше се издвои Маѓар, кој успеа да ја насочи јавната незадоволност и да стане лидер на нов политички правец. „Провинцискиот адвокат“, кој го нарекува „политички гениј“, се наметна како морален глас што го следи и поддржува неговото движење. Во својата последна порака тој изразува поддршка, но и предупредува дека изборната победа не смее да се сведе само на уривање на Виктор Орбан, туку мора да значи создавање нов систем.Со затворањето на својот долгогодишен дневник, анонимниот адвокат најавува ново поглавје, кое, според аналитичарите, може да значи подиректно вклучување во обликувањето на иднината на унгарската политика. Неговата порака е јасна – промените немаат вредност ако не донесат нова визија, а не само замена на постојниот поредок.

Свет | пред 1 седмица

orban-2

Поделени реакции во САД по изборниот пораз на Орбан

Американските демократи го поздравија изборниот пораз на Виктор Орбан, додека сојузниците на претседателот Доналд Трамп и дел од републиканците реагираа поделено на исходот од гласањето во Унгарија. Трамп отворено го поддржуваше Орбан во пресрет на изборите, вклучително и со кратко телефонско обраќање на предизборен митинг, но по 16 години на власт унгарскиот премиер беше поразен од кандидатот од десниот центар, Петер Маѓар, кој се залага за проевропски курс.Американски претставници од двете водечки партии му упатија честитки на Маѓар за победата. Дел од демократите резултатот го толкуваат како најава за претстојните избори во САД. Лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер, порача дека „самопрогласените диктатори порано или подоцна ја губат поддршката“, додека Хаким Џефрис оцени дека поразот на Орбан претставува удар за крајната десница.Од републиканскиот табор, сенаторот Роџер Викер изјави дека резултатите покажуваат отфрлање на влијанието на Владимир Путин, со кого Орбан со години одржува блиски односи. Според него, унгарските граѓани самостојно ја избрале својата иднина.Самиот Трамп засега не ги коментираше изборните резултати, иако претходно најави економска поддршка за Унгарија доколку Орбан победи. Од друга страна, некои негови сојузници, меѓу кои и Илон Маск, изразија незадоволство од исходот, тврдејќи дека зад промената стојат структури поврзани со Џорџ Сорос.Поразот на Орбан доаѓа во време на негови долготрајни несогласувања со ЕУ, особено околу војната во Украина и неговите политики, кои често се опишуваат како „нелиберална демократија“.

Свет | пред 1 седмица

media-library174ko8rkoepv2yEnFKw

Кој е човекот што го победи Орбан: Подемот на Петер Маѓар

По изборниот пораз на Виктор Орбан, вниманието се насочува кон човекот што го победи – лидерот на Тиса, Петер Маѓар.Маѓар е 45-годишен адвокат кој до неодамна бил дел од системот на власта. Работел на позиции поврзани со државни институции и важел за човек близок до владејачките структури. Во јавноста долго време бил познат и како сопруг на поранешната министерка за правда Јудит Варга, членка на Фидес.Неговиот политички подем започна на почетокот на 2024 година, кога во ек на скандал објави снимка од разговор со Варга, во која таа зборува за наводни интервенции од врвот на власта во обвинителски предмети. Тој потег означи драматичен раскин со системот и му донесе огромно внимание во јавноста.За кратко време, Маѓар ја презеде Тиса и изгради силно опозициско движење, привлекувајќи гласачи разочарани од економската стагнација, растот на трошоците за живот и корупцијата.Во програмата најави враќање на демократските механизми, подобрување на односите со Европската унија и деблокирање на замрзнатите фондови. Меѓу првите чекори се споменува и приклучување кон Европското јавно обвинителство.Сепак, во дел од политиките останува близок до Орбан. Застапува тврд став за миграцијата, се противи на испорака на оружје за Украина и не дава јасни позиции за одредени општествени прашања.Аналитичарите посочуваат дека и покрај разликите, Маѓар и Орбан доаѓаат од сличен политички и идеолошки контекст, што остава отворени прашања за идната насока на Унгарија.Она што е сигурно е дека со победата на Маѓар, земјата влегува во нова политичка фаза по повеќе од една деценија доминација на Орбан.

Свет | пред 1 седмица

fon-der-lajen

Фон дер Лајен: „Унгарија ја избра Европа“

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, испрати силна и симболична порака по изборниот пресврт во Унгарија, нагласувајќи ја европската ориентација на земјата.„Унгарија ја избра Европа. Европа отсекогаш ја избирала Унгарија. Една земја повторно го враќа својот европски пат. Унијата станува посилна“, порача Фон дер Лајен.Изјавата доаѓа по убедливата победа на опозициската Тиса и нејзиниот лидер Петер Маѓар, што се оценува како значаен политички пресврт и сигнал за можна промена во односите меѓу Будимпешта и Брисел.Пораката на Фон дер Лајен се толкува како директна поддршка за новата политичка насока на Унгарија и потенцијално зацврстување на нејзината позиција во рамки на Европската унија.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања