Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

21082024-Mickoski-1

Мицкоски најави нова германска инвестиција за производство на литиумски батерии, во вредност од 65 милиони евра и 700 нови вработувања

„Да, веќе утре после напорна двомесечна работа и отстранување на сите оние недостатоци, коишто се акумулирале во месеците наназад, ќе имаме поставување на нов камен темелник на компанија којашто доаѓа од Германија“, најави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Тој информираше дека инвестицијата е отприлика 60 до 65 милиони евра, некаде околу 700 нови вработувања и дека ќе се произведуваат литиумски батерии и додаде:„Со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со зголемување на извозот, ќе биде намалена разликата односно дефицитот помеѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто домашниот производ“.„Така што еве да почекаме до утре па македонската јавност ќе биде сведок утре“, соопшти премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6408

Мицкоски: Со доградбата на детска градинка во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден нема повеќе листи за чекање за упис

„Добар ден од Општина Илинден,За нас како претставници од Владата, од Парламентот, градоначалници, претставува посебна чест и задоволство што објектот којшто го почнавме да го градиме со симболично би рекол поставување камен темелник пред неколку месеци, денеска го гледате завршен.Јас му честитам на градоначалникот за исклучително брзата реализација на ова изборно ветување, ветување со коешто практично во Општина Илинден ќе нема повеќе листи за чекање за упис во градинка, односно сите дечиња коишто ќе имаат потреба од сместување во објектите овдека во градинките во Општина Илинден ќе бидат сместени.Овој објект е со капацитет од шеесетина дечиња, инвестицијата е обезбедена комплетно од средства со коишто располага општината, а опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи еден заеднички проект и навистина мислам дека ваквите проекти ја враќаат довербата дека не се сите исти и дека можело поразлично, секој ден нов проект, секој ден ново изборно ветување, секој ден ново очекување на граѓаните коишто е испорачано.Така продолжуваме понатаму за нешто повеќе од два месеци оваа Влада направи навистина работи коишто изминатите години претходната Влада не можеше ниту пак да ги замисли.Така да уште еднаш му честитам на Александар, на советниците, на администрацијата, на луѓето од градинката за успешно, брзо, експресно завршен проект и им посакувам на дечињата да поминуваат навистина прекрасни мигови, бидејќи од тука ќе почнат да го чекорат својот животен пат и да се образуваат“., вели премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски: Нередот во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола, оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните

„Можам, исто така, со задоволство да кажам дека нередот кој што беше пракса за минатата влада на СДСМ и ДУИ во процесот на издавање на патните исправи и личните документи е целосно ставен под контрола и сега во рамките на законските 15 дена граѓаните можат да ги добијат патните исправи и другите лични документи“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.„Од информациите коишто ги добивам од Министерството за внатрешни работи, некаде околу 1.740.000 патни исправи се издадени и некаде околу 1.440.000 лични карти и некаде околу 750.000 возачки дозволи“, информираше Мицкоски.Тој, исто така, предупреди дека рокот за возачките дозволи е до крајот на годината и додаде:„Така што нема повеќе турканици, нема повеќе неред, нема повеќе понижување на македонските граѓани и сега веќе сé е во рамките на оние законски предвидени 15 дена. Тоа е уште еден доказ дека не се сите исти и дека принципот на раководење како до сега е во минатото и дека оваа Влада се грижи за интересите на граѓаните“.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

Мицкоски: Обезбеден е К-15 за 84 илјади вработени во вредност од една милијарда денари

„Во ребалансот на Буџетот, иако тоа во основниот Буџет не беше предвидено, во ребалансот на Буџетот се предвидени околу милијарда денари за исплата на К-15 која е законска обврска на сите работодавачи и оваа законска обврска, Владата како работодавач најголем има намера да ја заврши кон крајот на ноември месец, почеток на декември месец“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање и додаде:„Затоа што знаете согласно законот е потребно минимум шест месеци стаж да имате да го исполните правото да бидете примател на К-15 така што ќе овозможиме на голем број на наши сограѓани коишто во меѓувреме ќе се стекнат со работно место да може да добијат К-15.“Премиерот Мицкоски подвлече дека Владата преку ребаланс на Буџетот обезбеди К-15 за 84 илјади вработени чиј работодавач е Владата.„Така што околу милијарда денари коишто не беа предвидени во основниот Буџет со ребалансот се предвидени, некаде 83 до 84 илјади вработени чијшто работодавач е Владата ќе добијат К-15 крајот на ноември почеток на декември месец“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6398

Мицкоски: Среќен почеток на сите ученици во новата учебна година

„Добар ден од овде од Гази Баба, од ООУ Стив Наумов. За мене претставува навистина прекрасен ден затоа што некако денот на својот почеток започнува со одбележувањето на учебната година, иако симболично тоа би требало да биде на први септември, но бидејќи таков е календарот започнуваме од втори септември.На мое огромно задоволство можам да кажам дека оваа енергија којашто денеска ја почувствував овдека е прекрасна, дека дечињата желни за наука и желни за образование започнуваат да го чекорат својот образовен пат, зборувам за прво одделенчињата, за сите оние останатите тоа е веќе дополнително искуство, возбудени родители со многу убава позитивна емоција, нашата порака денеска е да имаат успешен прв учебен час, школски час и она коешто треба да го знаат е дека во животот ништо не доаѓа веднаш и ништо не доаѓа лесно, за се треба многу напор, за се треба многу труд да се вложи за да дојдеме до целта којашто сакаме да ја постигнеме.Од мене јас можам да им посакам многу убави школски денови, многу нови другарчиња и нормално се што сакаат во животот да им се исполни и да работат за тоа да им се исполни, бидејќи тоа е смислата и убавината на животот.Исто така дозволете ми да ја информирам македонската јавност дека разговаравме и со министерката за образование и наука, со директорката, со градоначалникот, со многу директори ширум Македонија а тоа е фактот дека за разлика од претходните години оваа година учебниците се или овие ден два ќе бидат пред учениците, нема да го имаме тој проблем којшто го имавме минатото.Се сеќавате од пред десет, петнаесет години кога зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радувам на максимата учебник за секое дете, но тоа е пак подобро од тоа што беше, што би рекол еден поранешен политичар во власта, како до сега принципот, сега не е како до сега во минатото, сега имаме нова ситуација тоа е добра ситуација за учениците, бидејќи ќе имаат учебници од коишто ќе можат да учат и да

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Владата ќе ја ограничи цената на училишните производи

Премиерот, Христијан Мицкоски изјави дека се прават анализи за намалување на трошоците на родителите на почетокот на учебната година.Се планира да се лимитираат цените на производите кои најмногу им се потребни на родителите.„Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6395

Мицкоски и Стефковски го пречекаа првачињата во Автокоманда

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците Жаклина Пешевска, Зоран Коцевски и Дијана Илиевска присуствуваа на пречекот на првачињата во ООУ Стив Наумов во Автокоманда.По завршување на пречекот на првачињата, градоначалникот Стефковски, премиерот Мицкоски и министерката Јаневска ги доделија бесплатните училишни униформи кои општина Гази Баба ги обезбедува за сите 6800 ученици, проект вреден 14.000.000 денари.За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:,,Среќно првачиња!На сите ученици и наставници да Ви го честитам почетокот на новата учебна година и Ви посакувам успех во учењето и работата.Утрово заедно со премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, пратениците, советниците и голем број родители бевме во општинското основно училиште Стив Наумов.Мојата порака до учениците е: образованието е едно долго патување. Другарувајте со книгите, бидејќи тие ќе Ви помогнат да стекнете нови знаења.На ова долго патување не заборавајте да другарувате помеѓу себе, бидејќи зад училишните клупи ќе го поминете најубавиот период од својот живот.Мојата порака до наставниците е: бидете креативни во работата бидејќи вие сте клучот за квалитетното образование на нашите деца.Бидете поддршка, инспирација и поттик на учениците за заедно да создадеме силни индивидуи кои утре ќе бидат движечка сила на општината и државата.Мојата порака до родителите е: бидете без грижа, Вашите најмили ги оставате во рацете на искусни просветни работници кои зад себе имаат создадено генерации на луѓе кои денес имаат различни одговорности во општеството.Нека е со среќа почетокот на учебната година.Нека е со среќа почетокот на процесот на образованието на новите првачиња.”, напиша Стефковски.

Скопје | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Филипче: Ако Мицкоски не ги сподели со ОЈО информациите за понуденото мито, тој е соучесник

Претседателот на СДСМ денес одговараше на новинарски прашања на поврзани со изјавата на Мицкоски дека му било понудено мито за Коридорот 8. Претседателот Филипче изјави дека е крајно несериозно различни функционери да даваат различни изјави по однос на овој проект кој е НАТО коридор и од стратешко значење на за државата. Тој рече дека зачудува што за наводното мито понудено на премиерот, ниедна друга институција која треба да спроведе истрага нема информација.„Тоа што го изјавува премиерот е многу сериозно. Но, зачудува што ниту една друга институција нема информација. ОЈО да отвори постапка и премиерот во таа постапка да ги каже сите информации. Ако тоа не се случи тоа е соучество на Мицкоски“ - рече претседателот Филипче.Тој го осуди однесувањето на Мицкоски кој од говорница и преку прес конференции води партиски ПР наместо да ги докажува своите сериозни обвинувања преку институциите.„Го осудувам тој пристап на употреба на говорница и ПР пораки за сериозни работи и обвинувања. Со ова Мицкоски докажува дека единствено што прави е политизирање и манипулација, неместо сериозна истрага и докази“ - рече претседателот Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_6307

Мицкоски: Благодарност до Хрватска и Пленковиќ за поддршката на Македонија кон ЕУ, во иднина продолжува соработката меѓу двете држави

„За мене претставува голема чест и задоволство што еве денеска можам од овде од Загреб да се обратам како премиер на мојата прва билатерална посета и со големо задоволство можам да кажам дека на оваа прва билатерална посета помеѓу министерствата за образование и наука и Министерството за здравје беа потпишани билатерални договори со кои што значително ќе се подобрат односите на двете земји коишто се и онака би рекол братски.Сакам да се заблагодарам на мојот драг пријател премиерот на хрватската Влада, господинот Андреј Пленковиќ, за гостопримството, за убавиот разговор, за прекрасната атмосфера којашто ја имаме овде во Загреб. И убеден сум дека братските односи помеѓу македонските и хрватските граѓани и во иднина ќе бидат на едно исклучително високо ниво, а ние како две влади ќе продолжиме да работиме за зголемување на соработката помеѓу граѓаните на двете држави.Благодарен сум за поддршката којашто ја добиваме од премиерот Пленковиќ, од министрите во хрватската Влада за евроинтегративните процеси, иако фрустрацијата и неправдата, којашто ни е нанесена како македонски граѓани, како држава е голема, бидејќи повеќе од две и пол децении се позади нас откако го почнавме овој пат, но за жал се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема. Но, се надевам дека како нова влада, со реформите коишто планираме да ги направиме најпрвин на домашен план, а потоа и во соработка со нашите пријатели, хрватската Влада, но и останатите пријатели коишто доаѓаат од земјите членки на Европската Унија, конечно таа неправда после повеќе од или би рекол скоро две и пол децении од денеска ќе биде исправена и македонските граѓани ќе можат да бидат заедно со европските граѓани како дел од големото европско семејство.Убеден сум дека вредностите коишто пред многу децении Шуман, Аденауер и Де Гаспери ги имаат дефинирано како европски вредности, европските граѓани и политичари ќе ги споделуваат во иднина и дека нема да бидеме жртви на билатерални спорови во нашиот пат кон целосна интеграција во рамките на Европската Унија.И сосема на крај би сакал да напоменам дека се осврнавме уште на неколку заеднички теми, коишто се од огромно значење за двете држави, меѓу кои и економската соработка којашто во овој момент изнесува нешто повеќе од три стотини милиони долари на годишно ниво. Има простор за напредок, голем број македонски, голем број хрватски фирми се присутни на заедничките пазари, а зошто да не во иднина заедно настапуваат на трети пазари. Тоа е суштината на пријателските односи, кога покрај политичките и граѓанските релации ќе имаме и бизнис релации кога заедно ќе настапуваме во конзорциум на трети пазари и на тој начин ќе можеме да додадеме вредност во економиите на двете земји.Јас апсолутно верувам дека заедно со мојот драг пријател Андреј ќе направиме многу за нашите две братски нации и дека тоа што до сега е ниво постигнато во нашите меѓусебни односи само ќе биде еден почеток на уште подобро градење на заедничките односи.Во таа насока се заблагодарувам многу за поддршката којашто ја дава тој лично, но и хрватската Влада, во евроинтегративниот процес на нас како држава, како народ, како граѓани, но истовремено сигурен сум дека и на другите полиња меѓу кои и реформите во правосудството, реформите коишто се во другите области, исто така, ќе можеме заеднички да соработуваме и да ги црпиме хрватските искуства.Уште еднаш претседателе Пленковиќ ви благодарам на прекрасниот пречек овде во Загреб“.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски: Нема место за криминалци во политиката, граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на поединци без разлика дали е на локално или државно ниво

„Гледам поедини центри на влијание како се вознемирени, а вознемирени се затоа што ова е стартен ден, јавна набавка којашто ја водела претходната Влада на СДСМ и ДУИ. Јас одлучив со јавност да се борам против криминалот и корупцијата и затоа ја дадов таа изјава и тоа е порака дека времето на криминалците во политиката заврши, дека е време е на чесни политичари, луѓе коишто си го сакаат својот народ, својата татковина и ќе работат за интересите на своите сограѓани и својата татковина, и така ќе продолжам и во иднина“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски објасни дека во рамките на Кабинетот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе се отвори линија каде што граѓаните ќе можат да пријавуваат девијантно однесување на административци и политичари.„Ако се сеќавате пред неколку дена исто така на едно мое телевизиско интервју дадов уште една изјава во која што кажав специјален тим во рамките на мојот кабинет ќе има отворена линија и ќе разговара со граѓаните, а тие таму ќе пријавуваат девијантно однесување на административци, политичари без разлика дали се тоа на локално или на државно ниво политичари и административци, коишто можеби бараат некаков тип на против услуга да завршат некоја работа којашто на граѓаните им припаѓа под Закон и Устав и таа отворена линија ќе има за цел граѓаните тоа девијантно однесување да го пријават“, соопшти премиерот.Претседателот на Владата Мицкоски констатираше дека се додека е премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и дека мораме силно да се бориме против криминалот и корупцијата.„Мораме да се бориме против криминалот и корупцијата, тие се од пандемиски размери кај нас и тоа е основната цел на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“. Додека јас сум премиер, место за криминалците во политиката ќе нема и затоа на секој еден именуван и избран функционер од редот на ВМРО-ДПМНЕ му испраќам една порака, а тоа е да го чуваш твојот образ, така ќе го чуваш и мојот и на организацијата и така работиме до сега и така ќе продолжиме во иднина, а секој оној којшто ќе се заборави и којшто мисли дека во политиката треба да ужива а не да биде слуга на граѓаните, без разлика од која структура доаѓа ќе биде казнет, а доколку биде тоа злоупотребено, да има криминал, тогаш ќе биде изведен пред лицето на правдата“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски: Ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат зголемени за 5.000 денари, тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци

„Измените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување поминаа на вчерашната седница на Владата, така што усогласувањето на пензиите ќе биде линеарно нема да биде процентуално како и до сега. Така што најпрвин од овој септември ќе имаме 2.500 денари зголемување, а потоа и од следниот март уште 2.500 денари“, одговори претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски посочи дека ветување за покачување на пензиите ќе биде реализано побрзо од ветеното.„Ние ветивме дека во првата година пензиите ќе бидат линеарно зголемени за 5.000 денари тоа ќе го направиме многу побрзо, односно во првите 9 месеци“, кажа Мицкоски.Во однос на кога ќе поминат измените во законот за Законот за пензиско и инвалидско осигурување премиерот кажа дека првото зголемување треба да пристигне со септемвриската пензија.„Ќе видиме понатаму какви ќе бидат состојбите со Буџетот, па и понатаму може да имаме пријатни изненадувања за пензионерите, за работниците итн, итн. Така што очекувам најскоро од кога ќе почне да функционира парламентот да помине овој Закон и веќе септемвриската пензија да легне на сметката на пензионерите, зголемена за 2.500 денари“, рече премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6293

Мицкоски од Македонска Каменица: Доста беа порази, во периодот кој што следи не очекува многу работа и победи

„Добар ден, благодарам на еве што овдека денеска со нас, благодарам на честаДозволете ми најпрво да го честитам овој голем христијански православен празник, голем ден за православните христијани, а тоа е Успение на Пресвета Богородица, да посакам хармонија, здравје, многу љубов, разбирање за сите наши сограѓани без разлика од нивната вероисповед.Овој е ден кога православните христијани се меѓу своите најблиски во кругот на своето семејство и тоа е момент кога можеме да си кажеме она коешто сме го пропуштиле да си кажеме во изминатиот период, истовремено сакам и на рударите коишто се во рударските окна да им го честитам денот бидејќи ова е и нивен ден.Денот го започнавме во Пробиштип го продолжуваме овдека во Македонска Каменица, традиционално продолжуваме во Берово, така што навистина очекувам денеска да имаме убав ден полн со позитивна енергија и убави мисли.Од овде од Македонска Каменица сакам да испратам една порака, а тоа е дека периодот којшто следи ќе имаме многу предизвици, во периодот којшто следи ќе работиме многу, ќе се бориме и на крај ќе победиме. Македонија ќе победи, граѓаните ќе победат. Доста беа порази 7 години. Конечно почнавме и ќе продолжиме да победуваме колку и да сакаат оние ретроградни сили коишто изминативе 7 години ја влечеа државата назад, но да ја оставиме политиката на овој голем ден, да се фокусираме на духовното и во таа насока уште еднашка дозволете ми да им посакам на сите наши сограѓани мир, хармонија и здравје во нивните домови.“

Македонија | пред 1 година

IMG_6257

Мицкоски: Реформската агенда за периодот 2024-2027 година е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилноста на државата

„Владата е целосно посветена на реализација на нашата стратешка цел за интеграција во Европската Унија.Во овој процес, не само што ја гледаме иднината на нашата држава како полноправна членка на Унијата, туку и како модерна, економски стабилна и просперитетна држава која ги исполнува највисоките европски стандарди.Нашата визија за модерна и Македонија е повторно твоја, е заснована на принципите на инклузивност, владеење на правото и економски развој, што ќе ни овозможи да бидеме рамноправен партнер во европското семејство.Денес ви ја претставуваме Нацрт-Реформската агенда за периодот 2024-2027 година која е резултат на нашите посветени напори да го унапредиме економскиот раст и стабилност на нашата земја во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан.Овој план, инициран од Европската комисија има за цел да ги намали економските диспаритети на државата и Европската Унија, нудејќи им на граѓаните пристап до придобивките од Унијата уште пред официјалното членство.Нашата Реформска агенда се темели на четири основни столбови:• Зајакнување на економската интеграција со единствениот пазар на Европската Унија - Овој процес ќе го зголеми нашиот пристап до пазарите, ќе ја подобри трговијата и ќе ја поттикне регионалната стабилност.• Продлабочување на регионалната економска интеграција - Преку зголемена соработка со нашите соседи во рамки на Заедничкиот регионален пазар, ќе создадеме посилна и поотпорна економија.• Забрзување на фундаменталните реформи - Овие реформи се клучни за нашето усогласување со законодавството и стандардите на Европската Унија, овозможувајќи брз економски развој и значителни придобивки за сите наши граѓани.• Зголемување на финансиската помош за реформите - Со финансиски пакет од 6 милијарди евра, од кои 2 милијарди се грантови, економијата ќе добие значителна поддршка за спроведување на реформите и постигнување на нашите цели.Според формулата, за нас треба да припаднат 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027. Реформската агенда за периодот 2024-2027 треба да биде усвоена од Европската комисија, со што ќе се отвори можноста за потпишување на Договор за механизмот за реформи и раст и Договор за заем. По ратификацијата на договорите, пак, ќе биде поднесено барање за повлекување на првата транша во висина од 7% од алокација на средствата, односно околу 52,5 милиони евра.Реформската агенда е подготвена во тесна соработка со Европската комисија и ќе опфати приоритетни области како што се реформите на јавната администрација, енергетската транзиција, сајбер безбедноста, дигитализацијата, развојот на човечкиот капитал и подобрување на деловното опкружување.Овие приоритети се клучни за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и за обезбедување на долгорочна стабилност и напредок.Наша одговорност е да осигураме дека сите мерки и чекори предвидени во Реформската агенда ќе бидат успешно спроведени и дека ние ќе ја искористиме оваа историска можност за забрзан економски развој и интеграција во рамките на Европската Унија.Секој чекор што го преземаме, секоја реформа што ја спроведуваме е во насока на натамошно имплементирање на европските стандарди.Оваа Влада нема да застане пред ниту еден предизвик.Ќе продолжиме да работиме со целосна посветеност и решителност за подобра иднина на нашите граѓани, затоа што знаеме дека нашата иднина е во Европа.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

ramadani

Мицкоски: Пајазит е омилениот судија на ДУИ и СДС, тој е причината за бегството на Рамадани

Во интервјуто за емисијата „За или Против“ на Алфа ТВ, премиерот Мицкоски се осврна и на обвинувањата кои опозициската СДСМ ги упати кон него и кон владината коалицијата за некаков договор во врска со случајот со бегството на косовскиот граѓанин баран со потерница, Блерим Рамадани.Премиерот Мицкоски ги одби ваквите квалификации и укажа на одговорност во судот.„Судијата кој што одредува куќен притвор е истиот оној судија кој што го водеше случајот за тепачите во М-НАВ. Таму не учествуваа истакнати функционери од ВРЕДИ, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од ЗНАМ. Таму лично учествуваше претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир. Тој истиот судија ги ослободи, тој истиот кој додели куќен притвор. Тој е омилениот судија на поранешната власт“, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски во интервјуто за Алфа ТВ и посочи дека обвинувањата од страна на СДСМ за овој случај се бесцелни и смешни.Мицкоски дополни дека овој судија бил селектиран, избран, а потоа и унапреден во време на власта на СДСМ и ДУИ.„На крајот на денот еве ја институцијата Судски Совет, еве ја институцијата Државен јавен обвинител нека влезат нека истражат“, повика премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5036

Мицкоски за злоупотребата на народните пари: Ова е само почеток, ќе обелодениме сѐ што се правело изминатите 7 години, а ЈО да реагира и да испита

„Па не само за овој случај. Јас реков дека од есен ќе сведочиме за тоа што се случувало изминатите 7 години, за многу работи, не само за ова, ова е само почеток“, рече Христијан Мицкоски Претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали очекува ЈО да покрене истрага за злоупотребите на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.Премиерот Мицкоски додаде дека за многу брзо граѓаните ќе дознаат за сите злоупотреби од претходната власт изминатите 7 години.„Ќе има многу луѓе кои што денеска гледаме се силни позади говорницата во Парламентот и во прашална форма поставуваат прашања од партиска говорница. Но, ќе видиме сега како ќе изгледа сето тоа кога ЈО и истражните органи ќе треба да се позанимаваат со сите оние злоупотреби што се случуваа изминатите 7 години“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski18072024

Мицкоски: Секој заслужува повисока плата, ќе седнеме да разговараме со синдикалните организации и да изнајдеме решение

„Сакам најпрво да кажам дека сите заслужуваат повисоки плати. Тоа е многу важно да се знае. Секој кој што работи, кој што се труди, кој што чесно работи согласно закон и Устав заслужува повисока плата и тука не треба да има никаква дилема“, дециден е Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став со оглед дека Независниот синдикат најавува протест на просветните работници.Премиерот Мицкоски потенцираше дека со ребалансот на Буџетот се обезбедиле средства за законското усогласување, нагласувајќи дека во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, е подготвен да седне со сите синдикални организации и да разговара.„Како Влада во рамки на овие два месеци направивме ребаланс на Буџетот со кој што обезбедивме средства за законските усогласувања. И тука не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, подготвени сме да седнеме со сите синдикални организации и да разговараме. За два месеци успеавме да ги консолидираме институциите кои што беа во распад, да ги консолидираме министерствата кои што беа во распад, да го консолидираме буџетот кој што беше во распад“, рече тој и додаде:„Ќе ве потсетам пред неколку денови, но и во текот на изминатите недели објавивме податоци за тоа дека УЈП има за 40 проценти повисока наплата споредено од јули месец годинава со јули месец минатата година. Очекувам директорката многу скоро да излезе со една информација до јавноста за кадровската политика, за начинот на систематизирање на работните места, кои биле наградувани, кои не биле наградувани. Но, и покрај тие предизвици за 40 проценти имаме повисока наплата. Царината за 20 проценти во јули месец, наплатата на патарините е за 66 милиони денари повисока овој јули во споредба со јули минатата година“.Премиерот Мицкоски изјави дека не смее да се дозволи политизација на синдикалните организации.„Ги консолидираме институциите затоа што сме посветени и сакаме да донесеме надеж и таа надеж се чувствува насекаде. Прв сум меѓу еднаквите во делот на образованието, бидејќи јас сум просветен работник, и јас предавам на Универзитетот, мојата сопруга е професорка во средно училиште. Но, мораме да разбереме дека не смее да дозволиме во синдикалните организации политизација, не смееме да дозволиме политички памфлети. Затоа што секоја изјава на дел од раководствата во синдикалните организации е координирана со денешната опозиција“.Премиерот Мицкоски посочи дека со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања кои претходно беа усогласени со синдикалните организации, укажувајќи дека со Буџетот од следната година е подготвен да седне и да разговара за да се изнајде решение, за нешто за кое што има основа.„А со буџетот од следната година подготвени сме да седнеме и да разговараме без политизација и да најдеме решение. Јас сум прв кој што ќе поддржи нешто за кое има основа“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-1

Мицкоски: Секој заслужува повисока плата, ќе седнеме да разговараме со синдикалните организации и да изнајдеме решение

„Сакам најпрво да кажам дека сите заслужуваат повисоки плати. Тоа е многу важно да се знае. Секој кој што работи, кој што се труди, кој што чесно работи согласно закон и Устав заслужува повисока плата и тука не треба да има никаква дилема“, дециден е Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став со оглед дека Независниот синдикат најавува протест на просветните работници.Премиерот Мицкоски потенцираше дека со ребалансот на Буџетот се обезбедиле средства за законското усогласување, нагласувајќи дека во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, е подготвен да седне со сите синдикални организации и да разговара.„Како Влада во рамки на овие два месеци направивме ребаланс на Буџетот со кој што обезбедивме средства за законските усогласувања. И тука не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консолидирање на Буџетот при формирањето на Буџетот за следната година, подготвени сме да седнеме со сите синдикални организации и да разговараме. За два месеци успеавме да ги консолидираме институциите кои што беа во распад, да ги консолидираме министерствата кои што беа во распад, да го консолидираме буџетот кој што беше во распад“, рече тој и додаде:„Ќе ве потсетам пред неколку денови, но и во текот на изминатите недели објавивме податоци за тоа дека УЈП има за 40 проценти повисока наплата споредено од јули месец годинава со јули месец минатата година. Очекувам директорката многу скоро да излезе со една информација до јавноста за кадровската политика, за начинот на систематизирање на работните места, кои биле наградувани, кои не биле наградувани. Но, и покрај тие предизвици за 40 проценти имаме повисока наплата. Царината за 20 проценти во јули месец, наплатата на патарините е за 66 милиони денари повисока овој јули во споредба со јули минатата година“.Премиерот Мицкоски изјави дека не смее да се дозволи политизација на синдикалните организации.„Ги консолидираме институциите затоа што сме посветени и сакаме да донесеме надеж и таа надеж се чувствува насекаде. Прв сум меѓу еднаквите во делот на образованието, бидејќи јас сум просветен работник, и јас предавам на Универзитетот, мојата сопруга е професорка во средно училиште. Но, мораме да разбереме дека не смее да дозволиме во синдикалните организации политизација, не смееме да дозволиме политички памфлети. Затоа што секоја изјава на дел од раководствата во синдикалните организации е координирана со денешната опозиција“.Премиерот Мицкоски посочи дека со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања кои претходно беа усогласени со синдикалните организации, укажувајќи дека со Буџетот од следната година е подготвен да седне и да разговара за да се изнајде решение, за нешто за кое што има основа.„А со буџетот од следната година подготвени сме да седнеме и да разговараме без политизација и да најдеме решение. Јас сум прв кој што ќе поддржи нешто за кое има основа“, порача Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: Во септември на сметките на пензионерите ќе легне линеарното зголемување на пензиите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски вели дека од септември почнува исплатата на 2500 денари линеарно покачување на пензиите на пензионерите, посочувајќи дека од март следната година ќе ги добијат уште 2500 денари, што значи дека ова ветување на Владата ќе биде исполнето.„Апсолутно, законот е во подготовка за линеарното покачување, а не како што беше до сега, и за овој септември и за во март, така што оние 5000 денари кои што беа ветени за пензионерите ќе легнат на сметката на пензионерите. Со ребалансот се предвидени овие средства за оваа година, но исто така со буџетот ќе ги предвидиме и за следната година. Па ќе видиме, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот ќе видиме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување во септември дали ќе имаме повторно процентуално зголемување, или ќе имаме повторно линеарно зголемување, она што го бараа пензионерите“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6237

Мицкоски: Во септември на сметките на пензионерите ќе легне линеарното зголемување на пензиите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски вели дека од септември почнува исплатата на 2500 денари линеарно покачување на пензиите на пензионерите, посочувајќи дека од март следната година ќе ги добијат уште 2500 денари, што значи дека ова ветување на Владата ќе биде исполнето.„Апсолутно, законот е во подготовка за линеарното покачување, а не како што беше до сега, и за овој септември и за во март, така што оние 5000 денари кои што беа ветени за пензионерите ќе легнат на сметката на пензионерите. Со ребалансот се предвидени овие средства за оваа година, но исто така со буџетот ќе ги предвидиме и за следната година. Па ќе видиме, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот ќе видиме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување во септември дали ќе имаме повторно процентуално зголемување, или ќе имаме повторно линеарно зголемување, она што го бараа пензионерите“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

21082024-Mickoski-15

Мицкоски: Мајка Тереза е нишката која ги поврзува сите кои живееле на овие простори, да го следиме нејзиниот пример на хуманост и добрина

,,Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умираа низ улиците, на болните од лепра и од сида. Таа живееше едноставно, како за време на животот, така и по нејзината смрт – остана синоним за доброто во светот. За Мајка Тереза стана добитник на бројни признанија и награди за исклучително хумано ангажирање во згрижувањето на најсиромашните од сиромашните, поради што ја доби и Нобеловата награда за мир.Таа почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на милосрдието што таа ја основа во Калкута. Крајот на животниот пат на еден од најголемите алтруисти на столетието ги трогна сите, најмногу оние кои ги почувствувале хуманоста и бенефициите од нејзините активности – гладните, бездомниците и болните. Таа беше скопјанка која поголемиот дел од животот го помина во Индија, во земјата која е втора по бројот на жители во светот и седма по географска големина чиј главен град е Њу Делхи. Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространите империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја.Денес Мајка Тереза му припаѓа на светот. Нејзиниот живот не познаваше граници, ниту разлики и таа обединуваше различни култури, различни луѓе и народи. Таа е и најдобриот мост на поврзување денес и во местото од каде потекнува Скопје. Таа е нишката која ги поврзува Македонците, Албанците и сите кои живееле на овие простори, но и пример кога срце полно со љубов е спремно за големи подвизи и победа над сите предрасуди и препреки.Да извлечеме поуки од оваа голема Скопјанка и хуманиска, да се почитуваме едни со други, да споделуваме грижа, да ги помагаме обесправените, угнетените и сиромашните.Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот. Само така ќе обезбедиме иднина за сите.Нека е вечен споменот за Мајка Тереза.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_6206

Сериозно се работи за развој и регулација на крипто пазарот, со тоа ќе се обезбедат повеќе пари на пазарот и прилив во буџетот, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дека ветувал развој и регулација на крипто пазарот, дали планирате нешто во иднина, рече дека веќе сериозно се работи, како и дека дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема.„Па да, веќе работиме сериозно. Дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема и во периодот кој што ќе следи, ќе излеземе и со законска регулатива со која што сето ова ќе биде регулирано, ќе значи повеќе пари, приливи во буџетот, кои што ќе можеме да ги користиме за капитални проекти.“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски: Со новото проширувањето на позитивната листа на лекови ќе бидат заштедени милиони евра пари на граѓаните

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за проширувањето на позитивната листа на лекови со девет нови генерики, посочи дека час поскоро треба да биде имплементирана и применета.„Од она кое што ми го соопшти практично пред една недела министерот за здравство на еден друг настан во Клиниката за дигестивна хирургија е дека после долго време Фондот за здравство конечно ја прошири листата и додаде нови девет генерики кои што се многу важни за пациентите, исто така милиони евра парите на граѓаните ќе бидат заштедени и тие пари ќе останат во паричниците на граѓаните“, објасни премиерот Мицкоски и додаде дека час поскоро треба да започне со примена на истото.„Јас мислам дека сите процедури се завршени и час поскоро сето тоа треба да биде почнато и да биде имплементирано и применето“, кажа премиерот.

Македонија | пред 1 година

IMG_6225

Мицкоски: Поевтинуваат катастарските услуги за шест пати, до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните

На покана на директорот, на заменикот директор, на луѓето овде во Агенцијата за катастар на недвижности разговаравме за сите овие би рекол реформи коишто се прават, сите овие поевтинувања коишто се прават и коишто се важни за граѓаните и од тоа што го слушнав од директорот можам да заклучам две работи.Првата работа е дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати поевтинуваат за граѓаните, Вие слушнавте од директорот дека до милион евра годишно ќе остануваат во паричниците на граѓаните, тоа е многу важно да се напомене дека услугите за четири, пет, шест па и повеќе пати за граѓаните ќе поевтинат.Втората работа којашто исто така е многу важна, дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот. Забележавте дека илјадници предмети биле не решени, директорот е скромен и не сака да каже можеби детали коишто допрва органите на редот и истражните ќе треба да се позанимаваат, но верувајте дека ќе има многу за истрага.Ценам дека сето она што во минатото било предмет на поинаков однос со граѓаните и поради тоа се создавала таа гужва, односно не биле решавани предметите, многу скоро ќе излезе на виделина и ќе бидат истите тие решени, иако сега илјадници предмети во овие помалку од два месеца веќе добиваат разрешница, нормално согласно важечките прописи, закони и Устав.Така што овие две работи се многу важни, дека четири, пет, шест па и повеќе се намалуваат услугите за граѓаните и она коешто е важно е дека катастарот полека но сигурно се ослободува од криминалот, како што впрочем и се ослободуваат сите институции со доаѓањето на новата Влада, главен приоритет е борбата против криминалот и корупцијата којашто е на ниво на безбедносна закана.Се додека имаме високо ниво или перцепција за криминал и корупција ние не можеме да се развиваме како држава. Така што уште еднашка да го охрабрам директорот, раководството, сите овде коишто се дел од новиот раководен тим на катастарот да продолжат со ваков тип на реформи и да работат во интерес на граѓаните, бидејќи граѓаните се тие коишто се најважни, се останато е од споредна природа.

Македонија | пред 1 година

mickoski18072024

Премиерот Мицкоски најави три нови можни инвестиции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за потенцијални нови странски инвестиции посочи дека се преговара за три можни нови инвестиции во вредност од четвртина милијарда евра.„Преговараме со три можни нови инвестиции. Две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни за домашниот производ. Второ, преговараме со една голема компанија, инвестиција во вредност од 150 милиони евра, во потесен круг сме со една голема европска земја која што е членка на ЕУ. Ние и тие се бориме, сега сме во фотофиниш, ако се биде како што треба се надевам дека во септември веќе ќе можеме и таа да ја објавиме. Заедно со овие двете проширувања ќе имаме отприлика уште четвртина милијарда евра нови инвестиции до крајот на годината што значително ќе влијаат врз БДП“, најави премиерот Мицкоски и додаде:„Овие две проширувања се во автомобилската индустрија на веќе постојни инвестиции овде кај нас, а што се однесува до новата тоа е во да го наречам во индустријата за производство на суплементи“.

Македонија | пред 1 година

15082024_MICKOSKI

Мицкоски: Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара, убиството во Мавровка е расчистено, институциите експресно реагираа

„Најпрвин дозволете ми да изразам жалење за тој грозоморен чин и загубениот човечки живот“, кажа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за убиството пред Мавровка и обвинувањата на опозицијата дека институциите не ги презеле сите мерки навреме и додаде:„Но, она што е важно е дека веќе во серија, криминалци и корумпирани судии и обвинители се одговорни пред законите и институциите откако најпрвин врховниот судија и оној обвинител кој што е дел од Советот на јавни обвинители призна вина дека учествувале во коруптивен скандал и дека на тој начин само ги докажаа тезите кои што ние ги имаме дека имаме партизирано оптруирано обвинителство и судство во најголема мерка“.Тој истакна дека институциите брзо реагирале на расчистување на овој грозоморен чин и ги привеле сторителите, нешто што не било случај во минатото.„Сега следеше втор чин кога институциите брзо молскавично сторителите на овој грозоморен чин ги приведоа и ги извадија пред органите на правдата. Сите буквално учесници се приведени, нешто што во минатото не беше случај. Нешто што морам да признам во минатото не беше случај и затоа довербата во правната држава беше еднаква на нула“, подвлече премиерот Мицкоски.„Добро е што последните мерења конкретно од август кои што како партија ги правиме во довербата во институциите во борбата против криминалот и корупцијата постепено се враќа и можам со задоволство да кажам дека за прв пат имаме повеќе наши сограѓани кои што веруваат во борбата против криминалот и корупцијата на оваа влада отколку што не веруваат. И тоа е само уште една причина повеќе да продолжиме да се бориме со овие криминални битанги, без разлика дали се вакви безочни криминалци или криминалци во политиката“, изјави тој.Премиерот Мицкоски е дециден дека сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата.„Набргу од денеска сите кои што се огрешиле пред законот ќе бидат изведени пред лицето на правдата, вклучително и оние групи кои што во последно време се обидуваат да бидат активни во скопското подземје, ги следиме и нив“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања