Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

Screenshot-2022-10-28-at-19.24.30

(ВИДЕО) Штеди струја и се облекува „дебело“ по дома: Мицкоски откри од кои пари живее

Јавноста не знае каков имот има Христијан Мицкоски, прв човек на ВМРО-ДПМНЕ. Не е обврзан да го обзнани ова на граѓаните, бидејќи не е државен функционер. Нема поднесено анкетен лист, затоа што тоа не е ниту побарано од него. Во интервјуто за „А1он“, Мицкоски, откри дека дома кај него се штеди. Сите членови се наоблекуваат, за да им биде потопло, а грејните тела им се со намалена тепература. Истовремено, откри и од какви примања живее.„Дома се повеќе сме облечени, пониска е температурата, помалку грееме“, рече Мицкоски, па прашан од новинарот: „Штедите и вие?“, Мицкоски одговори: „Па нормално дека штедиме, јас живеам од професорска плата, јас во политиката живеам од примањата кои ги имам од мојата матична институција – Машинскиот факултет во Скопје. Нормално е дека како влијае инфлацијата врз другите семејства, влијае и врз моето семејство. Јас не водам бизнис, немам дополнителни приходи“, кажа Мицкоски.Денеска високата цена на електричната енергија е причина за несреќата на многу семејства, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за порталот А1 ОН и додаде дека енергетската криза прераснала во општа економска криза бидејќи граѓаните кога пазаруваат можат да забележат како се намалува кошницата, бидејќи за разлика од сега порано како што рече тој со 1000 денари можело да се купат многу повеќе прехранбени производи.„Јас не знам Ковачевски како ги разбира граѓаните, но ценејќи според неговите политички потези и однесување мислам дека воопшто не ги разбира. Но, доволно е да се појде во продавница, не за да се купи тост, туку да се појде до продавница и да се испазаруваат основни прехранбени производи. Порано со 1.000 денари можеше да се купи многу повеќе, можеби два пати повеќе производи отколку сега“, додаде Мицкоски.?t=2466

Македонија | пред 3 години

goran-koseto

(ВИДЕО) Ќосето за изјавата на Мицкоски за Груевски: Ј*бете се, како не ти е срам!

„Оној кој што е бегалец од правдата, треба да се соочи со правдата, тука да немате дилема. Потерницата си е потерница, ако мислите дека ние ќе ја бришеме таа потерница за лица кои што се осудени кои што имаат правосилна пресуда, мислам дека кај господинот Груевски нема се уште таква пресуда. Секој оној кој што си е правосилно осуден треба да си одговара“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1 он.На ова реагираше Горан Ангелов кој е осуден на 12 години затворска казна за случувањата во Собранието на 27 април .„Ова е и значи и за 27 Април ,пошто сме правосилно осудени треба да си лежиме за “ТЕРОРИЗАМ”‼️Абе ЈЕБ*ТЕСЕ ,како не ти е срам“, вели Ангелов.Потоа тој на Фејсбук објави нов статус.„За кои пресуди зборуваш?! Оние од Кацарска и Русковска, нели беа “Кацарска судство ‘ или сега ти се арни!?“, напиша Ангелов.

Коментари | пред 3 години

stevce-jakimovski-750x430-1

Јакимовски со совет до Мицкоски: Кики, подобро ти е да се пријавиш како доброволец да одиш на фронт во Украина отколку да војуваш со сите нас

Таче заедно со странците се обидува да направи предизборна коалиција со сите албански партии. Додека пак лидерот на опозицијата Христијан Мицковски ако нема со кого да завојува наутро сам на себе си удира бокс во сопственото огледало, вели градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.„За 9 месеци успеа завојува со мене и ГРОМ, Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, а сега гледам војува и со ЛДП. Како што кажуваат Пенов бил транзициски политичар, а до вчера во градскиот совет им беа Михајло Маневски и Владо Поповски кои заедно имаат 160 години и се во политиката уште од Коча Поповиќ.Трајко Славевски -талентот не бил транзициски зошто само 3 години помалку бил на функции од Пенов кој во 1996 година стана Градоначалник на Скопје, а Трајко во 99 стана министер за развој‼️Хипокризија‼️‼️‼️Малку му бевме ние па сега отвори фронт и према Никола Груевски‼️Ќе го ставал во затвор, требал да лежи.Толку ли нема осет дека најмалку 30/40% од членството во партијата се “Груевисти” и со длабока почит кон својот поранешен лидер.Запомнете го следниво, времето во ВМРО ќе се мери до Груевски и после Груевски. Или да ви преведам, пред и по него се е празно.Нема приказна, нема резултати, нема успеси нема 500илјади гласови.Незнам како мисли да тера понатаму со секојдневно отварање на нови фронтови⁉️Премногу е слаб да војува со нас и затоа би му дал еден совет: Кики, подобро ти е да се пријавиш како доброволец да одиш на фронт во Украина отколку да војуваш со сите нас.Таму полесно ќе пројдеш“, вели Јакимовски.

Коментари | пред 3 години

mickoski-danela-1

(ВИДЕО) Мицкоски не ја поштеди Арсовска: Јас не сум психијатар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за А1он изјави дека градот Скопје имал многу подобри градоначалници од Данела Арсовска во оваа прва година.„Данела позади која застана ВМРО-ДПМНЕ победи на избори. Јас како човек сум  застанал позади карактер, па не сум на крајот од денот психијатар за да можам дап роценувам карактери, па дали се тие со вакви или такви склоности. Јас како претседател на политичка партија бирам победник или губам на избори, вели Мицкоски.Тој ја прокоментира изјавата во која Арсовска вели дека треба да се побара оставка од „Мицкоски, шпицниот градоначалник“.„Непријатно е да ги слушате овие работи, бидејќи сепак треба да се има едно човечко достоинство, да бидете пред се дама, да бидете мајка, да бидете сопруга, педагог и така и да се однесувате. Повторно уште еден бесплатен совет до госпоѓата Данела Арсовска да се задржи на оние принципи на кои што сум ја учел во времето на кампањата и во тој период, да биде дама, да биде госпоѓа, да биде мајка, да биде сопруга, да биде посветена на работата.  Ова што сега го гледаме е спротивно на тоа.?t=581 

Македонија | пред 3 години

stevco-jakimovski-mickoski

(ВИДЕО) Стевчо го нападна Мицкоски поради Груевски: Вмровци видовте каков ретардињо имате за претседател?

Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски ја искоментира изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во која вели дека кога ќе дојде на власт, нема да ја укине меѓународната потерница по Никола Груевски, што ќе значи враќање на експремиерот директно во затвор. Мицкоски во интервјуто додаде дека секој што е правосилно осуден, треба да си ја одлежи казната.Јакимовски вели дека Груевски оди во затвор, за Мицкоски да ужива во Белата палата и да ги користи становите, куќите и деловните простори кои ги спечалил.„Видовте ли бе ВМРОвци кого имате за претседател⁉️Каков Ретардињо‼️Што би рекол Његош : “На трон седиш неправо узети”. Го фати Груевски за крагња како сиротче и го седна во Белата Палата.И Груевски да одел во затвор, а не само тој туку и секој што имал правосилна пресуда и пази богати, немал намера да му ја укинува потерницата.Па нели бе Кики ова беше Русковска судство?Па нели таму место право се делеше неправо?Груевски да оди во затвор, за ти да уживаш во Белата палата да шеташ по шумите, ливадите, нивите.Ливадо една! Да ги користиш становите куќите и деловните простори што ти ги спечали тој.Само така, сите ќе одат во затвор само Ретардињо да дојде на власт!ВМРОвци! Зошто ми се љутите мене, нели гледате дека вашиот претседател е ограничено способен за политика!ПС. И расипан како шуплив заб“, вели Јакимовски.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-10-28-at-19.24.30

(ВИДЕО) Мицкоски за Груевски: Секој што е бегалец од правдата треба да се соочи, а правосилно осудените треба да одговараат

Во интервју за „А1он“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кажа дека кога ќе дојде на власт, нема да ја укине меѓународната потерница по Никола Груевски, што ќе значи враќање на експремиерот директно во затвор. Мицкоски во интервјуто додаде дека секој што е правосилно осуден, треба да си ја одлежи казната.„Потерницата е потерница. Ако вие мислите дека ние ќе ја бришеме таа потерница... Лица кои се осудени, кои имаат правосилна судница, мислам кај господинот Груевски нема...“, рече Мицкоски, на што новинарот реплицираше дека експремиерот е осуден за набавката на Мерцедесот, а Мицкоски додаде: „Е па секој што е правосилно осуден, треба да си одговара. Дали се вика Никола Груевски, Христијан Мицкоски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски или било кој друг во државата, без разлика на функцијата, треба да одговара“.На констатацијата од новинарот кој кажа: „Да, но тој ве донесе на чело на партијата, а сега ако дојдете на власт, нема да ја укинете потерницата и ќе го пратите во затвор.. малце...“.Мицкоски одговори: „Се обидувам да ја игнорирам оваа лажна вест која ја кажувате во вашата емисија дека тој ме донел. Но бидејќи третпат инсистирате, ќе ви дадам одговор. Позади мојата кандидатура се потпишаа неколку стотици членови на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, но не беше и потписот на господинот Никола Груевски. Мене ме избраа делегатите на тој конгрес во Валандово“.Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ кажа и: „Апсолутно секој што е бегалец од правдата ќе треба да се соочи со правдата, тука да немате дилема“.?t=1080

Македонија | пред 3 години

mickoski-956

Мицкоски: 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае, честит празник Македонијо

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка по повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба.„Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, подоцна ВМРО, која е константа на борбата на македонскиот народ за слобода и независност на Македонија.Ако во една реченица треба да се опише таа херојска епопеја на подеми и падови, неспорно е да се каже дека денес славиме 129 години ВМРО, борба за Македонија која трае!Честит празник Македонијо“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

FUVNf_5WQAAloQ3

Мицкоски е за бришење на бадентерот и балансерот: Се надевам албанските политичари нема повеќе да ги потценуваат граѓаните Албанци

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, посочи дека треба да се избрише нормата балансер и бадентер, а во институциите место да има за сите квалитетни кадри.„Подготвен сум да разговарам со секого, но треба да разговараме за нормата балансер, бадентер. Да имаме можност луѓето да напредуваат но не поради процент, туку поради капацитет и квалитет. Се надевам албанските политичари нема повеќе да ги потценуваат граѓаните Албанци и ќе ги избришеме тие бадентер и балансер“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: Систем за кој вреди да се бориш

Овие денови Македонија празнува 81 година од кревањето на востанието против фашистичкиот окупатор. Таа генерација млади луѓе тргнаа против далеку поснажните сили затоа што веруваа во идејата за слобода, и затоа што ја почитуваа борбата за слобода на своите претходници. И веројатно проценија дека алтернативата на сево ова е да се биде роб под друго знаме, туѓа идеја и да се наведне главата тогаш кога треба да се исправи. 81 година потоа, многумина ќе речат дека е друго време, друг систем, поинакви борби за младиот човек. И точно е тоа, но сепак пронаоѓањето на мотивите за борба, желбата за промени, пркоста и вербата во себе се подеднакво исти, само овој пат насочени на поинаков начин и во други околности, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Пред 32 години Македонија се создаваше тој 8 септември. Тогаш со моите 16 години како и сите од мојата генерација сметавме дека е тоа нашето време, најмодерното, дека ние го имаме правото да ги диктираме условите, да ги менуваме работите, да ги поставуваме условите, мислевме дека сè до тогаш беше некако стереотипно и назадно, и дека светот чека на нашиот глас.Во голема мера нашата генерација ја имаше горката судбина да успее насекаде низ светот, само не дома, иако ние сепак го имавме правото да ги диктираме работите кои сакавме да ги имаме и за кои сонувавме.Од денешна перспектива сфаќам дека на сево ова има право секоја една генерација, и обврска на сите останати е тоа да ѝ го овозможат, како и обврската на таа генерација самата да се избори за она право што ѝ припаѓа.И веројатно многу од работите остануваат специфични за моментот но се многу универзални. Тогаш со истото чувство на посебна гордост и предност кон Македонија, како и денес стојам пред химната Денес над Македонија се раѓа. Тоа за мене не е само едноставна почит кон зборовите, туку разговор со оние титани од минатото кои го даваа најскапото кога се бореа за нашата слобода и ја плаќаа скапата цена за градба на татковината.Но од денешна перспектива прашањето е што значи сево ова за младиот човек и како тоа изгледа во неговите очи .Денес реалноста со која тој се соочува ги одзема шансите за целосно размавнување на потенцијалите и работите во кои верува. Одземањето на таа шанса значи ускратување на целата нација за некое ново научно достигнување, за некоја нова писателска, или спортска ѕвезда, за некој нов шампион кој ќе нè претставува низ светот, за некоја наша гордост. Цената од таквото колективно промашување е иселување, потрага по нешто подобро, споделувајќи ја судбината на стотици илјади кои досега ја напуштија земјата. И за тоа генерално постои една сериозна причина, а тоа е отсуството на систем. Систем кој ќе даде шанса на способните, систем кој ќе им даде можност на талентираните, отсуство на систем кој ќе е темелен на вредности и заслуги, систем кој ќе даде шанса за оние кои сакаат да дишат со полни гради, кои ќе ги стимулираат младите да го прават тоа што најдобро го знаат и најмногу го сакаат. Систем кој ќе ги отрфли корумпираните, лукративните, систем каде за да се прескокне пречката ќе треба пот, труд и демонстрација на способност, а не конекции, непотизам и корумпираност. Систем во кој најсиромашниот ќе ја има најголемата шанса, не затоа што не е богат, туку затоа што е способен. Систем кој талентираноста ќе ја поттикнува и ќе ја развива, а слабоста ќе ја селектира и ќе создава услови таа да се надмине. Не треба да се откажуваме од ниту еден човек, но мора способните да ја добијат својата шанса и да го живеат својот сон.Примерите кога поединците ќе сакаат да го заобиколат системот и да напредуваат се присутни секаде, но добрите држави се издвојуваат по системите кои ги откриваат таквите поединци и ги ставаат во нормалата која подразбира успех само со многу труд и работа.Некој ќе праша дали е тоа можно кај нас по толку децении потрошени на омраза, рушење на системите и создавање на изместени вредности. Можно е, но за тоа е потребна борба. Да не се потргнуваме настрана кога ќе е тешко, да не се откажуваме затоа што поединечното откажување создава принцип кој потоа станува традиција што се следи. Ако јас се откажам, ударот доаѓа на наредниот до мене. Да не го одбираме најлесниот пат, туку вистинскиот за да стигнеме до целта. А сите неуспеси да бидат лекција за наредните победи.Како професор на факултет кој гледа како добрите генерации студенти ги празнат клупите и си ја бараат среќата некаде надвор по светот, навистина боли фактот кога пред очи добри луѓе го градат својот сон за некаде надвор од својата татковина. И прашањето е зошто ако тие млади луѓе успеваат насекаде надвор, не можат да успеат дома. Едната причина е токму тој распаднат систем кој ја труе секоја здрава клетка и не овозможува развој, втората причина е што помалку сите млади, но и сите ние се навикнавме да ги прифаќаме работите без отпор и борба, а токму тој отпор ја создава револуцијата на духот, револуцијата на потенцијалите, експлозијата на колективната способност сами да одлучуваме за работите. Ако молчиме, тие ќе мислат дека го имаат природното право да управуваат со нашите судбини, и секоја неодговорна влада ќе зема повеќе од нашиот природен простор на живеење. А колку помалку го има тој простор толку помалку ќе ги има слободата и идеите во кои веруваме. И успехот не е можен без колективната заложба тие промени да станат основата од која понатаму ќе се гради и ќе се создава иднина. И во таа борба секој млад човек ќе ја има мојата поддршка за промени, затоа што ова е и наша заедничка борба. Без оглед каков е поединечниот интерес, целта и мотивите за борба не се поинакви од тие за кои се бореа и илинденците и партизаните. Слободата и успехот се идеалот во кој веруваме, нашето сонце, но и нашата кауза. Слободата дава енергија, распостилање на талентот, експлозија на креативната енергија, и Македонците да веруваат во слободата која долго ја немале, и за која долго умирале и се раѓале мажи и жени под ова сонце.Затоа е скапа слободата и таа мора да се брани тогаш кога ни ја одземаат и да се негува и тогаш кога најмногу ја имаме. Да не се откажуваме оваа генерација да ја добие вистинската шанса каква сите претходни ја немавме. Вистинската слобода каде успехот ќе дојде како последица на заслуги и многу труд. Мојата борба е за таа шанса. Шанса да создадеме систем каков денес го немаме, а секој еден од вас го заслужува да го има“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

24032022_PVRSM_Kovacevski_na-Vonredniot-samit_2

Ковачевски не седнува со Мицкоски во четири очи

Димитар Ковачевски, премиер, најави дека за во среда се поканети Христијан Мицкоски и двајца економисти од ВМРО-ДПМНЕ. Ковачевски посочи дека нема да прифати т.н. „неутрално место“ за средба, туку само на состанок во Влада, во среда.„Местото каде се носат економски политики е Владата односно во економскиот совет во проширен состав, кој функционираше во корона кризата. Сите решенија од таму беа преточени во одлуки на комисии, тела и седници на Влада. Тоа е институционалниот начин за одлуки. Во среда има закажано состанок, каде поканети ќе се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и двајца економисти од ВМРО-ДПМНЕ кои и претходно беа поканети но не дојдоа“, посочи Ковачевски.Тој одби состанок на како што вели „во четири очи“, кога во прашање е Мицкоски.Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ побара од Ковачевски да се сретнат во седиштето на неговата партија, за да му даде понуди односно контакти за купување на поевтина сруја.

Актуелно | пред 3 години

DFASDFASDFASDFASDF

Од шеги до заговори: Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела

Караницата на релација ВМРО-ДПМНЕ - Данела Арсовска не застанува. Скопската градоначалничка последно го повика Христијан Мицкоски, лидер на опозициската партија, да дојде и лично да се пресмета со неа. Тој пак, преку телевизиско интервју ги смируваше страстите посочувајќи дека ова не е војна. Сепак, се чини дека страстите се зовриени, ако се има во предвид дека секојдневно ВМРО-ДПМНЕ испраќа соопштенија до медиумите со кои ја девалвира и дискредитира Арсовска.И јавноста има свои коментари. Дел се шегуваат, на дел ништо не ми е јасно, а трети, имаат своја страна.Дел од нив, објавени на „Твитер“, во проодлжение:„Данела, сега, добра е или лоша? Не разбрав“https://twitter.com/KRodzers/status/1569741548212060162„СДСМ и се воодушевува на Данела. Каков ти е денот таква ти е годината“https://twitter.com/Schiffer_PG14/status/1570374548075290628„Ќе потврди ли сега дпмне дека Данела е Бугарка?“https://twitter.com/AnaFiljana/status/1570507059850018819„Исто како што заврши Тривке невини ќе заврши и данела без ниту еден реализиран проект...“https://twitter.com/NoStAlGicArOt/status/1570358754012499971„Фала #Данела за денешните вмровски солзи. Кралице моја. Срно моја“https://twitter.com/100deutschemark/status/1569321593557368833„Кај е шпицниот Градоначалник, кај се крие? - ДанелаЈас од Нервно:“https://twitter.com/CheGuev21277156/status/1570425607888195586„Уште 5-6 глупи мемиња со Данела и нова година“https://twitter.com/mancesterovec7/status/1570522125718659074„Данела пред поплавите да го фатеше директорчето у мед ќе и простевме“https://twitter.com/Act_A__Fool/status/1570522809310511107„Ипак ја мислам дека Данела премлада влезе у политика.. Мислења?“https://twitter.com/HerrPIPO/status/1570532535914090498„Немој да пиете шилеговача, видовте што се случува со Данела , па таа стана ШИЛЕЖЕ“https://twitter.com/WolverineNase/status/1570550762266296320„Данела решила да се справува со корупција. Сасвим нормално е дека нема да има поддршка од ниедна политичка партија“.https://twitter.com/AntovSr/status/1570648404145090561„Имајки го предвид минатото на Данела не верувам дека решила да се справува со корупција или пак да одолее на партиски влијанија. Мислам дека едноставно не сака да дели со ниту една партија“.https://twitter.com/ibogovitelicno/status/1570650477527986178„Данела Арсовска вели била најдобар градоначалник до сега. За мене од почеток до сега е најголемо разочарување и промашување“https://twitter.com/Nedopirliva1/status/1570656280519540737„И после #Данела не била царица! *само да се мрчело“https://twitter.com/MKDProLet/status/1570656640063635456„Значи Данела е есдееес“https://twitter.com/PinderhughesMKD/status/1570665409262788615„Во ред е да реагира ако брцнале во градскиот мед ама таа се жешти како да брцнале внејзиниот домашен мед, која сама го направила...🙄 Данела пчелката стана оса!“https://twitter.com/ANGELa99046218/status/1570667276617273345„Мора да признаеме дека Данела и се допадна на „заедницата“ затоа што покажа твитерашки шмек, користи наши финти за кревање на рич и си лапа симп фоловери (гласачи) со навежбано „дрско“ а у ствари простачко онесување..“https://twitter.com/zoranveli/status/1570667484927365123

Коментари | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: Пред 31 година народот имаше ентузијазам, енергија и надеж, после 31 година одново се наоѓаме пред крстопат и нови предизвици

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го честиташе Денот на независноста 8-ми Септември.Честиткатави ја прененесуваме во целостДозволете ми во мое лично име и од името на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам Денот на независноста 8-ми Септември.На овој ден народот во огромно мнозинство одлучи дека сака да живее во своја независна, слободна и суверена држава.Пред 31 година народот имаше ентузијазам, енергија и надеж. После 31 година и поминати голем број на премрежја, предизвици, падови одново се наоѓаме пред крстопат и нови предизвици.Овој пат со многу помала надеж и ентузијазам поради лошото искуство низ годините. Имаме земја заглавена во исполнување на стратешките цели, децениско чекање за промени, отсуство на реформи, лош стандард, висок степен на корупција и уште поголема сиромаштија. Граѓаните ги делат истите страдања, истите маки.Македонецот знае да ја препознае тежината на времињата и да го избере патот кој е правичен, сигурен и носи просперитет и иднина.Сега повеќе од било кога се потенцирани предизвиците во форма на негација на македонскиот народ, идентитет, јазик, историја и култура.На Македонија и треба нов 8-ми Септември, нова надеж, национално и сеопштествено обединување околу заложбата за подобра иднина и зачуван идентитет.Како што на 8-ми Септември победи мислата за независна, суверена и самостојна Македонија, така и на претстојниот референдум ќе победи Македонија.Овој референдум ќе ја зацврсти Македонија и сите ние заедно ќе докажеме дека сме достојни на нашите предци и способни да им ја оставите државата просперитетна на нашите деца. Затоа е многу важно сите без разлика на националност, религија и политичка партија да се обединиме и исто како на 8-ми Септември 1991 година.Јас сум цврсто уверен дека македонскиот народ, заедно со Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците и сите останати има и сила и мудрост да го помине и ова премрежје пред кое се наоѓаме.Нека ни е за многу години независноста.Да живее Република Македонија.Со почит,Проф. д-р Христијан МицкоскиПретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 години

dimitar-kovachevski-hristijan-mickoski-960x504-1

Мицкоски со понуда до Ковачевски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Тетово им понуди на владата на СДСМ и Димитар Ковачевски на следната седница на Собранието веднаш да се стави на дневен ред предлогот за уставните измени, додавајќи дека доколку власта собере 80 пратеници тогаш тој ќе го исполни ветувањето и трајно ќе замине од политиката, а доколку не тогаш Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори.- Верувам во секој еден пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на парламентот дека под овие околности нема да гласа за промена на уставот и дека доколку се случи такво нешто ќе заминам трајно од политиката, затоа што има полна доверба во сите нив, потенцираше тој.- Еве денеска ќе одам и чекор понапред овде во Тетово, порака до владата предводена од СДСМ и ДУИ, до Димитар Ковачевски веднаш откако парламентот, односно парламентарците ќе се вратат од годишните одмори, првата точка на првата седница во парламентот да биде предлог за измена на Уставот на Македонија. И доколку тој собере 80 пратеника јас следниот ден ќе го исполнам даденото ветување. Доколку тој нема 80 пратеника да одиме на предвремени парламентарни избори. Еве чесна и фер понуда, порача Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

mickoski-stevce-jakimovski

Јакимовски открива: Мицкоски го бетонира Бугарско-Францускиот договор

За мене власта фарса не прави, власта е јасна како ден - она е спремна да предаде и власта си кажува: "Ние сме за прифаќање за договорот со Бугарија; ние сме за уставни промени; за внесување на бугарите во уставот.“, вели градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски„Значи СДСМ ни е јасен како ден, фарсата е кај опозицијата, кај Христијан Мицкоски, не е фарсата во СДСМ. СДСМ ни е јасен, зошто СДСМ прави фарса?Значи нивната цел е јасна, они се спремни сите предавства да ги направат, е сега проблемот е што овој им асистира во правењето на предавствата, а ваму изиграва пред народот дека он е тој што ја штити Македонија.⁉️Ќе одговори ли на прашањето зошто месец ипол однапред направи протест кој беше десет дена пред објавување на Бугарскиот предлог, за да кулминацијата да се достигне десет дена пред тоа и после тоа тие протести беа само фарса. Мојот предлог беше да направиме еден голем протест на којшто ќе имаме најмалку шест – седумдесет илјади луѓе, да донесеме 700 – 800 автобуси.‼️Скопјани сакаат да излезат; и замислете ја глетката вие од фонтаната во парк до Стоковна куќа мост, спрема Тифани – народ да има према црквата. Возможно е тоа? Возможно беше тоа? Овој пат како никогаш досега имаше тензии, народот беше спремен, ама еве тој го угуши тој набој кај народот што го имаше, јас сум сигурен дека ако одеше толку народ они ќе се повлечеа, ама очигледно дека ова е дадено ветување пред меѓународната јавност.⁉️Беше ли Мицкоски во Брисел крајот на април, почетокот на мај? Таму е договорена целата работа. И сега што се случува, сега сака да се испере и пред народот и пред народната заедница, а во исто време партијата да ја дигне во кондиција со тоа што ќе прави кампања за референдум.Што значи тоа? Јасно како ден, еве 102,6% дека мнозинство да поништување на ова ќе нема, со тоа го бетонира Бугарско-Францускиот договор, значи нема бришење и со тоа тој добива пас, утре неговите луѓе од неговата партија, во парламентот да ги гласаат уставните промени за да влезат бугарите во Уставот со тоа македонскиот народ е изигран, а ќе ја префрла вината кај народот, а не кај себе. Мојот предлог е следен.‼️Излегуваме јас, тој, Апасиев, другите партии, потпишуваме договор, или декларација со која народот ако ни даде доверба со 61 пратеник, ние гарантираме дека ќе го поништиме овој договор и ништо повеќе. Нема што да се криеме позади народот; нема што да го мачиме народот; нема зошто да го лажеме; оваа е чесна понуда.‼️Имаме 61? Поништуваме‼️Немаме 61? Тоа е тоа, и овој е полесниот начин како да се дојде до оваа работа, а сето друго е фарса.Потполно истата фарса каква што беше за референдумот за промена на Уставот и промена на името, потполно иста фарса.Потполно иста игра се игра денеска“, вели Јакимовски.

Македонија | пред 3 години

Hristijan-Mickoski-12.07.2022

Мицкоски: ДУИ влезе во пакт со Бугарија и го предаде македонскиот народ

Заклучоците за францускиот предлог поминаа во Собрание, изгласани со 68 за и ниту еден глас против. Вие бевте предводници на граѓанските протести кои се одржуваа повеќе денови наназад, а кои беа поддржани не само од опозицијата туку и од голем број независни граѓани. Зошто на крајот, наместо да го дадете гласот против, одлучивте да ја напуштите седницата?–Заклучоците не се однесуваа на францускиот предлог бидејќи францускиот, или последниот, или модифицираниот предлог или не знам веќе кој предлог не беше пред пратениците за да може врз основа на него да може да се произнесат и да може да кажат дали е тоа во ред, бидејќи тој не беше комплетен, затоа што го немавме во тој момент сè уште протоколот на маса. Имаше шпекулации, имаше претпоставки, но ниту во еден момент го немавме протоколот на маса, што самото по себе претставува скандал, бидејќи избраниците на народот ги терате да се произнесат по некаков си документ. Предлог-заклучоците се еден лист, лист и половина хартија каде што Собранието им вели на министрите во владата да носат кошули… какви ќе бидат тие кошули, дали ќе бидат со копчиња, со кратки или со долги ракави – тоа не е дел од тоа што го предлагаат.Така што првата брутална измама што е направена од нашата влада, после мега измамата што ја направија кога кажаа НЕ, а подоцна го прифатија истото за кое што стигна потврда и од бугарска страна дека се работи за истиот предлог, следуваше оваа втора измама каде што на пратениците од власта и оние поддржувачи кои кренаа 68 гласа ЗА им беше на маса ставено нешто коешто немаше никаква врска со нешто што се нарекува последен предлог. Но, од друга страна, не можам до ден-денес да поверувам дека опозициските пратеници, кои себеси се декларираат како опозиција во парламентот и тука, пред сè, мислам на онаа опозиција што е против владините политики, што ги гласаше овие заклучоци. Затоа што се поставува прашањето, ова не го отвора патот кон Европската Унија, бидејќи Владата е таа која што носи одлуки. Владата тогаш само ги злоупотреби пратениците во парламентот и во јавноста претстави дека еве тие гласале за некаков предлог кои тие претходно го прифатиле. Се гласаше за нешто коешто нема суштина, а суштината е тоа што дека владата прифатила асимилаторски договор со Бугарија, којшто потоа беше преточен во последен предлог што дел од јавноста го нарече модифициран.Ние не учествувавме во гласањето, иако учествувавме во дебатата за да може јавноста да го слушне нашиот став поврзан со тој последен предлог кој нема врска со заклучоците и со овој памфлет што го изгласаа 68 пратеници, и тоа е јасно дека е не и неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ, а тоа што не бевме во моментот на гласање е само заради тоа што не сакавме да дадеме легитимитет со нашето присуство на нешто коешто го гласаа пратениците. И тоа е јасно дека е НЕ и дека е неприфатлив за ВМРО. Имаме парламентарно мнозинство, кое кога требаше довербата на владата, кукавички ја напушти дебатата и да елаборира зошто треба оваа влада да остане, и сега овие 68, во којшто има дел од пратеници од опозицијата, велат зошто ВМРО-ДПМНЕ не било, ВМРО-ДПМНЕ нема да легитимира неправеден и ненароден чин.Со потпишувањето на Протоколот, фактички притисокот се зголемува на македонско-бугарската историска комисија. Какви се Вашите очекувања, ќе има ли капацитет комисијата без политички притисок да договара значајни теми, како што се потеклото на Гоце Делчев, средновековието … ?–Очекувам притисоци, како што беше и претходно, да – очекувам од Бујар Османи притисок врз работата на комисијата, иако тоа веќе сега не е никако поврзано со европскиот пат на Македонија, затоа што европскиот пат во моментов зависи само од една работа, а тоа е промената на Уставот, не зависи сега само од работата на комисијата и тука е овој момент каде што јас само велам не е ништо изгубено, затоа што промената на Уставот е последниот браник на македонскиот идентитет.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводи и оние кои не се сложуваат со овој француски или последен модифициран предлог се чувари на македонскиот идентитет. Сега веќе работата апсолутно нема никакво значење. А дека ќе имаат од Бујар Османи и од тие негови соработници притисок, ќе имаат, и комисијата треба да знае дека ќе имаат, немам никаква дилема. Водството на ДУИ прави историска грешка, тие практично гледајќи го интересот на Албанија, влегоа во коалиција и пакт со Бугарија и Бугарите, и ги продадоа интересите на македонскиот народ и нивните сограѓани во Македонија, и на тој начин оставија трајна рана во нашата колективна меморија и тоа нема да го заборавиме.После Преспанскиот договор и промената на името, сега сме под силен притисок за менување историја, учебници итн…. Дали цената за влез во ЕУ не е превисока и од овој аспект денес, може ли нешто да вратиме назад?-Па и самиот Бујар Османи кажа, а и Стево Пендаровски претходно дека подобро било да се на масата заедно со останатите 26 земји членки и да преговараат демек имале помош, отколку да се надвор од масата. Притоа заборавија да кажат дека ние и сега сме на масата, само сега сме наспроти изолираната Бугарија, е сега ќе бидеме на масата на којашто Бугарија ќе биде заедно со тие 26 останати земји членки. И самите тие кажаа дека ако нема брза измена на учебниците по теркот на Бугарија, тогаш можеме да очекуваме вето. За Бугарија е важно средновековието затоа што тоа е темелот на тезата дека ние практично сме биле Бугари пред да бидеме создадени како вештачки народ од страна на коминтерната и Тито. Средновековието почнува од Второто бугарско царство, и тоа е суштината на кои тие ги темелат тие тези и тврдења, и тука е грешката на овие наши политичари корумпирани и по власт аздисани, не се свесни и затоа намерно ги прават овие грешки. Дел се и од незнаење, а дел се и од кариеристички причини и од аздисаност за власт, привилегии и народни пари. Ниту еден државник кој има елементарно познавање за антропологијата на македонскиот ген и идентитет нема на крај на памет да му падне да преговара на оваа тема, а камоли да седи таму на маса, да се смее и да потпишува договори. Сега не се свесни, имаат обезбедувања привилегии и така натаму, но кога ќе ја изгубат власта и ќе ги напуштат кабинетите, ќе се соочат со гневот на народот на улица, ако останат тука, ако не избегаат, и ќе бидат свесни и ќе речат -ах да можам да го вратам времето назад, не би ја направил таа грешка , но ќе биде доцна.За каков реципроцитет во протоколот зборуваме кога Бугарија и вечерта пред меѓувладината седница ни испрати документ со кој не го признава македонскиот јазик?–Никаков реципроцитет, Бугарија сама кажува дека не го признава јазикот, а ние го признаваме бугарскиот јазик. Бугарија дава изјави дека за нив македонскиот јазик е некаков дијалект на бугарскиот и тоа го оправдуваат на некој хегемонистички начин но би рекол, но тоа е нивната политика и тоа не треба да нè изненадува, тие си имаат стратегија, си имаат план и гледаме дека тоа си го исполнуваат.Проблемот е што кај нас има отсуство на државотворен капацитет, кај нашите политичари. Па дури и Бујар Османи си го исполнува тоа што си го има зацртано, а тоа е Албанија да ги почне преговорите и да оди напред. Јас се чудам на Димитар Ковачевски и на останатите министри во Влада, за кои повторно ќе кажам, аздисаноста по пари, тендерите, криминалот им се заеднички именител и подготвени се преку сè да поминат за тоа да го сочуваат. Национално тотално исплакнати ликови, тие не може да бидат државници и не може да ја водат државата напред и можат само дополнително да го компликуваат процесот и да стагнира државата како што стагнира, бидејќи ние не ги почнуваме преговорите, па дури и на нив.Ние преговорите ќе ги почнеме и ќе ја усвоиме преговарачката рамка тогаш кога ќе го смениме Уставот.Во тек се консултации дали може да се распише референдум, имате ли план Б ако не се спроведе оваа инцијатива?-Консултациите траат и ќе траат дали референдумот ќе биде консултативен, задолжителен, кога да се одржи, дали со оваа влада или со некоја друга демократска влада, ќе треба да ја анализираме оваа идеја за да ја бетонираме заедно со граѓаните нашата позиција околу сево ова што ни се случува. Но да бидам уште попрецизен, сите овие процеси, билатералниот договор и протоколот, промената на Уставот, усвојувањето на преговарачката рамка се сами по себе некако различни но поврзани. Преговарачката рамка не може да биде усвоена без да се случат уставните измени, а ако не се случат уставните измени, тогаш Бугарија нема ништо, ние не преговараме, не отвораме кластери, но и Бугарија нема ништо, и затоа браникот на Уставот се пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и останатите опозициски пратеници. И тука граѓаните треба да се сигурни.Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4 , којшто се повикува на билатералниот договор со Бугарија, членот 12 од истиот којшто, пак, е поврзан со протоколите што се потпишуваат еднаш годишно. Тоа е спорно за нас и тоа претставува потенцијална опасност дека ние во иднина повторно ќе имаме вето од Бугарија, доколку не промениме учебници под диктат на Бугарија. Тука се фокусираме во делот на референдумското изјаснување на граѓаните: Дали да се прифаќа или да не се прифаќа оваа содржина на преговарачката рамка, инаку за Уставот никој не спомнува опција за референдум. Уставот – браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Ова е сосема нешто друго, ова е дали заедно со граѓаните, ние овој текст на преговарачката рамка ќе го прифатиме. Ако не го прифатиме, тогаш на Брисел ќе му кажеме – извинете на референдум излегоа толку и толку граѓани – овој текст не го прифаќаме ќе мора членот 5, алинеја 4, да го тргнете и да останат членовите кои се повикуваат на копенхашките критериуми и критериумите за процесот на стабилизација и асоцијација. А за билатералните спорови да биде исто како и за останатите 26 земји членки, сега плус Албанија, да си биде исто и за нас.Зошто власта и опозицијата функционираат како најлути непријатели и не успеваат да изградат позиција на конструктивни политички опоненти, барем за националните прашања?-Јас понудив и работни тимови и се повлеков од барањето за предвремени избори, само за да кажат НЕ, бевме проактивни, имавме иницијатива, од другата страна имаше или молк или брутално одбивање. Затоа мислам дека е подобро власта да одговори на ова прашање.Го обвинувате ДУИ за предизвикување трајна штета во односите меѓу Македонците и Албанците. Доколку утре победите на избори, а во албанскиот блок ДУИ освои најмногу пратеници, ќе коалицирате ли со Ахмети по принципот победник со победник?-Ние сега зборуваме дали ќе го имаме условот Бадинтер или нема да го имаме. Доколку условно, ДУИ е политичката партија, којашто убедливо ќе победи, и нема никакви поинакви можности да се надомести условот Бадинтер, тогаш ќе седнеме и ќе разговараме и тука немаме никаква дилема, и на тој начин ќе го сочуваме идентитетот, но ќе побараме од ДУИ да се коригира во своите постапки затоа што јас сум убеден дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ, ќе има повеќе од 61 пратеник, односно ќе имаме самите мнозинство. Но ако имаме друга можност, сценарио кое јас го посакувам, со албанските опозициски партии и други политички партии, тогаш ДУИ редно време е после повеќе години на власт да замине во опозиција.Освен струјата и бензинот, деновиве се најавуваат повисоки цени и на комуналиите… граѓаните живеат во страв како ќе се живее од есен, и со колкави сметки за струја ќе ја презимат зимата. Каков Ви е Вашиот план за борба против сиромаштијата што го најавивте?-Цената на електричната енергија на берзите драматично расте, а бидејќи Македонија е увозно зависна земја од електрична енергија, не произведува доволно, а не произведува доволно затоа што овие кои треба да произведуваат крадат. Пред неколку месеци понудив Македонија да разговара под итно со Унгарија или со Австрија и да влезе во некое внатрешно портфолио за произведување на гас и на струја и на топлина, и тој гас да се складира без разлика дали во Австрија, дали во Унгарија. Тогаш не знам дали не ме разбраа, бидејќи немаше одговор на тој предлог, а гледам денеска тоа го прави соседна Србија. Ако тоа тогаш го направеа, колку-толку ќе ја амортизиравме состојбата со електричната енергија. Исто така, предложив да се закупат капацитети, уште пред неколку месеци за производство на електрична енергија, нуклеарката ПАКОС можеше 10-15 % од таму да закупиме – ние сме енергетски супер поврзани со соседна Србија, а тие се поврзани со Унгарија и можевме на многу поедноставен начин да добиеме енергенс. Можеше да се закупат капацитети на пченка, пченица, но и тоа не се направи бидејќи сега гледаме дека ни се потребни за да презимиме зимата. Јас предлагав тогаш, но пак ќе кажам или не разбраа или ме игнорираа, и сега доаѓа август, а после август-септември и не знам кога ќе се подготвуваат за есента и зимата. Ако се носат одлуки во 5 до 12, тие одлуки ќе чинат многу пари, а тие пари ги немаме, бидејќи ќе треба да ги позајмиме или ќе треба да трошиме државни резерви, така што ја доведоа државата во некоја прилично хаотична ситуација со неодговорното однесување, и да бидам до крај искрен, не гледам капацитет во овој министерски кабинет на Ковачевски. Ние понудивме – ако тоа го направевме во март или во април, ние немаше сега да се секираме како ќе ја дочекаме грејната сезона во октомври, ноември, декември и цела зима, но сега треба да сме загрижени затоа што јас ве уверувам дека цената на берзите од декември ќе биде околу 1000 евра, а од 1 јануари ќе имаме нова регулирана цена за домаќинствата која што ќе биде коригирана нагоре, и ковид-пандемијата си го прави своето, и сè на сè влегуваме во еден тотален државен хаос. И не сум оптимист, ние понудивме излез, неколку варијанти и бевме одбиени.Помина и првата меѓувладина седница, за која велите дека беше само фотосесија. Беше ли тоа само наша жртва за Албанија да ги почне преговорите, а ние и натаму да останеме во предворјето на Брисел сè до отворање на Уставот?Точно е, зошто еве не отворија кластер, зошто не ја усвоивме преговарачката рамка, па да речеме еве ќе преговараме под овие услови. Тоа беше обична фотосесија во Брисел, и, за жал, после таа фотосесија, единствен губитник ќе биде Македонија, македонскиот народ и граѓаните во Македонија. Дури и Албанците во Македонија нема да одат напред, ќе одат Албанците во Албанија затоа што тие ќе си преговараат, ќе си ги отворат кластерите, и зависи сега од нив со која брзина ќе напредуваат. Но Албанците во Македонија, македонскиот народ, повторно ќе бидеме во ходник и ќе седиме на магарешка клупа и ќе чекаме некој нов услов да се исполни, а тоа е условот промена на Устав, а дури потоа да ни биде поставена преговарачката рамка.Министерот Османи е речиси уверен дека по првата конференција во Брисел, во предвидениот рок ќе се премине и на втората седница, за што услов е да се случат уставните измени. Тој е убеден дека измените во Преамбулата ќе се случат, а во исто време Вие сте сигурни дека нема да се соберат потребните 81 пратеник, со оглед дека сте децидни дека вашите пратеници нема да гласаат. Како нотарските изјави ќе бидат гарант дека некој нема да го смени мислењето, да речеме да биде уценет и да гласа за?Едноставно сум сигурен, имам полна доверба во тие луѓе дека нема да се случи промената на Уставот, затоа што помина времето на притисоци и на уцени, и убеден сум во капацитетот на овие луѓе дека ќе истраат и ќе опстојат на својот став да не гласаат за промена на Уставот бидејќи тоа е последниот браник на македонскиот идентитет. Затоа што падне ли Уставот, помине ли преговарачката рамка, завршува македонскиот идентитет.

Македонија | пред 3 години

291028310_404672748293371_1075403596231413860_n

Што се случуваше по средбата: Мицкоски со изненадувачки потег, Ковачевски се сврте и замина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како ретко кога демонстрираше почит, а премиерот Димитар Ковачевски тотална непочит кон новинарите и јавноста во Клубот на пратеници. Нивната средба траеше околу два часа сосе паузи, а сите останати медиумски работници чекаа во холот на Клубот. Поради големиот интерес на јавноста, новинарите имаа низа на прашања, а тогаш се случи пресврт.Христијан Мицкоски на говорницата беше прилично јасен во ставовите. Кажа кои се позициите на ВМРО-ДПМНЕ, објасни и што се случувало зад затворените врати на средбата, посочи кои се условите. Единствено што не објасни е кои се наредните чекори на ВМРО-ДПМНЕ. Тој беше целосно отворен за одговори кон новинарите, што во суштина покажува негов променет принцип на функционирање, со оглед дека немаше расправии, ниту високи тонови, туку умерен пристап. Интересен момент од прес-конференција е што Мицкоски се тргна, па се врати на говорницата.„Господине Мицкоски имате ли друг начин на протест“, прашуваше новинарката, Тамара Грнчарова додека Мицкоски заминуваше.„Господине Мицкоски не е фер вака, да кажете вие што сакате и да не и одговорите на колешката“, реагираше новинарот Кристијан Ландов.Мицкоски, не се двоумеше и како никогаш претходно се врати на говорницата.„Ајде, повелете. Не ве слушнав, не ве слушнав“, кажа Мицкоски враќајќи се на говорницата и почитувајќи ги медиумите.За разлика од него, Ковачевски не го ценеше чекањето на новинарите. Протоколот имаше „непротоколарно“ однесување. Премиерот не даде конкретен одговор на ниту едно прашање. Постојано го повторуваше текстот напишан на листот пред него. На прашање дали ги прифаќа условите поставени од Мицкоски, не одговори дури двапати, а протоколот гестикулираше забранувајќи прашања.Првпат прашањето го постави Тамара Грнчарова, а вторпат, истото го праша и Кристијан Ландов. Двапати, премиерот си го раскажа тоа што сакаше тој, без да одговори конкретно.„Не одговоривте конкретно на прашањето, кои од трите услови на Мицкоски и дали некој од тие три услови е прифатлив за вас?“, праша новинарот Ландов.„Првин, јас веќе одговорив на прашањето. Сите тие прашања не задираат во чистиот македонски јазик во преговарачката рамка и во сите документи на ЕУ, не задираат во идентитетот на македонскиот народ и во самобитноста. Ова е мултилатерален документ.....“, си раскажа Ковачевски без одговор.Со ваквото однесување на Ковачевски може да се толкува како непочит кон новинарите. Исто така, однесувањето на протоколот со гестикулирање како што е кревањето со очи и остри погледи, мавтањето со раце, тенденциозното прекинување на новинари, може да се истолкува како недолично.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-07-01-at-15.37.11

„Ако Ковачевски го одбие овој предлог, јас ќе се повлечам од барањето за предвремени избори“, вели Мицкоски

„Му понудив на Ковачевски да го одбие овој предлог, а јас да се повлечам од барање за предвремени избори“, ова го изјви лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.„Ќе ги ставам сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ за да и помогнеме на владата во сите предизвици, енергетски, предизвици со храна, безбедносни, и на пролет да седнеме и да направиме репроценка. Ова е преговарачка рамка со која или се асимилираме и бугаризираме како ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ“, вели Мицкоски.Христијан Мицкоски изјави дека понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот Димитар Ковачевски. Според Мицкоски, барањата се разумни. Останува на ставот кој го дели со партијата дека предлогот во ваква форма треба да се одбие.

Македонија | пред 3 години

Capture

„Францускиот предлог е нокаут“, Мицкоски ги кажа индициите за македонското предавство

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски предупредува дека францускиот предлог е ист како претходниот, нема ништо различно, освен два зборови. Мицкоски посочи дека тим преговарал за македонскиот јазик, идентитет, традиција, култура и за Македонецот. Според него, има три индиции дека ова е нокаут за македонската дипломатија.„Францускиот предлог не е ништо повеќе од два збора различни од претходниот предлог. Односно да сум прецизен ако претходно имавме нокаут за македонската дипломатија, сега имаме нокаут со продолжено дејство. Сето ова е врз основа на информации со кои ВМРО-ДПМНЕ во овој момент располага. И на што го темелам сето ова дека е точно.. Ќе споделам со вас три индиции: првата е што овој модифициран таканаречен предлог беше прифатен веднаш од Петков и Радев. Во државата има распуштено Собрание, а за нив е одлично решение и го прифаќаат. Ако тогаш е така, што е различно за нашиот државен врв веднаш да го одбие со големо „не“ како што го направи тоа во Брисел. Второ, од каде Еди Рама знае дека овој предлог е добар за македонскиот народ, за чиј идентитет се преговара, а ВМРО-ДПМНЕ не е запознаена иако ние како најголема партија, пратеничка група, поддршка, ја немаме? Третата причина е бидејќи Владата на СДСМ и ДУИ има слаб карактер и традиција на предавство. Затоа предлогот го крие“, кажа Мицкоски.Тој бара: „Ако навистина е добар предлогот, Владата веднаш да го објави“.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-mickoski

Ковачевски денес на средба со Мицкоски

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски денеска ќе одржи средба со претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.„Во рамки на широката консултација која започна да се реализира веднаш по добивањето на европскиот предлог, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во текот на утрешниот ден ќе ја одржи средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Оваа средба е дел од низата планирани консултативни средби со лидерите на опозицијата, како дел од широката консултација за предлогот на француското претседателство“, соопшти Владата.

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата, вели СДСМ

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се, вели СДСМ„Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.Потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација.Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија.Со таквото негово признание Мицкоски потврди дека никогаш не бил за членство на државата во ЕУ, дека свесно и намерно ги правел сите блокади и опструкции кои ја оддалечуваа државата од интеграција во ЕУ.Со месеци Мицкоски бараше предлозите да се консултираат со него и опозицијата, а сега кога ја има можноста тој од тоа бега.Заедничкото делување со проруската инсталација Левица покажува дека ова е делување на анти НАТО и ани ЕУ коалиција.Ништо ново не се деструкциите, блокадите, обидите за нови поделби од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но тие секогаш биле препознавани и поразувани од граѓаните и така ќе биде и сега“, се вели во соопштението

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-12-at-12.59.48

„Народот да биде буден, нема време за одмори и седење дома, се подготвува асимилација“, порача Мицкоски

Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ повика на будност. Тој порача дека иднината на Македонецот не може да биде во рацете на Бојан Маричиќ и Бујар Османи. Според него, нема време ниту за одење на одмор ниту за седење дома.„Го повикувам народот на будност. Ова е нов Илинден. Овде нема партија, ова е за македонскиот индентет, кој со векови е создаван. Го предупредувам секој граѓнион во државава, да биде буден, се подготвува асимилација. Или еден ден членка на ЕУ или никогаш нема да бидеме дел од ЕУ. Ете тоа ни се подготвува со одбивањето. Знам дека притисокот ќе биде голем, но на народот треба да му биде јасно, дека ова се историски моменти, дека нема моменти за седење дома ниту за одење на одмор. Сега се одлучувачките моменти: да кажеме громогласно „не“ и наредните години да се избориме.... Нема простор веќе да гледаме... Не верувајте на тоа што ви го кажуваат, туку на тоа што ќе го прочитате и видите“, додаде Мицкоски.Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.

Македонија | пред 3 години

MickoskiSkopjeinfo

За ВМРО-ДПМНЕ веќе е неприфатлив францускиот предлог

Францускиот предлог е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Договорот за добрососедство е содржан во францускиот предлог за преговарачката рамка за отпочнување на преговорите за ЕУ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, објасни дека вклучување на овој Договор во преговарачката рамка за нив е неприфатливо.„Нема да прифатиме македонскиот јазик, освен македонски, да не биде ништо друго. Без фуснота, дополнувања, одземања, наддавања. Сето останато, вклучително и некакви протоколи и Договор за добрососедство не може да биде дел од преговарачка рамка. Членот 12 од Договорот за добрососедство ако биде цитиран, тоа директно имплицира не само историја, туку образование и се останато“, кажа Мицкоски.Според Мицкоски, ниту кабинетот на Ковачевски, ниту министрите го немаат видено францускиот предлог.„Зар тоа не е доволно да веруваме дека имаме дипломатски нокаут и капутилација?“, праша Мицкоски.Мицкоски е дециден во барањето веднаш предлогот од Франција да биде објавен на владината веб страница.„Бугарските барања се дел од предлогот. Какви корекции, какви бакрачи. Зарем вие мислите дека Радев кој победи 2-1 со неговиот противник, ќе си дозволи лускуз кој за него ќе значи дипломатски пораз? Ако е така како што кажува Ковачевски, предлогот ќе требаше да биде закачен на веб страницата на Владата“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

289430754_582909726524291_7009175504643671108_n

По протестот, Мицкоски утринава на врв на Галичица: Од тука најубаво и најшироко се гледа татковината

По вчерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски се искачи на Галичица.„После историскиот митинг на кој се случи народ, утринава на врв на Галичица - Магаро 2255 мнв. од каде најубаво и најшироко се гледа татковината.Нашата Македонија која бара промени, народот кој ја делегитимираше Владата и Македонија која е на нозе!Одиме до крај затоа што е премногу!Промени“, напиша Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Мицкоски објави снимка од дрон од протестот пред Владата: Благодарам Македонијо

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на социјалните мрежи објави снимка од дрон, направена за време на вчерашниот протест пред Владата.„Благодарам Македонијо! Величествена ноќ, енергија и сила за промени“, напиша Мицкоски.ВМРО-ДПМНЕ бара избори, а ако власта не се согласи најавија блокади. Мицкоски зборуваше за инфлацијата, францускиот предлог за кревање на бугарското вето, и ред други проблеми со кои се соочува државата. Најави дека нема да поддржи промена на Уставот, со цел бугарските барања да влезат во него.Благодарам Македонијо!Величествена ноќ, енергија и сила за промени!Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, June 18, 2022

Македонија | пред 3 години

Untitled-1

Да си ја вратиме земјата во наши раце, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, вели Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е отворена партија! И за Македонците! И за Албанците! И за Турците! И за Србите, Власите и Бошњаците, Ромите, Египќаните и сите останати! Тука сме за сите ограбени, понижени и обесчестени граѓани на Македонија! Им подаваме рака на сите! Придружете ни се во нашата борба за нашата мајка Македонија, кажа претседателот проф.др. Христијан Мицкоски на вчерашниот протест пред владата по мотото - Премногу е, изјави Христијан Мицскоски на вчерашниот митинг пред владата.Тој потенцира дека ни е потребно е обединување и општествена поддршка. Кажа дека нема инстант победи, но дека ВМРО-ДПМНЕ почнува и од сега па натаму продолжува низ градовите и улиците да се бори. До конечен пад на оваа корумпирана и криминална власт.„Ми велат - има ли светло на крајот од тунелот. Јас велам има! И јас не само што го гледам тоа светло, туку ве повикувам заедно да чекориме до тоа светло! Светлото на крајот од тунелот значи да ја промениме власта и да обезбедиме сите наша заедничка перспектива и иднина.Да ја вратиме надежта и еланот во нашите срца како тој 8 септември 1991 година. Овие избори да не бидат избори за власт, туку референдум за Македонија. Да дојде нова генерација способни луѓе која ќе направи нов пресврт, нова страница и нова епоха за Македонија“, потенцира тој.Претседателот кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања