Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

IMG_4621

Премиерот Мицкоски најавува нови инвестиции, проширување на постоечките и 1000 нови вработувања

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска најави дека граѓаните треба да се спремни на убави нешта бидејќи се очекуваат нови инвестиции, проширување на постоечки и нови 1000 вработувања.Периодот што следи ќе бидете сведоци на уште многу такви инвестиции. Ние уште во предизборието најавувавме дека ќе имаме неколку нови инвестиции, проширување на неколку постоечки инвестиции. Така што ќе имаме динамично лето што се однесува до носењето на инвестиции или проширување на постојните инвестиции, посочи Мицкоски и додаде:„Очекуваме неколку стотици милиони евра оваа година нови инвестиции и проширување на истите, очекуваме повеќе од 1000 нови вработувања. Треба јавноста да биде подготвена на убави нешта. Нашата цел е да ја вратиме надежта дека може да не биде, нешто кое што изминатите 7 години не постоеше“.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Мицкоски: Измените во здравството предвидуваат намалување на функционерите и лоцирање на одговорноста

„Новите измени што ги предложи Владата предвидуваат намалување на функционерите во здравството, стоп за дуализмот и лоцирање на одговорноста, бидејќи досега некако се префрлаше одговорноста од еден на друг, немаше јасна хиерархија и вертикална субординација“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Општина Гевгелија.Мицкоски појасни дека досега се случуваше едниот директор да носи една одлука, другиот друга одлука и тоа создаваше дуализам и конфликт кој пак создаваше проблем во функционирање на здравството.„Второ, намалување на функционерски надоместоци. Тука нема да застанеме продолжува реформата, таа е интензивна ќе имаме обединување на Клиничкиот центар, односно клиниките во рамките на Клиничкиот центар во една институција, односно правно лице и понатаму продолжуваме со регионализацијата и локалниот пристап на здравствениот систем“, потенцираше Мицкоски.Мицкоски нагласи дека овие измени се предложени во програмата и граѓаните гласаа за истите и додаде дека интересот на Владата е штитење на интересот на граѓаните.

Македонија | пред 1 година

IMG_4885

Мицкоски: Целта на Владата е да работи за граѓаните, започна реконструкција на спортската сала „Партизан“, а пуштен е во употреба и Булеварот до ГП Богородица

„Често сум овде во Гевгелија. Често разговараме со градоначалникот, со пратеничката која што доаѓа од Општина Гевгелија, со луѓето кои што не поддржуваат, со гевгеличани, за тоа што се потребите на гевгеличани и што е она кое што го прави Општина Гевгелија за да ги задоволи тие потреби на гевгеличани.Денеска имав можност да бидам дел на пуштањето на еден таков стратешки капитален проект, како што е новиот Булевар кон Граничниот премин Богородица и она кое што е многу значајно што кога почнуваше таа капитална инвестиција да се реализира ние бевме заедно со градоначалникот, пратеничката, со луѓето кои што не поддржуваат, а денеска сме тука со истите луѓе, плус министерот за локална самоуправа, луѓето кои што цело време се наша поддршка, наша инспирација за да работиме во интерес на граѓаните.Целта на оваа Влада е да работи за граѓанитe, во случајот да работи за гевгеличани. Спомена градоначалникот за овој проект позади мене, нешто кое што претставува за самите гевгеличани една убава емоција. После толку години истиот почнува да се реконструира и навистина и оваа капитална инвестиција ќе додаде вредност во животите на гевгеличани. Но, не само тоа очекувам во август да почне и реализацијата на оној проект кој што цело време зборуваме, а тоа е реалоцирање на средствата од централниот буџет кон општините, со специјална намена за проекти, капитални инвестиции. За овие последни 4 месеци од годината Општина Гевгелија ќе добие соодветен буџет, веќе разговаравме со градоначалникот што ќе биде приоритет и каде тие пари ќе бидат искористени. Мислам дека ќе биде едно пријатно изненадување на гевгеличани. Истовремено од она кое што успеав да го добијам како информација од градоначалникот дека за следната година 2025 имаме доволен број на проекти за исто така финансиските средства кои што ќе бидат реалоцирани од централниот буџет да бидат истите и финансирани.Уште еднаш да посакам реализација на многу вакви капитални проекти. Тоа е она кое што е политика на оваа влада, тоа е она кое што ќе биде политика на Владата и министрите. Граѓаните го направија своето, сега е редно време и ние да им вратиме на граѓаните за тоа кое што го направија.Македонија се сака со дела. Така ќе продолжиме да функционираме.”

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски: Укинување на економски директори, укинување на дуализмот и лоцирање на одговорноста

,,Укинување на економски директори, укинување на дуализмот и лоцирање на одговорностаПосле долги години злоупотреби и партиски манипулации, Владата на денешната седница ќе ги разгледува измените на предлог законот за здравствената заштита, со што ќе се укине институцијата "економски директори" во јавните здравствени установи.Со оваа мерка се стремиме кон подобрување на ефикасноста во управувањето со нашите здравствени установи, намалување на административните трошоци и насочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги.Новите законски одредби предвидуваат дека здравствените домови со над 1.000 вработени, универзитетските клинички центри, универзитетските клиники, клиничките болници и институтите ќе бидат раководени од само еден директор, кој ќе биде одговорен за организацијата и работењето на установата, како и за законитоста на работењето.На овој начин ќе се лоцира и одговорноста и укине дуализмот во одлучувањетоВерувам дека оваа реформа ќе овозможи пренасочување на средствата кон подобрување на здравствените услуги и инфраструктурата, зголемување на транспарентноста и отчетноста во работењето, како и подобрување на условите и квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани.Нашата посветеност на здравјето и благосостојбата на граѓаните останува приоритет и овој чекор е уште еден доказ за нашата заложба за подобро здравство.За тебе!Продолжуваме!”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: Укинувањето на акредитацијата за студии за медицински науки на Универзитетот во Струга е поради тоа што е спротивно на законите и не ги исполнува критериумите и условите

„Тоа е укинување на претходно издаденото решение, бидејќи е спротивно на законите и не ги исполнува критериумите и условите“, вели премиерот на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање дали се стега обрачот околу ДУИ, бидејќи владата донесе одлука за поништување на акредитација за студии за медицински науки на Универзитетот во Струга, како и укинување економските директори на Клиниките.Премиерот Мицкоски истакна дека истата комисија која претходно издала согласност, истата таа комисија ја поништила издадената согласност.„Ако длабоко навлезете во таа постапка, ќе видите дека практично комисијата која што претходно издала согласност, истата таа комисија ја поништува издадената согласност. Така што на Министерството не му преостануваше ништо друго освен да постапи по тие насоки. И затоа претходната согласност за организирање на таков тип на студии на Универзитетот претпоставувам зборувате во Струга е практично поништена таа согласност, и сега таму тие немаат право да организираат таков тип на високо образовна настава.“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4621

Мицкоски за изборот на Филипче: Не се мешаме во внатрепартиските работи на СДСМ, посакувам да бидат конструктивна опозиција во интерес на граѓаните

Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање како го коментира изборот на Венко Филипче за претседател на СДСМ, рече дека нема да се меша во внатрепартиските работи на СДСМ, бидејќи тоа е работа на органите и членството на партијата.Па видете тоа е работа на СДСМ на членството на СДСМ. Ние рековме дека нема да се мешаме, не сакаме тоа да им го правиме на другите, што не сакаме нам другите да ни го прават. На Филипче му посакувам успешна работа, да бидат конструктивна опозиција, да работата во интерес на граѓаните и татковината, рече Мицкоски и додаде:Јас и во моето експозе во Парламентот кажав дека секогаш станува збор за интересите на Македонија и македонските граѓани, подавам рака а така ќе биде и во иднина. Членството на СДСМ одлучило така, нас не ни преостанува ништо друго освен таа одлука да ја почитуваме, бидејќи немаме право и не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии.

Македонија | пред 1 година

IMG_4834

Мицкоски: По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови за живот

,,Навистина ми преставува особена чест што имам можност да го означам почетокот на градбата на новата градинка овде во Бутел 2, каде што пред изборите ветивме решавање на хаосот кој што постоеше со згрижување на дечињата во предшколската возраст.По 60 години Бутел 2 добива нова градинка, а стариот и дотраен објект ќе биде срушен. Над 200 дечиња ќе добијат пристојни услови да го поминуваат своето детство.1800 метри квадратни ќе бидат доволни да ги задоволат барањата на оваа населба, а инвестицијата е над 100 милиони денари. Има и одредена симболика за овој објект.Тука е мешана етничка средина, има дечиња и од македонска и од албанска национална припадност. Инвестициите во ваквата инфраструктура мора да бидат подеднакви затоа што подеднакво треба да се грижиме за решенија на проблемите кои ги засегаат сите граѓани.Ова е време кога државата треба да прави за народот, затоа што долго време народот правеше за државата.Македонија треба да припадне во рацете на граѓаните.Оваа градинка ви ја ветив пред изборите и еве ме на 8миот ден од новата Влада редиме камен темелник на оваа градинка. Дарко, министерот, министрите и јас остваруваме уште едно ветување. На овој начин создаваме и си стоиме на зборот.Образот нема цена. Исполнуваме за тебе, за сите граѓани. Нека е честито и да се сведочиме на уште многу убави работи.“, истакна премиерот Мицкоски при поставувањето камен темелник на нова детска градинка во општината Бутел.”, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

По 60 години нова детска градинка во Бутел 2, вели Мицкоски

,, Денес камен темелник на нова градинка, овој пат во Бутел.За нова успешна недела. По 60 години населбата Бутел 2 добива нова градинка.Со ова решение над 200 дечиња ќе добијат пристојни и пријатни услови за престој, ран развој и подготoвка за на училиште. Инвестицијата е вредна над 100 милиони денари и ова е уште едно остварено ветување.Интензивно ќе работиме за постигнување на резултати и изнаоѓање на решенија за проблемите кои народот очекува да бидат решени и Македонија да ја вратиме на граѓаните.ИсполнувамеЗа тебе!”, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

pance-mickoski

Мицкоски седна до Тошковски: Испраќам порака дека ќе има одговорност за криминалот, кој е рак рана на општествово

„Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата“, објави премиерот Христијан Мицкоски и додава:Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема. Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда - борбата против корупцијата.Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: Никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.Доаѓа време на правда.Само така државата ќе направи повеќе за народот.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Изгласани повисоки пензии, здравство во Струга нема да се учи - Мицкоски за првата владина седница

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека на првата владина седница се изгласани неколку точки. Меѓу најзначајните е дека ќе има повисоки пензии за 2500 денари, потоа се укинува факултетот за здравствени услуги во Струга кај Мерко, а именувани се и нови директори.Прва седница на Владата: Повисоки пензии; Укинат факултетот за здравствени услуги во Струга; Нови именувања“, напоша Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4775

Премиерот Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на Германија, Н.Е. Петра Дрекслер

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е. Петра Дрекслер.На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на интеграцијата на државата во Европската унија. Претседателот Мицкоски ја нагласи важноста на партнерството со Германија, истакнувајќи дека поддршката од германската страна е од клучно значење за развојот и стабилноста на нашата земја.„Германија е од наш голем значаен стратешки интерес, партнер и пријател. Нивната поддршка и соработка се од големо значење за нас. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на партнерство и заеднички вредности“, изјави Мицкоски.Амбасадорката Дрекслер ја потврди посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

Македонија | пред 1 година

IMG_3512

Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата

Во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски ќе има прв вицепремиер, а тоа ќе биде Изет Меџити од Коалицијата Вреди. Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање дали Владата ќе има прв вицепремиер, рече дека тоа е незаконски и тие како нова Влада нема да работат спротивно на законот, но потоа додека дека во рамките на коалицијата имаат џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити.,,Според законот кој што е важечки Владата односно премиерот има заменици, а договорот којшто го имаме во рамките на коалицијата е да да има прв вицепремиер и тоа ќе биде господинот Изет Меџити.”Прв вицепремир во претходниот владин состав беше Артан Груби од ДУИ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4756

Мицкоски: Драчево ќе добие ново училиште

„Секогаш е задоволство да се биде дел од нешто убаво, нешто што започнува да се гради. Трет ден уште едно ветување исполнето пред граѓаните, граѓаните во Кисела Вода, во Драчево ќе добијат објект после 100 години училиште. Стариот објект е стар точно 100 години. Јас би сакал да посакам многу деца да го користат овој нов објект, бидејќи децата се нашата иднина и сè што правиме во нашите животи правиме за дечињата, да бидеме горди на тие што ќе нè наследат.Продолжуваме офанзивно, со жестоко темпо на реализирање на ветувањата. Би сакал да напоменам дека инвестицијата е поголема од 1,5 милиони евра, средства обезбедени од централниот Буџет. Јас му честитам и на градоначалникот што ги подготви документите и сето она кое беше неопходно да биде подготвено.Во текот на вчерашниот ден во доцните часови имав состанок со министерката за финансии, денеска продолжуваме да работиме, го подготвуваме ребалансот и можам да кажам дека во ребалансот ќе бидат обезбедени дополнителни шест милијарди денари за општините. Тоа е малку повеќе од тоа што планиравме, бидејќи цениме дека огласот би бил некаде во месец август за општините, а веќе од септември да почнат тендерите за градба, за да се фати есенската градежна сезона. Иако тоа претставува една третина од годината, средствата се малку повеќе од една третина. Од оние 15 милијарди кои ги предвидуваме од буџетот за реалокација кон општините, не се пет милијарди, туку се шест милијарди денари.Со домаќинско работење можело. Деновиве ќе работиме и на уште едно ветување кое го кажавме, а тоа е во првата година линеарно зголемување на пензиите за пензионерите. Жестоко работиме на реализирање на ветувањата, бидејќи тоа што сме се обврзале пред граѓаните тоа и ќе го испорачаме. Министерката кажа дека главен приоритет ни е да обезбедиме за сите основци да имаат книга пред себе на 1 септември, ќе дадеме сè од себе и за средношколците тоа да го направат, да имаме и за нив. Сè што можеме и што е во наша моќ, тоа ќе го направиме, бидете сигурни, доста беа порази. Мора да почнеме сите заедно да победуваме, за да може на оние кои ги градиме овие објекти да имаат пристојна и достоинствена иднина“, истакна премиерот Мицкоски на почетокот на градбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски" во Драчево, Општина Кисела Вода.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-Mickoski-09.05.2024

Мицкоски објави план за третиот ден

,, Ден 3: Денес означуваме почеток на изградбата на ново училиште во населбата Драчево, општина Кисела Вода.После точно 100 години, старата училишна зграда заминува во историјата со изградбата на нова.За граѓаните, односно за околу 550 ученици - нови 19 училници, канцеларии и други училишни простории.Инвестиција вредна над 1.5 милион евра.За тебе!Почнуваме!”, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

IMG_4742

Мицкоски: Инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи во ветерен парк е најголема во регионот

Денес се одржа промоција на инвестицијата од 500 милиони долари на Алказар Енерџи.,,Ми претставува особена чест да бидам денеска овде и на вториот работен ден од Владата да присуствуваме на настан каде го означуваме почетокот со реализација на најголемата инвестицијата досега во делот на обновливи извори на енергија во регионот.500 милиони американски долари во инвестиција на парк на ветерници што ќе биде сместен помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип.Планирано е инсталирање на 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови, што е приближно 20тина проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава.Оваа инвестиција ќе отвори нови 630 вработувања.Ваков почеток на мандатот, со ваква инвестиција, покажува дека како Влада сме насочени кон проекти што се во интерес на граѓаните.Со завршување на овој проект дури 100.000 македонски домаќинства ќе можат да се снабдуваат со електрична енергија од овие ветерници.Морам да напоменам дека овој проект е значаен од многу аспекти.Со него ќе се зајакне значително енергетската независност, нешто што е наша цел, но исто така, ќе го зголеми обемот на инвестиции и ќе отвори пат за нови инвестиции.Ваков тип на инвестиции покажуваат дека довербата во оваа Влада уште на самиот почеток е голема и дека како опозиција работевме и сега како Влада само ќе продолжиме со зајакнато темпо да работиме.Нашиот став е јасен – Мора да ја направиме енергетски независна. Кого зборувам енергетска независност, мислам енергетски независни од електрична енергија, бидејќи нормално е дека електричната енергија не е единствениот енергенс. Тука зборуваме за нафта, за гас итн.Кога зборуваме за енергетски независни, зборуваме за енергетски независни во делот на електричната енергија. И тоа може да се реализира само со детален план за енергетиката каде верувам и знам дека ќе имаме голем напредок.Планот го имаме, луѓето ги имаме, останува само да ја завршиме домашната задача што сами ја поставивме.Велат дека секој човек сонува за големи работи, а дека малку кој своите соништа ги креира во вистински проекти.Јас сум од оние луѓе кои сакаат да видат конкретни дела, а не се потпира само на даден збор.Така и функционирам, така ќе функционира и оваа Влада.Секој ден ќе работиме напорно за да ги оствариме нашите ветувања.И затоа денеска сум навистина задоволен што Алказар Енерџи пред неколку недели успеа да ја затвори финансиската конструкција за изградба на најголемиот парк на ветерници во регионот.Денеска е тука да ја промовира инвестицијата и ние како Влада ќе бидеме тука да помогнеме во нејзината реализација.Од земја увозник, ќе повторам наша цел е да станеме и земја извозник на електрична енергија.Реонот каде треба да се гради паркот на ветерници се наоѓа помеѓу три општини, Карбинци, Радовиш и Штип каде потенцијалот за ваков тип инвестиција е голем. Овој тип на инвестиција не само што ќе додаден вредност врз македонскиот БДП, туку и значително ќе го подобри перформансот на локалната економија и економијата на целата држава.Со оглед на обемноста на самиот проект, се очекува изградбата да започне во втората половина од 2025 година, како што можевте да слушнете од страна на инвеститорот.Како што споменав, се предвидува производство на приближно еден терават час електрична енергија.Само како илустрација, капацитетот на овој парк на ветерници е двојно поголем од капацитетот на производство на пример на ТЕ- ТО Скопје.Како Влада имаме големи планови во делот на енергетиката, оваа инвестиција е само најава за тоа дека планираме вистински пресврт во овој сегмент.Нормално, а не очекуваме чуда преку ноќ, чуда се невозможни, ние не сме чудотворци. Но, да очекуваме големи промени во следните години кои ќе нѐ направат енергетски независни.Енергетската транзиција значи процес кој трае со децении, каде се вложува системски и треба да се има предвид состојбата во која се наоѓа една земја.Зелената транзиција е нешто што ќе продолжи во комбинација со модернизација на досегашното производство.На овој начин, системски и плански ќе дојдеме до целта да станеме енергетски независни и од увозник да станеме нето извозник на електрична енергија.Во овој процес имаме знаење, имаме најдобар тим во регионот и во тоа сум убеден, и не се сомневам дека ќе имаме одлични резултати.Во вториот ден од мандатот инвестиција вредна пола милијарда американски долари.Со вакви инвестиции правиме повеќе и ја враќаме државата кај народот.”, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4727

Мицкоски: Ветив работа за народот и тоа го остваруваме

,,Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет.Ветив работа за народот и тоа го остваруваме.Денес објава на инвестиција од Алказар енерџи, oд околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија.-струја за 100.000 македонски домаќинства од овие ветерници.-55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови.-приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.-нови 630 вработувања.-најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници.Инвестиции за подобар животен стандардЗа тебе!#ПОЧНУВАМЕ”, напиша Христијан Мицкоски, премиер на Република Македонија.

Македонија | пред 1 година

IMG_4705

Џафери му ја предаде премиерската функција на Мицкоски

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.,,При официјалното примопредавање на премиерската должност на новоизбраниот премиер Христијан Мицкоски му посакав успешна и ефикасна работа во интерес на сите граѓани.Ги нагласивме слободните, фер и демократски избори како додадена вредност на евроинтеграциите.Искажав надеж дека политичките субјекти ќе покажат високо ниво на политичка свест и отвореност за соработка за стратешките приоритети на државата.”, напиша Талат Џафери.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-22.17.10

(Видео) Македонија доби нова Влада, чиј премиер е Христијан Мицкоски

Со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани е изгласана новата Влада, чиј премиер ќе биде Христијан Мицкоски.Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека ова е последна шанса за Македонија да биде повторно горда. Во говорот кажа дека нема да се откаже од враќање на старото име на државата, без придавката „северна“. Говорот му беше поздравен со аплауз.Европскиот фронт предмалку донесе одлука да ја напушти седницата и да не учествува во гласањето за избор на нова Влада предвбодена од мандатарот Христијан Мицкоски.Досегашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е предложен за министер во овој ресор, за надворешни работи и надворешна трговија - Тимчо Муцуски, а за финансии потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Кочоска Димитриеска. Функцијата на заменик претседател на Владата и министер за транспорт треба да ја добие Александар Николоски, во ресоротот одбрана се предлага Владо Мисајловски, а за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски. Министер за локална самоуправа ќе биде поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински.Со новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе раководи Сања Божиновска, Цветан Трипуновски ќе го добие Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Весна Јаневска ќе биде прв човек во образование и наука, кандидат за во Министерството за култура и туризам е актерот Зоран Љутков, а со Министерството за спорт ќе раководи ракометарот Борко Ристовски.Вицепремиерски места ќе имаат и коалициските партнери Социјалистичката партија и Демократската партија на Србите. Љупчо Димовски, претседателот на СП ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, а Иван Стоиљковиќ - вицепремиер задолжен за односи со заедниците. Шабан Салиу ќе биде министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.На министерската функција во правда треба да дојде Игор Филков, додека за министер за јавна администрација е предложен Горан Минчев од Движењето ЗНАМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-23-at-22.08.08

(Видео) Ќе ја кажам срамната придавка, немоќен сум во овој момент, ама ќе правам се да го исправам тој срам, порача Мицкоски до СДСМ

Ви благодарам, ќе ги имам на ум во натамошното делување, повеќе како пример како не треба“, вака мандатарот Христијан Мицкоски одговори на критиките од опозицијата на седницата за избор на нова Влада. Тој кажа дека на народот му е доста од препирки помеѓу политичари, па смета дека треба да се посвети само на проблемите кои ги имаат граѓаните. За критиките смета дека се обид за дефокус.„Нападите кои ги слушам овие два дена, се сведуваат на две тези: првата е Преспанскиот договор и вратете го името и второто е Францускиот предлог. Поради клевети СДСМ е двапати осудена, а тоа што не се извинивте е друга работа. Вие не ја научивте лекцијата од граѓаните. Еве ќе ви дадам два совети: првиот е дека со лаги нема да ја вратите довербата од граѓаните бидејќи тие знаат што правевте и зошто ја изгубивте, за да ја вратите треба време, а ние во ВМРО-ДПМНЕ бевме свесни дека треба да му дадеме време на времето. Јас во политичка пензија испратив еден ваш претседател, а вториот е тука се уште политички активен, а следната година по локалните избори ќе треба да бирате и четврти. Изборите ги изгубивте бидејќи играа фудбалчиња вашите коалициони партнери, понижувајќи ве вас, ви се случи Ласкарци, Беса Транс..“, рече Мицкоски.Тој додаде дека неговата рака била подадена и ќе биде за националните интереси.„Втората теза дека за Преспанскиот договор сме викале една работа, сме правеле друга – не само што е страмна, еве уште еднаш да ви појаснам, ваков бугарски договор под ваков диктат, нема да донесе уставни измени додека јас сум премиер. Таа работа како што вие или некој друг ја замислил, не врви. И да ќе ја кажам срамната придавка во заклетвата, бидејќи таа ме потсетува на срамот кој го нанесовте на мојата татковина, моето семејство, децата, и тие по нив. Јас ќе правам се што можам тој срам да го исправам, а во овој момент сум немоќен“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4624

Мицкоски: До Собранието поднесена е програмата и составот на новата Влада

,,Штотуку во Архивата на македонското Собрание ја поднесов Предлог програмата за работа на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар на истиот, исто така заедно со Програмата на работа на идната Влада е поднесен и списокот на членовите на идната Влада. Како придружен дел на тој список се и нивните биографии.Очекувам истото да биде ставено на Дневен ред пред пратениците за време на викендот односно 22 и 23-ти колку што би требало максимално да трае дебатата во рамките на македонското Собрание, 22 и 23-ти јуни.Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се да испорачува она кое што го ветуваше. Не ветувавме многу за време на кампањата, ветувавме дека Македонија ќе биде повторно на граѓаните односно државата која што изминативе седум години беше заробена од страна на една мала група властодршци кои што доаѓаа од досега владејачките партии конечно е слободна и ќе биде вратена назад на граѓаните.Имаме група на луѓе која што ќе биде дел од идната влада која што е исклучително мотивирана да веднаш постигне резултатите. И јас очекувам дека секој еден од нив максимално ќе се заложи, ќе даде и повеќе од својот личен капацитет да направиме нешто за нашите граѓани. Тие тоа го заслужуваат, бидејќи тие своето го направија, сега е на ред ние да направиме нешто за нашите граѓани. Очекувам бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата од секаков вид, не само политички, за политичкиот нејќам ни да зборувам. Нема да има толерирање без разлика од која политичка партија доаѓа било каква злоупотреба и овластување на било кое именувано лице, доколку истото биде дел од било какви криминални или коруптивни скандали за кој што постојат докази, се разбира.Истовремено озбилно планираме да расчистиме со сомневањата, информациите кои што посебно изминатиов период и доказите стигаат до нас за многу злоупотреби кои што се случувале изминативе 7 години, тоа им го должиме на граѓаните и лично тука ќе се заложам.Исто така очекувам брзи резултати на полето на економијата, бизнисот може да се чувствува сигурен, имаме цврста влада, стабилна влада која што ќе испорача реформи, влада која што го охрабрува бизнисот да вложува во проширувањето на своите капацитети, да вработува што е можно повеќе наши сограѓани, а ние како влада се разбира ќе продолжиме односно ќе бидеме нивен сервис за остварување на нивните права и зголемување на нивното бизнис портфолио.Младите ќе бидат наш главен акцент исто така сведоци сме дека имаме класичен егзодус на млади луѓе кои што ја напуштаат Македонија и својата иднина ја бараат некаде далеку од овде за жал 8 од 10 мои студенти кои ќе ги прашате после дипломирањето каде понатаму велат одлучивме да ја напуштиме Македонија бидејќи овде нема перспектива, нема иднина, тоа треба да се промени, таа состојба и перцепција треба да се промени, како, само со напорна работа, да го оставиме срцето на терен, да немаме поделба на граѓани од прв ред и граѓани од втор и трет ред, односно сите да се чувствуваат подеднакво, да нема политичка каста која што ќе биде привилегирана а сите останати да бидат граѓани од втор, трет ред па и понизок ред, тоа јас го гарантирам лично, дека нема да се случува.Зборував и вчера за време на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ дека привилегиите кои што ги носат позициите, костумите и вратоврските не треба да ги направат различни луѓе сите оние кои што ќе ја добијат привилегијата да му служат на народот и да бидат дел од институциите од идната влада. Тоа треба да е мотив и инспирација да работат за истите. Верувам во секој еден од оние кои што се предложени дека ќе ги следи овие насоки и дека нема да излезе надвор од овие принципи.Доаѓаат подобри времиња за нашите сограѓани, за земјоделците, за пензионерите. Тоа кое што е ветено, а тоа е уште во првата година дека ќе имаме линеарно зголемување на пензиите од пет илјади денари, дека ќе се случи. И понатаму планираме на иновативен начин да ги зголемуваме пензиите. Бизнис околината да генерира додадена вредност и поголеми приходи во буџетот, а со тоа и со поголеми и робусни капитални инвестиции.Општините, од оние општини од кои што имаме информација, можам да кажам дека се подготвени за оној дел од програмата кога реков дека ќе реалоцираме средства за реализација на многу капитални проекти. Нешто кое што е многу значајно за секој еден обичен граѓанин, за секој еден од нас да не гази кал во 21 век, да има вода за пиење, да има организиран систем за одведување на отпадните води. Да нема повеќе листи за чекање во градинките, учениците да бидат во пристојни услови, да бидат во затоплени училници.Да не се прашуваат земјоделците дали и кога ќе ги добијат своите субвенции, да не се грижат за својот род дали ќе има откуп и по која цена. За пензионерите веќе кажав. Да немаме егзодус на медицински персонал и доктори и да не ги полниме клиниките по западна Европа, Америка, Канада и светот, туку да овозможиме пристојни услови да останата тука и да творат и работат. И уште многу, многу убави работи кои што ќе следат.Почнуваме офанзивно и мислам дека, да бидам по прецизен, сигурен сум дека нема да ја изневериме довербата која што оваа коалиција ја доби од повеќе од 600 илјади граѓани кои што гласаа за истата, но истовремено сигурен сум дека нема да ги изневериме и очекувањата на сите граѓани кои што, без разлика дали гласале за нас или не гласале за нас и за оваа коалиција. Знам дека тие сега имаат големи очекувања и убеден сум дека тие очекувања ќе ги испорачаме, односно ќе го испорачаме сето она кое што го ветувавме.На крај ќе ми дозволите да ги уште еднашка соопштам имињата на соодветните предлози за членови на идната Влада:Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски;Министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, согласно новиот закон за организација на државната управа кој што помина со мнозинство од 88 пратеника пред неколку дена;Министер за транспорт, Александар Николоски и заменик претседател на Владата;Министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска;Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски;Министер за одбрана, Владо Мисајловски;Министер за спорт, Борко Ристовски;Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски;Министер за култура и туризам, Зоран Љутков;Министер за образование и наука, Весна Јаневска;Министер за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска;Министер за локална самоуправа, Златко Перински;Заменик претседател на Владата и задолжен за политичкиот систем, Љупчо Димовски;Министер за односи со заедниците и заменик претседател на Владата, Иван Стоиљковиќ;Министер без ресор, Шабан Салиу, задолжен за интеграции и имплементација на декада на Ромите;Министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, Изет Меџити;Министер за здравство, Арбен Таравари;Министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани;Министер за европски прашања, тоа е сега новото министерство практично не е веќе Секратаријат туку министерство, Орхан Муртезани;Министер за економија и труд, Бесар Дурмиши;Министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи;Министер за јавна администрација Горан Минчев;И Министер за правда Игор Филков;Тоа е она кое што ќе биде доставено вкупно 24 члена на Владата, претседател на Влада и 23 члена.Благодарам уште еднаш на вас медиумите што внимателно го следите целиот овој процес, ве повикувам внимателно и критички да ја следите работата на идната влада а ние сме тука да даваме одговор на вашите критики да ги слушните и нашите аргументи се разбира и се надевам дека ќе имаме успешна и искрена соработка во годините кои што следат.”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4621

Лично ќе се залагам сомневањата за злоупотреби да се расчистат, младите да останат дома, да немаме егзодус на доктори, најави Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски даде изјава откако го достави својот предлог за состав на Владата. Најави дека озбилно планира да се расчисти со сомневањата за злоупотреби кои се случувале изминатите седум години. Тој кажа дека за ова лично ќе се залага.„Очекувам дека секој од нив максимално ќе се заложи и ќе даде повеќе од својот капацитет за своите граѓани. Граѓаните своето го направија, сега е ред ние да направиме нешто за нашите граѓани“, рече Мицкоски.Според него, бизнисот треба да се чувствува сигурно. Рече дека Владата ќе биде сервис за остварување на нивните права.„Владата е цврста и стабилна“, додаде Мицкоски.Се осврна и на младите кои рече дека ќе бидат нивни акцент.„Имаме класичен егзодус, младите ја напуштаат Македонија и ја бараат иднината надвор од тука. Осум од десет студенти кај мене ми велат дека планираат по студирањето да ја напуштат Македонија. Перцепцијата треба да ја променат“, додаде Мицкоски.Најави дека целта ќе биде да нема граѓани од втор или трет ред.„Тоа нема да се случува, лично го гарантирам“, посочи Мицкоски.Посочи дека верува во секој еден од предложените министри. И на пензионерите им вети зголемување на пензиите, уште во првата година за 5.000 денари.

Македонија | пред 1 година

mkd-eu-makedonija-eu-nato

Тој што нема да има промакедонски позиции, нема да биде дел од Владата, отворено најави Мицкоски

Христијан Мицкоски, мандатар за состав на Владата, очекува секој член на Владата да има промакедонски и татковински пристап.„Секој ќе излезе од промакедонски наратив, кој ќе излезе од тоа, ќе биде надвор од Владата. Очекувам сите да имаат промакедонски позиции и да се борат за нивната татковина Македонија“, рече Мицкоски.Тој објасни: „Промакедонската позиција значи стратешкото ориентирање на Македонија кон Европа“.

Македонија | пред 1 година

IMG_3590

(Фото) Сите предложени министри на Мицкоски се огласија: благодарности, ветувања, најави

Секој од потенцијалните министри на ВМРО-ДПМНЕ предложени од мандатарот Христијан Мицкоски, упати благодарност и порака до јавноста.Александар Николоски – вицепремиер и министер за транспорт и врски: „Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски. Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата. Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија! Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи. За Македонија!“.Владо Мисајловски – министер за одбрана: „Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за да направиме историска победа и шансата да работиме за нашата Татковина. Сега доаѓа време за напорна работа, посветеност и реформи за Македонија да биде повторно горда. Сакам да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и идниот Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам министер за одбрана во новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, благодарност за поддршката и на извршниот и централниот комитет, но и на сите активисти на партијата и граѓани што секогаш се до мене и се мојата енергија. Силно ќе се заложам за подобрување на условите во македонската армија и подобрувањето на одбранбениот стандард, одбранбената готовност и модернизацијата на армијата, како и подобрување на условите за униформираниот и цивилниот кадар во Министерството за одбрана. Односите со нашите стратешки партнери да бидат уште позасилени, а армијата да биде лицето на државата која ќе сведочи за нејзината организираност. Можам да ветам дека ќе го дадам и последниот атом за нашата татковина со чесна и макотрпна работа за достоинствена Македонија.Гордана Димитриеска-Кочоска – министерка за финансии: „Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Hristijan Mickoski, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Македонија. Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав. Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме. Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот. Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник. Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина!“.Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи и трговија: „Дозволете ми најпрво да изразам голема благодарност до претседателот на ВМРО ДПМНЕ и мандатар на владата Hristijan Mickoski, членовите на Извршниот и Централниот Комитет за довербата и за можноста да бидам Министер за надворешни работи и надворешна трговија во новата влада. Искрено ја ценам честa која ми е доделена и сум длабоко свесен за одговорноста која доаѓа со оваа позиција. На оваа функција пристапувам со цврста решеност и посветеност да работам исклучиво за интересите на нашата драга држава и сите нејзини граѓани. Ќе направам сè за да придонесам за развојот и напредокот на нашата земја, преку транспарентно, одговорно и ефикасно работење. Во период на сериозни глобални предизвици и можности, нашата посветеност на дипломатијата, дијалогот и меѓународната соработка се поважни од било кога. Во таа насока, ќе се залагам за градење и одржување на силни и цврсти односи со сите значајни меѓународни партнери, со цел да ја зацврстиме нашата позиција и да создадеме можности за економски раст и развој. Верувам дека со заеднички напори и посветеност можеме да создадеме подобра иднина за Македонија“.Златко Перински – министер за локална самоуправа: „Честа да се биде дел од владата која произлегува од огромната поддршка на народот, за мене е голема и неповторлива задача. Благодарност до Претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба да го предводам ресорот Локална Самоуправа, особено што реалноста говори дека во претходните влади многу малку се посветуваше внимание на ова министерство, каде постојат широки и огромни можности за развој и создавање. Очекувањата од граѓаните се големи, затоа и нашите напори за брзи резултати ќе бидат постојани и со огромна вложена енергија да се помогне на општините, а на тој начин да се помогне на граѓаните. Следи ново поглавје каде примат има одговорноста кон граѓаните, многу работа и нови проекти. Време е општините да добијат поддршка од Централната власт и да се инвестира во локалниот економски развој. Македонија мора да ја вратиме на народот, затоа што таа е наша, заедничка, единствена“.Стефан Андоновски – министер за информатичко општество и дигитална трансформација: „Од сѐ срце му благодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер Hristijan Mickoski и на органите на партијата за честа и можноста да се води еден многу потребен, подзаборавен и предизвикувачки сектор како што е дигиталната трансформација. По поддршката од Собранието на Македонија, знам дека сите тимски ќе донесеме успеси за граѓаните на Македонија.Смарт Македонија ќе биде еден од темелите на тие успеси“.Борко Ристовски – министер за спорт: „Благодарност за безусловната поддршка и доверба добиена од Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф.др Христијан Мицкоски да бидам прв Министер за спорт во Република Македонија. Ветувам многу работа , посветеност, многу проекти и нивна реализација и одговорност.Се обврзувам како прв Министер за спорт дека Македонија повторно ќе живее во духот на спортот. Македонија повторно горда!“.Цветан Трипуновски – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство: „Огромна е честа, одговорноста и задоволството да се биде предложен за министер во Владата на Hristijan Mickoski. Од утре па натака времето ќе се дели пред и по Владата на Мицкоски. Ќе поставиме стандарди и систем за работа кои не се видени до сега во Македонија. Граѓанинот доаѓа на прво место. Ја враќаме Македонија на народот. Македонија се става на брза трака за напредок и развој. Земјоделството од упропастена гранка, ќе прерасне во еден од неколкуте двигатели на економијата. Ќе се свртиме кон модерните и успешни земји, и земји со слична површина колку нашата, а гиганти во земјоделското производство. Моја цел ќе биде земјоделството кое ќе генерира стотици милиони евра девизен прилив, земјоделство на среќни земјоделци, богати и достоинствени. Знаеме како треба! За Македонија се работи!“.Зоран Љутков – министер за култура и туризам: „Вечерва по предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за култура и туризам! Голема чест за мене,голема одговорност и предизвик! Благодарам на Претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката! Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија! Ветувам напорна работа и брзи резултати!“.Панче Тошковски – министер за внатрешни работи: „Вечерва по предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Извршниот и Централниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер за внатрешни работи во новата Влада. Со огромна чест ја прифаќам оваа одлука, која за мене претставува голема одговорност и обврска кон сите вас. Искрено благодарам на претседателот Христијан Мицкоски, како и на сите членови на Извршниот и Централниот комитет за довербата и поддршката која ми ја укажаа. Ветувам дека ќе работам неуморно за подобрување на условите за живот на сите граѓани и за обезбедување на безбедна, просперитетна и праведна Македонија“.Весна Јаневска – министерка за образование: „Вечерва Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го подржа предлогот на претседателот проф. Др. Христијан Мицкоски и ИК на партијата јас да бидам номинирана за министер за образование и наука во Владата на Македонија. Тоа е огромна чест, но и огромна одговорност. Наследуваме распаднати институции и празен буџет. Сепак, ние во Македонија донесовме надеж и слобода. Тоа не' обврзува да испорачаме подобра иднина.Ќе дадам се' од себе да ја оправдам довербата на партијата, но првенствено на над 500 000 гласачи кои веруваа во нас“.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-12-at-12.24.49

(Видео) ДУИ оди во опозиција, во вторник имињата на новата Влада ќе бидат пред пратениците, најави Мицкоски

Мандатарот Христијан Мицкоски очекува во вторник да го достави комплетниот список на министри кои ќе ја сочинуваат Владата до Собранието. Тој не соопшти имиња кои ќе ја сочинуваат новата Влада.„Јас не би зборувал во името на другите партии, во името на коалиционите партнери. Што се однесува за ВМРО-ДПМНЕ, ние сме структура која има организациска поставеност, вертикална, функционира врз основа на статут и во согласност со законите и Уставот. Во недела ќе има седница на Извршниот и Централнот комитет, ќе бидат претставени кадровските решенија од моја страна како мандатар, со нивната биографија. Очекувам да се произнесат, а ако тоа е позитивно и успешно, да бидат соопштени на јавноста. Официјалниот список на идната Влада и програмата, на 18-јуни, во вторник, ќе бидат доставени до Собранието“, кажа Мицкоски.Мицкоски кажа дека нема да има место во новата Влада за ДУИ, Левица и СДСМ.„Гласаа пратеници на ДУИ, точно, но од Коалицијата Европски фронт гласаа и од Турската партија, од Демократската партија на Албанците. Очекувавме да гласаат и пратениците од коалицијата на СДСМ и од Левица. Бидејќи тоа што не го кажува СДСМ, а треба да се знае, е дека јас лично остварував со нив контакти цело време. И вратата за сите пратеници да го поддржат овој закон, беше отворена. Тоа што дел од идните опозиционери гласаа и препознаа квалитет, нив треба да ги прашате.. Што се однесува до составот на идната Влада, таа ќе биде составена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВЛЕН, и политичката партија ЗНАМ“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски не го повлекол законот за реорганизација на Владата

Со соопштение имформираат од ВМРО-ДПМНЕ дека Мицкоски останува на тоа законот да се донесе во Собрание според собраниската процедура, ова доаѓа откако неколку портали објавија дека Мицкоски го повлекол законот.,,Законот е повлечен за исправање на номотехничка грешка, по корегирање на истата законот беше веднаш поднесен и истиот денес ќе се најде на седница на Собранието.Потенцираме дека не станува збор за никакво повлекување на законот, туку за негова номотехничка корекција која е во насока на подобрување на предлог законското решение.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања