Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

mickoski18072024

Мицкоски од Велика Британија: Остварив повеќе средби со државници од регионот и соседството, главен приоритет на Владата е воспоставување на добрососедски односи

„Денеска се одржува Самитот на Европската политичка заедница.На самиот Самит имав можност да остварам многу билатерални средби, меѓу кои би ја издвоил билатералната средба со новиот министер за надворешни работи на Велика Британија. Потоа средбите со државниците од регионот и соседството како што е средбата со Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, потоа Јаков Милатовиќ, Претседателот на Црна Гора. Потоа, Радев, Претседател на Бугарија.На сите овие средби имав можност да разговарам за тоа што претставува предизвици за регионот и она кое што претставува приоритети на идната македонска Влада.Главен приоритет на Македонија и на новата македонската Влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед.Понатаму би ги потенцирал средбите коишто ги имав со претседателот Зеленски, но и претседателот на Европскиот Совет, Мишел, каде што јасно ги презентирав и ги претставив позициите на новата македонска влада.Би го издвоил и моето обраќање на тркалезната маса на еден од панелите каде што можев да зборувам за предизвиците во енергетиката, регионалното поврзување, но и она што претставува интерес на нашата земја. А тоа претставува практично и регионално поврзување, тоа претставува и предизвик за навремено и одржливо снабдување на сите потрошувачи на енергенси, меѓу кои би го издвоил гасот и електричната енергија. Главен интерес на Македонија како држава е да биде земја низ која ќе транзитираат главните енергенси со којашто ќе се снабдува Централна Европа.Се враќаме назад со добри впечатоци и со она кое што претставува достоинствено претставување на македонските интереси овде во Оксфорд, Велика Британија“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5097

Мицкоски на средба со Зеленски на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон

,,Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5092

Мицкоски: Соработката на земјите од регионот е неопходна за просперитетот на државите и благосостојбата на нашите граѓани

,,Во рамки на самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон имавме пријателски разговор со премиерот на Хрватска, Андреј Пленкович, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатович и членот на претседателството на БиХ, Др. Денис Бечирович.Соработката на земјите од регионот е неопходна за просперитетот на државите и благосостојбата на нашите граѓани. Нашите народи имаат потреба од економска, енергетска и инфраструктурна поврзаност а клучен предуслов за тоа е градењето на силна регионална соработка.Делиме слични вредности и предизвици како регион и тие нé обврзуваат на заедничка кооперативност и комуникација меѓу земјите од Балканот.”, напиша премиерот, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Познати имињата на сите заменици министри

Владата на Република Северна Македонија до Собранието ги предложи следните имиња за заменици министри, при што целосно се комплетира владиниот тим.За заменик министер во Министерството за одбрана се предлага Елфет Исмаили. Исмаили е дипломиран економист. Своето работно искуство го започнува во Фонд за магистрални и регионални патишта. Од 2006 до 2008 била директорка на ГЦПЦ Пошта Скопје 2, а од 2008 до 2019 била вработена во АД Македонска Пошта како соработник за маркетинг. Во 2019 до 2024 година била Придружничка на лице упатено во Делегацијата на РС Македонија при НАТО, Брисел, Кралство Белгија.За заменик министер во Министерството за внатрешни работи се предлага Астрит Исеини. Исеини завршил на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор на Науки по Кинезиологија, вонреден професор. Во моментот е вонреден професор на Тетовски универзитет и на Факултет за Биотехнички науки во Битола.За заменик министер во Министерството за правда се предлага Ален Деребан. Деребан е магистер по право од областа на меѓународно право и меѓународни односи, со завршен правосуден испит. Од 2014-тата година има сопствена адвокатска канцеларија, а во два мандата е и советник во Советот на Општина Струга.За заменик министер во Министерството за односи со заедници се предлага Неждeт Мустафа. Мустафа е дипломиран професор по филозофија. Од 1996 до 2002 година бил градоначалник на Општина Шуто Оризари. Потоа бил дел од македонското собрание како пратеник, а од 2006 до 2017 година е назначен за Министер без ресор – Национален координатор на Декадата и Стратегија за Ромите.За заменик на министерот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија се предлага Зоран Димитровски. Димитровски е магистер на политички науки, а има долгогодишно работно искуство во медиумите, како главен и одговорен уредник. Димитриевски од 2020 до 2023 година бил избран за заменик министер за локална самоуправа.За заменик министер во Министерството за европски прашања се предлага Викторија Трајков. Трајков завршила на Универзитет Св. Климент Охридски Битола, и се здобила со титулата доктор на економски науки. Од 2010 година е вработена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. А од 2019 година е избрана за доцент на Универзитет Скопје.За заменик на министерот во Министерството за финансии се предлага Николче Јанкуловски. Јанкуловски е доктор на економски науки, а во моментот е редовен професор на Катедрата за агроекономија на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. Има издадено повеќе домашни и меѓународни публикации.За заменик на министерот во Министерството за економија и труд се предлага Марјан Ристески. Ристески е дипломиран економист, од 2005 до 2017 година бил Градоначалник на Општина Прилеп. Добитник е на неколку меѓународни и домашни признанија.За заменик на министерот во Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини се предлага Мирослав Лабудовиќ. Лабудовиќ е магистер по електротехника и информациски технологии. Од 2022 година е менаџер на инженеринг во Корпорацијата Теламон.За заменик на министерот во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се предлага Флакрон Беџети. Беџети е професор по политички науки на Универзитет Мајка Тереза Скопје. Тој има долгогодишно работно искуство во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во Република Северна Македонија. Бил државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, а во моментот е раководител на одделение за претставки и предлози, Правен сектор.За заменик на министерот во Министерството за здравство се предлага Јовица Андовски. Андовски е дипломиран економист, од 2011 до 2017тата година бил заменик министер за здравство. Тој бил В.Д. Директор на Секретаријатот на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа, како и национален координатор на SEEHN на Република Северна Македонија.За заменик на министер за образование и наука се предлага Лулзим Алиу. Алиу е доктор на филолошки науки. Тој е редовен професор по предметот Методика на наставата по албански јазик, Литература за деца на Педагошки факултет „Свети Климент Охридски” Скопје при Универзитет „Св. Кирил и Методиј – Скопје”. Од 2023 до 2024 година бил Продекан.За заменик на министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади се предлага Ѓоко Велковски. Велковски е дипломиран економист. Има долгогодишно работно искуство во Министерството за труд и социјална политика, бил Секретар на Град Скопје, а во последната техничка Влада беше технички министер за труд и социјална политика. Од 2013 до 2024 година бил советник во Советот на Општина Чаир.За заменик министер во Министерството за локална самоуправа се предлага Ерџан Селими. Селими е магистер по политички науки. Од 2009 до 2014 година бил советник во кабинетот на министерот без ресор. Од 2014 до 2024 година бил државен службеник во Генералниот секретаријат на Владата, а од 2017 до 2024 година бил советник во Советот на Град Скопје.За заменик министер во Министерството за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Сулејмани има завршено Педагошка Теологија на Универзитет Улудаг – Бурса во Турција. Бил заменик министер за култура, а од 2023 година е вработен во Општина Тетово како советник за стручно административна поддршка на општинскиот инспекторат.За заменик министер за дигитална трансформација е предложен Радослав Настасијевиќ Варџиски. Настасијевиќ Варџиски е магистер на економски науки – отсек маркетинг менаџмент, а од 2019 до денес работи во Општина Куманово.За заменик на министерот кој ќе раководи со Министерството за јавна администрација се предлага Лазе Јаќимоски. Јаќимоски е вонреден професор на Правен факултет – Кичево, Универзитет Св. ,,Климент Охридски” Битола. Има издадено повеќе домашни публикации.За заменик на министерот во Министерството за транспорт се предлага Калтрина Зеколи Шаќири. Зеколи Шаќири е доктор на науки. Од 2016 до 2023 година е професор на Универзитетот Мајка Тереза, Факултет за социјални науки, а од 2023 до 2024 година била избрана за в.д декан.За заменик на министерот во Министерството за животна средина и просторно планирање се предлага Ане Лашкоска. Лашкоска дипломирала на Природно математичкиот факултет во Скопје и се здобива со титулата инженер по хемија. Лашковска беше долги години пратеник во македонското Собрание.За заменик на министерот во Министерството за спорт се предлага Сафије Садики Шаини. Садики Шаини е инженер по Информатика на Природно – математичкиот факултет при Државниот универзитет во Тетово, каде што од 2012-2019 била вонреден асистент по информатика. Таа била пратеничка во парламентарниот состав 2020 до 2024 година. Од 2020 година е асистентка по информатика на Универзитетот Мајка Тереза.

Македонија | пред 1 година

Dzaferi_Forina_8

Владата на Џафери донела заклучок кој правел штета на буџетот, а на неколку дена пред избор на нов состав

На седницата на Владата се донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи.Овој заклучок бил усвоен на 13-ти јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија како и економската неисплатливост за реализација на истиот.Најавено е дека за истиот заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

Македонија | пред 1 година

16072024_MICKOSKI

Мицкоски: Состојбите кои се наследени со Буџетот се алармантни, недостасуваат пари, ќе има истрага како е трошено, но ќе усвоиме ребаланс кој ќе ја стабилизира состојбата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител вели дека владината седница за ребаланс на Буџетот се уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено.„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле дека нема да бидат повеќе Влада, па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада. Така што милијарда, милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои што морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот итн. Но, мислам дека период кој што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:„Па да ги истражуваат сите овие работи кои што се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека Национални шуми 4 месеци немаат земено плата вработените и се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари.“Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои што треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

16072024_MICKOSKI

Мицкоски: Состојбите кои се наследени со Буџетот се алармантни, недостасуваат пари, ќе има истрага како е трошено, но ќе усвоиме ребаланс кој ќе ја стабилизира состојбата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во Централниот дневник на ТВ Сител вели дека владината седница за ребаланс на Буџетот се уште не е завршена, укажувајќи дека состојбите кои се наследени се алармантни и катастрофални, но потенцираше дека ќе има истрага како и што е трошено.„Има една катастрофална алармантна состојба која што ја оставиле, направиле Буџет за 6 месеци, како да кога го правеле Буџетот знаеле дека нема да бидат повеќе Влада, па се труделе што повеќе проблеми да и остават на новата Влада. Така што милијарда, милијарда денари останале непокриени, законски обврски кои што морале да ги направат не ги предвидувале во Буџетот итн. Но, мислам дека период кој што следи истражните органи ќе имаат многу работа“, дециден е тој.На прашањето што значи тоа, премиерот Мицкоски рече:„Па да ги истражуваат сите овие работи кои што се оставени како недостатоци и зошто се тие недостатоци. Еве на пример да ви кажам дека Национални шуми 4 месеци немаат земено плата вработените и се потребни околу 250 до 280 милиони денари. Водостопанство исто така нема земено плати, акутно се потребни од 60 до 100 милиони денари.“Според премиерот Мицкоски ваквата состојба е поради лошото менаџирање од страна на претходната влада.„И тоа е резултат од лошото менаџирање, а недостасуваат и 3 милијарди и 700 илјади денари за земјоделците. Милијарда и 200 илјади се пари кои што треба да се платат по основ на казни поради тоа што некои од министрите дивееле и ги прераспределувале вработените во институциите надвор од законот, вработените тужеле и сега Буџетот треба да ги сервисира тие обврски затоа што некој дивеел“, додаде премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: 500-те милиони евра се потребни за општините и бизнисот и додека сум јас премиер државата нема да биде ставена во подредена положба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски за време на денешната посета одговараше на новинарски прашања околу заемот од 500 милиони евра и за критиките на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека со ова Македонија станува зависна од Унгарија, за што рече дека тие средства се потребни за финансирање на проекти на општините и поддршка на бизнисот и додаде дека додека тој е премиер никогаш нема да ја доведе Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од друг суверен освен од нејзините граѓани.„Гледам дека таму се натпреваруваат кој да биде пожесток во плукањето кон мене и кон Владата, од претендентите и од новоизбраниот претседател на СДСМ. Тоа е фолклор внатрешен нивен и јас не би го коментирал. Оваа држава како што вели тој може да биде зависна само од своите граѓани. Додека јас сум претседател на Владата, никогаш нема да дозволам да зависиме од некој друг. Можеме да зависиме само од граѓаните. Тие не плаќаат и за нив работиме. Плата земаме од буџетот којшто го полнат граѓаните и тие имаат полно право да ни кажуваат што да работиме и ние ќе им кажеме што можеме и што не можеме“, потенцираше Мицкоски и додаде:„Додека сум јас, ќе повторам премиер, никогаш нема да ја доведам Македонија во подредена положба и никогаш нема да зависи од ниту еден друг суверен освен од граѓанинот“.Мицкоски исто така потенцираше дека 500-те милиони евра се потребни за општините и за бизнисот, односно 250 милиони евра за финансирање на проекти на општините што е многу важно за граѓаните и 250 милиони евра под истите услови ќе им бидат дадени на бизнисот.„250 милиони евра се за бизнисот и за фирмите и велиме еве 250 милиони евра за бизнисот и за фирмите, бидејќи условите кои што тие ги имаат на пазарот се најмалку двапати полоши. Шест, 6,5 - 7% камата без грејс период, пократок период на отплата. Практично денеска е доведен така системот во бизнисот да добива кредит само оној на којшто не му треба. Тој што не му треба кредит, тој добива, а тој што му треба не може да добие, бидејќи од сертификат за раѓање па до последно му бараат за жал кога ќе поднесе барање за кредит. Еве ние велиме, еве поддршка од нас е ова како држава, како Влада веднаш на почеток. Обврската која е ваша? Обврската ваша како бизнис е барем уште толку да имате средства коишто на овие 250 милиони вие ќе ги инвестирате, а тоа се половина милијарда инвестиции, да обезбедите годишно најмалку пет илјади нововработени и да обезбедите раст на вашето производство 5% над стапката на инфлација. Под истите услови, таа е обврската којашто ќе ја бараме од бизнисот“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-03-at-13.03.13

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, во текот на утрешниот ден и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Општина Охрид, во врска со пожарите во земјава, изјави дека следните два дена ситуацијата ќе биде целосно под контрола и во моментов помош е пристигната од Турција, а се чека и од Србија, Црна Гора и Словенија.„За разлика од „како до сега“ кога користеле алтернативни методи на повикување дожд и слично за да се справат со пожарите, претходната влада, сега оваа влада веднаш по доаѓањето видовте двајцата министри се упатија одма на лице место заедно со директорот на ЦУК, Ангелов да работат на смирување на огнената стихија. Веднаш побаравме и дел од таа поддршка е пристигната, од Турција се пристигнати воздухоплови, два авиони и еден хеликоптер“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски посочи дека авионите веќе работат на смирување на огнената стихија во атарот на Општина Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај на планината Серта.„Бидејќи станува збор за непристапни региони во моментов друга поддршка освен воздухоплови не е потребна. Очекуваме помош и поддршка од Србија, Црна Гора, Словенија и цениме дека следните два дена ова ќе биде ставено под контрола. Да бидат спокојни граѓаните, ја контролираме целосно ситуацијата, денеска имаме засилување со воздухоплови кои ќе можат посебно во Ново Село да црпат ресурси, вода од Дојранско езеро. Имаме план во текот на утрешниот ден и задутре работата ќе биде целосно под контрола“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5036

Мицкоски: Посетата на Вашингтон беше исклучително успешна, соговорниците имаа можност да видат поинакви политичари кои се дојдени со јасен план и ги бранат државните интереси

„Посетата на Вашингтон имаше интензивна агенда и би ја оценил како исклучително успешна“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Општина Охрид.Премиерот Мицкоски нагласи дека во Вашингтон соговорниците имаа можност да видат поинакви политичари кои доаѓаат оттука, а не политичари коишто на сè велат „да“ и се подведени, туку политичари кои имаат јасен план.„Го претставивме нашиот план, кажавме што се нашите приоритети, и како граѓани и како држава и мислам дека од другата страна добија информација за што досега не го слушале. Ние нема да бидеме политичари кои надвор за сè викаат „да“ и ја држат раката на срцето со подведена кичма, напротив достоинствено ќе ги браниме нашите интереси. За нешто ќе се сложиме, за нешто нема да се сложиме“, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски потенцираше дека актуелната влада нема намера да ги ограбува граѓаните и државата како што тоа претходно го правеа политичари кои надвор за сè викаа „да“ со подведена кичма, во едната рака мавтаа со знамето на НАТО и ЕУ, а од друга страна ги ограбуваат народот и државата.„Мора да владее правото, мора институциите да се функционални, мора политичарите да бидат слуги на граѓаните во рамките на можностите, се разбира колку се може. Заврши времето кога имавме неколку среќни политичари и стотици илјади несреќни граѓани. Принципот „како до сега“ заврши, сега треба да имаме изморени владини официјални лица и градоначалници и носители на јавни функции и среќни граѓани. Тоа е политиката која ќе ја гледате, тоа е патриотскиот чин и начинот како се сака државата, како се работи за граѓаните. Добро да работите кога ќе ја добиете шансата, чесно, искрено, тоа што може – може, тоа што не може – не може, искрено да се каже, не да се ставаат проблемите под тепих, па друг да ни ги решава, треба да влеземе во костец со решавање на проблемите“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5035

Мицкоски: Во Охрид се случува инвестициски бум, продолжуваме да ги реализираме проектите кои што ги ветивме пред граѓаните

,,Чест и задоволство е да се биде дел од тоа да се направи нешто ново, да се започне нешто ново, посебно кога знаете дека тоа што го почнувате ќе значи подобри услови за работа, подобри услови за растење на тие дечиња кои што овде во ова основно училиште го поминуваат оној прв образовен дел од својот живот.Заедно со градоначалникот, заедно со Општината, со надлежните во Владата, заедно со пратениците од овој регион, заедно со охриѓани го започнуваме овој проект којшто многу значи.Јас сум навистина горд и среќен што сум дел од почетокот на оваа спортска сала. Градоначалникот има прилично амбициозна агенда, самиот кажа дел од проектите кои се веќе во процес. Инаку вредноста на овој проект е некаде околу 30 милиони денари, плус булеварот кој подоцна ќе го посетиме над 40 милиони денари, плус повеќенаменско игралиште итн. Заедно со училиштето кое што се работи, еден навистина импозантен инвестициски циклус и дополнително сега со ребалансот ќе бидат предвидени средства за општините и за нови проекти за до крајот на оваа година. Подготвени се од општината проекти за следната година, така што тоа што со децении не било работено овде во Охрид и низ Македонија, ќе биде сработено сега. И навистина сум горд што можам како претседател на Владата да бидам дел од сите овие почетоци, а се надевам дека наскоро од сега ќе бидам дел и од завршувањето и пуштањето во употреба, бидејќи на крајот од денот тоа е и важно.Не ни останува ништо друго освен тоа што го ветивме пред граѓаните тоа и да го исполнуваме. Ќе продолжиме и понатаму. Поминаа три недели од како е избрана новата Влада, работиме навистина многу, даваме сè од себе, состојбата којашто ја наследивме да не биде како изговор е алармантна, е многу лоша. Но, не треба да се жалиме, тоа е што е, проблемите се тука и за проблемите треба да се нудат решенија и проблемите треба да се решаваат.Подготвени сме, мотивиран е целиот владин тим, така што продолжуваме и понатаму да ги решаваме проблемите и да работиме на нови проекти, како што е овој овде во Охрид. Му благодарам на градоначалникот што посветено работи, благодарам на општинската администрација, благодарам и до советниците, многу ни значи поддршката. Наше е да продолжиме да испорачуваме заедно со нив.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-51325123

Мицкоски во Охрид, почнуваат три проекти

,,Денес сум во Охрид каде започнуваат значајни проекти ветени на граѓаните.- Ветивме и остваруваме камен темелник на спортска сала во Лескоец. Спортската сала е во рамки на ОУ Ванчо Николески. Ветувана е повеќе од 30 години. Објектот ќе биде 592 м2, во себе ќе вклучува покрај повеќенаменско спортско игралиште, тоалети и соблекувални. Димензиите на игралиштето ќе бидат 37х16 метри, што во целост ги задоволива потребите на учениците од ова ОУ. Инвестицијата е вредна 30 милиони денари.-Целосна реконструкција на ул. 7ми ноември, (влез на Охрид од кај Битола). Целосна реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700м. Вкупната вредност на проектот е над 43 милиони денари.-Изградба на деттско повеќенаменко спортско игралиште во населба Видобишта. Овде е опфатена изградба на целосно ново детско игралиште со специјализирана гумена подлога од 230м2. Игралиште (фудбалско и ракометно) на површина од 1320м2 исто со специјализирана гумирана подлога.Работиме за граѓаните.Државата создава за луѓето.ОстварувамеЗа тебе!”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп, упати Мицкоски

Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доналд Трамп, објави премиерот Христијан Мицкоски.Тој додаде:„Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување.Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ.

Македонија | пред 1 година

450782557_1266951367961006_6736493216666583704_n

СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„СДС падна на многу ниски гранки чим меша деца на Мицкоски за политички поени, патувањето на синот државата не ја чини ништо, тој не е дел од делегацијата“,вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:„СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Мицкоски. Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното.Фактите се следни:Синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот. Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација.Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно.Ефектите од патувањето на претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се повеќе од очигледни.Над 20 средби со лидери на држави членки на НАТО.Средба со врвот на НАТО.Достоинствено преставување на македонските интереси.2 крупни инвестициски одлуки.Нова инвестиција на Вабтек, 35 милиони евра и над 100 вработувања.Специјална економска соработка со Унгарија, 500 милиони евра за компаниите и општините.Токму поради ова поразено однесување на СДС на наредните избори тие 180 илјади гласови кои ги освоија на последните избори ќе им бидат недостижна цел“.

Македонија | пред 1 година

IMG_4993

Мицкоски на повеќе билатерални средби во Вашингтон: Иднината на регионот е во борбата за посилна економија, соработка и создавање на иднина

На маргините на НАТО Самитот во Вашингтон претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби и разговори.Мицкоски се сретна со потсекретарот за политички прашања во американскиот Стејт департмент Џон Бас. Соговорниците разговараа за стратешките интереси на државата, за македонските напори кои се насочени кон исполнување на истите, како и за интеграцијата и напредокот на регионот.Премиерот Мицкоски подвлече дека борбата против организираниот криминал и корупција како и владеењето на правото се приоритети на новата Влада.„Премногу долго корупцијата навлегуваше во секоја пора на институциите и го оневозможуваше напредокот. Тоа се менува преку системска активност која подразбира непристрасност во спроведувањето на законите и поддршка на професионалците кои се задолжени за спроведување на законите. Потребни се промени кои ќе влеат надеж во институциите“, истакна Мицкоски.Тој додаде дека иднината на регионот е во тесна соработка на државите, и насоченост кон работите кои не обединуваат како и создавање на иднина која ќе донесе просперитет на сите.Премиерот Мицкоски оствари средба и со претседателот на Чешка Петр Павел. Соговорниците разговараа за искористување на потенцијалите за економска и политичка соработка.Претседателот на македонската влада Мицкоски истакна дека иднината на регионот е во полноправно членство во Европската Унија и дека на тој план се направени премногу отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај и дека кочењето преку неразумните спорови мора да престанат. Граѓаните со право бараат подобар живот и дека Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција.Мицкоски оствари разговор и со премиерката на Естонија, Каја Калас со која разговараше за интензивирање на соработката и поддршка на македонските ЕУ интеграции.

Македонија | пред 1 година

mickoski

Екатимерини: Премиерот на С. Македонија го употреби „Македонија“ во говорот на самитот на НАТО

На Самитот на НАТО во Вашингтон во средата, премиерот на С. Македонија, Христијан Мицкоски, неговата земја ја нарече „Македонија“, а неговата влада како „македонска“, објави Екатимерини.Мицкоски во неговата изјава ја нагласи посветеноста на земјата за промовирање на мирот, стабилноста и меѓународното право.,,За нас, како мала нација, важно е да донесеме значајни одлуки кои ќе ја обликуваат иднината на човештвото. Македонија како земја планира да продолжи да ги промовира ваквите вредности. Како македонска влада стоиме покрај нашите сојузници и ја афирмираме слободарската слобода на македонскиот народ и граѓани“, додаде Мицкоски, напиша Екатимерини.

Македонија | пред 1 година

IMG_4987

Мицкоски на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама

,,Остварив средба со премиерот на Албанија, Еди Рама.Регионот може да се развива само доколку забрзано се работи за иднината и просперитетот на сите граѓани. Да се фокусираме околу точките кои не обединуваат и се основа за развој и градење на добри односи.Време е да се отпочне ново време на рамноправен дијалог и искрени пријателства.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4984

Мицкоски од Вашингтон: Македонија и регионот предолго беа заложници на минатото, времето на свиткани кичми заврши, време е да градиме иднина

,,Заврши уште еден работен ден на НАТО Самитот кој што се одржува по повод 75 години од формирање на Алијансата.Македонската делегација ја предводам јас и можам да кажам дека поминавме еден навистина динамичен ден, исполнет со многу состаноци и средби кои што ги имавме на маргините на НАТО Самитот.Денеска разговаравме со црногорскиот премиер, зборувавме со хрватскиот претседател, унгарскиот премиер, нормално тука би ги издвои и состаноците и средбите со италијанската премиерка Мелони, со шпанскиот премиер Санчез кој што беше заедно со мене, би рекол до мене на вечерата која што ја организираше претседателот на САД Бајден, неговата сопруга Џил Бајден. Од она кое што исто така може да го издвојам се средбите со соседите, бугарскиот и албанскиот премиер.Можам да кажам дека испратив неколку пораки од кои што најважната е дека долго време регионот и Македонија како држава беа заложници на минатото. Потребно е да се фокусираме на иднината и она кое што следи со иднината. Да ја направиме Македонија повторно горда, но и да го направиме Балканот повторно горд. Да бидеме добри соседи, да се разбираме и да соработуваме. Тоа е она кое што го очекуваат граѓаните од нас, и тоа е она на кое што јас како претседател на Владата ќе бидам фокусиран во годините кои што следат.Понатаму, би сакал да кажам дека втората порака која што ја испратив е дека помина времето на свиткани кичми, помина времето на корумпирани политичари кои што доаѓаат од Македонија и политичари кои што се подготвени од името да ја заштитат својата корупција и криминал и да направат буквално се. Да потпишат се, да го прифатат секое понижување кое ќе им биде понудено на маса само да го заштитат својот криминал. Тоа време е веќе историја и минато. Мораме да зборуваме како вистински партнери, да зборуваме како соседи, бидејќи партнерството и добрососедството е двонасочна улица и ние сакаме тоа да го негуваме и само така да го гледаме.Уште еднаш би сакал да ви посакам едно големо Македонијо ве сакаме и бидете горди бидејќи навистина даваме се од себе да го повратиме она изгубено достоинство кое што изминатите 7 години, за жал го немавме, не се само овде во Вашингтон, туку насекаде во Светот бидејќи не претставуваа политичари, кои за среќа на граѓаните се сега веќе минато.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4960

Мицкоски од Вашингтон: Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски во Вашингтон, заедно со претседателите на Влада на Република Албанија Еди Рама и на Република Црна Гора Милојко Спајиќ оствари средба со сенаторката Џин Шајин и сенаторот Том Тилис и членовите на набљудувачката група од Сенатот за НАТО.На средбата претседателот на Владата Мицкоски посочи дека балканскиот регион помина тежок период на предизвици и промени кои покажаа дека соработката, забрзаниот развој и инвестирањето во пријателства на граѓаните единствено им носи подобар живот.Тој истакна дека блокадите, кочењето и опструкциите треба да бидат реликвија на едно минато време од кое регионот треба да извлече поуки како се заглавува во неразумни спорови и се создаваат стереотипи и раздор меѓу граѓаните.Секоја иницијатива која е за поголема соработка на регионот и која може да донесе подобар живот е добредојдена, истакна Мицкоски кој додаде дека потребен е нов почеток и генерација на политичари подготвени за разумен дијалог базиран на факти.Иднината на регионот е економската соработка и инвестициите за посреќни граѓани, како и апсолутна борба против корупцијата и организираниот криминал кој преставува најголема закана за напредокот. Македонската влада е посветена кон развиена економија и воспоставување на владеењето на правото, истакна премиерот Мицкоски.Во рамките на посетата на Вашингтон премиерот Мицкоски учествуваше на отворањето на НАТО самитот кој продолжува и во текот на денешниот ден.

Македонија | пред 1 година

IMG_4947

Мицкоски на средба со високи американски претставници во Вашингтон: Една од главните цели преставува борбата против организираниот криминал и корупција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби со високи американски претставници во Вашингтон.Вчера заедно со делегацијата од Владата, како и претседателот на Собранието Африм Гаши оствари средба со конгресмените Пит Сешнс, Роберт Адерхолт, Џо Вилсон, Џон Муленар, како и со Џејмс Џонс поранешен советник за национална безбедност на Барак Обама.На средбата од двете страни беа потенцирани добрите билатерални односи со Соединетите Американски Држави.Се разговараше за можноста за искористување на економските потенцијали и политичка поддршка во остварување на стратешките интереси на државата. Се влегува во инвестициски циклус за сериозни капитални проекти во инфраструктурата, енергетиката и повеќе други полиња, истакна Мицкоски.Воедно беше посочено дека една од главните цели претставува борбата против организираниот криминал и корупција. Од страна на конгресмените беше изразена силна поддршка, како силен пријател и сојузник на САД.

Македонија | пред 1 година

IMG_4942

Мицкоски од Вашингтон: Се менува климата во Македонија, за кратко време нова инвестиција Вабтек инвестира 35 милиони евра и отвора над 100 работни места

Со задоволство да кажам дека за кратко време уште една нова инвестиција имаме кај нас. Компанијата Вабтек одлучи да го зголеми своето производно портфолио со уште една дополнителна инвестиција која што ќе биде во Технолошко индустриско развојната зона Скопје, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски од Вашингтон по средбата со Грег Сброко, извршен потпретседател на американската компанија Вабтек.Премиерот Мицкоски истакна дека инвестицијата ќе биде 35 милиони евра и станува збор за нови повеќе од стотина работни места.Тоа значи дека ќе имаме зголемен извоз, тоа значи дека ќе имаме позитивно влијание врз Бруто домашниот производ. Она што претставува главна обврска, фокус и посветеност на оваа влада е економијата и борбата против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата на овој начин сака да покаже дека практично ја менува климата во земјава, нешто коешто досега беше навистина збунувачки како за граѓаните, така и за домашните и странските инвеститори.Компанијата Вабтек ќе го има мојот личен фокус, очекувам дека оваа инвестиција ќе биде многу скоро завршена и дека не само оваа инвестиција ќе можеме да додадеме уште некоја нова инвестиција којашто ќе дојде од компанијата Вабтек, изјави Мицкоски.Премиерот Мицкоски на крај потенцираше дека Владата покажува дека државата се сака со дела и оваа инвестиција е добра вест за македонските граѓани и добра вест за македонската економија.Извршниот потпретседател на Вабтек истакна дека со премиерот Мицкоски се разговарало не само за проширување на производството на Вабтек во земјава, туку и повеќе можности како на компанијата така и за Република Северна Македонија.Инвестицијата ќе биде колку 35 милиони евра и околу 100 работни места која ќе биде во околината на Скопје, изјави Грег Сброко, извршен потпретседател на Сброко.

Македонија | пред 1 година

IMG_4926

Мицкоски пред самитот на НАТО на средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора

Делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон се сретна со претставници на македонската дијаспора.На фотографиите кои ги објави Мицкоски на Фејсбук се гледа дека на состанокот од македонска страна, покрај премиерот присуствувале и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерто за надворешни работи и трговија Тимчко Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски,,Пред почетокот на самитот на НАТО, посветив внимание за позициите и прашањата на нашата дијаспора.Имав одлична средба со Мето Коловски и Обединетата македонска дијаспора со кои разговаравме за поддршка и лобирање за македонските интереси.”, напиша Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4903

Мицкоски со владина делегација во официјална посета на САД

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заедно со делегација од Владата во чиј состав се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски како и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја започнува официјалната посета на САД, каде што ќе учествува на Самитот на НАТО и ќе оствари бројни билатерални средби со високи американски и меѓународни лидери.Премиерот Мицкоски ќе одржи говор на реномираниот Johns Hopkins University- School of Advanced International Studies, по што ќе следуваат средби со претставници од бизнис заедницата во САД.Премиерот ќе има и средби со високи претставници на IRI, конгресмени и сенатори, односно Брендон Бојл и сенаторката Џин Шахин - копретседавачи на Македонската група за пријателство во Конгресот на САД. Во вечерните часови, пак, тој ќе учествува на свечениот настан по повод 75-годишнината на НАТО, што ќе се одржи во Andrew W. Mellon Auditorium.Македонската делегација исто така ќе учествува и на отворањето на НАТО форумот и ќе присуствува на состаноците на Северно - атлантскиот совет, каде што Мицкоски ќе има прилика за средби со други лидери и изјави за медиуми.Мицкоски ќе присуствува и на вечерата во Белата куќа организирана за лидерите, а министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе присуствуваат на специјални вечери организирани од државниот секретар Етони Блинкен и секретарот за одбрана Лојд Остин.Посетата на премиерот Мицкоски има за цел да ги зајакне билатералните односи со САД, да ја афирмира Македонија како стабилен партнер и да ги промовира економските можности на нашата земја пред американските инвеститори.

Македонија | пред 1 година

IMG_4903

Мицкоски: Ова е втора инвестиција за неполни две недели во вредност од 20 милиони евра и 110 нови работни места

,,За нас претставува посебна чест и задоволство што можеме еве после нецели би рекол две недели да посакаме добредојде на уште една инвестиција којашто како што кажа господинот е околу 20 милиони евра, за почеток имаме нови 110 работни места. Ќе имаме развојно истражувачки центар, алерти центар нешто кое што до сега недостасува или многу малку го има.И она кое што за нас е значајно што тука не застанува оваа инвестиција, туку ќе продолжи и понатаму да се развива односно да се зголемува и бројот на вработени и бројот на извоз но исто така и самата инвестиција којашто очекуваме најмалку да биде двојно зголемена во годините коишто следат.Исто така сакам да кажам дека самата компанија е лидер на пазарот во Германија и таму отприлика е присутна со околу 25% од истиот и нешто кое што претставува значајна препорака за нас, бидејќи очекуваме голем дел од компаниите коишто инвеститорот ги снабдува со своите производи да го следат примерот на инвеститорот и исто како што Eпсотех дојде овде, да дојдат и тие да инвестираат. Нешто кое што ќе значи додадена вредност за нашата економија и нешто кое што ќе донесе повеќе средства во буџетот, повеќе средства за капитални проекти со фокус кон граѓаните. Нашата цел е со дела да ја сакаме Македонија.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Мицкоски најави нова странска инвестиција, вредна 20 милиони евра

,,Денес објава на нова германско-белгиска инвестиција.Наследивме држава во кома и работиме со целата енергија да ја вратиме надежта.Градиме подобра иднина.Одлича вест за сите граѓани е дека германската компанија ЕПСОТЕХ во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон, за што ќе вложи 20 милиони евра.Објектот ќе биде лоциран во општината Петровец, надвор од технолошко-развојните зони и во него ќе се произведуваат елементи од автомобилската, железничката и здравствената индустрија.Со градежни активности се започнува на крајот на август, а за една година се планира вработување на повеќе од 110 наши сограѓани. Toa што е значајно дека дел од инвестицијата е и Центар за истражување и развој што дава голема додадена вредност на истата и ќе значи ангажирање на високо стручни вработувања.Инвестициите се решението за подобар живот на граѓаните.За тебе!Исполнуваме.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања