Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

ahmeti-mickoski

Мицкоски: Неодговорното однесување на ДУИ преставува закана за мирот и стабилноста, а суштината е да се заштити капиталот стекнат во 20 години власт

„Со ова неодговорно однесување, ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. И, ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки како Влада, за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато изминативе 20 години на власт. И тоа е факт, затоа што демократијата подразбира тој што има мнозинство во парламент да има и влада“, вака претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус ги коментираше иницијативите на ДУИ за принципот „победник со победник“ да влезе во правниот систем и за територијална реорганизација според белгиски модел.Мицкоски додаде дека суштината на ваквите потези е да се одбрани капиталот стекнат во изминативе 20 години на власт, но не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет.„Па видете, суштината е да се одбрани капиталот стекнат во овие 22 години на политичка сцена и 20 години власт. Но, не ја исклучувам можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани, несвесно. И сега тие групи и структури може да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како Влада тоа да го браниме и да се одбраниме“, подвлече Мицкоски.На прашање за тоа дали се очекуваат протести за овие прашања Мицкоски одговори дека има такви информации, но ако истите се мирни и демократски, тие се легитимни.„Се уште ги имам тие информации. Јас говорам за протести. Се додека се демократски и мирни, тие се легитимни. Ако преминат во насилни, тогаш, повторно ќе кажам, како Влада имаме право да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, потенцираше Мицкоски.Запрашан за тоа што мисли за принципот „победник со победник“, Мицкоски истакна дека демократијата не оди заедно со овој принцип бидејќи коалиционите партнери од минатата власт беа делегитимирани на избори и во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција.„Начинот на кој функционира демократијата не оди заедно со „победник со победник“, зашто во политиката не може малку со едните, малку со другите. Ние имаме дијаметрално различни платформи. Не може 7 години да бидете во влада со СДСМ и да речете – тоа веќе не важи и сега ќе одам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа така не може! Вие сте го избрале вашиот коалициски партнер и врз основа на програма сте функционирале, без разлика каква била таа. Таа била владина програма, таа влада е поразена, делегитимирана и тука завршува целокупниот процес. ДУИ со коалицијата и СДСМ заедно освоија помалку од 300 илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија близу 450 илјади гласови, а заедно со ВЛЕН и ЗНАМ повеќе од 600 илјади, рече тој и додаде:„Јасна е волјата на народот. Во таква нова политичка реалност, во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција, а победникот ја создава структурата на идната влада“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-06-at-12.39.17

Мицкоски: Борбата не е завршена! Илинден е историска вистина, Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес

„Честит Илинден! Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Илинден не е само историска приказна или историски сон, туку пред се историска вистина. Илинден е нашиот најсилен повик за акција и единство денес. Илинден е повик за сите нас – да продолжиме да се бориме за нашите права, за нашата култура, за нашата слобода. Забележете ги внимателно зборовите од Крушевскиот манифест кој освен тоа што ја слави слободарската идеја, неговата најголема порака е повикот за единство. Врз тоа единство се градеше Крушевската република, и во име на тоа единство сите го кренаа бајракот на слободата. Вистинското прашање и дилема денес е дали тоа единство постои во состојба кога борбата мора да трае, за да имаме победа.Борбата трае - потсетувајќи нѐ дека борбата за слобода, правда и за подобра иднина бара истрајност, храброст и единство. Од нив треба да научиме како се добиваат големите победи, бидејќи битка може да изгубите, но важно е да победите во својата конечна цел. Истрајност, внимателност и пред се добар план да се дојде до вистинската цел. Тоа е стратегијата што треба и ние да ја користиме, да бидеме гласни во нашите ставови, да имаме план и да бидеме истрајни. Борбата не е завршена! Борбата продолжува! Борбата ја водиме со секој наш изговорен збор, во секоја наша направена акција, со секоја наша мечта за подобра иднина. Борбата за иднина, борбата за Македонија во рацете на народот е нашата обврска. Ова е борбата на нашата генерација со која оставаме трага низ времето, цврсто верувајќи во нејзината исправност и големина. Нека е честит и вековит Илинден.

Македонија | пред 1 година

mickoski18072024

Мицкоски: Приватните инвестиции придонесуваат за развој на економијата

,,Ми претставува голема чест и задоволство што бев денеска дел од овој настан. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на инвеститорот, Трајче е навистина пример кој што треба да го следат сите Македонци насекаде низ светото, да не си ја забораваат својата татковина. Знам дека тоа се макотрпно и тешко заработени средства кои што таму некаде далеку после Атлантикот, Трајче ги има заработено.Но, не ги заборава своите корења, не ја заборава својата татковина и инвестира во својот град Кавадарци.Ефектите се огромни за економијата. Прво, да се има еден ваков водечки светски бренд, водечки светски бренд како што е Холидеј Ин, навистина е чест овдека во Кавадарци, благодарение на инвеститорот тоа ќе се случи набргу од денеска. Од презентацијата можев да видам дека станува збор за импозантна градба, градба која што нема како, а да не го развие целиот регион сега и Кавадарци ќе биде на многу пожестоко место на туристичката мапа, голем број на туристите кои што го посетуваат регионот поради, според мене најубавото вино во Европа, но и највкусното грозје во Европа, сега ќе имаат уште еден поголем репрезентативен со светски квалитет сместувачки капацитет.Самата градба вработува луѓе и допринесува во локалната економија.Благодарност и до градоначалникот Јанчев што цело време го следи административно овој проект, благодарност и до сите луѓе кои се вклучени во овој проект. Како Влада имаме цел во Македонија да донесеме што е можно повеќе вакви инвестиции, да поддржиме да бидеме лидери во регионот и убеден сум дека можеме тоа да го направиме.Набргу од денеска сите ние ќе сведочиме на една прекрасна градба овде во Кавадарци, каде што ќе работата не само кавадарчани, туку луѓе од регионот и цела држава. Сакам што побрзо тоа да се случи ние сме сите нестрпливи. Знам дека секоја една работа има природен тек, не можете да одите спротивно на природата, но сигурен сум дека ова репрезентативно здание ќе биде нешто кое што сите ние ќе се гордееме и ќе имаме со што да се гордееме.Така што еве посакувам следниот пат кога ќе се видиме овде да присуствуваме на отворањето набрзо од денеска, и посакувам успешно да работи и да придонесува не само во локалната, туку и во националната економија.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Mickoski11072024

Мицкоски: Подготвен сум да разговарам доколку некој има предлог, но не се откажувам од реформите во правосудството

„Јас не се откажувам и од распуштање на Судскиот совет како реформа и од распуштањето на Советот на јавни обвинители, чекам предлози, очајно молам за предлози за да не биде довербата кај граѓаните 2 проценти во правосудството, да не бидат криминалци чесни граѓани, а чесните граѓани да бидат криминалци, зашто имаме исклучоци на корумпирани обвинители и судии, тоа не е генералната слика да се разбереме, имаме такви исклучоци“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање и додаде:„Немам ниту братучеди, ниту браќа, ниту сестри еве јавно кажувам на македонската јавност, на овој народ му е преку глава да се чувствува како граѓанин од втор ред во својата држава, затоа што неколкумина криминалци мислат дека се над законот, а тоа им го овозможуваат овие институции, затоа што се таму благодарение на тие неколкумина политички криминалци и вистински криминалци“.Премиерот Мицкоски потенцираше дека е избран од граѓаните и дека е обврзан да го достави тоа што го понудил како решение и нагласи дека е подготвен да разговара со секој кој има некаква идеја.„Јас толку знам како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, сум излегол на избори, сум понудил решение, гласале 450.000 граѓани и тоа мене ме обврзува. Ако некој знае подобро нека каже, јас сум подготвен да разговараме. Секој којшто знае експерт подобро нека дојде нека каже, само очајно молам овие 2 проценти да направиме нешто барем да бидат 12, јас знам дека не можат да бидат 22, 52, 82, но барем да бидат 12. Зошто ни е ова битно? Ако нема доверба во правосудството, нема ни инвестиции како оваа, ако нема инвестиции како оваа, нема бизнис нема пари во Буџетот, ако нема пари во Буџетот нема за здравство, нема за образование, нема за плати, нема за земјоделци, нема за пензии, нема за инфраструктура.Ова е систем. Системот почнува од тие неколкумина, сите ги знаеме кои се, сите знаеме во државава кои се тие во правосудството коишто се корумпирани и сега ние ако се правиме при очи, слепи, при уши, глуви во ред, но не е во ред ради децата и заради идните генерации коишто доаѓаат. Јас толку знам и ќе се борам за тоа што го знам, подготвен сум да разговарам со секого, секој оној којшто има некаква идеја нека дојде, подготвен сум да го сослушам, само да не ми се појавуваат експерти вечни чиишто потоа презимија случајно се појавуваат како нови членови на судскиот совет. Такви експерти вечни ги знам нивните методи, тие не доведоа до овие 2 проценти.“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5204

Мицкоски: Владата формираше тело кое треба да воспостави ред во високо образовните установи во земјава

„Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело, ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело, да излезе на терен да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе се констатираат недостатоци да им се даде разумен рок да истите, тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат ќе бидат затворени“, подвлече претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање притоа објаснувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување на ред во установите.Премиерот е дециден дека високо образовните установи во државата кои што имаат недостатоци ќе имаат разумен рок истите да ги отстранат. Доколку не ги отстранат недостатоците ваквите установи ќе се останат без акредитација и ќе немаат дозвола за работа.„Ова јас го кажувам, најотворено. Зошто? Затоа што се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите, ми кажаа- од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добиваат. Тоа мора да се смени, ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат ќе мора да затворат. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја изгубат лиценцата, акредитацијата.“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5254

Мицкоски: Нема да ги коментирам некрофилските изјави на СДСМ, наследивме катастрофална состојба

„Многу е важно да се зборува со факти. Во политиката фактите се многу важни, тие ја креираат перцепцијата и тоа е она што е важно за граѓаните. Владата која што јас ја предводам имаше прв работен ден 24ти Јуни. Првиот посериозен пожар на планината Серта беше на 10 јули. Од прилика до 17 денови, како беше мојот прв работен ден. Каква беше тогаш фактичката состојба? Фактичката состојба беше следна. Хеликоптерите, кои што се користат при вакви кризни состојби, беа на сервис. Воздухопловите, авионите, беа приземени поради дефект. А пилотите кои што треба да ги управуваат, беа во пензија, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за обвинувањата од СДСМ за пожарите.“Премиерот Мицкоски истакна дека наследил катастрофална состојба, односно од ниту еден хеликоптер за гаснење на пожарите, без човечки ресурси веднаш направиле три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери кои интервенирале во гаснење на пожарите.„И практично, благодарение на единиците на локалната самоуправа, на општините, и нешто малку луѓе кои што во тој момент беа спремни, почна борбата со огнената стихија. Полека, еден по еден, хеликоптерите се вратија и беа ставени во употреба. Технички, беше интервенирано на воздухопловите. Истите стана оперативни, трите. Луѓето кои што ги управуваат, кои што беа во пензија, ги вративме со договор на дело, да може да ги управуваат, бидејќи немавме кој да ги управува. И во еден момент, од ништо, имавме три оперативни воздухоплови и три оперативни хеликоптери. И стотици пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи, одбрани граѓани, доброволци, при што ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за пожртвуваноста која што ја прават.“, додаде тој.Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата прогласила кризна состојба, и веднаш го активирала европскиот механизам за помош при кризни состојби.„Во меѓувреме, во тој прв бран, прогласивме кризна состојба, поради борбата со огнената стихија, но истовремено и го активиравме европскиот механизам за помош при кризни состојби. Кога го активиравме тој механизам, помош ни дојде од соседна Србија, помош дојде од Црна Гора, од Словенија, од Турција, од Романија. И во тој прв бран ја совладавме огнената стихија. Понатаму, продолжи борбата со огнената стихија, но не само кај нас, секаде и во Европа тоа се случува. И во овој момент, во текот на вчерашниот ден, имавме историски, незапаметен број на пожари на отворено, 66. Успеавме 40 да ги совладаме. Останатите се под контрола. Благодарение на пожртвуваноста на пожарникарите, доброволците, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана. И повторно ќе кажам, ја користам оваа прилика да изразам огромна благодарност за свето тоа што го прават. И ќе продолжиме да се бориме, имајќи предвид, температурата која што следи и во месец Август, не очекувам да има големи промени, ниту врнежи. Вакви предизвици ќе има.“, рече Мицкоски.Премиерот Мицкоски упати загриженост од информациите кои ги добива од МВР дека причина за ваквата состојба се невнимателност, но и намера истите тие да предизвикаат.„Но она што ме загрижува, се индициите кои што ги добивам, како информација од Министерството за внатрешни работи, дека постои основано сомневање. Дека причина за овие пожари во голема мера е невнимателност, а во голема мера и намера да истите тие се предизвикаат. Ние кај се бориме. Повторно го активиравме европскиот механизам за барање поддршка во ваква кризна состојба.“, изјави премиерот и додаде дека помош пристига од Чешка, Унгарија, Србија, Словенија и Германија.„Република Чешка одговори со еден хеликоптер кој што треба денеска да пристигне, соседна Србија со уште еден хеликоптер, Унгарија испраќа во текот на утрешниот ден четири теренци кој што се многу потребни за оние предели, кој што се непристапни и тешко се пристапува дури и од воздух, кој што се себе носат еден кубик вода и кој што можат многу брзо да превенираат, да не се прошири овој пожар. Истовремено, Словенија позитивно одговори, Германија, два авиона, и тоа е капацитетот кој што ние во моментот можеме да го прифатиме и состојбата можам да кажам дека целосно или делумно е или ќе биде ставена под контрола. Апелирам до граѓаните. Има луѓе доволно кои што се грижат, да нема самоорганизирање, затоа што не дај Боже, не дај Боже, необучен цивил кој што има најдобра, најискрена желба да се вклучи да помогне, не дај Боже, да западне во тешка состојба и не дај Боже да го загуби својот живот. Нема цена тоа. Ве молам, јас ве разбирам, дека сите сакате да помогнете, ве разбирам дека сите сакате кога е потребно да излезете во пресрет, ние сме хуман народ, ние сакаме да помогнеме, сакаме да помогнеме на тој кому таа помош е потребна, но има доволен број пожарникари, има доволен број припадници на Министерството за внатрешни работи и за одбрана и сето тоа е сосема доволно во овој период за да се справиме, иако ќе повторам станува збор за огнена стихија, која што е на својот историски пик. 66 имавме само вчера. 66 активни пожари на отворено, што не се случило. 40 успеавме успешно да ги изгаснеме. Тоа е поврзано со пожарите, а политичари и политички партии кои што имаат некрофилски намери, јас немам намера да коментирам.“, дециден е премиерот на Владата Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

20072024_MICKOSKI

Мицкоски: Во нашата програма беше најавен проектот ниски даноци, прв ќе биде данокот на добивка

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска на средба со претставниците на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија најави намалување на даноците.„Апсолутно во периодот кој што следи ќе ја анализираме и таа појава ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но, да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот.Прво намалување премиерот Мицкоски најави на данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра.Прв чекор кон намалуваме на даноците, ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра. Плус, ќе добијат би рекол субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до 5 проценти. До сега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до 5 проценти“, истакна премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски ги повика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да инвестираат во државата.„Затоа ги повикувам, ја користам оваа прилика сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот и тука тоа ќе значи и повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ данокот на добивка во Буџетот“, изјави премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5204

Мицкоски: Ќе се формира тело кое ќе истражи како се делеле парите во време на Ковид кризата без критериуми

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се формира комисијата и ќе се испита како се доделувала ковид поддршката за компаниите, рече дека на владина седница ќе се формира тело кое што ќе истражи како и на што се доделувала помошта без критериуми во време на ковид кризата, потенцирајќи дека народот мора да знае каде се трошеле нивните пари.Во периодот којшто следи на владина седница ќе формираме такво тело коешто во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно сето она што го имаме на располагање и не само таму и во Фондот познат како ФИТР во јавноста и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста.Јавноста треба да знае каде се трошат народните пари, вели премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5223

Мицкоски: Главен приоритет и примарен интерес на Владата е македонските компании да растат, стоиме целосно на услуга на бизнисот

,,Благодарам претседателе, имавме денес навистина содржаен состанок со комората на Северо-Западна Македонија и мислам дека со сите предизвици со кои што компаниите се соочуваат бевме запознаени.Наш главен приоритет и примарен интерес е македонските компании да растат. Зашто е тоа интерес- затоа што колку тие побрзо ќе растат, колку по робусно ќе растат толку повеќе приходи ќе имаат во самиот буџет, а колку повеќе приходи ќе имаат толку повеќе инвестиции ќе има во образованието, во здравството ќе има повисоки плати, повисоки пензии, во земјоделието, во културата, во спортот, во инфраструктурата итн.Како влада се насочивме жестоко да работиме заедно со македонската економија, со компаниите и да ги помагаме тие побргу да растат. И во таа насока денеска разговаравме за оној заем кој што веќе го земавме, од половина милијарда евра односно заем за кој што имаме согласност заедно со унгарската влада, којшто сега треба да биде официјално и потпишан, потоа преку закон да биде и ефектуиран во рамките на парламентот и како сето тоа ќе функционира за поддршка на економијата; условите се тие 3,25 % фиксна каматна стапка, 15 години , 3 години грејс период 12 години рок на отплата. Тоа што државата го зема, тоа го дава на стопанството.Сега ќе видиме во следна фаза ќе отвориме разговори со комерцијалните банки да видиме дали како опција тамо ќе се пласира или ќе се пласира на друг начин но важно е дека не сакаме да биде оптеретен овој кредит со дополнителни услови бидејќи цениме дека е поволен, на пазарот е можеби со два пати поповолни услови од она што може да се обезбеди од комерцијалните банки и цениме дека на овој начин можеме да го помогнеме стопанството.Втора поента се и тема којашто ја разговаравме и во тој контекст би сакал да кажам се и инфраструктурните проекти и каква е иднината и какви се нашите планови.Од страна на комората на Северо-Западна Македонија, беше исто така потенциран фактот околу минималната плата се зборуваше и за земјоделието, ценам дека беше исклучително плодна дискусијата.Мојата порака, пораката на владата е дека треба заедно да работиме и дека како Влада сме целосно на услуга на бизнисот. Бизнисот е тој кој треба да иницира, да предлага, заедно во еден дијалог тие работи да ги надминуваме.Не ја имаме таа пракса од претходните влади во свечената сала во рамки на зградата на владата да ги собереме сите комори и тамо сега да кажеме половина саат што мислиме и да си заминеме, затоа ние идеме кај коморите.Ќе продолжиме да идеме, да разговараме да слушаме идеи и тоа да го решиме. Ќе повторам, прв и основен приоритет е да обезбедиме повеќе пари во буџетот затоа што ваков каков што е тој е, ограничен е. Како тоа ќе го направиме ? Доколку коморите и компаниите и економијата се поуспешни. Колку се тие поуспешни толку ќе има повеќе средства за сите други области коишто се потребни.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

hristijan7-26072024

Мицкоски до Филипче: Тој се соочува со внатрешни поделби во партијата, а ја коментира работата на Владата, за само 30 дена донесовме 3 крупни инвестиции, нешто што беше незамисливо во нивно владеење

„Повторно ќе кажам тие си ја тераат својата приказна, јас не очекувам дека нешто ново ќе кажат, дека ќе кажат нешто кое што претпоставувам ќе биде пофалба. Иако мислам, лично мислам дека тоа е погрешен пристап, но во ред тие избрале така, нека тераат, избори ќе имаме до година, граѓаните ќе го кажат својот суд кој работи правилно, кој не“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Венко Филипче дека Владата имала лош почеток и план на инвестициите.Премиерот Мицкоски истакна дека Владата е 30 дена, а веќе има три инвестиции од кои едната е за изградба на ветерен парк од половина милијарда долари со 630 вработувања, потоа инвестиција од ЕПСОТЕХ и инвестицијата на Вабтек.„Но ќе го потсетам, еве ние сме 30 дена Влада, во овие 30 дена Влада имаме нова инвестиција од половина милијарда долари, ветерен парк на тромеѓието помеѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш, нови 630 вработени, еден терават час електрична енергија од обновливи извори и чекор кон исполнување на личната цел на Владата, а тоа е да бидеме енергетски во делот на увоз-извоз на електрична енергија избалансирани, односно да немаме повеќе потреба од увоз. Да бидеме на крајот на годината со резултат еднаков на нула, кога станува збор за увозот и извозот. Втората инвестиција е од ЕПСОТЕХ, инвестиција каде што ќе бидат исто така десетици милиони евра инвестирани, чинам дека беше околу дваесетина милиони евра, на тоа ќе се додадат 110 нови вработувања, тие велеа, тие ја воделе таа инвестиција, еве ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за тоа што ја воделе четири години и не успеале да ја доведат до крај. Па требаше новата Влада да дојде и во рок од две недели да го реши сето тоа што тие не успеале во четири години, но сепак еве заслужуваат пофалби и благодарност. Благодарам од мое име и од името на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.„И трета инвестиција која што овие први 30 дена се случува, тоа е инвестицијата на Вабтек, но и не е само новата инвестиција, туку треба да се предочи дека и старата инвестиција има многу проблеми, посебно во делот на регулирање на правата на располагање и сопственост на земјиштето на кое што се наоѓа старата производна фабрика“, рече тој и додаде:„И тоа го решаваме, заедно со Општина Гази Баба, околу половина милијарда евра за компаниите и за општините. Ете тоа е од прилика за овие први 30 дена“.Мицкоски потсети на сите катастрофални политики од претходната влада.„Направете анализа што направија тие во минатото, донесоа инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг, однесоа би рекол, инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг преку фабрика, односно компанија позната за трговија за јужно овошје, која што требаше да ги донесе кинеските вакцини во екот на пандемијата, познатата афера Стабри. Се случуваа многу проблеми, не треба да ве потсетувам на Модуларната болница, не треба да ве потсетувам на катастрофата што се случуваше за време на КОВИД пандемијата, не треба да ве потсетувам на сите оние тендери што се случуваа во минатото поврзани со името на новиот претседател на СДСМ, но органите треба тоа да го истражат. Еве тоа се само дел од работите кои што денеска би ги кажал. Тоа е работа на органите, тие ќе продолжат да ги соопштуваат своите позиции, ние ќе продолжиме да работиме“, објасни премиерот Мицкоски.„Граѓаните да бидат сигурни дека оваа Влада продолжува да работи, дека нема намера да посветува многу внимание на овие клевети кои што доаѓаат од ново избраниот претседател на СДСМ, сепак тој таму се соочува со внатрешни поделби, нормално е да се трудат кој повеќе ќе дехидрира од критики на работењето на Владата. Така мислат дека кој повеќе дехидрира, тој е поуспешен во рамките на СДСМ, тие малкумина кои што останаа, тоа е нивна политика“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

hristijan7-26072024

Мицкоски: Владата одзеде две лиценци на компании за игри на среќа тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање за одземањето на две лиценци на компании за игри на среќа, рече дека станува збор за фирми тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок.„Имаме два случаи за одземање на лиценци за игри на среќа едната е од Струмица, другата е од Скопје, не ги уплаќале даноците редовно, работеле незаконски би рекол, врз основа на мислењето коешто го добив под надлежните институции. Но ова не е сѐ. На седницата на Владата беше прифатено практично толкувањето на Законот во коешто е констатирано дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, без разлика што и самата не поседува лиценца самата издавала лиценци за приредување на игри на среќа“, изјави премиерот Мицкоски.„Има претходни високи функционери од Владата коишто и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски подвлече дека документацијата е предадена на истражните органи и очекува надлежните институции да излезат со став.„Тоа е сѐ предадено до истражни органи и очекувам надлежните истражни органи многу скоро да излезат со став врз основа на овие индиции коишто ги констатираше Владата“, истакна премиерот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-08-26-at-12.44.01

Мицкоски до Филипче: Тој се соочува со внатрешни поделби во партијата, а ја коментира работата на Владата

„Повторно ќе кажам тие си ја тераат својата приказна, јас не очекувам дека нешто ново ќе кажат, дека ќе кажат нешто кое што претпоставувам ќе биде пофалба. Иако мислам, лично мислам дека тоа е погрешен пристап, но во ред тие избрале така, нека тераат, избори ќе имаме до година, граѓаните ќе го кажат својот суд кој работи правилно, кој не“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Венко Филипче дека Владата имала лош почеток и план на инвестициите.Премиерот Мицкоски истакна дека Владата е 30 дена, а веќе има три инвестиции од кои едната е за изградба на ветерен парк од половина милијарда долари со 630 вработувања, потоа инвестиција од ЕПСОТЕХ и инвестицијата на Вабтек.„Но ќе го потсетам, еве ние сме 30 дена Влада, во овие 30 дена Влада имаме нова инвестиција од половина милијарда долари, ветерен парк на тромеѓието помеѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш, нови 630 вработени, еден терават час електрична енергија од обновливи извори и чекор кон исполнување на личната цел на Владата, а тоа е да бидеме енергетски во делот на увоз-извоз на електрична енергија избалансирани, односно да немаме повеќе потреба од увоз. Да бидеме на крајот на годината со резултат еднаков на нула, кога станува збор за увозот и извозот. Втората инвестиција е од ЕПСОТЕХ, инвестиција каде што ќе бидат исто така десетици милиони евра инвестирани, чинам дека беше околу дваесетина милиони евра, на тоа ќе се додадат 110 нови вработувања, тие велеа, тие ја воделе таа инвестиција, еве ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за тоа што ја воделе четири години и не успеале да ја доведат до крај. Па требаше новата Влада да дојде и во рок од две недели да го реши сето тоа што тие не успеале во четири години, но сепак еве заслужуваат пофалби и благодарност. Благодарам од мое име и од името на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.„И трета инвестиција која што овие први 30 дена се случува, тоа е инвестицијата на Вабтек, но и не е само новата инвестиција, туку треба да се предочи дека и старата инвестиција има многу проблеми, посебно во делот на регулирање на правата на располагање и сопственост на земјиштето на кое што се наоѓа старата производна фабрика“, рече тој и додаде:„И тоа го решаваме, заедно со Општина Гази Баба, околу половина милијарда евра за компаниите и за општините. Ете тоа е од прилика за овие први 30 дена“.Премиерот Мицкоски потсети на сите катастрофални политики од претходната влада.„Направете анализа што направија тие во минатото, донесоа инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг, однесоа би рекол, инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг преку фабрика, односно компанија позната за трговија за јужно овошје, која што требаше да ги донесе кинеските вакцини во екот на пандемијата, познатата афера Стабри. Се случуваа многу проблеми, не треба да ве потсетувам на Модуларната болница, не треба да ве потсетувам на катастрофата што се случуваше за време на КОВИД пандемијата, не треба да ве потсетувам на сите оние тендери што се случуваа во минатото поврзани со името на новиот претседател на СДСМ, но органите треба тоа да го истражат. Еве тоа се само дел од работите кои што денеска би ги кажал. Тоа е работа на органите, тие ќе продолжат да ги соопштуваат своите позиции, ние ќе продолжиме да работиме“, објасни премиерот Мицкоски.„Граѓаните да бидат сигурни дека оваа Влада продолжува да работи, дека нема намера да посветува многу внимание на овие клевети кои што доаѓаат од ново избраниот претседател на СДСМ, сепак тој таму се соочува со внатрешни поделби, нормално е да се трудат кој повеќе ќе дехидрира од критики на работењето на Владата. Така мислат дека кој повеќе дехидрира, тој е поуспешен во рамките на СДСМ, тие малкумина кои што останаа, тоа е нивна политика“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-vlada-2

Мицкоски: Владата одзеде две лиценци на компании за игри на среќа тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање за одземањето на две лиценци на компании за игри на среќа, рече дека станува збор за фирми тесно поврзани со претходната власт, кои работеле незаконски и не плаќале данок.„Имаме два случаи за одземање на лиценци за игри на среќа едната е од Струмица, другата е од Скопје, не ги уплаќале даноците редовно, работеле незаконски би рекол, врз основа на мислењето коешто го добив под надлежните институции. Но ова не е сѐ. На седницата на Владата беше прифатено практично толкувањето на Законот во коешто е констатирано дека од 2017 година „Лотарија на Македонија“, без разлика што и самата не поседува лиценца самата издавала лиценци за приредување на игри на среќа“, изјави премиерот Мицкоски.„Има претходни високи функционери од Владата коишто и покрај тоа што знаеле дека ова е спротивно на Закон дозволиле ваков тип на игри на среќа да се приредуваат, а со тоа ги оштетиле и граѓаните и Буџетот“, потенцираше премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски подвлече дека документацијата е предадена на истражните органи и очекува надлежните институции да излезат со став.„Тоа е сѐ предадено до истражни органи и очекувам надлежните истражни органи многу скоро да излезат со став врз основа на овие индиции коишто ги констатираше Владата“, истакна премиерот.

Македонија | пред 1 година

Mickoski11072024

Мицкоски: Од информациите кои ги имам, има индиции на злоупотреби во Академијата за судии и обвинители

„Па има од тоа што го знам индиции за злоупотреби, има индиции за создавање на еден центар на моќ во обвинителството и судството кој што е партиски октроиран, преку наместени огласи, избори и слично. Такви индиции има дали ќе се потврди ќе каже МВР“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски додаде дека доколку се потврдат овие индиции значи дека тоа е само уште еден доказ дека имаме партиски октроирано и заробено и обвинителство и судство.„Но, доколку се потврди, од тоа што јас го имам на располагање, тоа е уште еден чекор кон тоа дека навистина имаме партиски октроирано и заробено и обвинителство и судство и не ме чуди што довербата е само два проценти“, рече тој и додаде:„И континуирано ќе продолжиме да се бориме против криминалците во правосудниот систем. Ќе повторам, станува збор за исклучоци. Имаме многу чесни обвинители и судии, но за жал тие се во втор план, овие се во прв план малкумина и затоа состојбата е таква каква што е, односно довербата е скромни два проценти“.Премиерот Мицкоски е дециден и вели дека во државата мора да владее правда.„Ние ќе продолжиме и понатаму. Нема да застанеме тука како Влада. Мора граѓаните да добијат правда бидејќи тоа е она со кое што излеговме уште за време на кампањата на претседателските избори во 2019 година. Правда мора секој да добие“, нагласи тој.

Македонија | пред 1 година

IMG_5205

Мицкоски ги посети пилотите и пожарникарите кои учествуваа борбата против повеќедневната огнена стихија

,,Денес се сретнав со храбрите пилоти и пожарникари кои со максимална посветеност и несебичност се вложија во борбата против повеќедневната огнена стихија која зафати делови од Македонија.Посетувајќи го едно од најзагрозените подрачја од пожарите, планината Серта, со моите соработници можевме лично да се увериме во екстремните напори што ги вложуваат нашите херои за да го заштитат нашето население, имоти и природното богатство. Нивната одлучност и професионалност во овие критични моменти е нешто што ни дава надеж и верба во нашата заедничка сила.Овие луѓе се вистинските херои на новото време и нивните дела ќе бидат запаметени со длабока почит.Длабоко сме благодарни за нивната непоколеблива посветеност која е вистински пример за пожртвуваност и патриотизам.Државата стои зад нив и ќе продолжи да им обезбедува поддршка и ресурси за нивната благородна мисија.Апелирам до сите граѓани да останат будни и одговорни, да се придржуваат кон препораките на надлежните служби и да ја покажат својата солидарност во овие тешки моменти.Заедно - сплотени и единствени - можеме да се справиме со секоја криза и да ја заштитиме нашата татковина.Уште еднаш, голема благодарност до сите пожарникари, пилоти и волонтери кои се на првата линија на фронтот.Вашата храброст и пожртвуваност ќе останат запаметени и почитувани од целата нација.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5204

Мицкоски: Започна изградбата на влезот на Битола, следната година општината ќе добие над 14 милиони евра за проекти

„Добар ден и од мене. Задоволство е да се одбележи овој почеток на овој проект којшто ќе значи многу за битолчани и мислам дека со ова, уште едно ветување коешто го дадовме го исполнуваме со овој почеток.Очекувам брзо да се заврши овој влез, со што ќе биде заокружена една целина. Како што самиот градоначалник кажа, не само овој проект овде, туку и на многу локации низ Битола се работат и градежни зафати и други проекти.Јас сакам да му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата којашто ја подржуваат работата на градоначалникот, на пратениците коишто грчевито се бореа во минатото, а и сега морам да кажам, и покрај тоа што Владата ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, се борат за секој проект повеќе за Битола.Јас секогаш сум велел така и сега сакам да испратам една порака, дека за мене Битола има посебно значење во делот на реализација на проектите. Битола полека но сигурно најпрвин во овие години откако Тони Коњановски е градоначалник заедно со советниците и со администрацијата се обидуваат што е можно повеќе проекти да реализираат.Морам да напоменам дека во тој период, Владата не беше позитивно настроена кон Битола, битолчани и градоначалникот, честопати и се одземаа ингеренции и до ден денеска, сѐ уште рецидиви од тоа време, но сега е поинаква ситуацијата.Можам да кажам дека откако ќе помине ребалансот и ќе биде објавен јавниот повик очекувам, а од тоа што го знам е дека Општина Битола ќе конкурира со нови проекти, но исто така и со усвојувањето на Буџетот за следната година ќе имаме дополнителни проекти, само во овој период до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата општина.Така што мислам дека ќе имаме навистина еден комплетен нов изглед на Битола и тоа ќе не направи нас прилично горди.Уште еднашка му честитам на градоначалникот, на советниците, на администрацијата, на пратениците на сите луѓе, благодарност и до Вас што не следите секој пат и кога не бевме Влада, кога бевме во опозиција и сега кога сме Влада еве на овој прв денешен настан. И да посакам уште многу многу вакви проекти да бидат реализирани во Битола, бидејќи Македонија и Битола се сакаат со дела.”, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5198

(Видео) Мицкоски од Серта: Пожарот е целосно изгаснат, голема благодарност на луѓето коишто изминативе неколку недели го жртвуваа и својот живот

„Овде на планината Серта во близина на Општина Неготино можам да кажам дека пожарот веќе неколку дена е целосно изгасен и дека веќе нема никаков ризик од негово повторно распламтување.Се разбира тоа никогаш не може да се знае дека во овој момент, во овој прв бран пожарникарите заедно со Центарот за управување со кризи, заедно со единиците на локалната самоуправа, тука пред се мислам на општините Кавадарци и Неготино, можам да кажам дека заедно со припадниците на МВР и МО огнената стихија беше совлада.Денеска заедно со потпретседателот на Владата, Љупчо Димовски, заедно со пратениците, градоначалниците, пратениците и директорот на Центарот за управување со кризи сме овде на лице место за заедно да ја стегнеме раката на оние храбри луѓе кои што изминатите неколку недели на моменти својот живот го ризикуваа за да спасат што е можно повеќе територија да не биде зафатена од огнената стихија.Можам да кажам дека како Влада во периодот кој што следи ќе направиме големи структурни реформи во секторот за управување со кризи, нешто кое што е многу значајно. Но, истовремено започнавме процедура за носење на Законот за пожарникарство со што значително ќе бидат подобрени условите за работа на овие луѓе.Дојдов заедно со луѓето овде кои што се со мене за да изразам голема благодарност на луѓето кои што изминатите неколку недели, ќе повторам го жртвуваа и својот живот за да се справат со огнената стихија.Од мое име и од името на Владата голема благодарност. И би посакал пред сѐ ова да не ни се повторно, но знам дека и доколку се повтори и доколку тоа е повторно потребно, тие повторно нема да го штедат својот живот и повторно ќе го ризикуваат истиот за да ја совладаат огнената стихија.Но, пред се да не ни се повтори ова, да посакам многу здравје и нормално понатаму да правиме се што е во наша моќ да ги подобриме условите за работа на овие луѓе.“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Hristijan-4-25072024

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при средбата со Стопанската комора најави инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании, нешто кое ќе влијае позитивно не само за бизнисот, туку и Бруто домашниот производ, но пред се за отворање на нови работни места.Премиерот Мицкоски појасни дека компаниите нема да добијат само 250 милиони евра поддршка обезбедени од Унгарија, туку целта е да се креира еден систем кој ќе функционира не од денес за утре, туку и во иднина, како и тоа дека компаниите нема да се делат, туку пари ќе добијат сите кои исполнуваат услови.„Кажав дека не се само тие 250 милиони евра, имаме една кредитна линија која е на располагање, долго време не се користи, тоа се дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка и како Влада, ја разгледуваме можноста да Владата ја плати каматата, да може бизнисот да го користи кредитот, односно главнината. Тоа се 350 милиони евра и ценам дека оваа помош, барем со уште 350 милиони евра дополнителни кои ќе дојдат од бизнисот, ќе заокружи една инвестициска активност од 700 милиони евра, што ќе влијае врз Бруто домашниот производ и ќе влијае на пазарот на труд, ќе отвори нови работни места“, изјави премиерот Мицкоски.Премиерот Мицкоски нагласи дека се работи за еден комплексен процес кој не е за политички поени или популизам, туку целта е да како држава бидеме водечка во регионот, а не на дното и да гледаме како другите не претркуваат.„Што се однесува до другиот дијалог со синдикатот ние стоиме на располагање, ќе разговараме и мораме да водиме сметка за иднината на држава, а, затоа што ако немаме здрава економија ќе немаме ни вработени, тоа е многу важно, затоа што колку повеќе се празни државата толку помали ќе се приходите во буџетот, толку помалку пари за плати, пензии, капитални инвестиции, поддршка. Тоа е еден систем, ние мораме тој систем да го организираме да функционира беспрекорно ако сакаме сите заедно да бидеме среќни, тука нема кој добил или изгубил, еден ако изгуби, сите губиме. Мора низ дијалог да седнеме да направиме систем кој ќе функционира и во иднина“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5036

Мицкоски: Со вработувањето на младите специјализанти се надминува акутниот проблем на потценување на нивниот труд

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски учествуваше на одбележувањето на 102- годишнината од основањето на Стопанската комора, каде одговарајќи на новинарско прашање за најавите за вработување на 600 млади специјализанти истакна дека со ваквиот потег ќе биде надминат акутниот проблем на потценување на трудот на младите лекари.„Министерот за здравство, господинот Таравари направи еден преглед на расположливи специјализанти условно кажано, млади лекари коишто практично се приватни специјализанти и она што беше донесено како одлука е да им се понуди на истите вработување во здравствени установи каде што тие се потребни и тоа да биде понудено на оние специјализанти во погорните години трета, четврта, петта година. Цениме дека со овој пристап тој проблем којшто е акутен и каде што се потценува трудот на тие млади лекари специјализанти ќе биде надминат“, потенцираше Мицкоски.Тој додаде дека Владата со ваквиот чекор ќе им понуди вработување на специјализантите од кои очекува да одговорат позитивно на понудата.„Оваа година се 300 такви места и 300 се за следната година. На тој начин сите овие 600 ќе бидат практично понудени, бидејќи може да се случи некој да одбие или некој ќе рече не сум заинтересиран не сакам итн. Но, ние како Влада понудуваме да може да обезбедиме работа за овие луѓе, така што се надевам дека ќе биде позитивен одговорот“, нагласи Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_5177

Мицкоски за апелот на Филипче за нов кривичен: Откако се амнестираа од криминалиите, им текна на нов Кривичен законик

Економските лекции од СДСМ ги видовме изминатите 7 години и навистина очекувам да бидат малку позрели и концентрирани во изјави и самокритични, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.Премиерот Мицкоски потенцираше дека жали што СДСМ од партија се претворила во малска група која на дневна основа смислува тези во кои дури ни тие самите не ги разбираат и веруваат.„Жалам што се претворија во малска група која што во јавноста на дневна основа смислува некои тези кои што апсолутно никој жив, па мислам дека и тие самите не ги разбираат кога ги кажуваат“, рече тој.Во однос на тезите за нов Кривичен законик, премиерот Мицкоски праша дали поранешните функционери на СДСМ ќе ги вратат украдените пари кои што ги крадеа овие 7 години, бидејќи како што рече има многу кривични дела кои што застареа и врз основа на тоа тие бараат оштета и добиваат од Буџетот на државата.„Ајде по ред да одиме, да почнеме со тезата дека сработиле нов Кривичен законик. Што правиме со оние дела застареа и за кои што вие граѓаните плаќате оштета затоа што тие дела застареа. Ќе вратат ли од украдените пари кои што ги крадеа овие 7 години, бидејќи имате сега дела кои што застареа и врз основа на тоа тие бараат оштета и добиваат од Буџетот на државата. Тоа се милиони евра. Тоа се ваши пари. Еве нека извадат од џеб, нека продадат дел од својот имот, а богами го имаат, голем е имотот на поранешните функционери од СДСМ и нека вратат во Буџетот“, изјави премиерот Мицкоски и додаде:„Второ, студент на прва година на Правен факултет знае дека секое лице кое што ќе биде процесуирано ќе го користи оној закон кој што во времето на сторување на делото е апликативен. И сега си донесоа закон за да ги амнестираат своите криминалии и на оние политичари кои што од минатото им беа потребни за да им застарат дел од делата и сега ќе носиме нов закон“.Премиерот Мицкоски посочи дека нема проблем од нов кривичен законик, но тој треба да е во согласност со европските закони, а не како што на некој му одговара.„Ќе носиме нов закон, точно е немаме ние проблем да носиме нов закон. Но, тој закон ќе биде согласно европските закони, а не како што на некому му треба. И затоа се чудам што и професори учествуваат во овие изјави, ги слушнав и навистина не можам да сфатам зошто упорно не ја научија лекцијата на грешките што ги правеа во минатото“, дециден е премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

mickoski-sredba5-23072024

Претседателот на Владата Мицкоски одржа средба со претседателот на фондација „Мармара”, Република Турција, Акан Сувер

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски придружуван од дел од министрите се сретна со претседателот на фондација „Мармара”, Република Турција, Акан Сувер со својот тим.На средбата, премиерот Мицкоски се заблагодари на гостите за интересот и континуираната соработка од нивна страна со нашата држава, ги претстави можностите за инвестирање во нашата земја и одличните можности на Владата кои ги нуди во тој дел за потенцијалните странски инвеститори.Претседателот на Фондацијата, Суфер му ја честиташе големата победа на претседателот на Владата Мицкоски и рече дека оваа Влада има одлична економска програма која е привлечна за секој инвеститор кој би сакала да го инвестира својот капитал во земјава.Претседателот на фондацијата „Мармара” му ја врачи на премиерот лично поканата за овогодинешниот Глобален Евроазиски економски Самит кој веќе 30-тина години се одржува во Истанбул.Преку овој форум, македонската економија и македонските компании имаат ширум отворена врата за соработка во целиот евроазиски простор. Тоа е и врската меѓу двете држави.

Македонија | пред 1 година

IMG_5036

Мицкоски: Наследивме опљачкана држава, но ќе победиме и ќе донесеме подобри денови за граѓаните

,,Ова мое обраќање се случува точно еден месец од формирањето на новата Влада. И секој еден ден во овие триесетина дена се будам со мислата да подобриме и промениме нешто од она што затекнавме, и со сериозен мотив да не ги разочараме граѓаните, она огромно мнозинство кое во нас ја гледа последната надеж да создадеме подобра иднина и да ги нормализираме работите.30 дена е многу кус период, но несомнемно е дека оваа Влада започна фуриозно и одлучно, бескомпромисно во намерата да ги поправиме работите, да решиме што е можно повеќе проблеми и да направиме разлика.Јас не побарав меден месец, ниту 100 дена грејс период каков што имала секоја влада, затоа што верувам во капацитетите на оваа Влада и она што можеме да го направиме за народот. И секоја одлука, секоја објава на инвестиција која ја направивме овие 30 дена, а ги имаше три големи објави за инвестиции, инвестиција вредна 450 милиони евра во ветерен парк во Штип, Карбинци и Радовиш, новата инвестиција на американски Вабтек 35 милиони евра, како и германско-белгиска инвестиција од 20 милиони евра во Петровец. Се донесе одлука за специјалната финансиска соработка со Унгарија и каматна стапка која е двојно помала од онаа којашто во моментов е пазарната, или би рекол двојно помала и повеќе од онаа со која претходната Влада ги задолжуваше граѓаните.Се донесе и одлука и за покачување на пензии, се направи ребаланс со кои се крпеа дупките и катаклизмата од грабежот кој го направи претходната Влада. При секој момент од носењето од овие одлуки секогаш внимавав да направиме повеќе за народот. Државата, Македонија да направи повеќе за граѓаните.Не е никакво оправдување, ниту имам намера да се жалам за наследената ситуација затоа што јас од ветеното никогаш не се откажувам, но објективно е да нагласам дека наследивме опљачкана и клекната на колена држава.Во овие четири недели констатиравме дека се трошат милиони евра во железница која завршува во тунел кој нема излез, половина милијарда евра пари на македонските даночни обврзници, во измислени други тунели и подземни премини. Дека се давани незаконски лиценци за игра на среќа, дека претпријатија свесно и намерно се оставани без исплата на плати. Буџетите се безмилосно трошени и дека државата крвнички и душмански се крадела.Епа господа, бидете така затоа што многу скоро ќе има и одговорност. И нема да ве одмине. Затоа што верувајте дека нема да има напредок без одговорност, и нема да има правда без одговорност. И сите овие, но и многу други случаи кои се документираат во периодов ќе бидат предадени на надлежните органи.Додека една половина од денот носев инвестиции и двоевме повеќе пари за пензии и смислувавме решенија за проекти и градинки, другата половина од времето го трошевме за смислување на решенија за исплата на плати, да обезбедиме нормализирање на состојбите, да обезбедиме летала за пожарите, да најдеме пилоти, да измолиме помош од други држави, затоа што камен на камен не оставено.Но сакам да испратам порака до сите граѓани, навистина е тешко, но ќе победиме и ќе создадеме промени кои ќе донесат иднина и дека граѓаните ги чекаат подобри денови. Дека има многу нови работи и заеднички победи, инвестиции и проекти кои значително ќе го подобрат животот на граѓаните. И дека нема откажување. Народот е посилен од секоја клика, секој рецидив кој нè влече надоле. И ова е ново време. Време на надеж, енергија и посветеност во политиката.Еден месец подоцна владиниот состав се дополнува со министри-заменици. И добро е што помина толку време за да добро се скенираат состојбите и се понудат подобри решенија.Јас сум човек кој дава шанса и сметам дека треба шанса да добијат овие луѓе, кои денес ги предлагам и кои треба да работат напорно во исполнување на целите.Со изборот на овие заменици на министрите, нашата цел е да ја зацврстиме стабилноста на Владата и да обезбедиме ефикасна и компетентна извршна власт.Новиот тим ќе донесе свежи идеи и енергија во Владата. Тие ќе работат заедно со министрите за да ги реализираат реформите кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на сите граѓани.Еден од нашите клучни приоритети е зголемување на транспарентноста и отчетноста на Владата.Со новиот состав на Владата, ќе продолжиме со поддршка на економскиот раст и развој. Овие луѓе ќе имаат значајна улога во креирање и имплементација на политики, кои ќе поттикнуваат инвестиции и ќе создаваат нови работни места.Еден од приоритетите на новиот состав на Владата ќе биде и подобрување на меѓународната соработка. Новите заменици на министри ќе работат активно на јакнењето на нашите односи со партнерите и пријателите во странство. Тие ќе имаат задача да поттикнуваат иновации и да креираат можности за младите. Нивната работа ќе биде насочена кон создавање на поволни услови за развој на нови технологии и стартапи.Нашата Влада верува во инклузивност и соработка. Замениците на министрите ќе работат на остварување на подобра соработка меѓу институциите и граѓаните, како и на промовирање на инклузивни политики кои ќе го подобрат животот на сите наши сограѓани.Верувам дека новите лица во политиката можат да донесат свежи идеи и енергија. Многу од замениците на министрите се млади и амбициозни луѓе кои ќе внесат нова динамика во работата на Владата.Уверен сум дека овие заменици на министрите ќе ја оправдаат довербата која ја добиваат и ќе работат неуморно за доброто на сите граѓани. Затоа, ве повикувам да го поддржите нивниот избор и да дадеме шанса за подобра и поуспешна иднина.Истото што го кажав и за министрите ќе го кажам и за предложените заменици. Немојте да го разочарате народот. Работете чесно, посветено и одговорно. Ќе ме имате мене за ваша поддршка. Но исто така знајте дека секое отстапување од овие принципи ќе значи и одговорност. Нема да толерирам неработа и непринципиелност.Верувам во енергијата и капацитетот кој мора да се стави во функција на државата и нејзините граѓани. Ова е нашиот влог за Македонија каква сакаме да ја имаме.Работа, посветеност и енергија за секој еден човек. Ви благодарам.”, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

vlada-2024-mickoski

Платите на премиерот и министрите: Мицкоски и Тошковски на врвот

Најголеми плати во Владата имаат премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тие месечно земаат по 140 илјади 450 денари, или, 2 илјади 280 евра. Сите други министри земаат по 115 илјади 540 денари, односно илјада 870 евра.Платата на Тошковски е повисока од платите на другите министри по Одлуката на Владата од јуни 2017-та, со која министерот за внатрешни добива посебен додаток од 20 отсто, што ги изедначува неговите примања со оние на премиерот.Владата ги објави овие податоци на својата официјална страница во делот „отчетност“, со образложение дека тоа е дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност и дека висината на платите е јавен податок.

Македонија | пред 1 година

20072024_MICKOSKI-4

Мицкоски за СДСМ: Оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба каде одговарајќи на новинарско прашање за критиките на опозицијата дека ребалансот на буџетот не е развоен, истакна дека сегашната опозиција мисли дека што повеќе измислува и критикува ќе остави поголем впечаток кај граѓаните, но вистината е дека оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.„Тие се будат сабајле, го започнуваат денот и мислат што да измислат. Наша задача е да работиме за граѓаните и за државата како Влада. Имаме различни цели. Нивната цел е да измислуваат и да критикуваат, по можност колку повеќе критикуваат и измислуваат, толку мислат дека оставаат поголем впечаток кај граѓаните, а наша цел е колку повеќе вакви проекти да сработиме. Ние ќе си ја тераме нашата работа, а тие нека си ја тераат нивната. До година има локални избори и граѓаните ќе кажат на избори која за што е. Дали ова тие што го кажуваат или ова ние што го работиме“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тие што сега критикуваат оставија буџет без 5 милијарди денари за пензионерите и 3,7 милијарди денари за земјоделците.„Што се однесува до критиката што вие ја споменавте, само ќе напоменам дека оставија буџет без 5 милијарди денари редовни за пензионерите. Пет милијарди денари им немаше. Зошто? Затоа што шверцерски исплатиле една пензија во фискална година за претходната фискална година. Јануари за декември. Еве тоа е реалноста, само тоа ќе ви кажам. Пет милијарди денари заборавиле некако, не знам како. Бидејќи велат дека има пари, еве нека дојдат да им покажам и емпириски да видат како заборавиле 5 милијарди денари за пензионерите. Постоеше можност да нема за пензионерите пензии, потенцираше Мицкоски и додаде:„Понатаму заборавиле 3,7 милијарди денари за земјоделците, не знам како, еве прашајте ги нив нека ви кажат. Ги нема, па моравме ние да ги наоѓаме. Сега милијарда и 700, па до година уште две милијарди итн. Заборавиле, да речеме некаде околу половина милијарда за плати за национални шуми, а нели и конкурси објавуваа ако се сеќавате пред избори. Конкурси објавуваа, а заборавиле пола милијарда евра да им помогнат бидејќи луѓето 4 месеци плата не земале и сега нема кој да помага во гасењето на пожарите“.

Македонија | пред 1 година

IMG_5110

Премиерот Мицкоски се сретна со кралот Чарлс

,,Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III.Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области.Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.”, напиша премиерот Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања