Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЦКОСКИ

Нема фотографија

Мицкоски во посета на Виена

Денеска 08.03.2024 година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со делегација предводена од потпретседателите Тимчо Муцунски и Александар Николоски како и стратешкиот соработник за меѓународна политика, Викторија Трајков се во посета на Виена, Република Австрија.Во текот на денот тие ќе остварат средба со Каролина Едстадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, потоа со Мајкл Отер, претседател на Стопанска Комора на Австрија и Александер Шаленберг, министер за надворешни работи на Република Австрија.Исто така претседателот Мицкоски со делегацијата денес ќе остварат и средба со македонските иселеници кои живеат во Австрија.

Македонија | пред 2 години

Konvencija-10-02032024

Мицкоски: Државата е во хаос и му ја одземаа на народот, време е за промени и за Македонија која ќе ја вратиме на народот

„Државата е во потполн хаос. Институциите се парализирани, апатија и разочараност која е насекаде. Изгубена е вербата во политичарите, затоа што волјата на народот многупати е изигрувана. Ништо не функционира, граѓаните имаат чувство дека државата е киднапирана од мала група на корумпирани политичари и затоа се скептични дека тоа може да се промени. Државата е одземена од рацете на народот, и ако најкусо може да се опише тоа чувство на народот со зборовите -немаме веќе држава“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната конвенција за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Македонија.Претседателот Мицкоски истакна дека нема лични карти, ниту најобични документи за кои со години претходно знаеле дека треба да се обезбедат.„За пасоши се чека. Ќе не носеа во Европа, а заробија два милиони граѓани, и порано во короната беше карантинот, а сега создадоа државен затвор. Системот не функционира. Нема лични карти, нема ниту најобични документи за кои со години претходно знаеа дека треба да се обезбедат. Пациентите не се сигурни каква терапија добиваат, се заработува бескрупулозно на грбот на најранливите, непотизам насекаде, правда никаде. Не само младите туку и се повозрасните размислуваат да ја напуштат државата негледајќи систем и ред. Македонската партија во власта СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали. Нема човек кој не се срами од нивните настапи каде и да не преставуваат низ светот“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека овие избори се за Македонија.„Да не се лажеме дека ова се избори за тоа дали ќе влеземе или нема да влеземе во Европската унија. Туку пред се ова се избори за Македонија. Каде изборот треба да биде Македонија средена, со закони кои важат за сите, со немање граѓани од прв и втор ред. И јас верувам дека граѓаните го знаат и ќе го направат вистинскиот избор, за себе, за своите семејства, за своите деца“, вели Мицкоски.Претседателот Мицкоски истакна дека на 8 мај народот ќе каже доста е. Ќе каже доста е од кражби, доста е од непостоење на систем, доста е од потценување.„Затоа ви велам дека она во што верувам пред овие избори е шансата во која сите можете и морате да учествувате. Ова не е Македонија која ја знаете, која ја сакате и која ја заслужувате. Очајот не е решение. Да не се делиме според политичките погледи, секоја наша разлика е помалку важна од Македонија која ни ја земаа. Време е да си ја вратиме. За одење напред. За развивање на концептот Македонија за сите луѓе. Да ја вратиме државата на народот. Да кажеме ова е твоја Македонија“, истакна Мицкоски.Претседателот Мицкоски потенцираше дека дојдено е времето е за промени.„Време е за промени и тоа време доаѓа. Ова нема да биде, моја, и само наша победа. Туку победа на секој еден човек на Македонија против естаблишментот кој не влече надоле. Доаѓа тоа време. Следуваат подобри времиња“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

mickoski27022024

Мицкоски: Диктати од ДУИ како она за претседател избран во Собрание не ми паѓа на памет да прифатиме

„Барањето на ДУИ претставува фолклор како што веќе го коментирав во јавноста. Обид за дефокус на јавноста од криминалот во кој озбилно се фатени од страна на јавноста. Обид да се наметне порака, обид да се наметне тема во јавноста, нешто слично на кампањата за парламентарните избори во 2020 година кога нели требаше премиер Албанец, сега потпретседател нели Албанец, да се бира претседателот во рамките на Собранието итн., и тоа го уценуваат со учество во вториот круг“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во телевизија Сител во „Тема на денот“.Претседателот Мицкоски продолжи и додаде дека тој и ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќаат.„Прво треба да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа и тоа е барем многу јасно. Ниту јас како личност, ниту пак ВМРО-ДПМНЕ. Треба да им е јасно од политиките досега кои сега ги водиме дека тоа за нас е неприфатливо по ниедна цена“, кажа Мицкоски.Претседателот Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што нема намера таков диктат да прифати, туку ни на памет не паѓа да седнат и да разговараат врз основа на вакви пораки.„Второ со ваквиот тип на политики и пораки во јавноста и кон меѓународната заедница тие јасно кажуваат дека се се’ само не се европска партија. Покрај фактот што не членуваат во ниту едно европско семејство, со ваквиот тип на уцени и пораки тие практично докажуваат уште еднашка дека го имаат изгубено својот идентитет од пред 20 и повеќе години. Ако пледирате да бидете државотворна партија треба така и да се однесувате“, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

mickoski-ahmeti

Мицкоски им предвиде пензија: Иницијативата на Ахмети и ДУИ за претседател на државата е обид за дефокус и наметнување тема во кампања во отсуство на идеи

При денешната посета на општина Гази Баба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на иницијативата на ДУИ и Ахмети за претседател на државата истакна дека таквите изјави треба да се игнорираат бидејќи доаѓаат од политичари кои што не се фактор, а и за бргу време ќе бидат пратени во политичка пензија но и голем дел од нив ќе бидат и дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност бидејќи постојат основани сомненија дека сториле огромен криминал изминатите години.„Ја слушнав таа изјава на Али Ахмети ќе го поделам одговорот во два дела, првиот дел мислам дека оваа изјава на Али Ахмети во отсуство на други идеи и во отсуство на корисни проекти а во услови кога се фатени во огромен криминал ДУИ се обидуваат сега со лесен дефокус да градат тема и потоа таа тема да ја пренесат во кампањата и тоа да биде тема во кампањата, како што беше тема во кампањата премиер Албанец сега да биде претседател Албанец и мислам дека треба да се игнорира, бидејќи сите ние знаеме дека прво не се фактор за да можат да наметнат таква тема и мислам дека не треба повторно да се фаќаме како јавност на јадицата која што доаѓа од политичка опција која што набргу од денеска ќе биде во минатото и ќе одговара за сето тоа што го правеле. Второ, дури и самата дрскост да се каже такво нешто и тоа да се поврзе со уцена за излезеноста на изборите претставува не државен чин за партија која што претендира да се претстави како државотворна и која што 22 години е дел од владата и го јаде лебот поради овие граѓани и оваа држава.Мицкоски потсети дека во минатите претседателски изборни циклуси ВМРО-ДПМНЕ не уценувале за цензус.Ние тоа не го направивме. Затоа на политичката сцена во Македонија постои ВМРО-ДПМНЕ и сите останати а тоа го потврдува Али Ахмети и ДУИ. Затоа ве замолувам многу внимателно да пристапуваме како медиуми на ваквиот тип на изјави и обид за дефокус од политичари кои што не се фактор а се обидуваат да се претстават како фактор а за многу бргу време од денес ќе бидат пратени во политичка пензија и голем дел од нив ќе бидат дел од процеси каде што треба да ја докажуваат својата невиност за кои што постои основани сомненија дека сториле огромен криминал изминативе години“, рече Мицкоски и нагласи дека на претстојните избори треба да се истакнат проектите, капиталните инвестиции и подобриот стандард на граѓаните, а не фрустрациите на поединците.

Македонија | пред 2 години

mickoski-h-393

Зошто кога веќе знаело претходното раководство на МВР дека нема пасоши, не направиле подобра организација?, праша Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 истакна дека политичарите кои беа на власт во последните 6-7 години јаваа на бранот на големи ветувања, но иако имаа сосема доволно време доколку имаат волја нешто да променат на подобро, ништо од тоа не се случи.Тој како пример за тоа дека кога се има волја и знаење, работите може да се менуваат на подобро за многу кратко време, го спомна организирањето за вадење на лични документи од страна на новата постава во МВР.„Еве конкретен пример имаме сега со пасошите. Имаме сега условно кажано нова постава во Министерството за внатрешни работи и ако ништо друго барем редот, она понижување што го трпеа граѓаните, оној метеж кој што беше таму, го нема. Се чека да, но не се чека од наутро до доцна навечер, туку се чека по 10-15 или 20 минути“, потенцираше Мицкоски.Тој исто така додаде дека тука се поставува прашањето зошто претходното раководство, кога веќе знаеле и презеле обврска, не само што подобро не се организирале врз основа на капацитетот на машините, туку и по преземената обврска продолжиле да издаваат документи за кои сега граѓаните треба повторно да се изложуваат на трошок за менување на истите.„Зошто претходното раководство тоа не го направило? Зошто кога знаеле и кога преземале обврска дека треба тоа да го направат не направиле план за да ова денеска нас не ни се случи? Затоа што е многу едноставна работата. Капацитетот на машините со коишто се издаваат тие патни исправи е таков да годишно можат да се издадат 500-600 илјади. Ако вие знаете дека треба, еве не повеќе од 2 милиони да издадете, вас ќе ви бидат во идеални случаи потребни 3, 3 ипол, 4 години“, рече Мицкоски и додаде:„Понатаму се поставува прашањето зошто граѓаните коишто ваделе документи во 2019 и 2020 година не извадиле согласно тој договор којшто го прифатиле? Зошто мора сега истите тие граѓани повторно сега ние да ги изложуваме на трошок и повторно да плаќаат? Затоа што некој претходно не постапил соодветно на тоа што го прифатил“.

Македонија | пред 2 години

391626351_930666881748572_4184889682497007346_n

Мицкоски: Народот живее тешко и сиромашно, вели немаме повеќе држава, мора да ја вратиме надежта

Бројките на мерењата на јавното мислење, т.е. анкети јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит за следните парламентарни избори, кажа претседателот Христијан Мицкоски во гостување на утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.-Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори, рече Мицкоски.Во текот на своето гостување претседателот Мицкоски посочи дека потешкиот дел допрва доаѓа затоа што граѓаните се разочарани и сите заедно се сложуваат дека немаме држава, дека тешко живеат и дека мора да се врати надежта.-Но тоа е само полесниот дел ја би рекол во целата оваа политичка состојба затоа што потешкиот дел доаѓа потоа бидејќи од тоа што можеме да го видиме на тие анкети, граѓаните се прилично разочарани, сите се сложуваат околу една работа, дека немаме повеќе држава, сите се сложуваат дека имаат чувство дека како да се граѓани од втор ред, сиромашно тешко живеат, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

50187712813_976bf2e5b4_c

ВМРО-ДПМНЕ ќе има победа со повеќе од 61 пратеник и претседател на државата, најави Мицкоски

Во пресрет на распишувањето на изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посочи дека неговата партија ќе ја понесе победата. Денеска во 17 часот, претседателот на Собранието, Јован Митрески, ќе ги потпише документите за одржување на изборите. Мицкоски е убеден дека ВМРО-ДПМНЕ ќе има сама мнозинство во Собранието.„Историска победа на ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 61 пратеник и победа на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.Ова се седми по ред претседателски избори и 12 по ред парламентарни избори. Претседателските треба да се одржат на 24 април, а на 8 мај парламентарните избори. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се одржат на истиот ден со парламентарните.Откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, ќе ги проследи до Државната изборна комисија. Кампањата за претседателските избори започнува од почетокот на април.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-03-20-at-12.00.03

Ќе гласаме за уставни измени само со недвосмислени гаранции од ЕУ, вели Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека неговата партија ќе гласа за уставните измени што се бараат само доколку ЕУ даде гаранции дека ќе се задржи македонскиот идентитет, традиција и култура.Собранието утре и официјално започнува со работа со 123. седница на која единствена точка на дневен ред е предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија. Седницата треба да почне во 11 часот со утврдување на дневниот ред, по што треба да почне претресот за потребата од носење на уставните измени.„Ќе бараме гаранции од ЕУ кои недвосмислено ќе го потврдат македонскиот идентитет, култура традиција и јазик, бидејќи за жал во протоколот кој го потпиша Бујар Османи има идентитетски интервенционизам. Никогаш бугарските политичари немале проблем со современата дефиниција за македонскиот народ од 1945. Ние дискутираме шти било претходно., Во бугарскиот парламент сега има декларација за илинденското востание.Ако не сме загрижени дека ќе се смени нашиот идентитет, да го тргнеме билатералниот договор од преговарачката рамка. Ако се отвора темата за промена на Уставот, не смееме да ја испуштиме суштината. Ако нешто давам, истовремено и вие треба да дадете нешто. Барем неколку од тие пресуди во Стразбур за македонската заедница во Бугарија. Како инаку вие мене ќе ме убедите дека имате добра намера и дека го заслужувате тоа што го барате. Имате 14 пресуди за македонската заедница и нула за бугарската заедница во Македонија - не знам кој е тука дискриминиран. Ние бараме одлуки да бидат имплементирани од легални европски институции, не бараме ништо повеќе.Протоколот и билатералниот договор се опасност во иднина за дополнителен историски интервенционизам и нови вета“, рече меѓу другото Мицкоски.За парламентарните избори предвидени во 2024, тој не сакаше да каже дали ВМРО-ДПМНЕ би коалицирала со опозициските албански партии, ниту пак категорично да отфрли коалицирање со ДУИ. Рече дека тоа треба да го покаже коалицискиот капацитет по добиените резултати од изборите.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Мицкоски: 22 години од заседата во Карпалак. Денес сите ќе ги споменат јунаците. Но дали вистински им се оддолживме како држава?

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави статус по повод 22 години од заседата кај Карпалак.„22 години од заседата во Карпалак. Денес сите ќе ги споменат јунаците. Но дали вистински им се оддолживме како држава?22 години потоа Македонија се губи од власта на зелена маса. Парче по парче, само затоа што власта така си ги купува привилегиите, удобствата и се оддржува на стаклени нозе. Бранителите се на маргините. Делото на овие јунаци се брани со крената глава, достојно и со ум и со срце за Македонија. Никогаш повеќе ова црно бреме за татковината. Ќе дојдат подостојни. Слава им“, вели Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

mickoski

Мицкоски објасни зошто текстот за уставните измени е неприфатлив

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека не е прифатлив начинот на кој уставните измени се доставени во Парламентот.Вели дека тие се под бугарски диктат и дека со тоа Владата дополнително го усложнувала процесот.„Со тоа што дефинираше текст на уставни измени што не само што е неприфатлив туку е тотално неразумен“, изјави Мицкоски.Владата вчера го достави Предлогот за уставни измени до Парламентот. Предлогот, вели дека ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон ЕУ.„И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од Владата во кој дел од заклучоците на Советот на Европа, во кој дел од преговарачката рамка и на протоколот овој текст на овие уставни измени е содржан“, рече тој.

Македонија | пред 2 години

358593707_810316310480801_4318662221703850968_n

Јакимовски до Мицкоски: Весел математичару кој е твојот интерес твоите советници да гласаат за изградба на оваа зграда каде нема ниту еден сантиметар квадратен зеленило

Лидерот на ГРОМ Стевче Јакимовски со реакција и порака до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.„Христијан‼️Не можам да поверувам дека интелектуалец, универзитетски професор ќе биде толку расипан.Да праќаш на седница на совет, да се собираат граѓани за да создаваат хистерија во која вие немајќи аргументи ги повикувате наводно граѓаните на помош. Всушност, сценарио и режија на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, под твое раководство.Кога немаш аргументи и Путин со тенковите да го викнеш, џабе ти е. Аргументите велат Јужниот булевар е планиран од 1964 година и се што таму е изградено (шеталиште, фонтана, детско игралиште, урбана опрема, дрвореди) е на трасата на Јужниот булевар. Вие ги лажевте граѓаните дека јас сум тој што сакам да рушам нешто што сам сум изградил иако и Јужниот булевар и неговата сервисна улица ја одредил Коце Трајановски, а ја потврдил Миле Јанакиевски.Лажевте дека ќе се градат пет згради, а вистината е дека ќе се гради една зграда и истата е предвидена со претходните два плана. Интересно е што сте направиле есап колку пари ќе заработел Фатмир Етеми. И тоа, наводно не го правиш ти есапот, туку некојси “твитерџија”, крајно сирово и простачки, а целта ти е јасна зошто го правиш есапот.Јас никогаш на луѓето не им правам пресметки колку ќе заработат. Нивни пари вложуваат и со среќа нека им биде. Вие му правите есап на заработката за да пресматате колку да му земете мито или како што тоа вие у жаргон го велите, да го “чарџате”. Вашата весела математика вели дека ќе заработел осум милиони евра.Се поставува прашање дали јас имам интерес од изградбата на оваа зграда. Јас личен интерес немам, но имаат граѓаните и општината. Да се наплатат комуналии од кои ќе реновираме училишта. ќе градиме градинки, катни гаражи, ќе правиме фасади, ќе даваме стипендии на ученици итн. Толку за зградата во населба Козле.А сега да поразговараме за зградата во населба Крњево. За разлика од тебе, јас нема да се кријам зад твитерџија.Според твоите пресметки ако за зграда од 12445 м2 се заработи осум милиони евра, колку ќе се заработи со зградата што по твој налог ја гласаа советниците на ВМРО ДПМНЕ, спроти East Gate во Крњево, која има 18 спрата и вкупно развиена површина од 33724м2. Според твојата весела математика, ако во Козле се заработи осум милиони евра, од оваа што ти и твоите советници ја гласавте ќе се заработат 23 милиони евра.Сега ти, весел математичару кажи кој е твојот интерес сите твои советници да гласаат за изградба на оваа зграда, висока 18 спрата, нема ниту еден сантиметар квадратен зеленило и не само во таа парцела туку и пошироко, а мене во Карпош многу милуваш да ми бараш зеленило.Те прашувам јавно, кој беше твојот интерес? Во Козле, на парцела од 4700м2 ќе се гради зграда со 12445м2, значи односот е 1 спрема 3, компарирана парцелата со станбената површина што ќе се изгради. На парцелата што ти ја поддржа, спроти Македонска Телевизија или во Крњево има земјиште од 7200м2, а ќе се добие станбена површина о 33724м2. Значи односот земјиште – станбена површина за градба е 1 спрема 4.5.Како што гледаш, се е во твоја корист. И полека но сигурно се надѕира резонот зошто да се гласа – ти борецу против бетонизација, љубител на зеленило.Дополнително, фрла сенка на твојата одлука што овој објект ќе се гради на место каде што во моментов е јавен паркинг. Како што милуваш да кажеш, се загрозува јавниот интерес, а во Козле ќе се гради на место каде што сега има стовариште и дополнителен бенефит за граѓаните е улицата која што ќе ја поврзе Козле со Адолф Циборовски.Очигледно контаминацијата од East Gate те држи. И таму се инаетеше и не подржуваше градби за да на крај дадеш поддршка. Некои велат, откако си лапнал бајадера.Јас нема да се кријам зад твитерџија и да ти праќам флаери, еве ти го флаерот направен од мене и народот нека ги спореди и двата и нека каже кој е полош, ти или јас. Кој работи во свое име и за своја сметка, а кој работи во интерес на општината и граѓаните“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 години

mickoski-1

Мицкоски: Македонија ја има најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа, каде што кланови владеат, а нивните семејства стекнуваат милионски имот

Не треба нас некој друг да ни кажува дека има криминал во Македонија, тоа го чувствува секој еден граѓанин. Кога ќе го прашате ќе ви каже дека, за жал, Македонија е нај криминалната држава, за жал Македонија е држава каде што кланови владеат. Гледате неколку фамилии во Македонија кои што се дел од највисоките раководства на политичките партии од власт, стекнуваат милионски имот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски од Гази Баба во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“ запрашан од новинарите за црната листа на САД на која што е ставен градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко.Мицкоски додаде дека такви се примерите кои што последниве месеци ги гледаме и сведочиме за истите, последниот случај со деловниот центар Соравија, претходно дуќани во центарот на Скопје, хотели и така натаму.„Така што, ние не можеме при очи слепи да се правиме и при уши глуви, тоа што го прави најкриминалната и најкорумпираната влада во Европа сите ние го чувствуваме. Ова што пристигна од Стејт Департментот е само потврда на тоа што ние го чувствуваме. Градоначалник и дел највисокото раководство на политичката партија Демократска Унија за Интеграција е ставен на таа црна листа поради тоа што тие имаат докази, барем јас така го сфатив она соопштение во јавноста, дека има голем криминал позади него, но и дека влијаел во судството и врз носење на судски одлуки. Единствен кој што го брани Рамиз Мерко е Димитар Ковачевски, дури и самата ДУИ молчи. Единствен кој што го брани е Димитар Ковачевски“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи, се додека оваа мафија не ја исчистиме од корен, на Македонија нема да и тргне напред и нема да имаме надеж и континуирано Македонија ќе ни се празни, и ќе се иселува.„Како идна влада, влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, се обврзуваме пред граѓаните дека оваа мафија во која што идеално кохабитираат политичари и криминалци, ќе биде во корен исчистена“, истакна тој.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Мицкоски: Криминалците во Македонија царуваат и се заштитени од судиите и обвинителите кои ги поставуваат СДС и ДУИ

Не е тајна дека во Македонија судии и обвинители се поставуваат ако добијат партиска препорака, препорака од неколкумина во партиите, се знае кој е задолжен во СДС, а кој кај ДУИ. Можам на ливче да ви ги напишам именувањата на оние кои во иднина ќе бидат обвинители и судии, од прв до последен и да ви кажам кој ја дава препораката за нив. Која општинска организација или кој општински огранок на ДУИ и кои двајца луѓе ќе дадат за тие да бидат обвинители или суди, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на општина Гази Баба, одговарајќи на новинарско прашање за случувањата во Судски совет.Мицкоски посочи дека и затоа не е чудно тоа што се случува и затоа државата е таму каде што е, односно нема владеење на правото, криминалците за жал се лица кои имаат угледен имиџ, поради тоа што се чувствуваат семоќни, односно криминалот е неказнет.- Денеска да се биде криминалец во Македонија е многу позначајно отколку да се биде доктор, професор, работник, земјоделец, затоа што тие се штитени од страна на судиите и обвинителите кои се поставени по партиски налог, но и од самите политичари, истакна Мицкоски.Мицкоски потенцираше дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача да ги удри во корен ваквите случувања за да не може повеќе криминалците да бидат заштитени.- Кога ќе го удриме во корен тогаш ќе биде вратена надежта и тогаш на Македонија ќе и тргне. Во спротивно ќе имаме криминалци кои царуваат низ улиците во Македонија, политичари кои ги штитат и судии и обвинители кои ги амнестираат, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

mickoski-1

Мицкоски: Потребно е да се испита потеклото на имот на политичарите, влегуваат во политика голтари излегуваат милијардери

Јас сум го кажал мојот став поврзан со тоа. Во политиката имаме многу политичари кои што влегуваат голтари, излегуваа милијардери и ценам дека имотот на голем дел од тие политичари и нивните потесен круг семејства, би рекол во прв ред, изнесува веќе во милијарди и тоа би рекол неколку милијарди. Така што, пред да влеземе во тој ветинг на судството, кој што е памфлет од барање, јас предлагам да се искористат постојните законски надлежности кои што ги има и Управата за јавни приходи и останатите институции во Македонија и да направиме ветинг на политичарите, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски запрашан за став во врска со ветингот во судството кој што се споменува во јавноста, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.„Од теренската активност за посета на реализирани проекти во Општина Аеродром во рамките на акцијата „Ова е Македонија за сите“, Мицкоски истакна дека нуди тој и неговото најтесно семејство да биде прв пример врз кој би се спровел ветингот или потеклото на имот врз политичарите.Мицкоски додаде дека во Макеоднија многу е лесно да се испита стекнатиот имот и доволно е да се видат луксузно изградените недвижности и луксузни автомобили кои се возат по македонските патишта, на чии сопственици ако им се побараа потеклото на стекнатиот имот ќе се види дека пријавен им е само еден процент од тоа што поседуваат.„Еве, јас сум го кажал тоа, нека почнат од мене и од моето семејство како прв пример. Еве јас лично, се ќе ставам на увид, нека тргнат од мене и ќе покажам потекло на имот. Многу едноставно можете во Македонија да го го видите потеклото на луѓето, без разлика дали се политичари или луѓе кои што се активни во општествениот живот, или блиски до политиката, само доволно е да видите колку имаме луксузни недвижности изградено во последните години, да видите колку луксузни автомобили се возат низ скопските и низ македонските улици и ќе видите кои се тие луѓе, побарајте им го потеклото на имотот ќе видите дека имаат пријавено ниту еден процент од тоа кое што го поседуваат“, рече Мицкоски.Мицкоски смета дека не се потребни импровизации и дека според постоечките македонски закони, може да се провери и да се види кои политичари и нивните семејства, кои стекнале огромни богатства, изминатите три децении ја краделе Македонија.„Многу едноставно, тоа можете според постоечкиот закон, не ни требаат циркуски атракции и да ја спуштаме дебатата на ниво на естрада. Едноставно треба чекор по чекор да ги искористиме постојните законски можности и да го провериме имотот на политичарите и на нивните семејства и ќе ви стане јасно кој и како ја крадел и пљачкал Македонија изминативе повеќе од три децении“, додава тој.

Македонија | пред 2 години

mickoski-956

Мицкоски: Ќе направам сè за да ДУИ оди во опозиција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува пакт против ДУИ.Вели дека ова е историски момент за обединување на македонскиот блок.„Имаме премиер кој ДУИ го држи во заложништво, а токму тие се вистинските газди во владата, газди на криминалот и господари на туѓите судбини. И затоа ви велам дека ќе направам сè за да ДУИ оди во опозиција, и подготвен сум да направам пакт за национално и државно единство со сите некриминализирани сегменти во државата од било која провиниенција само за да ДУИ после 20 години власт да оди во опозиција. И ова не го зборувам затоа што на овој начин сакам да го градам својот рејтинг, и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ како што тие луѓе од раководството на ДУИ јавно го зборуваат. Ова го зборувам затоа што верувам во тоа. Кога тие ќе заминат во опозиција, ќе ѝ се раздени на Македонија. Кога тие ќе заминат во опозицијата ќе нè биде. Повторувам ова е пакт за национално единство со некриминализирани сегменти од општеството. А криминалците од сегашната влада ќе одговараат пред лицето на правдата. Таквиот пакт за национално и државно единство ќе биде и добар одговор да ги здружиме силите и да се избориме низ силните предизвици кои надоаѓаат и да се бориме за фер шанса за која ви говорам“, рече Мицкоски.Тој вели дека власта нема план што понатаму по неуспехот на уставните измени. Мицкоски често ја критикува ДУИ, а од СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ нема став и е заложник на Левица.

Македонија | пред 2 години

avtopat

Дали дел од парите за месечни плати од 36.500 евра за специјалистите за автопатиштата ќе завршат во некои приватни џебови, прашува Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски денеска беше на увид на градежни активности во скопска Кисела Вода, каде што, меѓу другото, беше запрашан за коментар за случајот, кој што воедно го објави партијата, каде што власта за коридорите ќе ангажира дополнително уште пет специјалисти за автопатишта за месечна плата во висина од 36.500 евра.Претседателот Мицкоски се обиде сликовито да го објасни случајот, земајќи се себеси за пример, кој како редовен универзитетски професор ги едуцира идните генерации за месечни примања од околу 900 евра, плата со која во секој случај е задоволен, а овие специјалисти за автопатишта ќе добиваат за 40 пати повисока плата.Мицкоски додаде дека, пропорционално на плата, истите специјалисти се очекува да бидат за најмалку 40 пати поквалитетни од просекот во Македонија, или пак, прашува, дел од тие пари ќе завршат во приватни џебови.„Ќе ви дадам преку еден пример, еве јас сум редовен универзитетски професор со повеќе од 20 години стаж, што во приватниот сектор, што на универзитетот и мојата месечна плата со која што сум задоволен е 55 илјади денари. Или тоа кога би се претворило во против вредност на евра е е околу 900 евра. Е сега тој специјалист кој што ќе зема 36.500 евра отприлика, ако мојата плата месечна е 900 евра а неговата 36.500 евра, тоа значи дека тоа е некаде околу 40 пати поквалитетен од мене, од прилика така му доаѓа, 40 пати нели, пропорционално ако гледаме. А јас себеси се сметам, барем ако ништо друго, барем за просечно квалитетен професор. Е, сега овој 40 пати треба да е поквалитетен од просекот или дел од тие пари ќе завршуваат во некои приватни џебови и тоа помножете го со минимум пет пати, бидејќи пет им требаат такви специјалисти“, рече Мицкоски.Затоа, додава Мицкоски, кога станува збор за епски проект, треба да кажеме дека станува збор за епски криминал, при што изрази убедување дека владата не само што не е способна да го заврши проектот за коридорите, туку и дека авансите што се префрлаат, се обид предизборно да завршат во приватни џебови со кои би се вршел поткуп на претстојните и претседателски, и парламентарни избори.„Јас сум убеден, не само што оваа влада нема капацитет да го заврши овој проект, туку сум убеден дека дел од авансите кои што сега пред избори, на трчање се префрлаат, се обид да завршат во приватни џебови, а потоа од таму да се влијае со поткуп врз гласачите за време на изборите кои што следат, и претседателски и парламентарни. И повторно прават грешка, го потценуваат народот. Народот, и покрај тоа што ќе се обидат со насилство, со поткупи, со притисоци ќе излезе и така силно ќе ги порази заедно со ВМРО-ДПМНЕ, што потоа ќе мора пред истиот тој народ да поднесат сметка и да одговараат за сиот криминал што го прават изминатите шест години“, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

mickoski-1

Работната група добива пари од буџетот, а нема добиено мандат за да работи на менување Устав, вели Мицкоски

Работната група за уставни измени нема мандат да преговара за промена на Уставот, а добиваат пари од буџетот, рече првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според него, тие можат да добијат мандат за оваа работа само ако парламентот изгласа потреба за промена на Уставот.„Ковачевки и Ахмети во Собранието треба да поднесе барање за промена на Уставот, па да се изјаснат пратениците“, рече Мицкоски.Тој го повтори ставот дека уставни измени под овие услови нема да има, ниту во еден парламентарен состав.„Дури и ВМРО-ДПМНЕ да се на власт, нема да има уставни измени под овие услови“, рече Мицкоски.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше власта дека би направила се’ за да остане на функција и да краде, а заборава дека доаѓа денот на одговорност.

Македонија | пред 2 години

348871005_1296015814597476_7235103090193174808_n

Колозова за Мицкоски: Шеташ со аурата на лузер - пошто нејќеше моркови, кај и да е, ќе има стапови

Професорката Катерина Колозова, на својот Фејсбук профил, објави коментар околу изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски при посетата на Струмица, кога ги повика граѓаните да гласаат за неговата партија.„Човек, цела Америка дојде да ти каже - "наш безбедносен интерес е продолжување на преговорите, и со тоа, изгласување уставни промени." Да си преземеш одговорност - ти пак на браникот. Ако мислиш дека Русија ќе се тепа со Америка за тебе, си се зезнал. Угоре високо, удолу длабоко. Како и да е, со тебе ДПМНЕ нема шанси да победи. Шеташ со аурата на лузер - пошто нејќеше моркови, кај и да е, ќе има стапови“, напиша Колозова.

Коментари | пред 2 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Маричиќ призна дека злоупотребуваат европско знаменце за да ги изгласаат законите за коридорите, затоа и Ковачевски бега од дебата

Вицепремиерот задолжен за eвропски прашања, значи оној кој треба да ја интегрира државата вели дека било оправдана одлуката да се злоупотреби европското знаменце за изградба на коридорите 8 и 10Д. Значи оној кој треба да ја интегрира државата во ЕУ го злоупотребува знаменцето на ЕУ само за да пројде случај каде има основан сомнеж за епски криминал. А, не му кажале дека прашањето за почитување на законите и Уставот не е прашање на негова желба, туку негова обврска, рече претседателот проф. др. Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.Тој потенцира дека власта сето ова го прави затоа што на сила бутка нешто што нема никаква врска со Европска вредност туку со богатење и личен профит. И затоа кон државниот буџет се однесуваат како дупната вреќа пари, па на уште не фрлена лопата за пенали и аванси плаќаат над 300 милиони евра.И затоа Ковачевски ако е во можност ќе фати усвет дури до Сент Китс и Невис само да не дојде на дебата со мене за овој штетен договор со кој ја ставија државата во подредена положба, кажа Мицкоски и продолжи: - А му понудив, но знам дека тој е кукавица и се крие во глувчешка дупка, да ја собере цела влада и Али Ахмети, да изберат време и медиуми и да кажат јас ќе дојдам и ќе дебатираме за сите штетни политики и за овој штетен епски криминален договор.Мицкоски кажа дека на ваквиот однос на власта кон државата, парите на граѓаните и самите граѓани мора да му се стави крај.Заедничкиот патриотизам треба да даде одговор на она што реално му треба на народот. Заедничкиот патриотизам значи доближување на политиката до народот и негово поголемо учество во заедничките работи. Заедничкиот патриотизам треба да ја врати надежта, но и мотивот за борба тука во родните огништа. Да ги вратиме луѓето тука во Македонија, ќе бидеме патриоти ако создадеме иднина тука и перспектива тука за сите луѓе, заклучи Мицкоски.

Македонија | пред 2 години

339640197_170905158777813_3186761230840062777_n

Ковачевски и Мицкоски немаат легитимитет да менуваат Устав! Секоја промена е еднаква на национално предавство, вели Левица

Откако Христијан Мицкоски го премолчи неуставното воведување на двојазични униформи, деновиве јавноста е сведок на РЕТЕРИРАЊЕ од првичните ставови дека никаква промена на Уставот нема да поддржат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата Левица во својата објава на социјалните мрежи.„Иако ВМРО-ДПМНЕ знае дека барањата на официјална Софија се вметнување на Бугарите во Уставот како конститутивен народ, под изговорот хрватска преамбула, Мицкоски ја отвора можноста за седнување на маса и промена на Уставот под бугарски диктат!Токму Мицкоски тврдеше дека неговата партија нема да поддржи НИКАКВИ УСТАВНИ ИЗМЕНИ и дека не може да се преговара додека нема реципроцитет со Македонците во Бугарија. Политичка НЕЗРЕЛОСТ е да се очекува дека официјалната бугарска политика ќе ретерира од своите неоврховистички барања, со оглед на фактот дека бугарската политика кон Македонија не е промената од времето на Тодор Живков!Дури и ЕУ експерти предупредија дека со внесување на Бугарите во Уставот се отвора можност за Бугарија да се повикува на меѓународни Конвенции за заштита на националните малцинства и официјална Софија да наоѓа оправдувања да го кочи пристапниот процес на Македонија во ЕУ. Македонците со Бугарија не споделуваат заедничка историја, затоа што бугарската фашистичка власт била окупатор и се борела против АСНОМ-ска Македонија, а тоа е темелот на современа Македонија.Дополнително, искуството потврдува дека секое отворање на Уставот под ДИКТАТ на странски сили било погубно по суверенитетот и територијалниот интегритет на Републиката. Промена на Уставот под притисок и уцени на други држави е флагрантно мешање во внатрешните работи на Македонија и секој политичар кој претендира да ја освои власта мора да биде свесен за ваквиот анти-државнички чин, кој е еднаков на национално предавство.#СофискаПлатформа“, стои во објавата.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-07-20-at-13.12.02

Мицкоски: Сигурен сум дека тоа момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи на социјалните мрежи со коментар дека е сработа премиерот Димитар Ковачевски да го користи името на неговиот внук во јавни настапи за политички цели. На прашањето дали ќе му учини на барањето за предвремени парламентарни избори на Мицкоски, Ковачевски рече дека очекува од неговиот внук „повеќе да работи, а не да бара плејстејшн“.- Повторно Димитар Ковачевски го вовлекува своето семејство во политички невкусни метафори, сакајќи да ме навреди и омаловажи. Сигурен сум дека тоа мило момче ќе се срами од ова што неговиот вујко му го прави. Посакувам да порасне во горд и цврст Македонец, спротивно од тоа што денес е неговиот вујко. Да се бори и ја сака својата татковина Македонија и да не го дозволи тоа што денес Димитар Ковачевски и го прави на Македонија, искоментира Мицкоски.Според претседателот на најголемата опозициска партија, раководителите на СДСМ и ДУИ секогаш ќе бидат криминалци во политиката кои гледаат како да се одржат на власт уште десетина месеци.- Моја лична порака до Димитар Ковачевски: Другпат пред да кажеш нешто, размисли. Тие околу тебе што те хранат со вакви досетки непромислени, мора да разберат дека имате одговорност и дека животот е реалност, а времето не се враќа назад, лошиот и неинтелигентен хумор зборувај си го со тие малкумина соработници кои ти велат, браво шефе убаво му кажа, веројатно се разбирате добро, но те молам остави го семејството надвор од сето ова не го мешај. Тие се многу поголеми од твојата глупост. Овде сме јас и ти… сами, гради во гради, не го заборавај тоа!, порача Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

akademik-10

Јанаки до Мицкоски: Зошто не ја поддржиш иницијативата за амнестија на уставобранителите – да не те караат од амбасада

Јанаки Миторвски преку социјалните мрежи му се обрати на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во врска со амнестијата за уставобранителите.„Тие луѓе се обвинети за нешто што не го сториле. Тие луѓе бараат правда, не бараат амнестија, не бараат милост. Од тоа што јас сум информиран предметот е пред Врховниот суд и Јавното обвинителство доставило свое мислење и Врховен треба да одлучува и треба час поскоро да одлучи да го врати во прв степен, бидејќи тие се се, само не терористи,-Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Прво дека Врховен суд се додека е СДСМ на власт а тоа се уште две години, никогаш нема да пресуди во корист на осудените и тоа го знаеме СИТЕ сем во ДПМНЕ. Второ дури и тоа да се случи, а нема, носење на Закон за амнестија во мај-јуни ама баш со ништо нема тоа да го спречи напротив би го чекале евентуалмото повторено судење од слобода и НЕ, не значи амнестија никакво признавање на вина.ДПМНЕ игра ни риба ни девојка по сите важни прашања и затоа шеста годин ан не можат да срушат катастрофална власт.П.С. НИТУ ЕДЕН од бројните портали на ДПМНЕ не информира за иницијативава. Се ми е мене кристално јасно, се плашите да не ви се налутат амбасадорите“, вели Јанаки Митровски.

Коментари | пред 3 години

mickoski-h-32

Мицкоски: Со мачнина ја гледам пинг понг играта на коалицијата на хаосот, Арсовска – Ковачевски

Со мачнина ја гледам пинг понг играта на новата коалиција на хаосот, Градот Скопје и власта на Ковачевски за проблемите со приватните превозници додека проблемите не се решаваат. Навистина како човек одбивам да влегувам во реториката на обвинувања и недораснати потези каде поважно од решенијата им е да се знае кој бил виновен, и лагите кои непресушно ги кажуваат додека народот страда. И една заедничка порака до коалицијата на хаосот, престанете да правите политика врз грбот на народот и испорачајте решение на проблемите. Вие сте власт и вие ја имате одговорноста наместо пинг понг игра да ги решите проблемите. Ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот свечен настан на тема – „Св. Климент Охридски, стожерот на македонската грамотност“.Тој исто така им порача на власта и на раководството на Град Скопје да не си поигруваат со интелигенцијата на граѓаните префрлајќи ја топката, туку да почнат да ги решаваат проблемите.„Престанете да си поигрувате со интелигенцијата на овој народ. Едната на благодарение на вас е таму каде што е, а овој другиот благодарение на лесната рака за потпишување предавнички договори и се уште опстојува. И едниот и другиот имаат одговорност да ги решат проблемите кога тајно се среќаваат во Владата наместо да шират лаги и да ја префрлаат топката од која што штета имаат скопјани и граѓаните во Македонија. Секое решение што е во интерес на граѓаните и на скопјани ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржиме“, потенцираше Мицкоски.

Македонија | пред 3 години

slika-5

Додека бил директор на АД ЕЛЕМ, и по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните, вели СДСМ

Христијан Мицкоски е прв и главен паразит на ВМРО-ДПМНЕ, вели СДСМ„Додека бил советник за енергетика, директор на АД ЕЛЕМ, но дури по неговото разрешување, Мицкоски добил над 93.000 евра пари од граѓаните.Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, кога минималната плата беше 8.000 денари, Мицкоски земал речиси 100.000 денари плата од ЕЛЕМ.Покрај тоа што земал хонорари и плата од АД ЕСМ Мицкоски добивал надоместок и после неговото разрешување, на име разлика во плата од АД ЕСМ добивал месечно 60.444,00 денари.За 12 месеци му се исплатени вкупно 805.920,00 денари бруто.По раскинување на менаџерскиот договор, примил уште над 13.000 евра пари од граѓаните.Покрај Мицкоски и Гордана Кочоска Димитриевска примала надомест по разрешувањето од функцијата член на управен одбор и директор за финансии на тогашното АД ЕЛЕМ.Гордана Кочоска Димитриевска уште една година примала цела плата од 66.432 денари нето.Еве кои се вистинските паразити и по разрешување од функцијата продолжиле да земаат пари од граѓаните иако можеле да се откажат од таквата придобивка“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски ги отвори картите: Не стојам зад Данела, не застанав Мицкоски да биде лидер зошто бев разочаран од него

Екслидерот на ВМРО-ДПМНЕ, премиер на Македонија и бегалец, Никола Груевски преку статус одговори на сите прозивки. Неговото излагање во целост:Вообичаено не коментирам шпекулации, и разни лаги и невистини кои иако долго не сум во политиката секојдневно се лиферуваат на социјалните мрежи, медиумите, од разни квази аналитичари, новинари, политичари и слично, бидејќи ги има толку многу што треба секој ден само тоа треба да правам. Најчесто времето и настаните со нивниот природен тек покажуваат дека станува збор за лаги и невистини а и оние кои го прават тоа најчесто со текот на времето сами себе се негираат или влегуваат во такви контрадикторности, што се станува јасно по некое време.Сметам и на тоа дека народот после три децении плурализам, не така лесно верува на сите лаги и измислици, дека здравата логика, рационалното размислување и паметењето е доволно присутно да некои измислени афери, валкани новинарски конструкции кои поединци ги прават од личен најчесто финасиски интерес не поминуваат и повеќето луѓе се повеќе сакаат да видат уверливи докази за секојдневните озборувања, пласираните лажни тези и клевети, иако во Македонија има неколку новинари, некои т.н.аналитичари, разни безделници или платени од некои од партиите или којзнае од кои центри разни “сејачи на магла” кои незнаат поинаку да заработат за да опстанат, па во секој нивен јавен настап или пишан збор пишуваат нови и нови измислени работи, политички конструкции и фантазии поврзани со мене.Сепак, иако мошне ретко повремено правам исклучок кога ќе почуствувам дека во некои ситуации измамите и лагите успеале да освојат позначаен број луѓе, како што е поводот за денешниот статус.Повеќе од два месеци од одредени центри масовно се шири информација за која според реакциите кои ги добивам голем број луѓе веруваат, а тоа е дека јас сум стоел и сум бил (таен) организатор зад одредени актуелни јавни политички и медиумски активности на актуелниот градоначалник на Скопје - Данела Арсовска, но и други политички личности, новинари и медиуми кои се во очигледна јавна конфронтација со раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ.Всушност ваков вид на лажни информации ако добро се потсетиме се шират барем еднаш на секои 4 до 5 месеци во изминатите 4 години, секогаш кога има некакви збиднувања во партијата, најчесто кога за нешто треба да се најде виновник, да се префрли вината на друг или да се направи збрка, многу често кога на некој новинар на кој слабо му оди гледаноста или читаноста, или кога некој т.н. аналитичар, бивш, нереализиран или неуспешен политичар ќе констатира дека не е доволно актуелен во јавноста и слични ситуации.Па така, сите тие сакаат тоа да го променат и подобрат со креирање на лажна приказна за наводни мои заткулисни активности, валкани игри, конструкции и слично и секогаш кога власта е безидејна и нема што да каже (а континуирано и безнадежно е безидејна), но понекогаш и од некои центри на опозицијата.Бидејќи никогаш не нудат никаков доказ, најчесто одат со некакви измислени конструкции, поткрепени со некакви квази логицизми, поврзуваат разни случајности ос различни времиња од минатото, измислуваат средби и разговори кои никогаш не се случиле или пак сами си креираат приказна што се зборело на тие средби и слично, и од тоа создаваат приказна, и градат тези базирани исклучиво на лажни претпоставки, полувистини или голи лаги.Да не должам многу и да кажам:1. Не сум никаков таен организатор или конструктор на политичките активности и препукувања на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, ниту на другите актуелни јавни политички битки на луѓе кои во минатото биле коалициски партнери на ВМРО-ДПМНЕ, десно ориентирани медиуми, поедини новинари, поранешни политичари, функционери или активисти.2. Лажна е и шпекулацијата дека на некаков начин јас сум лобирал во партијата за Данела Арсовска да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, како и за почесен конзул на Унгарија во Штип или пак претседател на стопанската коморота во времето кога бев премиер.Не постои член на стопанската комора кај кого сум лобирал за таа да биде избрана.Во тоа време јас не ја познавав г-ѓа Арсовска. Прв пат го чув нејзиното име кога во една прилика на еден вид проштална средба кај мене дојде нејзиниот претходник на таа позиција кој меѓудругото ме извести дека неговиот мандат завршува, дека нема повторно да се кандидира и дека тој и многу други бизнисмени планираат да ја подржат токму неа, кажувајќи неколку позитивни коментари за неа, на што јас му одговорив дека тоа е нивна работа и дека кого и да изберат, што сака да соработува со владата во интерес на стопанството, ќе соработувам со него како иден претседател на таа стопанска комора.Подоцна до крајот на мојот мандат имав неколку службени средби со госпоѓа Арсовска, не паметам точно колку, но можеби 5 или 6, во кои главно договаравме начини за решавање на конкретни проблеми во стопанството, организирање групни средби со сите членови на стопанската комора и потоа исполнување на превземените обврски од тие средби.Повеќе од 5 години веќе немам никаков директен или индиректен контакт или комуникација со Данела Арсовска од причина што нашата комуникација беше исклучиво службена и траеше додека извршував јавни политички функции.За нејзиниот избор за почесен конзул на Унгарија во Штип се информирав од македонските медиуми. Од искуство знам дека најчесто такво назначување државите прават по нечија препорака, најчесто од нивните амбасади кои по барање на нивното МНР бараат добро позиционирани личности во одредени земји заради нивна промоција и други обврски кои ги носи титулата почесен конзул. Не знам кој ја прпеорачал Данела Арсковска во Унгарија, но знам дека тоа не бев јас, ниту пак со било кого сум имал разговор на таква тема.За нејзиниот избор за подршка на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначалник на град Скопје исто така дознав од медиумите иако неколку недели претходно се шпекулираше дека партијата го тестирала нејзиното име на нарачаните анкети за проверка на јавното мислење од страна на партијата.Ниту некој од раководството на партијата ме прашал за мислење за таа одлука, ниту сум дал мислење, а најмалку сум лобирал.Како раководството на партијата дошло до таа одлука, како и преку кого претседателот на партијата се сретнал и запознал со идната кандидатка, тие најдобро знаат и доколку се процени дека има потреба можат да и ја соопштат на јавноста.3. Лажни се и секојдневните шпекулации дека јас целосно или делумно раководам со партијата од дистанца од Будимпешта, дека Христијан Мицковски и други членови на раководството се среќаваат со мене кога доаѓаат во Будимпешта и дека јас давам некакви инструкции или на било каков начин учествувам во носењето одлуки на ВМРО-ДПМНЕ.Прво, партијата има свое раководство и нормално е тоа раководство да ги носи одлуките.Второ, со дел од тие одлуки јас не се согласувам, односно мислам дека се погрешни, но разбирам дека тој кој ја има одговорноста го има и правото да одлучува особено ако зад тоа стои мнозинството од членството на партијата и секако дека и јас кога сум бил претседател на партијата, сигурно дел од членовите на партијата не се согласувале со дел од одлуките и политиките на тогашното раководство, и тоа е нормална работа во една партија, бидејќи неможе сите да мислиме исто за се.Сето она што приватно го мислам за политиките и одлуките на актуелното раководство го споделувам во приватни разговори само во потесен круг на 10-15 пријатели кои најголем дел немаат политички активности, исто како и секој друг човек. Јавно барем досега не се произнесував по однос на одлуките и политиките на актуелното рководство бидејќи не сакам да правам дополнителни проблеми во партијата, ниту пак сакам да го правам тоа што не сум сакал мене да ми го прават, а тоа е да вршам притисок и влијание за различни политички, кадровски или организациски одлуки на оние кои во моментот ја носат целата одговорност. Затоа премолчив многу настани, дури и напади, префрлања вина, обвинувања и други несоодветности, за кои многумина блиски ми реагираа дека не треба да молчам. Сепак, така е веќе пер години по избор на новото раководство на партијата.Како што е забележливо, мошне ретко и само по исклучок во моите обраќања кон јавноста во претходниот период се осврнував на дневно политичките настани во државата и уште помалку во партијата.Трето, потврдувам дека ниту еднаш од десетината доаѓања во Будимпешта не сум имал средба со Христијан Мицковски или некој кој е во негова придружба, ниту пак со некој од актиелното раководство на партијата (ИК и ЦК), од причина што таква средба не побарале. Зошто не побарале средба, тие најдобро знаат, но оние членови на партијата кои не се дел од сегашното раководство, кои добро ги познавам и кои побарале средба со мене, сме се сретнале на разговор кој најчесто е од пријателска природа со луѓе со кои во минатото сме соработувале.Знам дека и членството на партијата и јавноста во голема мера се убедени дека јас се среќавам со Х.Мицковски, па оттука веројатно и дека за ова многу членови на партијата нема да веруваат. Можеби и јас кога би бил на нивно место не би верувал па оттука воопшто не им се лутам. Сепак, мое е да ја кажам вистината, па кој верува-верува.4. Широко распространета лага која често се повторува е дека јас сум издејствувал Христијан Мицковски да биде претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа е лага и ги повикувам сите 550 делагти, ако кај еден од нив лично сум лобирал за изборот на Мицковски слободно јавно да го соопшти тоа и да ме демантира. Еве сега веќе пет години не сум на партиска а уште подолго на државна функција, под силен политички прогон сум, во друга земја живеам и нема од што да се плашат.И порано и сега има многу луѓе кои лажно се преставуваат како лица преку кои јас наводно испраќам некакви пораки, или зад чии став некои веруваат дека стои мојот став и слично, и тоа веројатно како проблем го има секој претседател на партија во Македонија, премиер, министер или друга моќна личност. Такви луѓе имало и ќе има.Но, од аспект на мое лобирање кај оние кои директно го вршеа изборот, барем на еден од 550 делегати на Конгресот кои мнозинство од нив го избраа Мицковски за претседател, категорично тврдам дека такво нешто нема.Напротив, во деновите кога уште не се знаеше кој се ќе се кандидира и колку кандидати ќе има, кога согласно статутот се собираа потписи за кандидатура, (во тоа време имаше шпекулации или информации за неколкумина можни кандидати), одреден број делегати на конгресот, (дел од нив поединечно, дел во помали групи) побараа лична средба со мене со единствена цел, да сум им дал насока за гласање.“Нема насока”, беше мојот одговор. “Возрасни сте, искусни сте,одберете сами!” Клучно за овој мој став беше разочарувањето од некои луѓе од моето опкружување во тие последни недели или месеци, и на речиси сите од нив чии имиња се вртеа во јавноста како можни кандидати за претседател на партијата, во личен разговор им кажав дека “нема да застанам зад ниту еден од потенцијалните кандидати бидејќи сите ми се помалку или повеќе подеднакво блиски, но и од сите сум разочаран”. Ниту еден од нив не ме праша зошто од него сум разочаран. Веројатно го знаеја одговорот...Од тие причини несакав да превземам одговорност да давам препораки, насоки и слично.Знам дека и ова на многумина нема да им се верува. Не им се лутам, бидејќи и за неверување е 🙂5. Се раширија и лаги дека со мене преговарале домашни структури од актуелната власт или странски преставници со цел за наводен мој договор со нив во кој тие би изработиле прекин на политичкиот прогон кон мене а за возврат јас наводно сум ветил или ќе сум помогнел за носење на некакви штетни за македонската нација одлуки во парламентот, или создавање кризи во ВМРО-ДПМНЕ.Такво нешто не постои. Ниту сум имал такви разговори со претсавници на СДСМ или некој од власта, ниту со некои преставници на друго држави. А и доколку имало, тоа сигурно ќе било одбиено!Впрочем доколку јас сакав на таков начин да го запрам политичкиот прогон кон мене, имав шанси, имав прилики и понуди уште додека бев во Скопје, кои категорично ги одбив.6. Исто така со години се зборува дека јас наводно располагам со некои големи пари со кои креирам влијание и што ли уште не во Македонија, од медиуми, до секакви измислени настани, субјекти и личности. Такво нешто не постои, тоа е лага. Лага интересна за слушање на секој човек, особено лековерните карактери.Ако некои медиуми се во сопственост на државјани на земјата каде сега живеам, тоа не значи дека јас имам влијание врз нив или уште помалку сопственост. Или дека воопшто ги познавам сопствениците.Впрочем и односот на тие медиуми кон мене веројатно би бил поинаков, да беше така.Речиси дека непостои посериозно политичко збиднување во Македонија каде моето име не е спомнато во овие 4 години, најчесто како лага. Тоа е вистината.Ако секој ден не демантирам разни измамници, платеници и безделници, тоа не значи дека тоа што го говорат или пишуваат е вистина.Едноставно, повеќето озборувања ги игнорирам. Не вреди со секого да си го трошам времето и да се расправам.Ова е вистината.Кој верува-верува! Кој не верува нека живее во лаги, илузии, конструкции, и фантазии кои секој ден ги слушаме низ медиумскиот и интернет простор.Македонија е станата плодна почва за лаги и конструкции.Луѓето пред да поверуваат треба да се запрашаат кои се доказите за одредени тврдења, дали некој не ги лаже или манипулира со некоја цел и да не прифаќаат така лесно квази логики на разни досетливи манипулатори кои добро се навежбале да манипулираат со народот па на тој начин заработуваат и живеат од тоа.И запомнете: ако јас сакам да изразам мој политички став за било што, подржувачки или против за нешто или некого, за одредени државни или партиски прашања или личности, тоа ќе го направам директно а не преку други! Како што и секогаш сум правел.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања