Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

МВР

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-34-4250PM

Прегазена 58-годишна жена во Скопје, однесена во болница со тешки повреди

На 05.09.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор пред угостителски објект на ул.„Коста Новаковиќ“ во Скопје, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(27) од Кавадарци удрило во С.И.(58) од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.И., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

uapsen

Приведен криминалец кој бил баран со потерница

На 05.09.2024 во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Х.M.(41) од с. Сопот, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “ по член 396 од Кривичниот законик.Х.М. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

Македонија | пред 1 година

IMG_6445

Претрес во Тетово: Пронајдени 150 грама марихуана кај 23-годишно момче

На 05.09.2024 во 15.15 часот на улица ,,Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово го лишиле од слобода Л.М.(23) од Тетово затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Потоа, полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени три кеси со вкупно околу 150 грама марихуана и една дигитална вага.Л.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

59-годишен маж од Штип со возилото излетал од патот, однесен во болница со тешки повреди

На 04.09.2024 во 17.34 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип - Кадрифаково, кон населба „Три Чешми“ во Штип, патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(59) од Штип, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

Сообраќајка во Скопје: Се судриле автомобил и мопед

На 04.09.2024 во 15.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(34) од село Сарај, скопско и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(38) од село Патишка река, општина Сопиште, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

pozar2

Приведен маж од битолско поради предизвикување на пожар

На 04.09.2024 во 19.20 часот во с.Кременица, битолско, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од с.Кременица. Тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава.

Македонија | пред 1 година

kradec-1

Приведени двајца крадци, краделе накит

Единиците за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесоа кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела тешка кражба на дрзок начин.Имено, две дела се извршени на 03.09.2024 на подрачјето на Центар, каде што пријавените со употреба на физичка сила од две жени на возраст од 28 и 59 години одзеле личен накит, што го носеле на себе. Третото дело е извршено на 31.08.2024 на подрачјето на општина Аеродром, каде што, исто така, со употреба на сила од 61 - годишна жена одзеле личен накит.Со пријавените бил извршен службен разговор во полициска станица, а оштетените ги препознале сторителите. Дел од накитот бил пронајден и вратен на оштетените.Во текот на денот пријавените ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Македонија | пред 1 година

pari-1

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Љ.З. вработен во Отсек за оружје, експлозивни и опасни материи- Охрид, Сектор за оружје, експлозивни и опасни материи при Оддел за граѓански работи, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба“ по член 353 од Кривичниот законик во врска со член 9 став 5 од Законот за оружје и член 6 и член 7 од Законот за административни такси во МВР.Пријавениот Љ.З., во својство на одговорно лице, во периодот од 01.01.2022 до 05.08.2024 од барателите, на рака ги земал парите што требало да ги платат на жиро сметката на Министерството за внатрешни работи за административни такси, со цел да им врши услуга, односно во нивно име тој да изврши уплата за административни такси.Но, наместо тоа, парите тој противправно ги присвоил и со тоа за себе прибавил имотна корист и нанел штета на Буџетот на Министерството за внатрешни работи во износ од 60.950 денари.Во наведениот период, за вкупно 179 примени барања нема потврда за платени административни такси. Поради потешко кршење на работниот ред и дисциплина, Одделот за внатрешна контрола против Љ.З. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Македонија | пред 1 година

IMG_4639

Приведени шест лица во Скопје: Пронајдена дрога, најмладиот 18-годишен

Денеска (04.09.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.П.(18) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.09.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.К.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.09.2024 во 17.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.09.2024 во 13.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(27) од Сојузна Република Германија, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.09.2024 во 12.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.О.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 03.09.2024 во 15.10 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Скопје | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Се судриле автомобил и мотоцикл во Струмица, мотоциклистот со тешки повреди

На 03.09.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосница од бул.„Ленинова“ и ул.„24 Октомври“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.М.(57) од село Ново Село, струмичко и мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Д.Ѓ.(25) од Струмица.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица.Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-25-33-1180PM

Несреќа во Скопје: Повредени осум лица

На 03.09.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Трајковски“ и ул.„Петар Делјан“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, упраувано од З.Д.(61) од Скопје и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(50) од с.Батинци, скопско.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле О.Д.(26) од Скопје, сопатничка во возилото „опел“ и Х.И.(42) од с.Батинци, сопатничка во возилото „бмв“, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.Д. и сопатничката во неговото возило В.Д.(52) од Скопје, како и двајца малолетни сопатници од возилото „бмв“, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

carina-sverc

Приведено лице од струмичко поради прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама

На 03.09.2024, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода Г.Г. од с.Дабиле, струмичко. Околу 18.30 часот на наплатната станица Романовце била извршена контрола на возило - комбе „мерцедес спринтер“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, при што било констатирано дека превезува стоки од Сојузна Република Германија и само за помал дел поседувал царинска потврда за платени давачки, додека пак за поголемиот дел не поседувал никаква документација.Известен е Отсекот за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител, возилото и предметите за кои не поседувал документација биле одземени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 278-Б - „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и по член 353 од Кривичниот законик – „злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Македонија | пред 1 година

pozar-srbija

Приведен маж од скопско поради предизвикување пожар

Денеска (03.09.2024) во 11.25 часот во с.Крушопек, скопско, униформирани полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Х.(60) од с.Крушопек, поради тоа што го запалил стрништето од својата нива и предизвикал пожар, кој опфатил поголема површина. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат.Повредени лица нема.По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

IMG_5168

Загинаа 34-годишен маж и малолетник во несреќа на автопатот Скопје-Куманово

На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско.Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

IMG_4639

Претрес во Тетово: Приведени две лица, пронајден кокаин

На 02.09.2024 во 20.45 часот во населба Дреновец во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.А.(27) од Тетово, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 02.09.2024 во 23.40 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.Љ.(43) од тетовско Теарце, затоа што кај него бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-49-6440PM

39-годишен скопјанец прегазил малолетник

На 02.09.2024 во 13.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во Скопје, патничко возило „нисан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(39), удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 година

IMG_2989

Каменувана куќата на македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски: три лица во болница

Вчеравечерта била нападната куќата на најдобриот македонски кикбоксер Бобан Илиоски, дознава “Скопје1”. Ова според првичните пријави во МВР се случило откако Илиоски имал физичка пресметка со лицата коо потоа натепале член на неговото семејство.Се започнало околу 22.20 часот, а во полиција било пријавено дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходна расправија, Илиоски и уште едно лице физички го нападнале Е.Л.(28) од Скопје.“Според пријавеното, после тоа Е.Л. со поголема група на луѓе отишле пред домот на Б.И. и фрлале тврди предмети кон него и неговото семејство. Притоа, со повреди се здобиле В.И., Д.Н. и Е.Л., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св. Наум Охридски“”, велат од МВР за “Скопје1”.Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 година

paraglajder

Параглајдерист се здобил со тешки повреди: Поради силниот ветер изгубил контрола и паднал

На 01.09.2024 во 18.11 часот во СВР Битола било пријавено дека кај полетувалиштето за параглајдери на место викано „Мечкин Камен“ во Крушево бил пронајден повреден параглајдеристот К.Ф.Б.(60) од Сојузна Република Германија. Според пријавеното, околу 17.40 часот тој полетал од полетувалиштето, но поради силниот ветар изгубил контрола и паднал веднаш по полетувањето и се здобил со тешки телесни повреди.Од екипа на Итна медицинска помош тој пренесен до хелиодромот, кој се наоѓа во близина, по што со хеликоптер на МВР бил пренесен до приватна болница во Скопје.За настанот бил известен јавен обвинител.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-9750PM

Се судриле возило и трактор: Повредени се четири лица

На 01.09.2024 во 19.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Р1103, на делницата Кавадарци – Дреново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(41) од Кавадарци и трактор „имт“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од П.С.(32) од с.Возарци, кавадаречко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фиат“, додека со телесни повреди се здобиле неговите сопатнички Г.Н.(64) и С.Н.(39), како и возачот на тракторот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-47-3280PM

Несреќа во Охрид: Со тешки повреди се здобиле возач на мопед и неговиот малолетен сопатник

Денеска (01.09.2024) во 00.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосницата од ул.„Асном“ со ул.„Партизанска“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.М.(24) од Охрид и мопед „априлија“, управуван од Д.В.(18) од Охрид, кој после тоа удрил во паркирано патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Се судриле две возила, со тешки повреди се здобила 33-годишна сопатничка

На 31.08.2024 во 14.25 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај место викано „Северова падина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(28) од Кавадарци и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.М.(31).Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото „форд“, Е.С.(33) од Кавадарци, констатирани во болницата во Кавадарци.По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

Малолетник со мопед удрил во одрон и паднал, со тешки повреди однесен во болница

На 31.08.2024 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Свети Николе, кај клучка Коњари, малолетник од Свети Николе, управувајќи мопед „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, удрил во одрон и паднал на коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-23-7720PM

Приведен битолчанец за изнуда, поднесена е кривична пријава

На 31.08.2024 во 10.30 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Д.(29) од Битола. Тој се сомничи дека од февруари 2023 до 31.08.2024 во повеќе наврати преку социјална мрежа упатувал закани кон 49 – годишна жена од Битола и нејзиното семејство и на тој начин од неа изнудил околу 400.000 денари. Н.Д. бил затекнат при примање пари од жената, кои биле пронајдени и одземени. Со наредба на Основен суд Битола, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, различни видови патрони за ловечка пушка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.Лицето било приведено во полициска станица и против него по брза постапка е поднесена кривична пријава по член 258 од Кривичниот законик, додека од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Казнети превозни претпријатија поради неправилности при вршење јавен превоз со автобуси

Денеска (31.08.2024) на автопатот Куманово - Скопје и на наплатната рампа Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле и извршиле контрола на два автобуси со кочански и гостиварски регистарски ознаки, сопственост на превозни претпријатија, а управувани од И.А.(39) и С.А.(36).При контролата било утврдено дека возачките картички вметнати во тахографите не биле во сопственост на возачите кои ги управувале автобусите. За настаните е известен Државниот инспекторат за транспорт и врски, кој изрече глоби за возачот, правното лице и управителите на правните лица по член 23 став 5, а казниво по член 55 став 1 и член 60 став 1 од Законот за работното време на мобилните работници со патниот сообраќај и уредите за запишување во висина од по 7.500 евра.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-20-9330PM

20-годишник со возилото излетал од патот, со тешки повреди однесен во болница

На 30.08.2024 околу 23.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Скопје, на излез од с.Черкези, кумановско, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од с.Љубодраг, кумановско, излетало од коловозот.Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања